Guilty Without Guilt (Short Version)
(НОФ ПРОГЛАСЕНА ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА)
(НОФ ПРОГЛАСЕНА ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА)
На 20 јули 1949 година по иницијатива на генералниот секретар на ЦК на КПГ, Никос Захаријадис се свика раководниот актив на Комунистичката организација на Егејска Македонија (КОЕМ). Состанокот беше одржан во пештерата меѓу селата Винени и Орово, Преспа.
На активот на КОЕМ присуствуваа Никос Захаријадис, Мичос Парцалидис и други функционери на КПГ и 45 членови и кандидати за членови на Главниот одбор на НОФ и политички и воени македонски старешини на ДАГ кои служеа на подрачјето на Вичо.
На тој состанок, Никос Захаријадис го изнесе следниот став: ...
„НОФ е агентурска организација која ја попречуваше реализацијата на линијата на КПГ и со тоа му нанесе штети и непријатности на демократското движење во земјата. Во Егејска Македонија дејствуваа и уште имаат корени трите агентури: на ОЗНА, на ЈА и Колишевски, која ги контролира првите две агентури. Сите агенти на југословенските известителни служби даваа писмени обврски дека доследно ќе ги извршуваат агентурските роботи... Партијата КПГ сака да помогне и да ве спаси (им се обраќа на Македонците).
Прекинете секаква врска со КПЈ и расчистите идеолошки со неа... Имаше еден период кога Македонците дејствуваа како фракција во КПГ во времето кога Тито сакаше да ја ограби Македонија до Солун. Кои од вас бевте испратени во Грција од КПЈ во функција на тој интерес, да го расчистите прашањето и сметките. Ако Тито ја приклучи Македонија кон Југославија, тоа значи ја вклучува во империјализмот. Тоа треба да го расчистите. Тито од 1945 година испраќа агенти од ОЗНА и Бирото на ЈА, организирани во тројки.
Во времето кога Југославија беше во лагерот на народните републики, КПГ ги толерираше агентите на Тито, во перспектива прашањето ќе го регулираме поинаку. Отвореното предавство не принудува да го расчистиме тоа прашање...” По Захаријадис во ист дух зборуваше членот на ПБ на ЦК на КПГ Мичос Парцалидис. Тој меѓу другото, рече: „...Ми направи извонреден впечаток единството меѓу македонскиот и грчкиот народ на Вичо. Зошто? Како се успеа во тоа нешто? Со борбата што ја водеше Партијата, Грците и Македонците комунисти.
Точно затоа што партијата се бореше да му помогне на македонскиот народ во неговата борба.
Не се потребни многу маки за да ги осуетиме обидите на таа реакционерска банда. Предавството на Тито има многу напреднато. Сега кај нас тоа предавство се расчистува. Се создава шанса да прозбориме повторно. Нема да се најде другар што ќе пројави дилема дали да се изјасни за Советскиот Сојуз или за Југославија. За жал раководството на НОФ тоа го нема расчистено. Има ниско идеолошко ниво...” Захаријадис ултимативно побара од присутните да се произнесат или за револуција или за контрареволуција. За Сталин или за Тито. Тие што ќе ја гласат за Револуцијата се добри комунисти, револуционери и интернационалисти, а тие што нема да ја прифатат се контрареволуционери!
Ете, така се решаваше македонското прашање во Граѓанската војна со саможртвување; за Сталин, за Тито и за Захаријадис и за интересите на туѓинците.
*** Последното катастрофално сценарио: по падот на фронтовската линија „Вичо”, осакатените борци кои влегоа во Албанија, сега се носат на последната најкрвава и катастрофална битка на Грамос Од 10 до 14.08.1949 година се водат жестоки борби на планината Вичо, за да Владината војска под команда на генерал Ван Флит со 60.000 војници, организарана во 6 дивизии од сите родови, 200 тенкови и блиндирани коли, околу 100 авиони од сите типови, почнаа офанзива против ДАГ, со која командуваше Мичос Вландас и располагаше со 9.863 борци и 40 топови. Од 13 до 14 август ДАГ беше поразена со загуби од 1.859 (мртви, ранети, исчезнати и заробени). Владината војска имаше само 256 мртви и 1.336 ранети. Од 15 до 16 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, но во наредните денови беа префрлени околу 6.000 борци на ДАГ, за да ја продолжат борбата на Грамос. Во тие мигови беше исфрлена паролата дека: „Грамос ќе стане гробница на монархофашистите - Владината војска”.
Од 24 до 29.08.1949 година, се водат жестоки борби за да Владината војска во ноќта на 29 спрема 30-ти август почна нов поход за конечно освојување на Грамос и за конечната ликвидација на ДАГ. Владината војска пак под команда на генерал Ван Флит и сега вкупните сили беа поголеми уште за три баталјони од оние што ги имаше во нападот за освојување на Вичо. На Грамос со главниот Штаб на ДАГ сега командуваше генерал Георгиос Вонтисиос - Гусиас, со околу 12.500 борци (6.000 кои беа префрлени од боиштата на Вичо, бидејќи досега Грамос го бранеа само околу 6.500 борци).
Последните битки беа на 29 август и на 30 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија. Загубите на ДАГ: 922 мртви, 944 заробени и 650 потешко и полесно ранети и околу 400 - 450 доброволно се предале. Загубите на владината војска: 243 мртви и 1.452 ранети.
На 30.08.1949 година, со последните битки на Грамос Главниот штаб на ДАГ објави дека единиците на ДАГ се повлекуваат, бидејќи ја извршија предвидената задача. Се поставува прашањето: каква задача сме извршиле? И тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ и сите единици влегоа во Албанија.
ПРЕКУ СИБИР ДО - КАТАРЗА (Тоа го бараа комунистите на Грција, го спроведоа комунистите на СССР, а се радуваше неизмерно задоволната влада на Атина.)
Ете зошто историјата не треба да се премолчува, бидејќи потоа знае и да ни се одмаздува.
*** Од 2 до 7 октомври 1949 година во логорот Бурели од страна на КПГ, беше организирана јавна осуда и се прогласија за шпиони и предавници на револуцијата 11 членови на раководството на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ Сибирските логори, обвинети без вина. Зошто? А сите ние борците на ДАГ, останавме во емиграција уште неколку години (еден дел останаа за вечно таму), придржувајќи се на паролата од КПГ:
„МЕ ТО ОПЛО ПАРАПОДА!” ВО ЕМИГРАЦИЈА И МАНИПУЛАЦИИТЕ СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД СТРАНА НА КПГ Манипулацијата со Македонците не беше само кај возрасните -борците на ДАГ, туку и кај одземените деца. Само со една идеолошка цел: да се стави Македонецот од под Грција, против Македонецот од НРМ (м.з.).
Види: (Записник од конференцијата на славомакедонските кадрови на КПГ (Главно се одобрени од ПБ на ЦК на КПГ во заседанието на 12.9.1951 година.)
Забелешка: „Пред неколку месеци стана конференција на 72 славомакедонски кадри на КПГ. Конференцијата дискутира околу темата: „Движењето на славомакедонците после отстапувањето од Вич-Грамос и на вамо и нашите задачи”. И дојде од заклученијата што ги публикуваше по на долу. Овие заклученија главно се одобрени од ПБ на ЦК на КПГ.
Конференцијата определи еден привремен орган за работа на славомакедонците од 21 редовни и 9 кандидати членови. Овој орган ќе реши да останат во дело решенијата на конференцијата. Истиот орган ќе превземи составување и разработување на статусот и програмата на организацијата
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/17 на 29 октомври 2026