Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА Восхитувањето од слободата спласн - Part 02

By Ристо Стефов · Part 56 of 64 · About 18 minutes

Read in English

Воениот поход во Мала Азиjа завршил како и што згаснала “Мегали Идеа” за една поголема Грциjа. Сепак, уште полошо, како резултат на ова катастрофално грчко фиjаско, било тоа што милион турски христиjани биле раселени, повеќето од нив во Македониjа. Нивното населување влиjаело врз македонската демографиjа, како и врз моралот на македонското население.

Цела генерациjа млади Македонци, кои биле регрутирани во грчката војска, биле испратени во воените походи во Мала Азиjа и многу од нив ги изгубиле своите живот. Грчките власти никогаш не го признале нивното служење и никаква компензациjа не им била платена на семејства на оние “глави на семејството” кои го загубиле животот. Причината за ваквиот пропуст, според грчките власти, е што “тие биле Бугари”.

Ми имаат кажано дека е доблесно да се умре за својата татковина. Зарем не би било уште подоблесно да се умре за нечиjа туѓа татковина? Како Грците им се одолжиле на оние кои биле доволно доблесни да умрат за Грциjа? Дозволиле нивните вдовици и жени да живеат во сиромаштиjа. Ете како Грциjа ги третирала своите наjдоблесни граѓани!

Со Договорот од Лозана, склучен во jули 1923 година, Грчко-турската војна завршила. Грциjа и Турциjа потпишале спогодба за размена на население, користеjќи јa “религиjата како основен критериум за националност.” (Стр. 120, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грциjа”).

Ноемвриското издание на Националниот географски магазин од 1925 година, наjдобро јa илустрира големината на бранот луѓе, дрскоста на грчките и турските власти и целосното непочитување на човечкиот живот. “Наjголемата преселба во историjата”, “Трагедиjа го прогонува Блискиот Исток додека Грциjа и Турциjа си разменуваат два милиона од својот народ.” ...1922 година почна со она што навистина може да се нарече наjголема, наjспектакуларна преселба во историjата - принудна меѓумиграциjа на два милиона христиjани и муслимани преку Егеjското Море.” “...

почетните епизоди на драмата на размена беа одиграни во придружба на татнежот на топовите и sвецкањето на митралезите и декорации кон кои пламените на холокаустот беа вперени во Смирна.” (Стр. 533, Мелвил Чател, Национална географиjа /Melville Chater, National Geographic, November 1925/).

“Еден потег на пенкалото прогонува 3.000.000 луѓе.

Сигурно е да се каже дека историjата не содржи поисклучителен документ. Никогаш пред тоа во светската долга свечена поворка од луѓе-скитници немало 2.000.000 луѓе - а сигурно не помалку од 3.000.000, ако е можно целосно да се примени ретроактивната клаузула - не биле протерани и повторно примени назад со потегот на пенкалото.” (Стр. 569, Национална географиjа, ноември 1925). “Дури и ако се смета за доброволна преселба, наместо за присилна размена, движењето не би можело да се спореди со било што слично во историjата на емиграциjата.” “Секој може едноставно да додаде дека историjата никогаш не продуцирала документ кој бил потешко да се изврши.

Требало да се намалат овие тешкотии бидејќи таа размена се базирала врз религиjата, а не врз расата. Поради петвековната турска доминациjа во Грциjа, определувањето на која раса припаѓаат поединците е често придружена со такви сложености, кои го тераат попишувачот да плаче.” (Стр. 570, Национална географиjа, ноември 1925).

“Грциjа, со површина од една петина од турската површина, имала 1.500.000 повеќе жители од неa. Турциjа, со население од 5.000.000 жители и природно богата територија, имала само 15 луѓе нa една квадратна милjа...

Грциjа, со површина помала од една петина од турската површина, сега имала население кое го надминува населението на Турција, за првпат, за 1.500.000 жители, што просечно изнесува 123 жители на една квадратна милја. ” (Стр. 584, Национална географиjа, ноември 1925).

“Најголемото тешко патување во историjата чини 300.000 животи. Конзервативните проценки овие 300.000 животи ги сметаат изгубени поради болест и изложеноста на штетните временски влиjаниjа.” (Стр. 584, Национална географиjа, ноември 1925).

“Вистинската размена во голем степен била во корист на Турциjа, бидејќи околу 380.000 муслимани биле разменети за околу 1.100.000 христиjани”. “Вкупното население во Грциjа се зголемило помеѓу 1907 година и 1928 година од 2.600.000 на 6.200.000.” “По грчките воени напредувања од 1912 година, на пример, грчките елементи во грчка Македониjа сочинувале 43 проценти од населението. Дo 1926 година, со повторното населување на бегалците, грчкиот елемент се искачил на 89%.” (Стр. 121, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грциjа”).

По сето ова, изненадувачки (и срамно) е што Грциjа се уште тврди дека неjзиното население е хомогено; директни потомци од народите на античките градови-држави.

Ако Грциjа денес постои како хомоген етнос, тогаш таа и го должи ова на катастрофата од Мала Азиjа. Ако стотици илjадници бегалци не беа дошле во Грциjа, денес грчка Македониjа немаше да постои. Бегалците jа создадоа “националната хомогеност” на оваа земjа. (Антониос Кандиотис, Митрополит на Флорина /Anonios Kandiotis, Metropolite of Florina/, стр. 141 во Анастасиjа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв” /Anastasia Karakasidou, Fields of Wheat, Hills of Blood/).

Според Каракасидоу, речиси половина од бегалците биле населени во урбаните центри и руралните подрачjа во Македониjа. “Бараjќи локации на кои ќe јa насели масата народ, грчката влада гледала на север, кон новоинкорпорираната земjа во Македониjа...” “... до 1930 година, 90 проценти од 578,844 бегалци, населени во руралната Грциjа, биле концентрирани во региони на Македониjа и западна Тракиjа. Според тоа, грчката новостекната втора “житница” (по Тесалиjа), станала место за чување на бегалците од источна Тракиjа, од Мала Азиjа и од Понтиjа /Pontic refugees/.” (Стр. 145, Анастасиjа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв”).

Додека Грциjа размислувала за повторно населување на Македониjа со странски бегалци, нов развоj на настани се подготвувал да излезе на површината на Македониjа.

“Една книга, од голема важност за македонската лингвистика и историографиjа, била обjавена во Атина; тоа бил букварот со наслов Абецедар (а, б, ц) /ABECEDAR (А B C)/, печатен на латиница и наменет за децата од македонското национално малцинство во Грциjа -“малцинството кое зборува на словенски jазик” како што сер Остин Чемберлин /Austin Chamberlain/, британски дипломат и делегат во Лигата на народите и сер Џеjм Ерик Друмонд /James Erick Drumond/, генерален секретар на Лигата на народите, ги oсловувале Македонците во Грциjа.” (Стр. 184, Воислав Кушевски, “Кон појавувањето на Абецедарот” во Магазинот “Историjа” /Voislav Kushevski, “On the Appearance of the Abecedar” in Istorija magazine/, 1983, бр. 2).

“Во 1920 година, Грциjа, пред Лигата на народите, потпишала една спогодба која јa обврзува да им даде одредени права на малцинствата од негрчко потекло во Грциjа. Четири години подоцна, во 1924 година, по cyгестиjа на Лигата на народите, Грциjа и Бугариjа го потпишаа добропознатиот Калфов-Политис протокол, според кој Бугариjа била обврзана на грчкото малцинство во Бугариjа да му даде малцински права (jазик, училишта и други права), додека Грциjа, признавајќи ги Македонците од егеjскиот дел на Македониjа како “бугарско” малцинство, требала и ним да им ги даде нивните малцински права. Оваа спогодба навидум била во голема корист на Бугариjа, но кога во 1925 година грчката влада презела одредени конкретни мерки кон публикување на првиот буквар, создаден за спечифичните потреби на тоа малцинство, станало јасно дека нема основи врз кои Бугариjа би можела, официjално, да биде заинтересирана за било какво “бугарско малцинство” или да очекува букварот да биде на бугарски, бидејќи тоа малцинства – иако зобрувало на словенски jазик - не било ниту бугарско ниту српско.” Самиот факт што официjална Грциjа не ги гледала, ниту de jure ниту de facto, Македонците како бугарско малцинство, туку повеќе како посебна словенска група (“малцинство кое зборувало на словенски jазик”), е од посебно значење.

Букварот, објавен на латиница, се базирал врз леринско-битолскиот диjалект. По Речникот на Џианели /Gianelli/ од XVI век и Четириjазичникот на Данилов напишан во XIX век, ова била уште една книга напишана на македонски стандарден, говорен jазик. Букварот бил испратен преку пошта во некои региони во западна Егејска Македонија (Костур, Лерин и Воден) и школските власти се подготвувале на македонските ученици, од прво до четврто одделение ва основните училишта, наставата да им јa држат на нивниот маjчин jазик. (Григориј Дафнис, “Грциjа помеѓу двете светски војни” /Grigorios Dafnis, “Greece between the two world wars”/, весникот “Елефтeриjа” /Elefteria/, 15 март 1953 година, Dиoнисиj Ромас /Dionisios Rоmаs/ во весникот Елефтериjа”, 9 и 12 октомври 1954 година и Димитриj Вазуглис во “Расни и религиазни малцинства во Грциjа и Бугариjа” /Dimitrios Vazuglis во Racial and religious minorities in Greece and Bulgaria/, 1954).

Грчката влада никогаш не направила искрен напор да го реши прашањетo на Македонците и нивните етнички права во Грциjа. Така, додека биле преземани мерки за отворање на македонски училишта, еден судир помеѓу грчката и бугарската војска се подготвувал во Петрич, кој потоа бил проследен со масакар на невиното македонско население во селото Трлис /Trlis/ во близина на Серес. Сето ова било насочено кон создавање став на несигурност кај Македонците, така што тие самите би се откажале од признавање на нивните малцински права и, евентуално, би побарале сигурност така што би се преселиле во Бугарија.

Грчката влада, исто така, вешто ги искористила jугословенско-бугарските несогласувања по прашањето за Македонците во Грциjа и, со организиран притисок врз македонското нacеление, како што бил случаjот во селото Трлис /Trlis/, се обидела ла го исфрли македонското етничко прашање од агендата преку повторно присилно населување на македонското население надвор ол Грциjа.

АБЕЦЕДАРОТ, кој всушност никогаш не стигнал до македонските деца, сам по себе е моќно сведоштво нe само за постоењето на големо мaкедонско етничко малцинство во Грциjа, туку, исто така, за фактот дека Грција била обврзана пред Лигата на народите да преземе одредени мерки со цел на ова посебно малцинство да му ги даде неговите права

(ХРИСТО АНДОНОВСКИ).

Дури и пред Грциjа да jа обезбеди својата контрола врз Македониjа, биле испратени функционери да управуваат со “новите земjи”. Првиот официjален грчки администратор пристигнал во Солун при крајот на октомври 1912 година, придружуван од дваjца судии, пет царински службеници, десет конзуларни референти, еден контингент известувачи и новинари и од 168 критски воjници. Мeѓy другото, првата деловна наредба била да “се хеленизираат новите земjи”.

“Откако Грците јa окупирале Егеjска Македониjа, ги затвориле училиштата и црквите на словенски jазик и ги истерале свештениците. Македонскиот jазик и македонските имиња биле забранети, а Македонците биле ословувани како Бугари, Срби или локално население. Со законот обjавен на 21 ноември 1926 година, имињата на сите места (топоними)

биле хеленизирани; тоа значи дека биле отфрлени имињата на градови, села, реки и планини, а на нивно место ставени грчки имиња. Во исто време, Македонците биле присилени да ги сменат своите имиња и презимиња; секое македонско презиме морало да завршува на “os”, “es” или на “poulos”.

Вестите за овие акти, како и новите, официjални грчки имиња биле обjавени во дневниот весник на грчката влада “Ефимерис тис Кивернисеос” бр. 322 и 324 од 21 и 23 ноември 1926 година. Законските услови да се користат овие грчки имиња се официjално обврзувачки до ден-денес. Сите докази на македонски jазик биле присилно отстранети од црквите, спомениците, археолошките наоѓалишта и гробиштата. Црквената или секуларната литература со закон била одземена и запалена. Употребата на македонскиот jазик, исто така, бил строго забранет и во личната комуникациjа помеѓу родители и деца, мeѓy селани, на венчавки, на работа и погребни обреди.” (Стр. 109, Џон Шеа, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нација” /John Shea, Macedonia and Greece, The Struggle to Define а New Balkan Nation/).

Чинот на забрана за употреба на македонскот jазик во Грциjа најдобро е илустриран со еден пример за тоа како тој бил применет во општината Ассариос /Assarios (Giuvezna)/.

Еве еден цитат од книгата на Каракасидоу “Полиња на пченица, планини на крв”.

“[Ние] го слушавме претседателот како јасно му зборуваше на советот дека во согласност со одлуката [#122770] на господинот министер, генералниот гувернер на Македониjа, сите општински и градски совети треба да го забранат”, преку [административни] одлуки, изговарањето на други идиоми или зборувањето на застарени jазици во рамките на подрачjата под нивна jурисдикција, заради повторно градење на еден универзален jазик и нашата национална слава.

[Претседателот] сугерираше дека изговорањето на поинакви идиоми, на странски [jазици] и на нашиот jазик на еден нечист и застарен начин во подрачjето на општината Асириос ќе бидат забранети. Одлука на општината Асириос бр. 134, 13 декември 1936 година.” (Стр. 162, Анастасиа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв”).

Дo 1928 година, 1.497 македонски топоними во Македониjа окупирана од Грците биле хеленизирани (Закон 4096), а сите кирилични написи наjдени во црквите, на надгробните споменици и икони биле уништени (или врз нив било напишано нешто друго), што го поттикнало англискиот новинар В. Хилд да каже: “Грците не само што ги прoгонуваат живите Словени (Македонци)..., туку тие дури ги прогонуваат и мртвите. Тие не ги оставаат на мира дури и во гробовите. Им ги бришат написите на словенски jазик на нивните надгробни споменици, ги вадат коските и ги спалуваат.” Во годините по Првата светска војна, македонскиот народ претрпел обемни мерки на систематска денационализациjа.

Овие “денационализаторски шеми биле толку опсежно и агресивно спроведувани, што долгорочно гледано тие јa ерозирале волjата на македонскиот народ да се спротивстави.

“Во Грциjа, во 1929 година, во текот на владеењето на Елептериос Венизелос, бил издаден еден законски акт “За заштита на jавниот ред”. Во согласност со овој акт, секое барање за малцински права се смета за велепредавство. Овој закон се уште е на сила.

На 18 декември 1936 година, диктаторската влада на Метаксас обjавила еден законски акт “За активноста против безбедноста на државата”, врз чиjа важност илjадници Македонци биле уапсени, затворени, протерани или прогонети (exoria) на суви грчки земjишта, сурови за живот, каде многумина исчезнале. Кој е нивниот злочин? Затоа што се Македонци по paѓaњe.

На 7 септември 1938 година, бил обjавен законскиот акт бр. 2366 со кој се забранува користењето на македонскиот jазик. Сите македонски реони биле преплавени со постери:

“Зборуваjте грчки”. Биле отворени вечерни училишта во кои возрасните Македонци учеле грчки jазик. Ниту едно единствено македонско училиште во тоа време не работело.” (Стр. 8, Што Европа има заборавено: Борбата на егеjските Македонци, Извештаj од Здружението на Македонците во Полска /What Europe has Forgotten: The Struggle of the Аеgеаn Macedonians, А Report bу the Association of the Macedonians in Poland/).

Многу Македонци биле парично казнети, претепани или фрлени во затвор бидејќи зборувале македонски. И возрасни и деца, подеднакво, биле дополнително понижувани, така што биле приморани да пиjат рицинус ако биле фатени да зборуваат македонски.

Во Вардарска Македониjа, jугословенската влада се справила со проблемот на денационализациjа и асимилациjа со донесување на закони, како што е “Резолуциjата за населување на новите jужни региони”, од 24 септември 1920 година, наменета ефективно да ги исклучи Македонците oд поседување било каков имот. Македонскиот jазик бил забранет, заедно со културните институции, преку еден еднообразен пропис познат како Едикт од 30 декември 1920 година, усмерен кон прогонување на сите политики и синдикални здружениjа и друштва.

Наjголемиот дел и наjплодното македонско земjиште им било дадено како награда на српските воени офицери кои го преживеале Солунскиот фронт од Првата светска војна.

Земjа, исто така, им била дадена на српските администратори на Македониjа, вклучуваjќи јa владината бирократиjа, судии и полициjата. Мерките за денационалнизациjа биле придружени со агресивни програми за повторно образование, продуцираjќи “мали Српчиња” од македонските деца. Штo се однесува до возрасните кои се противеле, им биле дадени две опции - “да живеат како Срби” или “да умрат како Македонци”!

Во Пиринска Македониjа, бугарската влада применила задолжителна промена на имињата, а преку репресивни политички и економски средства го засилила процесот на асимилација. На почетокот, земјишните реформи биле во корист на сиромашните, вклучувајќи ги и македонските селани. Но, подоцна, и тоа се променило, исто така, и Македонците биле изложени на слична судбина како Македонците во Егеjска и Вардарска Македониjа.

Македонците во Албаниjа претставувале мала закана по албанската власт и поминале релативно подобро од нивните роднини во Грциjа, Бугариjа и Србиjа. Селаните не биле ниту прогонувани ниту подложени на било какаи сеопфатни денационализаторски програми. Како резултат на тоа, македонската култура напредувала, оригиналните имиња останале и луѓето непречено зборувале на македонски.

Како што претходно е спомнато, многу од регионалните водачи на ВМРО, измамени од пропагандата на Балканската лига, доброволно им се придружиле на воjските на Лигата во 1912 година за да и помогнат да ги истераат Турците и да јa ослободат Македониjа. Кога тоа се завршило, и кога таканареченото “ослободување” се претворило во “окупирање”, тие се нашле како затвореници на воjниците на Лигата. Оние кои биле доволно среќни да се спасат, побегнале во пиринскиот регион и и се придружиле на четата на Јанe Сандански, која се уште била активна во тоа време. Но, по убиството на Сандански во 1915 година, многу од неговите следбеници преминале во илегала, а потоа повторно се поjавиле во Серес за да го формираат Серскиот револуционерен совет. Левото крило на ВМРО повторно се поjавило пред Париската мировна конференциjа во 1919 година, со големи надежи за решавање на македонското прашање, лобираjќи кај мировните делегати. Откако сфатиле дека нивните напори биле залудни, се откажале и се споиле со Привремената мисиjа на западна Македониjа да јa формираат ВМРО (обединета). Македониjа е жива, “обединета”, во душата, ако не во телото. За жал, поради поделбата на Македониjа и поради подигнатите непробоjни бариери (затворени граници), градењето на еден обединет национален фронт било тешко, ако не и невозможно. Иако имало голема желба да се оствари една “обединета автономна Македониjа”, ниедна форма за мобилизациjа не била практична. Тогаш, како ВМРО ќе ги постигне своите цели? Дел од водачите верувале дека со интернационализациjа на македонското прашање и со заедничко деjствување со поддржувачките политички елементи од сите балкански држави, денационализаторскиот процес би можел да се забави, дури и да ги смени правецот и климата за да може да се направи повторното обединување.

ВМРО верувала дека со примена на една нова, револуционерна и ненационалистичка тактика, бариерите подигнати во Македониjа би можеле да се пробиjат.

Придружуваjќи и се на “меѓународната класна борба против еден заеднички угнетувач”, ВМРО верувала дека може да се постигне самоопределување. Единствените политички елементи што ги симпатизирале целите на ВМРО, во тоа време, биле комунистичките партии на односните балкански држави. ВМРО го повикала македонскиот народ да и се придружи на класната борба и да ги поддржи оние кои имаат сочувство кон Македонската кауза. Многу Македонци навистина се издигнале над задачата, но нашле премалку заедничко со експлоатираната работничка класа во нивните нови држави. Македонците чувствувале дека се експлоатирани, прво, поради тоа што биле Македонци и, второ, поради тоа штo биле работничка класа. За да ги придобие, Комунистичката интернационала (Коминтерна)

била принудена да земе предвид концесии, како, на пример, да и понудат на Македониjа автономиjа и право на самоопределување, или барем да jа признаат македонската нациjа со сите права и привилегии. Коминтерната гледала на Македонците како потенциjално силен соjузник што може да биде убеден да се придружи на неjзината кауза. За жал, имало проблеми, многу проблеми. Прво, имало несогласувања помеѓу комунистичките партии на балканските држави во однос на степенот на концесиите што би биле дадени. Имало стравувања од губење на макодонската териториjа ако се разгледува автономиjа.

Москва, водечката фигура на Коминтерната, претпочитала балканска федерациjа со цела Македонија како една од неjзините републики. За жал, Бугариjа, се уште сонувајќи го Санстефанскиот сон, јa поништила спогодбата.

Немаjќи начин да се провалат “вештачките непробоjни бариери” наметнати на Македониjа од балканските држави, ВМРО никогаш повторно не била способна да се издигне до славните денови на Илинденското востание. Како последица, неjзината улога постепено се намалувала и таа изумрела по германската окупациjа на Балканот, во 1941 година.

По Големата војна имало мир во Европа. За жал, Македонците продолжиле да трпат денационализациjа, присилна асимилациjа, присилно емигрирање и економско занемарување во рацете на новите господари. Како што ќе покаже времето, Европа нема да има траен мир. Искрснувала нова закана со поголема жестокост која ќе го проголта целиот свет. Уште еднаш нечиjа туѓа војна ќe биде водена на македонска почва и уште еднаш таа ќе се покаже дури и поопустошувачка од било која претходна војна, речиси фатална по македонската нациjа.

ГЛАВА 27 - МАКЕДОНИЈА ОД 1939 ДО 1949 ГОДИНА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА И ГРЧКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА По завршувањето на Големата војна и на Советската болшевичка револуциjа, големите сили биле во рушевини и започнале долг процес на повторна изградба. Желбите на Русиjа за империjалистички потфати и неjзината опсесиjа за уништување на Отоманското Царство предизвикале големо економско страдање на неjзиниот народ. Додека Македонците на Балканот страдале од денационализациjа и угнетување, светот околу нив се менувал.

Издигнувањето на Ленин на власт ставило крај на руските империjалистички амбиции на Балканот, особено царските желби за анексирање на Цариград и Едрене. Германиjа, од друга страна, огорчена поради неjзиниот претходен пораз, почнала повторно да јa гради својата економиjа.

Вознемирени од своите претходни битки со Германиjа, и Франциjа и Британиjа почнале повторно да си ги градат своите економии и воени сили. Германиjа, како поразена страна и како поттикнувач на Големата војна, била присилена да им плаќа надоместок за штетите на победничките држави.

Наспроти сите напори вложени за закрепнување од Големата воjна, економската ситуациjа во Европа се влошувала и го достигнала својот максимум во октомври 1929 година кога берзата во Соединетите Држави крахирала.

Економскиот колапс во 30-тите години на ХХ век и “Големата депресиjа” го поларизирала светот на “леви и десни” економски табори. Во левиот спаѓале следбениците на работничката класа и на комунизмот, додека во десниот биле поддржувачите на индустриjата и капитализмот.

Натегањето дали ќе има војна меѓу левицата и десницата го достигнало својот максимум кога во Шпаниjа, во jули 1936 година, избувнала Граѓанската војна. Германиjа јa поддржувала десницата и испратила свои трупи да се борат на cтpаната на шпанската влада. На Германиjа, во тоа време, и било дозволено да има само мала армиjа, па за да јa компензира својата ограничена бројчана способност таа ги фокусирала своите напори кон создавање супер-сила.

Германската мала, но способна армиjа, обучувана во борбени услови и испробана на терен, се очеличила во шпанскиот конфликт. Ова ги oбјаснува неjзините броjни победи во текот на Втората светска воjна. Руското и германското влиjание не ги одминало балканските држави и тие, исто така, го почувствувале натегањето од двата табора.

За да јa одржи контролата на cвоето кралство, кралот Џорџ II /George II/ ја направил Грција своја диктаторска држава.

Во 1936 година, по смртта на грчкиот премиер, генералот Метаксас, министер за војна, бил одреден да биде одговорен за грчките работи.