Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

Front Matter - Part 04

By Ристо Стефов · Part 4 of 64 · About 19 minutes

Read in English

Како жалосен идеолошки додаток, Курганската теорија го изродила хибридниот мит за супериорноста на Аријците која се уште е сосема нашироко величена и практикувана, со несреќни последици во првата половина на XX век.

Од се поголемиот број внимателни испитувања и новите развои на настаните во изминативе 30 години, Курганската теорија, со секоја измината година, е подложена на уште побројни и побројни удари. Како резултат, таа изгуби многу од својата поранешна веродостојност, т.е. кредибилитет.

Главните напади врз оваа заплеткана конфузија доаѓаат од три извори. Главниот меѓу нив е научниот напредок постигнат во мерењето за утврдување на староста на јаглеродот C 14. Не многу зад него се најновите откритија во областа на генетиката. Но, најголемо значење имаат над 10.000 глинени плочи со натписи, откриени на Блискиот Исток во текот на последниве 30 години.

Поттикнат од овие нови информации, тврдењата на археологот Колин Ринфру (Colin Renfrew) веќе во 80-тите години од минатитот век фрлија сериозен сомнеж врз Курганската теорија. Суштината на изнесените тврдења од страна на Колин Ринфру е дека археологијата, едноставно, не ги поддржува заклучоците за судирите и загушувањето на прединдоевропејците во четвртиот милениум пред Христа, претходно и дотогаш постулирани со Курганската теорија.

Со проширување, според тоа, хипотезата за заеднички индоевропски протојазик, кој се уште постоел во четвртиот милениум пред Христа, исто така, била ставена под сомневање.

Според Ринфру, Индоевропејците биле само првите земјоделци во Европа. Она на што ние сме сведоци, вели тој, е подоцнежната револуција од каменото доба, во текот на која полјоделството и одгледувањето стока успеале да ја заменат економијата базирана врз лов и живеење во заедница. А врз основа на доказите од новооткриените глинени плочи, таа револуција се проширила од Анадолија до западна Европа. И уште повеќе, она што е најзначајно за потрагата по индоевропското потекло, тој тврди дека таквата експанзија се случила 3.000 години порано од она што го тврди Курганската теорија.

Значи, она со што ние се соочуваме се две фундаментални отстапувања од Курганската теорија. Прво, дека индоевропската експанзија во западна Европа била мирољубива и не била придружена со геноцидни упади; и второ, дека таа се случила 3.000 години порано.

Денес, Марио Алинеи (Mario Alinei) е оној кој најмногу се заложува за усвојување на аргументираната сила на ваквите расудувања, а која привлекува внимание. Пензионираниот декан на Универзитетот од Утрехт /Utrecht/, денес е директор на неколку лингвистички списанија и претседател на Советодавниот совет на УНЕСКО по прашања сврзани за оваа материја. Како автор на испитувањето на историските аспекти на индоевропските почетоци, од 1.800 страници, тој заклучува дека Индоевропејците живееле во Европа, главно, на истите територии на кои живеат и денес уште од каменото доба. Она што е најважно кај оваа теорија е тоа што Алинеи посебно се занимава со Словените (а особено ги нагласува Словенците) и заклучува дека тие, уште од античко доба, живееле на просторот на југоисточна Европа и, натаму, дека тие оттаму се прошириле во правец на север и на североисток.

Аргументирајќи дека индоевропското проширување се случило неколку милениуми порано отколку што тврди Ринфру, Алинеи обезбедува докази за еден континуитет на населување уште оттогаш. Затоа, неговата теорија станала позната како Теорија на континуитет.

Како доказ за погоренаведеното, Алинеи не потсетува дека во Анадолија, пред 4.000 години, имало три различни индоевропски јазици на кои зборувале три различнчи народи т.е. Хитите, Лувијците и Палаиксите (Hitites, Luwians, Palaiks). А бидејќи веќе знаеме дека оние кои говореле на овие јазици веќе дошле во Анадолија пред 5.000 години, тешко е да се замисли дека во текот на четвртиот милениум пред Христа се уште постоел еден заеднички индоевропски јазик. За ваквата хипотеза би било неопходно индоевропскиот јазик да дифузирал толку брзо на три различни јазици, на толкав ограничен простор, во текот на само неколку века. Тоа би било спротивно од секоја утврдена лингвистичка опсервација.

Теоријата на континуитет ги разнишала темелите на Курганската теорија и ја разоткрила песокливата конструкција врз која се потпира таа. Заглибен во неа, во неразмрсливиот жив песок, е Аријанскиот мит за прадедовски супервоин-јавач, чија креативна животна сила избива со божествена енергија врз примитивните прединдоевропејци и им ги пресадува своите гени, јазикот и културата на сите оние кои му се покориле, а ги истребува оние кои не му се покориле.

Теоријата на континуитет е во целосна согласност со последниот напредок во областа на генетиката. Според Џозеф Скуљ / Joseph Skulj од Торонто, генетиката упатува на Балканот како место-засолниште во текот на леденото доба и како место кое оттогаш има релативно ненарушена историја на населување на автохтоно население.

Теоријата на континуитет, исто така, е предизвик, особено за Словенците, наследници на лингвистичкиот телескоп во замагленото минато. Таа е благовремен поттик за тие да ги отфрлат постулатите на застарената Курганска теорија и да и се придружат на потрагата по нови перспективи.

За таа цел, извршено е истражување на натписите на старофригиски и ранотракиски јазик (Old Phrygian, Early Thracian) од Анадолија и Тракија. Со поставување на зборовите на старофригиски и на словенечки, едни покрај други, во мојата книга “Гордиевиот јазол размрсен”, демонстрирано е колку малку тие се разликуваат во текот на речиси 3.000 години. Во половината интервал што Курганската теорија го доделува за дифузија на основниот индоевропски јазик во посебни јазици, старословенскиот (т.е. старофригискиот) речиси воопшто и да не се променил.

Особено во дијалектичките форми, тој се уште одекнува во текот на 26 века, со мали измени во изговорот, морфологијата или значењето, синтаксата или структурата на речениците во однос на современиот словенечки јазик. Тој се уште одекнува во дикцијата на малите затскриени места во словенечките Алпи, 2.700 години откако царството на легендарните кралеви Мида и Гордиј /Midas и Gordius/ се распаднало под силните напади на Кимеријците.

Бескомпромисната цврстина и жилавост на словенечкиот јазик, кој тврдоглаво се држи за својот лингвистички главен клин, носен низ вековите со бурите од север и од југ, само по себе е позитивен доказ дека индоевропските корени се покриени во пазувите на многу подалечно минато од шесте илјади години кои Курганската теорија им ги доделува.

Во тој контекст, за да се фиксира дефинитивен фокус врз словенската перспектива на ова прашање, ќе бидат цитирани неколку посилни извадоци од Теоријата на континуитет на Марио Алинеи:

“Морам да започнам така што ќе расчистам една од најапсурдните последици на традиционалната хронологија, односно таа за “доаѓањето” на Словените на огромното подрачје на кое живеат денес. Единствениот логички заклучок може да биде дека јужната гранка на Словените е најстара и дека од неа се развиле западните и источните гранки на Словените на различни начини и можеби во различните времиња.”

“Денес, само малубројни експерти ја поддржуваат теоријата за доцната миграција за Словените, ... бидејќи ниедна од многуте различни верзии за таквото доцнежно населување не дава одговор на прашањето кој суштински фактор би можел евентуално да им овозможи на Словените да ги напуштат своите огништа од бронзеното доба за да станат доминантни народи на Европа, Југозападниот дел од Словените секогаш се граничел со италијанскиот народ во Далмација, како и во подрачјето на источните Алпи и рамнината по течението на реката По.” “Претпоставената “словенска миграција” изобилува со недоследности. Не постои “северен словенски јазик”, туку поточно тој е само варијанта на јужниот словенски јазик...

Првите металуршки култури на Балканот се словенски... и се поврзани со Анадолија... Присуството на Словените на територијата, речиси идентична на онаа што тие денес ја зафаќаат, постои веќе од каменото доба... Словените (заедно со Грците и другите балкански народи) го развиле земјоделството... земјоделско мешаната еконмија, типична европска, која подоцна го овозможила раѓањето на грчкиот, етрурскиот и латинскиот градски живот. Германските народи го посвоиле земјоделството од Словените... Балканот е еден од ретките региони во кој е докажано едно реално и вистинско населување на групи луѓе, кои доаѓале од Анадолија...]. Ова е рационалната анализа на Антониј Амброжич.

Сфаќам дека ве носам подлабоко и подлабоко во академска активност, но верувам дека тоа е неопходно за да изградам солидна основа за моите аргументи”.

Следи македонски превод од последниот дел на говорот на Чарлс Брајант-Абрам (Charles Bryant-Abram), проф. Д-р на ФСО, даден на Светскиот словенечки конгрес, одржан од 20 до 21 септември 2001 година во Птујскиот замок, во близина на Марибор, Словенија.

“Но, јас навистина верувам дека историјата треба да се напише, или поточно речено, повторно да се препише. Се наоѓаме на прагот на еден нов свет на увид во предисторијата на Европа и на Медитеранот.

Паралелно со тековната анализа на натписите на венетски јазик, мора да се преземе едно темелно истражување низ Балканскиот Полуостров, поради сите лапидарни (врежани во камен) докази за неговото поранешно постоење таму.

Најважно – и обрнувам внимание на ова и на други места – едно истражување мора да се изврши на сите натписи поврзани со периодот на Филип Македон што му претходи на хеленизацијата на неговиот син, Александар, под туторство на Аристотел. Мора да се поддржи и да се инсистира на една тесна соработка помеѓу македонските и грчките научници за овој потфат. Охрабрени сме во оваа насока од наодите на Антониј иќ кој успешно го демонстрираше присуството на Венетите во хелинистичкиот град Дура-Еуропос, основан од страна на еден офицер на Александар во Сириската Пустина, а уништен од страна на Сасанидите (the Sassanids) во 256 година по Христа, околу 400 години пред претпоставеното прво навлегување на Словените на Балканскиот Полуостров. Венетските натписи од Дура-Еуропос им даваат тежина на се уште посредните докази за мојата првобитна претпоставка дека Аледксандар и неговиот македонски народ може, сосема точно, да биле Венети. Ако ова се покаже дека е точно, тогаш македонскиот народ денес ќе ја има секоја оправдана причина да го бара назад своето лингвистичко наследство.” (Charles Bryant-Abram, PhD, FSO Linguistics, Medieval Castilian philology, Universite de Montreal). Написот во целина може да го најдете на http://www.niagara.com/~jezovnik/anthony_ambrozic.htm, поднаслов “Refinement and Future Directions in Venetic Scholarship”.

Ги вклучив претходните три цитатити за да го нагласам фактот дека:

1. Научниците кои припаѓаат на широкоприфатената мисла почнуваат да признаваат дека вообичаената античка историја за Европа, вклучувајќи ја и историјата за Македонија, е политички мотивирана и дека не обезбедува едно реалистично толкување на настаните од минатото.

2. Вообичаените теории за предисторијата се ставени на предизвик и го губат тлото под налетот на новите и револуционерни идеи, поткрепени со археолошки и лингвистички докази и од страна на науката.

3. На крај, постојат археолошки и лингвистички докази кои обезбедуваат објаснувања за вистинскиот идентитет на предисториските и античките Македонци.

Како што е покажано во есејот на Антониј (погоре), вообичаената историја не е само оспорувана поради идентитетот на предисторискиот балкански народ туку, исто така, и поради идентитетот на сите индоевропски нации кои ја зафаќале цела Централна Европа во текот на предисториското време. Традиционалното размислување е дека предците на денешните Германци биле првиот народ што ја населил Централна Европа. Но, со археолошките научните и лингвистичките докази тоа размислување се оспорува и губи тло. Потпомогнати од ДНК, генетските и археолошките докази, се повеќе и повеќе научници се убедени дека предисторискиот индоевропски народ на Централна Европа, познат под многу имиња, не биле протогерманците туку протословените. Спротивно на вообичаените мислења дека Словените мигрирале кон Балканот околу VI век по Христа, овие “нови докази” изгледа дека не водат кон заклучокот дека Словените отсекогаш биле таму и дека отсекогаш живееле онаму кадо што живеат денес.

Ако сакате да научите повеќе за предисторискиот идентитет на централните Европејци или ако сакате да ги проучите преводите на различните предисториски натписи, Ве молам погледнете ги делата на Антониј Амброжич, Јошко Шавли, Матеј Бор и на Иван Томажич (видете го списокот за литература за имињата на книгите).

Ако сакате да дознаете повеќе за делото на Васил Иљов, за македонските артефакти, античките натписи и преводи, Ве молам посетете го вебсајтото на “Macedonian Civilization” – http://www.unet.mk/ancient-macedonians- part2/index.html.

Со искрснувањето на се повеќе и повеќе докази, ќе има и докази дека македонскиот континуитет од предисториско време досега никогаш не бил прекинат. Ова ќе ја одбрани македонската нација, а ќе ги разоткрие сите грчки фалсификати за она што тие навистина се. Македонскиот народ отсекогаш знаел каде се неговите корени, но никогаш немал докази за да го докаже тоа. Сега, за првпат, постојат видливи докази кои, без сомнение, ќе докажат дека современите Македонци се потомци на античките Македонци и дека античките Македонци никогаш не биле Грци.

Се наоѓаме на работ на една историска револуција која е спремна да ги уништи оковите на менталитетот на XIX век за историјата која е политички мотивирана и националистички енергизирана. За првпат имаме докази минатото да го поставиме правилно.

Во текот на есента 2002 година, кога размислував за пишувањето на оваа Глава, му ја спомнав идејата на Васил Богов, автор на Македонските откровенија, Историски документи, Распарчена современа политичка идеологија.

Мислејќи дека ќе пишувам конвенционална “класична историја”, неговата прва реакција беше да ме замоли да не го правам тоа, бидејќи тоа ќе ги промовира лагите и невистините на класичната историја и, уште повеќе, ќе ги легитимира грчките претензии за античка Македонија. За да скратам, нешто што Васил ми кажа во текот на тој разговор, многу ме збуни.

Додека истражувал за неговата книга, Васил отишол во северна Италија за да разгледува. На едно од неговите патувања, туристичкиот водич ги однел на забава во едно оддалечено село. Тоа било селото на предците на туристичкиот водич, која била девојка, и таму се уште живеело нејзиното семејство. На типичен италијански начин, мајката на девојката излегла од куќата и гласно ги поздравила туристите на италијански јазик. Но, кога таа зборувала со својата ќерка, зборувала на поинаков јазик кој не припаѓал на тој регион. На изненадување на Васил, тој ги разбрал повеќето зборови кои за него звучеле како да се македонски зборови од костурско-леринскиот регион.

Умирајќи од љубопитност, Васил веднаш почнал да се распрашува. Очекувајќи семејството да биде македонско, на негово изненадување, младата девојка му рекла на Васил дека јазикот што тие го зборуваат е стар италијански дијалект што постоел пред римското доба и дека во многу оддалечени села се уште се говори.

Многу добро го знаев Васила и верувам дека не ми кажуваше приказни, така што долго време упорно размислував за оваа “аномалија”. Како може луѓе, толку многу назад во времето, да зборуваат македонски? Морало да има некаква грешка? Бевме наведени досега да веруваме дека Словените дошле од североисточна Европа во текот на VI, VII и VIII век по Христа, ама што правел народот што зборува словенски во северна Италија, 100 години пред Христа? Никогаш не бев слушнал за такво нешто пред тоа.

Не можев да најдам одговори. Всушност, не можев да најдам документација која упатува дека Словените било кога се населиле во северна Италија. Тогаш, некаде на почетокот на март 2003 година, откако го прочитав англискиот превод на Антон Скербинц на словенечките текстови на венетски јазик, се почна да добива смисла.

Македонците не се осамени во својата потрага по вистината. Другите словенскоговорни народи, кои биле оковани и врзани од истите политички мотивирани историски идеологии, исто така, бараат одговори. Главни во трагањето се Словенците кои се осмелија да го оспорат стариот систем на верувања кој дејствува врз ставовите и кои сега се во процес на правилно поставување на историјата.

Има такви кои веруваат дека Словенците се најтесни роднини и дека имаат најмалку нарушени врски со предисториските Индоевропејци. Вгнездени во Алпите, Словенците преживеале многу инвазии и многу обиди за асимилација. Тие, исто така, веруваат со обемни и доволни докази да докажат дека Централна Европа, вклучувајќи ја и Италија, биле населени од страна на протословенските Венети многу порано од таканаречените преселби на Словените во VI век по Христа. Ова е во согласност со независните резултати од истражувањата во Република Македонија кои не само што ја потврдуваат, туку и ја зацврстуваат идејата дека предисториските Македонци припаѓале на истата група словенски Венети.

На ова место, без оглед на тоа кои точно биле предисториските Македонци (повеќе за ова понатаму), има два важни факта кои излегуваат на површина:

1. Предисториските Македонци не биле Грци.

2. Како и современите Македонци денес, така и предисториските Македонци говореле словенски јазик.

А, сега за скептиците! Бидејќи и јас сум скептик, нема сомнение дека постојат оние ќе најдат дека е тешко да се поверува во ова.

Она на што не учат уште како мали и што е зацврстувано со постојана изложеност на истото, станува блиско и удобно. Но, понекогаш, во контекст на нови докази, мора да останеме без нашата удобност и да почнеме да се соочуваме со фактите. Сакам да Ви кажам дека внимателно ги испитував преводите на Антони Амброжич и мора да признам дека брилијантно се направени. Амброжич е мајстор за поедноставување кој ја користи методологијата на звукот за да ги направи преводите. Убеден сум дека неговото дело е генијално и ги поканувам сите скептици самите да го проучат и испитаат истото. Тие, исто така, би требало да ги проучат и делата на Васил Иљов, Јошко Шавли, Матеј Бор, Иван Томажич и Антон Скербинц за самите да пресудат. (Видете го делот за литература и веб-страниците на Интернет).

До X век пред Христа имало мала група народи кои живееле во регионот помеѓу денешниот Костур и Лерин кои се претставувале како Македонци. Големите војни од бронзеното доба го опустошиле регионот, а Македонците се нашле опколени и притиснати од поголемите племиња.

Големите нарушувања на Исток предизвикале преместувања на населението во регионот, така што во македонските земји се уфрлувале освојувачи.

Изгледа дека Македонците станале нација, т.е. народ од ист ентитет по големите војни кога колективно започнале да работат заедно за единство и за одбрана на нивните мали кралства. Заплашувани од постојаните упади, малите групи луѓе колективно се бореле да ги одбијат нападите од своите соседи кои тие повеќе не ги сметале од свој сој.

Кои биле Македонците пред да станат нација? Еве што има да понуди конвенционалната, вообичаената историја.

“Како етничко прашање, тоа најдобро се одбегнува, бидејќи главните современи политички дополнителни значења имаат тенденција да го скријат фактот дека тоа навистина не е важно прашање. Дека тие можеби биле, или можеби не се Грци, во целина или делумно – иако е интересен антрополошкиот споредбен податок – навистина не е од круцијално значење за нашето разбирање на нивната историја.” (Стр. 96. Еуген Борза, Во сенките на Олимп, Појавувањето на Македон). Имам големо почитување за делото на Еуген Борза, но не се согласувам со неговата проценка.

Тековната теорија е дека предисториските Македонци настанале од мешавината народи кои го зафаќале малото македонско предисториско кралство. Помеѓу нив биле племињата на Пелазгите, Илирите, Тракијците и Фригијците. Народот кој ги сочинувал Македонците во X век пред Христа порано припаѓал на централноевропското семејство на протословенските Венети. Не можев да најдам многу информации за Пелазгите, освен оние од Херодот, кој тврди дека тие зафаќале делови од Македонија и делови од старите градови-држави дури пред појавата на Атињаните. Пелазгите биле една од автохтоните група народи од индоевропската ера кои Херодот ги нарекол варвари кои зборувале варварски јазик. Подоцна, иако некои Пелазги живееле меѓу Атињаните, тие биле сметани од страна на Атињаните како неатинска варварска раса која е домородна, т.е. автохтона во регионот. (Херодот: од Историја /The History, 430 BC, I.56-59/). Земајќи го предвид фактот дека тие не зборувале на јазикот на Атињаните и фактот дека на нив се гледало како на варвари, иако некои од нив живееле во Атина, тогаш е сфатливо дека Пелазагите им припаѓале на поголемо семејство Индоевропејци, на протословенските Венети.

Легендата вели дека првите Фригијци се населиле во географска Македонија многу одамна (во третиот милениум пред Христа). Фригијците (или Бригите како што им се познати на Македонците) живееле и се мешале со македонскиот народ со векови пред нивните миграции во Анадолија. Додека живееле во Македонија, се верува дека основале свој главен град во Воден (Едеса) и културно и лингвистички се мешале со локалните населенија од регионот.

До IX век пред Христа, Фригијците станале кралство во Анадолија со центри лоцирани во градовите Гордиум и Мидас /Gordium и Midas/.

“Старофригискиот јазик доаѓа до нас од мал број нефрагментирани натписи на камен во ракопис, кој по неколку карактеристики е сличен на оние и во азбуките на Пелазгите, Етрусканците и на Венетите.

Иако старофригијската и грчката азбука имаат поголем број исти букви, старофригијската содржи половина дузина симболи на букви што ги нема во грчката азбука. Според тоа, произлегува дека двете азбуки ги влечат своите корени од еден заеднички извор, а секоја ги адаптирала главните симболи кон она што нивните фонетски потреби наложувале”. (Стр. 23, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан, Торонто: Cythera Press, 2002). Во неговата анализа, Амброжич, без многу потешкотии, успева да ги преведе натписите на старофригијски јазик, користејќи ја истата методологија за превод на натписите на протословенско-венетскиот јазик, најдени во денешна Франција. “Иако јазикот на старите Фригијци изгледа дека е од нешто постар ков во матрицата на раниот старословенски јазик отколку од ковот на славенитскиот од Гарлија /Slavenetic of Gaul/ (античка Франција), има многу зборови кои им се заеднички”. (Стр. 4 Антони Амброжич , Гордиевиот јазол одврзан).

“Грчката традиција дека миграцијата на Фригијците во Анадолија во XII век пред Христа, што започнала од Македонија и Тракија, се темели врз друго тврдење што често може да се сретне, имено дека и двата нивни северни соседа зборувале ист јазик.” (Стр. 58, Антони Амброжич , Гордиевиот јазол одврзан). Со други зборови, според античките Грци, и Фригијците и Тракијците зборувале на еден ист јазик за кој денеска е потврдено дека има словенско потекло.

Во заклучокот од неговата книга “Гордиевиот јазол одврзан”, во однос на неговите резултати од истражувањето за Фригијците, Амброжич (делумно) не остава со следниве зборови: “Тие се доволни да ни дадат увид во етосот на нивната култура и духовноста која ја раководела истата. Пред се, излиени во камен, пасусите ни даваат чист отпечаток на почетниот старословенски јазик на кој се зборувало на платото на Анадолија пред 3.200 години”. (Стр. 118, Антони Амброжич , Гордиевиот јазол одврзан).

Илирите на запад и на исток од Македонија биле племенски народ под раководство на племенски врховни команданти. Се верува дека го населиле Балканскиот Полуостров во крајот на бронзеното доба, околу средината па до крајот на вториот милениум пред Христа.

Илирите биле носители на халстатската култура (the Hallstatt culture) – период во историјата кој ја означува транзицијата од бронзено во железно доба во Централна и Источна Европа.

Од многуте објаснувања на кои наидов во однос на потеклото на името на Илирите, најдов дека следново е најинтересно: тие биле именувани како Илири поради тоа што го обожавале Илиј (Iliy), нивниот бог на сонцето. (Стр.

56, 15 јули 2000, број 578 Македонски магазин).

“Античкото движење на Словените (Венетите) кон запад и подоцна движењето на Јужните Словени кон исток, се соединиле на Балканскиот Полуостров, што довело до развој на нова словенска јазична група. Дали тој процес вклучувал позајмици од илирскиот и од тракискиот јазик?