The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ЗАШТИТА И ДУХОВНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО СВЕТОТ
ЗАШТИТА И ДУХОВНО ОБЕДИНУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО СВЕТОТ
(Забелешка: исти - одговорен уредник, издавач, град на издавање, година - 2008)
5.1. ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БУГАРСКАТА ЕТНИЧКА ТЕРИТОРИЈА И НА ЕТНОКУЛТУРНИОТ ПРОСТОР
5.1.1. Бугарската етничка територија (земји)
Во текот на XVIII-XIX век се формира бугарската нација како единствена етничка, јазична, економска, културна и духовна заедница, востановена на територијата (карта №1):
- Мизија, вклучувајќи ја цела Добруџа и Дунавската рамнина; - Западните бугарски земји: Тимочко, Поморавието (Ниш, Лесковац, Пирот, Врање); Западните покраини (Босилград, Цариброд, реоните западно од Видин, Кула и Трн, посочени во меѓународни дговори); - Тракија; - Македонија.
Границите на бугарската етничка територија се определуваат со:
√ султанскиот ферман од 1870 година за формирање независна бугарска православна црква и егзархија, кој ја определува нејзината диецеза;
√ плебисцитот во епархиите во Македонија - Скопската, Охридската, Кукушката и Солунската и, врз негова основа, нивното вклучување во диецезата на бугарската православна црква во 1872 година;
√ решението на Цариградската делегатска конференција на Големите сили и Турција во текот на 1876 година;
√ претходниот Санстефански мировен договор во 1878 година, потпишан од Русија и од Османската империја, без учество на бугарски претставници;
√ констатациите на европските патеписци, црковни дејци, дипломати, учени и воени дејци, кои бугарските земји ги посетиле во текот на XIX век. Тие на терен ги констатирале етничките граници на бугарската нација во Мизија, во Тракија и во Македонија.
Според пописите на Отоманската империја на овие територии, кон средината на XIX век, бугарската нација броела околу четири милиони души. Пред ослободувањето таа достигнала околу пет милиони души.
5.1.2. Бугарскиот етнокултурен простор
Бугарскиот етнокултурен простор ги опфаќа териториите во кои живееле или живеат Бугарите. Тие создале или создаваат јазик, религија, традиции, наука и уметност, кои го формираат бугарскиот национален вредносен систем. Овој систем зазема оп-ределенио место во развојот на човечката цивилизација.
Територијата на бугарскиот етнокултурен простор може да се подели, условно, на две зони:
* “Стариот етнокултурен простор” - територијата населена од волгско-уралските Бугари, кои ја создале Голема Бугарија;
* “Новиот етнокултурен простор” - територијата на меѓусебни влијанија на Тракијци, Словени и Бугари (карта №1). Денес таа се простира во рамките на нашата етничка територија, како и на територијата бугарските населби во светот. Траги од нашата етнокултурна територија можеме да откриеме од Татрите до Егејското Море и од Сава и средното течение на Дунав до Днепар и до Црното Море.
5.2. БУГАРИТЕ ВО СВЕТОТ – ГЕОГРАФСКА РАСПРЕДЕЛНОСТ И СОЦИЈАЛНА КАРАКТЕРИСТИКА
Голем дел од Бугарите кои живеат во земјите, соседни на нашата државна граница, немаат сознание дека живеат во туѓина, туку во земјите на своите дедовци. Ете зошто, од морална и од психолошка гледна точка, тие наши сонародници не се сметаат за Бугари во туѓина. За нив не треба да се употребува тој термин.
Во соседните балкански држави живеат и Бугари кои се потомци на наши сонародници, одамна преселени. Такви се Бугарите во романскиот и во српскиот Банат, во Молдавија, во Бесарабија, во Украина и во Русија. Нивниот национален идентитет е подложен на дебугаризација и на присилна асимилација. Дел од нив, дури и асимилирани, во изменети услови, ќе ја востановат самосвеста и својата официјална етничка припадност. Има и лица со двојна самосвест. Сето тоа ја оцртува гамата од можности за развој или за будење на бугарштината. Основното врз кое треба да се потпре националната стратешка програма е дека Бугарија е повикана сите тие луѓе максимално да ги поддржи.
Местото на живеење и квантитативната карактеристика на Бугарите надвор од државата, како и нивниот статус, имаат низа посебности за секоја посебна држава или реон.
Истражувањата на проф. Коледаров ги покажуваат следните податоци за местото на живеење и бројот на Бугарите кои живеат во светот:
Бугарите во 1878 г. Бугарите во 1928 г. Бугарите во 1990 г. Вкупно…….... 4 775 000 Вкупно.............6 615 000 Вкупно.......... 10 505 000 Кнежеството Бугарија 4 650 000 Бугарија 7 500 000 Бугарија 1 315 000 Ист. Румелија 565 000 Бугарски земји под туѓа Бугарски земји под туѓа Бугарски земји под туѓа власт 2 180 000 власт 1 320 000 власт 405 000 Македонија 1 000 000 Вардарска Зап. покраини 105 000 Одринско 500 000 Македонија 640 000 Егејс. Макед. 200 000 Албанија, Косово Зап. покраини 75 000 Зап. Тракија 40 000 и Метохија 90 000 Егејс. Макед. 300 000 Албанија 60 000 Тимочко Зап. Тракија 35 000 и Моравско 150 000 Ист. Тракија 15 000 Нишко Јуж. Добруџа 155 000 и Јуж.-моравско 405 000 Сев. Добруџа 70 000 Сев. Добруџа 35 000 Албанија 30 000 Туѓина 695 000 Туѓина 645 000 Туѓина 1 200 000 Цариград 25 000 Банат 35 000 Роман. (Банат) 40 000 Мала Азија 10 000 Бесарабија 255 000 ОНД 600 000 Влашкои Мол. 500 000 Војв. (Банат) 72 000 (Банат) 30 000 Бесарабија 70 000 Цариград 10 000 Цариград 5 000 Таврија 25 000 М. Азија 30 000 З. Европа 120 000 Херсонска г. 30 000 Унгарија 10 000 САД 140 000 Авс.-Унгарија СССР (Таврија Канада 130 000 (Банат) 30 000 Херсон и др.) 150 000 Ј. Америка 30 000 Грција 5 000 САД 60 000 Австралија Канада 40 000 и Океанија 105 000 Аргентина 15 000 Австралија и др. 20 000 Бугари во процес на Дехацнионализарани Денационализација Бугари 2 480 000 1 730 000 Тим. Мор. Нишко, Тим. Морав. Ниш. 1 300 000 860 000 Влашко и Мол. Косово и Мет. 1 100 000 100 000 Источна Тракија Влашко и Мол. 770 000 и Мала Азија 80 000 Во оваа табела не се вклучени околу 3 000 000 волгско-уралски Бугари Бугарите во 1998 година Континенти Број на Бугарите според Број на Бугарите според официјални податоци Центарот на буг. н.
Држави I. ЕВРОПА 1.Бугарија 2. Македонија 3. Југославија 4. Хрватска 5. Словенија 6 Босна 7 Турција 1 400 000
на соодветните држави 9 989 580 8 000 000 1 400 000 26 922 80 000 1 900 1 900 1 500
стратегија 11 254 630 8 000 000 1 400 000 над 300 000 80 000 2 000 2 000 околу 100 000
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/24 on October 29, 2026