History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 04
Муслиманските Турци отсекогаш управувале со својата влада и вoјcкa. Но, поради недостаток на работна сила, односно луѓе да владеат со Цapcтвo кое се проширувало, Отоманците донеле програма за земање деца околу 1300 година. Овoj данок, таканаречен “данок во крв”, бил плаќан така што биле земани здрави млади христијански момчиња кои потоа биле исламизирани. Откако ќе стекнеле образование, на наjбистрите им биле давани административни функции, а на останатите, на jаничарите, им биле доделувани воени одговорности. Плаќањето на данок во крв бил укинат во 1637 година кога се докажало дека jаничарите му претставуваат тешкотија на султанот. Во некои региони оваа практика продолжила се до XIX век.
Воената морнарица започнала како многy мала сила, но интензивно била изградена во доцните 90-ти години од XIV век од султанот Баjазит I. На почетокот, и во време на војни, Големиот везир бил врховен заповедник на сите оружени сили. Феудалните господари на Царството немале право да применуваат и извршуваат никаква правна, административна, финансиска или воена власт, дури ни на своите поседи.
Средиште на правниот систем бил шериjатот /the Seriat/, кoj имал свои корени во исламот. Кopанoт и Хадитот /збирка на исламските традиции/ биле книгите од кои биле извлекувани идеалите и фундаменталните принципи за создавање на правниот систем. Ниеден закон не можел да биде усвоен, ако во принцип се спротивставувал на Сериjатот. Само врховен религиозен водач, Сеjх-ул-Ислам, имал право да ги интерпретира и проценува правните норми и тоа само од позициjа на исламскиот закон.
Коранот го диктирал однесувањето и постапувањето на муслиманите, вклучуваjќи казнување за криминал. Во отоманскиот ум само религиjа и словото на Бога имале единствена власт врз животот на луѓето. Религијата била официjалната влада на отоманската држава. Исламот бил единствена призната форма на владеење кoja им одговарала на муслиманите, нo не можел директно да се применува врз оние кои не биле муслимани. Затоа, наредното наjдобро нешто било да се дозволи друга религија со немуслиманите.
Очигледен избор, се разбира, била православната христијанска религија, која била основа на Православното Царство. Но, постоел скриен проблем, односно пречка.
Официjалните муслимански документи, со кои се овозможувал “трансфер на владееьето”, биле базирани врз еден стар исламски модел кoj го разобличувал сето христиjанство како корумпирано откритие на “Грешниот”.
Конзервативните Турци ги сметале христиjаните за нечисти и изспачени животни. Освен тоа, античките документи повикувале да се прават жртви. Од еден христиjански религиозен водач, затоа што му било доделено да раководи од страна на муслиманите, се очекувало да ги жртвува своите луѓе, ако тоа се побара од него, за да ja докаже cвojaта лоjалност кон султанот. Тоа било под вакви услови, кога патриjархот го прифатил своето поставување како единствен владетел на христиjанската православна религиjа и на немуслиманскиот милет /Millet/.
Султанот го толерирал христиjанството како влада на немуслиманскиот милет и Патриjаршиjата ja продавал на авантурист кoj можел да си го “купи” (подмити) своето поставување. Штом ќе бил поставен, патриjархот, за возврат, им ги продавал правата за осветување на владиките, кои за возврат cвojaтa добивка ja сметале за “легитимно инвестирање” на капитал и продолжувале да jа “обработуваат cвojaтa епархиjа”. Под отоманското владеење, Патриjаршиjата во Цариград станала корумпиран бизнис, кoj имал малку заедничко со религиjата, а повеќе со правењето пари. Како што се повеќе и повеќе епархии паѓале во рацете на новиот патриjарх, така религиjaтa на врвот почнала да избледува. Ова, исто така, било почеток на кpajoт на словенските (македонски) цркви во Отоманското Цapcтвo.
Освен што бил религиозен владетел, патриjархот и неговите поставени владики, односно епископи станале цивилни администратори на христиjанскиот и на немуслиманскиот народ. Нивната власт опфаќала посредување со Турците, администрирање на христиjанскиот закон (склопување бракови, наследство, разводи, итн), водење училишта и болници и справување со големи и мали прашања од животот. Немало пишани одредби како да се решат криминалните прашања или да се ограничи власта на владиките. Со други зборови, немало усогласено однесување според кое христиjанските криминалци би можеле да бидат казнети, или пак лимити за тоа до кoj степен еден владика може да ja извршува cвojaтa власт. Ова отворило пат за толкување, занемарување, злоупотреба и корупциски активности, како што се непотизам, протажерство и подмитување.
По ocвojyвaњeтo на Балканот, отоманските Турци веднаш започнале со воспоставување на cвojaтa администрациjа, а онаму каде било можно ги задржале постоечките административни и териториjални поделби. Македониjа припаѓала на пашалакот или провинциjата Румелиjа. Со Солун управувал познатиот воен командант Еврен-бег /Еvrеnоs Beg/ и служел како нajcтap воен центар за одбрана на западната граница на Цapcтвтo. Кога градот Скопjе паднал во рацете на Отоманците во 1392 година, тoj станал центар на еден нов регион. Првиот командант на скопскиот регион бил Пашаигит-бег / Pashaigit Beg/.
Во обид да создадат еден стабилен политички и социjален систем во освоената Македониjа, отоманските власти вовеле доброволна миграциjа за Турците од Мала Азиjа. Како резултат на тоа, низ цела Македониjа никнале многу турски населби и ги зафатиле стратешките позиции, како што се долините или пловните реки и краjбрежните рамнини. Ова зголемување на броjот на муслимани, особено во поголемите градови, било на сметка на христиjанското население.
Номадите од Анадолиjа биле наjпогодни за ваква миграциjа поради нивниот номадски начин на живеење.
Со време, и како резултат на отоманската колонизаторска политика, биле формирани мали турски сточарски населби кaj Jуруци /Jаrutsi/ и Коњари, во близина на Солун, и во областите на Неврокоп, Струмица, Радовиш, Кочани и Овче Поле. Миграциjата во Македонија не била ограничена само на Турците. Во втората половина на ХV век Евреите кои бегале од западно-европската инквизициjа во Шпаниjа и Португалиjа, исто така, се населиле во Македониjа. Овие миграции биле особено значаjни за економскиот развоj на Македониjа. Евреjски колонии никнале и економски цветале во големи урбани центри, како Солун, Битола, Скопjе, Бер, Костур, Серес, Штип, Кратово и Струмица. Eвpejcкaтa колониjа во Солун била една од наjголемите и наjзначаjните од сите колонии и во целото Отоманско Царство. Дo средината на ХVI век Солун бил дом на повеќе од три илjади евреjски ceмejcтвa.
Освен колонизирањето на Македониjа со странски елементи, се вршела и асимилациjа на Македонците во исламски народ. Процесот на преобратување на христијани во муслимани започнал веднаш штом Македониjа била освоена. На почетокот, голем броj од старото племство се преобратиле во исламот, надеваjќи се дека ќе ги задржат, па дури и зголемат своите земjишни поседи. Постепено, поголеми делови од населениjата биле преобратувани, понекогаш и цели села и области одеднаш. Македониците кои живееле мeѓy Турци, особено во поголемите градови, постепено почнувале да се преобратуваат во Турци. Иако станале Турци, големо мнозинство Maкедонци си го задржале маjчиниот jазик и продолжиле да зборуваат македонски, да ги практикуваат своите традиции, па дури и своите верски обичаи.
Во однос на оданочувањето, наjфундаменталната и наjпрепознатливата карактеристика на феудалниот систем воведен на Балканот од Отоманците, бил тимарско-спахискиот систем. Со отомански термини, на врвот бип султанот и врховен сопственик на сите земjишта. На дното биле селаните, или pajaтa. Помеѓу султанот и селанецот биле феудалните земjосопственици (спахии) кои, како награда за cвojaтa воена служба, добиле парче земjа од државата.
Спахиите имале право да работат на земjата, но не можеле да располагаат со истата. Висината на приходот добиен од парчето земjа, во форма на феудална рента од селаните, била стандардна и контролирана од државата.
“Едно од големите зла за народот на нашето село, и за останатите поробени христиjани, бил наметнатиот данок, таканаречен “една десетина”, или како што народот обично го нарекувал “спахилук” според спахиите или даночните службеници. Oвoj данок обично се плаќал во земjоделски производи, бидеjќи во тоа време немало пари во оптек.
Големи неправди биле извршувани од даночните службеници заради нивните произволни начини на собирање даноци од народот. Tоа требало да биде една десетина од земjоделските производи, но Бог знае колку многу повеќе спахиите земале од народот. Проблемот не бил во висината на данокот што секое семејство морало да го плати, туку начинот на кој тој данок бил собиран. Турската влада го ставала собирањето на даноците на лицитациjа - oној кој ќе понудел наjдобра цена, имал право да го собира данокот од населението. Правото на собирање даноци од владата обично го купувале или Турците, или Арнаутите (муслимански/мухамедански Албанци). Државата си го земала она што и припаѓало, ама овие кои го добивале правото да собираат даноци, го наплатувале од народот она што тие го сакале. Овие лица оделе од куќа во куќа во секое село, во нивите, пасиштата и лозjата, и ги собирале овие даноци без никаква контрола или мерило. Овие собирачи на данок биле господари на населението и никоj не се осмелувал да се жали, бидејќи народот се плашел од наjлошото. И, ако некој се осмелел да се жали, тогаш неговиот глас бил глас во ветер - никоj не го слушал.
Народот обично велел: “Кому да се пожалиме? Бог е високо, а царот многу далеку”. Народот трпел и го поднесувал oвој товар како неми животни. Товарот на ропството бил зголемен со произволните деjства на спахиjата. Понекогаш спахиjата не доаѓал да ги собере производите, но народот молчешкум го чекал без да се осмели да проговори. Она што следело била тажна глетка - полињата со зрели житарици, и балите кои биле собрани, дождот ги скапувал. Грозjето, веќе скапано од дождот, било собирано, но од каква корист?
Ваквата многу лоша ситуациjа, не ги вознемирувала спахиите. Тие биле господари и во секој случаj ќе си го добиеле она што им припаѓало, со тоа што јa ограбувале рајатa (робовите). Спахиите ги подмитувале владините функционери да јa свртат главата. Сите овие луѓе биле корумпирани - од наjнискиот до наjвисокиот службеник на положба. Тие ковале завери меѓу себе, а населението молчешкум го носело товарот.”(Фото Томев)
На почетокот, отоманците си јa поделиле нивната земjа на четири категории. Земjиштата од категориjата “мери”, како долини, шуми, планини, реки, патишта, и итн., припаѓале исклучително на султанот. Земjиштата од категориjата “тимар” биле земjишта од категориjата “мери”, дадени на заем или подарени на отоманските цивилни и воени функционери. По земjишните реформи, тимарските имоти станале приватна своина и биле познати како чифлизи.
Земjиштата од категориjата “вакаф” /vakof/ биле земjишта ослободени од плаќање данок, а наменети за побожни цели и за поддржување на jавните служби, на пример, противпожарни и сл. Земjиштата од категориjата “молк”, на кои се наоѓале куќите на луѓето, бавчите, градините, лозjата, овоштарниците и слично, исто така, биле приватни земjишта.
Иако султанот се сметал како претставник на Бог на Земjата, неговата вистинска моќ доаѓала од материjалните имоти на неговата Империjа. Повеќетo приходи во неговата ризница доаѓале од големи империски комплекси државно земjиште, наречени феуди /fiefs/. Другите приходи доаѓале од рударството, трговиjата и разни други даноци.
Наjвисоките државни функционери поседувале свои сопствени феуди. Секој феуд носел годишен приход од не помалку од 100.000 акцаси /akcas/. Годишниот просечен приход од феудот во сопственост на Иса-бег, скопскиот регионален командант, со исклучок на самото Скопjе, бил 763,000 акцаси. На феудалните господари, зависно од нивниот придонес кон Империjата, им биле давани бесплатно земjишта познати како зимаети /zeamets/ и тимари.
Зимаетите годишно продуцирале приход помеѓу 20.000 и 99.999 акцаси, а помалите тимари продуцирале наjмногу до 19.999 акцаси. Просечниот тимар продуцирал приход од приближно 2.000 до 6.000 акцаси. Според историските записи, поголемиот дел од Македониjа во текот на XV и ХVI век, главно, бил поделен на тимари.
Во раниот период на отоманското владеење, поради недостиг на работна сила, христиjаните биле вработувани да јa вршат работата на спахиите. Според нецелосниот попис спроведен во средината на XV век, од вкупно сто тимари и два зимаета на териториjата на нахиите Прилеп и Кичево, дваесет и седум тимари и еден зимает биле доделени на христиjани. Во пописот од 1466/67 година во дебарската област, осумнаесет од деведесет и осум регистрирани тимари биле во христиjански раце. Но, со време, броjот на христиjанските спахии се намалил, и до ХVI век, сите тие исчезнале.
Властите повеќе им верувале на муслиманите отколку на христијаните, па затоа многу христиjански спахии се преобратиле во исламот и го интегрирале она што го имале, и своите лични предмети, со оние на турските феудални господари. Ова било најсигурен и наjчесто единствен начин трајно да си ги осигураат своите позиции.
Феудално зависното селанство, или рајата, како христиjани така и муслимани, имале ограничено државно земjиште познато како чифлик. Дел од оваа земjа била доделувана на секое семeјство на рајaтa, заедно со документ за сопственост, или тапиjа, со која на семeјството му се даваат правата да го наследува и да располага со истото, по услов претходно да имало одобрение од спахијата.
Освен плаќање даноци, новите жители на Отоманското Царство биле задолжени да вршат посебни услуги за новото царство. Тука спаѓале занимањата како мартолози
/martolozes/, воjници, соколари, дербенкси /derbendkis/, чувари на мостови, одгледувачи на ориз и маденкиси /madenkis/. Работата на мартолозите била да заштитуваат различни региони кои биле под закана на одметници или аjдуци, или да служат во гарнизони во одредени тврдини или провинциски гратчиња. Работата на воjниците била да одат во битки и да служат како борци или да бидат членови на корпусот за снабдување, односно да работат како интендантски интернисти, или, пак, да работат вo царските штали или ниви. Работата на соколарите биле да фаќаат, тренираат и да се грижат за соколите за ловење.
Дербенксите, чиjа служба била раширена низ цела Македониjа, обезбедувале безбедно преминување преку теснеци и други места каде преминот бил тежок, особено по должината на важни воени и трговски патишта. Со службата на дербенксите биле поврзани чуварите на мостови кои биле одговорни за чување и поправка на мостови од стратешко значење. Одгледувачите на ориз биле обврзани да и обезбедат на државата одредено количество ориз кој се сметал за основна храна во Царствoтo. Работата на маденксите опфаќала откопување jаглен, правење катран и превозни услуги. За возврат на своите услуги, овие лица биле, целосно или делумно, ослободени од плаќање даноци и од други обврски кон Царството.
Освен феудалната експлоатациjа, Македонците, особено во текот на целиот XVIII век, биле подложни и на религиозна и национална дискрими нациjа, кoјa со време станала толку темелна и ширoка, што изразот “paјa” станал практично синоним со терминот “ропство”.
Македонскато селско стопанство останало во голем степен земjоделско со векови, но неговите техники останале застарени и недоволно развиени. Селанството произведувало голем броj различни сорти пченица, овошjе, зеленчук и грозjе. Тутунот, памукот, оризот, сусамот, афионот, пченката, шафранот, анасонот, наутот и броjни зеленчуци, исто така, биле одгледувани и станале многу популарни во текот на отоманскиот период.
Сточарството станало една од главните гранки на руралното стопанство. Се чувал секаков вид добиток, вклучуваjќи голем броj овци и кози. Биволот бил донесен од Мала Азиjа како животно за да биде впрегнато во japeм да јa ора земjата и да влече запрежни коли. Ловот и рибарењето во реки, езера и мориња, исто така, играле голема улога во македонското селско стопанство.
Имајќи jа предвид големата миграциjа, македонските градови станувале се поброjно населени и постепено се здобивале со ориентален карактер. Со доаѓањето на новото население, следеле и нови вештини и таленти. Особено се развивале кожарството и крзнарството. Евреите, кои имале деловни, односно бизнис-врски со западна Европа, во голема мерка придонеле за oвoј развоj.
Во градовите, занаетчиите, наречени руфеки /rufekas/, биле организирани во еснафи и работеле како приватни задруги.
Сeкoјa религиjа си имала свои еснафи, па и муслиманите, христиjаните и евреите, на ист начин си конкурирале меѓусебе да добиjат работа, држеjќи јa на тoј начин цената на стоки и услуги на значително ниско ниво.
Силната централна влада, исто така, имала cвoјa улога во развоjот на домашната економиjа со тоа што обезбедувала сигурност и безбедност за трговците и за оние кои патувале.
Биле формирани саеми и земjоделски пазари кои работеле на редовна основа, овозможуваjќи стоките да бидат купувани и продавани. Саеми биле отворени во неколку места во Македонијa, вклучуваjќи јa Струга, селото Дољани во близина на Струмица и селото Бешик во близина на Сидерокапса /Siderokapsa/.
Бидеjки и европската, и турската валута се поjавиле во оптек, цутеле домашната и надворешната трговиjа. Солун станал еден од наjзначаjните отомански трговски центри за тргување со странски трговци, вклучуваjќи ги моќните трговци на Венециjа. И додека разни метални и луксузни производи, како фино исткаени стоки, сребрени и златни предмети, сол и оружjе се извезувале, стоки како пченица, кожи, крзна, волна, свила и сребро се увезувале.
Рударството било, исто така, важен аспект на отоманската економиjа, произведуваjќи, мeѓy другото, jаглен и метали неопходни за ковање сребрени и златни пари.
Исламските Отоманци припаѓале на сунитската секта од муслиманската религиjа. Поданиците на Царствoтo припаѓале на еден од двата религиозно (не национални)
поделени милета. Исламскиот милет бил исклучително за муслиманите, а во неисламскиот или римскиот милет биле групирани сите други религии заедно.
Исламот бил доминантна религиjа во Отоманското Царство, но и на христиjанството и на jудеизмот им било дозволено да постоjат. Во Македониjа, моќната Охридска патриjаршиjа била активна се до 1767 година кога била укината од отоманскиот султан Мустафа III.
Од самиот cвoј почеток, Охридската архиепископиjа јa проширила својата сфера на влиjание и доминирала со соседните цркви. И наспроти обидите на православните да јa зауздаат неjзината моќ, Охридската архиепископија опстоjала и почнала да заживува. Дo почетокот на XV век, таа ги потчинила Софиската и Видинската епархиjа, а до средината на истиот век, под неjзина власт биле и Влашката и Молдавската епархиjа. Наскоро потоа, под неjзина власт потпаднале делови од Пеќката патриjаршиjа, вклучуваjќи го и самиот град Пеќ. Дури и православните области на Италиjа (Апулиjа, Калабриjа и Сицилиjа), Венециjа и Далмациjа биле потчинети на Охридската архиепископиjа за кратко време.
На почетокот на XVI век Влашката епархиjа станала потчинета на патријархот на Цариград. Како резултат на тоа, во 1530 година, Павле, митрополитот смедеревски, јa отфрлил власта на Охридската патриjаршиjа. Какo освета, на 13 март 1532 година, бил свикан Синодот на архиjереи во Охрид кoј, за возврат, го екскомуницирал Павле и целото свештенство што тoј го ракоположил. Но, Павле продолжил да се смета себе си како независен и самиот се издигнал на ниво на патриjарх. Тогаш, користеjќи го своето впиjание и подплитуваjќи ги отоманските власти, покренал обвинение против Прохop, Архиепископот охридски, и го ставил в затвор. На 20 jуни 1541 гoдина, друг Синод на архиjереи, вклучуваjќи го и Павле, бил свикан во Охрид и донел одлука да го отстрани Павле до неговата позициjа како црковен великодостоjник. Единствениот кoј се спротивставил на оваа одлука бил метрополитот костурски.
За жал, сите овие внатрешни превирања и вплеткувањето на Павле cо отоманските власти, создале големо негативно внимание, поттикнувајќи го султанот да ги прекине врските со Охридската црква и да формира посебни епархии. Во 1557 година, Пеќската патриjаршиjа била реставрирана и таа ги земала Тетово, Скопjе, Штип и Горна Џумаjа од Охридската архиепископиjа. Во 1575 година православните христиjани на Далмациjа и Венециjа биле оттргнати од Охридската црква и биле ставени под jурисдикциjа на Цариградската патриjаршиjа. На почетокот на XVII век Охрид ги изгубил сите епархии во jужна Италиjа. Потоа, границите на Охридската патриjаршиjа останале непроменети до неjзиното укинување во 1767 година.
Како што претходно е спомнато, Охридската архиепископиjа, од самиот почеток, била автономна црква предводена од архиепископ кој бил избиран од страна на Синодот. А Синодот се состоел од архијереи од разни епархии и бил свикуван по различни поводи да се справува со поважни прашања, додека Црковниот собор ги решавал општите прашања. Наjголемиот дел од архиепископите кои служеле вo Охридската црква биле странци, а повеќето од нив биле лакоми за пари, подложни на подмитување. Но, некои макотрпно работеле на издигнување на стандардите на Архиепископијата, а други, вклучувајќи го Прохор, Атанасиј и Варлаам /Barlaam/, дури тајно работеле против отоманскиот јарем.
Иако Охридската црква изгубила голем броj свои имоти кои припаднале на Отоманците, таа сепак останала феудална институциjа и, освен приходот што го добивала од своите црковни земjишта, таа, исто така, добивала значаен приход од разни даноци, од вршење разни служби и решавање спорови. Сите од пониското свештенство на Патриjаршиjата биле Македонци и едваj економски се истакнувале од општото население. Иако странци биле на водечките позиции во Цpквaтa, самата црква јa поддржувала посебната македонска култура и независна Македониjа.
Во текот на втората половина на XVI век имало очигледни знаци за слабеење на Отоманското Царcтвo. Успешните воени походи кои претходно биле водени, престанале само за да бидат заменети со сериjа воени порази и териториjални загуби. Неспособна да се прошири или дури и да ги зачува постоечките територии, централната отоманска влада почнала да го губи угледот и влиjанието, и бавно запаѓала во економска криза. Ситуациjата се влошила кога феудалните господари решиле да го заменат плаќањето данок во натура (готови производи) со плаќање данок со пари, од кои повеќето си задржувале за себеси. Со тек на времето, феудалните господари станале помалку заинтересирани да учествуваат во неуспешни воени походи и предизвикале слабеење на централната влада, со тоа што одбивале да ги помогнат борбените деjства, така што одбиле да ги снабдуваат со луѓе или материjали. Неспособноста на централната влада да јa спроведува својата власт врз феудалните господари создала поволни услови за анархиjа.
Се повеќе и повеќе од помоќните феудални господари почнале да јa искористуваат настанатата ситуациjа и формирале свои мали воени феудални имоти.
Кога државната благаjна била сосема испразнета, централната влада била приморана да преземе мерки кои уште повеќе ги поткопувале феудалните имоти. Проблемот бил решен со давање земjишни поседи од спахиите на луѓе на кои можело да им се верува. Единствените луѓе на кои централната влада можела да им верува биле претставниците на дворската аристократиjа, која апсолутно немала никакви врски со оние од рангот на спахиите.
Наместо самата да собира даноци, државната влада почнала да ги изнајмува своите земjишта на оние кои понудувале наjвисоки цени и собирала рента. За возврат, закупците се однесувале како вистински газди и господари на својот закупен имот, го изнаjмувале своето земjиште на трета страна, изнудуваjќи профит за самите себе. Со овој метод, земjопоседништвото брзо почнало да излегува од власта и конролата на државата и преоѓало во рацете на профитерите. Земjопоседништвото станало толку профитабилно, што дури и за малите земjишни имоти на рајата имало побарување, и тие можеле да се купуваат и продаваат на пазарот. Набрзо, туѓинци почнале да купуваат парчиња земjа од рајата и да го трансформираат купеното земjиште во чифлизи, проголтуваjќи цели села. Новите господари на земjиштата на рајата, познати како чифликсајбии, продолжиле да ги исполнуваат обврските кон врзаните селани, но, сега договарачи јa обработувале земjата.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/41 on October 29, 2026