History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 05
Договарачите биле обично истите селани (чифликари), или поранешните сопственици на земјиштето кои, откако ги продале своите земјишта, повеќе немале никаков удел во нивната сопственост. Договарачите можеле слободно да бидат изнаjмувани и отпуштани, што ги принудувало да работат дури уште помакотрпно. Под посурови услови, кога не можеле да ги исполнат своите тековни обврски кон спахиите и кон државата, тие сега морале на чифликсаjбиjата да му плаќаат и дополнителна закупнина.
Дo средината на XVII век животот на чифлиците станал толку суров, што селаните ги напуштале селата за да одат во поголемите градови, зголемуваjќи го на тој начин приливот на муслиманите и Евреите. Многумина, кои веќе не можеле да го поднесат товарот, а немале каде да одат, прибегнале кон пљачкање и крадење. Група селани ги напуштале своите огништа и бегале, или да им се придружат на аjдутските дружини или да живеат во поголемите градови каде некои од нив успеале да станат влиjателни фактори во урбаното стопанство.
Во текот на XVII век, во Македониjа дошле западни Европеjци и си набавиле одредени привилегии од Отоманците кои им овозможиле да отворат конзуларни агенции. Во 1685 година франачките трговци од Марсеј отвориле агенциjа во Солун, а во почетокот на XVIII век тие отвориле уште една во Кавала, преку кои купувале памук и пченица. Подоцна, Британијa, Венеција и Холандиjа, исто така, основале конзуларни претставништва во Македониjа.
Во тоа време, Солун бил врата кон Отоманското Царство и наjголемо пристаниште за европските стоки наменети за Балканот, како крајна дестинациjа.
Со развоjот на атлантските трговски патишта, Дубровник и италиjанските градови почнале да ослабуваат, особено во текот на XVII век, кога западните трговци почнале да бидат заменувани со локални, особено во централна Европа.
Католичкото влиjание и пропаганда, иако донекаде дезорганизирани, биле присутни во Македониjа уште во XVI век. Во 1622 година кога папскиот трон дошол под власта на jезуитите, била формирана нова организација наречена Конгрегациjа за ширење на религиjата, со цел да ги контролира сите католички мисионерски активности низ целиот свет. Не требало да помине долго време потоа за да се инфилтрира католичката мисиjа вo Македониjа, вклучуваjќи јa и Охридската архиепископиjа. Дo првата половина на XVII век, четворица охридски архиепископи (Порфириj, Атанасиj, Авраам и Мелетиj /Роrрhуrу, Athanasius, Abraham, Meletius/)
тајно работеле за католиците. Биле воспоставени врски од страна на епархиите, онаму каде што црквените конгрегации биле дискретно посетувани за преобратување во католицизмот. Мисионерите од Рим биле претпазливи, тактични и не го наметнувале латинскиот jазик врз населението. На тој начин, покажуваjќи респект кон догмата на источната црква, католичката пропаганда во Охрид станала многу ефикасна во стекнување цврсто тло и добивање полдршка. Всушност, таа станала толку ефикасна, така што вo 1630 година, унијатите се обиделе да јa преземат архиепископската црква Вознесување на Дева Мариjа, но архиепископот, со дарежливо подмитување на отоманските власти, бил во можност да го сопре преземањето. Но, за жал, тоа не ги спречило католиците да се обидуваат повторно и до средината на XVII век формирале католичка архипеископиjа во Охрид. Но, штом била формирана, условите станале неповолни за нив и таа морала да биде распуштена и да биде потчинета на Скопската епархиjа.
Во 1661 година архиепископот Атанасиус отишол во Рим со предлог Рим и Охридската архиепископиjа да се унифицираат, да се обединат. Бил постигнат договор и еден мисионер по име Онуфриj Константин /Onuphrius Constantine/ бил избран за епископ за да служи во колецот на Рим, во кој се зборувало на коине jазикот. Но, обединувањето не било успешно и католичката пропаганда во Македониjа почнала да губи од својата ефикасност. Нова надеж почнала да се поjавува и зголемува меѓу балканските народи дека еден ден Русиjа, која е православна земjа, ќе ги ослободи од ропството.
Македонскиот народ никогаш не бил задоволен од тоа што бил окупиран и во секоја прилика го покажувал своето незадоволство. Првиот голем инцидент се случил во средината на ХV век во дебарскиот регион, каде Македонци, Албанци и Власи живееле заедно. Предводени од Ѓорѓи Кастриот /George Castriot/, народот се дигнал против тираниjата на Турците.
Ѓорѓи Кастриот, кој го земал името Скендербег бег според Искандер, повеќе познат како Александар Велики, потекнувал од едно славно феудално семејство, кое во тоа време владеело со дел од денешна централна Албаниjа и поголем дел од дебарскиот регион во денешна Република Македониjа. Во текот на отоманските освојувања во регионот, Јован Кастриот /John Castriot/, таткото на Ѓорѓи успеал да јa задржи својата титула и имотите со тоа што јa признал врховната власт на султанот и исполнил одредени обврски како негов вазал. Како доказ за својата лоjалност, Јован Кастриот му ги предал своите синови на султанот да бидат држени како заложници. Еден од синовите бил Ѓорѓи, кој бргу бил фасциниран од енергиjата и силата на отоманската оружена сила и едваj чекал да им се придружи.
Откако го прифатил исламот, првиот чин на Ѓорѓи бил да го смени името во Скендербег. Тoј бргу изградил репутациjа како способен командант и јa стекнал довербата на отоманските врховни власти. Кога неговиот татко умрел во 1437 година, Скендербег го зазел неговото место како гувернер на истата област. Иако Скендербег бил соjузник на султанот, неговата вистинска лоjалност била кон неговиот народ.
Кога избувнала војна во регионот во 1442 година и кога воjските нa Јан Хунjад /Janos Hunjadi/ навлегле во внатрешноста на Отоманското Царство, Скендербег заклучил дека е вистинско време да јa откаже својата верност кон султанот и дигнал востание. Кога избувнала голема битка во 1443 година, во близина на Ниш, и кога отоманскиот фронт бил разбиен, наместо да нападнат, Скендербег, неговиот внук Хамза, и триста коњаници, дезертирале и побегнале со испаничените отомански воjници.
Попат, Секндербег поминал низ дебарскиот регион каде што добил голема поддршка и бил пречекан како херој. Во Дебар нему му се придружиле локалните водачи и голем броj побунети селани. Со својата коњица и со новите регрути, тој го започнал востанието така што го нападнал Кроја /Croia/, важен отомански воен и административен центар. Откако со леснотија го опљачкал Крује, се вратил во Дебар за да организира општо востание. Бидеjќи Крујe сега бил негов, Скендербег, на 27 ноември 1443 година, го прогласил своето кнежеството за независно. Користеjќи го Дебар како своја база, востаниците на Скендербег започнале воен поход против броjните упоришта и тврдини, вклучуваjќи го и стратешкото важно кале Светиград. Опсадата на Светиград јa предводел Мозес Велики, еден од лоjалните следбеници на Скендербег и неговите триста силни востаници од дебарскиот регион. По една жестока битка, тврдината паднала и целиот дебарски регион бил целосно ослободен.
Тогаш востаниците ги прекинале своите проширувања на исток и, како резултат на тоа, источната граница на поширокиот дебарски регион станала гранична линиjа помеѓу Отоманците и востаниците која, во наредните три децении, или приближно толку, ќе стане подрачjе на постоjани конфликти.
Наредната голема битка се биела на 29 април 1444 година во Долни Дебар. Една востаничка ударна сила од дебарскиот регион, предводена од Мозес Велики /Moses the Great/, јa десеткувала отоманската војска, убиваjќи седум илjади воjници, а заробуваjќи пет илjади. Две години подоцна, на 27 септември 1446 година се случила друга битка во близина на Дебар, во која Отоманците повторно претрпеле големи загуби.
Скендербег станал легенда и сериозна закана по отоманската стабилност, па затоа во летото 1448 година, Мурат II, заедно со својот наследник принцот Мехмед, подготвил една ударна војска и тргнал по него. При првиот судир, востаниците кај тврдината Светиград, каде имало еден гарнизон локални востаници предводени од Петар Перлат, му пружиле голем отпор. За жал, по долга опсада, тврдината паднала. Но, не било се изгубено, бидеjќи поради поитни проблеми на друго место, султанот решил да се откаже од ова гонење и заминал, оставаjќи поголем дел од дебарскиот регион се уште во рацете на востаниците.
Наредниот судир се случил во 1452 година кога султанот Мехмед Освоjувачот собрал голема војска во Охрид. Кога дознал за тоа, Скендербег веднаш ги сконцентрирал своите сили во воениот логор во Ороник, сегашниот град Дебар, и заедно со Мозес Велики и својот внук Хамза презел напад.
Противничките воjски се пресретнале во близина на тврдината Модрич и силите на Скендербег ги пробиле борбените редови на Турците во една единствена битка, извоjуваjќи решавачка победа и присилуваjќи ја турската војска да се повлече.
Незадоволен од овој исход, следната пролет Мехмед го испратил својот генерал Ибрахим Паша и презел друг воен поход против востаниците. Воjските се пресретнале кај Полог на 22 април 1453 година. Предводени од Скендербег и Мозес, востаниците жестоко се бореле и извоjувале уште една победа врз Турците.
Не можеjќи да успее против востаниците во битка, султанот прибегнал кон подмитување. Му платил нa Мозес да ја сврти главата на друга стpана додека големата отоманска оружена сила ја преминувала дебарската граница и им се приближила на оружените сили Скендербег во ненадеен напад. Во текот на оваа катастрофална битка, која се одиграла во 1455 година во близина на Берат, шест илјади лица, речиси половината од востаничките сили, биле изгубени. За да се спаси самиот, Мозес побегнал од регинот и и се придружил на отоманската војска. Наспроти тешките загуби, луѓето од Дебар не се предале и продолжиле да го поддржуваат Скендербег. За многу краток период бил способен да ги надомести своите загуби, повторно да изгради своја војска и да го обнови конфликтот.
Наредниот отомански напад се случил следната година.
Овоjпат Скендербег не само што бил подготвен, туку бил и свесен дека нападот бил предводен од предавникот Мозес Велики и затоа лично јa предводел својата војска за да се сретне со него. На 19 мај 1456 година, во близина на Ороник, востаниците јa нападнале и поразиле отоманската петнаесетилjадна војска, донесуваjќи му на Скендербег уште една победа. Задоволен од резултатот, Скендербег му простил на Мозес за неговото предавство и му посакал добредоjде назад во востаничкиот логор. По враќањето дома, Скендербег повторно го поставил Мозес на неговата поранешна функциjа, повторно доверувајќи му јa одбраната на дебарскиот регион.
Кога се чинело дека проблемите на Скендербег биле завршени, востанието го снашла нова сериjа неволjи.
Султанот се договорил со голем броj моќни феудални господари и тие, за возврат, почнале поединечно да ги напаѓаат востаниците, доведуваjќи до губење големи територии. Една таква териториjа била тврдината Модрич која, како и тврдината Светиград, била од стратешко значење.
Со добивањето на Модрич, Отоманците добиле и безбеден пат до востаничките логори. Не губеjќи време, бипа испратена една отоманска војска и таа стигнала до градот Леш, во летото 1457 година. Чувствуваjќи дека се ранливи, наместо да чекаат да бидат нападнати, востаниците презеле офанзива, јa пресретнале турската војска која марширала и се развила жестока битка. Изненадена од нападот, отоманската војска била разбиена, а Скендербег однел уште една решителна победа. Поради успехот на оваа битка, востаниците дипломатски успеале да ги повратат сите претходно изгубени територии.
Пролонгираната борба со востаниците го убедила султанот дека Скендербег може да биде потчинет, а востаничката териториjа ослободена само со воен поход од големи размери. Предводен од прекалениот, искусен командант Балабан-паша од Мат, против востаниците бил организиран и разгорен еден масовен воен поход во 1465 година.
Отпочнала жестока битка во близина на Дебар, но турските оружени сили биле премногу силни за да бидат разбиени.
Освен што изгубил многу од своите сили, Скендербег изгубил и многумина свои искусни команданти, вклучувајќи го Мозес Велики, кој бил заробен и испратен во Цариград каде бил сурово убиен. И двете страни претрпеле тешки загуби, но Балабан успеал да го загуши востанието, но само во дебарскиот регион. Тогаш востанието се преместило во внатрешноста на Албаниjа и продолжило да се развива една децениjа по смртта на Скендербег.
Скендербег умрел од болест, на 17 jануари 1468 година.
Десет години по паѓањето на Круја, последниот бастион на востаничките сили, востанието било завршено на 16 jануари 1478 година. Но, ова не било ниту последно востание. Со текот на времето и со крахот на отоманското владеење, ќе се случуваат се повеќе востаниjа во периодот што следи.
Како што претходно е спомнато, со крахот на тимарско-спахискиот систем и со опаѓањето на отоманската држава, експлоатациjата врз населението во Македониjа се зголемувала. Насилството, особено од страна на отоманската влада, стигнало до наjвисок степен. Животот за просечниот Македонец бил неподнослив и незадоволството почнало да се манифестира во различи форми. Селаните кои повеќе не можеле да си ги плаќаат даноците, бегале во планините и се населувале на помалку поволни места каде даночните службеници не можеле лесно да ги пронаjдат. Немаjќи мирољубиви средства и начини да си јa олеснат болката и маката и да се ослободат од експлоатациjата од отоманското ропство, македонскиот народ немал избор, освен да прибегне кон насилство.
Наредното локално востание се случило во 1564/65 година во регионот на Мариово и се раширило до рамнините на Прилеп, а оттаму до градот Прилеп. Наречено како Мариовско и Прилепско востание, не е познато зошто започнал овој револт, но се знае дека го започнале троjца селани и двајца свештеници од Мариовско. Набрзо по започнувањето на неволjата, султанот, преку декрет од 3 октомври 1564 година, наредил водачите на револтот да бидат убиени, а сите следбеници да служат како веслачи на турски галии. Но, пред декретот да стапи на сила, извршителите побегнале, доведуваjќи до тоа султанот да издаде друг декрет за нивно фаќање.
Прилеп наскоро станал легло на демонстрации кога отоманскиот суд, во еден спор со селаните, пресудил во корист на пашата. Според локументот датиран од декември 1565 година, избувнала една побуна внатре во градот Прилеп кога прилепскиот суд, решаваjќи по еден спор помеѓу селаните и Мустафа-паша, пресудил во корист на пашата.
Кога се расчула веста, повеќе илjадници побуненици од околните села, вооружени со стапови и камења, се собрале и влетале во судот. Не се знае како завршил револтот.
Бидеjќи на христиjаните со закон им било забрането да носат оружjе, тие немале ефикасна одбрана од злоупотребата и лошото однесување, особено од корумпираниот правен систем. За нив, единствениот расположив начин бил да станат одметници, односно да бидат надвор од законот. Иако тоа не било популарно, одметништвото било една од наjстарите форми на вооружена борба манифестирана од македонскиот народ, кое достигнало епидемски размери во текот на XVII век. Одметниците, или аjдуците, живееле таен живот, познат само на други одметници или доверливи пријатели. Кога требало да се бранат нивните домови и имоти, тие се здружувале во дружини од дваесет до триесет души. Повремено, за одбранбени цели, малуброjни помали групи се здружувале заедно и формирале поголема група која обично броела не повеќе од триста. Водачите на групите, или воjводите, биле избирани од нивните групи и обично биле бирани поради своите воени вештини и лидерски способности. Рангот на одметниците, главно, бил од феудалните врзани селани, нo не било невообичаено меѓу нив да се најдат свештеници и монаси. Познато е дека и жените им се придружувале на одметничките банди.
Најстариот историски запис за жена-одметник датира од 1636 година. Нејзиното име било Кира и била од селото Цапари. Таа била член на групата на Петар Дундар од селото Беранци, во близина на Битола. Имало и историски записи за случаи кога жени ги предводеле одметничките дружини.
Главната преокупациjа на одметниците била да ги бранат угнетените, а во време на неволjа и да им помагаат. Познато е дека за да се осветат, одметниците ги напаѓале феудалните имоти, па дури ги палеле и жетвите, односно бербите на спахиите. Тие, исто така, поставувале заседи и ги ограбувале караваните на трговците и даночните службеници. Познато е дека дружините напаѓале и некои поголеми градови. Во неколку наврати, одметниците се здружувале и заедно ги зазеле Битола, Лерин, Охрид и Ресен. Двапати тие го опљачкале безистенот во Битола, еднаш во 1646 и повторно во 1661 година.
За да ги зауздаат активностите на одметниците, отоманските власти често преземале екстремни мерки, организираjќи потери да ги пронаjдат, палеjќи села за кои се знаело дека ги поддржуваат одметниците, понекогаш затворајќи ги и погубуваjќи ги роднините на одметниците.
Кога со сите вакви мерки не успеале да ги спречат одметниците, Отоманците јa вовеле службата на дербендкиите /derbendkis/ за да обезбедат сигурен премин преку селските земjишта на важни функционери, како трговци, даночни службеници и патници.
Одметниците кои биле заробувани биле мачени, испраќани во доживотен затвор или погубувани. “Среќните,” веднаш биле погубувани. Потоа, нивните тела биле набивани на кол или на железни куки за да може сите да ги видат. Оние “помалку среќните”, биле живи дерени, главите им ги расцепувале и биле оставани да умираат бавно и болно. Оние кои биле испраќани в затвор, обично биле врзувани со синџири за галиите и остатокот од животот го поминувале како веслачи.
Наспроти екстремните мерки кои се применувале против нив, одметниците никогаш не биле уништени и секогаш биле дел од било која борба. Одметниците биле jадрото на оружените сили, а искусните водачи биле команданти на побуни и востаниjа. Тие биле првите кои го подигале духот на отпорот, но и први кои застанувале во одбрана на народот.
Затоа одметниците биле толку длабоко почитувани и многу опеани во македонскиот фолклор.
Неволна да отстапи, отоманската јaмкa продолжувала да се затегнува околу селаните, и христијани и муслимани. Но, нивниот час да возвратат дошол кога Отоманците биле вплеткани со Австриjците, во една војна во текот на австриската инвазиjа на Македониjа.
Она што станало познато како Карпошово востание, наречено така според името на водачот Карпош, било побуна на македонскиот народ против економските, социjалните и политичките неправди нанесувани од отоманските врховни господари.
Како што претходно е спомнато, во 1683 година, Отоманците по вторпат се обиделе да јa заземат Виена, но не успеале ниту по двомесечна опсада. Градот бил спасен со помош на полската војска, предводена од кралот Jован Собески /John Sobiesky/. Отoмaнcката војска претрпела катастрофален пораз кој резултирал со огромни загуби на територија, со материјални штети и со човечки животи. За да се спречи натамошното проширување и за да се држат Отоманците под контрола, била формирана Светата легиjа на Австриjа, Полска, Венециjа, а подоцна и на Русиjа.
Штом земале замав, Австриjците продолжиле да ги притискаат Отоманците кон jуг, стигнуваjќи до границите на Македониjа. Предводени од генералот Пиколомини, Австриjците влегле во Скопската Котлина на 25 октомври 1689 година и биле пречекани од восхитените маси кои го прославувале нивното победничко пристигнување.
Австриjците продолжиле да напредуваат кон jуг и дошле до градот Cкопjе, но само за да го наjдат празно. Скопjе било евакуирано и оставено со големи количества храна и секакви видови трговска стока. Претчувствуваjќи дека тоа можеби е стапица, Пиколомини ги повлекол своите оружени сили и го запалил градот. Огновите беснееле цели два дена и поголем дел од градот Скопjе бил изгорен.
Австриjците продолжиле да се движат во внатрешноста на Македониjа и поставиле логор во селото Оризари, во близина на Куманово. Еден одред бил испратен во Штип, кој таму пристигнал в зори на 10 ноември 1689 година, но наишол на отпор од Отоманците. Избувнала жестока битка и Австриjците успеале да ги протераат Отоманците, оставаjќи зад себе околу две илjади мртви. Откако го запалиле градот, Австриjците се упатиле кон логорот, но притоа налетале на еден отомански одред од триста воjници. Уследила уште една битка, но Отоманците си го добиле своето.
Во текот на средината на ноември, Австриjците организирале еден одред од албански католици-доброволци и го испратиле во Тетово, каде што успеале да убиjат повеќе од шестстотини отомански трупи во еден гарнизон. На 20-ти декември 1689 година, еден австриски одред со Срби, предводен од капетанот Саноски, бил испратен од Приштина во Велес и успеал да го заземе и запали градот. За жал, при нивното повлекување, одредот бил фатен во заседа што јa поставиле jаничарите, а Саноски бил смртно ранет.
Уништувањата и анархиjата предизвикани од Австро-тyрската војна донеле неочекувано влошување на економската и политичката ситуациjа во регионот.
Потребата од натамошни воени операции јa присилило отоманската држава да го зголеми купувањето житарици, сточна храна, добиток, дрвена граѓа и други земjоделски производи, многу под нормалните цени. Освен тоа, за да плати за воените походи, биле воведени повеќе нови даноци.
Во текот на овој тежок период, рајaтa, исто така, страдала од насилството на дезертерите од отоманската војска и од дезертерите од централната влада.
Меѓу оние кои дезертирале од своите оружени сили бил и озлогласениот генерал Леген-паша, поранешен беjлербег на Румелиjа. Со десет илjади дезертери меѓу своите редови, тој пустошел на Балканскиот Полуостров cе додека не бил убиен во 1689 година.
Воената катастрофа и хаотичната ситуациjа внатре во Oтoмaнcкото Царство, повторно создале погодни услови за ширење на аjдутството во сите делови на Македониjа, осoбено во Mариово, Битола, Тиквеш, Велес, Штип и регионот на Планината Дешат /Dospat/, што довело и до познатото Карпошово востание.
Некаде во средината на октомври, 1689 година, познатиот аjдучки арамбаша Карпош повел востание кое избувнало во регионот помеѓу Ќустендил и Скопjе. Веднаш по обjавувањето на побуната, Карпош јa нападнал и јa зазел Крива Паланка, отоманско упориште, изградено во 1636 година за сместување на отоманските воjници. По заземањето на упориштето, Карпош јa прогласил Крива Паланка за слободна востаничка териториjа и јa прогласил за свој центар на отпорот. Меѓу она што било заземено во упориштето, имало шест топови кои биле вистинска награда за востаниците. Откако јa обезбедиле Крива Паланка, востаниците изградиле и обезбедиле ново упориште во близина на Куманово.
Не се знае дали востаниците биле или не биле потпомагани од Австриjците, но и тоа е можно. Според современите отомански летописи и локалните легенди, Карпош бил познат како “Крал на Куманово”. Ова можело да биде титула доделена нему од страна на австрискиот император Леополд I, кој му испратил една голема воjничка крзнена капа, каква што носеле коњаници и гардисти, како подарок и знак за почит.
За несреќа на востаниците, тековната ситуациjа не траела долго и еден пресврт во воените и политичките настани одиграл решителна улога за судбината на востанието.
Дотогаш Отоманците веќе имале доволно време да преземат противмерки за да го сопрат економскиот и воениот пад на нивната држава.
Првиот чекор преземен во Македониjа бил да се скрши востанието и да се протера австриската војска надвор од македонска териториjа. За да го сторат тоа, Отоманците ги искористиле услугите на кримскиот кан Селим Гиреj /Selim Giray/, заедно со еден агресивен одред татарски воини.
Воениот совет, што се состанал во Софиjа нa 14 ноември 1689 година, донел одлука да се нападне Карпошовото востание преку Ќустендил. Но, пред да можат да го сторат тоа, морале да јa обезбедат Крива Паланка. Кога дознале дека ќе бидат нападнати, востаниците jа запалиле Крива Паланка и ги сконцентрирале своите сили во новата тврдина во Куманово. Веднаш штом јa подготвиле својата одбрана, пристигнале отоманските и татарските одреди. Востаниците ги држеле заземените позиции и храбро се бореле, но бргу биле совладани од броjните и надмоќни отомански сили.
Голем броj востаници, вклучуваjќи го и Карпош биле заробени на почетокот. Кога битката била завршена, сите востаници кои пружале отпор биле убиени. Карпош и другите биле заробени. Откако го совладале Куманово, Отоманците тргнале кон Скопjе каде ги погубиле Карпош и другите востаници.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/42 on October 29, 2026