Guilty Without Guilt (Short Version)
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО - Part 03
Претставувањето на Р. Македонија на првите Олимписки игри на кои што учествувавме, ние излеговме со знамето на Олимписките игри со пет врзани круга, со натпис ФИРОМ, така да наместо една голема радост, гордост и достоинство, не успеавме ни како една држава - Девствени острови (без потценување), кои излегоа со знаме, име и сите обележја на една држава за разлика од нас. Другото се откажавте од сите грижи за нашите Македонци во соседните држави, во Грција, Бугарија, Албанија. Но Вашето откажување кое е катастрофично за еден народ кои со векови живеел на тие свои огништа, а сега зборувате и за жал без воопшто да размислувате за Тиранската платформа која е донесена во една соседна држава која еве директно се меша во внатрешните работи на оваа наша Македонија. Што би се случило ако нашите македонски партии од соседните држави дојдат да усвојат платформа во Македонија и со истата сакат да излезат на избори во нивните сегашни држави, нив немаше и нема да ги осуни за жал, а не пак да ја презентираат таа и таква платформа.
Додека кај нас некој кој добил 150.000 државјанства за луѓе кој во даден момент му биле потребни некој да избере претседател (Киро Глигоров), за жал пак Вие, а никогаш ниту биле жители на оваа држава нити ќе бидат. Еве и денеска тие фантомски гласачи за кои нон стоп говорите, се овие од Вас дадени пасоши и државјанства кои сега на сите ни се удираат од главата. Ги барате каде се, еве каде се и од каде се. Но ова се големите велепредавства, но тие продолжуваат и понатаму, така што во 1994 година кога повторно Вашиот дотогашен претседател Петар Гошев ја формира Демократската партија, и кажуваше за криминалци, предавници во редовите на СКМ ПДП, од каде што пред некое време тој излегол. Но еве и тогаш можеби најголемото предавство, опозицијата не излезе на овие избори, но Вас мува не Ве лазеше. Излезе голем народ на улиците, бараше правда, Вие ги наместивте снајперистите на зградата од Парламентот, на Стоковната куќа во Скопје и бевте спремни на се. Народот затечен се организира и собра 250.000 потписи за кои Вас апсолутно не Ве болеше уво, преминавте преку тоа, направивте огромни пари од кршењето на ембаргото со Србија, ја продадовте или поточно ја предадовте Македонија на неколку олигарси, кои и денеска жарат и палат во Македонија, оставивте 200.000 луѓе на улица без работа, и за сето ова која е Вашата одговорност, за жал никаква. Во овие 4 год. од 1994-98, Вие направивте се, без никаква опозиција, со донесување на секакви можни закони, со кои и најголемиот криминал го направивте законски и со тоа се гордеете, направивте трајно оштетување на државата и како што милувате да кажете дека сето тоа е законски и одржливо, но последиците се трајни, до денес.
Еднаш сторена работа тешко се исправа тоа дефинитивно треба да мислите во овие денешни времиња, кога она што денес ќе го направите не ќе можат генерации по Вас да го исправат.
По Вашата кражба на се во Македонија, победи ВМРО ДПМНЕ заедно со Демократската Алтернатива, во Македонија конечно дојде таа долго посакувана демократија. И денеска кога Ве прашуваат кога беше најдобро, Вие повторно ги спомнувате тие 4 години, 1998 -2002 год., но за жал и тоа го уништивте.
Почнавте против она што позитивно се случуваше , сега и против правата на Албанците, со една воинствена реторика, дека Вие сте тие што ќе ја бранат и одбранат Македонија, повторно со измама влеговте во тогашната Влада, но колку помогнавте во „победата”, гледаме и чувствуваме до ден денес.
По потпишувањето на „капитулантскиот” Охридски договор, во кого се разбира сесрдно учествувате, Вие веднаш ја напуштивте таа Влада, за која толку пекавте да бидете дел од неа, за да повторно некој Ве донесе на власт веќе наредната 2002 година.
И гледај чудо, Вие кој се боревте против правата на Албанците во Македонија наеднаш формирате Влада со дотогашните одметнати бандити, „борците за човекови права”, ги поставувате за министри, функционери, директори на јавни претпријатија, за да тие Ви се заблагодарат на тој начин што нивни премиер и гуру остана Г-дин Али Ахмети, како во партизанските времиња на ОНА и УЧК. Тоа за жал го потврди и премиерот Г-дин Хари Костов кој поднесувајќи ја оставката го потврди сето ова. За ова време успеавте да го доставите законот за Тетовскиот универзитет, да ја направите федерализацијата на државата повторно со закон во 2004 год., да го предадете Г-дин Љубе Бошковски во Хаг, за потоа да роните крокодилски солзи за неговата судбина но сега Ви требаа жртви, а Вие секогаш играте на картата на кратко паметење кај народот, но последиците од сите Ваши одлуки се трајни и крајно негативни кон целиот македонски народ. Федерализацијата на Македонија за малку со својот живот ќе го платеше тогашниот премиер Г-динот Владо Бучковски при неговата посета во Струга и тоа од оние кои претходно му го дадоа својот глас. Но без разлика на се ова, последиците ги гледаме повторно денеска, за жал и покрај тоа што поминале 14 години. За да ова се неутрализира и се обезвредни целиот референдум за изјаснувањето на граѓаните, повторно добивме помош од меѓународната заедница т.е. овојпат од Америка која не призна под уставно име и од тогаш не направи ништо. За нив како една голема сила, една Грција претставува голем проблем кој тие не можат да го решат, но затоа се што нас ни испорачаа, ние час поскоро се, па дури и повеќе од тоа им дадовме. Промена на име, знаме, приватизација за која во 1998 год. за која се побара одговорност зошто е така направена, добивме одговор дека „немојте да гибате во приватната сопственост и начинот на стекнување, зошто тоа е најголемата придобивка на западната цивилизација”, ние и тоа го прифативме ( една од најголемите грешки на Г-динот Љубчо Георгиевски). Нашата територија ја препуштивме за силите на НАТО, тие поминуваа преку нас за Косово, притоа оштетувајки ги нашите патишта, носејки ги сите материјали од пристаништето во Солун со кои ги градеа објектите на Косово, а добивме уверување дека наши фирми со наши матерјали ќе градат на Косово. Го отстапивме воздушниот простор за агресија врз Србија, а последиците од тие бомби со осиромашен ураниум, кои беа фрлани, никој сериозно не ги анализирал, за да се видат последиците од нив врз граѓаните во Македонија. За жал според последните признанија на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, Македонија единствена се договорила со НАТО во случај на копнена агресија врз Србија, дека единиците на НАТО би поминале преку територијата на Р. Македонија. Со тоа всушност сме им објавиле и сме влегле во војна со соседна држава, а за разлика од нас и оние соседи кои веќе биле во НАТО не го дозволиле тоа (Бугарија, Хрватска и др.) Се случи агресијата во Македонија од УЧК од една странска држава Косово, но американските експерти беа тие што ги вадеа борците на ОНА и УЧК од Арачиново како „победници”, со образложение дека е загрозено Скопје, од кого? Од оние што се плашеа и дење да влезат во автобусите за да заминат од Арачиново. Па беа спремни и тоа со голем притисок го направија да се потпише предавничкиот Охридски договор, и што е најстрашно во време на примирје, кое тие го гарантираа, се случија најголемите загуби на македонските бранители во Вејце, Карпалак, Љубанци и други места, што всушност и на кого тие му гарантираа? Кога сето ова се заврши, без никогаш да се постави на маса за преговори, со голем притисок беа усвоени и следната амнестија на сите кои учествуваа во борбата против Македонија, се простија сите оние воени злосторства, за кои нема простување. И оние фашисти кои беа преживеани од Втората светска војна и на 90 годишна возраст беа изведувани пред суд, а кај нас тоа единствено не се случи. Во сите останати поранешни југословенски републики, сем кај нас, каде исто се процесуираат оние кои се осудени за воени злосторства.
Од сето ова, агресија ли беше, граѓанска војна ли беше, конфликт ли беше, борба за човекови права ли беше, или ништо не беше, излезе само едно. Во Хаг завршија Г-динот Љубе Бошковски министерот за внатрешни работи на Република Македонија и Г-динот Јохан Тарчуловски кој по мое лично мислење ниту требаше, ниту му беше местото таму, покрај луѓе кои направиле воени злосторства, геноциди или уште какви ли не гнасотии.
Што бараа овие наши херои во Хаг, сигурно да биде Република Македонија поставена на столбот на срамот и дека со овој чин таа се става во улога на агресор, притоа борејки се да го зачува својот територијален интегритет, својот суверенитет за да на крајот испадне агресор во сопствената држава, невидено во светската историјата досега. Сите овие насилни наредби од Западот кои единствено на нас ни ги врати одлуките од Хашкиот суд, со наредба истите да не се процесуираат. Тука ја гледам грешката да се подлегне на вакви непринципиелни притисоци. Од друга страна за се ова што ние правиме тие упорно повторуваат: „решето го прашањето со името па ќе видиме” и ова цели 27 години. Ние (т.е. тие) ве контролираме, правиме извештаи, го гледаме вашиот напредок но ништо не можеме да сториме за вашиот прием оти нели тука е Големата Елада, на која тие толку и должат за демократијата во нивните држави. Ако се движиме кон ваква „демократија” подобро и да не не примат, ќе имаме чувство дека можеби ќе ни беше подобро. За разлика од нив, ние Македонците ја почуствувавме вистинската „демократија” на Големата Елада. На што личиме ние во нивните очи сем едни малоумници, неспособни за ништо, никогаш ништо не сме им побарале во преговорите, а за добивање да не зборувам. Оние средства што завршуваат во развој на општеството гледаме каде и како се искористени.
Доаѓаат грешките направени од нас. Првата вештачка поделба на две партии ДПМНЕ и Народна, вештачка поделба, непотребна, но во даден момент ја исполни својата цел, ВМРО ДПМНЕ дојде на власт и тука е сеуште. За ова време ја имаше подршката на Западниот свет на првите избори 2006 год. кога беше и најтешко. Во меѓувреме дојде 2008 год. ВМРО Народна не излезе на избори и ВМРО ДПМНЕ ја извојува најголемата и најубедлива победа со 63 пратеници, кои секој ги посакува. Но што се случи, за жал повторно под притисок кој треба да го признае Г-динот Груевски во Влада влегуваат оние кои не требаше да влезат, а тоа е ДУИ. Зошто се побаруваат 63 пратеници, јас мислев заради тоа да ВМРО ДПМНЕ конечно да ги постави и реализира своите реални партиски политики, без никаква уцена, со стандардно мнозинство во секое време. Но притисок повторно имаше, пак некои договори кои и денес не се докрај потврдени за жал. Значи и сегашната победа од 63 пратеници, барем мене не ми дава за право дека една партија со своја програма, со своја платформа ќе успее да реализира се.
Како и каде во светот се случува, барем во вакви општества кон кои се стремиме да коалицираат и практицираат власт, конзервативна десна партија и марксистичко ленинистичка партија, под надзор на Западот, од Истокот дефинитивно не може. Покажете една и јас ќе ви верувам, но таков систем не познавам. Имаше ваква ситуација во соседна Бугарија со една Турска партија од Ахмед Доган, која заради малцинските права влегуваше во секоја влада, се до моментот кога победи партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, која прогласи апсолутно мнозинство и коалиција која ќе го подржи политички, така да ја отфрли оваа партија на Турците заради различни политики.
Очекував големи реакции од ЕУ и останатите, но тоа не се случи. Јас не можам да разберам ако некој има убедлива победа, повторно да коалицира со некој, заради што? Правото на малцинствата во Македонија е најголемо право, поголемо од кај сите наши соседи, со тоа што во самиот парламент каде се зборува за нивните права, мора да има Бадинтерово мнозинство, т.е. барем еден пратеник повеќе од нивниот вкупен број пратеници во парламентот ќе мора да гласа за законот. Во нашиот закон ова правило важи и за нашите Македонци каде тие се помалку од малцинствата, во единиците на локалната самоуправа, но за разлика од Македонскиот парламент каде ова се почитува во општините тоа не е дефинитивно така, и за тоа мора да се погрижи Република Македонија. Ова право е правото кога малцинството го има правото да управува со мнозинството, каде е на друго место така не знам, ако некој знае нека образложи каде и како е тоа реализирано? Зошто сето ова, па еве сега поминете низ Западна Македонија, вашето чувство дека сте во Македонија е изгубено, гледате знамиња со двоглавиот орел насекаде, за жал македонски знамиња никаде, гледате написи на фирми, означувања сите на албански јазик, без официјалниот јазик (македонскиот јазик и кирилското писмо), за кои права ние зборуваме и за кого? За жал тоа не е само таму, еве и во нашата Битола стотици реклами, написи, назнаки за фирми напишани на грчки и англиски јазик, затоа што од тоа живееле трговците. Но и трговците во Лерин, Костур, Воден живеат од нашите луѓе, но написи на македонски не можете да видете никаде, сем некаде на србски и руски, но македонски не. Прашањата кои ги поставувавме при формирањето на Тетовскиот универзитет, каде ќе се вработат тие студенти кои едноставно не сакаат да го изучуваат македонскиот јазик, за разлика од нивните постари колеги кои завршиле на Скопскиот, Битолскиот универзитет, сега доаѓаат во ситуација да немаат вработување. Колкава е моќта на стопанството и сите државни и локални единици за управа да можат да ги апсорбираат овие завршени студенти кои не знаат што да прават, никој не им поставил прашање кога се запишувале на факултет каде ќе се вработуваат, каде ќе оди студент кој завршил правен факултет во Македонија, дали ќе може да работи во Албанија, Косово или пак во ЕУ, каде ќе работи електро инжинер, во РЕК Битола, кога никој од вработените околу него не може да го разбере, а за жал и тој нив, а ќе треба да донесува одлуки и команди соголема одговорност за него, за вработените, комбинатот и државата.
Овие се основни работи за кои може да се говори до бескрај, за да се покаже апсурдноста во која се однесуваме како општество, ние сме сепак мала држава со ограничени ресурси, и дефинитивно ќе мора да сме рационални и прагматични. Ние цело време само даваме и даваме, но не знам што повеќе имаме да дадеме, остана уште Македонија да ја дадеме и повторно да заминеме од тука од родната земја во неповрат. Дали некој размислува за сето ова? Или има само гола борба за власт и ништо друго и ништо повеќе. Мислете, доаѓаат генерации на кои им го земаме основното право на припадност и своја држава.
Со последното што се донесе, до се ова, виновни се бомбите кои ги објави Заев, со кои ја размрда политичката сцена и доведе се на работ на Граѓанска војна. Дали тој беше одбран да отиде курбан, вадејки разговори добиени од нигде никаде, разговори со кои се почна, дека наводно се снимени од разговори меѓу опозиционерите, за нивните договарања, преговарања, пикантери во нивните меѓусебни односи, но тоа не се случи во ниту еден момент. Се наслушавме се и сешто помеѓу луѓето од власта, од премиерот, министрите, директорите и останатите службеници. Но што би рекол Заев ова се е пуштено во етерот, а дополнително ќе се бараат, ако се најдат матерјални докази, за да се процесуираат овие разговори.
На прашањето зошто не се пуштени разговорите од „монструм”, Заев многу мудро одговара дека се уште не се најдени доволно матерјални докази за се ова да се презентира на јавноста и сето тоа би довело до несакани последици и кај Македонците и кај Албанското малцинство. Е сега кога сите овие прислушувани разговори за кој не кажа од каде ги доби, а многу храбро ги објави, со што направи хаос и изврши државен удар во земјата. Значи колку што можев да разберам овие се разговори од 2011 год., а за 2014 год. нема ништо, не знам што да мислам понатаму.
Грешката на Г-динот Груевски е што го прифати Пржинскиот договор, но тој самиот сигурно знае зошто го направи тоа, со кој беше изигран неколку пати, тој од своја страна во Влада прими Министри од СДСМ, кој не го добија мандатот од граѓаните, а цело време говореа дека „за време на својот мандат”, и целосно работеа на блокада на реализирање на политиките на Владата. Сето тоа беше со намера да има предвремени парламентарни избори, државата блокирана, Груевски си дава оставка од премиер, но види „мајката” што би рекол Заев, откако неколку пати се пребројуваат гласовите со анкети и се гледа дека доста гласови фалат, на двапати со помош на гарантите на овој договор изборите се одлагаат, се додека не се соберат доволно гласови од сегде и секаде, но како? Си знаат самите тие и некој кој сеуште не зборува за тоа.
Ќе биде интересно да се слушнат разговорите кои тие ги воделе со гарантите, помеѓу себе со коалиционите партнери, се надевам дека некој и тоа го снимал, или пак ќе ги предаде и тие снимки за да може народот да донесе исправни судови и без притисок да си гласа.
Првото објавување нема никакво оправдување за дел од тие разговори, за ова второто не знам што може да се случи кога ќе се слушнат тие разговори, колку едните се бели а другите премногу црни. Како што некој кажа многу години предходно и двете партии без разлика дали се бели или црни тие се штеточини или глувци кои нанесуваат штети за државата и народот за жал. Мислам дека сивата боја преовладува во нашата политика, а тоа е најопасно. Изборите завршија и за Ваша жалост Вие повторно изгубивте, но имате џокер во ракавот, повторно гарантите на Пржинскиот договор. И во времето на преговорите со ДУИ, неколку пати му е испратена уценувачка порака до нив, дека секој што направил криминал ќе одговара пред СЈО, вклучувајќи го и Али Ахмети, за кој досега ништо не е кажано во разговорите. Единствениот начин како Македонците да не направат влада, овој пат беше заедничката платформа на албанските партии во Македонија, направена во Тирана, која македонските партии веднаш требаше да ја отфрлат, без никаков разговор ниту пак преговори. Но видете ова што се случува е чудо. Заев броејки ги гласовите со собирање, како да се овие овци а не луѓе, стигна до бројката од 700.000 луѓе, пред кои тој „гордо” стои исправен. Исто е многу горд што е единствен Македонец, кој повеќе се грижи за своите Албански сограѓани, отколку за Македонците и во неговата партија и во Македонија, единствената негова држава, за разлика од неговите сограѓани кои имаат уште две татковини, со кои во секој момент би се обединиле. За него има две работи „Мајка Македонија” која не ја изваде од устата во едно интервју, дали по грешка и она повторно негово „види Мајката”. Би го замолил и би му укажал дека „Мајка Македонија”, да не ја споменува оти за неа се бореле и гинеле најдобрите синови, а тој сега со некој флоскули се труди да се откаже од неа, да ја разруши во корен. Зборовите не се ништо, делата зборуваат за луѓето. Ако вака продолжите Г-дине Заев ќе бидете запишани со најцрни букви во историјата на македонскиот народ, ќе бидете еден од оние кој ја рушеле и ја рушат Македонија од темели. Од мое лично искуство и она што досега го знам од нашата а и другите истории за власт, па каква сакала нека биде, за шест месеци, година, две или пет, па и десет, но секогаш е многу помалку или ништожно, ако Вие останете запишани како најголемиот предавник во македонската историја. Вие што ќе оставите за вашите поколенија да се страмат од Вас и вашите денешни постапки. За да бидете коректни излезете на избори, како што велите, само Вас и на вашата партија ви одговараат, прикажете му ја Вашата платформа од нашите соседи и видете дефинитивно дали Вашето членство ќе Ве подржи. Ако тоа се случи тогаш имаме погрешен национален код, работиме на нашето самоуништување, а Вие за жал ќе имате право дека нас, Македонците не не бива. Проверете го ова и потврдете го заради Вас и за сите во Македонија. Како што кажавте Вие сте сега фаворитот и ја имате предноста, потврдете ја. За да ви помогнам ја поставувам и платформата за која Вие сесрдно се борите, со кратки коментари до Вас и вашето членство. Тука би завршил со едно видување на почитуваниот Г-дин Стојан Кочов за нашите македонски кодови од времето по Втората светска војна:
„Туѓинците, не им дозволуваа на Македонците да негуваат здрав национализам, туку тие од Македонците бараа поданичка свест, а без свеста на нацијата, невозможно е да се знае како да се создаде стратегија за сопствената земја. Значи, беспрекорно сме ја остварувале стратегијата на туѓинците. Па според тоа и факт е, дека ние Македонците (во интегрална смисла), не можевме да се видиме себеси”.
За жал еве ова и денеска ни се случува. Еве ја сега и платформата за која некој вели дека ја видел ама не ја прочитал, да пробаме да ја прочитаме заедно, со еден мал мој коментар.
Ние, претставниците на албанските политички партии во Македонија: „Демократската Унија за Интеграција”, (ДУИ), „Коалицијата Преродба со БЕСА” и „Алијансата за Албанците”;
Почитувајќи ја слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11 декември;
Во духот на Охридскиот Договор, на консензуалната демократија и потребата за исполнување на нормативните обврски кои произлегуваат од уставните измени;
Реафирмирајќи ги заедничките програмски и стратешки определби на албанците и сите граѓани на Република Македонија;
Посветени за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија;
Предводени од заедничката посветеност за мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички соживот, во духот на еднаквоста и достоинството, во согласност со европските и меѓународните конвенции, верска хармонија и соработка во земјата и регионот;
Определени, без друга алтернатива, за интеграција во НАТО и во Европската Унија;
Се согласуваме за взаемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат;
*** Читајќи го воведот не знам што да коментирам, подобро нешто од ова не сум прочитал. Се некаков соживот, европски, светски конвенции, па почитувајки ја волјата на албанските гласачи, кои апсолутно не ја видоа оваа платформа, доаѓаме до главното.
Ако Заев го прочитал само ова, тогаш е за одобрување за постапките кои ги превзема.
1. Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право.
Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”
.
* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.
*** Г-дине Заев ова прочитајте го повеќе пати, можеби и сто пати, пред понатаму да продолжите другото да го читате. Ние од мултиетничка, треба да станеме бинационална држава, со што прво се одзема правото на државност на македонскиот народ, кој досега ја има само оваа држава Република Македонија, а нашите сограѓани да ја имаат и добијат и третата држава во опкружувањето, така да понатаму „ќе можат да стапат во сојуз со останатите две”. Каде се тука правата на другите малцинства во Македонија, што со нивните права, зарем со ова нив не ги обесправуваме. Двојазичноста и начинот на кој таа се бара не носи во одземање на сопствените корени, а воедно во едно догледно време повторно сите да го учиме албанскиот јазик или пак другата варијанта, да го прогласиме англискиот јазик за официјален, на кој јазик ќе комуницираме меѓу нас во државата Република Македонија, зошто тешко ни оди со учење на јазици.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/26 на 29 октомври 2026