History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 02
Норманските освoјувaњa имале сериозни долгорочни последици за Македониjа. Освен тешките повреди и пљачкосувања од страна на Норманите, Македонците уште еднаш биле изложени на нова суровост, бидеjќи Православните со вратиле и вовеле закон и pед во провинциjата.
Истерувањето на Норманите, за жал, не донело мир во Македониjа. Kaко што претходно е спомнато, Бодин го наследил својот татко на тронот на Зета, во 1081 година и веднаш почнал со воени походи во православната териториjа. Јa зазел Мокра, дел од охридскиот регион, вклучуваjќи јa планината Багора, а потоа продолжил со заземање на регионот на Дурахиум. Во тоа време, православниот император Алексиj I Комнен интервенирал и Бодин бил присилен да се повлече. Подоцна, одвреме-навреме, Бодин користел прилика да води воени походи во охридскиот регион, но секогаш се повлекувал при присуството на православната војска.
Кон крајот на 90-тите години на XI век, Вукан, владетелот на Рашка, решил да изврши инвазиjа врз Македонија и да го нападне Скопjе. Присуството на Вукан на православната териториjа провоцирал противнапад од императорот, кој овоjпат лично се погрижил за мисиjата. Комнен презел три воени походи против Рашка, во 1091, 1093 и 1094 година.
Неговата лична интервенциjа, не само што им овозможила на Православните да си јa вратат цела Македониjа, туку му испратила и порака на Бодин да не се меша и да се држи настрана.
Дури и со сите македонски имоти под православна власт, Царството не можело да ги пополни воените и економските ресурси што ги изгубило како резултат на губењето на Мала Азиjа во корист на Турците. Стеснувањето на неговите граници, го намалило некогашното моќно царство, со статус на светска сила, на една мала држава која се борела за опстанок. Губењето на Анадолиjа ги присилило Православните да си отидат од исток и да почнат да гледаат кон запад.
Првиот знак за овој интерес кон запад бил во 1082 година, откако Норманите го зазеле Дурахиум и се подготвувале да напредуваат по копно кон Солун. Алексиj, православниот император, немаjќи извори да собере прилично голема војска, ги замолил Венециjанците да му помогнат. Но, уште пред Западот да има можност да реагира, норманскиот водач Роберт Жискар умрел, во 1085 година, што привремено го смирил норманскиот проблем. Наредната година, султанот на Сељук Турците умрел, а султанатот останал обземен со внатрешни ривалства.
Венециjанците, конечно, навистина дошле и им било мило што помогнале Норманите да бидат протерани од Jадранското Море, но во исто време побарале големи концесии за нивните услуги. Во 1082 година Алексиj I им доделил трговски привилегии во Цариград, под многу профитабилни услови. За жал, ова создало огорченост кај западњаците во Цариград. Богатите Православни, кои во друг случаj можеле да инвестираат во бродоградежништвото и трговиjата, биле притиснати да инвестираат во повообичаени активи, како земjа и имот. Според проценките на Алексиj, губењето на Анадолиjа било само привремено и тој целосно очекувал повторно да јa добие назад. И ќе го сторел тоа, ако не била Првата крстоносна војна во западна Европа во 1096 година.
Алексиј побарал помош од Западот, нe за ослободување на Светата земјa од неверници, туку за заштита на Царигpад и за враќање на Анадолиjа. Но, кога Ерусалим бил изгубен и заземен од Турците во 1071 година, се на што можел Западот да мисли било да се освети.
Жестината на Светата војна конечно достигнала максимум во 1095 година, кога папата Урбан II апелирал за регрути од христиjанскиот свет за да одат во војна. Одsивот во западна Европа бил огромен. Некои дошле од религиозни побуди, други поради духот на авантуризмот, а трети со надежи за материjални добивки. Не било утеха за Алексиj кога дознал дека четири од осумте водачи на Првата крстоносна војна биле Нормани, а меѓу нив и Бохемонд, синот на Роберт Жискар.
Не успеваjќи да ги убеди крстоносците да му помогнат повторно да ја заземе Анадолиjа, наредното наjдобро нешто што можел да стори било да ги натера водачите на крстоносците да се заколнат дека на Православните ќе им ги вратат назад нивните градови или територии, кои можеби ќе ги освојат од Турциjа на нивниот пат до Светата земjа. За возврат на овој гест на добра волjа, императорот им дал водичи, воена придружба и резерви на храна.
Една група плашливи крстоносци, на чело со Бохемонд од Таранто, патувале по должината на патот Виа Егнациjа и влегле во Македониjа во 1096 година. Немале маки, односно потреба да користат сила или насилство кога требало да добиjат храна и други потребштини. Додека патувале низ Македониjа, застанале во Костур и таму останале неколку дена, земајќи волови, мазги и се друго што можеле да украдат. Во регионот меѓу Прилеп и Битола, уништиле една утврдена населба и ги убиле сите неjзини жители. Додека јa преминувале реката Вардар, крстоносците биле нападнати, од заседа, од група одметнати турски и печенески воjници од православната војска. Без да претрпат загуби, крстоносците продолжиле на своето патување до Серес, каде што биле пречекани од православни функционери и каде им биле дадени подароци собрани од локалното население. По краток престоj во Цариград, крстоносците преминале во Мала Азиjа.
По краткoтрајна опсада, крстоносците го зазеле градот Никеа во 1097 година и, во согласност со нивниот договор, им го вратиле на Православните. Во 1098 година крстоносците го освоиле Антиох, но овоjпат одбиле да го испочитуваат договорот. Неволjата започнала со одбивањето на Бохемонд да им го врати Антиох врз основа на тоа што тој градот го прогласил за свое кнежество. Ако другите крстоносци можеле да ги задржат земjите што ги освоиле за себеси, тогаш зошто не би можел и тој? Како преседан го искористил формирањето на Латинското Кралство на Ерусалим, кое крстоносците го освоиле една година пред тоа. Како натамошни докази, тука биле и освоените латински окрузи на Едеса и Триполи кои, исто така, им припаѓале на крстоносците. Кога крстоносците завршиле со освојувањата се населиле и ги колонизирале своите имоти, кои се протегале по должината на брегот на Палестина и Сириjа.
Тогаш тие започнале да се караат меѓу себе.
Додека крстоносците биле задоволни од она што го сториле, а Турците биле зафатени водејќи борби меѓу себе, Алексиj воспоставил и обезбедил нова граница, проширувајќи го своето Царство до средината на Анадолиjа.
Алексиj бил способен да ги искористи ривалствата меѓу сељудските султани кај Коња /Коnуа/ и ривалската династија на емирите Данишменд /Danishmend/ кај Мелитен /Melitene/.
Првата крстоносна војна можеби им донела извесни бенефиции на Православните, но сигурно создала нови проблеми. Малите ривалства помеѓу Алексиj и Бохемонд наскоро еруптирале во војна од големи размери, кога Бохемонд извршил инвазиjа на православна териториjа. Во есента 1107 година, Бохемонд, со војска од четириесет и пет илjади трупи и двесте транспортни бродови, заминал од Италиjа и се истоварил во близина на Авлона, каде без големи потешкотии го зазел пристаништето. Тогаш неговата војска тргнала за Дурахиум и зазела неколку соседни утврдувања, вклучуваjки ги Арбанон и Дебар. Дотогаш, Алексиj веќе натрупал свои вооружени сили и веднаш тргнал да го гони. Се судрил со Бохемонд во Дурахиум, во 1108 година, и му нанел тежок пораз. Бохемонд се согласил на мировен договор и се повлекол во Италиjа каде што и умрел во 1111 година.
Победата на Алексиj I му донела извесен углед на православното царство, но за своја цена. Алексиj успеал повторно да ги изгради својата војска и флота само со жртвување на неговата економија. Јa девалвирал вредноста на неговите златници на една третина од нивната почетна вредност, а на своите поданици им наметнал уште дополнителни даноци. Политиката на Алексиj I била продолжена и по неговата смрт, од страна на неговиот син Joван II Комнен /John II Comnenus/, од 1118 до 1143 година и од страна на неговиот внук Мануел I Комнен /Маnuеl I Comnenus/, од 1143 до 1180 година.
Со почетокот на новиот XII век, се посложената политичка ситуациjа во Европа и зголемената инволвираност на западните сили во православните работи, не можеле повеќе да бидат игнорирани. Во Азија работите, исто така, биле комплицирани од конфликтот помеѓу династиите на Сељук Турците и на Данишменд и од активностите на државите на крстоносците. Односите со странство и вештата дипломатија станале од највисока важност за Православните, бидеjќи Joван II се обидел, но не успеал, да го скрши монополот на Венецијанците во трговиjата на православните.
Мануел I дошол до заклучок дека Православните повеќе не можат да игнорираат или да дозволат да ги навредуваат се поброjните сили на запад и сторил повеке отколку што можел за да ги разбере и да им попушти. Haјнесреќно било тоа што Втората крстоносна војна во 1147 година била во текот на владеењето на Мануел. Обидуваjќи се напорно да им попушти на двете страни, Мануел ги влошил постоечките неприjателства помеѓу Православните и Латините, туркајќи го Цариград се подлабоко во заплотканата западна политика.
Додека внатрешните западни ривалства придонесувале западњаците да бидат зафатени бореjќи се меѓу себе, Мануел започнал воен поход за попвторно освојување на изгубените територии. Неговите воjски повратиле голем дел од северозападниот Балкан и речиси јa освоиле Унгариjа, сведуваjќи ја на православно зависно кралство. Србите, исто така, под водство на нивниот водач Стефан Немања биле држени под контрола, додека драматичното повторно освојување на Антиох од страна на Мануел во 1159 година, на крстоносците им дало причина да се oднесуваат кон него со респект. За жал, императорот отишол предалеку кога интервенирал во Анадолија, за да го стопира формирањето на еден турски султанат. Откако извршил инвазија на сељудската територија на Рум во 1176 година, неговата војска била опколена кaј Мириоцефалон /Myriocephalon/ и уништена. Поразот во оваа битка го означил крaјот на контраофанзивата против Турците, која била започната од Алексиj I. Неуспехот на Мануел во Мала Азиjа ги восхитил западните императори, Фредерик I Барбароса, кој го поддржувал сељудскиот султан на Рум против Православните и сега отворено се заканувал дека ќе го преземе Православното Царство со сила.
Мануеловите лични врски и односи со крстоносците и со другите западњаци останале учтиви до крај. Но, неговата политика го налутила Светото Римско Царство, папството, Норманите и Венециjанците. Неговиот напор да го оживее православниот углед во Италиjа и на Балканот разбудило сомневања во Венециjа. Во 1171 година, по демонстрациите против Латините во Цариград, биле уапсени сите Венециjанци во Империjата, а нивните имоти конфискувани.
Венециjанците не јa заборавиле оваа епизода и наскоро почнале да размислуваат Цариград да го стават под западна власт и контрола, како единствено средство да ги осигураат своите интереси во православната трговиjа.
Политиката на Мануел, исто така, налутила многу и од неговите луѓе, особено неговата пристрасност кон Латините и расипното доделување имоти на нив. Популарноста на Мануел наскоро паднала. Тоа го испровоцирало неговиот роднинаАндроник I Комнен да го убие во 1180 година и да го заземе неговиот трон. Андроник, додека се претставувал како поборник на православниот патриотизам и борец за угнетените селани, јa убил и вдовицата на Мануел и неговиот син Алексиj II. За жал, кога дошло време да ги примени своите реформи, се претворил од поборник за народот, во тиранин на народот. Со минирање на власта на аристократиjата, тој јa ослабел одбраната на Империjата и поништил многу од она што постигнал Мануел.
Во меѓувреме, искористувајќи внатрешната православна неслога, кралот на Унгариjа го раскинал својот договор со него. Стефан Немања од Србиjа, исто така, прогласил своја независност од Православните и основал ново Српско Кралство. Раздорот и неслогата не биле ограничени само на туѓинци. Во 1185 година Исак Комнен, гувернер на Кипар, јa искористил ситуациjата и се поставил себеси за независен владетел на островот. Во истата година, Норманите повторно извршиле инвазиjа на Македониjа и го заземале Солун.
Вестите провоцирале контрареволуциjа во Цариград, која резултирала со убиство на Андроник.
Во 1185 година, Норманите, наоружани со осумдесет илjади воjници и двесте бродови, извршиле опсада на Солун, и на копно и на море. Градот, не можеjќи да добие засилување од Цариград, паднал во рацете на неприjателот и бил ограбен до бескраj.
Андроник I Комнен бил последниот од семејството Комнени кој јa носел круната. Набрзо по неговата смрт во 1185 година, православното општество ослабело и државата се нашла на работ на пропаста. Покраj зголемената феудална експлоатациjа, недостаток од почитување на законот и злоупотребите извршени од феудалните господари и службените тела и органи, главната опасност по стабилноста на Империјата дошла од внатрешниот раздор и масовното дезертерство на аристократи од централната влада.
Присвојувањето нa власта проследено со оружени судири, прогонства и сурови казни, станале норма. Царската палата станала легло на политики и други интриги.
Откако Андроник I Комнен умрел во 1185 година, него го заменил Исак II Ангелус како император. Токму во текот на владеењето на Исак II, новоразвиените феудални сили во Србиjа и Бугариjа се формирале и станале значаен политички фактор на Балканот. Ограбувањето на Солун од Норманите ги ослабело Православните и тоа, исто така, создало поволни услови за словенските феудални господари да добиjат извесна независност. Меѓу оние поуспешните од нив бил Добромир Хрс. Тој имал акумулирано војска од петстотини луѓе и, во наjголем дел, одржувал мирољубиви односи со дворот во Цариград. Но тој бил опортунист и барал начини да јa прошири својата власт. Неговата шанса се поjавила во 1189 година во текот на Третата крстоносна војна, предводена од Фредерик I Барбароса, кога голем броj крстоносци го напуштиле главниот пат и извршиле инвазиjа на Македониjа. Додека поминувале преку Градец, убиле многу луѓе и запалиле неколку обjекти, вклучуваjќи јa и градската црква. Откако ненадеjно го нападнале Вкахиjа (во близина на Струмица), се судриле со група востаници и им ги одземале поседите. Токму тука Хрс дошол во контакт со крстоносците и ги испратил да продолжат по својот пат. За жал, штом крстоносците заминале за Мала Азиjа, Православните ги собрале ваквите феудални господари-опортунисти и ги затвориле. Хрс бил затворен извесно време, но потоа бил ослободен и му била дадена положба на гувернер на Струмица.
Во 1195 година, Исак II бил симнат од власт и бил ослепен од неговиот брат Алексиj III Ангелус. Кога избувнале немири во текот на владеењето на Алексиj III, Добромир Хрс повторно јa обjавил својата независност, најпрво, во Струмица, а потоа во природно утврдениот град Пресок. По опремување на Пресок со елитен гарнизон, тој го преместил своето седиште и го утврдил градот со одбранбени оружjа и адекватни продавници за храна. Со укинување на православните закони, тој вовел свој личен бренд на варварско владеење.
Откако јa консолидирал својата власт, Хрс продолжил со воен поход кон Серес, но во 1199 година бил пресретнат од православниот император и отпочнала битка. Внимателно избраните воjници на Хрс се бореле вешто. Со употреба на катапулти, ракувани од бивши православни платеници, тие му нанеле сериозни загуби на Алексиj. Во текот на битката, воjниците на Хрс се шмугнале во темнината на ноќта и јa уништиле опремата на Алексиј за опсада, што предизвикало тој да јa изгуби битката. Неуспехот на Алексиj да го порази Хрс го приморал императорот да ги исполни неговите барања, признавајќи го на тој начин Хрс за владетел на градовите Струмица и Пресок.
Но, не поминало долго време и односите помеѓу Пресок и Цариград се влошиле. Причината за ова влошување било одбивањето на императорот да го плати договорениот откуп за ослободување на таткото на жената на Хрс, Камитс /Kamits/. А Камитс бил затвореник во Бугариjа извесно време и императорот cе согласил да договори негово ослободување. Но, откако Камитс бил ослободен, императорот одбил да плати откуп. Двестете центенерии во злато конечно биле платени од Хрс, но оставило лоши чувства и прекин на договорот помеѓу императорот и Хрс.
Ослободен од било какви обврски, Хрс заедно со својот дедо, ги обновил нивните воени походи и ги зазел Пелагониjа и Прилеп, потоа влегол во Тесалиjа и разгорел масовно востание на Пелопонез.
Додека Хрс пустошел во западните провинции, императорот составил војска и тргнал во прогон. Потоа Православните брзо повторно ги заземале Пелагониjа, Прилеп и Тесалиjа, лишувајќи го Хрс од неговите последни придобивки. Преку предавство во 1201 година, Православните јa заземале Струмица, оставајќи го Хрс изолиран во Пресок.
Западњаците, кои ги обвинувале Православните за неуспехот на крстоносците, сега барале казна и одмазда.
Нивната шанса дошла кога западниот император Хенри VI, кој дотогаш го обединил Норманското Кралство на Сицилиjа со Светото Римско Царство, сакал да стане господар на Цариград. Хенри ќе ги нападнел Православните да не биле постојаните поткупувања и исплати од страна на Алексиj. За жал, Хенри умрел во 1197 година.
Идеjата на Хенри и понатаму живеела и се зацврстила на Запад. На освојувањето на Цариград се гледало како на крајно решение на многуте проблеми за Западот, што би било од корист не само за трговиjата, тукy и за иднината на крстонсните воjни и црквата. Идеjата на Хенри била поблискy до остварување во 1198 година кога Иносент III бил изобран за папа. Тоа било преку инспирациjата на Иносент III што отпочнала Четвртата крстоносна војна.
Освојувањето и колонизациjата на православната империjа од страна на Западот биле реализирани преку предавства и интриги.
Во 1203 година, крстоносците, под изговор да се вратат Исак II и неговиот син на православниот трон, го избркале Алексиj III од Цариград. Но, наместо да ги одржат ветувањата, Венециjанците и крстоносците нападнале, го освоиле и поделиле Цариград, но и православните провинции, помеѓy нив. Цариград паднал во рацете на Латините во април 1204 година.
Во потрагата на трговиjа на запад, Венециjа станала лидер на комерциjата. Венециjа сакала да стане голема трговска сила, посредник на потрошувачката, но Цариград секогаш и стоел на патот. Многу посупериорен од Венециjа, Цариград јa монополизирал трговиjата со свила и јa спречил Венециjа во остварувањето на неjзините соништа. Конечно, како што сакала судбината, неjзиниот момент на слава се приближувал. Кога крстоносците останале без пари и не можеле да го платат своето патување до светите земjи, и се обратиле на Венециjа. Таа им понудила излез, но понудата имала своја цена. Тоа бил папата Иносент III коj ги свртел крстоносците против христиjанскиот град Зара на Jадранот, во 1202 година, а потоа против Цариград, во 1204 година.
Принципите и отстапиле место на лакомоста, а христиjаните се свртеле против христиjани: а сето тоа за да се задоволат лакомоста и трговските апетити на Венециjа. Тоа не била војна на воjски, туку војна на предавство, измама и целосно уништување. Граѓаните на Цaриград, кои не се сомневале во ништо и кои имале целосна доверба, широко им ги отвориле градските порти на крстоносците. Но, наместо да донесат мир, Латините го убиле целото население на Цариград, воено и цивилно, а потоа целосно го опљачкале градот. Градските улици било поплавени од крвта на невините. И воини, и жени и деца биле заклани како jагниња од страна на латинските крстоносци. Ова било срамен чин кој западната црква ќе мора да го носи за век-векови.
Откако го зазеле Цариград, Венециjанците, предводени од нивниот дужд Енрико Дандоло, незаконски си ги присвоиле главните пристаништа и острови по должината на трговските патишта и ги испратиле крстоносците во освојување на европските и азиските провинции. Првиот латински император, Балдвин I, станал феудален врховен владетел на феудалните кнежества формирани во Тракиjа, Солун, Атина и на Пелопонез. Балдвин наскоро дошол во конфликт со владетелот на Бугариjа, а подоцна се соочил со сериозна опозициjа од три провинциски центри на православниот отпор.
Во Трабзон /Trabzon/ на Црното Море, дваjца браќа од семејството Комнен полагале право на титулата император.
Во Епир, Михаил Ангел Дукac, роднина на Алексиj III, го прогласил градот Арта за свој главен град и ги вознемирувал државите на крстоносците во Тесалиjа. Третиот центар на отпор имал база во градот Никеа во Анадолиjа. Теодор I Ласкарис, друг роднина на Алексиj III, бил крунисан како император во 1208 година таму, од еден самопрогласен патриjарх.
Од трите нови сили на отпорот, Никеа лежела наjблиску до Цариград, помеѓу латинската империjа и султанатот Рум на Сељук Турците. Теодор се докажал дека е достоен на православните традиции, зашто се борел истовремено на два фронта и бил вешт дипломат.
Теодор Ласкарис /Тhеоdоrе Lascaris/ и неговиот зет Јован III Ватацес /John III Vatatzes/ изградиле мало православно царство во Никеа и основале една православна црква во егзил. Латините, на тој начин, никогаш не биле способни да стекнат постоjана солидна основа во Анадолиjа. Дури и во Европа нивната позициjа била под постоjана закана од православните владетели на Балканот.
Во 1024 година, латинските (римокатоличките) крстоносци формирале едно франачко кралство, Солунското Кралство, на источниот брег на Егејското Море со главен град Солун.
Со Бонифацие од Монтферат како нивен прв крал, народот на Солун минал низ дваесетгодишно угнетување и потчинување. При освојувањето на Македониjа, крстоносците земале големи количества резерви на житарици, добиток и друго богатство, основаjќи свои гарнизони во различни градови.
По поразот на латинскиот император Балдвин и крстоносците од Одрин во 1205 година, бугараската војска го нападнала и го уништила градот Серес и извршила инвазиjа во солунската област. Бугарскиот притисок врз Солун се зголемил во 1207 година, особено по смртта на Бонифацие од Монтферат. Бугарскиот император Калоjан го ставил градот под опсада, но наскоро умрел и опсадата била откажана.
Во периодот по смртта на Калоjан, отпочнала борба за власт во Бугарија и Стрез, потомок на бугарската кралска лоза бил способен да основа независно кралство во Македонија. Со помош нa Србиjа, со издигнал на власт во Пресок и го проширил своето владеење од регионот на Солун до Охрид. Сите бугарски гувернери, во рамките на овие територии, му се заколнале на верност. По извесно време, подбуцнувањата од Бугарите стивнале и Стрез бил во состоjба да воспостави добри односи со бугарската држава.
По консолидирање на своето владеење во Македониjа, Стрез започнал воен поход против Солунското Кралство, што во ,1212 година предивикало масовен конфликт во Пелагониjа. Иако конфликтот бил меѓу Стрез и Латините, тој добил поддршка од помоќниот деспот на Епир, од една страна, и од бугарската држава, од друга страна. Откако изгубил од Латините, Стрез ги прекинал односите со Србите.
Во 1214 година тој иницирал воен поход против нив, но неочекувано умрел.
По смртта на Стрез, деспотот од Епир освоил голем дел од Македонијa, вклучувајќи ги Скопjе и Охрид. Во 1244 година Солун, исто така, паднал како жртва на војската на Епир.
Веднаш по освојувaњето на Охрид, Деметриj Коматиjан /Demetrius Chomatianus/, архиепископот охридски, го крунисал деспотот Теодор Ангел Дукac Комнен /Тhеоdоrе Angelus Ducas Comnenius/ за император. Деспотот имал намера да го обнови Православното Царство, но неговиот пораз од страна на Бугарите, во 1230 година, во близина на Клокотница, прерано ставил крај на неговите големи планови. Бугариjа, од друга страна, не само што jа зголемила својата репутациjа и углед, туку и јa проширила својата териториjа до Тракиjа, Македониjа и дел од Албаниjа.
Откако Бугариjа јa консолидирала својата власт врз новите територии, биле поставени бугарски гувернери, а бугарски гарнизони биле стационирани во разни македонски градови.
Православните епископи во епархиите биле заменети со протоjереи од црквата Трново која во 1235 година станала патриjаршиjа. Моќта и власта на Охридската архиепископиjа, донекаде постепено намалени од страна на Српската црква, која станала автокефална во 1219 година, сега продолжиле и понатаму да еродираат со формирањето на новата Бугарска патриjаршиjа.
Латинокото Царство во Цариград ги изгубило своите амбиции да јa одржува власта на своите територии откако Латинот, Хенри од Фландриjа /Flanders/, умрел во 1216 година. Тоа создало нови можности за деспотот Теодор Дукac од Епир да го прошири своето царство во 1224 година.
Теодор веќе ги имал проширено своите територии на север во Бугариjа, го зазел Солун од Латините и бил крунисан император наспроти противењата од императорот во Никеа.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/39 on October 29, 2026