The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
П Л А Т Ф О Р М А ЗА РЕШАВАЊЕ НА АЛБАНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ - Part 03
причинител на оваа голема дамка, на оваа хуманитарна катастрофа што се случува вс срцето на Европа на крајот од 20-иот век, е Слободан Милошевиќ, заедно со српската политичка класа, од времето дрогирана со агресивниот национализам. Секој ден сe повеќе се креваа гласови кои бараа да се изведат пред Хашкиот суд Слободан Милошевиќ и неговите соработници за масовни убиства на миротворни луѓе, за обесчестување на недолжни жени и деца, за масовни гробници на луѓе со исечени глави и деца со извадени очи, значи како автори на злосторства против човештвото.
Сепак, постоеа уште влијателни меѓународни кругови кои не можеа лесно да се одделат од застарените предрасуди дека Косово е српска земја. Беше неопходно овие кругови да разберат дека не поради вина на два милиона Албанци кои бараат национална слобода, туку поради овие култивирани предрасуди од Белград, таканаречената “косовска криза” сега не е веќе само српска криза, туку е претворена, како што се тврди нашироко, во балканска. Следствено, нејзиното решавање ќе доведе само по себе и до решавање на кризата во Србија заедно со онаа на Балканскиот Полуостров.
Исто така, неопходно е големите канцеларии да ја посматраат “косовската криза” не на политичката површина, туку во нејзините историски, економски, општествени и културни корени. Прашањето на албанските простори одделени од албанската држава е прашање на една распарчена нација. Тоа е прашање на една нација, чии простори пред многу векови, пред да се распарчат во 1913 година, постигнаа економска, општествена и демографска рамнотежа меѓу полето (земјоделието) и планината (сточарството), рамнотежа која ја растури големата дипломатија давајќи им го на соседните држави најплодниот дел на полето и стеснувајќи ја албанската независна држава главно во планински и мочуришни региони. Поради тоа, албанското национално прашање не е само душевна аспирација на една древна нација неправедно распарчена од големата дипломатија. Тоа во исто време е императивно барање на една осакатена нација, чија една половина е во опасност од физичко исчезнување, додека другата половина, иако има своја независна држава,
продолжува да ги чуствува последиците од територијалното распарчување во економската, општествената, во културната и во демографската област.
Патот за решавање
Од претходно поставеното, само по себе произлегува прашањето што ги загрижува сите Албанци: што треба да се направи за да се надмине оваа драма во која се наоѓа денес албанското национално прашање? Сите Албанци, независно каде се населени, од оваа или од онаа страна на границата, внатре или надвор од етничките простори, посакуваат што побрзо обединување на нивните простори во една единствена албанска држава, онака како што го поставија во своите програми нашите големи преродбеници од минатиот век. Но, дали постојат објективни и субјективни фактори, национални и меѓународни околности, политички и материјални можности за нејзина реализација?
Нема сомневање дека денешната ситуација на албанското национално прашање е покомплицирана отколку во периодот на националната преродба. Тогаш сите албански етнички простори се наоѓаа под доминација на една единствена држава – Отоманската Империја. Тогаш, сите Албанци беа во еден единствен строј и заедно стрелаа против единствената цел, против Високата Порта. Денес, пак, албанските етнички простори се распарчени меѓу пет држави, од кои четири се туѓи. Се разбира, поинаку од периодот на националната преродба, денес постои една независна албанска држава, афирмирана на меѓународната арена, на која ѝ припаѓа првенствената задача да го држи отворено знамето на националното прашање. Ова, сигурно, е позитивна околност. Но, од друга страна, за да се реализира возвишената преродбена програма треба да се менуваат границите на четирите балкански национални држави кои, исто така, се афирмирани на меѓународната сцена. Ова е негативна околност, која, доколку сакаме да бидеме реалисти, треба да признаеме дека во сегашните услови, содржи во себе тешка пречка за надминување за нашето национално прашање, без подршка на меѓународниот фактор.
Во врска со меѓународниот фактор треба да се има предвид епохата кога политичката карта на континетите ја одредуваа Големите сили доживеа крај уште во 1946 година. По Втората светска војна уредувањето на националните прашања во свои раце ги презеде Организацијата на Обединетите Нации (ООН), во чија основна Повелба беше фиксиран принципот на самоопределување на народите. Сепак, повоените години се карактеризираа со поделбата на светот во антагонистички блокови и со обидите за воспоставување поредок со сила кој ним им одговараше. Но, во последната деценија меѓународната ситуација темелно е променета.
Со уривањето на Берлинскиот ѕид, со завршувањето на Студената војна, времето на политички престројувања и на обидите за промена со сила на светскиот поредок доживеа крај. Следствено, и времето кога балканските држави се постројуваа во спротивставени блокови, сега му припаѓа на минатото. Со завршувањето на Студената војна, Варшавскиот договор создаден од Советскиот Сојуз за да се брани комунистичката планета, се распадна. Со неговиот распад сите држави вклучени во него се обидуваат да влезат во системот на НАТО. Во денешниве денови уредувањето на националните прашања во свои раце го зедоа силни светски и континентални тела, како што се: Организацијата на Обединетите Нации (ООН), Организацијата за безбедност и сигурност на Европа (ОБСЕ), Европскиот парламент, Советот на Европа и други организации, кои дејствуваат врз основа на повелби кои имаат значење на статути усвоени од асамблеи свикани токму од нив. Како што се знае, нивна главна цел е да ги оневозможат оружените конфликти од кои постојано страдало човештвото и да ги заштитат малите земји од воено насилство на посилните држави.
Од овие причини, во сите основни акти на меѓународните организации е внесен принципот на почитување на политичките граници на сите држави независно од неправдите што се наследени од минатото. Неправдите треба да се исправат преку разговори, значи по мирен пат. Меѓународните и европските политички тела ги повторија трите основни точки на нивната повоена доктрина: никакво насилно менување на државните
граници, признавање на националните права на малцинствата и уредување со мирни средства на сите недоразбирања меѓу соседните држави. Во спротивно, ниту една држава нема да биде примена во редовите на НАТО, ниту ќе биде опфатена во кругот на Европската заедница, ниту пак ќе ја има поддршката на Соединетите Американски Држави.
Употребата на насилство на која било страна и за кој било мотив, вклучувајќи го и негирањето на националните права ќе биде осудено тргнувајќи од економски санкции, па до воени интервенции. Меѓународните тела се убедени дека преку овој пат ќе се помине безболно од Европа на држави во Европа на нации, чии политички граници ќе се претворат во етно-културни граници.
Сепак, меѓународните тела, посебно САД, не ја исклучуваат можноста од употреба на воена сила кога станува збор за владини кругови кои употребуваат полициско насилство за да ги угнетат човечките права и со нивниот арогантен однос да го стават во опасност мирот во нивниот регион. Како пример ги имаме притисоците што ги употребија западните сили за да ја принудат Србија да се откаже од агресијата против Словенија, да ги прекине воените операции против Хрватска и дефинитивно да ја подели Босна.
Со нивната интервенција конфликтите на Балканот беа надминати некаде со притисоци, некаде со закани, некаде со воени средства, додека некои проблеми останаа сe уште без конечно решение.
Сепак, иако голем број прашања дефинитивно не се решени, некои значајни резултати се постигнати. Србите во Босна, на пример, претходно го немаа статусот на република, па ниту на автономна покраина. Со Дејтонската спогодба босанските Срби формираа своја република (Република Српска) во рамките на федерална Босна. Спротивно на тоа, Косово кое претходно имаше автономна покраина со устав приближен до статус на една на република, ја изгуби арбитрарно автономијата со која се здоби во 1974 година, наместо да се здобие со право да биде република во рамките на Сојузна Република Југославија.
Меѓународната јавност, која е запозната со проблемот, со право прашува: зошто Србија на Албанците на Косово, кои според население се трипати повеќе од Србите во Босна, им го негира правото што го добија со упорноста на Белград неговите сонародници? Или: зошто западните сили им го негираат на Албанците она право што им го дадоа на Србите?
Веќе неколку месеци се зборува за воена интервенција на НАТО со цел Белград да се принуди да го прекине теророт врз Албанците и да ги повлече своите полициски и паравоени сили од Косово. Воената интервенција е забрзано прашање за да се спаси хуманитарната катастрофа на Албанците, но кој ќе биде потоа политичкиот статус на Косово? Голем број идеи се предложени со цел да му се даде на Косово една поширока автономија, според некои во рамките на Србија, а според некои други во рамките на Федерацијата.
Зошто е потребно да се влоши проблемот, да се потпалат недоразбирањата, да се отежни дебатата, да се оневозможи решавањето, кога сите меѓународни тела, од ООН и ОБСЕ до Советот на Европа и Европскиот парламент, прокламирале во своите повелби дека највисокиот принцип за решавање на наци-оналните права е правото на самоопределување. Академијата на науките на Албанија мисли: доколку етничките проблеми на Балканот, вклучувајќи го и правото на албанските етнички простори, се решат со примената на принципот на самоопределување, само тогаш Хемусовиот Полуостров ќе најде мир, само тогаш Балканот повеќе нема да биде “буре барут”, и нема да има повеќе потреба за политички распоредувања на државите едни против други.
Балканските соседни држави, во чии рамки има албански етнички простори, формално ја прифатиле во принцип оваа доктрина, но во практика некои повеќе, а некои помалку не се придружуваат кон неа. Србија која го предводи остатокот на Југославија и управува надвор од границите на Албанија, со полициско насилство се спротивстави на нејзините начела. Последователно, Албанците од етничките простори, анектирани уште во 1913 година од Србија, Црна Гора, од Македонија и од Грција, имаат проблеми во врска со своите национални права.
Но, заради бројната тежина на албанското население, или заради политичките услови во кои се наоѓаат сонародниците, задачите што се поставуваат за решавање и патиштата за нивно решавање не се исти. Независно од тоа, решавањето треба да се бара во рамките на историскиот процес што го опфати европскиот континент - значи преку мировни патишта, со демократски средства и со поддршка на меѓународните тела, кои ги прокламирале и ги бранат овие принципи.
Прашањето на Косово
Најкритична и најургентна за решавање е состојбата на Албанците на Косово. Треба, пред сe, да се објасни уште еднаш дека во Покраината Косово од 10.877 км2 со престолнина Приштина, не се опфатени сите албански етнички простори што се наоѓаат внатре во границите на Република Србија. Без да се сметаат деловите на историското Косово, кои федеративна Југославија им ги подели на Македонија и на Црна Гора, во Република Србија - освен Покраината Косово како делови се и трите округа што се наоѓаат во Јужна Србија; Покраината Косово (заедно со трите спомнати округа) зазема околу 14 илјади квадратни километри, значи приближно половина од површината што ја има Република Албанија.
Во врска со прашањето на Косово треба да се имаат предвид овие посебни карактеристики.
На крајот на јули 1998 година се навршија 85 години од денот кога Конференцијата на aмбасадорите на шесте Големи cили, која се одржа во Лондон под претседателство на британскиот министер за надворешни работи, сер Едвард Греј, меѓу другото, донесе одлука за анектирање на Косово и на Македонија од страна на Кралството Србија. Две недели по потпишувањето на вердиктот шефот на Форин офис, Греј, на 12 август 1913 година давајќи објаснувања во Домот на комуните околу одредувањето на границите на Албанија од страна на Конференцијата на амбасадорите, призна дека врз 'рбетот на Албанците е направена неправда, наедно укажувајќи дека со оваа неправда Силите направиле, всушност, една позначајна работа, бидејќи
му служиле на мирот на Европа. Но, жртвувањето на правата на Албанците не го спаси мирот.
Една година подоцна, на 4 август 1914 година, избувна Првата светска војна, чија искра ја запали Србија, водена од присвојување туѓи територии.
Не треба да се заборави дека Европа на династиите, на Србија во 1913 ѝ ги даде Косово и Македонија не затоа што тие беа српски земји, како што претендира Белград, туку од политичко-стратешки причини, за да се оневозможи проширувањето на АвстроУнгарија кон Солун.
Овој фактор подолго време не постои. Со формирањето на Република Македонија, со нејзиното прифаќање од Република Србија, самиот Белград призна дека Македонија, што ја анектира во 1913 година, не е српска земја. Онака како што се одвои Македонија од Србија, истото право го има и Косово, кое исто така не е српска земја.
За време на овие 85 години, откога Косово е анектирано од Белград, не само Албанците, туку и самите Срби никогаш немаа мир. Историјата во овие последни 85 години покажа дека Србија третирајќи го Косово како “српска” земја, која треба да се исчисти од албанските жители, се казни самата себе. Со својата политика, таа го претвори Косово не во излечлива рана, туку во гангрена што ја нагризува однатре. Вистина е дека Косово има плодна земјоделска почва и богати рудни наоѓалишта кои на Србија ѝ носат приходи, но српските власти треба да ги имаат предвид и штетите што доаѓаат од него. Полицискиот терор, кој треба да ѝ обезбеди на Србија внатрешен мир, дефинитвно е поразен. Јазот меѓу српската власт и албанското население е уште подлабок .За да ги држи Албанците под надзор, Белград постојано го обременува државниот буџет со воени паразитски трошоци. Исто така е поразена и политиката на етничко чистење. Освен тоа, политиката на етничко чистење го ослабна вниманието на српската власт спрема решавањето на проблемите кои би го забрзале економскиот напредок на Србија и на нејзиното население. Агресивниот српски национализам, кој по вителот
во Босна се концетрира на Косово, освен што ја држи запалена тензијата на Балканот и во Европа, продолжува со дискредитација на имиџот на Србија на меѓународната сцена. Тврдоглавото продолжување на политиката на етничко чистење веќе е поразена, и таа само ќе ја води Србија во безизлезна авантура во која влезе уште во 1913 година. Накратко, Србија може да се ослободи од гангрената наречена Косово само доколку го отстрани од своето тело.
За време на еволуцијата што ја доживеа Србија откога го анектира Косово (1913) - од Кралството на Србија, во Кралството на Југославија, потоа во социјалистичката федерација и сега во федералната република - се промени и нејзиниот правен статус спрема Косово. Со вреднувањето на Косово во Уставот на Југославија како компонента на Федерацијата, со распадот на федеративна Југославија и со одвојувањето на некои нејзини републики, со неучеството на косовските Албанци на парламентарните избори во Република Србија, со посебните парламентарни избори што во меѓувреме ги организираа Албанците на Косово, со прогласувањето на Република Косово од Собранието во Качаник и, на крајот, со народниот референдум во септември 1991 година, со кој беше прогласена независноста на Република Косово, врз основа на принципот на самоопределување, Република Србија го загуби правниот титулар што го оправдуваше нејзиниот суверенитет врз Покраината Косово.
На крајот, и покрај политиката на етничко чистење што ја водеше Белград од Руско-турските војни во 1887-1878 до денес, и покрај болките што им ги предизвика на Албанците, во најголем дел на историското Косово, Албанците сe уште се наоѓаат таму каде што биле сите овие векови. И покрај масовните преселби, принудени од Белград, нивниот број постојано се зголемува.
Денес тие претставуваат околу 90 насто од населението на Покраината. Доколку нивниот демографски раст продолжи со до сегашниот ритам, па дури и и да се намали, ќе дојде денот кога српските власти ќе имаат работа не како денес со два милиони Албанци, туку со двојно повеќе, а потоа и со тројно
повеќе. Дали навистина српските власти се убедени дека можат да ја држат под надзор, во заливот на европскиот континент, оваа маса жедна за слобода, во времето кога јазот меѓу српската политичка маса и албанското население во Покраината е толку многу продлабочен така што нивниот соживот во иднина е речиси невозможен?
Денешната меѓународна ситуација за решавање на прашањето на Косово е поповолна отколку во времето на Социјалистичка Федеративна Југославија, кога Европската заедница не ги зеде предвид неговите права. Денес, благодарение на постојаниот раст на Албанското национално движење и на арогантниот став на националистичката влада на Белград, меѓународната јавност е многу почувствителна спрема косовското прашање, посебно и спрема националните права на Албанците во целина. Покрај оваа чувствителност е зголемена и растревоженоста на големите канцеларии и на меѓународните тела од опасноста од проширување на безредијата предизвикани од Белград на Косово надвор од неговите граници. Последователно, прашањето на меѓународната воена интервенција на Косово, за ставање крај на националистичкотерористичка авантура на Слободан Милошевиќ, како во Босна , веќе неколку месеци се наоѓа на дневен ред. Во овие околности Албанците треба да знаат да ги искористат сите средства, како и сите можности што ги нуди меѓународната заедница во сегашната фаза. Есенцијално е тие да ја покажат потребната решеност за преземање такви акции, кои ќе ги поттикнат меѓународните политички фактори да ја надминат досегашната нерешителност за да ги донесат потребните одлуки за што побрзо решавање на косовското прашање, според универзалните прокламирани принципи за човековите права и за правото на самоуправа. Во исто време, Албанците треба да гарантираат пред меѓународната јавност дека Република Косово во средиштето на Балканскиот Полуостров, отворена подеднакво и спрема Србија и спрема Албанија, ќе биде фактор на мирот во Југоисточна Европа и пошироко. Неопходен услов за реализирање на оваа света задача е обединување на сите Албанци во еден заеднички национален фронт кој ќе биде над партиските разлики.
Како заклучок, имајќи предвид дека меѓународните нормирани принципи за слобода на народите и за самоопределување на нациите се на страната на Албанците, и посебно, имајќи предвид дека на тамошниот соживот на српските политички кругови со албанските маси на Косово постојано ќе биде извор на безредија во регионот, мислиме дека единствено можно решение што ќе обезбеди мир, благостојба и напредок на двата народа е што побрзото вклучување на меѓународниот фактор за да го принуди Белград да ја признае Република Косово одвоена од српското туторство, оставајќи му го правото на нејзиниот народ да решава за статусот на републиката.
Прашањето на Албанците во Македонија
Исто како во Република Србија, така и во Македонија живеат значителен број етнички Албанци. Како и во Косово, и овде албанските етнички простори имаат територијален континуитет. До пред неколку децении тие беа дел од јужниот дел на историското Косово. Албанските простори овде се простираат на север и на запад на Република Македонија, од Дебар па сe до Куманово. Има, речиси, дваесет години откако македонските власти не го објавуваат точниот број на Албанците. Официјално велат дека Албанците претставуваат 23 насто од населението на Републиката. Истовремено ги исклучуваат 170 илјади Албанци со претекст дека го изгубиле македонското државјанство, што не е точно. Но, други извори говорат за една поголема бројка на Албанците. Може да се каже без страв дека тие претставуваат не помалку од 35 насто од нејзиното население. Инаку, Македонците претставуваат само 55 насто од населението, вклучувајќи ги и оние кои себеси се сметаат за Бугари (останатите се Срби, Турци, Роми).
Со оваа, толку значајна тежина, Албанците воопшто не можат да се третираат како малцинство, туку истоветно како Македонците во нивната држава. За жал, без оглед што уживаат некои права во областа на основното и на средното образование, горедолу и во локалната администрација, Албанците во Македонија се третираат како дискриминирани граѓани во споредба со македонските граѓани. Властите во Скопје прават сe да ја намалат, па дури и да ја неутрализираат
тежината на Албанците во државните структури и во политичкиот живот на Македонија. Фактички, учеството на Албанците во државните структури е околу два насто во граѓанскиот и во воениот апарат. Бројот на албанските пратеници во македонскиот парламент, поради маневрирањата направени за време на изборите, не го представува точниот број на албанското население. Во парламентот во Скопје, на околу 8 до 10 илјади Македонци има по еден пратеник, додека во албанските зони еден пратеник доаѓа на секои 15 или 18 илјади жители, а во некои случаи и повеќе.
Како последица на дискриминацијата на Албанците, без оглед на позитивните оценки што доаѓаат од меѓународните кругови, Република Македонија е една порозна држава. Македонската зграда се обидуваат со патерици да ја држат на нозе меѓународните воени сили стационирани на етничките албански простори.
Светските медиуми постојано емитуваат вести за полициското насилство од страна на македонската администрација, чии жртви се Албанците. Одредени меѓународни кругови се обидуваат да ја држат молчаливо кризата што однатре ја нагризува македонската држава. Но, кризата не може да се омекне, а уште помалку да се надмине, доколку не им се признаат на Албанците националните права, онака како што предвидуваат основните меѓународни акти.
Она што беше кажано за Србија во врска со темпото на раст на албанското население, важи уште повеќе за Македонија. Доколку продолжи досегашното темпо, нема да биде далечен денот кога албанското население ќе биде истоветно, па дури и да го надмине македонското население. Следствено, денешните проблеми што постојат во етничките односи нема да се намалат, туку ќе се зголемат. За да се спречи продлабочувањето на внатрешната криза што ја доживува Македонија, која самата ја предизвика со кршењето на националните права на Албанците, постојат уште две опции за нејзино решавање: а) или Албанците ќе се сметаат рамноправни како и македонските граѓани, и според тоа, Македонија да се смета како нивна заедничка држава, според познатиот пример на австро-
унгарската држава, б) или Албанците да го уживаат правото на автономна покраина во рамките на Република Македонија. Само така ќе исчезне денешното третирање на Албанците во Македонија како граѓани од втор ред, што се гледа, меѓу другото, во дискриминацијата во однос на буџетските фондови, нерамноправноста во судските органи, забраната на Тетовскиот универзитет, на нивното национално знаме, на употребата на албанскиот јазик во официјалните акти итн, итн...
(Следуваат пет страници текст, изоставен заради обемот, кој се однесува на Албанците во Црна Гора, во Грција и на албанските етно-лингвистички малцинства во Италија, во внатрешноста на Грција, Бугарија, Тракија, во Хрватска итн.
Поентата на текстот е непризнавањето на нивните етно-културни права но и повеќе од тоа - во Црна Гора (автономија) како и во Грција.).
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/14 on October 29, 2026