Guilty Without Guilt (Short Version)
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО - Part 06
Други, го застапуваат мислењето дека тоа прашање датира од 1878, кога на Берлинскиот конгрес било извршено ревидирање на Санстефанскиот договор кој Русија ѝ го наметнала на Турција по Руско – Турската војна. Со Санстефанскиот договор Бугарија ги добила границите што ги исполнувале бугарските национални соништа – бил доделен целиот дел од Македонија под Југославија, вклучувајќи ги и Врање, Костур, Лерин, Острово и еден мал дел од Егејското Море, западно од Солун.
На Берлинскиот конгрес Русија се откажала од Санстефанскиот договор, со што Македонија била вратена во рамките на Турција.
Види ЕЛИНИКОС ВОРАС од 3 август 1978 година.
Студена војна: Многу историчари кои се занимаваат со поновата историја на Европа и на светот имаат констатирано дека состанокот на „Големата тројка” што се одржа од 17 јули до 5 август 1945 година во гратчето Потсдам близу Берлин, во дворецот Селиенкоф, во основа бил бесполезен, освен за една историска релевантна последица – отворањето на таканаречената Студена војна. Од тогаш сојузниците во антихитлеровската коалиција Велика Британија (Вистон Черчил), САД (Хари Труман) и Советскиот Сојуз (самодржецот на СССР, Јосиф Висарионович Сталин), кои со крајни напори успеаја да го победат германскиот фашизам, престанаа да се сакаат меѓу себе, отворајќи ја онаа етапа во поновата историја што дури подоцна ќе го добие името Студена војна. Железната завеса: Токму на конференцијата во Потсдам Вистон Черчил ја формулира синтагмата за „железната завеса” што ја означи поделбата на Европа на сфери на интерес.
Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комунистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија, цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Треба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коминтерната, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистичка партија и е поддржана тезата: Една држава, една партија. Кога тој истиот Сталин, со големите сили во Москва
(октомври 1944), ја направи поделбата на сфери на влијанија, и на Балканот границите да останат непроменети. Ете тоа беше одговор за сите нас, кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т.е. нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.
ЈАЛТА ВТОР ДЕЛ ПРЕГОВОРИТЕ ВО ЈАЛТА ТРАЕЛЕ ОД 4-ти ДО 11-ти ФЕВРУАРИ 1945 ГОДИНА ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ ОД АРХИВИТЕ НА СССР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА
(1945–1949 год.)
ДО КОГА ЌЕ ЈА ПРИКРИВАМЕ НАЈГОЛЕМАТА И ДАЛЕКУСЕЖНА ИСТРЕБУВАЧКА АКЦИЈА ИЗВРШЕНА НАД МАКЕДОНЦИТЕ И ЌЕ ЖИВЕЕМЕ СО ЧУВСТВО НА НЕПРАВДА И НЕЧОВЕЧНОСТ?
ДО КОГА ЌЕ СЛУШАМЕ ДЕКА НЕ СМЕ ПОСТОЕЛЕ И НЕ ПОСТОИМЕ, А Е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО ДЕКА СЕ ПРИКРИВА ИЗВРШЕНИОТ ГЕНОЦИД?
СЛЕДАТ ВАЖНИ ИСТОРИСКИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ИЗМАМАТА И МАНИПУЛАЦИИТЕ СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА, ПОСЕБНО ОД КПГ, КПМ/КПЈ И НОФ И АФЖ ВО ТЕКОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА 1945 – 1949 год.
Доверливите документи на Министерството за надворешни работи на СССР (Сојуз на Советските Социјалистички Републики). Водачот на КПГ Никос Захарјадис во рацете на Советските органи за безбедност.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/29 на 29 октомври 2026