Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Guilty Without Guilt (Short Version)

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1947 ГОДИНА - Part 03

Од Стојан Кочов · Дел 14 од 33 · Околу 20 минути

Читај на English

Ние, едногласно и најстрого протестиравме против таа великогрчка теорија, одбивајќи ја и сите се запишавме со своите имиња и презимиња и наредбите и заповедите ги вршевме на македонски јазик, а Грчињата беа одделна чета и ги вршеа на грчки јазик. Другиот ден, одговорните не одделија на три чети, две македонски и една грчка...” Понатаму објаснува, дека на 4 јуни 1949 година ги посетил членот на ПБ на КПГ Петрос Кокалис - министер за просвета и култура во ПДВ и им соопштил: „Другари и другарки, дозволете ми да ви ги пренесам борбените поздрави од борците на ДАГ, кои секојдневно постигнуваат борбени успеси,...

Борбата нема нужда од нови борци...” Продолжува да раскажува: „Ние, сите како што бевме построени за еден момент онемевме, бидејќи ни дојде ненадејно, не можевме да разбереме зашто не не пуштат, кога веќе 41 ден деноноќно тренираме и сме готови, а сега владата реши да не одиме? Дали е кон крај ослободувањето или во што е работата? Самите одговорни не знаеја што станува. Бевме толку разочарани, ниту јадевме, само скитавме по дворот и се прашувавме ...” Ако тогаш не се знаеше, сега се знае, дека токму во тоа време беше повикан во Москва, Захаријадис, и од советското раководство му беше наложено и наредено на ДАГ да ја прекине оружената борба и да се повлече, а ПДВ да поднесе апел до Генералното собрание на ООН за мирољубиво разрешување на конфликтите. Но, исто така се наѕираше и ликвидацијата на ДАГ.

Но, откако ќе се прочита овој текст од саќавањата на ова тогашно евакуирано дете, навистина човек не може да остане рамнодушен, спрема постапките на еден од таквите:

Трговци со човечки судбини Што правеле „Во името на народот”. Тој збор беше задолжителен дел од политичкиот вокабулар, мотив и алиби за многубројни идеолошки преслекувања, воени цели, територијални освојувања и етнички чистења.

Овој министер (Порфирогенис), повеќе личи на трговец со судбината на детските души, отколку министер за правда во ПДВ, која раководеше со ДАГ, а во таа армија со 60% од воените ресурси беа македонските селани. Неговата агитациона дрскост спрема овие деца („дека ќе си ги видат родителите, убавите села, пријателите, слободната прадедова земја...” „Но за вашето враќање во татковината на никого ниту збор, ниту на тукашните, ниту на домашните, на никого, разбирате, бидејќи кој од вас ќе каже или напиши, тој е непријател на нашата борба”), ја дава сликата на целокупната ситуација во која се најде македонското дете, под тој комунистички идеолошки инжинеринг, но не помалку и македонскиот борец.

За нив (тие што ја раководеа војната), не постоеа идеали, не постоеа свети нешта, не постоеа морални ограничувања. Се можеше да се стави во функција на сопствената кариера, се можеше да се каже во сопствената корист, се да се направи за сопственото јас. По завршувањето на војната се покажаа како духовни инвалиди кои ја држеа власта во војната на чуден диктаторски начин за да можат до бесвест да повторуваат зборови како: патриотизам, лојалност, идеал, традиција и посветеност на раволуцијата.

Секој ќе се запраша: дали за ова се боревме?! Каде беа НОФ и АФЖ, да не заштитат? Имаа ли моќ? НЕ!!!

ГРИЖАТА И ПОПЛАКИТЕ НА ГРЧКАТА ВЛАДА ЗА ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА ОД СТРАНА НА КПГ И ДАГ На 27 феврури 1948 година, грчката влада вложи официјално писмо до: Унитед Натионс Специал Цоммиттее Он тхе Балканс (United Nations Special Committee On the Balkans) (УНСЦОБ) -Специјална Комисија на Обединените Нации за Балканот, за следното:

„Дека Елинопула (грчки деца), се преселуваат насилно од страна на андартите (партизаните на ДАГ), подалеку од границата, кон Албанија, во Бугарија и во Југославија. Исто така и во други држави кон источна Европа и се задржуваат во овие држави”.

Дополнително, поткрепувајќи уште со следното:

„Агентите на „генералот” Маркос имале почнато од поодамна, со попис на планираните деца, на возраст од 3 до 14 години, во Северна Грција.

Цела оваа акција се претпоставува дека имала за крајна цел:

Да ги тероризираат грчките семејства за да ги помагаат андартите;

Да ги воспитуваат грчките деца со комунистичка идеологија;

Да им ја уништат грчката национална свест и сознание, и да ги оттуѓаат;

Да го дезорганизираат полјоделското стопанство (аграрот), принудувајќи ги селаните со нивните семејства да избегат

(емигрираат), од надворешноста кон градовите за да ги заштитат своите деца”.

ДАЛИ НАВИСТИНА ГРИЖАТА ЗА ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА БЕШЕ ТАКВА КАКО ШТО ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ ГРЧКАТА ДРЖАВА ИЛИ КАКО КРАЈНА ЦЕЛ НА АКЦИЈАТА И БИЛА ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ?

(На основа решението на министерството 106.841/5-1-83, се дозволи слободното репатрирање на „Грци по род”.

Зарем нели со овој закон, се потврдува дека и зафатот „ПЕДОМАЗОМА” е дел од планираните миграциони движења и претставува дел од стратешките прашања што ги имала грчката држава по (1913 год.) за иселување (насилните миграциони движење) на Македонците?

Создавањето на УНСЦОБ и нејзината улога во истражувањето на проблемот „Педомазома” Грчкото прашање конечно пристигна во Советот на Безбедноста на Обединените Нации по трет пат во текот на 1946 година. Првите две седници кои беа дочекани со остри жалби од Советскиот Сојуз и Украина, логично завршија без резултат.

Третата дебата продолжи по едно обраќање на грчката влада, кое беше одржано на 3 декември 1946 година, и после опширните советувања со САД, дека треба генералниот секратар што побрзо да го стави на дневен ред прашањето на Грција за спорот што го води со соседните земји.

(Извештај на УНСЦОБ А/574-1948, с.1. Извештајот на Комисијата е ставен на дневен ред на 174-от состанок на Советот за безбедност.).

На 19 декември 1946 година, Советот за безбедност предложи една истражувачка комисија, со извештај во кој се посакуваше да се создаде едно тело најкасно до 23 мај 1947 година. Но кога го преставија ова тело, со кое се подржуваат мислењата на Грција, претставниците на Советскиот Сојуз и на Полска ги негираа таквите мислења на целото тоа мнозинство. Како последица на разговорите во Советот за безбедност, гласањето на двете страни се доведе до вето и прашањето се доведе до безизлезност.

Тогаш прашањето се најде пред Генералното Собрание, каде не можеше да има советско вето, па така на 21 октомври 1947 година Генералното собрание (со 40 гласа за, 6 против и 11 воздржани) се изгласа решението за создавање на Специјалната Комисија на Обединетите Нации за Балканот (Тхе Унитед Натионс Специал Цоммиттее он тхе Балканс, (The United Nations Special Committee On the Balkans): УНСЦОБ).

Сега УНСЦОБ беше претставена од претставници на Австралија, Бразил, Кина, Франција, Мексико, Холандија, Пакистан, Англија и САД. Беше решено без никакво дополнување на преставник од Советскиот Сојуз и од Полска, кои се беа откажале да соучестуваат.

Главната дејност на УНСЦОБ беше да изврши истражувања на сите поплаки кои ги имаше доставено грчката влада дека партизаните во Грција примаат помош од Албанија, Бугарија и Југославија.

Овие држави, не само што не сакаа да соработуваат, туку и не им дозволија на набљудувачите на УНСЦОБ да влезат во нивната територија. На 1 декември 1947 година УНСЦОБ ги лоцира своите централни канцеларии во Солун. (Извештај на УНСЦОБ А/575 -1948 с. 1-3). Беше решено да се создадат околу 6 групи на набљудувачи, каде секоја ќе биде претставена од по четири набљудувачи и по едно помошно лице. Се определија за шест зони во Северна Грција и до крајот на февруари 1948 година овие групи: 1, 2, 3, 4, 5 и 6 се наоѓаа во споменатите зони (Извештај на УНСЦОБ, А/574-1948, с. 3).

Групата 4 во извештајот за јуни 1948 година со наслов „Движења и задржувања на грчки деца” потврдуваше во својот извештај за конкретни случувања:

Во одредени реони на Северна Грција кои се под контрола на партизаните, истите направија попис на деца. Има докази дека овој попис е почнат од поодамна.

Поголем број деца беа одземени од реоните на Северна Грција и испратени во Југославија.

Некои од родителите дадоа согласност, дури откако им ги имаа запишано децата и навистина има многу деца кои се насилно одземени и имаше големи спротивставувања од своите родители...

Во врска со реоните, се вели дека пописот на деца беше направен во два главни реони кои беа под контрола на комунистите:

а) Во славофонските реони на Западна Македонија беа: околу езерото Преспа, во Леринските и во Костурските села, каде населението се грчки граѓани но зборуваат славофонски јазик.

(Види: Извештај на УНСЦОБ А/574 -1948 с. 29-одел 2).

Еден сведок од реонот на Костур вели дека: „многу деца од селото најдоа скривалиште во Костур, за да не ги земат партизаните и дека спрема неговото мислење само 10% од родителите се сложиле да им ги дадат своите деца. Но, исто така УНСЦОБ потврдува дека дојде до вистински докази дека многу деца, посебно од словенските реони на Западна Македонија ги зедоа со согласност на нивните родители.

Еден друг сведок од реонот на езерото Преспа вели дека „многу родители беа благодарни кога ги гледаа децата да заминуваат во Југославија”.

Накратко во сите овие искази има и тоа дека постоела голема разлика во решението дали да ги дадат или не децата, помеѓу славофонските села и грчките села.

Во грчките села, осудата беше голема и наликуваше како на акција за насилна мобилизација и се правеа големи напори да ги убедуваат таквите родители, но имаше и такви случаи кога децата беа земени и без да ги прашат нивните родители.

Се тврди и тоа дека во североисточните земји беа испратени деца на партизани, или на луѓе кои беа симпатизери на партизаните.

(Види: Извештај на УНСЦОБ А/574-1948, с. 31)

Американските реакции по жалбите од грчката влада за вршење

„Педомазома” Грчката влада употреби најсилна и решителна фразеологија во критиката на одземањето и иселувањето на децата од страна на КПГ и ДАГ. Цалдарис, министер за надворешни работи, укажа и покажа со пример дека на 27 март 1948 година, дека „Одземањето на грчките деца не е нешто едноставен прекршок спрема обрските на спогодбата за човечки права туку е злочин спрема човештвото”.

Владата зборуваше за „Национално убиство” и „наивност -простота” (Извештај на УНСЦОБ А/574(1948 стр. 18).

Се разбира, владата на Атина беше убедена и очекуваше дека Американците ќе пристапат со ист интензитет и позитивно ќе се искажат, но многу видни американски авторитети во кои се вбројуваше и министерот на Надворешни работи Џорџ Маршал, продолжуваа да не веруваат во значењето на таквата силна пропаганда и обвинувања за таквата „Педомазома”.

Тоа како што се гледа, повеќе изврши влијание за порешителна акција со што би и се извршило притисок на Обединените Нации, да го разгледаат предметот за насилното одземање на децата „Педомазома” од комунистите.

Во почетокот накои Американци во Атина мислеа дека ова прашање може да биде од голема полза на пропагандата. Карл Ранкин (Karl Rankin), од амбасадата на САД, напиша до министерството за надворешни работи дека на 10 март 1948 година „амбасадата е уверена дека одземањето на грчките деца од генерал Маркос е психолошки гаф на против тежа, кој ќе треба да се искористи во пропагандата, како објавен притисок против САД и да се осведочи со тоа светската јавност”. На 3 март 1948 година Ранкин (Rankin), мислеше и тоа дека „проблемот може да се преиначи и во антикомунистичка пропаганда”, но некои Американци почнаа да се запрашуваат дали ползата од таквата пропаганда може да премине како варијанта и на страната на комунистите.

Водачот на АМАГ, Дњигхт Глисњолд (Dwight Gliswold), велеше во една телеграма, испратена во Вашингтон, со дата од 23 март 1948 година, дека неодамнешната вест на комунистите за одземање на деца „се покажа како необична смислена психолошка војна против владата на Атина” (Lawrence Witner -

162).

Gliswold, веруваше, исто така дека и кралицата се имаше „спротиставено со прекумерен начин”, но многу добро се знаеше дека иселувањето на деца беше сторено и од истата влада беа одземени „илјадници деца, некогаш под притисок од „партизанските реони”, а тоа ќе може да го засенчи значењето, за кое сега, грчевито се бори пред светската јавност грчката влада.

Во Солун, главниот конзул на САД покажуваше дека иселувањето што го прават партизаните „тоа е како резултат на војна со нервите”, што по неговото мислење, целта им беше да покажат дека грчката армија е неспособна да ја гарантира безбедноста.

Во Вашингтон, Џорџ Маршал, веднаш објави сомнение за проблемот што го дебатираше грчката влада: иако неколку младинци и деца беа „земени со сила од легални семејства„ (пишуваше Маршал на 24 април 1948 година, но мнозинството беа од „реоните каде беа вгнездени партизаните, и тие деца преставуваа проблем на општествена грижа за генерал Маркос, и така заминуваа со помала или поголема доброволност во согласност на словенското малцинство, или беа деца од комунистички родители. (подвлекол авт).

Покасно, кога Грчката амбасада во Вашингтон, побара американска помош за подршка во Обединените Нации, за наредната седница на Генералното Собрание, ѝ се даде одговор дека американското министерство за надворешни работи, смета дека прашањето за децата била „најслабата алка” и дека во емиграцијата можеле да се претворат како такви - вооружени борци против државата Грција.

На 14 август 1948 година, американската мисија во Грција се запозна подетално со прашањето, но тоа го имаше искажано и во телеграмата на Маршал, во која пишуваше дека имаше такви со „непотполни наводи (сведенија)” со тврдење дека голем број деца беа насила одземени и наоружани.

Само и само, истите грчки партизани можеа да бидат одговорни за одземање и иселување на деца и една таква протестна осуда на Генералното собрание на Обединените Нации „не би им служела и не би имала никаква цел” спрема мислењето на Маршал.

Во една неодамнешна, повнимателно обмислена студија, американскиот историчар (Види:Хоњард Јонес,„Тхе Дипломацѕ оф Рестраинт: Тхе Унитед Статес' Еффортс то Репатриате Греек Цхилдрен Евацуатед дуринг тхе Цивил Њар оф 1946-1949”, Јоурнал оф Модеррн греек Студиес. Howard Jones, „The Diplomats of Restraint The United States, “Efforts to repatriate Greek Children Evacuated during the Civil War of 1946-1949”, Journal of Modern Greek Studies), го анализира американскиот став спрема одземањето на деца „педомазома”.

Howard Jones, потврдува дека имаше две основни претпоставки за конкретниот став што го зазеде американското министерството за Надворешни работи и Маршал лично: Прво Маршал „осведочувањето дека грчката влада ја имаше покажано жалбата за иселувањето на деца” и оти, за ова прашање „немаше друг излез (решение), освем да побара враќањето само на тие деца кои се земени под силен притисок, а тоа е на основа етиката и моралот, за вистината на непобитните факти во името на човештвото”.

Друга причина, согласно искажувањето на Jones, беше дека „Вашингтон се трудеше да одбегне секакво заладување на односите со Југославија, која беше согласно со грчката влада, главен виновник”.

Многу е сигурно дека јазот кој се повеќе се длабеше помеѓу Југославија и Советскиот Сојуз, можеби од таквите случувања, зависеше и ставот на САД, бидејќи тие сега беа основни прашања и можеби затоа Маршал, решението на „педомазома” го ставаше на втор план, но тоа е само претпоставка за што нема американски докази.

Било каков друг мотив, иако се претпоставува дека Американците имаа практичен резултат на дејствувањето на САД, како концепт, многу верно тоа го кажува Jones:

„Искусната дипломатија на Маршал, му успеваше во безизлезните ситуации од кои не ќе добиеше никој, ги оставаше отворени прашањата на Американците и Југословените и дозволуваше на владата на Вашингтон да се концентрира на прашањето на Западна Европа кои беа значајни за американската безбедност”.

(Насловот на оригиналот: “Студиес ин тхе Хисторѕ оф тхе Греек Цивил Њар, 1945-1949, едитед бѕ Л.Баерентзен, Ј.О.Смитх, “Мусеум Тусцуланум Пресс”, Цопенхаген 1987.

„Studies in the Histores of the Greek Civil War, 1945-1949 editet bs L. Baerentzen, J.O. Smith, „Museum Tusculanum Press”, Copenhagen 1987)

Улогата на Обединените Нации и на Меѓународниот Црвен крст

„На третото Генерално Собрание на Обединетите нации, во ноември 1948 година, прашањето на грчките - деца, се одлучи да се разгледа посебно од севкупното прашање на Грција.

По долгото траење на прелиминаторните разговори за проблемот во Грција, за наводите на Првата Комисија за (Политика и Безбедност), пред четирите сили: Кина, Франција, Велика Британија и САД, се предложи и план на резолуција за наводната надворешната помош, што ја добивале грчките партизани од соседните земји.

По ова, претставникот на Грција предложи едно дополнение на таа резолуција, додавајќи го барањето за враќање на сите одземени Грчиња, деца (тука не се одвојуваа Македончињата)

во Грција.

Белгискиот претставник, кој беше председател, дискутираше и рече дека ова барање ќе треба да се измени (модифицира и дополни) со додавката: „кога таквите деца ќе ги побарат нивните родители.” По извесни дебатирања, белгискиот председател изјави (на 9 ноември 1948 година) и „пројави (покажа) усилби за постигнување согласност по прашањето за репатријација на грчките деца”. И од таква гледна точка се предложи да се испита ова прашање од „аспект на чисто човечки погледи, на една одделна седница, сосема независно од „политиката, со решение на четирите сили”.

После многу долги дискусии, се побара од председателот да одреди план резолуција за една од наредните седници и тоа беше прифатено.

Сега Првата комисија (во изменета форма) на 11 ноември 1948 година, белгискиот предлог почнуваше со следниот параграф:

„Генералното Собрание го препорачува (одобрува) враќањето во Грција на грчките деца, кои се наоѓаат сега далеку од своите домови, кога таткото или мајката – родителите ќе ги побараат, но ако тие се отсутни, тоа можат да го сторат луѓето кои им се блиски роднини и кои ќе покажат желба и грижа за тие деца”.

Југословенскиот претставник имаше забелешка на тие зборови „... ако родителите им се отсутни, тогаш кој е тој што ја зема грижата за тие деца”, истакна дека грчката влада ќе мора да ги одреди таквите луѓе, кои би имале таква намера и да оцени дека не биле спротивставени со намерите на нивните родители.

Ова безизлезност се реши, конечно со австралискиот предлог, согласно со тој предлог Генералното собрание реши: „Го препорачува (одобрува) враќањето во Грција на сите Грчиња (не прави разлика на Македончиња и Грчиња), кои се наоѓат сега далеку од своите домови, кога тие деца ќе бидат побарани од таткото и мајката, но ако тие се отсутни, тогаш, тоа може да го стори овластен нивен роднина, ако изјави таква желба за тоа.” Во таква форма се изгласа резолуцијата и се одобри со 45 гласа за, а против немаше ниту еден. Таквиот предмет се „дистрибуира” и се инсистираше на тоа дека треба сите држави да си ги преземат неопходните мерки за да се остварат целите на резолуцијата и „даваше упатства” на генералниот секретар да побара од заинтересираните држави да ги известат носителите кои беа одговорни за таквата резолуција, исто така да побараат и помош од Меѓународниот Црвен Крст. (Ѕербоок оф тхе Унитед Натионс, (Yerbook of the United Nations)), 1948-

1949, стр. 239-244.

Тој план (Предмет) влезе во процедура на гласање и во дневниот ред на Генералното Собрание на 26 и 27 ноември 1948 година. Предметот се заведе едногласно како: „(Резолуција 193

((cid:31)(cid:31)(cid:31)) Ц)”. Додека Советскиот Сојуз и неговите сомисленици, како што беше познато, беа против ова решение, уште кога се презентираа наодите од УНСЦОБ (Обединените Нации, Генералното собрание-(Унитед Натионс, Генерал Ассемблѕ, Оффициал Рецордс, Пленарѕ Меетингс, United Nations, General Assembbly, Official Records, Plenary Meetings). Трети оддел, место 1, 1948 стр. 661662.

Грчкиот Црвен крст, веднаш ја објави веста за резолуцијата на Обединените Нации и почна со работа за примање молби за репатријација на децата. Како што минуваше времето, прашањето за грчките (се мисли на општо земените деца, но тука треба да се каже: досега, се изнесуваа факти дека Македонците - славофоните, деца ги давале доброволно), деца кои беа земени и насилно иселени, се претвори, главно, како грижа на Црвениот Крст.

На 11 јануари 1949 година, Трѕгве Лие (Trygve Lie), генерален секретар на Обединените нации, побара официјално од Меѓународната Комисија на Црвениот Крст и од здружењето и подружниците на Црвениот Крст во Женева (во продолжение од Црвениот Крст) „да ги воспостават неопходните врски директно со грчката влада и со Грчкиот Црвен Крст, и начелно со владите и со здруженијата во нивните земји, т.е. во чии земји се наоѓаат грчките деца и да ја испитаат возможноста за реализација на резолуцијата која едногласно ја одобри генаралното Собрание на Обединените нации на 28 ноември 1948 година и им ја препорачуваше на државите и владите (и не ги делеше децата на Грци и Македонци), туку, за репатрирање на сите деца од Грција.

*** Како прв чекор на Црвениот Крст беше тоа што испрати една мисија во Грција. Господинот Р. Њ. Ротх (P.W. Poth), (ја преставуваше меѓународната комисија) и господинот Гаиле Галуб (Gaile Galub), ( го претставуваше здружението на Црвениот Крст) и останаа во Грција од 10 февруари до 11 март 1949 година, за да го проучат проблемот - за репатријацијата.

Во текот на посетата на грчкиот црвен Крст им предочиле 3.445 молби кој пристигнале за репатријација на децата. Овие ополномошници имаа неколку состаноци и со грчката влада и со УНСЦОБ, но исто така беа примени и од кралот и кралицата на Грција”.

Ополномоштените ги проучија и условите под кои на децата ќе треба да се врши репатријацијата и беше навистина добро подготвена целата акција за да бидат примени децата назад во Грција.

Грчкото министерство за надворешни работи им даде и една официјална напишана гаранција дека нема да се превзема никаква мерка со подозревање (сомнеж) кон сите тие деца, било по религиозна, (верска) или идеолошка припадност на нивните родители или била од каква друга причина за примена на некаква пресија.

*** сто така, како важен податок се наведува, дека од април 1949 година бројот на грчките еца кои имаа поминато низ Југославија во други источноевропски земји беше 13.500 деца.

(Црвениот Крст. Прв опширен извештај, стр. 19.)

Извештајот содржи, исто така, една аналитика за местата каде и во кои земји се упатени децата. Од април 1948 година до март

1949 година:

за Чехословакија 3.550 за Унгарија 3.050 за Романија 6.400 за Полонија 500 Збирно 13.500 деца Грижата наша - македонска (Во комуникацијата со високото раководство на КПГ и ДАГ, дури ни мајчиниот јазик не си го запазивме).

Навистина, грижливо во истражувањето, барав документ на македонски јазик, било каков, испратен до некое високо партиско тело на КПГ или воен штаб на ДАГ, со кој документ на македонски би покажале дека НОФ како воено политички фактор стоел до тој македонски став и така им се обраќал (барем во нашата историја НОФ е така нарекувана), но за жал нема никаква трага, бидејќи целата кореспонденција или било каква комуникација е водена на грчки јазик. Барав документ, кој го третираше и проблемот на одземените деца, но нема.

Зошто?!! Зарем за НОФ и АФЖ, јазикот не беше политичко стратешко прашање?

Ако еден од основните национални атрибути е јазикот, тогаш како можеле организациите НОФ и АФЖ, по т.н. „Братство единство” (1946 година), да се „откаже” од националниот идентитет и да ги прифати таквите услови од КПМ/КПЈ и КПГ

(а во нашата историографија се вели дека биле договорени сите услови меѓу НОФ и КПГ), или тоа можеби сега се правеа таквите остапки за атер на комунистите.

Но, по овој чин на „Братство единство” настапи копмплетната разузнавачка мрежа која беше добро организирана од КПГ и сите нофити и афежитки (поранешни (еласитки)), ги поминуваше под најситното идеолошко сито, со цел да им ја одреди вината и казната за гревовите од минатото, а на нашите нофити и афежитки, мачно беше да им се гледаат бесрамните додворувања кон раководителите на КПГ и ДАГ, посакувајќи да им се избрише вината за непокорноста кон КПГ, ЕЛАС и ЕАМ.

Ете, по овој чин многу лефтерно ја прифативме грчката асимилација, но сега по познатата комунистичка теза: во интерес на партијата, државата и мнозинскиот народ.

Значи, нечујно се вклучивме во процесот на елинизацијата, но сега без никаков отпор, а за што до вчера најмногу се бореше македонскиот народ и страдаше од грчките власти.