History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 19
Проблемите на Jустиниjан не биле ограничени само на црковните расколништва. Во jануари 532 година бил соочен со улични насилства во Цариград кои со време станале познати како Ника /Nika/ револт. Како и сeкој друг голем град вреден да се спомне, така и Цариград имал свои групи кои се тркале со боjни коли, именувани според нивната боjа:
црвени, бели, сини или зелени. Тоа биле професионални организации одговорни за селектирање тимови кои ќе се тркаат со боjни коли на хиподромите. Но, во времето на Jустиниjан тие биле одговорни и за претстави и други активности. Сините и Зелените бпле доминантни групи, но Црвените и Белите, исто така, уживале поддршка од толпите, па дури и од важни личности. Императорот Анастасиj, на пример, бил навивач на Црвените. Фановите, како што денес ги викаме, на секоја група имале означени свои блокови и места на хиподромот.
Јустиниjан и Теодора биле навивачи на Сините и, кога уличните насилства почнале да ескалираат додека владеел Jустин, тие ги поттикнувале насилствата. Откако Jустиниjан станал император, почнал да презема силни деjства против поттикнувачите.
Проблемот започнал во сабота, на 10 jануари 532 година кога градскиот префект, кој претходно уапсил неколку хулигани и обвинил седуммина за убиство, наредил да бидат обесени надвор од градот, кај Сика /Sycae/, од другата страна на Златниот Рог /Golden Horn/. Пред да бидат обесени затворениците, скелето се скршило и дваjца од нив, еден Син и еден Зелен, побегнале. Некои калуѓери од блискиот манастир им дале засолниште во црквата Св. Лоренс.
Наредниот вторник, додека дваjцата се уште се криеле во црквата, фракциите на Сините и Зелените организирале демонстрациjа и го молеле Jустиниjан да покаже милост кон затворениците. За жал, Jустиниjан ги игнорирал нивните молби и продолжил да ги гони. Неумолливи, Сините и Зелените продолжиле со своите молби се до дваесет и втората трка кога нивната фрустрираност прекипела и тие пламнале. Тогаш, здружени го истакнале банерот на кој пишувало “Ника” и излегле на улиците. Кога започнале немирите, судските службеници се засолниле во палатата и набљудувале како уличните олоши пљачкосуваат по градот.
Јустиниjан се обидел повторно да ги продолжи игрите наредниот ден, но само испровоцирал поголеми немири, гнев и палежи. Побуната и уништувањето продолжиле во текот на целата недела. Дури и пристигнувањето на царските трупи од Тракиjа не успеало повторно да воспостави ред. Во недела, пред изгреjсонце, Jустиниjан апелирал до масите на хиподромот, покаjуваjќи се јaвно и ветувајќи амнестиjа.
Масите, за жал, дури станале и понеприjателски и го натерале Jустиниjан да бега за да си го спаси животот.
Но, наjлошото допрва доаѓало. Пред таа ноќ, Jустиниjан ги отпуштил Хипатиj /Hypatius/ и Помпеj, дваjцата внуци на императорот Анастасиj, од палатата и им рекол да си одат дома. Но, наместо да одат дома, тие дваjцата отишле на хиподромот каде што биле пресретнати од дел од толпите.
Во нивниот бес, толпите се откажале од Jустиниjан како император и го прогласиле Хипатиj на неговото место.
Плашеjќи се дека толпите насилно ќе влезат во неговата палата, Jустиниjан бил спремен да побегне од Цариград.
Можеби и ќе го сторел тоа ако не била Теодора која не се исплашила така лесно. Таа, заедно со Белисариj и Нарс, неговите команданти од доверба, го убедила Jустиниjан да остане и да пружи отпор. Речиси веднаш Белисариj и Мундо биле испратени со своите трупи, а секој од нив си пробил пат до хиподромот. Хипатиj и неговите непокорни следбеници биле опколени и насилно скршени, завршуваjќи го немирот “Ника” со 35.000 загинати нарушители на jавниот ред.
Побуната “Ника” очигледно го поставила Jустиниjан цврсто на положбата во Цариград, но таа, исто така, му дала можност да јa исчисти куќата не само од непокорните толпи, туку и од политичката опозициjа. Сите оние кои му се спротивставувале, вклучуваjќи ги сенаторите кои си го покажале своето право лице во текот на побуната, биле елиминирани или побегнале, криеjќи се некаде. Револтот му наштетил на Цариград на повеќе начини. Побуната “Ника” му дала апсолутна власт на Jустиниjан врз Цариград, а во исто време му го расчистила патот за спроведување на неговата програма за изградба. Работата врз неговата нова црква, Света Софија, која ќе ја замени онаа која била разурната од толпите, започнала само четириесет и пет дена откако завршиле немирите.
По прашањата поврзани за надворешната политика, царството на Jустиниjан било вовлечено во три големи воjни, две од нив иницирани од Jустиниjан, а третата наметната од Персиjа. Сасанидските кралеви на Персија владееле со регион што се протегал од Сириjа до Индиjа и од Оманскиот Мореуз до Кавказ. Воениот карактер на сасанидскиот народ го направил да биде опасен неприjател на Православните (Византиjците), чии војнице во тоа време, главно, биле од варварско потекло. Кога Jустиниjан дошол на власт, неговата воена сила кај реката Еуфрат полека слабеела, наспроти постоjаните провокативни напади на Сасанидите. Но, по неколку походи воените вештини на Православните се подобриле и Беласариус постигнал значаен успех и еден мировен договор со Сасанидите бил склучен во 533 година.
За жал, договорот траел се до 539 година кога Сасанидите објавиле војна, поради тоа што, наводно, Jустинијан тајно ковал заговори против нив со Хуните.Во тоа време Јустинијан бил вклучен во еден поход во Италија, па не бил способен соодветно да ја брани својата источна граница.
Затоа Сасанидите напредувале кон Сириjа со мал отпор и до 540 година го освоиле Антиох и ги поробиле неговите жители. Додека војната на источната граница се одолговлекувала четири години, една, дури и пожестока борба, еруптирала во планинскиот регион во jугоисточниот дел од Цpнoтo Море, која траела дваесет и две години и без јaceн победник. Во 562 година било постигнато примирjе и спорниот регион им бил оставен на Православните, со договор Jустиниjан на персискиот крал да му плаќа годишен данок од триесет илjади златници. Оваа војна не само што била неприjатна за Jустиниjан, туку таа во голем степен го ослабела Цaрствoтo и го забавила неговиот капацитет за водење походи на Запад.
Походите на Западот започнале во 533 година со напад на Вандалите кои тогаш јa контролирале Африка. Белисариj бил испратен од Цариград со една голема флота и вoјска. Се истоварил без отпор и јa уништил базата на варварите во само две битки. Северна Африка била ослободена од онаа страна на Гибралтарскиот Мореуз до Сирт /Syrtes/ и потпаднала под контрола на Православните. Во западна Европа, Маварите го контролирале наjголемиот дел од Шпаниjа, но Православните успеале да повратат делови од jужното краjбрежjе. Имаjки јa предвид силата на неприjателот, трупите на Јустинијан се стекнувале со искуство и постигнувале победи со леснотиjа.
Победите во Африка го охрабриле Jустиниjан да им обjави војна на Остроготите во Италиjа, кои биле без водач. По смртта на Теодорик, и подоцна на неговиот внук Атбаларик, готското лидерство ослабело и тие останале, речиси, без водач. Готското Кралство било пространо и ги опфаќало jугоситочниот дел на Галиjа, Раетиjа, Далмациjа, дел од Панониjа, Италија, Сицилиjа, Сардиниjа и Корзика.
Jустиниjан им обjавил војна на Готите во 535 година под изговор да се освети за убиството на кралицата Амаласунта, ќерка на Теодорик, која во тоа време била под заштита на Православните. Jустиниjан, исто така, тврдел дека остроготското кралство отсекогаш му јa должи својата верност на императорот во Цариград.
Белисариj, како командант на италиjанската експедициjа, брзо јa нападнал и навлегол во Сицилиjа, јa освоил jужна Италиjа и го зазел Рим во 536 година. Но, неговите брзи победи не поминале беэ да бидат предизвикани. За само една година, Готите избрале нов крал, Витигес, собрале голема воена сила и се одмаздиле. Опсадата на Рим траела повеќе од една година, но Белисариj храбро се држел. Но, не било тоа само цврстата решеност на Белисариj што ги задржала и на крај ги одбила Готите. Во текот на овој период, често избувнувале болести, а трупите на Готите биле нивна жртва.
Со ослабената војска, Витиг немал избор освен да се откаже од опсадата. Кога опсадата била прекината, Белисариj преминал во офанзива и jа притиснал војскатa на Готите во Равена каде, на крај, таа се предала. Витигес бил заробен и станал затвореник на Jустиниjан во Цариград. Јустиниjан се однесувал кон него со голема сомилост, исто како што се однесувал и кон претходно заробениот крал на Вандалите.
Празнината што била создадена од Готите била пополнета од Православните преку формирање империска администрација во Италија. За жал, поразот на Витигес не значел и крај за Готите. Поголемиот дел од готската нациjа не се потчинила на владеењето на Православните и готската круна му била доделена на еден друг крал. Кралот Тотила или Бадуила, како што бил познат, бил воин со истакнати способности и успеал да јa истера администрациjата на Православните надвор од Италиjа.
Белисариj повторно бил испратен, но неговата оружена сила била премала да јa заврши работата. Во текот на неколкуте наредни години, Готите си ги повратиле своите градови еден по еден, со исклучок на Равена, Отранто и Анкона.
Во тоа време Jустиниjан имал домашни проблеми. По смртта на неговата жена Теодора, која умрела од карцином во 548 година, и бескраjните црковни контроверзи, тој ниту имал ресурси, ниту средства да изврши голем поход. Но, со време, тој му потклекнал на притисокот од броjни прогонети Римjани кои упорно го терале да тргне против Италиjа. Во 552 година, Jустиниjан составил моќна армиjа и под водство на Нарс /Narses/, стар но искусен ерменски генерал, јa испратил да им се спротивстави на Готите.
Нарс марширал со своите оружени сили по должината на заливот на Венециjа и се соочил со војската на Тотила кај Тагина /Taginae/, недалеку од Цесена /Cesena/.Toa била катастрофална битка за Готите. Тотила бил убиен во битката, а неговата војска десеткувана. Но, Готите, одбиле да се предадат и направиле уште еден хероjски обид под водство на Теиj/Teias/, на Лактариjанската Гора /Lactarian Hill/ во Кампаниjа. Нарс задал уште еден страшен удар по што Готите исчезнале од историjата.
Православните повторно јa покориле Италиjа, но додека се случило тoа таа била ужасно осиромашен и ненаселен регион чии имоти биле од мала вредност за Империjата. Како што се покажало подоцна, двете воjни против Вандалите и Готите биле големо осипување на императорските ресурси, кои можеле да бидат подобро потрошени на одбрана на северните граници oд племињата кои вршеле упади.
Освен овие три големи воjни, империjата на Jустиниjан била вознемирувана од сериjа инвазии. На северната граница, различни словенски и хунски племиња, кои биле утврдени по должината на долното течение на реката Дунав и северниот брег на Цpнo Море, вршеле чести пљачкашки експедиции во Тракиjа и Македониjа. Понекогаш, тие продирале дури и до sидините на Цариград, а на jуг дури до Истмус /Isthmus/ на Коринт.
Иако правел наjдобро што можел да го стабилизира своето Царствo, Jустиниjан продолжил да се соочува со нови предизвици. Во 556 година бил соочен со уште една побуна;
наредната година силен земjотрес го погодил неговиот главен град; една година подоцна куполата на новата црква Света Софиjа паднала. Како тоа да не било доволно, речиси во исто време со вратила и чумата. Тогаш, во почетокот на 559 година, една хорда Хуни или протобугари го преминале замрзнатиот Дунав и напредувале кон Балканот.
Хуните продреле на Балканот во три колони. Едната колона се пробивала на jуг и стигнала се до Термопилите.
Другата колона наепредувала кон полуостровот Галиполи, но била запрена од Долгиот sид, кој бил бранет од еден млад офицер од родниот град на Јустинијан. Последната и најопасна колона се пробивала кон Цариград.
Соочен со блиска неизбежна инвазиjа, а без соодветни сили за да се брани, Jустиниjан го повикал пензионираниот Белисариj.Тоj соста-вил мала војска од 300 воjници, негови наjдобри ветерани, и им поставиле стапица на Хуните. Штом ги сочекал Хуните во заседа, Jустиниjан јa презел контролата врз борбата и ги присилил Хуните на договор. Веста дека Jустиниjан повторно јa зацврстува cвoјaтa дунавска флота, ги загрижила и вознемирила Хуните и тие се согласиле на договор што ќе им овозможи сигурен премин назад преку реката Дyнaв. Но, штом стигнале северно од Дунав, тие биле нападнати од нивните ривали, Утигурите /Utigurus/, кои биле подбуцнати од Jустиниjан да им го украдат пленот.
Хуните (Кутригурсите /Kutrigurs/) можеби биле победени, но не и уништени и се вратиле повторно во 562 година ненадеjно да јa нападнат Тракиjа. Хуните и нивните ривали Утигурсите наскоро станале плен на новата хорда варвари, Аварите, кои преминале од азиските степи во почетокот на
560 година.
Јустиниjан умрел во ноември 565 година, а го наследил неговиот внук Jустин II. Несомнено, Jустиниjан бил еден од наjголемите, ако не и наjголем император по Константин кој владеел со Империjата на Православните.
Во своето трагање да изгради голема империjа, Jустиниjан, за жал, економски јa банкротирал. Некои веруваат дека тоа е еден фактор кој придонел за слабеењето на неговата одбрана на границите во годините што следеле, што им овозможило на варварите да извршат инвазии. “…распаѓањето на воениот систем на Балканот, кој Jустиниjан го спроведувал во средината на шестиот век, била резултат не толку многу од уништувањето нанесено од варварските инвазии, колку од сериозните економски и финансиски проблеми предизвикани и од политиката на императорот на други места, и од невозможноста за обезбедување доволна економска поддршка на неговата гигантска програма за изградба на одбраната. Овој заклучок е поткрепен од анализата на залихите на византиски ковани пари од шестиот век, која сугерира дека инфлациjата, а не варварските напади, е одговорна за големата стапка на загуби.” (Стр. 338, Флорин Курта, Фабрикувањето на Словените, Историjа и археологиjа на регионот по долното течение на реката Дунав с. 500-700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001).
Не сум заинтересиран на ова место да дебатирам за “словенскиот проблем”, освен да покажам дека, ако, навистина, тоа бил проблем, тогаш тој морал да биде универзален проблем за целиот балкански регион се до Средоземното Море. Ако Словените, навистина, упаднале на Балканот en masse, односно групно, и ако ги збришале автохтоните населениjа, тогаш тие, исто така, морале да ги убиjат сите се до jуг, до каде што биле способни да стигнат.
Немало никакви sидини, утврдувања или воjски да ги сопрат.
Но, она што е наjинтересно е што, иако конвенционалната историjа се согласува со тврдењето дека Словените навлегле и го освоиле целиот балкански регион, вклучуваjќи го полуостровот jужно од Олимп, таа самата си противречи во однос на националното потекло на современите населениjа.
Од друга страна, таа ги дозволува тврдењата за континуитет, поврзуваjќи ги современите нации jужно од Олимп со античките нации, но, во исто време, го негира континуитетот за современите нации за населенијата северно од Олимп.
Дали е ова историска вистина или политичка иновација, “зготвена” да им служи на интересите на едни, а истовремено да ги ускратува интересите на други? Нели Словените, наводно, го освоиле целиот регион?
Современиот балкански историчар денес се соочува со два контрадикторни проблема. Од една страна, тој е соочен со непотврденото, небулозното тврдење дека Словените упаднале на Балканот en masse и ги убиле неговите “цивилизирани и неагресивни” автохтони жители, а од друга страна, тој е бомбардиран со контрадикторните тврдења за претсловенскиот континуитет на современата раса.
Како што е претходно спомнато, “словенскиот феномен” во голем дел е политички феномен со мало историско значење.
Причините што им се припишуваат на Словените, за разлика од Готите, Хуните, Бугарите, Аварите, итн., како виновници за инвазиите и опустошувањето на Балканот, е да се обjасни широката употреба на словенскиот jазик. Со други зборови, “словенскиот феномен” е современа креациjа од XIX век наменета да јa обjасни преовладувачката употреба на современите словенски jазици. Но, наjжалосно е, што современите научници избираат да ги игнорираат археолошките докази кои ги поврзуваат Словените од VI век со атничките предисториски Венети. “Археолошките истражување веќе обезбедиjа огромно количество докази што јa поддржуваат идеjата дека Венетите биле Словени.” (Стр. 13, Флорин Курта, Фабрикувањето на Словените, Историјa и археологиjа на регионот по долното течение на реката Дунав с. 500-700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001). Прифаќајќи јa хипотезата дека Венетите и Словените се поврзани, не само што го обезбедува лингвистичкиот континуитет на современите Македонци со античките Mакедонци, туку и го идентификува таканаречениот “таинствен” македонски jазик на античките времиња. Имаjќи го предвид ова, не можеме да ги негираме тврдењата дека македонските воjници и населениците на Александар зборувале на словенски jазик и дека тој бил раширен низ целото огромно пространство на нецивилизираните региони на источна Европа и северна Азиjа. Исто така, не би било невeројaтнo да се претпостави дека Макодонците на Александар колонизирале делови од европска Русиjа, што би било потврда за многуте заеднички топоними кои Македониjа и европска Русија ги споделуваат.
А, сега да се вратиме на сториjата за Jустиниjан. Јустиниjан не оставил свои деца кога умрел, но изгледа дека немало кусок од наследници. Теодора умрела седумнаесет години пред Jустиниjан, оставаjќи го без деца. Jустиниjан имал околу половина дузина внуци, но Jустин, синот на неговата сестра Вигилантиjа, се покажал дораснат на ситуациjата да го заземе местото на Jустиниjан. Jустин или Jустин II, како што подоцна бил познат, бил женет со Софиjа, една од внуките на Теодора. Jустин, наjпрво, се поjавил на политичката сцена во 552 година кога бил назначен да биде одговорен за секоjдневните деловни работи во палатата.
Неговото однесување со важни личности, вклучуваjќи го Тибериј, кој нa крајот ќе го наследи него, му го дало потребниот публицитет за да ја добие поддршката на палатата. Негов едниствен ривал бил Јустин, синот на Герман, кој кога умрел Јустинијан бил господар, односно заповедник на војниците во Илирија, чувајќи ја границата на реката Дунав.
Кога Jустиниjан неочекувано умрел, ноќта на 14 ноември 565 година, Jустин бил на вистинското место во вистинското време за да јa добие cвојата акламациjа. Група сенатори со брзање отишле во палатата на Jустин за да се сретнат со Jустин и Вигилантиjа и да рапортираат за смртта на Jустиниjан. Јустин и Софиjа со придружба отишле во Зелената палата каде што Jустин бил крунисан од патриjархот. Наредното утро, Jустин се поjавил во императорската ложа на Хиподромот, носејќи јa круната и примаjќи акламации од народот. Еден ден по својата инаугурациjа, Jустин јa крунисал својата жена Софиjа за Августа.
Првиот деловен налог на Jустин II било отплатување на долговите на Jустиниjан. Јустиниjан ги акумулирал долговите, во своите последни години, така што собирал пари преку присилни заеми. Освен тоа, единството на Империjата зависело од теолошкиот мир. Јустиниjан умрел и јa оставил црквата во криза. Неслогата помеѓу фракциите на Халкедонците и Монофиситите била поголема од било кога.
Сега, кога Монофиситите имале свои свештеници и епископи, било помалку веројатно дека било кога расколот ќе биде излечен. Императорката Софиjа, како и неjзината тетка пред тоа, отворено била Монофисит. Јустин II најверојатно бил наклонет во истиот правец, но сфатил дека симпатиите кон Монофиститите би биле политичка одговорност, па јa убедил своjата жена и тие дваjцата станале православни.
Во меѓувремe, Jустин II не губел време и наредил да биде убиен неговиот ривал Jустин, син на Герман. Без никакви предизвикувачи и самоуверен во своите сопствени способности, Jустин јa презел улогата на император и почнал да прима пратеници. Во рок од една недела пристигнале Аварите, барајќи ги нивните субвенции кои Jустиниjан им ги ветил, но Jустин одбил да им плати. Набрзо потоа, Jустин бил вовлечен во аварските, гепидските и ломбардските прашања /Аvаr, Gepid, Lombard affairs/ и како резултат на тоа јa изгубил Италиjа. Ломбардите упаднале во Италиjа во 568 година и јa освоиле само за неколку години. Во 572 година, предлозите што им ги дал Jустин на Турците довеле до војна со Персиjа и по два катастрофални похода, Персиjците јa освоиле Сириjа. Било постигнато едногодишно примирjе со Персиjа по цена на губење на Армениjа и по цена од 45.000 солиди (стари римски пари).
Аварите чекале додека Православните не станале послаби поради војната со Персиjците па потоа јa преминале реката Дунав, при крајот на 573 година, и јa нападнале војската на Тибериj. Јустин не бил спремен за други загуби. Неспособен успешно да се справи со ситуациjата, се разболел откако јa добил лошата вест. Бидејќи Jустин не бил способен да командува со Империjата, царицата Софиjа не губела време и го унапредила Тибериj во ко-владетел. Тибериj склучил мир со Аварите и, тогаш за тогаш, го спасил Цaрството од пропаст. За жал, на мирот не му било судено да трае долго.
Иако границата на Дунав се уште издржувала, било прашање на време кога Аварите ќе преjдат повторно на jуг.
Неизбежното навистина се случило околу 582 година, во текот на времето на Тибериj II, кога една хорда Авари и Словени прешла надолу на jуг до Атина.
Јустин II никогаш не закрепнал од болеста и во декември 574 година го наименувал Тибериј Цезар со името Тибериј Константин.
Жената на Jустин, Софиjа, била решена да јa задржи својата позиција на Августа се додека Jустин бил жив. Во меѓувреме, одбила да му дозволи на Тибериj во палатата да јa донесе неговата жена Ино. Имало гласини дека Софиjа сакала да се омажи за Тибериj и затоа форсирала неговото семејство да живее во друга палата. Без разлика дали овие гласини биле точни, тактиката на Софиjа на крај успеала, така што Ино била преселена од Цариград. Но, Тибериj не покажал наклонетост да се откаже од својата жена па затоа, дури и пред Jустин II да умре во 578 година, Софиjа ковала заговор со Jустиниjан, другиот син на Герман, да го замени него. Тибериj бил многу попаметен и популарен кај народот за да падне како жртва на интригите на Софи ја и, по смртта на Jустин, тој станал единствен владетел на православното царство.
Штом Тибериj станал император, Софиjа морала да го прифати поразот. На неговото крунисување на Хиподромот, од Тибериj било побарано да јa именува својата царина. Во тој миг, тој јa прогласил Ино, која јa именувала Анастасиjа, за негова царица и законска жена. Нејзиното крунисување за Августа било удар за Софиjа која се преселила во друга палата преку Босфорот, што била изградена од Jустин.
ГЛАВА 16 - ПЕРИОДОТ НА ОПАЃАЊЕ Грандиозните проекти и походите на Jустиниjан I во текот на неговото владеење, во голем степен придонеле за славата на православието (на православните земjи), но, во исто време, тие економиjата нa Царството јa довеле до банкрот.
Jустин II, скршен од своите лични неуспеси, умрел во мака.
Тибериj имал извесен успех со тоа што постигнал мир со Персиjците, но тој мир не траел премногу долго. Додека Тибериj преземал походи на запад, Аварите, во отсутво на православни (византиски) трупи, го освоиле Балканот и побарале Тибериj да се откаже од контролата врз градот Сирмиум (во близина на денешниот град Митровица во Србиjа). Кога Тибериj одбил, тие нападнале. Брзаjќи да јa искористат слабоста на Православните, Персијците го прекршиле мировниот договор, кој веќе бил во сила, и повторно ги продолжиле неприjателствата. Остануваjќи без голем избор, Тибериj го испратил Мауриц /Maurice/, еден од своите команданти, во Арменија коjа била под власта на Персиjците. Во текот на наредните неколку години тоj извршил сериjа успешни походи таму. Присилен да ги фокусира своите воени напори врз Персиjците, Тибериj немал трупи да ги одбие Аварите и затоа им попуштил на нивните барања. Во 582 година, власта на Православните врз Сирмиум им била дадена на Аварите. За да му биде овозможено безбедно да ги евакуира жителите на градот, Тибериj се согласил на Аварите да им исплати 240.000 солиди. Тоа била вкупната сума неплатени субвенции кои Империjата ги должела во последните 3 години.
Во 582 година Тибериj сериозно се разболел и ги поставил Мауриц и Герман за негови наследници. За да им даде легитимитет, наредил cекој од нив да се вери со по една од неговите ќерки и ги издигнал на ранг Цезар. Но, кога дошло време, Тибериj го крунисал само Мауриц за Август. На 14 август 582 година Тибериj умрел и Мауриц станал единствен император на православната империjа.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/32 on October 29, 2026