Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 12

By Ристо Стефов · Part 25 of 64 · About 20 minutes

Read in English

Клеопатра била брилијантна, решителна, остроумна и добро зборувала девет јазици. Таа, исто така, била матерматичар и препредена деловна жена. Се борела за нејзината земја и народ, кој, за возврат, се кренал за неа кога се било изгубено. Таа била харизматична личност, роден водач и многу амбициозен монарх. Овие особини, во подобри услови, ќе ја ставеле во ист ранг како Александар Македонски. Се вели дека Рим се плашел само од двајца, од Ханибал и од Клеопатра. Таа зборувала египетски и од нејзините поданици била третирана како да е жива легенда, дури и откако починала. За нив, таа била нова Изис.

“Клеопатра била кралица. Таа била, како што нејзината куќна помошничка Чармиот /Charmiot/ ги потсетила Римјаните кои провалиле во мавзолејот каде таа лежела мртва, “потомок на толку многу кралеви”. Целиот нејзин живот бил посветен на нејзината земја Египет, и на обидите да го зачува неговиот национален суверенитет под владењето на династијата на Птоломејците, на која таа и припаѓала. Таа била седма египетска кралица со тоа име, но низвесно е дали таа воопшто имала египетска крв во своите вени. Таа била Македонка...” (Стр. 11, Ернл Брадфорд, Клеопатра, Hodder and Stroughton Ltd, Лондон 1971).

Владеењето на Клеопатра не можело да дојде во полошо време. Помеѓу 51 и 49 година пред Христа, Египет страдал од суша и глад, а граѓанска војна избувнала во Италија. За да бидат работите полоши, при крајот на летото во 51 година пред Христа, Клеопатра го истерала својот помлад брат како ко-владетел и решила да владее сама. За жал, некои моќни судски функционери во Александрија не се согласиле со нејзините дејства и ја истерале во корист на нејзиниот брат.

Лишена од нејзините египетски следбеници, Клеопатра отишла меѓу арапските племиња источно од Пелусиум /Pelusium/ и започнала да собира војска. Речиси во исто време, во 48 година пред Христа, Помпеј бил поразен од Цезар кај Фарсал /Pharsalus/ и тргнал во правец на Александрија. Помпеј бил сојузник и Сенатот назначил старател за младиот Птоломеј XIII, потпирајќи се на Египет за поддршка. Кога бил поразен, веќе не бил високо ценет, а советниците на младиот Птоломеј веќе се загревале за Цезар.

Во моментот кога Помпеј стапнал на александрискиот брег (28 септември, 48 година пред Христа), советниците на Птоломеј наредиле да биде убиен, а неговата глава да се зачува и да биде покажана на Цезар. Иако на Цезар му било мило да го види мртвиот Помпеј, сепак, бил вџашен од глетката и од околностите на неговата смрт.

Победоносниот Цезар влегол во Александрија на 2 октомври, 28 година пред Христа, со приближно три илјади легионери и околу осумстотини коњаници. Бил придружуван од дванаесет лектори (оние кои ги носеле фасцесите, т.е.

палки врзани околу една секира), можеби знак на она што допрва ќе се случи. Старателите на Птоломеј можеби биле желни да ја поздрават римската доминација, но Македонците не биле и веднаш почнале да се бунтуваат. Птоломеј XIII не бил таму во тоа време, туку бил во Пелусиум каде ги бранел своите граници од Клеопатра. Во негово отсуство, Цезар се сместил во кралската палата и почнал да дава наредби како тоа да била негова сопствена палата. Неговите победи против Помпеј мора да направиле тој да има преголема самодоверба и, во спрега со неговата арогантност, го направиле невнимателен. Соочени со прекумерните барања за финансиска помош, која дворот не бил подготвен да ги исполни, старателите на Птоломеј го повикале Птоломеј и неговата војска врзо да се вратат.

Очајна да не биде изоставена од разговорите, Клеопатра, завиткана во килим, се прокриумчарила во палатата покрај непријателските редови. Била испорачана директно на Цезар ноќе, од страна на еден сицилијански трговец.Наредното утро и Птоломеј и Клеопатра биле повикани на сослушување пред Цезар. Откако Цезар ја поминал ноќта со неа, утрото бил пленет и восхитен од нејзиниот шарм, што, всушност, бил и нејзин план од почетокот. Птоломеј, од друга страна, сфаќајќи ја ситуацијата, реагирал така што истрачал од палатата врескајќи дека е предаден од својата сопствена сестра. Потпомогнат од своите советодавни старатели, Птоломеј ја повикал александриската толпа, велејќи дека Цезар планира да ја избере Клеопатра за да ја направи единствен владетел на Египет и марионета на Рим, зборови кои сигурно би ја потпалиле ситуацијата. Но, пред толпата да има можност да реагира, стражата на Цезар го внела Птоломеј назад во палатата, а Цезар лично, излегол и одржал помирувачки говор пред масата. Кога непријатноста завршила, Цезар привремено ги признал и Птоломеј и Клеопатра за ко-регенти на Египет. Освен тоа, тој ги признал Птоломеј XIV и неговата сестра Арсиноја /Arsinoe/ за заеднички ко-владетели на Кипар, иако Рим го анексирал Кипар десетина години пред тоа. Но, сето тоа не било она како што изгледало на прв поглед.

Штом Цезар ја земал контролата врз ситуацијата, се откажал од најголем дел од она што било договорено. Дури ја држел Арсиноја во палатата, во домашен притвор, и не и дозволувал да замине на Кипар. Во меѓувреме, еден друг римски функционер, Брут од Родос (идниот убиец на Цезар), енергично го експлоатирал Кипар. Бидејќи бил значително притиснат од состојбата, Потин /Pothinus/, еден од старателите на Птоломеј, решил да дејствува. Додека Цезар уживал во раскошните забави на сметка на Александријците, во ноември 48 година пред Христа, Потин повикал дваесет илјади ветерани на Птоломеј XIII од Пелусиум /Pelusium/ и наредил да ја блокираат Александрија. Набрзо избувнала војна (Александриска војна) и Цезар се нашол во една збунувачка и смртоносна ситуација. Во еден миг, морал да бега за да одбегне да биде заробен, а морал и да плива преку еден ендек исполнет со вода и да ја остави својата пурпурна генералска наметка позади.

Во војната поголемиот дел од Александрија бил уништен, вклучувајќи го важното крило на големата Александриска библиотека. Цезар побегнал и се скрил во светилникот Фарос, каде успеал да обезбеди пристап до пристаништето.

Арсиноја успеала да избега од палатата и побегнала кај Ахил /Achillas/, еден од старателите на Птоломеј XIII.

Македонската војска брзо ја прогласила неа за кралица, акт што многу ја разочарал најзината сестра Клеопатра VII.

Борбата продолжила во текот на целата зима, се до февруари 47 година пред Христа кога Цезар успеал да ја прошири својата контрола до островот Фарос и повторно да го освои ѕиданото пристаниште Хептастадион /Hepтastadion/.Тоа отворило пат за да влезе зајакнувањето, кое, според извештаите, било на пат да го спаси Цезар.

За овој предавнички акт, Цезар наредил Потин да биде погубен, а Птоломеј XIII се свртел кон своите непријатели, надевајќи се дека ќе предизвика проблеми во таборот на Арсиноја.

На 26 март, една мешана зајакната оружена сила, предводена од Митридат од Пергамон, пристигнала да го спаси Цезар и неговите опколени легионери. Птоломеј XIII погегнал во обид да се спаси, но бил фатен и удавен во реката Нил. Тоа и отворило врата на Клеопатра VII да се врати и да го заземе своето законско место како единствен владетел на Египет. За да одбегне компликации, таа мудро одбрала да владее заедно со нејзиниот единаесетгодишен брат, Птоломеј XIV. Арсиноја била фатена, обвинета за велепредавство и ставена во притвор.

Откако ја стабилизирал Александрија, Цезар направил нешто неочекувано. Наместо да ја следи вообичаената политика и да го направи Египет да биде провинција на Рим, решил Египет да стане негово лично кралство. Можеби размислувал да започне своја лична династија кога добил син со Клеопатра. Но, ова не можело да биде стриктно идеја на Цезар. Цезаровиот план бил да го наследи Птоломејскиот трон преку неговиот син и да владее со Египет според традицијата на Македонците. Но, планот на Клеопатра бил нешто поинаков. Таа сакала син со Цезар така што, поради неговиот син, тој ќе ја заштител династијата на Клеопатра и ќе го штити Египет од Рим. Имало уште еден дополнителен бонус во тоа што Клеопатриниот син, бидејќи е син на Цезар, ќе има пристал до Рим и, со помош од Клеопатра, може дури да има можност да го наследи Римското Царство. Нема сомнение дека ова бил Клеопатрин план од самиот почеток.

Штом деловните работи во палатата биле заклучени, Цезар и Клеопатра го земала заслужениот одмор пловејќи по реката Нил. Нивниот одмор накратко бил прекинат поради итната работа во Сирија, но Цезар брзо се вратил да биде сведок на раѓањето на својот син. Птоломеј Цезар /Ptolemy Caesar/, познат како Цезарион /Caesarion/, бил роден на 23 јуни, 47 година пред Христа. Една година по раѓањето на својот син, Цезар решил дека е време да се врати во Рим. Во јули 46 година пред Христа, го напуштил Египет сам, додека Клеопатра и Цезарион му се придружиле подоцна.

Пристигнувањето на Цезар било убаво прославено во Рим и бил опсипан со почести за неговите успеси во Африка. Еден месец подоцна пристигнале Клеопатра и нејзината придружба. Цезар ги сместил во една од неговите градски куќи. Со тоа што на Клеопатра и ги дал своите лични простории, сакал да и возврати за гостопримството што тој го добил од неа во Александрија. Но, Римјаните не гледале така на тоа. Цезаровата сомилост за овие варвари ги навредила републиканците кои на нив гледале со одвратност.

Непријатноста, за жал, се претворила во озборување кога почнало да се шушка дека Цезар размислува да стане светски император и бог, Александрија да ја направи втор главен град, а Клеопатра, неговата бигамска љубовница, да ја направи кралица-божица, новата Изис.

Многу брзо откако Рим бруел озборувањата, приватните работи биле дадени на знаење во јавноста и исфилтрирани се враќале назад кај Клеопатра. Дури и римските интелектуалци не можеле да се воздржат своите шовинистички чувства да ги држат само за себе. Нејзиното арогантно однесување и бракот со нејзиниот помлад брат воопшто не биле по вкусот на Рим и предизвикувале одвратност кај Римјаните. Згора на се, Цезар подигнал златна статуа на Клеопатра во храмот на Венера Генетрикс и јавно го потврдил татковството на својот син Цаесарион. Неговите дејства воделе кон еден неизбежен заклучок: тој ќе се ожени со таа бедница, вредна за презир.

Наспроти римските закони против бигамијата и браковите со странци, Цезар всушност се спремал да се ожени со Клеопатра. Тоа за републиканците било алармантно, но Мартовските иди (15 март) ја распрснале нивната загриженост. Во март 44 година пред Христа, Цезар бил убиен.

Има такви кои мислат дека Цезар, наспроти римското неодобрување, ќе се оженел со Клеопатра да не бил убиен.

Ќе ја направел царица на Рим и на медитеранскиот свет и ќе основал една Јулијанско-птоломејска династија.

Александрија, а не Рим, ќе бил главниот град на Импреријата.

Римјаните можеби ја презирале Клеопатра, но нема сомнение дека Клеопатра оставила траен впечаток врз Цезар штом тој имал син со неа. Тој, исто така, го усвоил египетскиот систем за наводнување, египетскиот соларен календар, па дури и римските јавни библиотеки ги обликувал според александрискиот пример. Клеопатра, меѓу другото, на Цезар му го претставила славниот александриски астроном Сосиген /Sosigenes/, кој го реформирал римскиот календар кој траел се до шеснаесеттиот век, кога тој повтроно бил реформиран од папата Грегори.

Две недели по смртта на Цезар, неговиот тестамент бил прочитан, но во него немало ниту збор за Цезарион или за Клеопатра. Плашејќи се за својот живот, Клеопатра со брзање си заминала од Рим и се вратила во Александрија.

Додека таа била отсутна, животот во Египет се влошил многу повеќе. Проектите за јавните работи биле откажани, а каналите на реката Нил морале да се поправат. Гладот и чумата станувале се почести поради сиромашните жетви и запуштеноста, а социјалните немири биле во пораст.

По нејзиното пристигнување во Александрија, Клеопатра наредила нејзиниот брат Птоломеј XIV да биде убиен, а својот четиригодишен син Цезарион го назначила за свој ко- регент. Напрвила Цезарион да биде признат од Долабела

/Dolabella/, поранешниот заменик на Цезар. За неговите услуги, на Долабела му биле дадени Цезаровите четири легии што биле стационирани на Египет. Нема соменение дека таа била желна да се ослободи од нив и тоа и била прилика да го стори тоа. Долабела и бил благодарен поради тоа што му дала предност во однос на неговите противници во Римската граѓанска војна која беснеела помеѓу цезаровците и републиканците. За жал, легиите на Долабела биле заземени од Касиј /Cassius/, негов непријател, пред тие да имаат шанса да стигнат до него. Не можејќи да го прифати својот неуспех, Долабела извршил самоубиство во 43 година пред Христа.

Додека беснеела Римската граѓанска војна, двете страни барале помош од Клеопатра, но таа продолжувала да се правда под изговор на гладта и чумата. Јасно било дека таа била наклонета кон цезаровците, но не сакала да се обврзе поради стравот да не ја избере губитничката страна. По двете битки кај Филипи во 42 година пред Христа, со смртта на Брут и Касиј, станало јасно кои ќе бидат победниците.

Антониј, Октавијан и Лепидус биле мажите кои триумфирале и сега Клеопатра морала да се справува со нив.

Набрзо по битката, Октавијан сериозно се разболел и морал да замине за Италија. По Октавијан, било очигледно дека имал само еден избор за Клеопатра, а тоа бил Антониј. Не било се така добро со Антониј и во 44 година пред Христа, во текот на еден краток период на највисока моќ, Антониј и дал на Арсиноја, амбициозната сестра на Клеопатра, да владее со Кипар. Во 43 година пред Христа, Клеопатра си го вратила Кипар. Очигледно, Антониј и ја дал контролата врз Кипар на Арсиноја за да ја одржи рамнотежата на моќ во регионот, но сега било неизвесно како Антониј ќе реагира на потегот на Клеопатра.

Додека го чекала исходот на Антониј, Клеопатра примила вест дека Цезаровата божественост била прогласена во Рим.

На 1 јануари 42 година пред Христа, Цезар бил официјално прогласен за бог, а Октавијан бил прогласен за “Син на божествениот Јулиј”. Според поценката на Клеопатра, оваа вест била добра и за неа и за нејзиниот син Цезарион.

Во 41 година пред Христа, Антониј конечно ја повикал Клеопатра да се состане со него во Тарс. Дотогаш, Клеопатра голем дел од времето потрошила учејќи се што можело да се научи за овој човек и била спремна за него. Дури и пред да се сретне со него, Клеопатра дознала за неговите воени вештини, неговата популарност кај трупите, неговите навики за пиење, амбиции, љубовни афери и многу други карактеристики. Таа сакала да го привлече неговото внимание и претставувајќи се во најпрекрасно и величествено светло, успеала да го стори токму тоа.

Позлатената крма, пурпурните едра, сребрените весла – сите тие биле предмети на богатство и моќ на една кралица со сина крв и оставиле голем впечаток врз мажот. Какво непријателство и да имал кон неа, тоа веднаш испарило и тој бил пленет и восхитен од нејзината елегантност. Антониј ја поминал зимата во 41-40 година пред Христа во Александрија, живеејќи во луксуз, задоволен што е со Клеопатра. За жал, кружеле озборувања, најверојатно, од страна на републиканските пропагандисти, дека додека живее во нејзината палата, Клеопатра може да добие се што сака од Антониј, вклучувајќи го и погубувањето на нејзината сестра Арсиноја. Арсиноја навистина била погубена од Антониј во 41 година пред Христа, не затоа што Клеопатра го сакала тоа, туку поради тоа што таа ја финансирала републиканската кауза. По караницата со Клеопатра, Арсиноја побегнала во Ефес и својата поддршка ја насочила кон републиканците. Кога озборувањата би биле вистините за Антониј и Клеопатра, тогаш Антониј сигурно немало да и го одземе Кипар. За кратко време откако таа ја истерала својата сестра, Антониј го отстранил Кипар од контролата на Клеопатра. Вистинската сторија, најверојатно, е дека и Антониј и Клеопатра интимно напредувале во тежнеењето да ги исполнат своите цели.

Антониј заминал од Александрија во почетокот на пролетта, 40 година пред Христа, и четири години не се вратил. Додека Антониј не бил таму, Клеопатра му родила близнаци, син и ќерка. Имало пресврт на работите во домот на Антониј и затоа неговата популарност се намалувала.

Неговата врска со втората жена била разнишана, особено откако му родила ќерка, наместо син, што го терало да гледа кон Александрија. Клеопатра , пред се, била богата Птоломејска кралица со сина крв и кралица која му родила син.

Чувствувајќи дека е најдобро за извесно време да го напушти Рим, Антониј добил распоред и заминал на исток.

По раѓањето на неговата втора ќерка од страна на Октавија, се одлучил да ја продолжи врската со Клеопатра. Октавија го следела на дел од патот, но се разболела и била вратена назад. Патот сега му бил чист за да ја бара Клеопатра и штом стигнал во Антиох ја повикал. Веројатно имал добро разработен план бидејќи штом ја видел, ја опсипал со подароци вклучувајќи ги: Кипар, Коеле-Сирија, Цилицинскиот брег, Феникија, Јудеа и Арабија. Тоа биле пространи региони богати со дрвена граѓа, зачини и други природни ресурси, идеални за градење бродови и издржување на едно царство. За жал, Римјаните се навредиле од дејствата на Антониј, не само поради тоа што ја презирале Клеопатра, туку и затоа што повеќето од провинциите од кои Антониј се ослободил, дури и не биле под негова власт.

Антониј се подготвувал да исплови во поход против Пратија /Prathia/ и му требале бродови и намирници. Бидејќи неговата популарност слабеела во Рим, не можел целосно да се потпре на Сенатот за поддршка, па затоа и се обратил на Клеопатра. Со тоа што ја обезбедил Клеопатра со земји богати со дрвена граѓа, на Египет му дал материјал потребен за изградба на голема флота. Пред да тргне во поход, Антониј ги признал своите деца-близнаци и им дал официјални имиња. Машкото било крстено Александар Хелиос, а девојчето Клеопатра Селена. Веднаш штом Антониј заминал, Клеопатра му родила уште едно дете. Но, не било се така добро, бидејќи Партијанците се покажале пожилави непријатели отколку што се очекувало и во 36 година пред Христа, Антониј претрпел понижувачки пораз.

Кога ја примила лошата вест, Клеопатра побрзала да го спаси. Ја пресретнала неговата војска во Сирија и им однела храна, облека и многу потребната готовина. По неговиот понижувачки пораз, Антониј не бил расположен да се соочи со Рим и летото во 35 година пред Христа отишол во Египет.

Работите тргнале на полошо кога Октавија се обидела да му помогне, но тој ја одбил. Октавија, исто така, се обидела да дојде за да му помогне на Антониј, но тој и наредил да не доаѓа и да не му се приближува. Тоа што била одбиена во корист на Клеопатра, не само што ја налутило Октавија, туку го навредило и нејзиниот брат Октавијан кој станувал се помоќен во Рим. Антониј не направил никаков обид да ги помири разликите со Октавија или со нејзиниот брат Октавијан, кој ја користел секоја можност да го критикува.

Решителната разврска била неизбежна.

Не можејќи да седи мирен, Антониј започнал друг, помалку опасен, но профитабилен поход против Ерменците.

Враќајќи се богат и победнички, Антониј парадирал низ Александрија како нов Дионис, додека Клеопатра се претставувала како нова Изис. Подоцна, во текот на една друга богата церемонија во големата спортска сала на Александрија, Антониј седнат на тронот со Клеопатра, облечена како Изис, им доделил кралски титули на своите деца. За да владее со новите територии, Цезарион или Птоломеј XV Цезар бил прогласен за крал на кралевите и заеднички владетел на Египет, заедно со својата мајка.

Клеопатра била прогласена за кралица на кралевите.

Александар Хелиос облечен во македонска кралска одора бил прогласен за голем крал на целото Селеукидско Царство, вклучувајќи ја Партија /Parthia/. Клеопатра Селена, ќерката на Антониј, била поставена за кралица на Сиренајка и на Крит, а најмалиот син Птоломеј Филаделфус /Ptolemy Philadelphus/, на возраст од само две години, облечен, исто така, во македонски кралски одори, бил прогласен за крал на Сирија и на Мала Азија.

Не е јасно кој бил мотивот за доделувањето на ваквите титули, но дејствата на Антониј ги провоцирале Римјаните да реагираат. Тие не го одобрувале неовластениот напад врз Ерменците и Антониј немал право да раздава римски територии што не биле под негова контрола. Кога Антониј побарал одобрение од Сенатот за земјите што ги донирал на македонските монарси, бил одбиен. Египет, наспроти својата слаба економска состојба, бил богата земја со големо население и значителни природни ресурси кои можеле да издржуваат една империја. Колку и да звучи апсурдно, со помош од Клеопатра, Антониј можел да размислува повторно да го воскресне Александровото азиско царство.

На крајот на краиштата, зарем не постоело пророштво кое претскажувала дека вистинска хармонија помеѓу Исток и Запад може да се постигне под дворасниот Нов поредок на Клеопатра и Антониј? Исто така, постои натпис, како и ковани пари издадени во 34 година пред Христа кои обезбедубаат докази дека навистина имало планови за здружување на кралските куќи на Селеукидите и Птоломејците.

Не е сигурно какви биле неговите вистински планови, но, во 32 година пред Христа, Антониј се развел од Октавија, принудувајќи го Сенатот на тој начин да ја признае Клеопатра за негова жена. Приближно во исто време Антониј исковал нови римски пари со главата на Клеопатра на кои биле испишани зборовите “Кралицата Клеопатра, помлада божица”. Новите сребрени динари набрзо се рашириле и станале популарни во целиот источен Медитеран. Овие дејствија на Антониј не биле добар знак за Рим и биле интерпретирани како антиримски. Октавијан не губел време и објавил војна, но не на Антониј, туку на Клеопатра. Рим бил убеден дека Клеопатра стоела зад сето ова и дека некако го маѓепсала Антониј да прави она што таа ќе му нареди. Клеопатра била погрешно разбрана и незаслужено наклеветена од римските државници, но и од римските поети. Била нарекувана со секакви имиња во книгите, дури и такви нешта што не можеле да се објават во печат. Но, ниту Антониј не им побегнал на исмејувањата и обвинувањата на Рим. Најсериозните обвинувања ја вклучувале злоупотребата на легиите, дејствувањето без овластување на Сенатот, раздавањето на римските територии што не му припаѓале итн.

Има такви кои веруваат дека ваквото однесување навестувало ксенофобија, поточно дека некои Римјани се плашеле од Клеопатра и од потенцијалната опасност што таа ја претставувала за Рим. Имало многумина кои верувале дека Клеопатра ќе победи, раѓајќи на тој начин едно ново и универзално царство, кое претставувало и причина зошто Октавијан морал да интервенира пред да стане предоцна.

На 2 септември 31 година пред Христа, во Актиум /Actium/, бродовите на Октавијан, под водство на адмирал Агрипа, ги вовлекле во борба силите на Антониј и ги поразиле. Решен да стави крај на македонското наследство, Октавијан го притиснал до Александрија. Понижен од овој пораз, за неполна година, Антониј си го одзел животот.

Клеопатра не можела да поднесе да биде понижена така што ќе ја заробат и влечат низ улиците на Рим како роб, па затоа и таа си го одзела животот.И наредила на нејзината слугинка скришум да внесе змија отровница во една кошара. Во египетската религија се верувало дека смрт од каснување на змија обезбедува бесмртност и на Клеопатра, на некој начин, тоа и донело бесмртност. Освен Александар Велики, исто Македонец може да додадам, никој, се до ден-денес, не ја засенил фасцинантноста на Клеопатра низ вековите.

Цезарион ја немал таа среќа и умрел од морбидна и понижувачка смрт во рацете на неговите касапи. Децата на Клеопатра од Антониј, за изненадување, биле поштедени и усвоени од Октавија, втората жена на Антониј.

Со декларацијата на Октавијан, Птоломејската династија престанала да постои на 29 август, 30 година пред Христа.

Римјаните ја ограбиле Александрија, како и секој друг освоен македонски град пред неа, а сите нејзини богатства биле однесени во Рим. Само богатството на Птоломејците кое Клеопатра го акумулирала, било доволно да предизвика заситеност на римскиот пазар што ги намалило каматите на Империјата од 12% на 4%. По битката кај Актиум, сите земји и територии што ги држела Македонија биле анексирани од Рим.