History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 24
По cвoјaтa победа, Василиj ги собрал сите затвореници и им наредил на неговите војници да им ги извадат очите.
Според извештаите, тој ден биле заробени петнаесет илјади македонски војници. За да ги одведе слепите воjници назад кај Самуил, Василиj наредил на секој стоти воjник да има еден воjник со по едно око. Тоа, навистина, бил грозен чин, вистинска трагедијa не само за Самуил, туку и за Македониjа. Потресен од призорот на оваа трагедиjа, два дена подоцна, Самуил умрел од шок. Го наследил Габриел Радомир, неговиот син.
Кога Самуил умрел, во 1014 година, неговото кралство било големо и јa вклучувало цела Македониjа (освен Солун), Тесалиjа, Епир, краjбрежните склавинии Оиоклеjа, Травиња и Захлумиjа, /Oiocleia, Travunya, Zachlumiа/, регионот на Неретва (без островите), се до Цетиње, Србиjа, Босна и значителен дел од Бугариjа. Во наjголем дел, мнозинството население што живеело во Самуиловото Царство биле Македонци, а големи подрачjа имало населено и со Словени jужно од Олимп, надолу до Пелопонез. Во помал броj имало Бугари, Срби, Хрвати, Романци, Албанци и Власи. Освен тоа, таму живееле и емигранти како Вардариотски Турци /Vardariot Turks/ и Арменци кои, не многу пред тоа, биле населени таму од поранешни православни императори, а дел од Самуил. Иако имало многу Арменци во Тракиjа, Самуил населил дел од нив во Пелагониjа, Преспа и Охрид. Се знае дека Ромеjци имало, главно, во краjбрежните региони.
Самуиловото Царство било новоформирана држава, со сосема различно jадро на народи и со сосема различна внатрешна и надворешна политика од било кои негови соседи. Центарот на Самуиловата држава бил на далечниот jуг на Балканот, во денешна Република Македонија. Самуил имал голем броj главни градови, кои ги користел одвреме- навреме. Во текот на неговото владеење, Самуил го преселил својот главен град на неколку места, вклучувајќи ги Преспа, Охрид, Прилеп, Битола, Прониште и Сетин, /Pronishte, Setin/, сите во Македониjа.
Според антички извори, малку се знае за општествено-економските услови и организациjата на Самуиловата држава. Веројaтнo мнозинстовото од народот во Самуиловото Царство биле селани, наjголем дел слободни луѓе, но оние кои работеле на феудалните имоти биле или зависни селани или црковни лица. Зависните селани, односно кметовите, работеле и на секуларни и на црковни земjишта, додека црковните лица работеле исклучително на црковни земjишта. Бидејќи биле подобростоечка општествена класа, црковните лица биле ослободени од големи даноци. Но, црковните лица биле обврзани да работат дополнително, веројатно, во служба на заедницата, наместо да плаќаат даноци.
Благородничката класа во Самуиловата држава, главно, била составена од феудални господари и аристократи, кои биле здружени стоеjќи зад Самуил и поддржувајќи јa неговата политика. По неговата смрт, соjузите почнале да еродираат и благородниците тргнале секој по својот посебен пат, во потрага по лични интереси што ги водело се поблиску и поблиску кон Православните.
Ропството било ретко присутно, но во некои случаи робовите биле фаќани и продавани, обично надвор од Кралството. Главниот извор на робови биле воените затвореници. Добро е познато, на пример, дека Самуил го поробил населението на Лариса, откако нивниот град паднал.
Наjголемиот дел од приходот на Самуил доаѓал од царските земjишни поседи, продажбата на добиток, судските казни и воените пљачкосувања. Државната благаjна на Самуил содржела многу драгоцености, вклучуваjќи злато и пари. Бидејќи немал свои ковани пари, валутата која била во оптек во Самуиловото Кралство била онаа на Православните.
Што се однесува до составот на неговите оружени сили, Самуил бил врховен командант и своите вооружени сили ги регрутирал речиси исклучитело од своето Царство. Имал огромна војска што се состоела и од пешадиjа и од коњица.
Самуил бил способен стратег кој лично учествувал не само во планирање, туку, исто така, и во спроведување на битките.
Во наjголем дел, Самуиловото вооружување и воените униформи биле слични на оние на Православните. Неговите воjници носеле кратки туники одозгора, панталони и кошули од челик. Тие, исто така, носеле шлем со подвижно продолжение кое можело да се спушти до брадата за да се заштити лицето на воините. Секој воjник бил опремен со одбранбен штит, долго копjе и со меч. Другиот прибор се состоел од воjничка труба и знаме. Освен регуларната војска, Самоуил вработил и своја лична телесна стража. Самуил немал морнарица, ниту, пак, било какви бродови.
Официjалниот jазик во Самуиловото Царство бил македонскиот (словенскиот) jазик, иако повремено се користел и коине jазикот како jазик на дипломатиjата во царската палата.
Самуил изградил неколку наjзначаjни градби во своето Царство, вклучуваjќи јa базиликата на Св. Ахил, различни палати и броjни цркви што се наоѓале во jужните делови од неговото Царство.
Славната и историската Охридска архиепископиjа била создадена во текот на владеењето на Самуил. Во почетокот, Архиепископиjата била со седиште во Преспа, но кога Самуил се преселил во Охрид, јa преселил и неа. Охрид станал негов главен град, како и религиозен центар. По своето консолидирање, на новиот архиепископ му била дадена власт врз сите епископи кои паднале под jурисдикциjа на Самуил. За жал, Православните одбиле да јa признаат Охридската архиепископиjа, веројатно, поради тоа што Римската црква, која го крунисала Самуил, јa осветиле истата. Во текот на Самуиловото владеење, македонската црква била многу популарна, а свештенството, особено епископите, уживале привилегирани позиции.
Кога Василиj II дознал дека Самуил умрел, тргнал со неговата војска кон Полог преку Солун и јa срушил Самуиловата царска палата во Битола. Неговите трупи jуришале на Прилеп и Штип, опустошувајќи се што им стоело на патот.
Во пролетта 1015 година, Василиj тргнал за Воден и задушил едно востание. Потоа ги преселил жителите на тој град во Волер. Тој Воден го направил гарнизон со православни копjаници (воjници на коњ, оружени со долги копjа) и испратил дваjца од неговите воени команданти во регионот на Меглен за да го освоjат градот. Опсадата се покажала многу потешка отколку што очекувал и Василиj мopaл лично да се ангажира. На кpaj, градот паднал и бил уништен.
За да jа оддалочи војната подалеку од неговото Кралство, Радомир, Самуиловиот син и наследник, решил да ги нападне Православните на нивна териториjа. Тoj ќе успеел да не било предавството на Владислав. Изгледа дека Василиj тајно му ја ветил на Владислав (внук на Радомир)
македонската круна и го убедил да го убие својот чичко.
Владимир го убил Радомир во 1015 година, некаде во близина на Острово, за време на една ловечка експедициjа.
Откако го наследил тронот, Владислав му се заколнал на лоjалност на Василиј и станал вазален крал на Православните. Откако стапил на власт, Владислав тргнал по Владимир, Самуиловиот зет, негов единствен останат противник и со помош на бедниот архиепископ Давид, Владислав го намамил Владимир да доjде во Преспа, каде што бил убиен.
Без внатрешни неприjатели, Владислав сега ja консолидирал својата власт и веднаш ги прекинал односите со Василиj. За возврат, Василиj му обjавил војна на македонското кралство и тргнал да го гони Владислав.
Додека неговите воени команданти ja опустошувале Пелагониjа, Василиj тргнал за Охрид. По патот, вооружени сили лоjални на Владислав го вовлекле во борба. За да ги минимизира своите загуби и да создаде страв меѓу сојузниците на Владислав, Василиj наредил да им се извадат очите на сите заробени кои се бореле против него.
Наспроти големиот отпор, Василиj успеал да го заземе Охрид и тргнал кон Дурахиум. Додека патувал, пристигнала веста дека Ивет /Ivets/, еден од воените команданти на Владислав, целосно jа поразил војската на Василиj во Пелагониjа. Василиj го напуштил веќе фатениот правец за Дурахиум и веднаш тргнал да го гони Ивет, но не успеал да го вовлече во битка. Потоа Василиj заминал за Солун, а оттаму отишол во Мосинопол /Mosynopopolis/ во еден друг сосема различен воен поход.
Извесно време Василиj бил зафатен, водеjќи војна против Казарите на Крим, и се до средината на наредната година, во 1016 година, не бил во можност да ja обнови cвojaтa балканска офанзива. Овоjпат тoj тргнал преку Филипополис кон областа Сердика и го обиколил утврдениот град Перник, по вторпат за четиринаесет години. Опсадата предолго се одолговлекувала, па затоа Василиj повторно заминал во Мосинополис, а потоа, во пролетта 1017 година, упаднал во jужна Македониjа преку Солун. Тoj повторно ги испратил своите два команданта во Пелагониjа, додека тoj лично тргнал за Костур. На патот за Костур, добил вест дека големиот воин Кракрас стапил во соjуз со Владислав и дека тие дваjца имаат намера да навлезат во православните територии.
Василиj веднаш го запрел своето напредување и тргнал во прогон, рушеjќи и палеjќи неколку утврдувања по патот.
Кога пристигнал во близина на Острово, Василиj jа освоил Сетина и веднаш испратил свои елитни одреди да го гонат Владислав. Василиj ги следел со главната вojcкa. Глетката на огромната православна вojcкa предизвикала паника меѓу редовите на воjниците на Владислав, особено бидеjќи Василиj се заканил дека ќе им ги извади очите. Поразот за Владислав бил неизбежен, но од непознати причини, Василиj се откажал од прогонството и се вратил во Цариград, во 1018 година.
Владислав, во мeѓyвpeмe, ja регрупирал cвojaтa вojcкa и презел oфaнзива со цел да го заземе Дурахиум и да ги присвои земjите на Владимир. За жал, Владислав бил убиен во текот на опсадата врз градот. Непосредно по смртта на Владислав, неговите команданти му испратиле писмо на Василиj, нудеjќи му ja својата верност и предавање на тврдините и градовите кои тие ги поседувале. Откако земал во cвoj посед околу шеесетина тврдини и градови, Василиj отишол во Охрид и ja присвоил екстремно богатата ризница на Самуил.
Дури и по падот на Владислав, некои од неговите верни следбеници како Фружин /Fruzhin/, наjстариот син на Владислав, и кнезовите Ивет и Николица, одбиле да се предадат. Фружин зазел дипломатски пристап и на кpaj се предал, но бил помилуван и му била дадена и титула. Ивет давал отпор и поставил логор во jужна Преспа, во обид да организира востание. За жал, преку измама, Православните го заробиле, му ги извадиле очите и го фрлиле в затвор.
Николица, исто така, одбил да се предаде, но откако бил опколен и без надеж за бегство, му се покорил на православниот император и бил осуден на затворска казна во Солун.
Дo август 1018 година, Василиj II успеал да ги уништи последните остатоци од Самуиловото четириесетидвегодишно владеење (976-1018) со Македонското Кралство. Дотогаш, Василиj II остарел и откако завршил со Самуил, тргнал во воен поход во Армениjа. Некои историчари веруваат дека тоа било грешка.
Со уништување на Армениjа, тoj ja уништил ефикасната тампон зона помеѓу Православните и исламските вооружени сили.
Василиj II умрел во 1025 година, а со тоа умрела и оживеаната сила и енергиjа на Православното Царство.
Василиj го наследил неговиот помлад брат Константин VIII, последниот принц на македонската династиjа. Константин умрел во 1028 година и во наредните дваесет и шест години православни императори биле последователните мажи на Зое, ќерката на Константин VIII: Роман III Аргир (1028-1034), Михаил IV (1034-1041), Михаил V Калафат (1041-
1042) и Константин IX Мономах (1042-1054) /Rоmаnus III Argyrus, Michael IV, Michael V Calaphates, Constantine IX Моnоmасhus/.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/37 on October 29, 2026