History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
Front Matter - Part 02
Од појавувањето на Република Македонија, направени се нови и возбудливи археолошки откритија. Најдени се записи на камен, кои никогаш порано не биле дешифрирани, во неколку градови во Република Македонија. Слични записи се, исто така, пронајдени во Србија, Бугарија, Романија па дури и на Крит, Пил и Кносос /Pil, Knosos/. За жал, се досега археолозите никако не успеале логично да ги дешифрираат истите. Благодарение на посветените археолози, како Васил Иљов, некои од записите се сепак дешифрирани.
Според палеографското и палеолингвистичкото истражување на Иљов, знаците на камењата се всушност букви од една стара предсловенска фонетска азбука која припаѓа на македонскиот јазик на Егејска Македонија. Со други зборови, јазикот на Пелазгите и на другите македонски племиња, како Пеонците, Пертијците, Бригите или Фригите, Венетите или Енетите, (Paeonian, Piertian, Brygian, Phrygian, Venets or Enets) итн., е всушност јазикот на античките Македонци кој датира од предисториско време.
Симболите најдени на преведски /Prevedic/ соларни и космографски артефакти кои припаѓаат на мезолитската, неолитската и енеолитската култура, ги сместуваат записите некаде помеѓу 7.000-та и 3.000-та година пред Христа (Стр.
37, 15.10.1999, број 560 на списанието “Македонија”).
Она што е поинтересно е дека Васил Иљов и неговиот тим ги превеле скоро сите откриени записи и досега 35 букви од античката азбука се идентификувани и табелирани. (Страна 60 и 61, 1 јули 2000, број 577, на списанието “Македонија”).
Конечно, постои доказ дека македонскиот писмен јазик постоел во предисториско време. Всушност, според Васил Иљов, откриени се не една туку две фонетски азбуки. Едната била позната како општа азбука што ја користел обичниот народ, а другата била позната како “тајна” азбука што се користела за религиозни и ритуални цели. До денес, преведени се текстови на повеќе од 150 артефакти и идентификувани се околу 6.000 зборови од античкиот македонски јазик.
Според Иљов, освен што ни ја дале најстарата фонетска азбука откриена досега, предисториските Македонци, исто така, ни дале и индиции дека тие гледале во небото. Зборот “космос”, што Хелените го позајмиле од Македонците, а кој модерните Грци без да понудат соодветна етимологија го претставуваат како нивен, води потекло од Македонците, вели Иљов.
Во античкиот македонски јазик основата на именката “космос” доаѓа од придавката КОС (накосено) и од именката МОС (мост). “Космос” бил накосениот мост како што античките македонски астрономи го нарекле созѕвездието, односно јатото ѕвезди во галаксијата на Млечниот Пат кое изгладало како накривен мост гледано од Земјата.
Дури и пред Херодот (Herodotus 484-424 година пред Христа) да му ја даде на светот идејата на историјата онака како што ние ја знаеме денес, античките Македонци веќе биле запознати со тој поим. Западот го смета Херодот за татко на историјата. Што се однесува, пак, до зборот “историја”, неговите корени се пронајдени во античката македонска именка “ТР” што е најстарото име дадено на богот на грмотевицата. Со време, зборот еволуирал од “ТР” во “ТОР”, “ТОРИ”, а во минато време “СТОРИ”, што на македонски значи “да се случи”. Ако ова дејство го примениме на настани во кои се вклучени луѓе, тогаш доаѓаме до македонските зборови “ТИЕ И СТОРИА” што на англиски се преведува “тие сторија”. Значи, кога Херодот ја објавил својата книга со наслов “ИСТОРИЈА” од Херодот од Халикарнас/Halicarnassus/, тој всушност употребил македонски збор за својот наслов.
Ако Херодот, користејќи слична аналогија, го извлекол неговиот наслов од античкиот дијалект, како што тврдат модерните Грци, тогаш тој ќе требало да произведе именка од глаголот “КАНО” или “ЕКАНА”, а дејството “тие сторија” требало да се преведе “АВТИ ЕКАНАН”, што многу се разликува од зборот ИСТОРИЈА. (Стр. 56 и 57, 15 јуни 2000, број 576 од списанието “Македонија”).
Овде сакам да напоменам дека наспроти поинаквите грчки тврдења, Херодот не бил Грк и не бил од Атина. Херодот бил Карианец/Karian/, роден во градот Халикарнас во Мала Азија.
Повеќе докази кои го поткрепуваат постоењето на една античка предисториска македонска цивилизација, ни доаѓаат од античката литература. Еден од ваквите извори, што во голема мера влијаел врз нашата претстава за народите од стариот век и што го инспирирал Александар Велики да бара авантури, биле Хомеровите епски поеми. Околу петстотини години по Тројанската војна, Хомер ги напишал еповите “Илијада” и “Одисеја”. Хомеровите дела ги маѓепсале неговите читатели со настани кои, според Ташко Белчев, започнале и завршиле во Македонија. Хомер бил роден во VIII век пред Христа и создал вистински литературни ремек-дела кои восхитуваат и денес, како што восхитувале и во времето на Александар Велики. Првобитно, сториите на Хомер биле народни приказни раскажувани и прекажувани со векови, се додека не биле овековечени со нивно печатење во VI век пред Христа.
Она што е најинтересно за Хомеровите стории, особено за “Илијада”, е што тие, најпрво, биле напишани на предисториски македонски јазик. Првиот палеолингвист кој отворено ги прокламирал сличностите миѓу зборовите на “Илијада” со оние на модерните словенски јазици бил Пасов/Pasov/, германски хомерологист (проучувач на Хомеровото дело). Инспириран од Пасов и од други, истражувачот Одисеј Белчевски го продолжил проучувањето со тоа што јасно ја илустрирал фундаменталната поврзаност помеѓу модерниот македонски јазик и јазикот на Хомер.
“Во “Илијада” и “Одисеја”, што му се припишуваат на Хомер, опишани се мноштво негрчки народи кои живееле околу Олимп и понатаму на север во Европа кои биле “многубројни како листови во шума... со бојни коли и оружје, украсени со блескаво злато и сребро ...како богови.” Освен ако не се уништени од природни несреќи, големите народи и нивните јазици едноставно не исчезнуваат, туку всушност се менуваат и еволуираат со текот на времето.
Оваа еволуција е под влијание на условите на живеење и на интеракцијата со другите народи, наречена “симбиоза” од Лидија Славеска во “Етнолошката генеза на македонскиот народ”.
Огромен број зборови од секојдневниот живот, како и имиња на бројни места, реки, планини, кралеви, богови, обични луѓе и бројни племиња, може да се најдат во Хомеровите поеми. Најголемиот дел од овие зборови опстанале до ден-денес. Ова не е чуден феномен. Она што го привлекува нашето внимание е што овие зборови го задржале своето основно значење и може лесно да ги препознаат оние кои говорат современи словенски јазици.
Овој лингвистички материјал јасно го покажува постоењето и силното влијание на еден јазик, кој сигурно не бил ниту грчкиот ниту латинскиот.
По интензивното истражување кое траеше повеќе од 12 години, јас (Одисеј Белчевски) проучував, анализирав и решив голем број лингвистички проблеми преку доказите на тој архаичен јазик, кој длабоко влијаел врз грчкиот, латинскиот и врз германските јазици во нивниот историски развој од античко време.
Прашањето од што се состеол античкиот македонски јазик било проучувано од многу научници во текот на многу векови. Имало многу напори да се реконструира истиот како
“грчки дијалект”. Моето истражување упатува на следново:
1. Ниту еден лингвист ниту научник во било која друга област, никогаш не спровел компаративно проучување на овој антички јазик со најголемата лингвистичка група во Европа и Азија – словенските јазици – која денес е во употреба! Прашањето е – зошто? Изгледа дека вистината е скриена во темнината и прекројувана од страна на западните научници и политичари во текот на речиси двесте години. Лесно е да се претпостави дека ова е сторено од националистички и поитички интереси и корист.
2. Македонските зборови идентификувани кај Хомер
(1000-800 години пред Христа) се дел од основниот секојдневен живот на македонскиот народ денес. При споредување со современиот македонски јазик, постои неверојатна сличност, а во многу случаи има целосно совпаѓање.
3. Уште повеќе, оние зборови кај Хомер кои припаѓаат на таа основа се наоѓаат во корените на многу зборови во современиот македонски јазик. Тие формираат големи фамилии зборови – серија зборови што меѓусебно се поврзани врз функционална основа или едноставно се изградени според законот за функционална етимологија.
4. Некои од тие зборови се адаптирани кон грчкиот јазик, но се толку асимилирани што не може да се препознаат.
Други пак, “стојат сами” во грчкиот јазик, без грчке корени или функционална поврзаност. Но, најголем дел од тие зборови апсолутно не се поврзани со современиот грчки јазик.
Многу западни научници мислат дека изразите за роднинско сродство од 1500 до 1000 година пред Христа исчезнале многу одамна. Моето истражување докажува дека денес тие постојат во најголемата јазична група народи во Европа и Азија, вклучувајќи го современиот македонски народ. Овие специфични изрази биле од исклучителна важност бидејќи тие биле основата за зачувување на големите семејни единици – кланови, племиња и за спречување бракови помеѓу членови на семејството. Сето тоа довело до формирање на големи народи.
Пелазгите се јасно опишани во Хомеровите поеми како негрчки народ, со свој сопствен јазик и традиции сосема различни од грчкиот јазик и од грчките традиции. Тие (познати под имињата Македонци, Тракијци, Илири, итн.)
го населувале Балканскиот Полуостров и се рашириле низ цела југоисточна Европа (под заедничко име Скитијци (Scythians). Подоцна мигрирале кон исток во Мала Азија (Лидијци, Бригијци-Фригијци (Lydians, Brigians-Frigians), итн. и кон запад во централна и северна Италија
(Етрусканци, Венети итн. (Etruscans, Veneti).
Нивното име, Пелазги, најлогички може да се протолкува како “жители на рамни земјишта”. Култивирале плодни долини чија плодност можела да се спореди само со онаа на народите од Далечниот Исток. Во “Илијада” тие се дефинирани како Тројанци и како жители на Крит. Според грчки писатели, ним им се припишува изградбата на Акропол и тие се она домородно население на кое “грчките” племиња наишле кога дошле во Јужна Европа.
Како е можно тоа, многубројните племиња на Пелазгите да исчезнат без да остават траги од својот јазик? Треба да се истакне дека постојат заборавени докази откриени во лингвистичките написи на камења во Делфи (Грција) и во Мала Азија (во Турција). Тие се напишани на грчки и на “друг јазик” што западните научници го идентификуваат како етруски јазик (Etruscan). Во неговата студија “Јазикот на Етрусканците”, Л. Бонафонте го идентификува тој “друг јазик” како етруски. Мојата студија за етрускиот и лидискиот јазик открива дека тие јазици биле тесно поврзани со античкиот и со модерниот македонски јазик.
Други очигледни лексички поклопувања помеѓу Хомеровиот и современиот македонски јазик, на пример, се: paimiti(s)-памти; veido, veiden-виде; ischare-изгара, скара; idri-итар; kotule-катле; okkos-око; steno-стенка;
pliscios-сели, пресели; oditis-оди од одење. Има голем број примери како овие во речникот од 1800 година, на германскиот лингвист Лудвиг Франц Пасоф (Ludwig Franz Passoff), составен врз основа на најстарите постоечки ракописи на Хомеровата “Илијада”. Англиското издание го подготвил Хенри Џорџ (Henry George, New York, 1850). Не знаејќи го македонскиот јазик, Пасоф се сконцентрирал на најконтрастните зачувани зборови, непознати во грчкиот и латинскиот, во чешкиот и словачкиот јазик од тоа време.
На тој начин, овие зборови биле идентификувани, всушност како словенски зборови. Оттука, според моето мислење, златното правило за анализирање на еден јазик е претходно споменатата Функционална етимологија.
Бидејќи функционалните релации на зборовите се фундаменталните градежни блокови на зборовните форми, јас го именувам ова правило како “ЗЛАТНО ПРАВИЛО НА ФУНКЦИОНАЛНАТА ЕТИМОЛОГИЈА”.
Во студиите за античкиот и современиот македонски јазик во Канадско-македонското друштво за историја од Торонто, приоритетниот проект базиран врз поранешно сознание, е прашањето за “Проучување на македонскиот јазик – античкиот и современиот”. Друга интересна тема е проблемот на “Изгубените зборови во индо-европскиот јазик денес постојат во современиот македонски јазик”. Со цел да ги илустрирам моите аргументи во врска со ова, ќе се фокусирам врз неколку примери за генетската поврзаност помеѓу античкиот и современиот македонски јазик преку македонскиот збор девер (“brother-in-law).
Кога се мажи млада девојка, братот на нејзиниот маж (обично најмладиот) станува девер. Ова е стар обичај, стара традиција што се спроведува за да се осигура дека на младиот припадник од машки пол му се доверува грижата за семејството/фамилијата во случај мажот да умре или да биде убиен.
Во вакви услови, најмладиот брат станува нов маж и го презема семејството. Тоа било неопходно за да се заштитат децата и да се зачува насобраното богатство и имот во рамките на истото семејство. Значењето на зборот на македонски, според функционалната етимологија, може да се извлече како што следи: вера-верба-доверба-довери-девер “да му биде доверено”. Овој збор припаѓа на една поголема група македонски зборови кои го содржат коренот –верба-.
Во античкиот македонски јазик (1000-та година пред Христа) според Хомер (Стр. 305 L.L.) постои dа-DAVER;
dao(s), каде дигамата, односно буквата стои наместо /v/, а зборот значи девер. Во зборот daver-daer забележуваме дека недостасува согласката /v/ во интервокална позиција.
Ова значи дека правилото за економичност на говорот е долго време во сила во јазикот. Испуштањето согласки е правило кое често се појавува во македонскот јазик, како, на пример: да правите > праите; човекот ојде > чоекон ојде, итн. Сепак, во грчкиот јазик “девер”, односно “ginaika delfos” очигледно не може да се поврзе со Хомеровиот daver-daverо(s).” (Одисеј, К. Белчевски, стр 29-32, број 503, III 1995 година, списание “Македонија”)
Ако не знаете кој бил Хомер и ако по некој случај ги читате неговите приказни за обичаите на Тројанците, би помислиле дека тој зборува за соврмена Македонија. По три милениуми, истите обичаи, занаети, техники на ловење, земјоделски методи, итн., се практикуваат и денес.
Без разлика дали се работи за предење, ткаење, везење, гостољубивост, прифатливо однесување или план за куќи, се друго што е опишано во Хомеровите епови, вели Ангелина Маркус / Angelina Markus, е непроменето и присутно околу нас денес. (Стр. 56-57, 1 јули 2000 година, број 575 од списанието “Македонија”.
Друг археолошки извор кој обезбедува докази за Македонците е делото на германскиот топонимист Макс Фасмер (Max Fasmer). Во својата книга “Словените во Грција /The Slavs in Greece/ тој го истражува потеклото на 334 предисториски феникиски (Phoenician) топоними во Епир (Epirus) и заклучува дека тие се од словенско потекло. Преку неговите студии, Фасмер открил дека постои поврзаност помеѓу античките Феничани и средновенковните Словени (Slavs). Тој, исто така, јасно нагласува дека “Словените” живееле во Епир. Она што, исто така, е интересно е што на германски јазик зборовите “Slaven” и “Vinden” се синоними. Ташко Белчев ја унапредува идејата дека Словените го населувале Балканот многу поодамна отколку што претходно се мислело, поврзувајќи ги Виндите, Венетите и Феничаните (Vindi, Veneti и Phoenicians) во една фамилија народи со заедничко потекло. (Стр. 68, 01.02.2001 година, број 591 од списанието “Македонија”).
Според пишувањата на Г.С. Гриневич /G.S. Grinevich/ на тема претсловенската писменост, резултатите од дешифрирањето и од лингвистичкото кодирање покажуваат дека претсловенската писменост постоела многу пред создавањето на буквите и пред кодирањето создавањето на словенскиот јазик од страна на браќата свети Кирил и свети Методиј. Ова претставува поголем доказ дека протословените потекнувале од Македонија и, според Гриневич, јазикот на кој зборувале Егејските Пелазги е истиот оној на кој говореле предсловените (стр.
175). Гриневич, исто така, наведува дека претсловенскиот писмен јазик е многу сличен на старословенскиот писмен литературен јазик на сите Словени. (Генадиј Станиставлович Гриневич, Катедра за светската историја, Руско друштво за физика, Москва 1994 година /Genadij Stanistavlovich Grinevich, World History Department, Russian Physical Society, Moscow, 1994/).
Според Алаедсандар Донски, “постојат многу индикации дека античките Македонци имаат венетско потекло (терминот “словенски” се употребувал многу подоцна) и постојат докази во прилог на ова.
Историски докази. Од неколку антички документирани извори може да видиме дека Македонците и Хелените биле два различни народа. Некои грчки, но и римски историчари, го имаат истражувано ова становиште и оставиле докази, собрани од постарите периоди, кои јасно покажуваат дека античките Македонци се од венетско потекло.
Лингвистички докази. Иако вокабуларот на античките Македонци што успеал да опстои е релативно мал, тој дава добра индикација во корист на нашата теза, а таа е дека современиот македонски јазик е, барем делумно, континуитет на јазикот на кој говорел Александар Велики и неговите современици.
Ономастички докази. Има значително големо наследство од архелошките остатоци и од областа на погребните обичаи. Тие содржат многу примери на истоветност и на сличност помеѓу античкиот и современиот македонски јазик, од една страна, и другите словенски јазици, од друга страна. Исто така, постојат неколку усмени сведоштва кои упатуваат во истата насока.” Александар Донски неодамна објави книга на оваа тема и таа сега е достапна и на англиски јазик.
Неодамна објавената книга “Венети: Први градители на Европската заедница” /“Veneti: First Builders of European Community”, која се смета за едно од најсеопфатните дела за раната историја на Словенците, ги претставува протословенските Венети како прва позната нација на централна Европа, а Словенците како нивни најдиректни потомци. Венетите (не треба по грешка да се поистоветуваат со Венецијанците) биле населени во планинскиот предел во Словенија, северна Италија, источна Швајцарија и Австрија во текот на бронзеното доба, околу1200 година пред Христа. Во областите каде што тие првобитно биле населени постојат, до ден-денес, безброј места со словенечки имиња.
Овие факти, презентирани во книгата, не се нови и веќе биле проучени и за нив се напишани извештаи од страна на поранешни истражувачи но, од непознати причини, не биле земени сериозно.
Покрај значајните историски податоци, авторите на оваа книга презентираат бројни словенечки топоними во алпскиот регион и кон запад и север, каде што некогаш живееле Венетите. Освен тоа, книгата открива многу сличности помеѓу современиот словенечки јазик и јазикот на Венетите. Истражувањето извршено врз венетските написи докажува дека не само што античкиот венетски јазик (спротивно на официјални лингвисти) бил протословенски (Proto-Slavic), туку дека современиот словенечки јазик претставува негов континуитет.
Првиот познат народ на централна Европа, според авторите на оваа книга, биле протословенските Венети и првобитниот јазик во централна Европа пред доаѓањето на Индоевропејците околу2000 година пред Христа бил словенскиот.
Книгата “Венети: Први градители на Европската заедница” е прв чекор кон постепена исправка на “искривената историја” која “била напишана за нас” од странци.
До неодамна, никој не бил способен да го дешифрира венетскиот напис на урните откопани со археолошки ископувања бидејќи никој не се досетил да го употреби античкиот словенски јазик како основа да се обиде и да ја реши оваа античка мистерија. Така велат тие!
Матеј Бор, словенечки лингвист, изгледа дека го одгатнал, односно дешифрирал венетскиот напис користејќи го словенечкиот јазик. (Јошко Шавли, Матеј Бор, Иван Томажиќ/Jozko Shavli, Matej Bor, Ivan Tomazic/, “ВЕНЕТИ: Првите градители на Европската заедница”)
Наскоро, можеби македонските истражувачи ќе ги споредат белешките со словенечките истражувачи и ќе фрлат нова светлина врз оваа античка мистерија.
Во написот “Кој се плаши од културата на античките Македонци и зошто?”, Ташко Белчев зборува за Дејан Медаковиќ, претседател на Српската академија на науките и уметностите и за неговите обиди да сокрие одредени арехеолошки факти што не се во согласност со вообичаената српска историја.
На 4 март 1987 година, академикот Владимир Дедиер, претседател на Истражувачкиот одбор на Српската академија, испратил писмо до Дејан Медаковиќ во кое искажува жалење што Медаковиќ бил вклучен во прекинувањето на симпозиумот посветен на светот на Винча кој постоел во периодот од 6.000 до 3.000 година пред Христа. Симпозиумот бил организиран од страна на Српската академија за науките и уметностите, Катедрата за историски науки и Центарот за научно истражување при Филозофскиот факултет во Белград. Помеѓу другото, Дедиер го укорил Медаковиќ со зборовите: Проклет да си, Дејане Медаковиќ, поради твоите ситни амбиции да станеш претседател на Српската академија за науки и уметности. Им се умилкуваш на властите, кршејќи ги сите човечки принципи на однесување.” (Л. Клјакиќ, “Почеток на патот” /L. Klyakic, Beginning of the Road/, стр.56)” (Стр.
69, 1 август 2000 година, број 579 од списанието
“Македонија”).
На тема за Групата Винча, Васил Иљов во написот во списанието “Македонија” зборува за едно откритие на прилично импозантен споменик кој содржи антички напис, пронајден во пештерата Ситово, лоцирана близу градот Пловдив во Бугарија. Споменикот содржи запис од две линии долги околу 3,4 м, а текстот е висок околу 40 цм, напишан од десно кон лево. Според Иљов, може да се претпостави дека текстот датира од 4.500 година пред Христа и е напишан на антички, предисториски македонски фонетски јазик. Текстот, иако не бил дешифриран во тоа време, бил објавен во 1950 година и повторно во 1971 година. Со помош на Иљов, текстот конечно бил дешифриран во 1995 година. Грубо преведено, еве што пишува на македонски јазик: “и свекорот втрчал, а додека бегал ужаси го прогонувале, а во куќата таму тие пееја псалми и гости сте на печеното месо на сонот отиден со патката!” (Стр. 71, 15.12.1999 година, број 564-565 од списанието “Македонија”). Останува на Вас да решите што сака да каже античкиот писар. Уште поважно, не е работата во тоа што вели пораката, туку во тоа што таа е дешифрирана, преведена. Можеби пораката не ни е нам наменета. Во секој случај, еве го толкувањето на Иљов.
Патката во оваа порака се однесува на античка мочуришна птица која се издигнува од умрен човек и ја носи неговата душа на небото. Иљов своето толкување го темели врз основа на еден артефакт во форма на антропоморфолошка фигура што стои врз една кочија која ја возат впрегнати мочуришни птици. Централната фигура е украсена со симболи на сонце и планети.
Сепак, друг извор на археолошки податоци во поддршка на македонската цивилизација доаѓа од истражување на бронзеното доба. Според Вангел Божиновски (стр. 61, 01.06.2000 година, број 575 од списанието “Македонија”), неолитската цивилизација во Македонија се појавила 3.000 години пред таа да се појави во западна Европа. Слично, бронзеното доба се појавило во Македонија 1.200 години порано, а железното доба 200 години порано. Трагедијата на бронзеното доба се рефлектира во смртта и уништувањето што тоа и го донело на Македонија, откако истото започнало во западна Европа. Во рацете на Европејците на север и запад, металот, што некогаш ја оформувал уметноста во Македонија, се претворил во оружје за убивање и уништување. Дали е во природата на човештвото да тежнее повеќе за војна отколку за мир? Ако го истражуваме нашето однесување според количеството пари што ги одвојуваме за нашите воени буџети денес, би рекол дека е така.
Речиси сите вредни артефакти изработени помеѓу1.200 и 800 година пред Христа се откриени во гробници.
Македонија, наречена “култура на полињата со урни”, изобилува со гробишта. Изгледа дека без разлика колку не се откопани или колку се уништени, остануваат уште многу да бидат откриени. Тоа е во човековата природа да биде така, вели Вангел Божиновски, само погледнете ги учебниците од кои нашите деца учат во училиште денес и ќе сфатите дека цивилизацијата не е ништо друго освен бескрајна војна. Војната е западен изум кој бил увезен во Македонија во текот на бронзеното доба и оттогаш станала наш начин на живеење.
ГЛАВА 1 - ПОЧЕТОКОТ Се вели дека пред илјадници години многу мали племенски кралства го населувале регионот каде што се вкрстувале трите континенти (Европа, Азија и Африка). Живееле од обработување на земјата, тргувале и со векови живееле во мир едни со други. Иако биле познати под многу имиња, луѓето имале заедничко потекло и зборувале на дијалекти на еден ист јазик.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/2 on October 29, 2026