Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 01

By Ристо Стефов · Part 45 of 64 · About 19 minutes

Read in English

ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Naussa) востание е добро чувана тајна, иако тоа било првото македонско народно востание во XIX век.

Македонскиот сосед на jуг не сака ова да се знае, бидеjќи тоа се случило на просторот што денес се смета за негова териториjа.

За угнетените народи на Балканот, paѓaњeтo на деветнаесеттиот век го означило почетокот на националните борби за ослободување од вековната доминациjа на Отоманското Царство. Прво било Српското востание од 1804 година, а по него следело и Фанариотското востание од 1821 година. Македонците, во обид да ги ослободат своите христиjански браќа од тиранскиот муслимански Турчин, земале учество и во двете востаниjа. Во Првото српско востание еден Македонец по име Волче /Volche/ имал важна улога вo градењето на делиградските утврдувања и се истакнал како голем борец во битката. Петар Чардаклиjа бил уште еден Македонец кој, исто така, се истакнал како голем борец во српскиот отпор. Петар Ичко, друг Македонец, јa предводел делегациjата која го склучила добропознатиот Ичков мировен договор од 1806 година со отоманската влада. Кога вестите за српското востание стигнале во Македониjа, македонскиот народ бил поттикнат на акциjа. За жал, отоманските власти биле подготвени и сконцентрирале голем броj трупи во Македониjа, задушуваjќи го востанието дури и пред тоа да има можност да започне.

Македонците, исто така, учествувале и во Фанариотското востание oд 1821 година. Веднаш по избувнувањето на буната на Пелопонез, Макодонците формирале свои групи, особено во Воденско, и им се придружиле на пелопонеските востаници. Меѓу водачите на групите кои се бореле рамо дo рамо со Пелопонежаните, биле браќата Рамаданови, Димче Минов, Динчо Држиловиќ и Демир Трајкo.

Под силното влиjание на идеалите на фанариотските борци за слобода, кои го повикувале целото балканско население да се крене на борба против отоманското ропство, многу Македонци, особено оние во Воденско и Негушко (Negush), навистина и го сториле тоа. Во почетокот на март 1822 година, под водство на Атанас Каратасе и Ангел Гачо, избувнало едно востание во градот Негуш. За многу кратко време, востаниците ги прегазиле Турците и го прогласиле Негуш за ослободен град. Побуната бргу се раширила кон Воден, зафаќаjќи голем броj села. За жал, cамo напорот и решителноста не се доволни да се сопре броjно супериорната отоманска воjска. Изолирани и опколени од сите страни востаниците биле совладани и разбиени. По една жестока битка, Турците повторно го освоиле градот Негуш. И, следеле прогонства и пљачкосувања. За да се избегнат натамошни проблеми, населението на Негуш било или заробено, или преселено во други делови на Македониjа.

Следи дел од писмото напишано од Гачо, кое го открива постоењето на Негушкото востание:

“Веднаш штом го слушнав звукот на ловечкиот рог на Арес и жалосниот повик на мојата сакана татковина за заштита на неjзините права, јас веднаш го проколнав мојот спокоj, богатство и слава и се кренав на востание против тираните.

Успеав да останам во близина на Негуш во текот на целата војна. Таму водев долги и крвави битки, се додека Негуш не беше уништен, каде моите сакани деца и мојата жена беа заробени. Но, фала му на Бога, тие се сега живи, иако во неприjателска земjа и изложени на волjата на варварите.” Патриот, Ангел Гачо, 16 септември 1824 година.

(Стр. 183, Универзитет Св. Кирил и Методиj, Документи за борбата на македонскиот народ за независност и државност, том први, Скопjе 1985).

Следното писмо е напишано од султанот до Капицибаси /Kapicibasi/, солунскиот Мутеселим Jусуф-бег, во врска со востанието во Негуш:

... Слушнавме дека нелоjални никаквеци од Негуш и околните села, кои се кренале на востание и за чие уништување презедовме воен поход со голем броj воjници, започнуваjќи од Солун, собрани се на крајот од градот во вистински и силни упоришта и го бранат градот под водство на одвратните и лажни заповедници Зафираки, Илиаманди, Каратасо и други. Иако неколку претставници-патници беа испратени до нив од наша страна за да ги советуваат да го предадат своето оружjе, ветуваjќи им дека ќе бидат помилувани и дека ако не го сторат тоа, ќе треба да очекуваат неславен и срамен крај, покажуваjќи им го на тој начин нивното спасување, тие, не покаjуваjќи се, одговориле со следниве клетви и пцости: “Не им веруваме на зборовите на муслиманите и ќе продолжиме со нашата непослушност и востание.” Затоа, извршувајќи ги наредбите од изречената фетва против нив, беше одлучено дека во иднина нивните мрсни тела треба да бидат избришани од лицето на земjата.

Но. што се однесува до успехот на претходно споменатото, потребен е полн притисок и целосно опколување на соседните планини. Затоа ти се наредува да мобилизирате од муслиманите во градот (Бер) 200 млади и истакнати борци како воjници, кои, откако ќе бидат ставени под команда на носителот на неговата наредба, министерот без портфељ, Абдул Баки-ага, треба да формираат одред кој ќе замине веднаш во негушкиот воен логор. Затоа оваа наредба е дадена од солунскиот диван и негушкиот воен логор.

Погрижи се оваа наредба да се изврши што е можно поскоро и одбегни било каква акциjа која е спротивна на истата.

Цариград, 26 март 1822 година (Стр. 185, Универзитет Св. Кирил и Методиj, Документи за борбата на македонскиот народ за независност и државност, том први, Скопjе 1985 год).

Следното писмо е од Наум Ичко до кнезот Милош Обреновиќ:

“Дo великодостоjникот, господар Милош Обреновиќ, поздравуваjќи го наjљубезно, Го добив вашето ценето писмо од 17-ти овоj месец и разбрав што ми пишавте во врска со коњот што го купив од вашиот слуга, а кој беше ставен на продажба. Турците сакаа да го купат, но беше добро што јас го купив за да не може да падне во нивни раце. Јас сум целосно ваш, а и коњот, исто така, целосно е ваш. Го носам да пасе во Савамала на една ливада. За три дена пасењето ќe заврши. Ќе ви го испратам оседлан, со првото момче што ќе замине за вашата палата.

Бидеjќи веќе знаете за страдањата во Негуш, сакам да ве известам за една моjа несреќа. Еден мој роднина, со целото негово семејство, по некоја случаjност се нашол таму, бегајќи од Катраница за Негуш поради безбедност; речиси во исто време кога Негуш беше заземен, тие биле заробени:

неговата жена, четирите ќерки и троjцата синови. Никоj не знае дали мојот роднина е жив или мртов. Семејството таму било ставено во затвор од страна на еден болукбаша /bolukbasi/ од Дебар, а потоа отерани во Битола за да бидат продадени на христиjани, бидеjќи трговците и занаетчиите таму купуваат многу робови; само епископот купил 30 робови. Кога никоj веќе не можел да купува робови, жената им рекла на трговците дека таа има роднина во Белград;

трговците му го кажале ова на болукбашиjата и го замолиле да не ги носи на Арнаутлук /Arnautluk/, туку да чекаат 25 дена додека тие не ме информираат мене. Болукбашиjата се согласил, но рекол дека нема да ги продаде за помалку од 4,000 ковани пари. Тогаш, трговците ми пишаа да им испратам пари како откуп за тие 8 души. Мораме, мој драг господару, не само да ги ослободиме нашите роднини, туку, исто така, и секоја христиjанска душа, ако тоа ги спаси од турскито раце. Но, ми претставува потешкотија да наjдам 4.000 ковани пари, бидеjќи епархиjата е слаба: затоа, можам само да заштедам 1.500 пари, а остатокот до 4.000 ве проколнувам, клечеjќи пред вас, бакнуваjќи ви ги рацете и нозете, да ми помогнете да ги спасам тие 8 души за душите на вашите родители и за здравjето на великодостоjникот Милан. Би било добро, мој драг господару, ако може да интервенирате во моја корист и да замолите некои од војводата или трговците со свињи, на кои Бог им дал богатство, да помогнат со 100 или 200 пари, да соберат мали фондови, така што христиjаните овде ќе може да ослободат и неколку христиjански души од турските раце. Паметиш ли колку многу српски робови беа ослободени од турските раце, од страна на христиjаните долу, во текот на првите години?

Доjде време ние сега да го платиме нашиот долг. Пред две или три години ти овозможи многу луѓе да одат на аџилак во светиот град Ерусалим; сега, доjде време твоето лице да го види тоа свето место. Ерусалим е тој што треба да ги спаси робовите; ова писмо скоро доаѓа до тебе преку доверителот Магус /Magus/.

Те молам, одговори ми така што да може Исаиjа да ми го донесе одговорот до петок попладне, бидеjќи доверителот од Битола заминува в сабота, а јac да знам што да им напишам на трговците во Битола во врска со тие осум души.

Останувам ваш послушен слуга.

Наум Ичко Белград, 23 мај 1822 година”.

(Стр. 185, 186 и 187, Универзитет Cв. Кирил и Меtодиј, Документи за борбата на макодонскиот народ за независност и државност, том први, Скопје 1985).

Горенаведените писма се доказ за Негушкото востание кое се случило во почетокот на март 1822 година. Ова е уште еден македонски историски настан кој повеќе не може да биде скриен за да ги заштити интересите на македонскиот jужен сосед.

Договорот од Кучук Каинарџи го поттикнал рускиот експанзионизам на Балканот, што ги алармирал западните сили и го иницирал “Источното прашање”: “Што ќе се случи со Балканот кога Отоманското Царство ќе исчезне?” Источното прашање од 1800 година подоцна станало македонско прашање од 1900 година.

Отприлика во исто време кога Русиjа си го пробивала патот на Балканот, Западот поминувал низ свои сопствени промени. Индустриската револуцијa, што доаѓала од Англиjа и напредувала кон остатокот од светот, била во полн замав.

Франциjа била економска суперсила, но брзо ги губела своите позиции во Англиjа. Француската револуциjа (1789)

родила не само нови идеи и национализам, туку го родила и Наполеон Бонапарта. Додека Наполеон водел војна во Европа и на Блискиот Исток, францускиот бродски превоз по Медитеранот замирал, само за да биде заменет со фанариотските и британските трговци. Француската трговиjа во внатрешноста на отоманската териториjа, исто така, опаѓала и никогаш целосно не закрепнала. На копно, поради долгата граница, Австриjа доминирала со трговиjата со Отоманското Царство, спроведуваjќи го својот бренд на влиjание врз Балканот, особено врз српскиот народ.

Бидејќи преминот кон XIX век донел економски промени за Европа, Балканот станал последната граница за проширување на капитализмот. Дo 1800 година политичките, економските и воените институции на Европа рапидно се менувале. Западните влади и извозници агресивно и постоjано биле присутни на балканските пазари, во корист на своите западни фабриканти. Ова агресивно настапување ги гушело балканските индустрии пред тие и да имаат можност да се развиjат и да бидат конкурентни. Како резултат, балканските економии започнале да опаѓаат, предизвикувајќи граѓански немири и националистички востаниjа.Додека западните земjи биле оставени на мира, не биле попречувани економски и социjално да се развиваат, надворешните сили ги спречиле балканските општества да постигнат сличен напредок. Во наjголем дел регулирани од страна на еснафите, балканските трговии не можеле да и конкурираат на западната механизациjа и изгаснале. Без работни места, повеќето од градското население станало товар на и онака веќе економско притиснатото селанство.

Економската ситуациjа на Балканот се влошила до неподносливи граници и, како и во претходните два века, така и сега народот почнал да се бунтува.

Од современите балкански држави, Србиjа била прва кoја се кренала на вооружено востание. Првото востание се случило во Белград, во 1804 година, истата година кога Наполеон станал император. Непосредните последици од оруженото востание биле натамошна тираниjа и пропаѓање на отоманскиот систем. Кога Наполеон навлегол во Египет во 1798 година, султанот зел трупи од Балканот и ги испратил да се борат против Французите по Египет.

Оставаjќи го регионот незаштитен, Белград во 1801 година станал прибежиште за разбојници и за самоволни и разуздани јаничари. Убивањето и ограбувањето станале секоjдневни. Потоа, во февруари 1804 година, група разбоjници убиле седумдесет истакнати српски селски водачи и свештеници. Тие го сториле ова за да го заплашат населението и да ги спречат нивните српски лидери да му се пожалат на султанот. Очекувајќи уште повеќе убиства, а за да се заштитат себеси, дел од српските водачи побегнале во планините и ги организирале селаните во оружени единици.

Тие ги напаѓале jаничарите во околината и се бореле со нив додека не биле протерани назад во Белград. Војната завршила во ќорсокак.

Ќорсокакот бил прекршен во 1806 година кога Србите решиле веќе да не очекуваат помош од султанот и кога јa презеле работата во свои раце. Речиси во исто време, Французите и Турците станале соjузници. Бидеjќи Франциjа веќе била неприjател на Русиjа, овој соjуз довел и Турциjа да и биде неприjател на Русиjа. Сега, кога биле неприjатели на Турците, Русите интервенирале во корист на Србите и во 1807 година им помогнале да го заземат Белград. Султанот им понудил на Србите целосна автономиjа, но Русите ги советувале да не го прифатат тоа. Наместо тоа, тие инсистирале на преговори за целосна независност. За жал, кога војната помеѓу Русиjа и Франциjа завршила, во 1807 година, Русиjа склучила мир со Наполеон и станала соjузник и на Франциjа, и на Турциjа. Поради себичните интереси на Русиjа, Србите биле оставени сами на себе. Тие го изгубиле Белград кога турската војска нападнала во 1808 година, а многу Срби побегнале во прогонство, додека остатокот го продолжил своето војување од шумите и планините.

Револтот повторно започнал во 1809 година кога Русиjа го обновила својот воен поход со Турциjа, а завршил во 1813 година со пораз на Србите. А Србите не успеале да победат бидеjќи Русиjа не била сигурна за своите обврски кон Србиjа. Русиjа имала многу повеќе корист да и попушти на Турциjа, особено кога војната со Франциjа станала неминовна. Кога Наполеон навлегол во Русиjа во 1812 година, Русите ги напуштиле Србите и во 1813 година една отоманска војска навлегла и јa освоила Србиjа, присилувајќи голем дел од неjзиниот народ да побегне, како бегалци, во австриското царство.

Односите помеѓу Србите и Турците тргнале од лошо кон полошо кога Турците изнудувале намирници од Србите со сила, мачеле селани додека барале скриено оружjе и почнале да ги зголемуваат даноците. Една побуна започнала на турски имот во 1814 година. Турците го масакрирале локалното население и јавно набиле на колец двесте затвореници во Белград. Српските водачи решиле повторно да се побунат и борбата се обновила на Велигден во 1815 година. Овоjпат српските лидери се осигурале турските воjници да не бидат убиени, а цивилите да бидат ослободени неповредени. За да им ги ублажат стравовите на Турците, Србите обзнаниле и дека ова е побуна да се стави краj на малтретирањата, а не да се добие независност.

Откако Русите го поразиле Haполеон вo 1815 година, Турците се плашеле дека Русиjа би можела поторно дa интервенира во корист нa Србиjа. За да го избегне тоа, султанот и дал автономија на Србија.

По Руско-турската војна од 1829-30 година, бил потпишан нов договор кој ставил крај на повеќето малтретирања и злоупотреби во Србија. Сите муслимани, освен еден помал гарнизон, јa напуштиле српската териториjа. Србите јa презеле контролата врз внатрешната администрациjа, поштенскиот систем и судовите. Индивидуалните даноци и такси, кои директно му се плаќале на султанот, биле заменети со данок кој српската држава еднаш годишно му го плаќала на султанот. Србиjа останала автономна се до 1878 година кога и била дадена независност.

Вторите кои се дигнале против отоманското владеење биле фанариотите. Фанариотското востание не било вистинско востание како она во Србиjа. За разлика од Србите, повеќето фанариоти биле богати и веќе уживале големи привилегии во отоманското општество. Дa се кренат на востание било слаб избор за нив, бидејќи имале многу повеќе да изгубат отколку да добиjат.

Кога Отоманците го наметнале милетскиот систем, фанариотите почнале да добиваат економски и други предности во однос на останатите балкански христиjани.

Уште на почетокот, патриjархот назначувал свое свештенство и јa презел контролата на управување со целиот христиjански милет. Назначеното свештенство од страна на патриjархот имало религиозна, образовна, административна и правна моќ и власт во отоманскиот Балкан. Со други зборови, фанариотите ги воделе, повеќе или помалку, сите политички, граѓански и религиозни работи во христиjанскиот милет.

Фанариотите биле горна класа, или сина крв на христиjанскиот свет. Иако тие припаѓале на многу националности, биле истакнати поради својата позициjа, материjално богатство и моќ што јa имале и практикувале во рамките на отоманската администрациjа. Освен тоа, го зборувале административниот коине jазик, долго поддржуваната традициjа од времето на Православните.

Дo 1700 година, фанариотските сопственици на бродови доминирале со балканската комерциjа на островите. Како христиjани, фанариотските трговци биле ослободени од етничките и законските ограничувања (особено при ракување со пари) и им било дозволено да стапуваат во трговски врски со немуслимани. Западњаците кои тргувале во регионот користеле локални Евреи, Ерменци и фанариоти како застапници. Различните трговски гранки на едно фанариотско семејство често биле активни во различни градови. Роднинските врски ги смалувале трговските ризици.

Помеѓу 1529 до 1774 година само на отоманските бродови им било дозволено да пловат по изолираните води на Црното Море. Фанариотската трговиjа се развила без конкуренциjа од Венециjанците или другите западни трговци. Како што претходно е спомнато, Договорот од Кучук Каинарџи од 1774 година, ги отворил турските мореузи за руската трговиjа. Немало доволно руски бродови да ги задоволат сите побарувања за бродска испорака, па така отоманските фанариоти јa пополниле празнината. Освен тоа, Наполеонските конфликти помеѓу Англиjа и Франциjа создале нови можности за неутралните фанариотски бродови и до 1810 година имало 600 фанариотски трговски бродови кои вршеле трговиjа.

За фанариотите, особено оние подобро стоечките, отоманското владеење им обезбедило предности во однос на другите балкански групи. Богати сопственици на бродови, застапници, просперитетни трговци, високи функционери вo христиjанската црква, даночни службеници, господари вo Романија, архиепископи на Пелопонез и членови на толкувачката и преведувачката служба, сите тие имале многу повеќе да изгубат отколку да добиjат со кревање востание.

Тогаш, како може да се обjасни движењето кое довело до револуциjа во 1821 година? Сиромашни селани, сиромашни селски свештеници, сиромашни морнари и други, кои живееле на Пелопонез, немале инвестициjа во отоманската статус кво. Без идеи или лидерство, овие луѓе воделе мизерен живот и се убивале меѓу себе за да преживеат.

Востанието го започнало надворешно мешање.

Првите поттикнувачи биле членовите на Друштвото на приjатели “Филики Етериjа”, тајно друштво формирано во 1814 година во руското пристаниште Одеса. Ова друштво испратило претставници на Пелопонез за да регрутираат борци. Голем броj значаjни бандити и обласни угледни личности се одзвале на нивниот повик, со организирање на селаните и формирање вооружени групи.

Бидеjќи Мореа била сиромашна, во повеќето краеви немало турско присуство и христиjанските епископи или коџабашии практично управувале со самите себе.

Христиjанската народна војска, или “арматоли”, го чувала мирот, додека “клефтс /klefts/”, или бандити, скитале по падините на брдата, ограбувајќи и пљачкосуваjќи ги нивните соседи.

Револуциjата во 1821 година почнала како планиран заговор, вклучуваjќи само избрани елементи од населението.

Во тоа време идеjата за “националност” била многу тешко сфатлива, дури и за наjпросветлените револуционери.

Намерата на востанието била да се ослободат сите балкански народи од турската тираниjа и да се обединат во една христиjанска држава.

“Филики Етериjа” планирала да го започне востанието на три места. Првото било Пелопонез, каде што една група разбоjници и архиепископи јa поддржувале идеjата. Второто место било Цариград, каде што се очекувало фанариотската заедница да се побуни. Третото, се очекувало фанариотските сили да јa преминат руската граница од Одеса за да упаднат во Молдавиjа и Романиjа. Но, плановите не се одвивале како што се очекувало. Кога 4500 луѓе од “Светиот баталjон” влегле во Молдавиjа во март 1821 година, романските селани ги игнорирале Турците и наместо нив, ги нападнале фанариотите. Инвазиjата на фанариотите врз Романиjа била целосен неуспех. Во истовреме, “класните поделби” во фанариотското општество го попречиле востанието во Цариград. Турците реагирале така што го обесиле патриjархот кој бил владетел. Единствениот успех бил постигнат во Мореа и тоа само поради тоа што епископите се плашеле од одмаздата на турскиот паша. Плашеjќи се од приведување, па дури и погубување, епископите им се придружиле на разбоjниците и го масакрирале турското население на Мореа. Турциjа не била способна да го задуши востанието и конфликтот останал во ќорсокак до 1825 година. Ќорсокакот делумно се должел на внатрешните проблеми меѓу фанариотите, рефлектираjќи ги класните разлики што постоеле пред тоа, т.е. вооружените селани и разбојници вo Мореа му биле лоjални на разбоjникот Tеодорос Колокотронис. Ним им се спротивставувале граѓанските водачи во Народното собрание кои биле составени главно од архиепископи и добро поврзани фанариоти. До 1823 година двете страни биле заглавени во граѓанска војнa. Ќорсокакот се должел делумно и на интервенциите од Британиjа, Франциjа и од Русиjа. Секоја од овие земjи имала стратешко-политички и економски интереси во Турциjа, и cекоја сакала да се осигура дека резултатите од вoјнaтa во Мореа ќе бидат во неjзин наjдобар интерес. Британците биле наклонети кон фанариотската кауза, но во исто време сакале една силна Турциjа да и се спротивстави на Русиjа. Во почетокот, Британците биле спремни да јa поддржат Турциjа за да јa спречат Русиjа да добие контрола врз турските мореузи и да им се заканува на медитеранските трговски патишта. Подоцна, бидеjќи Британијa добила контрола врз Кипар, неjзините планови се промениле. Рускиот цар, од негова страна, пак, имал симпатии кон христиjаните, но се плашел од можноста една пелопонеска држава да стане британски соjузник.

Француските инвеститори имале голем броj турски државни обврзничи, што би биле безвредни кога Турциjа би се распаднала. Франциjа, исто така, била нестрплива повторно да се вклучи во светската политика по неjзиниот пораз од Русиjа во 1815 година.

Големите сили, наоѓаjќи се во ќорсокакот, можеле да видат дека Мореанската револуциjа нема да исчезне и биле спремни да интервенираат и да се осигураат дека конечниот резултат ќе биде прифатлив за нивните интереси. Странската интервенциjа траела од 1825 до 1827 година. Таа започнала со интервенциjа да се блокира египетската воена морнарица за да не изврши инвазиjа на Мореа во 1825 година (освојувaњeтo на пристаништето Наварино од острана на Мехмет Али), а завршила во 1827 година кога Британците, Французите и Русите јa потопиле египетската воена морнарица. Европските сили испратиле комбинирана флота од 27 брода до заливот Наварино, за да јa набљудуваат египетската воена морнарица, но работите излегле надвор од контрола кога биле испукани истрели од пушки и кога набљудувањето ескалирало во битка. Кога завршило се, европската флота потопила 60 од вкупно 89 египетски бродови. Загубата на египетсктата воена морнарица го оставила султанот без вооружени сили, така што бил онеспособен да го поврати Пелопонез или да им се спротивстави на Големите сили. Турциjа била притисната да направи концесии за Мореа, но Отоманците продолжиле да одолговлекуваат. За да му стават крај на тоа одолговлекување, Русите упаднале во Турциjа, во 1828 година (Руско-турската војна од 1828 до 1830 година) и речиси стигнале до Цариград до 1829 година. Султанот им попуштил на руските барања. Исто така, и Русиjа попуштила на барањата на западните сили и се согласила на британско и француско учество во договарање на мирот со Лондонскиот протокол од 1830 година, кој довел до paѓaњe на едно мало независно грчко кралство. Принцот Ото од Бавариjа, германски принц, и германската администрациjа биле избрани од Големите сили да владеат со грчкото кралство.

Изборот бил компромис, но прифатлив за сите три сили.