The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
5. 2. 1. БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
5. 2. 1. БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Република Македонија се создаде по распаѓањето на Југославија, во текот на 1991 година. Бугарската влада направи смел и национално-одговорен акт - прва ја призна Р. Македонија (карта № 1). Со тоа ја заштити нејзината територијална целост и државен суверенитет.
Политички реалности. Населението во Република Македонија до 1944 година, секогаш ја демонстрира својата припадност кон бугарската нација. Овој факт и е добро познат на светската научна и политичка јавност.
Во 1945 година во рамките на ФНР Југославија се создава НР Македонија, врз основа на воинствен антибугарски македонизам.
Југословенската комунистичка партија создавањето на “македонска нација” и на “македонскиот јазик” го поткрепува со решението на Коминтерната од 1934 година. Тоа дава основа за фалсификување на нашата заедничка историја, за негирање на бугарскиот карактер на јазикот, на културата, на традициите.
Владите на Р. Македонија ја продолжуваат старата југословенска политика на тотална конфронтација со Р. Бугарија. За развој на нашите меѓудржавни односи тие како претходен услов го истакнуваат признавањето на “македонскиот јазик” и на “македонската нација” воопшто, во рамките на Р. Македонија. Тие барања се претпоставка за територијални претензии кон Р. Бугарија и Р. Грција.
Политичките права на Бугарите. Во согласност со Уставот на Р Македонија, речиси целото словенско население во неа се третира како македонско. Официјални признати Бугари се само 1850 души, главно преселени од западните покраини. Словенското население е лишено од неговото исконско право на самоопределување. Секој кој отворено ќе се изјасни како Бугарин, е подложен на санкции според “Законот за заштита на македонската национална чест”.
Во времето на 1913-1914 година, српските власти убија над 35 000 Бугари, а над 680 000 присилија да емигрираат во Бугарија.
По 1944 година, без судење и без пресуда се убиени повеќе од 24 000, а над 140 000 се прогонувани и испратени во логори и во затвори. Според најновите податоци, бројот на репресираните во тој период е над 300 000 Бугари. Тие се главно дејци на ВМРО и други Бугари, кое го довело населението во состојба на трајна психоза и страв. И покрај тоа, се повеќе Бугари отворено ја искажуваат својата национална припадност.
Денес во Р. Македонија живеат околу 1 400 000 граѓани со бугарски етнички корени, лишени од право на самоопределување (карта № 2). Независно од тоа, доминантниот дел од нив се сметаат за македонски Бугари, официјално задолжени да се нарекуваат и да се регистрираат како “Македонци”. Како резултат на, речиси, полувековната присилна денационализаторска политика, кај последните две-три млади генерации во значителен степен им е избришана историската свест. Затоа еден дел од нив се декларираат како “Македонци” или “Југословени”.
Владата и државниот апарат на Р. Македонија подигнаа вистински Берлински ѕид меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Во Р. Македонија е забрането дистрибуирање бугарски книги, весници, емитување бугарски филмови и песни. Крајно е ограничена културната размена. Со тие мерки на ограничувања секаков вид духовно општење се надеваат да го совладаат т.н. Б-комплекс (бугарски комплекс), како што го нарекуваат, како и со девизата - еден народ во две држави - која сe пошироко се распространува во народот.
И пократ сето тоа, сe повеќе граѓани на Р. Македонија ги посетуваат своите роднини во Бугарија. Сe повеќе млади се упатуваат кон средните и високите училишта кај нас. Без прекин се зголемува бројот на оние кои сакаат да добијат бугарски пасош и двојно граѓанство.
Социјалниот статус на Бугарите. Економските анализи покажуваат сериозна економска стагнација во Р. Македонија. Се спроведува работничко-менаџерска и касова приватизација. Не се вработени 44% од работоспособното население. Се развива процес на емиграција кон Америка, Канада и Австралија.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/25 on October 29, 2026