Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 20

By Ристо Стефов · Part 33 of 64 · About 19 minutes

Read in English

Мауриц, или Матрициj /Matricius/ како што бил познат тогаш, јa започнал својата кариера како воjник под водство на императорот Тибериj. Бил командант на една нова легиjа формирана од редовите на соjузиничките варвари со кои се борел против Персиjците. Кога победоносно се вратил во Цариград, Тибериj му јa дал за жена својата ќерка Константина.

Откако го наследил тронот, Мауриц открил дека поради невнимателната екстравагантност на неговите претходници, ризницата на Империјатa била празнa и дека таа е во банкрот. За да ја поправи состојбата, ги намалил трошоците на дворот, така што станал непопуларен меѓу своите администратори и тоа конечно довело до негов пад. Во текот на неговото дваесетгодишно владеење, Мауриц бил сведок на постепеното опаѓање на неговото Царство. Во текот на првите десетина години, бил вовлечен во една долга истоштувачка војна со Персиjците, која завршила само поради внатрешните проблеми во персискиот табор. Аварите и Словените продолжиле со своите инвазии на северните провинции без да бидат сопрени и навлегле во Балканскиот Полустров и надолу се до Пелопонез. Ломбардите пустошеле во Италиjа само затоа што Империjата немала ресурси да јa брани.

За да го смени развоjот на настаните, Мауриц побарал помош од Франките во 584 година. Тие желно го прифатиле предлогот на Мауриц и извршиле инвазиjа на Италиjа.

Бидеjќи Аварите се уште му биле проблем, Мауриц морал да ги поткупи со големо мито, кое само дополнително ги исцедило неговите ресурси. Кога станал докраjчен, императорот бил многу непопуларен кај народот. Толку лошо ги исцрпел ресурсите на Империjата, така што во 599 година не можел да плати откуп за 12.000 свои воjници кои биле заробени од Аварите и дозволил сите тие да бидат убиени.

Ситуациjата конечно пукнала кога неговата војска се свртела против него. Револтот започнал кога наместо на своите воjници да им даде слободно време, решил да ги прати во борба. Доброплатените воjници обично биле испраќани дома да се одморат во текот на зимата. За жал, таа зима императорот Мауриц имал поинакви планови. Наместо одмор, тој и наредил на својата војска да јa премине реката Дунав и да ги уништи противничките табори на варварите од другата страна. Зимата била наjбезбедно време да се премине Дунав, користеjќи јa смрзнатата површина како мост. Она што започнало како револт, се претворило во револуциjа кога, во 602 година, воjниците ги отстраниле своите офицери. За водач го одбрале Покас /Phocas/, воjник од нивните редови, и тргнале кон Цариград. Неспособен да организира отпор, Мауриц со својата фамилиjа побегнал преку Босфор. Бил престигнат кај Калкедон и бил убиен заедно со неговите пет сина.

Покас, бидеjки бил одбран од страна на војската, според македонската традициjа, јa презел улогата на император и го почнал своето тиранско владеење кое траело од 602 до 610 година.

На ова место, важно е да се спомне дека кохезиjата на Царството била нечепната, не поради силното лидерство прикажано од императорите, туку поради волjата на христиjаните и нивната лоjалност кон христиjанската вера.

Дури и во оваа временска точка, христиjанството било моќна сила која го поврзувала и држела народот заедно.Царството било составено од многу различни етнички и културни групи поврзани меќусебно со нивната заедничка вера. Дo ова време, на паганството се гледало како на слабост и тоа било на пат да стане понепопуларно. Чувството дека Бог и неговите светци ќе ги штитат христиjаните кои се бореле против лошите пагани, создало една заедничка кауза за воjниците од различно етничко потекло да се борат заедно, особено против нехристиjанските Сириjци. Она што ставило крај на православно-персиската војна не била моќта на христиjанството, тyку едно востание во редовите на Сириjците. Иако биле неприjатели, востанатите Сириjци побарале помош од православните. А тие се согласиле да им јa дадат помошта во размена за нивни изгубени територии кои им биле дадени на Персијците во текот на изминатите години. Откако бил постигнат договор, водачот на побунетите, Кусро /Khusro/, потпомогнат од војската на Православните, се вратил во Персиjа и му се спротивставил на стариот ред во една победоносна и решителна битка.

Кусро го испочитувал договорот и ги вратил Дара, Митрополис, Арзанене, Ибериjа /Dаrа, Mytropolis, Arzanene, Iberia/ и наjголемиот дел од персиска Армениjа /Persian Armenia/.

За жал, долгото отсуство на православната војска од Балканот оставило свои последици врз регионот. Небранет, Балканот бил отворен за инвазиите на Аварите, кои биле добро организирана номадска група народ од монголско потекло, веројатно протерана од Монголиjа во текот на 50-тите години на VI век. Аварите, најверојатно, биле остатоци од бегалците при подемот на турската сила, која ги притиснала преку Евроазиjа. Кога тие првпат се поjавиле во украинските степи, биле приjатна глетка за Православните кои на нив гледале како сила која ќе ги контролира Катригурсите и Утигурсите.За жал, Аварите ги победиле и освоиле Катригурсите и Утигурсите, но продолжиле со освојување на сите други групи во украинските степи. Во 567 година се здружиле со Ломбардите, ги уништиле Гепидите и ги освоиле унгарските рамнини.

Освен Аварите, историjата ги запишала и движењата на Словените на Балканот, речиси, во исто време.

Православната војска не ги сметала Словените како многу опасни противници, иако тие биле агресивни борци, бидејќи не биле соединети и обично работеле во мали групи врз основа на проширени семеjни единици. Со други зборови, Словените во тоа време не биле воjници, туку безопасни земjоделци кои патувале заедно со своите семејства, барајќи земjа за да се населат и да ги одгледуваат своите култури.

Според историските записи, Словените не биле освоjувачи или пљачкаши. Биле многу среќни да се населат на пошумени земjишта и мочуришта, дури и на места кои обично не биле погодни за одгледување житни култури.

Словените, чие главно занимање било земjоделството, не би ги напуштиле така лесно своите прадедовски земjишта, освен ако не биле во сериозна опасност. Нема ниедна основана причина Словените да ги напуштат своите традиционални домови и да си ги загрозат животите преминуваjќи јa тешката рекa Дунав, освен ако не биле со сила притиснати на jуг.

По мое мислење, Словените не јa преминале реката Дунав доброволно, туку биле присилени да го сторат тоа поради притисоците од варварските племиња кои вршеле упади, Пристигнувањето на Готите, Хуните, Аварите, итн. во близина на реката Дунав, го натерало домородното население да побегне на jуг и да бара засолниште. Голем броj од миграциите на Словените што ги забележала историjата, всушност се движења на бегалци од раселениот автохтон народ од регионот на реката Дунав, односно Подунавјето.

Моите докази, кои делумно го поткрепуваат ова, се темелат врз откритиjата на професорот Курта кои се темелат врз археолошките податоци добиени од ископувањата на населените места. “Прво, веќе постојат доволно докази да се отстапи од миграцискиот модел кој доминира со дисциплината на словенската археологија дури oд неjзиното зачување. Потребно е едно повлекување од појавата на миграција едноставно поради тоа што расположивите податоци не одговараат на било кој актуелен модел за проучување на (пред)историската миграција.” “Се повеќе станува евидентно дека за мигрирање преку еколошки или културни граници потребно е значително планирање од оние кои мигрираат и дека тие треба да остават суштински и jасни археолошки докази.” “Освен тоа, археолошките податоци...

не соодеjствуваат на било каков шаблон на миграциjа на долго растоjание.” (Стр. 307, Флорин Курта, Фабрикувањето на Словените, историjа и археологиjа на регионот на долниот тек на реката Дунав с. 500-700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001 ).

Значи, ако Словените не биле доброволни мигранти како што е тоа според заклучоците на Курта, тогаш што ги мотивирало да тргнат на jуг до Балканот? Haјвeројaтнo и наjлогично обjаснување, земаjќи јa предвид политичката ситуациjа во тоа време, е дека Словените биле воени бегалци протерани од своите домови од поагресивните освоjувачи -Готите, Хуните и Аварите. Има и такви, вклучуваjќи го Фалмераер /Fаlmеrауеr/, кои веруваат дека на Словените кои патувале не им било дозволено да се населат во Македониjа и биле потиснати на север и запад од страна на православната војска. Ова може да биде поткрепено со фактот што со исклучок на едно наоѓалиште, пронаjдено северно од Скопjе, нема никакви други археолошки погребни наоѓалишта од Словените во Македониjа, туку голем броj од нив се наjдени западно и jужно од географска Македониjа. Исто така, постоjат, непотврдени тврдења дека првите Словени, кои си го пробивале својот пат од север на регионот на Дунав, не зборувале “словенски jазик” што ним им се припишува. Тие го научиле тој jазик од автохтониот народ кој живеел jужно од реката Дунав.

А сега, назад кон сториjата за Покас. Со време, било jасно дека, како награда за славата, Jустиниjан на своите наследници им го доделил тешкиот товар за управување со една преголема империjа, чии ресурси ги исцрпел и чии институции и инфраструктура се покажале преслаби за да се справат со идните предизвици. Неспособноста на империjата да се справи со своите проблеми, на крај довело до подем на поинаков вид нелегитимни императори. Според историчарот Џорџ од Писидиjа /George of Pisidia/, Покас бил, а до извесен степен и останал, еден од наjштетните православни императори. Еден друг православен автор, Теоплакт Симоката /Theophlact Simocatta/, меѓу другото, го нарекол Покас еден полукрвен варварин, киклоп и кентаур. Покас не може целосно да биде обвинет за неговите акции без да се разбере состоjбата на Империjата што тој јa наследил. Како што претходно е спомнато, несреќите по Империjата започнале околу 565 година, во време на смртта на Jустиниjан. До тоа време Jустиниjан јa имал проширено Империjата, кoјa ги вклучувала Италиjа, Африка и дел од Шпаниjа. За жал, таа имала многу помала корист од овие освојувања отколку што се надевал Jустиниjан.

Амбициозниот император опасно ги преценил способностите на Империjата. Околу триесет и пет години подоцна, Империjата се уште не закрепнала од своите финансиски проблеми. Всушност, станувало се полошо. Покас вмарширал во Цариград како херој, но наскоро бил измачуван од истите видови кризи кои го симнале неговиот претходник. Бидеjќи ситуациjата во провинциите веќе се нишала, Покас брзо бил соочен со една голема закана по должината на источната граница нa Империјата.

Односите помеѓу Православните и Персиjа се влошиле кога Покас го соборил Мауриц, а персискиот крал сега имал чесен изговор за напад. Претставуваjќи се себеси како осветник за убиството на Маруице, персискиот крал јa искористил приликата за да ги поврати подрачjата што претходно му ги отстапил на Мауриц. Во 603 година тој започнал војна која ќе трае повеќе од две декади, која сериозно ќе ги ослаби двете империи. Во 609 година, Покас бил приморан да повлече наjголем дел од својатa војска од границата со Персиjа, со цел да се справи со едно опасно востание кое се проширило од Африка во Египет.

Востанието, најверојатно, било извршено од човекот по име Хераклие /Heraclius/ кој на крајот ќе го замени Покас како император. Без сомнение, охрабрена од ангажирањето на империската војска против Персиjците, една православна востаничка војска упаднала вo Египет во летото 608 година.

Хераклие бил убеден дека неговите следбеници ќе постигнат брза победа во Египет и ќе стекнат контрола врз египетското богатство, како и врз египетската морнарица.

Набрзо откако силите на Хераклие влегле во Египет, избувнале немири во градовите насекаде во Египет, Сириjа и Палестина. На народите на овие провинции им било доста од владеењето на Покас и сакале промена. За да го загуши востанието во Египет, Покас јa повлекол својата војска од војната со Персиjа и јa пуштил да ги среди востаниците во Египет. За жал, притоа, тој оставил празнина во својата одбрана. Дури и со помошта од својата војска, Покас не бил способен да го запре востанието. Граќанската војна во Египет завршила кога следбениците на Хераклие постигнале победа. Крајот на граѓанскиот раздор, за жал, дошол предоцна за да јa спаси ситуациjата со Персиjа.

Во 609 година сите клучни православни утврдувања и одбрани по должината на источната граница биле освоени од персиските воjски, а Православните биле истерани од Армениjа. Во меѓувреме, додека неговите сили биле при крај во Египет, Хераклие и неговата флота се упатиле кон Цариград. Покас се обидел да пружи отпор, но брзо се нашол во истата губитничка позициjа како неговиот претходник Мауриц. Напуштен oд своите следбеници, Покас бил фатен и донесен пред Хераклие, кој потоа го погубил.

Побуната на Хераклие јa означила пресудната пресвртна точка во историjата на Православните. Неговите акции за само нешто повеќе од две години jа чинеле Империjата илjадници животи, ослабувајќи јa работната сила и финансиите на Империjата и оставајќи ги границите, практично, нeбранети. Цената која Империjата јa платила за неговата побуна било губењето нa Сириjа, Палестина и Египет.

Императорот Хераклие владеел со Православното Царство oд 610 до 641 година. Неговото вмешување во православните работи било во време кога на Царството му се заканувале многу неприjатели на сите фронтови. На водечките граѓани им било лоста од корумпираниот император Покас и caкале да се ослободат oд него. Инволвирањето на Хераклие во работите на Православните почнало кога неговиот татко, генералот Хераклие од Картагина, бил повикан да го истера Покас. Генералот и неговиот брат одговориле така што ги испратиле двата сина со добро вооружени сили. До 610 година Хераклие, синот, победоносно влегол во Цариград.

Хераклие, како и неговите претходници, јa нашол царската ризница празна. Состоjбата во Царството дури и се влошила во текот на првите години од неговото владеење, пред таа да тргне на подобро. Првата деловна наредба на Хераклие била да се зацврсти одбраната на Империjата. Тој го сторил тоа поделуваjќи го Царството на четири воени области, а со секоја владеел посебен воен гувернер. Даваjќи им на перспективните воjници бесплатни парчиња земjиште теми (themes), Хераклие регрутирал голем броj домашни воjници, сведуваjќи јa на минимум потребата за скапи странски наемници. На економски план, и се обратил на црквата за придонеси и, во исто време, вовел и нови даноци. Му требало дванаесет години пред да стекне самодоверба да продолжи со офанзивите. Во пролетта 622 година повел силна војска во борба.

Постоjат и такви кои велат дека Хераклие го рескирал својот живот, така што лично учествувал во многу битки. По шест години војување, неговата нова армиjа била победничка и ги поразила Персиjците. За жал, штом пристигнал во Цариград во 628 година, да ги прослави победите, исламски воjски почнале да напредуваат кон Персиjа. До 633 година сите добиени територии биле изгубени.

Хераклие навистина се обидел да го сопре силниот исламски напад во 636 година кога собрал војска од 80.000 воjници и јa пресретнал исламската војска кај реката Јармук /Yarmuk/. За жал, климатските услови не биле поволни за Православните зашто една силна песочна бура директно им биела в лице, даваjќи им борбена предност на муслиманите кои биле навикнати на такво време и клима. Стресната состоjба, и ментално и физички го исцрпела Хераклие и предизвикала тој сериозно да се разболи. Чувствуваjќи дека нема да биде способен да владее понатаму, Хераклие јa извршил церемониjата за наследство на тронот на кој за свои наследници во 638 година ги поставил двата сина, Константин и Хераклон /Constantine, Herасlоnаs/.

Откако прашањето за наследување на тронот било решено, Хераклие последните години од својот живот ги поминал обидувајќи се да јa реши дебатата помеѓу монофиситите и монотелитите, концентрираjќи се врз природата на Христос.

За жал, неговите напори биле попусти и не се постигнало никакво решение пред неговата смрт во 641 година.

Хераклие, исто така, е познат како император кој конечно го укинал латинскиот jазик во неговото Царcтвo, на тој начин овозможуваjќи македонскиот jазик да јa започне својата преродба.

Вредно е да се спомне на ова место дека, додека Православните војувале со Персиjците за надмоќ над Блискиот Исток, во Арабиjа заjакнувала една нова сила. До доцните дваесетти години на VII век, племињата на Арабиjа биле обединети под Пророкот Мухамед и започнале да јa напаѓаат Палестина. До околу 633 година, повеќето од источните провинции на Империjата биле освоени, а по падот на Дамаск во 635 година, една голема православна војска била испратена да го сопре напредувањето на муслиманите, нo не успеала. По смртта на Хераклие, повеќе територии преоѓале од едни во други раце и Цезариjа, на палестинскиот брег, исто така, била изгубена откако Православните го изгубиле Египет.

До крајот на 40-тите години на VII век, Православните повторно ги изгубиле утврдувањата Дара и Едеса на Блискиот Исток, Антиох и Александрија. До почетоко на 50-тите годинин на VII век, муслиманите почнале да вршат напади преку планината Таур, низ Азербеjџан, пробивајќи си го патот во Ермениjа. При крајот на 653 година биле на бреговите на Босфорот, од другата страна на Цариград.

Губењето на големите градови и утврдувања на исток, било голем удар за економиjата на Православните кои, по многу години, станале економски зависни од Ирак, Египет, Сириjа, Палестина и краjбрежните земjи на Касписко Море. Иако економиjата не колабирала целосно, голем дел од напредокот постигнат до VII век престанал да постои. Големите проекти, вклучуваjќи градење нови цркви, поправки и обнова на аквадукти, ѕидини и сл. биле, исто така, откажани. Многу од поголемите градови, исклучувајќи ги Солун и Цариград, биле испразнети, а нивното население започнало да живее на земjоделско-селски начин, стануваjќи зависно од земjата.

Бидеjќи било отсечено од богатите источни економии, Царството станало сиромашно и своето внимание почнало да го насочува кон внатрешноста. Империjата веќе не била супер-сила и никогаш повеќе нема повторно дa доминира на Блискиот Исток. Тоа било во овој период кога Православните избрале да го издигнат Солун до втор главен град.

До крајот на седмиот век по Христа, исламот, со седиште во Дaмаск, почнувал да станува супер-сила која се протегала од границите на Индија и Тибет до Шпаниjа и од jужен Египет и Арабиjа до Ермениjа. Исламот, една моќна нова религиозна сила, која потекнувала од Арабиjа, го зазела Блискиот Иоток во брзи освојувања по смртта на Пророкот Мухамед во 632 година.

Дотогаш, и Персиското и Православното Царство биле ослабени од нивните меѓусебни воjни и искусиле опустошувачки порази од рацете на муслиманите. И додека Персиското Царство брзо подлегнало на муслиманските jуриши и напади, Православните биле спасени само благодарение на силните утврдувања долж трикратните sидини околу Цариград. Изградбата на одбранбениот sид на Цариград започнала околу 410 година, а завршила до 500 година. Внатрешниот sид бил висок околу дванаесет метри, а широк околу пет и пол метри, бранет од деведесет и шест кули, со повеќе страни, кои се издигнувале повеќе од десет метри над sидот. Вториот sид бил висок околу десет метри, а го бранеле други деведесет и шест кули. На надворешната страна имало ров кој бил широк околу дваесет метри и длабок околу шест метри. Од другата страна на ровот имало трет низок sид, проектиран да деjствува како потпорен sид на ровот. Освен тоа, требало да се помине низ десет врати, пред да се влезе во градот. Надворешните ѕидови биле долги приближно пет и пол километри и се потегале околу еден и пол километар подалеку од првичниот sид на Константин.

Големиот простор помеѓу sидовите никогаш не бил изграден и се користел за полјоделство и за снабдување на градот со сигурни извори вода. Постоењето на отворено земјоделско земјиште во внатрешноста на градските ѕидини бил витален фактор за способноста на градот да издржи опсади.

Користено за одгледување житни култури и за напасување на стоката, земјиштето на градот му обезбедувал ограничен, но сигурен извор на храна, Европа и христиjанството биле поштедени бидеjќи Православните биле способни да издржат многу бранови на жестоки напади на муслиманите. Ако Цариград не бил изграден да ги издржи наjголемите опсади, исламот ќе се прелеел и ќе јa прегазел Европа, како што тоа се случило во Азиjа. Христиjанството и светот какви што ги знаеме денес не ќе беа онакви какви што се сега.

Пред својата смрт, Хераклие ги издигнал своите два сина, 28-годишниот син Константин, од неговата прва жена Фабиjа-Евдокиjа и неговиот 15-годишен син Хераклон, од втората жена Мартина, за ко-императори. За жал, 28-годишниот Константин, или Константин III, како што бил познат тогаш, умрел три месеци подоцна. Во отсуство на Константин III, неговиот брат Хераклон го крунисал Констанс II, синот на Константин III, за свој ко-император.

Но, во септември 641 година Сенатот ги разрешил Хераклон и неговата мајка царицата Мартина. За да осигура дека тие никогаш повеќе нема да владеат, им биле отсечени jазикот на Мартина, а носот на Хераклон. Бидеjќи Констанс II имал само единаесет години, Сенатот, во меѓyвреме, јa задржал власта и служел како врховен суд на Царството.

Како и своите претходници, и Констанс II наследил царство со многу проблеми. Иако правел наjдобро што можел за да ги реши, сепак бил понеуспешен отколку успешен. Неговите обиди да упадне во Мала Азиjа во 646 година биле пропратени со тешкотии. Не само што муслиманските Сарацени ги одбиле неговите напади, туку на крај војната се приближила до Цариград. Година по година, муслиманските трупи продолжиле да продираат се подлабоко и подлабоко во Мала Азиjа, притискаjќи се поблиску и поблискy до западната граница на Азиjа. На вода, тешките загуби од сараценската флота во близина на источниот Медитеран, јa ставиле Европа во опасност. До 649 година, сараценската флота го освоила Кипар, а до 652 година православната флота била истерана од Александриjа.

Во 655 година, православната флота се соочила со својот конечен пораз кај Феникс на Лицианскиот брег, во наjтешката битка на море од Актиум.

Констанс, уморен од гледање како неговата Империjа полека ерозира, презел поход на север. Во 658 година упаднал во регионот северно од реката Дунав кој, во тоа време, бил населен од Словените. Тој успешно поразил броjни племиња и ги присилил повторно да се населат во Мала Азиjа. Истовремено, почнал да регрутира заробени Словени во своите арменски сили. Набрзо потоа, поради неговата непопуларност дома, отишол на запад и во 662 година тргнал во воени походи против Ломбардите во Италиjа. На ова патување тргнал по jужниот пат кој го однел во Рим во 663 година. Наместо да продолжи понатаму на север, тој го завршил својот поход и се повлекол во Сиракуза на островот Сицилиjа. Оттаму, тој раководел со своите походи во Африка против Сарацените, кои напаѓале и jуришале на Картагена и истата јa зазеле во 663 година.

Иако неговите походи во Африка биле успешни и неговата војска успеала да ги одбие Сарацените назад дури до Триполи, Констанс не бил попyларен. Бидејќи ја форсирал цената за војната со Сиракуза и ги натерал Сицилиjанците да јa платат истата, тие навистина се налутиле. Неговата непопуларност го направила жртва на заговор и во 668 година тој бил убиен од еден роб додека се капел.

По смртта на Констанс II, неговиот син Константин IV го наследил како император. Пред да тргне во своите походи во 654 година, Констанс II го издигнал својoт син Константин IV на ко-император, а во 659 година го сторил истото со другите два сина, Хераклие и Тибериj. За да се осигури дека нема да има проблеми со наследување на Империјата, Констанс наредил неговиот помлад брат Теодосиj да биде убиен. Но, Теодосиј бпл популарен на дворот и го зголемил чувството кај јавноста против Констанс, што го натерало да побегне во Италиjа.

Константин IV имал само осумнаесет години кога станал император. Неговата прва задача била да го задуши востанието во Сиракуза и да ги донесе убиjците на својот татко пред лицето на правдата.