Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

3. БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ - Part 01

By Димитар Мирчев · Part 20 of 50 · About 18 minutes

Read in English

3. БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ

Национализмот до извесен степен е синоним на поимите патриотизам и родољубие. Патриотизмот е израз на љубов кон татковината, т.е. кон земјата на нашите дедовци.

Родољубието ја изразува љубовта кон родот, племето, народот, кон историската памет и традициите.

Патриотизмот и родољубието го одразуваат уште и личното и општественото поведение мотивирани и од рационалните аргументи, и од емоционалните и природните доблести на верноста и должноста, на сакањето и саможртвувањето.

Национализмот е рационална конструкција, изградена околу својата основна вредност - нацијата. Тој има белези на обединувачки поим, што му дава значително поширока смисла и содржина. Во него се вклучуваат и љубовта и посветеноста на татковината и на целата нација, со нејзиниот дух, стремежи, идеали и вредности.

Претставниците на бугарската нација се носители на нејзиниот специфичен белег - бугарскиот национализам.

Национализмот претставува активна состојба на националниот дух и сознание. Тој е израз на активната грижа за историската судбина на нацијата. Искрено е приврзан кон нејзините интереси, вредности, идеали и историски стремежи. Затоа, тој претставува активна и динамична состојба на националниот идентитет.

Има многу причини за да немаме досега јасна претстава за суштината, појавувањето, за развојот и за улогата на национализмот. Една од нив е што Бугаринот, речиси, секојпат страдал не толку од недостаток на идеи и концепции, колку од недостаток на колективна волја и подготвеност да се обедини околу една од нив.

За тоа придонесува и речиси постојаната неопходност да им се спротивставуваме на антибугаризмот и шовинизмот на некои од

нашите соседи. Нашите неадекватни реакции на нивното поведение, најмногу се израз на недостатокот на националното самочувство, што толку одамна во нас се обиде да го пробуди Отец Пајсиј.

Во период од, речиси, 50 години, поимот “национализам” кај нас беше дискредитиран. Тој намерно се изедначуваше од водачите на “пролетерската револуција,” со национал-социјализмот – нацизмот - и со социјалното национално движење - фашизмот, и др.

Национализмот, како еманација на духот на секоја нација, во ниту една форма и начин не треба да се поврзува со идеологиите на национал-социјализмот и фашизмот.

Комунистичката идеологија го прогласува национализмот за “декадентна и реакционерна” буржоаска доктрина, за “изродено пројавување на националното сознание”, како обид една нација да претендира на доминација над друга. Тоа кај нас доведе до создавање деформирана претстава за суштината на поимот, како и до бришење од историското помнење на неколку поколенија на вистинската смисла и суштина на национализмот. Затоа, многу млади луѓе, вклучувајќи и интелектуалци, и ден-денес се плашат да го користат, или пак ако мораат да го спомнат, му даваат само негативна смисла.

Неопходно е поимот “национализам” со средствата на науката да се исчисти од неоправданите клетви и обвинувања, како и од деформациите причинети од идеолозите на тоталитарниот режим кај нас.

Национализмот, во принцип, може во определени услови да мутира во три негативни форми:

национален екстремизам; национал-шовинизам; национален нихилизам...

Национален екстремизам. Тоа е појава на лошо национално воспитување, при што националната гордост преминува во

надменост и потценувачко однесување кон претставници на други етнички групи или нации. Тој стои во основата на меѓунационалното недопаѓање, ксенофобијата, конфронтацијата, а неретко се претвора во агресивно поведение, кое се исклучува од законот.

Шовинизам. Поимот шовинизам потекнува од името на францускиот новинар Шовен - наредник во армијата на Наполеон.

Тој означува неосновани претензии или заграбување територии и население, кои никојпат, ниту историски, ниту правно, ниту политички, ниту етно-културно не ѝ припаѓале на дадената нација и држава. Таков шовинизам пројавуваат нашите соседи за време на војните. Тие заграбија исконски бугарски земји, населени со Бугари (Србија - Бугарското Поморавје, Тимочка краина, Западните покраини и Вардарска Македонија; Грција -Егејска Македонија и Беломорска Тракија; Романија - Северна Добруџа; Турција - Одринска Тракија).

Никогаш бугарскиот народ и неговите државници во нашата историја не пројавувале или демонстрирале шовинизам, бидејќи Бугарија од ослободувањето до денес граничи само со свои земји и со свое население.

Нема ниту еден документ, од кој е видливо дека бугарски политичари се стремеле да завојуваат исконски земји на Србија - Шумадија или Косово, ниту на Грција - Пелопонез, Тесалија, Епир, островите Крит или Кипар, ниту пак територии на Романија или Албанија...

Национал-шовинизам. Овој поим одразува спој во пројавувањето на национал-екстремизмот и шовинизмот.

Национал-нихилизам. Тој е плод на оттуѓување и откажување од припадноста на нацијата и од нејзиниот вредносен систем. Конкретното пројавување на национален нихилизам кај нас е помирувачката позиција на некои наши државници и политичари, како и на дел од нашата интелигенција, кон денационализирањето и асимилирањето на Бугарите во

Вардарска и во Егејска Македонија, во Беломорска и во Источна Тракија од близу 80 години наваму, како и кон обидите за одродување значителни делови на бугарската нација во оделни краеви на нашата земја.

Национал-нихилизмот кај нас се раѓа како резултат:

на урнувањето на нашиот национален идеал за обединување, по Меѓусојузничката (завршена со Букурешкиот и со Цариградскиот договор) и Првата светска војна (завршена со Нејскиот договор), што предизвика национален песимизам и комплекс на “неостварливост на националниот идеал”;

на ерозијата на националното сознание од, во тој период и потоа, растечките левичарски учења од комунисти, социјалдемократи и анархисти;

на интернационалното и лошото национално воспитување во времето на тоталитарниот режим кај нас;

како резултат на денационализаторската политика, каква што смислено се остварува во Вардарска и во Егејска Македонија од пред близу 84 години, и во Беломорска и во Источна Тракија од пред 77 години, кон бугарското население.

Национал-нихилизмот најчесто се пројавува во две форми, крајно деструктивни за национализмот:

интернационализам; космополитизам;

Интернационализам. Овој поим е еден од основните атрибути на марксистичката идеологија. Тој произлегува од формулата “пролетери од сите земји, обединете се”, со тоа што го претпоставува единството на работничката класа во сите земји над единството на нацијата.

Пропагирањето на интернационализмот, доведе до национализам меѓу значителен дел од последните три поколенија на бугарската нација.

Космополитизам. Поимот космополитизам никнува како антипод на идејата за нацијата. Затоа се разгледува и како антипод на национализмот. Се одликува со пренебрегнување, безразличност и презир кон националните вредности, интереси и идеали. Во поширока смисла, проповеда откажување од националната држава, од културниот и од националниот идентитет.

Филозофијата на космополитизмот, може да се претстави со познатата формула – “Мојата татковина е таму каде што се чувствувам најдобро”. Современа варијанта на космополитизмот е “глобализмот”. Овде, моралните вредности на космополитизмот се преобразуваат во формулате “јас сум граѓанин на светот”.

Правилното разбирање на поимот “нација” и “национализам” е посебно важно денес, кога сe уште не се изживеани комплексите и догмите на мислење од скорешното минато...

3.1.1. Нова национална етика

Новата национална етика се изразува во толерантниот однос меѓу членовите на целата нација, независно од нивното етничко потекло, религиозни или политички погледи, занимање и општествена положба. Придонес на тоа му дава вроденото чувство на толерантност на Бугарите. Тоа го исклучува непочитувачкото и која и да е друга форма на дискриминаторско однесување кон припадниците на нашата нација - Цигани, Турци, Евреи, Ерменци и др., или, пак, кон претставниците на официјално признаените религии -муслиманството, католоцизмот, протестанството и други вероисповеди. За жал, многу Бугари неосновано и навредливо ги нарекуваат своите браќа Бугари што живеат во Србија -“Срби”, во Грција - “Грци”, во Македонија - “Македонци”, во Бесарабија - “Руси”, итн.

Новата национална етика стои во основата на новото карактерно однесување на припадниците на нацијата:

- откажување од лошо поставување на членовите на бугарската нација едни кон други низ епитети, компромитирачки изрази или други средства што го навредуваат личното достоинство;

- откажување од поставување на интересите на оделни општествени групи, организации, партии или економски групации над интересите на нацијата и државата;

- демократија, засновна на рамноправност и еднаква положба пред законите на земјата, на социјална интеграција и национално соединување;

- плурализам, којшто не ги претвора различностите во конфронтација и во привилегии или барање на туѓа национална идентичност;

- национализам, кој ја изострува интеграцијата на различните општествени групи како единствено разумна форма на национално соединување;

- уважување на националните институции и на личностите што ги претставуваат;

- сеопфаќање на сите Бугари низ светот, како и на иселениците од други етнички групи, во националниот духовен простор, за да чувствуваат реална подршка во својата татковина;

- уважување на народите на нашите соседни држави, независно од спротивностите што постоеле во минатото и денес;

- недозволување мешање на други држави во внатрешните и во надворешните работи на нашата држава;

- широка интеграција во Европа, со зачувување на нашата културна самобитност, суверенитет и независност...

Националното самочувство. Тоа претставува особена, издигната состојба на националниот дух, што одразува задоволност од духовните и материјални достигнувања на нацијата – плод на

личниот и колективниот труд, на дарбата и интелектот на целата нација.

Националното самочувство на Бугарите, се определува исто така од историската и политичката судбина на Бугарија.

Историјата покажува дека Бугарија е една од најстарите држави во Европа. Бугарите имаат неспорен придонес во светската и во европската културна историја. Бугарија се третира, од светски познати историчари и културолози како една од лулките на европската цивилизација. Во Варненската некропола откриените златни ризници од четвртото илјадалетие п.н.е., докажуваат дека кај нас никнала најстарата европска златна цивилизација - постара од Критско-микенската, а современичка на Египетската.

По сила на историските околности, Бугарија станува вистинска татковина на словенската писменост, создадена од браќата Св.Св. Кирил и Методиј, и на книжевна култура, кои не наоѓаат можност за развој меѓу западните Словени и во дел од Велика Моравија. Политиката на кнез Борис и на неговите потомци -царовите Симеон и Петар, создава максимално благопријатни услови за усовршувањето на словенската книжевност, што ја претвора Бугарија во трето паралелно средиште на европската цивилизација, во истиот ред со латино-романската и со грчко-византиската култура.

Во Бугарија се зародува и се развива богомилското движење, прифатено од мнозина како рационално според суштината, и реформаторско според содржината, религиозно-филозофско учење, целејќи кон установување автентично христијанство. Рационалистичкиот елемент во неговата филозофија наоѓа следбеници и надвор од земјата. На Запад, богомилството станува познато и под името “бугри” (Бугари). Во преименувањата на бугарското богомилство, како што се -фундагиагити, бабуни, катари, патарени, албигојци, бугри и стриголници, се потврдува несомнениот бугарски придонес во формирањето на европската предренесансна култура.

Од втората половина на 9-от а до средината на 10-от век, Бугарија го доживува својот “златен век”, кој што ја поставува во редот на водечките држави на христијанскиот свет. Во тој период, земји како Германија, Франција и Англија, според културните можности отстапуваат пред Бугарското царство. Во хиерархијата на пријатели и сојузници на најмоќната христијанска империја, Византија, Бугарите го заземаат почетното, прво место.

Неспорен факт е дека Србите и Русите создаваат своја самобитна книжевност со непосредното учество на старобугарските обрасци...

Тринаесет-вековната историја на Бугарија, ни дава основа да имаме високо национално самочувство и да се гордееме со тоа дека сме Бугари.

1.2.4.1. Раѓање на бугарската нација

Во 18-от и во почетокот на 19-от век, настануваат сериозни промени во социјално-економскиот, политичкиот и во културниот развој на бугарскиот народ. Никнуваат специјализирани производни реони на земјоделство во бугарските земји, во втората половина. Во реоните со силно развиено сточарство се оформуваат текстилни погони. Тие ја олеснуваат трговијата со текстилни производи во целата Османлиска империја. Редица села на падините на Стара Планина и Средна Гора се претвораат во занаетчископроизводни центри. Се засилува миграцијата на Бугарите кон градовите, со тоа што бугарскиот елемент во многу од нив станува доминантен. Тоа е една од најважните појави во животот на бугарскиот народ. Во почетокот на 19-от век, се создаваат првите мануфактурни претпријатија а подоцна и првите фабрики (текстилната фабрика на Д. Желјазков во Сливен, во 1834). Процесот на стопанско заживување го засилува и стремежот кон просвета, кој што се изразува во отворањето 1.500 училишта во цркви, манастири и во општини. Стотици младинци стекнуваат модерно образование во туѓина. Се развива културната и книжевната дејност. Се развива бугарскиот периодичен печат. Се создава бугарската

интелигенција. Се буди и политичката волја на Бугарите кои учествуваат во неколку руско-турски војни ( 1768-1774, 1787-1791, 1806-1812) како и во српското (1804-1813) и во грчкото (1821-1827) востание. Сето тоа сведочи дека бугарскиот народ ја осознава својата ропска положба и започнува да бара излез од неа.

Светлоносецот Паисиј Хилендарски, им ги отвора очите на нашите неосознаени сонародници со забележаната “Историја словено-бугарска” (1762). На малку страници, не само што се огледува, како во длабок извор, славното минато на Бугарите, туку се оцртуваат и патиштата за нивното национално самосознавање и ослободување. Вербата дека Бугарите “не се заборавени од Бога”, се соединува со повелбата за отфрлање на политичкото и духовно потиснување на султанот и од Вселенската патријаршија, на грчките свештеници и владици, низ борбата за самостојна црква и независна држава. На тој начин “Историјата словено-бугарска” на Отец Паисиј, се јавува како манифест и го поставува принципот на една национална програма за преродба, за црковна и национална независност.

Оцртувајќи ја етничката територија на бугарскиот народ, Паисиј со патриотска страст го повикува да го чува својот род и јазик, гневно ги бичува оние што им се ругаат на татковците, разгорува чувства на приклонување кон славното минато на Бугарите, кои први од Словените создаваат своја држава.

Со делото на Паисиј Хилендарски се одбележува почетокот на бугарската национална Преродба. Започнува еден бурен и незадржлив стремеж кон просвета, стопански развој, кон црковна самостојност и кон признавање на нашето право на национален идентитет.

Националната идеја се утврдува во процесот на бурен развој на бугарското образование и просветно дело. Во летописите на бугарската Преродба, со особена сила блескаат имињата на големите просветни дејци во Мизија и во Тракија - Петар Берон, Васил Априлов, Неофит Бозвели, а во Македонија -Неофит Рилски, Марко Теодоровиќ, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Глигор Прличев, браќата Миладиновици, Јордан

Хаџиконстантинов (Џинот), Кузман Шапкарев, Рајко Жинзифов, М. Цепенков и др. Македонија се претвора во лулка на на бугарската национална преродба.

Создадениот општонароден говорен и писмен јазик ѝ дава потик на националната книжевност. Првите обрасци на новобугарската поезија се создаваат во Македонија (според зборовите на српскиот јазикословец Вук Караџиќ). Во 1861 година, браќата Миладиновци го издаваат својот зборник на “Бугарски народни песни” во Загреб. Издаваат и многу буквари, учебници и учебни помагала на современ бугарски јазик.

Во 1869 година во Браила се формира Бугарско книжевно друштво со претседател Марин Дринов. Во 1911, друштвото се преименува во Бугарска академија на науките.

1.2.4.2. Самоопределувањето - основа за формирање на бугарскиот национален идеал

Освен општ литературен, книжевен јазик, оживеани стопански врски и општења, книжарници и училишта, се создава и општобугарско национално сознание. Под името “Бугари” се определува мнозинството од христијанското словенско население во географските области Мизија, Тракија, Македонија, Добруџа, Бугарското Поморавје и Тимочко.

Во услови на тој чудесен процес на народно поединствување и стремеж за самоопределување, се раѓа бугарската нација и се оформува бугарскиот национален идеал. Макар што ја вклучува, природно, идејата за заедничко минато од средновековието, за претставата на државноста и народноста, на јазикот и културата, на гордоста со славните цареви, војсководачи и народни светци, националниот идеал е појава на новото време. Тој се раѓа под влијание на новите европски идеи - пред се на идејата за слобода на човекот и граѓанинот, за правото на нацијата на самостоен политички живот, т.е. за независност и државност.

Историските завети ги мотивираат Бугарите да гледаат едновремено во сите насоки - Добруџа, Беломорска и Одринска Тракија, Поморавјето, Вардарска и Егејска Македонија.

Тоа е така, бидејќи во овој територијален опфат живеат сонародници чија судбина е жестока и кон која ние не сме рамнодушни.

Народ без идеал не израснува до нација. Националниот идеал ги определува државните интереси.

Идеалот е постојан и неменлив. Тој може да биде развиван и осовременуван во согласност со настанатите промени во земјата и во светот. За жал, нашиот национален идеал понекогаш се подвива под притисок на политичката внатрешна и меѓународна коњунктура, за разлика од примерот на соседите. И тука не станува збор само за промена на географските насоки, туку и за изживувањето на идеалот.

(Овде се изоставени дваесетина страници од историјата на првото и второто бугарско царство, од византискиот и османлискиот период, како и преродбата, кои делови се полни со присвојување на соседните преродби, настани и личности...)

(Од Третиот дел)- 1.2.5. Третата бугарска држава

На 19 февруари (3 март) 1878 година, во Сан Стефано е потпишан претходен договор за мир. Тој го навестува создавањето независна бугарска држава, што вклучува околу 80% од нејзината етничка територија на Балканот (Види карта бр.8). Се предвидува новата држава да биде кнежевство и да има своја влада и војска.

Населението на кнежевството е пет и половина милиони Бугари кои живеат во областите Мизија, Тракија и Македонија. На тој начин се остварува идеалот- независна сопствена држава.

Санстефанскиот претходен договор, меѓутоа, не е признаен од Велика Британија, која во создавањето на Кнежевството Бугарија сомничаво гледа една “мала Русија” во срцето на

Балканот и во близина на Цариград и протоците. Франција и Италија се однесуваат студено кон бугарскиот излез на Средоземното Море. Преговорите во Лондон меѓу англискиот министер за надворешни работи Солзбери и рускиот амбасадор грофот Шувалов завршуваат на 18 мај 1878 година, со потпишување тајна конвенција, која препорачува разделување на Бугарија по сртот на Стара Планина, делба потврдена од спогодбата меѓу Велика Британија и Австро Унгарија на 25 мај. Истовремено, рускиот Главен стан, владата и императорот, се засипани со благодарници, следени со илјади потписи на Бугари од Добруџа, Мизија, од Тракија и од Македонија, кои молат да не биде распарчен целосно обединетиот народ.

Во согласност со решенијата на Берлинскиот конгрес (јуни, 1878 г) (Види карта бр.9), Санстефанска Бугарија е распарчена на пет дела:

Кнежевство Бугарија – слободна бугарска држава со територија од Тимок до Црно море и Софискиот санџак;

Источна Румелија - автономна област, под непосредна политичка власт на султанот;

Македонија и Тракија се вратени во пределите на Османлиската империја;

Бугарското Поморавје со градовите Ниш, Пирот, Лесковац и Врање се предадени на Србија.

Северна Добруџа е дадена на Романија.

Бугарскиот народ не се помирува со неправедните решенија на Берлинскиот конгрес и тргнува по патот на борба за целосно ослободување и обединување на нашата распарчена татковина.

Востановувањето на целината на “Санстефанска Бугарија” како дел од големиот национален идеал на бугарската нација - “За обединета и неделива Бугарија”, се претвора во национална заклетва.

Во 1878-1879 година, со помош на руската управа, во Кнежевството Бугарија се изградени основните институции на државата.

Уставотворното Големо народно собрание го усвојува Трновскиот устав, кој се смета за еден од најдемократските устави во Европа.

На 17 06 1879 година, на чело на Кнежевството, по препорака на рускиот император, застанува кнезот Александар Први (1879-1886).

Веднаш по објавувањето на решенијата на Берлинскиот конгрес, во трите дела на нашата разединета татковина започнува организирањето на комитети “Единство”.

На 5 10 1878 година, се дига Кресненското-разловечкото востание, против решенијата на Берлинскиот конгрес. Неуспехот на востанието не ја поколебува вербата на Бугарите во идеалот за национално обединување. Во Источна Румелија започнува основањето на комитети- “Соединување”.

На 6 09 1885 година, воден од комитетите “Соединение” на чело со Захари Стојанов, народот извикува “Долу Румелија! Да живее обединувањето!”

Врз основа на решението на владата на Петко Каравелов, младиот кнез Александар Први го потврдува обединувањето на татковината под неговиот скиптар (Види карта бр.9). На тој начин Големите сили се ставени пред свршен чин. Ударот против Берлинскиот договор болно одекнува во Петроград, каде што не сакаат да соработуваат со Александар Први во неговите обиди да спроведува независна политика. На руските офицери им е наредено веднаш да ја напуштат Бугарија. Така, бугарската војска останува без повисоки воени заповедници.

Додека бугарските војници ја подготвуваат одбраната на границите со Османлиската империја, на 2 ноември 1885, крал Милан и објавува војна на Бугарија, со цел да се отцепат нови

бугарски земји. За ова, тој е потикнат непосредно од Австро-Унгарија, со премолчена согласност на Русија.

Започнува Српско-бугарската војна. Во тоа време, целата бугарска војска е натрупана на југо-источната граница, за да ја предодврати можната интервенција на Турција. Бугарскиот народ станува како еден, за да ја заштити својата татковина. Нашата млада војска, предводена од капетани, го восхитува светот со своите бојни подвизи. Кај Сливница, Драгоман, Три Уши, Цариброд, Видин и Пирот, бугарската војска им нанесува сериозен удар и ги разбива српските напаѓачи. Патот кон Ниш е отворен, кога ултимативно се настојува, во името на Австро-Унгарија, Германија и Русија за неодложно запирање на воените дејства. Договорот за мир е потпишан на 19 февруари 1886 година, во Букурешт, под надзор на Големите сили, кој содржи еден единствен член - воспоставување мир, без промена на општата граница и без какво и да е финансиско обесштетување. Со поразот на упадната српска армија, се заштитува првата етапа од бугарското национално обединување. Тоа ѝ дава морална основа на бугарската нација да воскликне со националната девиза - “Обединувањето ја чини моќта”.

По Српско-бугарската војна, во Бугарија се одвиваат бурни политички настани. Русија организира детронирање на кнезот Александар Први. Бугарскиот народ е поделен на “русофили” и “русофоби”. Во тие судбоносни денови, на чело на бугарската држава застанува Стефан Стамболов. Желбата на Бугарија да води самостојна внатрешна и независна надворешна политика, доведува до влошување на односите со Русија.

Големото народно собрание без согласност на Русија го избира Фердинанд Први за кнез на Бугарија. Овој чин ги влошува уште повеќе уште повеќе односите меѓу Бугарија и Русија.