Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 09

By Ристо Стефов · Part 53 of 64 · About 19 minutes

Read in English

Изгледите за намалување на бугарските упади во Македониjа биле добредоjдена вест за Каравангелис. Грците сега можеле да увезуваат борци од Крит за да се борат против македонските чети, рамо до рамо со нивните турски соjузници, без бугарско мешање. За жал, додека тие ги редуцирале воените упади, Бугарите ги засилиле активностите на Егзархиjата, создаваjќи силна конкуренциjа за Грците. Свештенството на двете страни се обидувало да ги придобие истите верници, бидеjќи двете страни се назначиле себеси за заштитници и бранители на народот. Во очите на светот тие станале амбасадори на христиjанските верници во Македониjа. Овој натпревар да се привлечат што поголем броj верничи од секоја парохиjа, создал конфликт меѓу спротивставените фракции. Конфликтот се претворил во насилство по селата каде што двете групи постоеле и се бореле за контрола врз селските цркви. Турците биле индиферентни кон препирките поради нивната религиозна природа и останале неутрални во црковните спорови. Кога борбите се разгореле, Турците ставиле катанци на црквите, така што ниедна од групите не можеле да го користат. Како што натпреварувањето за контрола на селските цркви се интензивирало, така се интензивирало и војувањето на разбоjниците. Локалните конфликти никогаш не поминале незабележано и патриjарсите и егзархистите испратиле платени убиjци да ги елиминираат т.н. “бељаџии”. Многу свештеници, учители, угледни личности и раководители во заедницата, на овој начин ги изгубиле своите животи.

Западните сили имале мала верба во Турците и во нивните стари отомански конзервативни исламски вредности, но повеќе претпочитале во Македониjа да се одржува позициjата на status quo. Имало два фактора во игра кои ги спречувале силите да преземат деjство. Првиот бил доходовните отомански увозно-извозни пазари од кои отоманскиот купувач бил зависен за различни стоки и смелите потфати за печалење пари од западните капиталисти кои тие не сакале да ги изгубат. Вториот бил борбата за моќ меѓу самите големи сили за да владеат на Балканот. Силите биле затворени во една диппоматска прегратка во која ниедна не можела слободно да маневрира без да ги поремети другите. Секоја од големите сили знаела дека една ненадеjна или голема промена во корист на било чиjа политика, би резултирала во вооружена борба која би ги вклучила сите нив. Никоj не сакал “светска војна” во своите раце.

Едно време, Британиjа размислувала за создавање автономна Македониjа, но знаеле дека Русиjа и Австриjа би биле против тоа. “Било среќа за Грциjа, во оваа временска точка, што плановите на Лендсовн /Lansdowne/ се изjаловиле во морето на европската политика и што и Русија и Австријa се спротивставуваат на македонската автономност.” (Стр.

152, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”). Ова е важен факт кој СИТЕ треба да го знаат, што е во спротивност со “грчката пропаганда” дека не постоеле Македонци пред 1945 година. Еве документиран доказ дека македонската нациjа, навистина, постоела пред XIX век и била многу блиску до стекнување независност. ЦЕЛОТО Илинденско востание било за Македониjа и за Македонците, потврдуваjќи јa нивната желба да живеат еднакво со другите во светот. Големите сили, особено Британиjа и Русиjа, му должат на македонскиот народ да јa кажат вистината за тоа што направиле тие и да стават крај на непрекинатата “грчка пропаганда”. Веќе нема смисла на македонскиот народ да му се спречува да си го заземе своето правично место во светот.

Тие сигурно не се закана за никого. Оние кои извршиле злочини против македонскиот народ и продолжуваат да го негираат неговото постоење, очигледно имаат проблем. Но, зошто да се казнуваат жртвите, кога се жртви?

Западните сили не биле среќни поради начинот на кој Турција се справувала со реформите во Македониjа, но во исто време, не можеле да се усогласат меѓу себе да изнаjдат едно одржливо решение. Илинденското востание било повик кој ги разбудил во врска со тоа колку итно биле потребни реформи.

“Во текот на втората половина од XIX век, нови општествени сили испливале на површина во Турција.

Имаjќи ги предвид условите на апсолутизмот во рамките на Империjата, поjавата на либерализмот изгледа дека била неизбежна. Ова ново кредо земало форма на политичко агитирање, повикуваjќи на широк спектар реформи. Тоа било предводено од страна на турската буржоазиjа која била во зачеток, а поддржано од европско-едуцираната интелигенциjа.” (Стр. 125, Радин, -ВМРО и македонското прашање”).

Младотурското движење било активно наjмалку триесет години, oд времето кога на турските студенти им било дозволено масовно да учат во европските училишта. Меѓу другото, младите Турци биле за тоа да им се даде самоуправа на Македониjа, Тракиjа и на Албаниjа и верувале дека Отоманското Царство може да биде спасено преку реформи.

Кога започнало Илинденското востание во 1903 година, многу од овие европски образовани студенти веќе им се придружиле на редовите на турската војска како млади офицери. Извршените злосторства и методите што се користеле за справување на востаниците во текот нa пост-илиденскиоr период, биле против принципите на овие млади луѓе и многу од нив дезертирале од турската војска. Некои им се придружиле на скитачките албански банди, со надеж дека ќе извлечат помош од нив да формираат опозиција во однос на султанот. Некои се обиделе да воспостават контакти со BМPO, надеваjќи се дека ВМРО ќе им се придружи ним за да дигнат востание против султанот.

До 1905 година, Младотурците се организирале под паролата “Обединување и напредок”, со седиште во Солун, подалеку од досегот на султанот во Цариград. Не поминало долго време и тие добиле, до извесна мерка, контрола врз локалната турска војска, особено во Македониjа. Не било тешко да се убедат војниците, кои служеле во Македониjа, дека се друго е подобро отколку убивање и масакрирање жени и деца.

Откако ги набљудувале деjствата на тие млади Турци, раководството на ВМРО било убедено дека е подобро да се работи со нив отколку против нив. Младотурците, исто така, нуделе самоуправа и значаjни аграрни реформи ако добиеле власт, што било атрактивно за наjголемиот броj водачи на ВМРО. Дамe Груев и Никола Карев вeќe биле мртви, така што ВМРО останала во рацете на Ѓорче Петров, кој фаворизирал едно урбано-водено востание. Популарноста и силата на Востанието, сепак, лежеле во рацете на легендарниот Јанe Сандански. Тој го поддржувал младотурскиот режим, особено нивните перспективни програми за аграрна реформа.

Деjствата на младите Турци не поминале незабележани од Султанот кој им се жалел на Големите сили, но не добил повратна реакциjа веднаш. Државниот удар не станал реалност, се додека “sвездата што доаѓа”, Енвер-бег од Албаниjа, не бил повикан во Цариград да добие воено унапредување од султанот. Стравувајќи дека тоа бил обид за атентат, Енвер-бег и неговите следбеници побегнале во планините и повикале на отпочнување на револуциjата.

Востанието прво станало реалност во поголемите градови, во форма на демонстрации. На 22 jуни 1908 година, само во Солун имало 20.000 протестанти. Дo 3 jули, младотурските офицери јa зазеле контролата врз најголемиот дел вооружени сили на султанот, а до 22 jули цела Македониjа била слободна.

За да си го одржат зборот, Младотурците ги ослободиле сите политички затвореници и почнале да работат на реформите. Нивниот прв акт било да му испратат ултиматум на султанот повторно да го врати Уставот од 1876 година.

Бидејќи не бил во позициjа да се спротивстави, султанот Абдул Хамид II неволно се обврзал на тоа. Штом Уставот бил повторно воведен, била прогласена амнестиjа за сите оние кои биле вооружени, вклучувајќи ги четите и сите странски групи. Македонците, Србите и Бугарите јa искористиле амнестиjата, се симнале од планините и го предале своето оружjе. Грците, кои имале наjмногу да изгубат, отпрво се двоумеле, но подоцна се загреале за идеjата. Имале соништа дека можат да си јa повратат нивната поранешна слава во Фанар (грчки кварт во отоманскиот Истанбул).

Но, како што се покажало, Младотурците биле многу сомничави кон Грците и на нив гледале со внимание.

Грчкиот сон да владеат од Фанар не се остварил. Со време, со деактивирање и протерување на вооружените групи, младотурскиот режим и донел стабилност на Македониjа.

Младотурскиот режим, со седиште во Солун, опстанал непречено повеќе од шест месеци. Тогаш, со помош од четата на Јане Сандански, Младотурците го нападнале и успешно го зазеле Цариград. За жал, дотогаш станало очигледно дека младотурскиот режим бил премногу зависен од турското државно уредување и бирократскиот апарат, за своето опстоjување. Како резултат, тој морал да ги подреди повеќето свои реформски програми за да јa заштити својата сопствена сила и моќ. Всушност, по сето ова време на власт, младотурскиот режим сторил малку за да ги намали социjалните и економски проблеми во македонските села.

За да ги поттикне Младотурците да ги одржат своите ветувања, Сандански имал свој план. Предложил за возврат за помошта од ВМРО, од Младотурците да се бара да јa прераспределат толку потребната земjа во корист на сиромашните (без земjа) Македонци. Освен тоа, за да се осигура дека земjишните реформи ќе се спроведат онака како што е договорено, Сандански побарал нему лично да му биде доверена задачата да организира селска војска и да јa надгледува примената. За жал, додека предлозите на Сандански биле широко прифатени од македонските селани, тие привлекле негативно внимание во странство. Првите кои се пожалиле биле Грците како што следи: “Последиците од планот на Сандански, како што, за жал, е потврдено од настаните, би биле ужасни (за нас). Освен ако нешто друго, како војна или договор помеѓу европските сили, не го реши македонското прашање во наша корист, мое мислење е дека не може да има никакво сомнение дека решавањето на аграрното прашања ќе создаде можности за конечно решавање на македонското прашање...” (Стр. 127, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Потегот на Сандански за соработка со Младотурците бил радикално отстапување од политиката на ВМРО (зграбување на власта со револуционерни средства). За да jа искористи новонастанатата ситуациjа и да остане на својот курс, ВМРО формирала огранок наречен “Народна федеративна партиjа” (НФП). НФП официjално започнала со активност во почетокот на 1909 година и го притискала младотурскиот режим да развие еден квази-парламентарен систем и да го зачува националниот и териториjалниот интегритет на Македониjа, во рамките на Отоманската Федерациjа.

Додека НФП се организирала и била спремна да се справи со актуелните прашања, младотурскиот режим го губел својот капацитет за прогресивен развоj и стагнирал.

Дотогаш, на ВМРО и станало очигледно дека без основната поддршка од турскиот естаблишмент, режимот водел изгубена битка. Неговото доаѓање на власт резултирало од еден државен преврат, а самиот режим не бил ништо повеќе отколку “диктатура”.

Младотурскиот режим бил една “идеjа поддржана од Запад”, едно “алтернативно решение” за еден проблем без крај. Мнозинството од водачите на ВМРО не можеле да се согласат да обезбедуваат континуирана поддршка и размислувале за прекинување на односите со Младотурците.

За да бидат работите уште полоши, една класна борба (социjализмот) се подготвувала во Европа, предизвикувајќи немири помеѓу (богатите и сиромашните, поделуваjќи ги луѓето пo класна линија. Така наречените “религиозни војни” помеѓу приврзаниците на Патријаршијата и на Егзархијата, исто така, имале свои ефекти, дополнително поделувајќи ја ВМРО и македонскиот народ. До 1910 година, вооружената пропаганда во Македонија била заменета со грчки, бугароки и српски “политички клубови” кои постојано работеле против агендите и лидерите на НФП.

Додека Русиjа имала измешани чувства за младотурскиот режим, на европските сили, особено на Британиjа, која преку интриги го создала режимот, им олеснало да се ослободат од старите програми за реформа. Британија јa одобрила соработката помеѓу НФП и Младотурците, што предизвикало натамошно расцепкување помеѓу НФП (која сакала да создаде автономна Македониjа во рамките на Отоманската Федерациjа) и “народната” ВМРО (која сакала независност по пат на вооружено востание). За жал, младотурскиот режим, со сите свои ветувања, не ги исполнил очекувањата и се вратил на стариот турски начин на владеење. За да rи одбие обидите за државен удар од екстремистичките фракции, младотурскиот режим прибегнал кон диктаторско владеење, наместо да ги спроведува либералните програми. Ваквото заострување се манифестирало во броjни репресивни закони во Македониjа, вклучувајќи го законот за штраjкови, политички здружениjа и оружени групи. Овој пресврт во политиката, повторно го дестабилизирало македонското општество, враќаjќи јa назад старата угнетувачка политичка клима. НФП и сите други политички, културни и професионални организации биле ефикасно забранети, присилуваjќи јa ВМРО да оди во илегала. Македонскиот народ, во меѓувреме, бил повторно фрлен назад во анархиjа и оттогаш работите тргнале надолу.

Младотурскиот режим јa претскажал својата сопствена смрт. За да се спаси себеси, помеѓу 1910 и 1911 година, тој повторно населил речиси четврт милион Турци во Македониjа, надеваjќи се дека ќе јa одржи контролата врз Македониjа, ако тој биде исфрлен од Цариград.

Младотурците се соочувале со неколку фронта, вклучувајќи јa Албанската револуциjа од 1909 до 1912 година, Италиjанско-турската војна во Либиjа во 1911 година, домашната опозициjа, повторното поjавување на вооружени групи и, конечно, новата војска лоjална на султанот.

Младотурскиот режим не можел повеќе да јa одржува власта и, на 13 jули 1912 година, капитулирал пред султанот.

Во меѓувреме, Големите сили биле зафатени со своја борба во која ниедна не можела да маневрира без да јa поремети кревката состоjба на status quo. Додека Големите сили биле држани во рамнотежа од нивните лични политички пороци, новите балкански држави ги покажувале своите економски и воени способности. Соjузи, како Српско-бугарската лига против грчко-турската тајна соработка, или Грчко-романската лига против бугарските цели кон Македониjа, се формирале и распуштале. На површина изгледало дека се е нормално, но длабоко внатре се подготвувал прекин на добрите односи.

Прекинот станал видлив кога руско-австриските односи почнале сериозно да се заладуваат. Линии на поделба биле повлечени како што Русиjа почнала повеќе да се сприjателува со Британиjа и Франциjа, а Австриjа со Германиjа. Италиjа останала неутрална извесно време, иако извршила неколку напади врз Турциjа, но била спречена (од другите сили) да ги нападне центрите на турската сила. (Тоа било токму преку овие воени походи кога Италиjа ги окупирала Додеканејските Острови (група грчки острови во Егејот). Иако Италиjа била спречена да врши други воени походи, таа доволно јa ослабела Турциjа за трите нови балкански држави да размислуваат за свои лични воени походи. Акциите на Италиjа, исто така, биле сигнал за нешата што доаѓале и создале атмосфера на итност за новите држави да ги забрзат нивните планови за присоединување на територии.

Сeкој сакал дел од Македониjа, но никоj не се осмелувал да се изложи на големи опасности за да го добие тоа. Трите волци на Балканот, со руска помош, сфатиле дека секој посебно не би можел да го постигне она што троjцата заедно би можеле да го направат. Тие јa проголтале својата гордост, ги ставиле разликите настрана и до краjот на 1911 година започнале преговори.

Како еден од начинте да ги спречи австриските аспирации на Балканот, Русиjа јa поттикнала идеjата за една Српско-бугарска лига. Русиjа се надевала дека заедно, Србија и Бугарија, ќe бидат способни да го издржат австриското напредување во Македониjа без неjзино вклучување. Откако ги убедила да се согласат на разговори, Србиjа и Бугариjа направиле список на своите услови, но не можеле да постигнат спогодба. Автономија за Македониjа било едно од главните прашања околу кое не можеле да постигнат согласност. Додека Софиjа јa поддржувала идеjата за автономија, Белград се противел на тоа. На крај, во име на забрзување на преговорите, сите страни се согласиле дека “прашањето за автономија” треба да биде оставено настрана и да се реши по анексиjата на Македониjа.

Русија јасно им дала на знаење на двете страни дека тие не можат да извршат инвазија на Македопиjа без нејзина дозвола и само ако Турциjа стане закана за христиjанското население. Во меѓувреме, Србиjа била охрабрена да преземе мерки да ги анексира Албаниjа и Косово. Една српско-турска нацрт-спогодба била изготвена и потпишана на 13 март 1912 година. Во спогодбата било вклучено едно грубо исцртување на потенциjалните граници и сугестии дека конечните граници може да бидат решени со сила на оружjето. Русите, исто така, инсистирале дека цар Никола II треба да арбитрира за секој спор во врска со точните териториjални граници.

Дури и пред српско-бугарската спогодба да биде финализирана, Грциjа веќе водела разговори со Бугарија околу преговори за една грчко-бугарска спогодба. Грчко-бугарските преговори, како и српско-бугарските преговори, биле спроведени во таjност, познати само на грчкиот крал, на премиерот Венизелос /Venizelos/ и на нивниот преговарач J.

Д. Бурчиер /J. D. Bourchier/, дописникот на The Times, стар приjател на Венизелос. Како и Србите, и Грците секогаш се спротивставувале на идеjата за македонска автономија, но Бугарите не биле волни да продолжат се додека Грците не се согласиле со автономноста. Грчко-бугарскиот договор бил потпишан на 30 март 1912 година. Двете страни ветиле дека нема да се напаѓаат една со друга и дека меѓусебно ќe си притекнат во помош во случаj Турција да ги нападне.

“Балканската лига на народи” била родена во jуни 1912 година и набрзо на Турција и бил даден ултиматум со потпис на Лигата во кој нaкратко пишувало: “Исполни ги ветените реформи вo Макодонија или спреми се да бидеш нападната.” Имало многу интриги, договори, противдоговори и тајни зделки меѓу Лигата на народи (Грција, Бугарија и Србија), но од самиот почеток секоја била решена да искористи секаква ситуација, која можела да настане, целосно во cвoјa корист.

Лигата на народи, всушност, била едноставно изум за синхронизациjа на воените напори на сите четири сили (Грциjа, Бугариjа, Србиjа и Црна Гора) кои сфатиле дека наjедноставниот начин да се реши турското прашање, пред да стане предоцна, и додека околностите се поволни, било истовремено да јa нападнат Турциjа, а европските сили да ги стават пред свршен чин.” (Стр. 440, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”). Се што преостанало сега било да се провоцира Турциjа да изврши напад врз христиjанското население и инвазиjата би станала реалност.

Користеjќи се со докажани техники на тероризам за да го подготват боиштето, врховистите, маскирани како агенти на ВМРО, извршиле многу напади внатре во Македониjа, убиваjќи, силуваjќи и пљачкосуваjќи села, со надеж дека ќе бидат обвинети македонските групи. Кога Турците ги истражиле ваквите немири, и властите на Патриjаршиjата и на Егзархиjата ги поткрепиле своите стории, ваквите акти им ги припишале на Македонците. Како што се очекувало, Турците брзо реагирале и се справиле со ситуациjата на вообичаениот начин. Неповолно за Турците, нивните акции не биле добредоjдени вести за шпионите на Лигата, кои, пак, истите вести ги испратиле до европскиот печат. Турците во очите на светот вршеле злосторства против христиjаните во Македониjа и нешто морало да се стори. Сега останало големите сили да го решат текот на деjствието.

Заедно со документите за турските злосторства, странскиот печат добил и добро камуфлирана пропаганда на Лигата. Таа имала отпочнато обемни пропагандни кампањи против Турците, подробно прикажуваjќи им го на Европеjците секој турски акт. Војната била близу, но, според пропагандата на Лигата, тоа била неопходна војна за да се “ослободат” поробените христиjани од турското угнетување. Лигата, преку опсежни медиумски кампањи, ги повикувала сите христиjани во Македониjа да и се придружат на Лигата и да ги истераат Турците кои ги угнетуваат. Еве што рекол Јaнe Сандански: “Мораме да работиме на будење на свеста на македонските маси дека тие се независен народ... бидеjќи оние кои бараат да ги “ослободат” ... всушност доаѓаат да ги поробат... ” (Стр. 134, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Како што претходно е спомнато, западните сили ги немале исцрпено сите потенциjали на отоманските пазари и не биле волни да дозволат отоманскиот режим да доживее колапс во Македониjа. Во исто време, Британиjа, Франциjа, Италиjа и Русиjа биле многу загрижени поради агресивните ставови на Германиjа надвор од Балканот. Уште поважно, тие биле загрижени дека турскиот режим се приклонува кон еден турско-германски соjуз.

Кога Русиjа јa предложила идеjата за една “Балканска лига на народи”, тоа била добредоjдена вест за Британиjа, Франциjа и Италиjа. На Лигата се гледало како на еден антигермански фронт, еден начин да се исфрли отоманскиот режим од Европа и, во исто време, да се заштитат (британските, француските и италиjанските) интереси и амбиции за експанзиjа. Не толку очигледниот руски мотив да јa спонзорира Лигата, бил да си го загарантира своето сопствено влијание на Балканот, можеби преку Србиjа или Бугариjа, или преку двете.

На 18 октомври 1912 година, Црна Гора и обjавила војна на Турциjа и Лигата го следела тој пат. Битките кои избувнале, почнале да се водат исклучиво на македонско тло, уште еднаш доведуваjќи до тоа Македонците да страдаат од нечиjа туѓа војна.

Русиjа, архитектот на Балканската лига, била против војна во 1912 година, а против биле и Франциjа и Британиjа. Една војна во оваа временска точка можела да го наруши кревкиот дипломатски однос на силите, т.е. рамнотежата и да ескалира во “светска војна”. Русиjа стравувала дека Отоманската Империjа, која постоела петстотини години, нема да биде толку лесна цел како што проценила Лигата. Британиjа и Франциjа се плашеле од силна реакциjа на Германиjа и Австриjа, сега кога Турциjа се загреала за нив како можни соjузници. За да ги стопираат агресивните деjства на Лигата, и Британиjа и Франциjа им се заканиле со економски санкции, но тоа не било доволно да ги задушат апетитите на трите гладни балкански волци.

Планот на Лигата бил да јa опколат турската војска во Македониjа и да јa истераат до Цариград. Но, за сечие изненадување, Лигата постигнала голема и неочекувана победа за само шест недели. Пет отомански дивизии биле опколени и поразени во две битки, во Битола и Куманово. Со исклучок на Сандански и вооружената сила од 400 Македонци кои пружале отпор и ги ослободиле Мелник и Неврокоп, Лигата немала отпор од Македонците. Всушност, ентузиjазмот создаден од “ослободителите”, не само што и помогнал на Лигата да се бори посилно, туку, исто така, охрабрил илjадници Македонци да се приjават во воjските на Лигата. “Една македонска воена единица од 14.000 воjници се борела под бугарска команда на исток. “Региментот од доброволци”, раководен од ветерани на ВМРО, го сочинувале илjада Македонци, Турци и Албанци. Во српските и грчките воjски, на македонските одреди како “Национална гарда” и “Света дружина” им била дадена задача да ги опколат Турците за да ги совладаат при нивното повлекување”. (Стр. 143, Радин, “BМPO и македонското прашање”). Дури и Чакаларов, заштитникот на Леринско и Костурско, се придружил на борбата за да и помогне на Лигата да се ослободи од Турците. Победите на Лигата и интензивната пропаганда биле толку убедливи, што целиот македонски народ срдечно и со раширени раце ги пречекал

“ослободителите”.

Во моментот кога “трите волци” јa истерале турската војска од Македониjа, брзо изготвиле една стратегиjа за поделба по должината на следниве линии:

Србиjа требала да го добие северозападниот дел од Македониjа во кој спаѓале Скопjе, Битола, на jуг до западен Лерин, на исток до Гевгелија и нa запад до албанските планини.

Бугариjа требала да јa добие цела Тракиjа, на запад до Гевгелиjа, на југ до Егеjското Море и источно од Солун.

Грциjа требало да добие - на север до Лерин, на запад до албанските планини, целиот Епир и на исток до Солун.