Guilty Without Guilt (Short Version)
ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА - Part 01
*** ЗНАЧИ, СЕ БАРА ПОСЛЕДЕН ЧИН ЗА НАЦИОНАЛНО ПРОСТУВАЊЕ - СООЧУВАЊЕ СО ВИСТИНАТА:
И, на крај се поставува прашањето: Зошто идеолошките активисти (заедно со КПГ, КПЈ, КПМ, НОФ, АФЖ), не милуваат, дури и по пола век да им се извинат на тие деца, мајки и татковци, туку стојат на ставот дека „Ве спасивме од манархофашистичките канџи”. Колку е болна таквата (хипокризија)?! Или, можеби треба да се бара одговор во наивноста, во неупатеноста или заблудата, подаништвото на поединци, кои (по) сакаа таквата свест - определба да ја всадат во колективната свест ?!
*** ДАЛИ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ИМАВМЕ СТРАТЕГИЈА ЗА ДУХОВЕН И ФИЗИЧКИ ОПСТАНОК НА СВОИТЕ ОГНИШТА?
Еве неколку непобитни факти и клучни моменти во целата историја на НОФ, како влезе во конфликт (да го саможртвува својот народ) за туѓи интереси. Што значи за чиста идеологија, која што немаше никаков реален човечки контекст со македонскиот селанец под Грција. Чисто залажување на сопствениот народ.
Како тоа било можно?
Кој посака Македонците под Грција, ова мирно неселение да го внесе во глобалниот процес за - Советизација на Балканот?
Зошто ние Македонците влеговме во моделот за социјализам на Балканот, кога тој модел по Втората светска војна веќе беше исцрпен и бесмислен. Зарем, тоа нели не беше и почеток за вршење на „легални миграцони движења”, тие што одамна посакуваа да го снема од тој вековен простор македонскиот човек како дел од нашата глобална, светска одисеја, сега преку идеолошкиот активизам? Туѓинците, преку тие идеолошки активисти, го натераа македонскиот народот под Грција не само да ја прифати, туку и повеќе од полавек се тера и да ја преживее. Со тоа, процесот на миграцијата почна и по се изгледа ништо не можеше да го запре. Откука, се чини, тешко веќе можат да се прифатат оние во нашата историја, кои и понатаму инсистираат на некакви политички одлуки за автохтоната Револуција - продолжение на Илинден. Таквите тези се веќе проблематични!
Еве зошто: НОФ, „минувајќи” преку подолу наведените добро познати - политички паравани, (не само од капиталистичкиот режим, туку и од комунистичкиот) направи кобна грешка: си го изгуби народот и својата земја, значи го доведе својот народ да доживее национален пораз.
1. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВО ТОЈ ПЕРИОД БЕШЕ ПОДЕЛЕН, ВО ЧЕТИРИ СУВЕРЕНИ ДРЖАВИ КОИ ИМАА РАЗЛИЧНИ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМИ Посебно тешките последици за семакедонското движење на отпорот настапиле по истакнувањето на познатата теза на Коминтерната „Една држава - една партија”.
По завршувањето на Втората светска војна и познатиот договор за поделба на сфери на влијание помеѓу големите сили, македонскиот народ се најде во следната положба:
Македонците во вардарскиот дел на Македонија под влијание:
50% источно, 50% западно.
Македонците во пиринскиот дел на Македонија под влијание:
90% источно, 10% западно.
Македонците во Македонија под Грција под влијание: 100% западно.
Македонците во македонскиот дел под Албанија под влијание:
10% западно и 90% источно.
Со времето, а посебно по Версајскиот договор, во 1919 година, таа теза, преминува во практиката, и се повеќе придобива карактер на злосторство над ослободителната борба на македонскиот народ. Но, не помалку за тоа придонесе и одлуката на Ј.В. Сталин, во мај 1943 година за распуштање на Комунистичката интернационала, (Коминтерната).
2. ТЕЗАТА: ЕДНА ДРЖАВА, ЕДНА ПАРТИЈА Со нејзината строга партиска примена во општата комунистичка пропаганда за советизација (глобализација), на Балканот:
се признала распарченоста на македонската територија;
се легализирала поделеноста и неповрзаноста на македонската борба и револуционерното движење;
се создала легална можност за анексија на македонската територија и за присвојување на револуционерната борба и трајно се оневозможувало постоењето и развојот на општомакедонската ослободителна организација, односно констиуирање на единствено раководство на македонската национално - ослободителна борба;
Што значи, со тоа се создале реални претпоставки според кои секаков повик за конституирање на општ македонски фронт за заедничка борба, однапред бил третиран и осуден како сецесионистички, предавнички, разурнувачки или фракционерски. На истакнувањето на општомакедонскиот национален стремеж, се спротивставувале државно - правни реалности на државните - окупатори кои ја заземале и воспоставиле власт на македонската окупирана територија. Во таквата ситуација, македонското национално движење добивало карактер на сепаратистичко (како што се случи со НОФ во 1945). Но, тоа важеше во сите три комунистички партии (југословенската, бугарската и грчката). Е тука суштината на проблемот може да се сублимира во неколку прашања, кои за да бидат појасни и да се избегнат недоразбирањата, неопходно е овие проблеми соодветно и да се објаснат.
Еве како ја објаснува основната теза во комунистичкото движење д-р Стојан Киселиновски во својата статија:
„Националното и државното во македонското револуционерно движење (1893-1944), објавена во неделната ревија Пулс, од 17 март 1995 година.
„Комунистичкото движење, поради еден суштински ленински историски дисконтинуитет, решавањето на националното прашање не го става врз принципиелна основа (секогаш да одговара на интересите на поробената нација), туку врз тактичка основа (да одговара на т.н. класни интереси што секогаш одговараа со државните интереси на доминантната нација), и со тоа во суштина се негираше правото на самоопределување на народите.
Значи, во годините на Граѓанската војна во Грција, повеќе од јасно е дека Македонците беа растргнати меѓу националната совест и свест и обврзувачките политички насоки на КПГ, КПЈ и КПБ.
Прокламираната програма на Коминтерната, беше прифатена од КПГ (декларативно), и таа гласеше: „Полна рамноправност на малцинствата со другите граѓани во рамките на грчката држава”, која важеше од 1935 - 1949 година. Тоа може да се потврди и од нашите инструктори (на КПГ, КПЈ и КПБ), кои ја завршија високата (партиска) школа во Москва, во годините пред Втората светска војна. Истите тие тоа го агитираа; а такви ги имаше од трите дела на Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска). Тие повеќе од строго се придржуваа кон овие коминтеровски решенија, што беа донесени на 7-от конгрес во 1935 година. Тезата „Една држава - една партија”, иако потекнува од комунистичкото движење, во почетокот на Втората светска војна претставува основна пречка за реализација на секаква македонска обединувачка програма. Но, тоа е сторено по етничките промени во Македонија; а комунистите не убедуваа дека тоа е „цивилизирана размена на населението”. А, крајната цел беше, сето тоа да го платиме ние - Македонците.
На чело со сите овие луѓе, нашето сеќавање остана трајно, клинкајќи по нив со чиста намера да се верува во некакво јасно и вистинско партнерство. Но, накрај доживеавме национален пораз: ја изгубивме земјата, луѓето - младото поколение, а сега е проблем и името (за голема жал и тоа го изгубивме. заб.С.М.).
Но, не смее, се разбира да се тврди, дека немало Македонци кои не мислеле поинаку.
Меѓутоа се манипулира со прашањето: Дали комунистите Македонци во КПГ се бореа за самостојна независна и обединета Македонија? Но, исто така, се поставува прашањето, дали тие можеа?
Ако основните принципи врз кои се засновуваат нациите/државите се: територијалниот, државниот, историското и културното минато, етничкиот, јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш македонските комунисти како членови на КПГ практично спрема прифатените програми, се откажаа од двата принципи: територијалниот и државниот. Тоа им беше наложено од КПГ, бидејќи таа се бореше исклучиво за територијалниот и државниот суверенитет на грчката држава и затоа остануваа (прифатени и неприфатени) само етничкиот и јазичниот принцип, а исто така и историското и културното минато на Македонците. Што значи, сето наше (само)
жртвување беше за една минимална програма што ја нудеше КПГ, посебно: по 15 мај 1943 година кога во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерната), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.
- (Види: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988 година, страница 345).
3. СТАВОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Многу компетентно и со непобитни факти се говори во документот од 16.08.1944 година „Македонија – Меморандум”, на Државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, во кој се вели: „Ние сме готови да дадеме согласност за формирање на Македонска држава во рамките на федерална Југословенска држава. Притоа мора да инсиститаме оваа држава да не смее да анектира, ниту да бара други територии, независно од тоа дали тиа територии им припаѓаат на Бугарија или Грција.” Потоа ја наведува спогодбата за поделба на интереси, дека Грција беше 100% под британско влијание, со право, по потреба, во секое време да може да интервенира со сите можни средства.
Ова е потврдено со тоа што Тито во летото 1944 година, барал од единиците на НОВ на Македонија да се обезбеди јужната граница со Грција. Тоа значи да се чуваат суверените граници на овие држави.
Дека во тоа време САД ја истакнува неопходноста од зачувување на територјалниот интегритет СТАУС – КВО на предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција и дека САД се категорично против каква и да е ревизија, иако притоа ја признаваат македонската територија во Грција.
Види: Владо Ивановски: „Зошто не на Солун”, „Нова Македонија” од 11-12 октомври 1997 год. број. 3 Напомена: Пошироко објаснение за ставот на Велика Британија: Со македонското прашење, при крајот на Втората светска војна, најмногу се занимаваше британската дипломатија и тоа од аспект дали со создавањето на македонската држава нема да бидат загрозени британските интереси во Грција и на Балканот. Генералниот став на Велика Британија по македонското прашање е искажан во Меморандумот за Македонија, изработен од политичко – истражувачкиот оддел на Форин офис од 20 август 1944 година. Во тој Меморандум идејата за самостојна Македонија не беше прифатена, па се разработуваат разни варијанти на федерацијата:
Формирање Балканска федерација, во која би влегле Југославија, Бугарија, Грција и Турција. Во таа варијанта Македонија би била автономија. За оваа варијанта не постоела согласност од големите сили.
Формирање на федерација меѓу Југославија и Бугарија, при што Пиринска Македонија би се припоила кон Македонија. Оваа варијанта би добила подршка од СССР, но со тоа не би се биле загрозени интересите на Грција и Турција, но и на британските интереси на Балканот.
Британија би можела да прифати формирање на македонска држава во идната југословенска федерација, но под услов ниту македонското, ниту југословенското државно раководство да не поставуваат барања за припојување на Пиринска и Егејска Македонија кон македонската држава, бидејќи со тоа би се загрозиле британските интереси во Грција и Турција. Овој Меморандум беше доставен до владите на САД и на СССР и тие се согласија со него. По тоа истиот беше доставен на запознавање на владите на Југославија, Бугарија и Грција.
Види: „Британски документи на Македонија” кн. 1,15, 22 и 64
4. СTAВOT НА СССР.
КАКОВ БЕШЕ СТАВОТ НА СССР ПО ПРАШАЊЕТО ЗА СОЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО МАРТ 1949 ГОДИНА?
На 8 март 1949 година, советскиот ополномоштен во Грција, Чернишов, телефонирал во Москва, и укажал дека грчката реакција употребува невидена агресивна и активна пропаганда против Комунистичката Партија и андартското движење (ДАГ), како и за „македонското прашање”, за кое станува збор, односно за донесените решенија на 5-от Пленум на ЦК на КПГ и на 2 Конгрес на Народно- ослободителниот фронт на Македонците. Основната акција на пропагандата е насочена кон дејанијата на Комунистичката Партија и Андартите (ДАГ), кои наводно биле склони кон рушење на суверенитетот на Грција, односно кон целовитиот простор на државата. „Ставот по ова прашање за обединување на Македонија” во овој момент, продолжува Чернишов, „...Таквата пропаганда на владата во Атина и дава повод да изврши регрутирање и пренесување на владините трупи со висока воена готовност кон овие делови што ги контролираат андартите- (ДАГ). Грчкиот народ кон прашањето за целовитоста на грчкиот просторен суверенитет има посебна чувствителност, но истата грижа се јавува и кај луѓето што сега живеат во градовите, а се симпатизери на комунистите и на андартите (ДАГ). Конкретно се очекува да се свика конгресот на Народно ослободителниот фронт на Македонците (НОФ), што е одреден да се одржи на 10 март на слободните територии кои се наоѓаат под контрола на ДАГ. По тој повод, државниот печат на англоамериканската лига изјавува со провокативни намери дека Конгресот ќе се определи за припојување на грчка Македонија во една заедничка држава со бугарската и југословенската Македонија и дека Комунистичката партија на Грција „прави предавство на грчка Македонија”.
Согласно информациите што Чернишов (за ставот на СССР) ги добил од Москва, на организаторите на Конгресот им се укажува дека таквата намера е непромислена, на Конгресот да стане збор за ова прашање, па дури и за иднината на македонскиот народ во рамките на некаква Балканска Федерација. Но, им препорачува на делегатите на Конгресот да се свртат кон ориентацијата на населението во грчка Македонија, „да се ориентираат во борба против монархофашистичкото општество во Грција и да се борат за создавање на една слободна и демократска Грција”.
5. СТАВОТ НА ЕЛАС И КПГ На 16 октомври 1944 година, со наредба (потпишана од командантите на ЕЛАС: Еврипидис Бакирџис и Маркос Вафијадис) до армиските единици на ЕЛАС во Македонија, се однесуваше главно за уништувањето на германските армиски единици кои отстапуваа од југот на Грција. Но, со неа се даваа и наредби за уништување на „Славомакедонските” баталјони кои имаа пребегано во Југославија. Тоа беше ставот на КПГ3, што покажува дека во тој периот Маркос не беше „Титоист” и не ги симпатизираше идеите за Обединета Македонија, во рамките на една Балканска Федерација. (види: Елисабетх Баркер (Elisabeth Barker)).
Секој прогонет се прашува:
Зошто ЕЛАС посака да ги ликвидира македонските баталјони, како што сакаше тоа да го стори со германската армија, а сега откаде таа гаранција што ја имавме од генерал Маркос, кога тој лично ја потпиша горната наредба, па сега НОФ и АФЖ влегуваа во заедничка борба во следните години (1946-1949)?!
На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Но, да видиме како се одвиваа работите. На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун, пред да влезат ЕЛАСИТИТЕ.
ЗОШТО? Три дена подоцна лондонската радио-станица BBC објави вест, дека британските трупи го ослободија Солун. На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга - владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, и ја предадоа власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.
Но, да видиме каква е оценката, дадена во резолуцијата на ПЕ на ЦК на КПГ од 15.11.1948 година и зошто таму точно така се вели: „Дека Маркос Вафијадис, како комесар на групата дивизии на ЕЛАС во Македонија, следел шовинистичка политика спрема Славомакедонските борци.” (Види: Сп. „Неос космос” август 1950, „Десет години борба” стр.470).
Но, зошто толку доцна тоа го вели овој орган, кога Маркос веќе беше отстранет, а Македонците им требаа за војници во Граѓанската војна.
СИНДРОМ НА ЛАЖНО СЕЌАВАЊЕ Се поставува прашањето: Зошто и покрај ваквиот став на големите сили, државното и политичко раководство на Македонија и Југославија не се откажуваа од желбите на македонскиот народ за обединување. Проблемот за присоединување кон создадената македонска држава на Пиринска Македонија се настојуваше да се разреши со создавањето федерација меѓу Југославија и Бугарија. Во однос на Егејска Македонија се сметаше дека Македонците од овој дел на Македонија со масовното учество во ДАГ, по победата ќе ги остварат своите права. Меѓутоа, ниту можеше да се оствари федерација со Бугарија, ниту можеше ДАГ да извојува победа, па обединувањето на Македонија не се оствари.
Да се бара логика во „братската” поддршка, по поделбата на Македонија (1913) и да се намамува Македонецот за „Обединета Македонија”, по Втората светска војна, со нашите горди идеолошки активисти, тоа е триумф на „танцување во мрак”.
Зарем можеше некој да смета дека (бугарската, југословенската или грчката) власт би била толку ступидна (глупа). Тие се строго контролирани и од сите балкански комунистички партии и ни оддалеку нема да успеат да ги реализираат и валоризираат тие историски желби ?!
За жал, нашето учество (1940-1950) никогаш во програмата на националната стратегија не постоеше како единство и достоинство, туку тоа беше само лично калемење и корист на поединци, членови на комунистичките партии (КПГ или КПЈ).
Значи: сме сакале заедно со КПГ и КПЈ и сме ги прифатиле нивните правила, а колку ние како луѓе со поданичка душа бевме во состојба да ги контролираме, се докажа преку исходот на настаните кои не доведоа до национален пораз и геноцид.
Тогаш (1945-1949 год.) поради нашата ропска покорност (кон било кој), ја направи дефинитивно судбински се посплеткана ситуацијата, па дури и со нашето име во самата Европа.
Што значи, по Втората светска војна, кога луѓето веруваа дека повеќе нема да се дозволи да се случи такво крвопролевање ние, Македонците, ја доживеавме и со геноцид ја плативме високоризичната авантура преку разбеснетиот ритам на огнот, без македонска опција (а не можевме да имаме, бидејќи бевме под контрола на КПЈ и КПГ) и без присутност за националните интереси, така што бранејќи ја комунистичката идеологија, го изгубивме за навек идентитетот и дедовите огништа. Тоа во свеста на Македонецот остана како трајно сведоштво. За една потресна големо маченичка легенда, и едно етничко чистење, кое набрзо по ликвидацијата на ДАГ се претвори во уште една незапаметена наша трагедија во која и самите сме сведоци.
Се поставува прашањето: како можело овие политички стратези да замислат такви апсурдни однесувања, кога во тоа време и на тој простор беше акумулиран голем историски фанатизам, акумулирани разни смртоносни идеологии! Значи Балканот и натаму остануваше најконфликтен регион во Европа, особено т.н. Западен Балкан во кого тлееја потенцијални кризни жаришта. Но, што е за чудо, во тоа време истите тие стратези и политичари беа ангажирани со градење нови „цивилизации” во Сибир и на Голи Оток, а ние Македонците во овие 50 години, не оценивме колку овие политички водачи за нас сториле повеќе добро или зло? Не! Сите молчевме како неми! Најдовме СПАС ВО МОЛЧЕЊЕТО. Особено по Балканскиот договор во 1953 година, (воен договор помеѓу Југославија, Грција и Турција), кога се создаде ЅИД НА МОЛЧЕЊЕ, бидејќи истиот тој договор во февруари 1953 година се потпиша.
По таквата состојба, дали македонскиот народ требаше повторно да го бара исходот во војна, кога знаеме дека кај нашиот обичен човек, одвај имаше останато само една исконска желба: да остане Македонец, без разлика уште колку ќе трпи, само со цел да ја сочува својата земја, јазик и својот народ, чедата свои.
Токму со физичката поделба, туѓинците посакуваа да настане и тотална духовна поделба, а таа се одрази толку разорно, што ни донесе катастрофални последици по сите стратешките национални проблеми до геноцид на Македонците под Грција а се стави како проблем пред светот едно од најчувствителните за нацијата; Прашањето за името на целокупниот македонски етникум.
Таквата духовна поделба и негрижа за интегрално гледање на македонската судбина (низ матичната историја, литература, едукација и високите институции на Република Македонија), се покажа многу експлицитно низ историјата на минатиот век, па се до ден-денес, е таквото индифирентно гледање на судбината на Македонецот.
Аргументите што се истражувани во оваа студија, не се во прилог на напишаната историја за: „Егејците”. Тие сугерираат сосема поинаков критички однос кон историските настани, а не лицемерно однесување самите кон себе, затворајќи ги очите пред сопствената судбина. Нашата судбина е наша судбина и моравме да ја земеме во сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаат сами да господарат со својата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со нив.
Ова мора јасно да се каже барем по 50 години, оти со години туѓинците не влечеа за нос! Аргументите говорат, дека навистина тоа се случи со нас Македонците под Грција.
ПИСМО ОД РИСТО БУРНАЗОВ Почитуван Стојане, Историјата „Билет во еден правец” ја отпечатив бидејќи ми е полесно да ги препрочитам. Во овој дел за историјата на Македонците од Егејска Македонија е прецизно и јасно раскажувањето низ дејствија и документи. Барем за мене многу важни историски настани, поткрепени со документирани прикази и со многу по сфатливо четиво за восприемање, разбирање и паметење. Во ИСТОРИЈА под заглавие „Битките на македонските генерации под Грција низ туѓите идеологии”, раскажувањето на историските настани, дејствија, прилози и мислења со ставови на одделни значајни историски и политички личности, кои провејуваат низ раскажувачкиот опус со историски познавања се должи на стрпливото бележење, како што е тоа случај во твоите мемоарски записи. Мене особено ми се интересни и значајни, бидејќи ретко кој историчар, толку попрецизно и во детали ги изнесол јасно и документирано настаните во периодичен континуитет и ни ја раскажал нашата егејска голгота. И јасно ми е дека тоа твое познавање и детерминирање на историските факти пред се се должи на твоето лично учество во ЕЛАС И ДАГ како борец и проследувач на тие настани. Тој вложен историски труд е од посебно значење за сите нас, па и пошироко заради демистификација на одделни површни идеологии со кои бевме вклештени во некоја замаглена вистина со нејаснo поврзување на историскa автентичност.
Оваа изнесена историска вистина е твое заслужено дело без заобиколување. Ја ценам и сметам дека се должи на твојата упорна заложба како патриот, познавач и истражувач на веродостојноста на тие документи - ДОГОВОРИ со прецизно означено време на собитијата. Ќе додадам мои забелешки:
Во ИСТОРИЈАТА „БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ”, се забележува стилски изградена и јасна содржина во реченичкиот исказ.
Полесно се чита и восприема. Редакциски прочистена реченица, што мене како читател ми овозможи со леснотија да ги сумирам изнесените мисли, ставови и разјаснувања. (ТЕКСТ ВО 24 СТРАНИЦИ)
Во ИСТОРИЈАТА „БИТКИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОД ГРЦИЈА НИЗ ТУЃИТЕ ИДЕОЛОГИИ” е пропуштена редакциска контрола врз текстот, реченичката концизност и лексички грешки. Напати се забележува конфузија во текстот со нејасни и недоискажани мисли. (стр.
15, треба: нелзја и заблуждатсја)
Но да не должам, сепак за мене е битно дека вистинската историја за борбата на Македонците од Егејска Македонија е ставена на хартија. Техничките пропусти и не се толку важни и забележителни во однос на големата вредност на изнесеното за сите манипулации, изневери, мистерии и недоследности низ кои се водеа сите фронтови за Обединета или Парцијална Македонија, а се на штета на Македонците.
Македонците од Егејска Македонија, односно Македонците под Грција кои беа учесници во сите војни и битки, беа учесници во војските на соседните држави, се бореа и беа ставени во предните редови за растрел, Македонците кои борејќи се за туѓи интереси, а веруваа во себе и во некоја си правдина за својот народ, БЕА целосно изневерени, понижувани и дотолчени, соголени до гола кожа и фрлени во голгота за во неврат.
И сега, во оваа 2018 година се случува невидено, несфатливо, помрачено безумие што го доживуваме од сегашните недоквакани, корумпирани политиканти, полтрони и ПРЕДАВНИЦИ на македонската држава, македонскиот народ и се што е македонско националноста, идентитет, историја, уништување на културата помрачување на самобитноста.
Како да се протумачи оваа наказа од Зоран Заев, Никола Димитров, Шеќеринска и нивни вазали - подржувачи на овој голем срамотен чин - за уништување на МАКЕДОНИЗМОТ?
Заговорници на срамни договори со Грција и Бугарија.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/2 на 29 октомври 2026