Guilty Without Guilt (Short Version)
ПРИЛОЗИ АРГУМЕНТИ И ФАКТИ ЗА ОДНОСОТ НА КПГ СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ПРЕД - Part 02
1. „За ∆Ε (Армија)” - го владее многу сигурно и јако целиот регион на планината Пинд. Повторно ги превзедовме врвовите на планината Грамос. Војниците на национална армија покажуваат замореност и очајност, посебно војниците на армијата, односно токму тие војници од националната армија.
2. Воените сили на непријателот (силите на националната војска, хорофилаците, националната гарда, Мајдите, МЕА и така натаму) ја надминаа бројката од 300.илјади. Раздомија повеке од 700 илјади домаќинства „луѓе со цел да го изолираат ДАГ”.
3. Да обезбедиме за целокупниот период навреме во оваа област, генерални Штабови и дивизии, неопходни се резерви од сите видови воени единици. Секое каснење во оваа насока ќе прави невољи кои ги имавме и во 1948. (Слабост на неисползување НА РЕЗЕРВИТЕ ДОПРИНЕСЕ ДА ЈА изгубиме победата на ВИЧО).
4. Teсалија и Румели имаа како задача, решително да создадат борбена акција и да создадат офанзивни напади и да предизвикаат исцрпувачка активност и го оневозможат непријателот да биде способен во 1949 година.
5. 6-тата шестата и 7-та седмата Дивизија, (Источна Македонија и Тракија), имаат задача да ги засилат стално притисокот и ударите против напријателот и против СОЛУН.
Други забелешки и проблеми на 5 Пленумот покажуваат дека раководството (лидерството на КПГ, се наоѓа во моментот многу далеку од вистинската положба),
6. Што е ДАГ, која излезе по силна и во текот на 1948 г. го рашири народноослободилното движење се до Пелопонес.
Пелопонес треба да се распарчат воените походи и обичните селани да поминат во нашите редови на ДАГ.
Сите овие погоре кажани предлози и заклучоци преставуваат ЛОМОТЕЊЕ односно ПЛАМПАЊЕ, личат. Сето ова предизвикува ВЧУДОНЕВИДЕНОСТ и пред напатениот народ склон кон левицата, а тоа што го носи во параграфот на 5-от пленум за Македонија, ГЛАСИ:
Во северна Грција Македонскиот, (Славомакедонскиот), народ даде се за борбата и се бори за конечната цел со хероизам кој предизвикува едно херојско саможртвување што претствува подвиг за еден голем восхит. Не треба да постои никаков сомнеж дека по победата на ДАГ и на народната борба, македонскиот народ ќе си ја најде полната национална слобода како што си ја сака самиот, давајќи си ја денеска својата крв, борејќи се денеска за таа цел. Македонците комунисти, во борбата стојат секогаш на чело и одговорни. Истовремено Македонците комунисти треба да внимаваат и на Македонците комунисти, кои вршат разнувачките агитации од туѓите служби кои вршат разузнавчки агитации. ККЕ верна на линијата на ЕАМ во тесна соработка со сите народни организаци а први од нив се АКЕ и НОФ.
9.
Извештај на Истражната комисија до Советот за безбедност во врска со инцидентите на грчката граница „Пред да ги дадеме нашите предлози, Комисијата чувствува дека би било корисно, накусо да ја рекапитулира состојбата по должината на северната грчка граница, а нашите предлози се насочени кон ублажување и поправање на ваквата ситуација.
Прво, од страна на грчката влада беа изнесени обвинувања дека нејзините три северни соседи ја помагаат герилската војна во Грција.
Второ, денес во Грција постои една нарушена ситуација што претставува наследство од минатото, а чии причини можат да се пронајдат во грчкото трагично искуство за време на војната, во нејзината окупација од страна на Италијанците, Германците и Бугарите, во герилската војна што се водела за време на окупацијата, во политичката жестина и економските тешкотии предизвикани од војната.
Следното што треба да се спомене е одбивањето на најголемиот број од споменатите земји да ги прифатат како конечни нивните граници, на начинот на кој тие се дефинирани денеска. Некои од таквите барања на сосема легитимен начин биле покренати пред форумот на Обединетите нации или пред другите надлежни меѓународни тела, но нивното зголемување несомнено ја влошува и без тоа веќе опасната ситуација.
Натаму, во случајот на македонското прашање, барањата не се истакнати пред Обединетите нации, туку во говорите на одделните влади или во органите на печатот контролирани од страна на владите. Искористувањето на македонското прашање на ваков начин, според мислењето на Комисијата, претставува позитивна закана за мирот на Балканот (автор, 217 подвлекување) и само може дополнително да придонесе на постојните тензии и сомневања и да ги зголеми националните страсти, кои без оглед на воените искуства, не само што воопшто не се намалени, туку дури и се заострени поради нивната идентификација во голем број случаи со политички идеи.
Исто така, како нешто што треба да се спомене, е присуството во Грција, од една, и во Југославија, Бугарија и Албанија, од друга страна, на политичките бегалци од различните територии, кои во голем број учествувале во политичките борби што биле водени во нивните земји за време и по војната. Некои од тие бегалци се сместени во близината на границите на земјата од каде што тие побегнале. Некои пак, за време на нивниот егзил, се ангажирале во политички и воени активности и преголем број од нив, живеат во надеж дека некој насилен пресврт на ситуацијата ќе им овозможи да се вратат во нивните домови, под услови што тие ќе ги изберат. Други бегалци се жртви на паниката што се шири и ако ним им се даде слободен избор, тие со задоволство би се вратиле во своите домови. Меѓутоа, постојаното присуство на сите нив под условите под кои тие живеат во моментов, сосема јасно, сериозно претставува сериозен фактор што придонесува за постојаната ситуација.
Конечно, насилството и нивото на пропаганда што се користи од некои од протагонистите во нивните меѓусебни односи не можеше, а да не биде забележано од страна на Комисијата за време на нејзиниот престој во четирите земји. Ваквата пропаганда секогаш служи за разгорување на страстите, што и онака се поприлично разгорени... Комисијата сугерира Советот за безбедност да ѝ стави до знаење на Грчката влада дека тој е подготвен, ако таа влада тоа го бара, да ги стави на располагање своите добри услуги за да се изнајдат сите можни средства за реализација на таа мерка.
Комисијата даде и свои предлози:
А. Комисијата му предлага на Советот за безбедност тој да им предложи на владите на Грција, од една, и на Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна, тие да направат сè што е во нивна моќ за да воспостават нормални добрососедски односи, да се воздржат од сите директни или индиректни акции... Комисијата верува дека во сферата на нејзината истрага, натамошните случаи на поддршка на оружените банди формирани на територијата на една држава, што преминуваат на територијата на некоја друга држава или одбивањето на владата и покрај барањето на засегнатата држава, да ги преземе сите можни мерки на својата територија за да ги лиши таквите банди од секаков вид помош или заштита, Советот за безбедност треба да го третира како закана за мирот во смисла на Повелбата на Обединетите нации.
Б. За да се обезбеди ефикасна машинерија за регулирање и контрола на нивните заеднички граници, Комисијата предлага Советот за безбедност да им предложи на засегнатите влади тие да склучат нови конвенции по примерот на Грчко–бугарската конвенција од 1931 година, земајќи ги предвид потребите на постојната ситуација. (Грчко–бугарска конвенција за размена на населението). Значи се предлагаше ТРАНСФЕР НА МАЛЦИНСТВАТА.
В. За да се реставрираат нормалните услови по должината на границите помеѓу Грција, од една, и Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна, и со самото тоа да се помогне во воспоставување на добрососедските односи, Комисијата препорачува формирање на посебно тело.
Делегацијата на Советскиот Сојуз приговара на изнесените предлози за грчкото прашање:
Горенаведените предлози на ниту еден начин не произлегуваат од фактите и документите што ги собра Комисијата за време на истражувањето на ситуацијата во Северна Грција и на нејзините северни граници, туку тие се втемелени само на некои незасновани претпоставки на грчката влада во врска со пружањето помош на герилата од страна на северните соседи на Грција.
Предлозите ја прифаќаат можноста за постоење на гранични инциденти, конфликти, па дури и акти на агресија, во иднина, во односите помеѓу Грција, од една, и Југославија, Бугарија и Албанија од друга страна, и покрај тоа што Комисијата нема никакви основи за давање предлог од ваква природа.
Предлозите предвидуваат мерки што се однесуваат не само на Грција, туку на Југославија, Бугарија и Албанија исто така, иако од документите што ѝ беа на располагање на Комисијата, сосема е очигледно дека во Грција постои тензична ситуација.
Тамошните нереди не се случуваат само во северниот дел, туку во целата земја и таквата ситуација во Грција е последица на внатрешни причини.
Воспоставувањето на постојана гранична комисија или на тело што би го преставувало Советот за безбедност, на начин како што се предвидува со предлозите, како и склучување на конвенции и договори меѓу Грција, Југославија, Бугарија и Албанија, во огромна мерка претставува ограничување на суверените права на тие држави во решавањето на нивните меѓусебни односи.” Полската делегација ги изнесе следниве приговори на предлозите од Комисијата за грчкото прашање:
Мерките во целост се неефикасни, бидејќи тие ги земаат предвид само симптомите, а не и причините за неприликите што постојат во северна Грција и по должината на северната граница. Фактот што предложените мерки се неефикасни, може лесно да го загрози престижот на Обединетите нации.
Некои од предложените мерки се чини дека не го земаат предвид фактот што не постојат дипломатски односи меѓу Грција, од една страна и Бугарија и Албанија, од друга страна.
Во врска со предлогот изнесен под Б, во кој се сугерира формирање на постојано контролно тело, оваа мерка се чини несоодветна заради следните причини:
А. Таквото контролно тело ќе ги загрози суверените права на Грција, како и на Албанија, Бугарија и Југославија.
Б. Тоа ќе претставува мерка на присила во однос на Албанија, Бугарија и Југославија. Оваа мерка, на ниту еден начин нема да биде оправдана со резултатите до кои дојде истрагата на Комисијата. Токму затоа, наместо да доведе до подобрување на постојните тешкотии, таа може да доведе до сосема спротивни резултати.
Извештај на Специјалната комисија на Обединените нации за Балканот. Генералното Собрание. Официјални Протоколи.
(Report of the United Nations Special Commitee on the Balkans.
General Assembly, Official Records): Трето Заседание прилог бр.
8 (А/574) со дата 30 јуни 1948), стр. 18 и 29.
10.
Духот на Македонизмот во Титова Југославија Факт е, дека за времето на Титова Југославија, секаква пројава на духот за самостојна и независна држава Македонија, жестоко се прогонуваше со единствена цел: во рамките на Југославија да се создаде некаква имагинарна измислена наднационална „Југословенска нација”, за која, целиот свој живот пледираше и се бореше Тито, залудно трудејќи се да создаде од илузија -кохезија на стаклени нозе на кои почиваше СФРЈ.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/23 на 29 октомври 2026