Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

Front Matter - Part 06

By Ристо Стефов · Part 6 of 64 · About 20 minutes

Read in English

Ако античките градови-држави биле најцивилизираниот и најдоминантниот народ во античкото време, како што вели Хамонд, зошто тие не доминираат со светот денес? Зошто нивната супериорна цивилизација изумрела? Научно е докажано дека цивилизираните луѓе имаат поголемо влијание врз нецивилизарните. Обратно, нецивилизираните луѓе имаат многу мало влијание врз цивилизираните, без разлика кои се подоминантни. Египет е одличен пример за ова.

Зошто толку многу народи, на толку пространа територија, денес говорат словенски, дериват на предисторискиот македонски јазик, ако атичкиот јазик бил наводно најдоминантен јазик? Зошто не постои ниту едно село во Македонија пред 1912 година кое има грчко име или во кое се зборува грчки? Ако примитивните Словени ги освоиле и асимилирале таканаречените хеленизирани и цивилизирани Македонци, зошто тие не го присвоиле нивниот понапреден јазик, култура и топоними?

Одговорот е многу едноставен. Македонците никогаш не биле хеленизирани и, според тоа, го задржале својот словенски јазик и словенската култура од времето на Венетите. Неодамнешните и независни генетски студии и студиите за ДНК потврдуваат дека современите Македонци се еден од најстарите народи кои денес живеат на Балканот.

Да се мисли дека една интелектуално инфериорна раса би заменила супериорна раса, не само што е далеку од умот, туку, исто така, е и ненаучно.

Нема сомнение дека денешните словенски јазици се литературни деривати од словенските дијалекти кои постоеле во различни региони, пред да бидат формирани словенските држави. Сепак, за дијалектите да постојат, мора да имало еден заеднички коренски или мајчин јазик во некоја претходна точка во времето. Невозможно е да се формираат дијалекти без еден коренски јазик. Исто така, дивергенцијата во јазикот и формирањето дијлекти е директно пропорционално на староста на коренскиот јазик. Колку што се подивергентни дијалектите, толку постар е и коренскиот јазик. Дивергенцијата во еден јазик може да се припише на два фактора – на пролонгирана изолација и на надворешно влијание. Знаеме дека браќата Кирил и Методиј вовеле ревизија на македонскиот јазик во текот на VIII и IX век по Христа. Исто така, знаеме дека браќата не ги измислиле туку, поправо, ги ажурирале буквите за тие правилно да ја претставуваат природната еволуција на говорниот јазик.

Македонскиот усмен јазик отсекогаш постоел и природно се развивал. За жал, поради долготрајното влијание на Римјаните, писмената форма на македонскиот јазик била занемарена. Браќата го ажурирале писмениот дел од македонскиот јазик за да ја искористат неговата природна еволуција и да го задржат да биде фонетски. Ова е нешто што на англискиот јазик очајнички му треба. Кај еден фонетски јазик, никој никогаш не би имал потреба со години и години да учи како да спелува.

За разлика од македонскиот јазик, на кој зборувале сите Македонци низ вековите, атичкиот јазик бил изгубен до точка на изумирање, само за да воскресне и вештачки да биде наметнат како “katharevusa”, односно литературен грчки јазик, во втората половина на XIX век.

Во текот VIII и XI век по Христа, ослободена од римското угнетување, а под позитивното влијание на христијанството, македонската цивилизација цветала и повторно се издигнала до својата поранешна слава. Античките градови-држави, од друга страна, ги изгубиле своите методи и патишта и станале потчинети на Православните (Византијците), а подоцна и на Отоманците, се до XIX век.

Според Теоријата на континуитетот на Марио Алинеи, Словените отсекогаш постоеле онаму каде што тие постојат и денес. Со голема сигурност можам да го тврдам истото за Македонците. Поддржани од Теоријата за континуитет и со неодамнешните независни генетски студии и студиите на ДНК, Македонците се една од најстарите групи народи што постојат на јужниот Балкан. Морам, исто така, да нагласам дека ова ги негира старите верување дека современите Македонци мигрирале кон Балканот во текот на VI, VII и VIII век по Христа, во текот на таканаречените инвазии на Словените. Ваквите политички мотивирани тврдења се чисти измислици на грчките и западните научници од XIX век фабрикувани да им се овозможи на Грците да полагаат право врз македонската територија. Српските, а подоцна и југословенските власти, продолжиле со таа идеја со цел Јужните Словени да бидат и да останат обединети под слоганот “еден словенски народ, една словенска нација/држава”. Но, тоа не е вистина. Како што е покажано, Македонците се посебна нација, различна од другите словенски нации и тоа е така барем 3000 години. И Словенците имаат слични тврења дека нивните корени, исто така, може да се протегаат назад до предисториските протословенски Венети.

Постојат докази кои покажуваат “движење на народи” во VI, VII и VIII век по Христа, но тоа не биле инвазии како што ги опишуваат современите научници, туку поточно движења на бегалци кои барале прибежиште. Тактиката на притисок и терор од прототурските и татарските племиња, кои навлегувале од север, го истиснувале автохтониот народ од нивните земјишта, терајќи го се подлабоко и подлабоко во Балканот.

Фактот дека има толку многу Македонци кои денес го задржале својот македонски јазик и македонска култура без институционализирана поддршка и преживеале многу угнетувања и многу обиди за асимилација од други нации, покажува дека тие имаат огромна желба и цврста определба да останат Македонци. Она што е вистина денес, веројатно, било вистина и пред три илјади години кога малото македонско кралство повторно закрепнувало од последиците на ужасните војни.

Не се знае кои биле првите племенски кралеви на Македонија и колку наназад се протега нивната лоза.

Вообичаената историја го определува раѓањето на Ега (Аргеадската македонска кралска династија /the Argead Macedonian Royal House/) некаде во почетокот на VII век пред Христа, со Пердика I како нејзин прв владетел. (Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990)

Пред Македонците да ја прошират својата територија надвор од планинските региони на Костур/Лерин, нивниот центар бил сместен во Рупиште (Аргос) /Rupishcha (Argos/).

Легендата вели дека првиот владетел кој ја основал аргеадската кралска куќа во Аргос бил Каран /Caranus/. Се верува дека тој бил првиот крал кој владеел со македонското кралство од приближно 808 до 778 година пред Христа.

(http://www.historyofmacedonia.org/ConciseMacedonia/timeline

.html)

Мое убедување е дека Каран воопшто не бил владетел, туку име како стартна точка што го користат Македонците за да го утврдат почетокот на својата кралска лоза. Можеме да извлечеме посоодветно значење за Каран ако го изоставиме латинското “us” за да добиеме Каран /Caran/. Сега, ако Каран го претвориме во неговиот македонски еквивалент ќе добиеме Корен. Англиското значење на македонскиот збор “корен” е зборот “root” или “beginning”. Со други зборови, се проценува дека лозата на македонската аргеадска кралска династија започнала во приближно 800 година пред Христа.

Александар Донски има поинаква интерпретација за Каран(ус). “Ова име можеби е поврзано со денешната македонска именка “круна”. Името Каранче /Karanche/ е присутно во денешната македонска ономастика.” На македонското мало кралство му требало околу 200 години да го зголеми своето население пред да биде способно целосно да ги окупира напуштените фригиски територии на Воден кои биле плодни и со бујна вегетација.

Знаеме од Херодот дека Пердика и неговите браќа го преселиле македонскиот центар, но не е даден даутм за тој потег. “Херодот (8.183) напишал дека “[Пердика] дошол во друг дел на Македонија и се населил во близина на градините именувани по Мидас, син на Гордиј... над градината се издига планината наречена Бермион, несовладлива во зима”.” (Стр. 65, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990).

Верувам дека овој друг дел на Македонија, на кој Херодот се повикува, се наоѓа во близина на сегашниот Воден. Бидејќи биле способни да живеат на планински терен, верувам дека Македонците претпочитале да се симнат до Воден преку подиректна рута преку планините, отколку да ја следат реката Бистра, како што докажуваат некои историчари.

Непотврдено е моето убедување дека градот Ега бил формиран во близината на Воден во текот на VII век пред Христа и станал втор македонски главен град. Хамонд проценува дека Пердика дошол на престолот во 650 година пред Христа. (Стр. 11, Хамонд, Чудото што беше Македонија).

Освен неколку стории за неговите младешки денови, има малку информации напишани за Пердика и неговите постигнувања како прв крал на Ега. Преведен од Џорџ Роулинсон /George Rawlinson/, еве што Херодот има да каже за Пердика. “Тројца браќа, потомци на Темен /Temenus/, побегнале од Аргос кај Илирциете; Нивните имиња биле Гаун, Аероп и Пердика /Gauanes, Aeropus/. Од Илирија отишле во Горна Македонија каде стигнале во извесен град наречен Леба /Lebaea/. Потоа се вработиле како слуги кај кралот; едниот се грижел за коњите, другиот чувал крави, додека Пердика, кој бил најмлад, се грижел за поситниот добиток. Во тие рани времиња сиромаштијата не била ограничена само за обичните луѓе; и самите кралеви биле сиромашни, па така и жената на кралот готвела храна.

Сега, штом ќе печела леб, секогаш забележувала дека парчето леб за работникот Пердика се зголемувало и станувало двапати поголемо. Затоа кралицата, кога увидела дека тоа секогаш се случува, му кажала за тоа на својот маж.

Штом тоа дошло до неговите уши, веднаш помислил дека тоа е чудо и насетил нешто што е од големо значење. Затоа пратил да ги викнат тројцата работници и им рекол да си заминат од неговите подрачја. Тие одговориле дека имаат право на својата плата; ако тој им го плати она што им следува, тогаш тие ќе бидат сосема подготвени да си одат.

Тогаш, се случило сонцето да засвети низ оџакот во собата во која биле и кралот, кога слушнал дека тие зборуваат за плата, го изгубил разумот и рекол: “Еве ви ја платата што ја заслужувате; земете го ова – ви го давам вам!” и, додека зборувал, покажал на сончевате светлина. Двајцата постари браќа, Гаун и Аерон, вчудоневидени од неговиот одговор, ништо не сториле; но момчето кое имало нож во раката, направило со него еден знак околу сончевата светлина на подот од собата и рекол: “О кралу! Ја прифаќаме вашата исплата.” Потоа, трипати ја примил светлината на сонцето во своите гради и така си заминал; и неговите двајца браќа заминале со него. Кога отишле, еден од оние кои седеле до кралот му кажал што направил најмладиот од тројцата и навестил дека тој мора да има нешто на ум со тоа што ја прифатил дадената плата. Тогаш кралот, кога слушнал што се случило, се налутил и испратил јавачи да одат по момчињата и да ги отепаат. Во Македонија постои една река на која потомците на овие Аргивци /Argives/ нудат жртва за свое спасение. Речната буица толку многу се зголемила така што, кога синовите на Темен биле на сигурно на другата страна, јавачите виделе дека е невозможно да ги следат. Па така, браќата побегнале во друг дел на Македонија и се населиле во местото наречено “градините на Мидас, син на Гордиј.” Во тие градини имало рози кои растат сами по себе, толку миризливи што други не може да им се приближат, а секој цвет има шеесет ливчиња. Тоа било таму, според Македонците, каде што Силениј /Silenius/ бил затворен. Над градините исправено стоела планината наречена Бермиј, која ја викале така бидејќи никој не можел да стигне на врвот.

Овде браќата се населиле, а од тоа место постепено ја освоиле цела Македонија.” (Од првата Книга на Херодот од Халикарнас /Halicarnassus/, ~440 година пред Христа, Историјата на Херодот, преведена од Џорџ Роулинсон /~440BC THE HISTORY OF HERODOTUS, translated by George Rawlinson).

На ова место нема да навлегувам во деталите за фамилијарните карактерни особини на македонската кралска куќа бидејќи е многу магловито и, во најдобар случај, претпоставка. Ако сакате да дознаете повеќе за ова, консултирајте ја стр. 31, Хамонд, “Чудото што беше Македонија” или стр. 80, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон”.

Херодот продолжува: “Од Пердика, за кого овде зборуваме, Александар потекнува на следниов начин.

Александар бил син на Аминта /Amyntas/, Аминта на Алкета /Alcetas/; татко на Алкета бил Аероп /Aeropus/; на Аероп, Филип; на Филип, Аргеј, /Argaeus/; на Аргеј, Пердика, првиот суверен”. Со други зборови, познатите кралеви на Македонија пред времето на Херодот владееле вака: Пердика I, Аргај, Пилип I, Аероп I, Алкета, Аминта I и Александар I.

И повторно не бев во состојба да најдам многу за македонската кралска лоза и за досигнувањата на кралевите кои владееле до времето на Александар I (498-454).

Борза, во почетокот на Глава 5 од неговата книга “Во сенката на Олимп, Појаваta на Македон”, го опишува македонското кралство за време на владеењето на Аминта I како слабо, ретко населено и кое опстојувало во отсуство на надворешна закана. Територијата која Аминта ја контролирал за време на неговото владеење, ги опфаќала централната македонска рамнина и периферните подножја, пирејската крајбрежната рамнина (Катерини) под Олимп и, можеби, плодната рамнина Алмопија (Меглен) /Almopia (Meglen)/, опкружена со планини. На југ биле распространети луѓето на Тесалија, а на западните планини биле Молосијанците /Molossians/ или народот од западен Епир, племиња на неаргеадски Македонци. Подалеку се простирале воените Илирци, а источно од реката Бистрица се простирале пеонските и тракиските племиња /Paeonian, Thracian/.

Како што се приширувало македонското кралство и си го пробивало патот до низините и до бреговите на Егејското Море, така тоа не било повеќе изолирано и почнало да ги ужива економските и културните текови на егејскиот свет, како и заплетканоста на неговата политика.

По преместувањето на својот главен град во Ега, на Македонците повеќе не се гледало како на племенско кралство, туку повеќе како на кралство на чело со монарх.

Тогаш, токму кога Александар I требало да биде крунисан, на македонското кралство се гледало како на сила со влијание. За жал, тоа се уште било слабо за успешно воено да се одбрани од своите моќни соседи.

За разлика од неговиот татко, Александар I се родил во свет на општествени турбуленции и политичка промена. Со издигнувањето на Персиската Империја и нејзиното проширување кон запад, новите конфликти само што не започнале да се случуваат што засекогаш ќе го изменат балансот на силите на Балканот.

Во еден обид да го опкружат Црното Море, персиските сили го поминале Босфорскиот Мореуз околу 513 година пред Христа, ја поразиле источна Тракија и марширале на запад до басенот на реката Струма. Победоносниот крал Дариј, кој ги поразил Тракијците, го оставил Мегабаз /Megabazus/,еден од своите команданти, да раководи со неговите сили, а тој се вратил во Персија. Откако склучил мир со останатите тракиски племиња, Магабаз депортирал дел од заробеното население во Азија, веројатно за робовска работа, а испратил свои пратеници во Македонија да им понудат на Македонците можност за мирољубива спогодба.

Плашејќи се од гневот на Персијците, кралот Аминта не пружил никаков отпор и љубезно ги примил пратениците.

Како што вели приказната натаму, се одело добро додека Персијците не побарале македонските жени да ги забавуваат во текот на ноќта. Но, тоа барање не им се допаднало на Македониците и персиските пратеници исчезнале за да не бидат најдени никогаш повеќе.

Еве што Херодот имал да каже: {Што се однесува до Мегабаз, штом ги потчинил Пеонците /the Paeonians/, веднаш во Македонија испратил амбасадори-Персијци, избирајќи за таа цел седуммина најугледни од сите во војската, веднаш по него. Тие отишле кај Аминта и побарале тој да му даде земја и вода на кралот Дариј. Постои многу краток засед преку езерото Прасијас /lake Prasias/ до Македонија. Сосема блиску до езерото се наоѓа рудникот кој подоцна на Александар му давал по еден талент сребро на ден; а од тој рудник треба само да се помине планината Дисорум /Dysorum/ за да се најдете на македонска територија. Значи, Персијците ги испратиле седуммината на задача и кога стигнале на дворот, биле однесени пред Аминта, барајќи од него да му даде земја и вода на кралот Дариј. А, Аминта не само што им го дал тоа што го побарале, туку, исто така, ги поканил на гозба и пир кај него, по што наредил трпезата да биде обилна и величествена, а потоа ги забавувал на гостољубив и пријателски начин. Штом завршиле со оброкот и почнале да пијат, Персијцете рекле: “Мил Македонец, ние Персијците имаме обичај кога правиме голема гозба и пир, на маса со нас да седат нашите сопруги и конкубини. Штом ти не прими толку љубезно и не нагости толку убаво, а што е уште поважно му даде земја и вода на кралот Дариј, спроведи го, исто така, и нашиот обичај.” Тогаш Аминта одговорил: “О, Персијци! Ние немаме таков обичај; кај нас, мажите и жените седат одделно. Сепак, бидејќи вам, кои сте наши господари, така сакате, и тоа ќе ви биде удоволено.” Кога Аминта го рекол тоа, пратил да донесат неколку жени. И жените дошле на неговиот повик, денале една до друга, спроти Персијците. Кога Персијците виделе дека жените се плашат, а се толку убави, повторно му се обратиле на Аминта: “Она што е сторено не е мудро; бидејќи подобро би било жените воопшто и да не дојдеа, отколку што дојдоа на ваков начин; не седнаа на наша страна, до нас, туку на спротивната за да ни ги мачат очите.” Така, Аминта бил присилен да им нареди на жените да седнат до Персијците.

Жените направиле како што им било наредено; тогаш Персијците, кои испиле повеќе отколку што требало, почнале да ги ставаат своите раце врз нив; еден дури се обиеил да ја бакне жената што седела до него. Кралот Аминта гледал, но молчел, иако крајно жалел, бидејќи многу се плашел од моќта на Персијците. Но, Александар, синот на Аминта, кој, исто така, бил присутен и кој бил сведок на сето тоа, бидејќи бил млад и не знаел што е тоа страдање, не можел повеќе да се воздржува. Затоа, исполнет со јарост и гнев, вака му рекол на Аминта: “Драг татко, ти си стар и ќе се поштедиш себеси. Стани од масава и оди да се одмориш;

не останувај да пиеш. Јас ќе останам со гостите и ќе им дадам се што е потребно”. Аминта, кој претпоставувал дека Александар ќе направи некоја бесмислена шега, одговорил:

“Мил мој сину, твоите зборови ми звучат како да се на некој кој е блиску до оган и забележувам дека ме бркаш за да можеш да направиш некое непромислено дело. Те преколнувам да не правиш урнебес за овие луѓе, а уште помалку сите нас да не донесеш до уништување, туку внимавај да изгледаш смирено што и да прават тие. А, што се однесува до мене, ќе се повлечам како што ми нареди”.

Аминта, штом му го рекол ова на сина си, излегол. А, Александар им рекол на Персијците: “Сметајте ги овие дами како да се ваши сопствени, драги туѓинци, сите или било која од нив – само кажете ги вашите желби. Но сега, како што се приближува ноќта, а гледам дека доволно се напивте, дозволете им, ако ви е по волја, да се повлечат а кога ќе се искапат, тие повторно ќе се вратат.” Персијците се согласиле, а Александар, откако жените излегле, ги испратил до харемот и наредил во нивните соби да има исто толку голобради момчиња, облечени во женски наметки кои потоа ги вооружил со бодежи и им ги однел на Персијците, претставувајќи им ги со зборовите: “Мислам, драги Персијци, дека ништо не ви недостасува во вашата забава. Ја поставивме масата пред вас со сето она што го чуваме за себе и се што можевме да најдеме ви дадовме вам – а сега, да го крунисаме сето тоа, ви ги носиме нашите сестри и мајки за да можете да сфатите дека целосно сте почитувани од нас, онака како што доликува да бидете – а, исто така, и за да можете да му пренесете на кралот кој ве испратил овде дека има еден човек, намесникот на Македонија, од кого вие бевте и нагостени и убаво сместени.” Велејќи го тоа, Александар до секој од нив ставил една од оние што тој ги нарекувал македонски жени, а всушност биле мажи. А тие мажи, кога Персијците станеле груби, ги погубиле со своите бодежи. На тој начин амбасадорите исчезнале, а, исто така, исчезнале и оние кои ги придружувале. Персијците донеле голема свита со нив, кочии, слуги и багаж од секаков вид, но сето тоа исчезнало во исто време кога исчезнале и тие. Кратко време, потоа, Персијците извршиле детална потрага по нивните изгубени амбасадори; но, Александар, со многу мудрост ја прикрил работата така што ги поткупил оние кои биле пратени на таа задача, делумно со пари, а делумно подарувајќи им ја својата сестра Гига /Gygaea/, која дал да се омажи за Бубарес /Bubares/, Персиец, главен водач на експедицијата која дошла во потрага по изгубените мажи. На тој начин, смртта на тие Персијци била прикриена и никогаш повеќе не се говорело за истата.} (Од првата книга на Херодот од Халикарнас, 440 година пред Христа, ИСТОРИЈАТА НА ХЕРОДОТ, преведена од Џорџ Роулинсон).

Борза не се согласува сосема со приказната на Херодот, ама се согласува дека бракот на Гига со Бубарес бил вистински. Борза мисли дека тоа бил Аминта, не Александар, кој го договорил бракот како дел од преговорите за македонско-персиски сојуз. (стр. 102-103, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси,

1990 година).

Освен чудните приказни кои го опкружувале Александар, не можев да најдам никакви други информации за владеењето на Аминта. Се верува дека Аминта умрел во 498 или 497 година пред Христа и дека бил наследен од Александар I истата година.

Животот во Македонија бил релативно мирен до 492 година пред Христа кога една персиска експедициска сила, под команда на Мардониј /Mardonius/, преминала во Европа со наредба да ја нападне Атина. Но, пред да вмаршира во Атина, а целосно занемарувајќи го македонско-персискиот сојуз, Мардониј решил да ги нападне локалните гратчиња, да зароби тракиски и македонски цивили и да ги направи робови. Акцијата на Персијците го испровоцирала локалното население и тие возвратиле со противнапад. Персиската флота била нападната и потепена од страна на Бригите /the Bryges/ (Фригијците /Phrygians/) од Тракија додека се обидувала да плови околу Атос /Athos/ (Св. Гора). Ослабен од нападот, Мардониј не можел да ја исполни својата мисија и затоа се вратил во Персија. На Александар воопшто не му се допаднала помислата да го види својот народ во ропство.

Загубата на персиската флота во 492 година пред Христа била само безначаен неуспех за персиските планови.

Наредната сцена која чекала да биде одиграна ќе се случи две години подоцна на атинското поле Маратон.

Со стапување на Ксеркс /Xerxes/ на престолот во 486 година пред Христа, голема персиска воена сила била подготвена и предводена во Европа во 480 година пред Христа. На војската и било дозволено да помине низ Македонија без да биде предизвикана.

Како персиски пратеник, дипломатските вештини на Александар биле тестирани во зимата 480/479 година пред Христа кога персискиот командант Мардониј го испратил во Атина да преговара за предавање на Атињаните. Наспроти неговите потврдени вештини, никакво мирно решавање не било постигнато и избувнала војна. Македонците се бореле на персиска страна против Атињаните. Иако никаква причина не им се дава на неговите мотиви, Александар изгледа им бил од помош на Атињаните. Некои велат дека тој бил двоен агент и дека играл на картата двете страни да војуваат една против друга. Меѓутоа, постојат докази кои наведуваат дека Александар ги предупредил Атињантие за персиските планови во неколку наврати.

Персиската инвазија на Атина се покажала неуспешна. По смртта на Мардониј, инвазијата пропаднала и персиската експедициона воена сила ги напуштила плановите и со брзо повлекување се вратила во Персија. Откако Персијците заминале, Александар останал со неколку проблеми. Од една страна, се соочувал со моќните Атињани на кои морал да им даде одговор за неговата вмешаност со Персијците. Од друга страна, персиското опустошување во Тракија ги ослабело тракиските упоришта и ги направило да бидат лесен плен за авантуристите. Тракиските земјишта, богати со минерални лежишта, биле многу вредни и атрактивни да се поседуваат.

Од она што Херодот ни го кажува, Александар добро ја одиграл својата убедлива улога кај Атињаните. Бил брз да ги истакне добрите и големи дела што тој ги сторил за нив и добрата волја што ја имал кон сите градови-држави.

Неговата одбрана мора да била успешна бидејќи Атињаните не му наштетиле и, што е најважно, продолжиле да купуваат дрвена граѓа од неговото кралство.