Guilty Without Guilt (Short Version)
ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА - Part 02
И ќе завршам со народната поговорка што е цитирана во текстот од:
„Оној кој не си го сака и почитува своето, тој ќе биде искористен толку пати - колку што им е потребен на туѓинците”!
РИСТО БУРНАЗОВ БОСТОН, 2-ри Август, ИЛИНДЕН 2018 год.
Во светски рамки се вршат важни истражувања во проучувањето на миграционата проблематика, додека за нашите миграциони движења бевме присилени да молчиме а тоа беше со политичка умисла - преку идеологијата. Но, денес во светот се појавуваат нови трудови и студии се откриваат најсуровите и најсложените елементи за проектираните прогонства, но за жал, нашата наука на оваа проблематика, полавек остана глува. Како да не се случило ништо со Македонците под Грција и нивните одземени 28.000 деца, за време на Граѓанската војна, кои и до ден - денес да немаат право да се вратат. Проблемот со одземените деца за време на Граѓанската војна во Грција, за нас Македонците претставува еден најтрагичните и најсериозните проблеми во македонската историја. Зошто? Затоа што, тоа не се случило ни во најсуровите Балкански војни, да се посегне по недолжното дете и да се вршат таквите миграции со политичка умисла. Одземените Македончиња, од своите родни огништа беа испратени со билет во еден правец, а Грчињата со повратен билет. По Граѓанската војна Грчињата се вратија, Македончињата останаа раселени по светот. Како што стана и со нивните татковци, мајки, браќа, сестри, дедовци и баби. И уште со невидена бруталност, во современата цивилизација да се спречува нивнотото враќање во родното место, на своите прадедовски историски корени. Тоа не ќе беше толку иронично, ако во тој судбински зафат и Македончињата како и Грчињата добиеја повратен билет.
Основната цел на ова иследување е да се дојде до што пореални погледи кон историската вистина и политичката умисла за т.н.
ΠΕ∆ΟΜΑΖΟΜΑ = чедособирањето, реализирано од двете завојувани страни: Владата на атинскиот режим во Атина, и Привремената демократска влада на партизаните (КПГ и ДАГ), кои војуваа во Граѓанската војна од 1945-1949 година.
Конфликтите меѓу овие завојувани страни, исклучиво беа класни (но и не многу јасни, токму во насока за ставовите на луѓето од врвот на КПГ: Маркос и Захаријадис, но и на КПМ/КПЈ), и идеолошките прашања за уредување на грчкото општество т.е. комунистите наводно водеа борба за социјализам, односно за глобалниот проект: Советизација на Балканот.
Но, во овој период од исклучителна важност е и улогата на организацијата НОФ и АФЖ, кои и служеа верно на комунистичката партија на Грција (според препораките на КПЈ). Таквата препорачлива приврзаност, КПГ ја искористи по „комунистически” до максимум и преку оваа организација, успеа да го организира и мобилизира Македонецот во Граѓанската војна. Но по ликвидацијата на ДАГ требаше да замине, заедно со соборецот - Грк, надвор од своето родно место во Грција, во поранешните социјалистички републики и СССР. Овие илјадници Македонци рамноправни борци во ДАГ, дури и многу Македонци членови на КПГ, заминаа со билет во еден правец. Грците со исти гревови: борбата за социјализам во Грција, ем големи комунисти, се вратија на своите огништа, само затоа што им беше обезбеден повратен билет. Тоа е факт, се друго е во сферата на шпекулациите, дилемите, небулозите и фантазмогориите.
Секој разумен човек, оправдано си го поставува прашањето:
Какви последици имаше формирањето на НОФ и АФЖ кај Македонците под Грција? Ако се знае дека еден дел од Македонците под Грција, сега, под влијание на македонската држава што се создаде во рамките на Југославија и на нејзиното раководство (КПМ/КПЈ), се спротистави на ставот и практиката на КПГ спрема македонското прашање, се одделија од неа и побараа да им се признае правото на самоопределување, а друг дел продолжи да го следи ставот на грчките комунисти за македонското прашање, кој на Македонците им ги признаваше малцинските права во рамките на грчката држава. Со тоа Македонците се поделија на два табора: едни со КПГ, а други со КПМ/КПЈ, со крајна стратешка цел, (во неа на мошне успешен начин беа обмислени и исконструирани формите и содржините преку кои тие добиваа и соодветна конкретизација во практиката токму на тлото на Македонија под Грција), на туѓинците им беше да го натераат НОФ во почетокот се повеќе да располага со судбината на Македонците под Грција, а потоа да ги распоредуваат и регрутираат како што тие сакаат.
Формирањето на организацијата НОФ, по иницијатива на КПЈ односно КПМ, надвор и независно од КПГ е спротивно на нејзиниот став за македонското прашање и за формата на водење на борбата, оти тоа предизвика поделба во македонското национално-ослободително движење кај Македонците под Грција, со непомирливи и трагични последици. Разногласијата, судирите, сомневањата и предрасудите беа толку остри што и по т.н. обединување на КПГ со НОФ во ноември 1946 година (така го прикажува нашата историографија), а вистината е следна: Со решение на КПГ преку бирото за областа Македонија е наредено безусловно обединување на воените единици кои беа оформени од НОФ и од КПГ и тоа без никакви отстапки во корист на НОФ. Искористувајќи го ова решение, командантот на Главниот штаб Маркос Вафијадис во втората половина на септември 1946 година, на македонското раководство на НОФ ултимативно му ги сопшти следните услови:
Безусловно да се расформираат македонските единици на НОФ, а неговите борци (на НОФ), да се вклучат во единиците на КПГ.
КПГ си го задржува правото во штабовите на воените единици да поставува „добри команданти”, во кои ќе има полна доверба.
Ете како се стави НОФ под раководствто на КПГ, и сите барања на КПГ не беа елиминирани, односно тие продолжија во целиот тек на Граѓанската војна и по неа, па и до денденешни денови и затоа НОФ не беше никаков воено политички фактор, како што е прикажуван во нашата историографија за „Егејците”. Тоа е факт, и тоа беше реализирано низ целиот период на Граѓанската војна.
Таквиот напромислен или намерен чин (организиран од КПМ/КПЈ), трагично го платија луѓето од Македонија под Грција, оти тие беа соочени токму со „македонскиот синдром”, според многу дамнешниот модел на владиката Карвангелис -синдромот за самоуништување.
Дали НОФ и АФЖ, кои до вчера (од 23.4.1945-1946) го повикуваа македонскиот народ во борбата што ги имаше сите свои национални белези и стремежи, а тоа беше спротивно на „грчките национални интереси” на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, а по 1946 до 1949 година, сосема нешто друго - покорна и беспрекорна (сервилна) соработка. Има ли некој документ? За што и за какви отстапки се договориле, или уште не треба за сето тоа да знае, македонскиот народ? Каква национална цел имаше НОФ?
(Види: Прилози - Оценките на Генералниот секретар на КПГ, Н.
Захаријадис, по ликвидацијата на ДАГ)
Но најтрагичното е, што никаде ги нема за својата одговорност, спрема Македонците под Грција, кои ги организираа и ги раководеа од периодот на формирањето (23 април 1945 - 11 септември 1946) КПМ/КПЈ.
Дали ние Македонците, смееме да ја заборавиме историјата, и да носиме некаква вина, наводно дека сме ја изгубиле револуцијата!? Како што не учеа и инсистираа половина век, па дури и сега, во: клима на комформизам, а се знае минатото никогаш целосно не умира.
Во ова полувековно време зошто тие што треба да зборуваат, беа и се уште се замолчени, а тие што требаше да молчат зборуваа?
Но, се потврди, дека потхранувањето на историските несреќи им е од полза само на оние кои уште сакаат „мали” и „големи” Македонци.
Немоста и доколку не кажеме дека сме биле жртви, ќе биде голем историски грев на македонската наука и со тоа само ќе им ги потхрануваме злонамерните и геноцидни зафати на туѓинците, зашто се е на видело - што не снајде, и ее напишано, но не од нас - Македонците.
За сето време на ропската послушност на (НОФ и АФЖ), болен е фактот дека се враќаме на она познатото на Труст „во потрага за изгубеното време”, и по макотрпните истражувања, сега би додал дека фактите покажаа многу работи кои се обелоденија:
за изгубениот македонски народ, (тоа значи исчезнување на една голема гранка од големото македонско стебло), на македонски простор, (тоа исто така значи дека изгубивме повеќе од 50% од етничка Македонија, и не господариме како староседелци со ништо), значи ако гледаме интегрално македонската нација ја снајде една голема историска катастрофа.
Негирањето на клучните факти, дека Македонците под Грција не беа жртвувани и манипулирани во Граѓанската војна, па дури и по половина век и дека сето сторено од туѓинците било со добра намера, за жал, не става во позиција вечно да се соочуваме со постојаните повратни удари на минатото во сите сфери на нашиот живот, па дури и пред сопствениот македонски народ.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/3 на 29 октомври 2026