Guilty Without Guilt (Short Version)
„БЕЛИОТ ТЕРОР” И МАКЕДОНЦИТЕ ВО НОФ, АФЖ И НОМС
„БЕЛИОТ ТЕРОР” И МАКЕДОНЦИТЕ ВО НОФ, АФЖ И НОМС
5. После неуспехот на НОФ на Македонија да го мотивира македонскиот народ одново да се вооружа и да се врати по планините, грчките власти го засилија така наречениот „бел терор” и започнаа со злосторствата врз населението до незамисливи размери.
Втората светска војна заврши, зошто беше потребно одново малтретирање и злоставување на народот во Грција?
Поголемиот дел од населението едвај дочека да заврши тоа крвопролевање и да се врати кон мирот и обновување на своите животи и урнатини околу себе. Беа гладни за мир. Исто така и македонскиот народ беше гладен за мир. Имаа доста војни.
Воглавном тоа беше причината што Македонците не беа мотивирани одново да се вооружаат и да тргнат во уште една војна, со непознат крај. Но откако НОФ не успеа да ги мотивира Македонците одново да се кренат и да ја продолжат својата борба за слобода и своја држава, грчките реакционерски сили стапија на грчката сцена и ги обновија тактиките на тероризам од времето на Метаксас. Тоа ги натера луѓето или да станат во своја одбрана или да побегнат преку граница, што и беше во нивните давнешни планови.
„Идејата беше, да се испровоцира македонскиот народ и да крене оружје против Грција, „па така Грција немала друг избор, туку да се одбрани од агресорот, кој сакал да отцепи парче од нејзината теритоија”!! Југославија, да би ги задржала добрите односи со Западот, природно, го подготвила теренот со индоктринирање и креирање на НОФ и АФЖ (Антифашистички Фронт на Жените), со цел да се започне вооружена побуна (востание), во Македонија. Македонскиот народ во прво време одби да учествува во такво сценарио, меѓутоа „белиот терор” инициран од грчката десница, фашистите, и нивните злосторства врз цивилното македонско население и нивните имоти, беше доволна мотивација за Македонците, да ги натера да побегнат во блиските планини Вичо и Грамос, да се вооружат и тренираат како да се одбранат од се почестите и масовни грчки зулуми и убиства. Тоа беше почетокот на војната. Тоа беше војна, која беше погубна по Македонците; требала да биде идеолошка војна како би ги замешала и надворешните фактори како Велика Британија и Америка; војна, во која Грција би била некоја жртва која се брани да си ја заштити својата државна територија од агресорот. Ова би требало да постане легален геноцид, бидејќи овие, „Славјаниве”, се подготвени да отцепат парче од грчката територија! На Македонците им било речено дека им треба оружје за да се одбранат, но чим почнаа вистинските битки, им било речено дека се борат за „обединување на својата Македонија” и на крајот, од како Југославија се одрекла од нив, им било речено дека се борат за човекови права, да бидат рамноправни со Грците. И најпосле, кога војната се разгорела им било речено, дека се борат за своите животи; „да се борат или да умрат...”. (Стојан Кочов)
Во тие времиња, немаше Македонец или Македонка која изјавуваше, јавно, дека се бори само за обединување на Македонија, туку многу Македонци беа убедувани, дека тоа е можно и да се оствари! И зошто тие веруваа во тоа? Бидејќи архитектот на оваа војна, низ НОФ и АФЖ пласираше такви лажни и примамливи информации!
И уште еднаш да повториме, дека немаше никаква причина за оваа, така наречена Граѓанска војна во Грција, бидејќи веќе беше одлучено од големите сили дека Македонија и понатака останува во составот на Грција. Но највероватната причина беше, а таа има смисла, да се уништи комунистичката партија, како зло за Грција и воедно да се решат од проблемот со македонскиот народ во Егејска Македонија, како потенцијална опасност по безбедноста на Грција.
За време на Граѓанската војна во Грција:
Македонскиот народ беше убедуван дека се бори за обединување на Македонија и да се здобие со човекови права, и покрај фактот дека тој веќе беше оштетен со губењето на понудените права по линија на принципите од Атлантската Повелба.
Грчкиот народ беше уверуван дека партизаните се всушност „Славјански бандити” и со помош на „комунистите” се обидуваат да отцепат парче од грчката територија и да ја предадат на Титова Југославија.
Надворешниот свет беше уверуван дека ова е Граѓанска војна на Грци против Грци.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/32 на 29 октомври 2026