Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 28 - НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА - Part 01

By Ристо Стефов · Part 60 of 64 · About 19 minutes

Read in English

ГЛАВА 28 - НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА

– БЕГАЛЦИ Бил тоа мрачен пролетен ден на 25 март 1948 година, кога се започнало. Тоа бил ден исполнет со многу чувства, солзи и неизмерна тага за мајките и децата на западна Егеjска Македониjа. Тоа бил денот кога децата-бегалци заминале и за наjголемиот дел од нив тоа ќе биде за последен пат кога ги виделе своите сакани семејства и своите домови.

Идеjата за евакуирање на децата била предложена од една група млади мажи и жени, полни со разбирање и сомилост, на Младинската конференциjа оддржана во 1947 година во Белград, Jугославиjа. Ескалирачкиот конфликт во грчката Граѓанска војна претставувал закана за цивилното население, што било причина за загриженост на “прогресивната младина”. Иако тие не можеле да сторат ништо за цивилните возрасни лица, кои требало да ги поддржат воените напори, имало начин да им се помогне на децата. Тие предложиле привремена евакуациjа со чиjа помош децата требало да бидат изнесени надвор од земjата за да продолжат со своето образование на сигурно место, со намера да бидат вратени штом ќе заврши конфликтот. Иако тоа била добра идеjа, Грчката комунистичка партиjа (ККЕ) не видела непосредна потреба од еден таков план и како резултат на тоа не му дала голема поддршка. Партизанскиот генерал Маркос Вафиадис видел добри својства во предлогот бидеjќи верувал дека конфликтот ќе ескалира и ќе се концентрира во западниот дел на Егеjска (окупирана од Грциjа) Македониjа. Во тоа време, тој бил одговорен за одбраната на делови од западна Македониjа каде спаѓале регионот на Лерин и делови од Костурско и Вoденско. Во 1947 година партизаните биле на врвот од својата сила и, со исклучок на големите градови, ги контролирале сите територии во западна Егеjска Македониjа.

Кога грчката влада почнала да користи тешка артилериjа и воздушно бомбардирање, идеjата брзо јa добила поддршката на ККЕ и Програмата “Спасете ги децата” била родена. Пред Програмата да се ефектуира, таа добила одобрување од Македонскиот ослободителен фронт, од Женскиот антифашистички фронт и од Црвениот крст. Државите- домаќини, волни да се грижат за децата, биле контактирани за да се добие нивно одобрение и започнале информативни кампањи за да се информираат луѓето за Програмата.

Обласните и селските организации, исто така, биле замолени да учествуваат, и на крај им било доделена одговорноста да го организираат и имплементираат вистинското евакуирање.

Кога органите на власта на грчката влада дознале за Програмата “Спасете ги децата”, тие иницирале своја таканаречена кампања “Педомазома” (coберете ги децата).

На грчката армија, откако таа ги освоила селата, и било наредено да ги евакуира децата, ако е потребно со сила.

Откако биле собрани во различни кампови, децата конечно биле испратени на грчкиот остров Лерос. Таму тие биле запишани во училишта да учат религиjа и станале штитеници на грчката кралица Фредерика.

По завршување на грчката Граѓанска војнa (1951/52 година), дел од децата од Програмата “Педомазома” биле вратени во нивните домови во Македониjа. Наjголемиот дел, особено оние чии родители биле убиени или побегнале од земjата како бегалци, станале штитеници на грчката држава и останале во студентските домови до своето полнолетство.

Сите деца кои останала во Лерос целосно биле хеленизирани и оттогаш за нив ништо не се слушнало.

Камповите во Лерос повторно станале активни по 1952 година, овоjпат за децата кои биле вратени од земjите на Источниот блок според Програмата “Спасете ги децата”.

Како резултат на интервенциjата на Црвениот крст, на дел од децата им било дозволено да се вратат дома. За жал, грчката власт ги собрала и ги испратила во камповите во Лерос каде биле држени се до неjзиниот пад во l959 година кога биле ослободени.

Притисокот од заедницата ги поттикнал организаторите на Програмата “Спасете ги децата” да го забрзаат процесот на евакуациjа за да ги спречат “бурандарите” (прекар за воjниците и полицаjците на грчката влада) да земат уште повеќе деца.

Евакуациите спроведувани од партизаните биле вршени стриктно врз доброволна основа. Било оставено на родителите или старателите на детето да решат дали тоа ќе биде евакуирано или не. Ниедно дете никогаш не било евакуирано со сила или без согласност, ама стравот и притисокот од врсниците сигурно биле мотивирачки фактори. Зоните на евакуирање биле селектирани врз основа на острината на конфликтот и степенот на опасност по децата. Организаторите на централната команда решавале за критериумите на селекциjата и на квалификациите за тоа кои деца ќе бидат евакуирани. Во списоците биле сите деца на возраст од две до четиринаесет години, како и сирачиња, хендикепирани и деца со специjални потреби. Пред да се ефектуира евакуациjата, девоjките постари од осумнаесет години биле ангажирани од локалното население и од партизанските редови за да се обучат да бидат одговорни за малите дечиња. Вдовиците на паднатите партизани, исто така, биле ангажирани како маjки-сурогати да ги придружуваат и да им помагаат на децата во текот на процесот на евакуациjата и во текот на нивниот престоj во земjите-домаќини.

Програмата за евакуирање добила импулс во почетокот на март 1948 година, започнуваjќи со ангажирање и обука на специjални учители. Вистинските евакуации биле спроведени еn masse, односно групно, почнувајќи од 25 март до 30 март 1948 година, се додека сите означени села не биле евакуирани. Повеќето деца биле транспортирани преку Jугославиjа и испратени во Унгариjа, Романиjа, Чехословачка и Полска. Некои биле евакуирани прекy Албаниjа и Бугариjа. Како што се зголемувал броjот на евакуираните, децата биле испраќани и во Источна Германиjа и во СССР. Се проценува дека биле евакуирани вкупно околу 28.000 деца, наjголемиот дел од нив од северозападна Егеjска Македониjа. Иако помалуброjни, многу сирачиња, деца на партизаните и деца од семејства кои имале проблеми со органите на власта на грчката влада, исто така, биле евакуирани.

Кога дошол нивниот ред, децата од секое село биле повикани и вo придружба на партизанските водачи однесени до наjблискиот граничен премин претходно одреден. Заради нивна сигурност, децата патувале под превезот на ноќта, во темнина и подалеку од главните патишта. Во некои случаи, поради нападите од воените воздухопловни сили, кои биле тешко вооружени, и од бомбите кои биле фрлани, некои села ги евакуирале своите деца набрзина, без придружба, и тие биле оставени на цедило по планините покриени со снег, без засолниште.

Маjките им го подготвувале багажот, облеката за пресоблекување, храната и приборот за jадење пред да ги испратат своите малечки дечиња до означените места за собирање. Со плач, со солзи во очите, маjките се збогувале со своите сакани пред да ги испратат во рацете на судбината.

Нивниот плач можел да се слушне долго време откако децата исчезнале вo далечината. Не поминало долго време пред да се почувствува празнината и безброjните маjки не можеле да престанат да плачат, размислуваjќи за судбината на своите мали, сакани деца.

Децата оделе во колона по еден, зад маjките-сурогати, држеjќи се еден со друг. Постарите деца ги тешеле помалите додека се движеле осамено. Под превезот на ноќта, тие молкум се движеле преку теренот, заобиколуваjќи ги отворените простори и постоjано биле потсетувани од нивните партизански водачи да бидат тивки. Преминувале високи планини и стрмни косини, секогаш внимателни и свесни за грчката опасност над нив, додека си го пробивале патот до границите. Оние среќните ги поминувале ноќите во куќи во означените села. Други спиеле под ведро небо, на отворено, во студените планини, испитувајќи јa мудроста на своите постари и прашуваjќи се што е поопасно - бомбите кои паѓаат или смртното студенило.

Во текот на нивното патување, една група наишла на опасно стрмни падини, полни со разлабавени карпи кои воделе право во брзите води на една река. Бидејќи било премногу опасно за децата сами да преминуваат, секоја мајка морала да се враќа неколку пати за да пренесе дете по дете на својот грб. Требало и да се побрза, бидејќи падината била изложена на авионски видик. Едно дете имало среќа тој ден бидеjќи една трагедија за малку била избегната. Додека брзала да премине на другата страна, една мајка се сопнала на една грмушка, губеjќи јa рамнотежата. Сепак, додека се сопнувала, успеала да го симне детето од своите плеќи и да го фрли на стрмната падина. За среќа, девоjчето не се испаничило и било способно да се задржи со рацете. Потоа, мајката го фатила девоjчето за неjзинитe нозе и успеала да си јa поврати рамнотежата. Било тоа застрашувачко искуство за целата група.

Друга група, исплашена од тешките бомбардирања, го напуштила своето село под превезот нa темнината во еден и триесет наутро. Била oблачна и дождлива ноќ, идеална да со избегнат бомбардерите, но катстрофална за моралот на децата. Врнело целата ноќ и преку целиот нареден ден кога групата се скрила во планините. Не смелле да ризикуваат и да запалат оган, па затоа останале влажни и настинале, трпејќи казна од природата. Кога се стемнило, полека напредувале во темнината преку паднатиот снег; до наредното село, патот бил пуст и трновит. Децата биле во шок и речиси и да не ги чувствувале посекотините на нивните стапала кои крвавеле. Некои немале чевли, а нивните чорапи потопени во кал, не им обезбедувале никаква заштита од острите камења и трњата кои боцкале.

Додека групата си го пробивала патот кон својата дестинациjа, една од маjките-сурогати не можела да престане да плаче. Одговорното лице на групата и обjаснило дека нема причина да се вознемирува, бидејќи се води сметка за сите деца, дека се нахранети и згрижени. Но, мајката и понатаму останала вознемирена и продолжила да плаче. Кога јa прашале во што е проблемот, таа обjаснила дека не можела соодветно да се грижи за едно шестмесечно бебе-сираче кое било доверено на неjзина грижа. Таа имала само една резервна пелена и откако јa испрала, немала како да ја исуши. Наjдоброто што можела да го стори е да јa стави влажната пелена на бебешките гради. Но, пелената никогаш не се исушила и затоа таа плаче од жал за кутрото бебе кое морало да биде завиткано во влажни пелени на таков неиздржлив студ.

Преку границите можеле да поминат само ноќе, па затоа децата чекале скриени и одвоени додека не се стемнило. За да ги подготват за патувањето, децата морале да заминат од своите села и да се упатат кон планините пред да зазори.

Додека заминувале, им било речено личните предмети да ги остават назад, ветуваjќи им дека истите ќe им бидат донесени подоцна, со вагони. Додека си го пробивале патот преку граничните премини, вагоните никогаш не се поjавиле и тие биле оставени без храна, прибор за јaдење, ќебиња или облека да се преслечат. Дo ден-денес многу веруваат дека грчките партизани им ги украле личните предмети.

Откако јa преминале jугословенската граница, децата биле однесени во селото Долно Дупени, а оттаму во Љубоjно за да чекаат да пристигнат другите. Под грижата на нивните маjки-сурогати, децата биле однесени во одредените куќи каде поминале една недела, спиеjќи на подови покриени со слама, по петнаесет деца во една соба. Немало доволно храна, па секое дете добивало само по едно парче пченкарник за вечера, пред да си легнат, се уште гладни. По неколку дена глад, некои од децата прибегнале кон крадење храна од селските куќи.

Откако поминале една недела во Љубоjно, децата биле транспортирани со воени камиони во Битола, од каде со воз заминале во Браилово. Таму, секоја група, со својата маjка-сурогат, отседнала и спиеле во определени куќи, во соби оградени со слама. Моралот бил низок, заморот голем па децата постоjано плачеле од непрекинат глад и од носталгиjа за своите домови. Немало доволно храна, па за да ги зачуваат следувањата храна, на децата им било давано по еден оброк секој втор ден. Оние кои ги загубиле своите лични предмети, немале ниту чинии, ниту лажици за да jадат и затоа користеле фрлени конзерви од сардини или било што друго што ќе го нашле. Некои наоѓале фрлени туби од пасти за заби, па од нив правеле лажици. Една маjка-сурогат нашла една ‘рѓосана кофа и, откако јa исчистила, ја користела како сад за супа. Топлата супа cтанувала црвена како што се топела ‘рѓата. Децата биле премногу гладни за да јa фрлат, па затоа од површината јa извадиле зацрвенетата ‘pѓa и таквата супа им била поделена. Една стара жена го гледала сето тоа и многy се натажила за групата дечиња, па им го дала својот дел од следувањето, повеќе претпочитајќи да остане гладна отколку да гледа како гладуваат децата. Во такви околности, многу од постарите деца размислувале да побегнат, но нивната загриженост за помалите ги спречувало во тоа. Некои биле толку гладни, што пребарувале во околината бараjќи храна, jадеjќи корења од жито и пченка, па дури посегнале и по убивање животни за да јa задоволат гладта. Откако поминале нешто повеќе од една недела во Браилово, различните групи биле транспортирани до наjблиската железнички станица каде на секое дете му било прикачено ливче со името и дестинациjата, и каде биле подготвувани да патуваат во различни земjи-домаќини.

Одвоjувањето на децата не било лесна задача, бидеjќи малите се стискале до поголемите деца и одбивале да бидат раздвоени. Близнаците се држеле еден до друг со сета своја сила, противеjќи се со солзи и лелеци. Требало многу убедувања и разуверувања пред да можат да ги разделат.

Првата група која требала да замине биле помалите деца од пет до десет години. Повеќето од нив биле испратени во Бела Црква, во севернa Jугославиjа. Овие деца биле наjранливи и брзо морале да бидат спасени пред да умрат од глад. Во Бела Црква, откако поминале извесно времо во карантин, децата биле однесени во ученички домови кои биле соодветно опремени и каде имало здрава храна во изобилие.

Останатите, откако поминале приближно една недела на железничката станица, биле испратени во Скопjе. Животот во железничката станица бил суров, бидејќи повеќето деца речиси умирале од глад и немале сили да се движат. Нивниот глад бил толку голем, што децата немале сила ниту да се жалат за вошките кои ги мачеле. Многу од нив го поминувале своето време одморајќи се во шталски коли, сместени во топлината и комфорот на сеното. Колите, оставени од Втората светска војна, биле користени од Германците за транспорт на коњи.

Кога пристигнале во Скопjе, на децата им дале млеко и храна, што за нив изгледало како подарок од небото, по долгото гладување. Без многу одлагање, вагоните биле повторно поделени и една група била испратена во Романиjа, додека останатите го продолжиле своето патување до Булкес. Имаjќи ги предвид сцените од последното раздвоjување на децата, овоjпат властите решиле да не ги информираат ниту децата ниту нивните маjки-сурогат. Како резултат на тоа, некои деца кои биле во посета на своите другарчиња во соседните вагони, завршиле на погрешни дестинации. Многу маjки не знаеле што се случило и бескраjно биле загрижени за судбината на децата кои недостасувале. Кога пристигнале во Булкес (Воjводина), групите биле снабдени со храна донирана од Обединетите нации, децата биле искапени и им била дадена облека.

Оттаму, со вагони биле односени во блиската болница за медицински преглед. Булкес бил град изграден од Германците, а окупиран од грчките партизани. Тој бил исполнет со активности кои се приспособувале кон поддржување на воените напори. Имало хранa во изобилство, па децата поголем дел од времето поминувале живеејќи во празни училишта и магацини. Освен Македончиња, имало и деца од Епир и Тесалиjа.

Штом се навикнале на комфорот, децата повторно морале да продолжат. Речиси по еден месец поминат во Булкес, повторно биле натоварени во вагони, им била дадена храна и биле испратени до различни дестинации. Без нивно знаење, повторно биле раздвоени и испратени во Унгариjа, Полска или Чехословачка.

Кога групата за Чехословачка пристигнала таму, чешките власти наредиле децата да се соблечат голи, нивната облека полна со вошки им била одземена, им било наредено да се истрижат и групно да се искапат. Тоа било ново искуство за македонските деца, да се капат голи пред толку многу други.

Локалните згради и бањи, некогаш им припаѓале на германските воjници, но откако тие биле протерани, станале засолниште за децата-бегалци. Откако поминале извесно време во карантин, децата биле однесени во друг камп каде биле поделени и разместени на грижа на учители. Таму им се придружиле други деца-бегалци кои стигнале претходно преку други маршрути. Децата повторно биле регрупирани во групи од 4 до 6-годишна возраст за градинки, од 7 до 12 години за државни училишта и од 13 години и постари за технички училишта. Мајките-сурогати биле одговорни да се грижат за помалите групи кои се состоеле од по дваесетина деца. Нивна задача била да ги будат наутро, да им помогнат да си ги облечат униформите, да ги надгледуваат при извршување на утринските вежби и да проверат дали сите добро поjадувале. Попладне ги надгледувале како си играле додека не доаѓало време за спиење. Тие, исто така, проверувале дали им се добро исчистени и полирани чевлите и дали униформите се чисти и уредно закачени. Утрото започнувало со вежби и добар поjадок. Чешките учители биле професионалци, обучени за детска психологиjа, кои правеле најдобро што можеле за правилно образование на децата. Освен редовна настава, од децата се очекувало да научат разни jазици, вклучуваjќи чешки, грчки, македонски и руски.

Понекогаш, маjките и децата биле испраќани на работни задачи на фарми за да помагаат при собирањето овошjе, бобинки и печурки. Со текот на времето, маjките и децата почнувале да се навикнуваат на новиот живот, со исклучок на вообичаените тепачки меѓу грчките и македонските деца, особено машките. Постоела нетрпеливост помеѓу грчките и македонските деца, со чести вербални навредувања, кои понекогаш завршувале со тепачки. На крај, грчките деца биле преместени во друг камп, со што бил ставен крај на тепачките.

Кога групата одредена за Романиjа пристигнала таму, околу илjада и петстотини деца биле испратени веднаш да се искапат, а нивната облека полна со болви била извриена и испрана. По капењето, на секое дете му била дадено долна облека и пижами, а потоа биле испратени во блискиот привремен комплекс бараки, порано во текот на војната користени од Германците како болница. Децата останале таму од април до октомври 1948 година. Тогаш, на 25 октомври 1948 година, многу од децата биле преселени вo Полска. Повеќето од нив носеле домашно изработена волнена облека која им се смалила од перењето. За среќа, добриот народ на Романиjа донирал наметки за пресоблекување и децата биле добро облечени пред да заминат за Полска. По поминати шест месеци во Романиjа во бараките, кои навидум биле под надзор, и без никакво школување, децата станале распуштени и непослушни. Со еден надзорник за челиот воз, патувањето до Полска било како брзо возење со украдена кола. Некои деца биле немирни, се качувале преку прозорците врз вагоните, а додека возот се движел, се исправале, преправаjќи се дека летаат. Кога возот приближувал до тунел, тие легнувале на покривот држејќи се цврсто врз вагоните. Чадот од возот, кој како бранови ги обвиткувал нивните лица, им ги поцрнувал лицата, така што не можеле да се препознаат. Кога влегле во Полска, возот бил преземен од полски екипаж. По еден надзорник, кој бил обучен како да постапува со децата, бил назначен за секој вагон за да се справат со мангупите. Во текот на натамошното патување, децата биле добро хранети и наградувани со чоколади и jаболка за добро однесување.

Кога стигнале во Полска, во градот Лондек Здуи /Londek Zdрui/, децата биле ставени под грчки надзор, групирани според возраста и распоредени во различни школски домови.

Децата, чиjа возраст не била позната, биле групирани според висината и тежината. Во почетокот, децата одбивале да соработуваат, не верувајќи им на администраторите и плашејќи се да не бидат повторно раздвоени. Била потребна интервенциjа од Црвениот крст и повторно уверување за да се убедат да соработуваат. За разлика од бараките во Романиjа, домовите во Полска биле добро опремени со персонал, со по еден директор и двајца или троjца помошници на секој дом. Секој дом имал осум до десет соби, со по четири деца во една соба. Немало недостаток од храна, играчки или игри. Директорите биле одговорни за надгледување на утринските вежби, за поjадокот и за навременото пристигнување во училиште. По часовите, тие проверувале дали децата безбедно се вратиле. Потоа на децата им била давана вечера и оделе на спиење.

Околу 2.000 деца биле одредени за Унгариjа и им биле доделени воени бараки во Будимпешта. Таму, секое дете било соблекувано, испрскано со пестициди, искапено, облечено во нова облека и на сите им дале тоалетен прибор, во кој имало сапун и паста за заби. Децата не знаеле што е тоа паста за заби и многумина мислеле дека тоа е за jадење.

Вкусот на нане ги потсетувал на слатки и многу од нив јa трошеле пастата, обидуваjќи се да јa jадат. Во почетокот, грчките и македонските деца биле изменани заедно во групи.

Но, поради нивните тепачки, властите биле присилени да ги поделат децата на помали групи, поделени според селото од каде потекнувале. Откако поминале три недели во карантин, групите биле усвоени oд унгарската заедница. Секоја селска заедница, потпомогната од фабрички комплекс, усвоила по една група. Некои се нашле меѓу наjбогатите заедници во регионот и биле привилегирани да живеат во квартови изградени од мермер. Во близина, имапо мало езерце полно со егзотични и шарени риби. За жал, децата тагувале за својот дoм, им недостасувале нивните мајки и многу-многу не го ценеле луксузот. Но, полека, рутината почнала да настапува како што децата оделе на училиште и биле бклучени во училишните активности и во активностите на заедницата. Освен редовната настава, од децата се очекувало да научат да читаат и пишуваат на својот маjчин jазик. Иако грчки службеници раководеле со наставните програми и се потсмеjувале на идеjата, сепак, на македонските деца им бил даден избор да учат македонски, ако сакале.

Сакам да кажам дека македонските програми биле директен превод (збор за збор) од грчките програми. Иако децата учеле на својот маjчин македонски jазик, тие го учеле само она што Грците сакале тие да научат. На македонските наставници не им било дозволено да отстапат од воспоставените програми. Со други зборови, хеленизациjата и грчката пропаганда продолжиле да влиjаат врз македонските деца дури и надвор од грчките граници.

Во 1949 година, броjот на загинатите дома почнал да се зголемува, а извештаите протекувале до камповите за бегалци, каде што децата добивале лоши вести за судбината на своите родители и роднини. Моралот бил на толку ниско ниво, што децата се повлекувале во себе, не сакале да пеjат, да зборуваат, плачат, дури ниту да jадат. За да го подигнат моралот, маjките-сурогат, кои носеле црнина бидеjќи биле во жалост за смртта на своите мажи, почнале да носат облека во бела и светли бои. За доброто на децата, наспроти својот жал, маjките морале да изгледаат расположени и ставиле маска на весели лица.