Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 15

By Ристо Стефов · Part 28 of 64 · About 19 minutes

Read in English

Дури и во Рим локалната култура се менувала од конзервативна во интелектуална, па така и Римјаните и странците, вклучувајќи и најголем број императори, ги претпочитале литературните дела напишани на универзалниот романтичен коине јазик, наместо на сувиот и остар латински јазик. Како и францускиот јазик на Европа во XIX век, така и коине јазикот, поттикнат од литературните дела на софистицираните, повторно почнал да доживува препород. Постоела одредена атмосфера во врска со јазикот која давала живот и израз на неговите теми. Коине јазикот бил нашироко користен од страна на интелектуалци и академици низ целото царство, особено во Мала Азија и Александрија. Коине јазикот бил многу популарен не само кај софистицираните, туку и кај филозофите кои досега се посветиле на дефинирање на новата вера. Пораката на Исус бргу се ширела, освојувајќи ги умовите на новиот тип филозофи, а тие, за возврат, ги запишувале своите искуства не на арамејскиот јазик на Палестина, а ниту ни на латинскиот, туку на интернационалниот коине јазик, јазикот на македонската елита. Како што е поткрепено со доказите во записите најдени во Дура Еуропос, претходно спомнато, Македонците зборувале и на друг јазик, на јазикот кој денес се нарекува македонски. Иако историјата нема име за него, тој често се спомнува како мајчин јазик на кој зборувале македонските војници. Коине јазикот можеби бил јазик на елитата и на институциите, но тој бил бескорисен кога требало словото на Исус да им биде пренесено на необразованите маси кои живееле во пространото Римско Царство. Многу добро е документирано дека, како што христијанството се ширело од градовите во гратчињата и во селата, така многу текстови напишани на коине јазикот морале да се преведат на домородните, автохтони јазици. И додека ниту Македонците пред нив, ниту Римјаните гледале некаква корист од тоа да се школуваат селаните, христијаните тоа го виделе. Ова се случувало со ист интензитет и во Египет и во Македонија. Словото на Исус било добро за сите, вклучувајќи ги и оние кои живееле во селата. Но, како можело тоа слово да им биде соопштено на необразованите маси? Тоа навистина претставувало проблем за христијаните, но, преку пишаниот збор, тие ги превеле библиските текстови на голем број различни јазици и почнале да ги едуцираат масите.

Овде сакам да разјаснам дека коине јазикот бил меѓународен јазик на трговијата, воведен во огромното Македонско Царство од страна на Александар Велики. Ова бил јазикот на едуцираните и на елитата, не на народните маси низ целото Царство. Најголемиот дел од домородните народи од сите делови на Царството, кои земале учество во неговите работи, биле едуцирани на коине јазикот. Но, тоа не ги спречило да зборуваат на својот мајчин јазик. Добро е документирано дека неевропејците во рангот на европската елита, не само што зборувале втор јазик, покрај својот мајчин, туку биле познати и нарекувани и под друго име, под нивното локално име.

И додека Македонците, а подоцна и Римјаните, немале некаков интерес за локалните прашања, освен собирањето даноци, христијанстовото покажало голем интерес за сите, независно од социјалниот статус. Во очите на Исус сите луѓе биле еднакво создадени, по ликот на Бога. Обичниот народ можел да се идентификува со христијанскиот Бог и тоа им се допаѓало и ги привлекувало. За разлика од ова, бо жествата на римската вера го имитирале “семоќниот” римски император како седи на неговиот трон, многу далеку од обичниот човек.

Преку директното контактирање со домородните народи на Царството, христијаните почнале да ги институционализраат локалните јазици, давајќи им живот преку писмените библиски текстови и преку едуцирање на масите да читаат и пишуваат. За жал, при пресвртницата на новиот милениум, барем во Европа, на располагање имало само три писма, т.е.

азбуки, на кои требало да се темели пишаното слово, а тие биле арамејската, коине и латинската азбука. Повеќето локални јазици имале многу повеќе богати звуци отколку што постоечките азбуки можеле да ги примат и искажат, и со време тие требало да се преработат. За Македонците, биле потребни неколку векови за тоа, но на крај едно преработена универзално писмо ќе се појави, и на Македонија ќе и ја врати поранешната интелектуална слава.

Изгледа дека околу IV век пред Христа, во име на прогресот, Македонија се откажала од својата античка мајчина венетска азбука во корист на меѓународниот коине јазик. За жал, полумилениумското запоставување го оставил нејзиниот мајчин говорен јазик без писмо, без пишани букви.

Како што видовме, повторно евидентирнао од натписите во Дура Еуропос, Македонците ја користеле и азбуката на коине и на латинскиот јазик, понекогаш во комбинација, за да се изразат на својот мајчин јазик. Тоа можеби било доволно добро за чкртање графити и пишување обични писма, но не и за составување литературни дела.

Со текот на времето, христијанството го вовело Евангелието на секоја етничка група во секој крај на Римското Царство, а со тоа дошол и пишаниот збор, формулирање, а подоцна и до институционализирање на современите писмени јазици. Македонскиот јазик, кој историјата го нарекува јазикот на кој зборувале војниците на Александар, не бил исклучок. За развојот на современиот македонски јазик ќе дискутираме во повеќе детали во наредните глави.

Има такви кои сметаат дека периодот помеѓу 27 година пред Христа и 180 година по Христа бил период на пропуштена прилика. Тоа повеќе било време на трошење, отколку време на создавање; тоа било ера на архитектура и трговија во која богатите станувале побогати, а сиромашните посиромашни; тоа било ера кога човековата душа и повековиот дух пропаѓале. Имало илјадници убаво изградени градови снабдени со големи аквадукти, меѓусебно поврзани со величествени автопати, а секој од нив опремен со храмови, театри, амфитеатри и пазари. Граѓаните на овие големи градови добро се однесувале и имале префинети манири, што укажува на едно цивилизирано општество. Сето ова, за жал, било постигнато врз плеќите на робовите кои потекнувале од целото пространство на Империјата, вклучувајќи ја и Македонија. Робовите ја обезбедувале работната сила потребна за градење градови, аквадукти, патишта, храмови и театри. Робовите ја обезбедувале работната рака за обработување на земјата и исхрана на масите. Тие, исто така, ги обезбедувале човековите тела кои ја поттикнувале крвавата забава која толку многу го забавувала римското граѓанство. Не се знае колку робови страдале од сурова смрт за да ја цивилизираат славната Римска Империја, гордоста на Западот, но сигурен сум дека бројките се грозни.

Често се поставува прашањето, “Кои биле римските гладијатори, кои биле христијаните со кои лавовите биле хранети и кои биле робовите кои ги дале своите животи да се изгради Римското Царство и да се забавува римскиот граѓанин?” Иако историјата не ни дава одговори, се што треба да направиме е да погледнеме во последиците од римската победа и да ги изброиме оние кои биле поробени.

Македонија била последната нација во Европа која паднала во рацете на Римјаните, но прва која целосно, групно, паднала во римско ропство. Додека средната македонска класа, меѓу другото, на Римското Царство му обезбедувала просветување, македонскиот роб, меѓу другото, го снабдувал Царството со потребниот труд за изградба на нејзината цивилизација. Иако Македонија, повеќе од било која друга нација во историјата на тоа Царство, најмногу придонела за неговиот развој, современата римска историја ништо не спомнува за Македонците. Македонскиот народ не добил никакво признание за неговиот придонес и за волните и неволни жртви што ги правел за успехот на Римјаните.

Иако е добро познато дека Римското Царство било изградено врз темелот на Македонската Империја на Александар Велики, неговите современи наследници одбиваат на Македонија и на Македонците да им го дадат признанието што тие го заслужуваат. Денешните современи западни историчари со гордост зборуваат за постигнувањата на Римското Царство, заборавајќи дека без македонските придонеси нивното скапоцено Царство би било само празна школка.

Секој историчар знае дека единствениот придонес за кој гломазното Римското Царство треба да добие признание, е градењето патишта, градови и аквадукти. Во однос на државната управа, односно власта, тоа не сторило ништо. Во најдобар случај, тоа имало бирократска администрација која го одржувала мирот, но не успеала да го обезбеди. Еден типичен Римјанин бил премногу зафатен со лов “на богатство”, така што заборавил да спроведува било какво слободно размислување и да применува знаење. Имал изобилство книги, но малубројни биле оние напишани од Римјани. Го почитувал богатството и ја презирал науката.

Дозволил богати да владеат и замислувал дека мудрите луѓе може да се купат и за нив да се ценка на пазарот за робови.

Не правел напори да учи, да вежба, или обичниот народ да го внесе во било какво свесно учество во својот живот. Од религијата, литературата, науката и образованието направил алатки и ги доверил на грижа на робовите кои биле хранети и со кои се тргувале како со животни. Неговото царство, “било, според тоа, едно колосално неуко и неимагинативно царство. Не предвидело ништо. Немало стратешко предвидување, бидејќи тоа било без сфаќање за географијата и етнологијата.” (Стр. 397, Х.Г. Велс, Краток преглед на историјата, /H.G. Wells, The Outline of History, Garden City Books, New York, 1961). Ова е само мал пример за тоа што еден еминентен западен научник и автор мисли за придонесите на Римското Царство.

Иронично, Римјаните ги нарекуваат цивилизирани, а Македонците варвари, знаејќи со сигурност дека Македонија не вработувала робови, додека Рим го изградил своето царство врз плеќите на робовите.

“Цивилизира: потиснува варварска или примитивна фаза од општеството; просветува, облагородува и образува” (Стр.

127, Оксфордски речник на современиот англиски јазик /The Oxford Dictionary of Current English/, Oxford University Press, 1991). Претпоставувам дека современите историчари од XIX век заборавиле да го консултираат речникот за зборот “цивилизира” кога ја пишувале современата историја на Римското Царство.

Без да навлегуваме во вулгарноста на римските неумерености и колосеумските крвни сладострасти, верувам дека ја изнесов мојата поента дека “Римското Царство не било ниту цивилизирано, ниту, пак, придонело толку многу колку што неговите поборници сакаат ние да веруваме”.

Нападите што започнале врз христијанството очигледно не биле ограничени само од Евреите и Римјаните. Како што христијанството почнувало да се развива и да си го пробива патот во Европа, така станало мета за интелектуалците кои го откриле и го идентификувале како непријател.

Софистицираните атински интелектуалци нашле потешкотии да го прифатат христијанството, посебно бидејќи од нив се очекувало да ги напуштат долгочуваните верувања. Додека угнетениот Македонец нашол надеж во христијанството, послободниот Атињанин не бил задоволен да го остави зад себе она што навистина го дефинирало него и неговата култура.

За добро или лошо, Македонија попуштила и го примила христијанството. Меѓутоа, нејзините соседи на југ биле премногу “софистицирани” за оваа современа појава и останале верни на старите верувања.

“Атина во времето на Павле не била веќе онаа Атина на Сократ; но Сократовиот метод имал свои корени во почвата на Атика и во природата на атинскиот народ. Во Атина, Сократ не може никогаш сосема да умре...” “Во овој центар на светското образование, среде предавалните каде што со векови учеле филозофите дека е чисто празноверие да се направи забуна и идолот да се изедначи со божествената природа која е застапена, идолите веројатно биле помногубројни отколку било каде во искуството на Павле.” (Стр. 238-239, В. М. Рамсеј, Д.Ц.Л. ЛЛ. Д., Св. Павле, патникот и римскиот граѓанин, Hodder and Stroughton, Лондон, 1894).

Мисијата на Павле во Атина не донела преобратени верници. Но, има нешто интересно што произлегло од дискусиите на Павле со Атињаните, што им дава навестување за атинскиот став кон Павле и кон странците генерално. На универзитетот во Атина, одредени фолозофи го вовлекле Павле во дискусија и некои рекле: “Што би рекол овој спермологос [неук плагијатор]? ” (Стр. 241, В. М.

Рамсеј, Д.Ц.Л. ЛЛ. Д., Св. Павле, патникот и римскиот граѓанин, Hodder and Stroughton, Лондон, 1894).

“Спермологос” е атински сленг што занчи “безвреден човек од ниска класа и со вулгарни навики, со инсинуација дека тој живее на сметка на другите, како оние озлогласени личности кои се врткаат околу пазарите и кејовите за да земат било што од она што ќе падне од товарите што другите ги носат. Оттука, како термин во социјален сленг, зборот означува апсолутна вулгарност и неспособност да се издигне над најпрезрениот стандард на живот и однесување; тој често се поврзува со ропскиот живот, бидејќи “спермологот” бил близу до типот на робови, но под нивото на слободен човек;

а кон тоа се додава и сугестијата за собирање остатоци и смет, а во литературата за плагијаторство, без капацитет да се користи правилно”. (Стр. 242, В. М. Рамсеј, Д.Ц.Л. ЛЛ. Д., Св. Павле, патникот и римскиот граѓанин, Hodder and Stroughton, Лондон, 1894). Дали е ова супериорната раса луѓе на кои нашиот современ свет им ги должи своите темели?

По краткиот престој во Атина, Павле бил избркан. Оттаму, тој отишол на Коринт, а откако поминал извесно време таму, се вратил во Солун.

Христијанството, навидум, се осветувало против вакви интелектуални ставови, со тврдењето дека нивната филозофија нема што да ги учи христијаните, освен на глупост и неморалност. Иако христијанството почнало да стекнува доверба и да зазема еден порелаксиран став кон овие напади, неговата доктрина се уште отстапувала од нормалната. Гностицизмот особено бил силен во многу подрачја на Царството и, комбинирано со паганските верувања и митови, не само што отстапувал од едноставните учења на Христос, туку, исто така, разбеснел и многу христијански фундаменталисти да заговараат враќање кон “едноставна вера.” Гностиците, во нивниот обид да ги “прочистат” учењата на Исус и да ги ослободат од нивните земни врски, инектирале нови идеи во христијанството, од кои најмногу се базирале врз мит и фантазии, а се граничеле со ерес.

Повикот за враќање кон “едноставната вера” полесно бил да се искаже, отколку да се направи. На крај, “едноставната вера”, генерално, повторно била воспоставена, но не без помош на еден император.

Почетокот на новиот милениум бил сведок на смртта на Римската Република и раѓањето на царскиот Рим.

Императорите од Августијанската лоза можеби донеле мир во Империјата, но заедно со него донеле и занемарување, пад и распаѓање. Како што претходно е напомнато, до 180 година по Христа, имало непогрешливи знаци на распаѓање. Освен земјоделскиот и економскиот пад, Империјата и ги отворила своите врати на анархијата, кога усвоениот систем на избирање на императори бил напуштен во корист на наименување личности.

Првиот император кој прекинал со традицијата бил Маркус Аурелис /Marcus Aurelius/ кој го наименувал својот син Комодус /Commodus/ за свој наследник. За жал, наместо да владее, императорот Комодус поминал дванаесет години (од 180 до 192 година по Христа) пиејќи со гладијаторите, се додека не бил задавен од својот тренер.

По една година граѓанска војна, Септимус Северус /Septimius Severus/, Африканец, се издигнал до врховната власт и во своето осумнаесетгодишно владеење сторил најдобро што можел за да врати мирот и редот. Северус и неговите роднини направиле Империјата да функционира се до 235 година, кога последниот член од тоа семејство бил убиен во атентат.

Наредните педесет години биле исполнети со крвопролевање, лошо владеење и граѓанска војна. Ерозијата на централната власт ги отворила вратите за варварските инвазии. Освен нападите од различни германски племиња и од Франките на запад, посериозен напад дошол од Готите на исток. Готите биле поморски народ кој живеел во јужна Русија и ги контролирал водните патишта од Балтикот, преку Русија до Црното и Каспиското Море.

Неспособни да го издржат нивното напредување, Римјаните ги изгубиле источните мориња, дозволиле Готите да навлезат на егејскиот брег и да напредуваат кон Македонија. Друга група ја преминала реката Дунав, во еден голем копнен напад во 247 година, поразувајќи го и убивајќи го императорот Дециус /Decius/.

Најпосле, Римјаните, навистина, успеале да соберат доволно сила и, во 270 година по Христа, Клаудиј /Claudius/ ги поразил Готите и ги принудил да се повлечат онаму од каде што дошле.

Подалеку на исток, под моќната Сасанидска династија /Sassanid/, Персиското Царство оживеало и тоа, исто така, ги нападнало Римјаните, фаќајќи го римскиот император Валеријан во 260 година. Во 276 година, Готите се вратиле да ги напаѓаат бреговите на Мала Азија. Потоа, во 284 година Диоклецијан, генерал роден во Илирија, ја зграбил власта во Рим и владеел во наредните дваесет години.

Диоклецијан бил првиот кој ја зграбил можноста и вовел споделено владеење. Империјата претставувала преголема задача за да владее еден човек, па затоа Диоклецијан вовел Одбор на четири императори. Тоа било стара идеја која конечно се реализирала. За жал, оваа идеја функционирала само додека Диоклецијан бил на власт и се распаднала по неговото повлекување во 305 година. За среќа, концептот за споделено владеење опстанал и по другата рунда деструктивни конфликти во 313 година, Константин излегол победник како ко-император со Лициниус /Licinius/.

Еден од главните недостатоци кои довел до пад на Римското Царство била слабата комуникација.Географската местоположба на Рим во однос на неговото Царство не била погодна како за главен град на светот. Секоја наредба или официјален документ морал да патува на север, што претставувало половина од должината на Италија, пред таа да сврти на исток или на запад. Иако некои поспособни императори основале свои главни штабови во средиштето на нивните активности, ова сепак не го решило комуникацискиот проблем во целост.

Еден од приоритетите на Константин, откако ја зграбил власта, била да најде погодна локација за својот главен град каде што комуникацијата нема да биде проблем. Иако се размислувало за Солун, поради неговата космополитска македонска култура, економија и одбрана, Константин решил да го избере градот Византија. На крајот на краиштата, зарем не била тоа Византија која ја издржала опсадата на Филип II и која опстојала? Од стратешка точка, Византија нудела некои предности во однос на Солун.

Византија била лоцирана на крајните води на Босфор, поврзувајќи го Средоземното со Црното Море. Таа била центар на светот, поврзувајќи го Истокот и Западот. Од воена гледна точка, бродовите можеле лесно да се испраќаат на исток или на запад по теченијата на реките и да изманеврираат секакво напредување на варварите. Дури и бреговите на Месопотамија, Египет, Егејското и Јадранското Море биле на разумно упадливо растојание од Византија. Од трговска гледна точка, Византија била многу поблиску до источните трговски патишта отколку Рим или Солун. Со други зборови, Константин ја избрал Византија со внимателно планирање и правење концепција, што на долгорочен план и ја донело на неговата Империја предноста што била потребна да опстане речиси илјада и петстотини години, се до 1453 година.

Флавиј Валериус Константинус /Flavius Valerius Constantinus/, или цар Константин како што подоцна бил познат, бил роден во Наисус /Naissus/ во провинцијата Моезија Супериор /Moesia Superior/, денешен Ниш во Србија, на 27 февруари 271, 272 или 273 година. Неговиот татко бил воен офицер по име Константиус /Constantius/ (подоцна именуван како Константиус Клорус или Constantius I). Неговата мајка, жена со скромно потекло, се викала Елена (подоцна именувана во света Елена). Се вели дека Константиус и Елена не биле во брак. Откако претходно добил чин на трибун, гувернер на провинција и веројатно преторијански префект, Константиус, на 1 март 293 година, бил промовиран во чин на Цезар во Првиот тетрархијат (владеење со четири владетели), организиран од страна на Диоклецијан. Во оваа прилика од него се побарало да не биде повеќе со Елена, а да се ожени со Теодора, ќерката на Максимијан /Maximian/. По повлекувањето на Диоклецијан и на Максимијан, на 1 мај 305 година, Константиус се искачил до чин на Август. Константин, во меѓувреме, одлично служел и под Диоклецијан и Галериус на исток. На почетокот држен во дворот на Галериус како залог за добро однесување на неговиот татко, подоцна му било дозволено да му се придружи на својот татко во Британија и да му помогне во походот против Пиктите /Picts/. Кога Константиус умрел, на 25 јули 306 година, во Ебуракум (York), Константин бил покрај него. Војниците веднаш го прогласиле за Август. Оттогаш, Константин го славел овој ден како свој Ден на Империјата /dies imperii/. Откако брзо ги средил работите во Британија, се вратил на континентот (копното на Европа) каде градот Трир /Augusta Treverorum/ му служел како главна резиденција во наредните шест години. Таму, во 307 година се оженил со Фауста, ќерка на Максимијан, оставајќи ја својата љубовница Минервина, која го родила неговиот прв син Крисп /Crispus/.

Во исто време кога Константин бил прогласен за Август, Сенатот и Преторијанската гарда во Рим стапиле во сојуз со Максентиус /Maxentius/, синот на Максимијан /Maximian/.

На 28 октомври 306 година, тие на почетокот го прогласиле за император во понизок чин на принцепс /princeps/, иако тој подоцна го побарал чинот Август. Константин и Максентиус, иако биле баџанаци, не си верувале. Нивниот однос бил дополнително комплициран со нивните интриги и, конечно, со смртта на Максимијан во 310 година.

Отворените непријателства меѓу двајцата ривали избувнале во 312 година и Константин извојувал пресудна победа во познатата битка кај Милвианскиот мостот /Milvian Bridge/.

На тој начин, Константин и Лициниус (ко-император и зет)

станале единствени владетели на Римското Царство.

ГЛАВА 14 - КОНСТАНТИН I И ТРИУМФОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО Во текот на 313 година, од големиот империски град Милано, императорот Константин, заедно со својот ко-император Лициниус, испратиле серија писма информирајќи ги сите провинциски гувернери да престанат да ги прогонуваат христијаните, отповикувајќи ги на тој начин сите претходни антихристијански декрети. Сите имоти, вклучувајќи ги христијанските места за богослужење, одземени од нив во минатото, требало да им бидат вратени.

Овој, таканаречен “Милански едикт”, со кој Римското Царство направило пресврт во својата политика на непријателство кон христијаните, бил еден од најпресудните настани во човековата историја. На што се должел овој ненадеен пресврт?

Рационалните мислители веруваат дека Константин имал способност да предвиди и да сфати дека христијанството станува се поголема сила, и дека таа може да се употреби за доброто на Империјата. Христијанството било резултат на променливи вриежи и искористувањето на неговата моќ било многу поголема придобивка, отколку да се следи тековната политика на обиди таа да се уништи.

Христијанството во тоа време било неорганизирано и постоело во култна форма, во спорадични мали подрачја распрскани ширум Царството. Но, Константин, сепак, имал способност да го предвиди потенцијалот во него.

Христијанството било периферно прашање во умот на Константин кога тој и неговиот ко-император Лициниус требале да се соочат со Максентиус и Максимин Даита /Maximin Daita/ во најголемата битка во нивните кариери.

Тоа било во тој решавачки миг кога Константин имал визија која не само што го сменила неговиот живот, туку била и пресвртница за христијанството.

Во 312 година, во предвечерјето на големата битка, Константин имал искуство кое го приклонило кон христијанството. “Нешто по дванаесет часот, кога сонцето почнало да се спушта... [Константин] изјавил дека со свои очи видел на небото, под сонцето, еден трофеј во форма на крст, направен од светлина со натпис “со ова владеј.” Бил воодушевен од глетката, како што биле и војниците кои го придружувале во походот и ја виделе појавата... Но, кога заспал, Божјиот Христос му се појавил со знакот кој претходно го видел на небото и го поучил да си направи еден таков знак за да го носи како заштита во пресрет на војната.” (Стр. 167, Д. Фишвик, Основите на Западот /D. Fishwick, The foundations of the West/, Clark, Irwin & Company, Toronto,

1963).

На ова место сакам да напомнам дека, иако Константин се приклонил кон христијанството, лично тој бил посветен на Марс, богот на војните и на Аполон, богот на сонцето.