Guilty Without Guilt (Short Version)
ТУКУ СЕ РЕАЛИЗИРА СЛЕДНОТО - Part 02
основниот мотив на Грција да ја склучи Привремената спогодба со Македонија беше наводната безбедносна закана на Македонија за Грција. Македонија ги прифати тие причини како релевантни и правни интервенции во уставот за македонското малцинство во Грција, го измени знамето, се согласи со ново привремено име, а за возврат побара Грција да не ја попречува во зачленувањето во меѓународни организации.
Веќе овие отстапки, како што беше кажано, се правно ништовни, а и политички неправилни.
Би можел тука да прекинам и да оставам секој од читателите што ќе ја чита книгата да побара сопствено објаснување за тоа што ни се случуваше. Но, ќе изнесам повеќе докази: факти и аргументи кои ќе го расветлат тоа наше проклето поданство што не доведе за навек да ја изгубиме родната прадедова земја и да останеме цел живот со поглед во празно и повеќе од полавек читајќи ја напишаната македонската антиисторија, но и остана: борбата за враќање на одземениот идентитет.
ТАКА ЗАВРШИ ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ НАД КОИ Е ИЗВРШЕН МАСОВЕН ГЕНОЦИДЕН ЗАФАТ СО НАСИЛНИ ПРОГОНИ НАД МИРНОТО НАСЕЛЕНИЕ, ЗАПАМТЕНИ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО - ГОЛЕМИТЕ ПРЕСЕЛБИ (1945 - 1949)
14.
ЗАКЛУЧОК: Наместо крик, молк за геноцидот.
НЕПОБИТЕН ФАКТ Е : Откако Грција подпадна под сферата на влијание на западните сили: Англија и Америка и НАТО, превземената акција за формирање македонски организации НОФ и АФЖ во Скопје на 23 април 1945 година од страна на КПМ/КПЈ и решението да го стават македонскиот селанец, (голорак), да се крене на лажна револуција и да биде бришан пред модерната наоружена грчка армија, тоа не е трагедија, тоа е повеќе од глупост и најгруба измама, бидејќи на почетокот му се пропагираше дека: „Југославија стана центар на револуција на Балканот и дека македонското прашање стана југословенско прашање.” Токму тогаш беше донесена дефинитивната смртна пресуда за нас Македонците; формулирана како „Конечно решение на македонското прашање.” Со други зборови; им се оствари подмолниот план на сите проектанти: Протерувањето и убивањето на цел еден македонски народ до последниот негов припадник! А тие што останаа живи, никогаш да немаат право да се вратат на своето вековно живеалиште и да се држат под закана и идеолошка надгледност:
Или си наш сојузник или си противник, Или си за Информбирото или си против него и се до денешно време:
Или си за ЕУ или си против Грција, Или си за уставното име или си за официјален јазик (а ние Македонците во Грција јас паметам дека по дома имавме само македонски јазик)
Тоа треба отворено да им се каже на генерациите!
На задната Корица:
ФАКТ БР. 1 На 5 мај 1949 година, Ф. Меклеан се сретна со Тито во Белград.
Маклеан по директива на британската влада побара од Тито гаранции за еден решителен пресврт на Југославија спрема ДАГ, со возврат доделување економска помош од западните земји. Тито на Маклеан му признал дека Југославија во минатото ја помагала ДАГ, но, потенцирал дека ситуацијата веќе е променета. Сепак, Тито не може да откаже давање азил на бегалците од Грција, на кои сега не им дозволувал да се вратат во своите формации. Тито се обврзал дека во иднина на ниеден Грк бегалец нема да му се дозволи повторно да стапи во редовите на ДАГ и нема да им дава помош на партизаните.
Тито побарал од Меклеан да не биде обелоденета оваа негова обврска, бидејќи такво нешто многу ќе ги изложи Британците да го одржат ветувањето, информирајќи ги само Американците.
(Ф. Меклеан бил шеф на Британската воена мисија во ВШ на НОВ И ПОЈ)
ФАКТ БР. 2 ОФИЦИЈАЛНО ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НОФ ЗА АГЕНТУРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА И СО ТОА НИ ЈА СТАВИЈА ЈАМКАТА ОКОЛУ ВРАТОТ Во една пештера меѓу селата Орово и Нивици, Преспа, во реонот ,„Африка”, на состанокот кој го отворил генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис. Тој, меѓу другото, на 20.06.1949 година, на состанокот го потврдил следното:
„...НОФ е агентурска организација која ја пречеше реализацијата на линијата на КПГ и со тоа му нанесе штети и непријатности на демократското движење во земјата. Во земјата Македонија, дејствуваа и имаа корени трите агентури: на ОЗНА, на ЈА и на Колишевски, која ги контролираше првите две агентури. Сите агенти на југословенските известителни служби даваа писмени обврски дека доследно ќе ја извршуваат агентурската работа...
15.
Обраќање до Македонскиот народ и Македонија Мислење и коментар на Спиро Мавровски во врска со книгата на Г-динот Кочов, во која се обидов со јазична и друга коректура и одделни делови мои преводи и кажување овој голем труд на Г-динот Стојан Кочов го направиме уште подобар и читлив и за помладата генерација. Моите ставови се многу блиски до она што го пишува Г-динот Стојан Кочов и затоа е целиот мој ангажман. Моето спознавање на овие ситуации ме прати од моето раѓање. Моите родители за жал сега и двајцата починати, Ристо Шкаврев Мавровски од с.
Желево и мајка ми Софија Гумарова Роси од с. Поздивишта. Тој борец во ДАГ три пати рануван, одликуван Народен Херој, однесен со брод од Албанија како воен инвалид, во болница 250, во Полска. Мајка ми била дел од децата бегалци, заминува во Романија – Калиманешти, па потоа во Полска – Згоржелец, каде се запознаваат со татко ми, склучуваат брак и се раѓам јас.
Роден сум 1957 година, на 09.04 во Швидница, за да веќе во август истата година се враќам, т.е. ме носат во Македонија.
Поминуваме по Идризово, се разбира, и не препраќаат во Битола. За се ова имам напишано книга посветена на татко ми и правена врз основа на негови белешки и мој истражувачки труд.
Книгата се вика „Кажувањата на еден Желеец”. Досега сум имал среќа да ги прочитам сите книги од Г-динот Стојан Кочов, во кого препознав некој кој работите ги кажува многу поинаку од она што можев до тогаш да прочитам. Пребарував по голем број дела и се повеќе работите се разбиструваа. За голема жалост последните случувања со Македонија, веќе и претходно се случиле, но тогаш платени со многу човечки животи, а сега со продажба на се што остана од нашата за голема жалост, Жална Македонија. По разговорите со Г-динот Стојан Кочов веќе чувствувам тоа што тој го работел да има завршница, жално е да останеме на оние што ја фалсификувале историјата и нивните кажувања. Ова е почеток на една соработка и се надевам да трае подолго. Ви посакувам добро здравје Г-дине Стојан Кочов. Ова мое наредно пишување е од пред да имам чест да ја видам најновата книга на Г-динот Стојан Кочов, а беше предизвикано од целата состојба по изборите во 2016 година.
Обраќање до Македонскиот народ и Македонија Почитувани браќа и сестри и сите останати кои живеете заедно со нас во оваа наша напатена Македонија.
Еве веќе чувствувам потреба да се произнесам по повод ова лудило кое е секаде околу нас, кога некој и понатаму е упорен во кажувањата дека „ништо не разбира”, „зошто се овие протести”, изјавите од типот: „Ова е државен удар”, или: „ние имаме право и начин како да дојдеме на власт, но тоа не ви го кажуваме и покрај тоа што сме толку транспарентни”, „не се плашете јас не можам да ги средам сите, но работиме на тоа”.
Разочаран сум од интелектуалниот капацитет на предводниците на цело ова лудило кое еве веќе трае скоро две години.
Господа од СДСМ или СКЈ со подогранок СКМ, па СКМ-ПДП, па на крајот да излезете со името СДСМ, но Вие секогаш сте биле истите и со овие Ваши последни искази само го потврдувате ова правило. Не би Ви се обраќал за некои поранешни работи кои како партија сте ги направиле на штета на македонскиот народ. Вашата заложба и уверување до ден денеска, дека најдобро ни беше со Тито, „тој ни даде многу работи”, барем така кажувате, но другото што Тој го направи, државниот удар, уште во создавањето на Македонија и комплетното истребување на македонската интелегенција и сите оние кои ја сакаа оваа наша држава Македонија, но за тоа не кажувате никаде. За таа Македонија за која се бореа нашите претци, Илинденците, а и вториот Илинден немаше да биде никогаш подигнат, ако имињата на партизанските одредите не беа повторно со имињата на нашите Илинденци: Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите. Зарем мислите дека во Македонија тогаш само аграрна, селска земја имало толку многу комунисти за да поведат партиска и социјална борба.
Сигурно не, немало, тие луѓе се броеле и се познавале меѓу себе. Се започна со смената и прогонот на секретарот на ПК на КПМ Методија Шаторов Шарло уште во 1941 година. Шаторов е роден во Прилеп 1897, загинал во борба со бугарската војска близу до Пазарџик, Бугарија, само пет дена пред капитулацијата на фашистичка Бугарија, на 04.09.1944 како раководител на партизански одред. Од крајот на Првата светска војна бил емигрант во Бугарија. Член на БКП од 1920 год. Во
1929 год. емигрира во СССР. Во СССР и Коминтерната каде оди на политички школи се изјаснува по националност Македонец а државјанин на Бугарија. Активен учесник и еден од организаторите за интернационалните бригади во Граѓанската војна во Шпанија од 1936-39 година. Од пролетта 1940 до септември 1941 бил секретар на ПК КПЈ за Македонија.
Се застапува за формирање на сопствена македонска држава и обединување на Македонија, со потенцирање на македонска национална индувидуалност. Отстранет од функцијата секретар (по налог од Тито), по разрешувањето на спорот меѓу КПЈ и БРП – преку Коминтерната, за припадноста на ПК за Македонија на Југославија или Бугарија. По војната анатемисан и осудуван како пробугараш и не на југословенската линија. Но никој не го кажа она за кое што тој се бореше: независна од никој КПМ. Вашето разбирање на демократијата и македонизмот продолжува и ја видовме одма по Првото и Второто заседание на АСНОМ кога целата интелегенција која ја имаше Македонија, луѓе кои завршија високо образование во Виена, Прага на Сорбона во Париз, сите кои ја поседуваа љубовта кон Македонија и Македонците беа елиминирани од политичката сцена, а некои за жал и од овоземскиот живот.
Секако големи заслуги на луѓето кои се чувствуваа Македонци и се бореа за Македонија, таа Македонија што ја посакуваше и Македонскиот народ. Не смееме да ги заборавиме Методија Андонов – Ченто, Емануел Мане Чучков, Лазар Соколов, Димитар Влахов, Владимир Полежиновски, Панко Брашнаров, Петре Пирузе – Мајски, Венко Марковски, Павел Шатев – Гемиџијата, Кирил Петрушевски, Благој Хаџи Панзов, а тука никако да не се заборават и личности како Коста Солев Рацин, Чеде Филиповски – Даме и многу други кои беа ликвидирани затоа што скршнале од партиската линија. Но затоа тогашните работници, студенти, домаќинки, чиновници и пред се послушници ја презедоа понудената власт од големиот брат и како врвни послушници, успеваат да стигнат до премногу високи политички и државни позиции, кои и самите знаеја дека не ги заслужуваат, но последиците од сето тоа беа катастрофални и ги гледаме и до ден денеска.
За овој баласт не сака никој да зборува, ги спомнувате борците, антифашистичката борба, нашата голема улога во ослободувањето на Македонија, Сремскиот фронт, ослободувањето на Загреб од страна на македонската бригада, (што и навистина се случи, но Македонците ја почекаа Личката бригада да измаршира во ослободениот Загреб). А со самото тоа сме учествувале и во ослободувањето на Европа, (за појаснување Берлин капитулира на 09.05.1945 год. а ние т.е.
оние кои не ослободуваа (титовите партизани, заедно со нашите војски го ослободуваме Загреб на 15.05.1945 год.). Толку за нашето ослободување од некој и некого, а кој учествуваше во завршните операции на ослободувањето на Македонија, ќе треба да прочитате од оние кои ги воделе борбите (на пр. Трајче Груевски) и со кого соработувале, со чија армија?
Вие не кажувате никаде за овие предавства, кога еден Светозар Вукмановиќ Темпо успева да го разбие АСНОМ за да постави свои послушници со чии вазалски однесувања до денес не можеме да излеземе од овој затворен круг, кој за жал со секоја одлука, се повеќе и повеќе се стеснува и на крајот ќе остане само колку за една јамка околу вратот на нас Македонците. А со тоа ќе ги избришиме нашите поколенија од картата на народите во светот и ќе станеме Албанци или како што тогаш некој не направил да бидеме најголеми Југословени, а од Југославија добивме што? Слободата сигурно не, сами се изборивме, пред војната црното петно во македонската историја, кога се изврши комплетна деетнизација, колонизација за која не сака никој да зборува, србизација на се што е македонско, промена на имиња, јазик, богослужби се што можи „брат” на брат да му направи, дури и повеќе од тоа тие ни направија. Тоа е заслугата на стара Југославија. И да не заборавам и по смртта на оваа вештачка држава Југославија нам на Македонците ни остана таа „чест” (најголемата срамота), да го носиме името (Поранешна Југословенска Република Македонија). По војната, во нашата држава од како ја исчистивме цела македонска интелегенција, се случува наредниот голем упад во Македонија, сега како Народна социјалистичка република, скоро сите директори по тогашните фирми по дифолт, (однапред дадено право) се Срби по националност, а пак сите команданти на касарните низ Македонија се Црногорци, а ние сме повторно песокот низ кој поминува водата, ние остануваме „свои на своето”.
Започна Граѓанска војна во Грција, во нашата Егејска Македонија, повторно Југославија се меша, наводно за да и помогне на Македонија, ја помага војната, формира единици на територијата на Југославија и заедно со КПГ (Кумунистичката Партија на Грција), нон стоп спрема потребите, тие единици се префрлаат де на страната на КПЈ, (Комунистичката Партија на Југославија), де на страната на КПГ, за да на крајот тие борци, како предавници, по резолуцијата на Информбирото, поголемиот број од нив завршат по логорите во Русија, предадени како Титови шпиони.
За да ги појасниме работите Тито од самиот почеток на Граѓанската војна во Грција по наредба на неговиот надреден Генералисимус Ј.В. Сталин, почнува да ја организира и директно учествува во неа. Во Белград се префрли актуелното раководство на вооружениот отпор од КПГ, кое заедно со југословенскиот воен кадар работеше на организација, помагање, овозможување на ранетите да преминуваат на територијата на Југославија, која е и главен лиферант на оружјето и другата воена опрема која преку Југославија требаше да завршува во Грција, на територијата на Егејска Македонија каде и во основа се водеше целата Граѓанска војна.
Ако мислите дека во ова раководство на оваа Граѓанска војна имаше барем еден Македонец, се лажете, и покрај тоа што грчкото раководство (Маркос, Јоанидис членови на ПБ на ЦК на КПГ), цело време беше во Југославија каде Македонија беше составен дел од неа. Тука се формираа воени единици со пребегани борци од Грција, Македонци, тука на 23.04.1945 се формираа НОФ и од него АФЖ И НОМС за Македонците од Егејска Македонија, кои потоа по наредба на Тито и Колишевски, во договор со Захаријадис, генералниот секретар на КПГ од 02.04.1946 год., истите се вратени во Грција за да бидат под команда на КПГ и влегоа во единиците на ДАГ. Дел од нив беа препратени на југ кон Грција и поголем дел од тие борци за жал погинаа. На територијата на Југославија или во Н.Р. Македонија во Преспа, т.е. во Асамати на 23.12.1947 год.
се формира и Привремената Демократска Влада на Грција која за жал не ја призна никој во светот. Значи конците во таа војна се влечеа од СССР и Сталин и Југославија со Тито. Но ова идила траеше се до фамозната резолуција на Информбирото по која се што Југославија го правеше за Граѓанската војна наеднаш се прекина.
Македонските (југословенските), граници се затворија за македонските борци, што предизвика невиден масакр врз борците на ДАГ (Демократската Армија на Грција), но и на цивилите од тој дел на Егејска Македонија, а нивното учество во бегалскиот бран како цивилно население беше скоро 100%.
На кого му се затворија границите? И зошто?
Таа и таква Југославија понатаму успеа да се договори со Велика Британија некаде во април 1949 год. за одредена сума на пари повеќе да не ги прима борците на ДАГ, да не ги помага со оружје и храна, така да по тоа се водеше до неизбежна гибел, што за жал и се случи на крајот на Август 1949 год.
Целокупните преостанати борци на ДАГ се префрлија во Албанија заедно со огромен број на цивили, за по тоа да завршат во далечниот Ташкент, СССР и останатите социјалистички држави каде за жал завршија и најголемиот број деца бегалци, кои ја поминаа југословенската граница некаде пролетта 1948 год. во најголем број. По ова Југославија со Тито влезе и во воен сојуз со Грција и Турција 1953 год. како јужно крило на НАТО и југозападно крило за заштита кон државите од Варшавскиот договор. Од тоа „корист” за македонскиот народ беше само тоа што Тито, за определена се разбира голема милионска сума од долари, се обврза македонското прашање со Грција да го затвори и повеќе и да не се дискутира за тој изгледа само за нас горлив проблем, Егејска Македонија и Македонците од неа, сега расфрлани по светот. Последиците се тие што борците на ДАГ барем повеќето од нив кои останаа живи, и се вратија во СРМ да бидат поблиску до своите родни огништа, но за жал никогаш не ги посетија истите. И умреа во својата Македонија како „Егејци”. Но за жал секој од нив при доаѓањето беше принуден да помине извесно време во затворите во Идризово за да биде испитан, не дали е Македонец или не е, туку дали е за Тито или е против него. И за ова малку, или никој не зборува. Дури и ние децата од овие родители кои беа борци во ДАГ, или пак деца на „Децата бегалци” (единствени во светот, одделени од своите родители, оставени да пораснат по детските домови во државите од социјалистичкиот лагер, прв вистински егзодус во историјата на човештвото), ја делевме нивната судбина за тоа што не по наша вина сме родени во тогашните држави од социјалистичкиот блок, (Русија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Германија ГДР, Бугарија). Поминаа цели триесет години од кога за прв пат и тоа по грешка добив виза од туристичка агенција, за да запалам свеќа на гробовите на моите претци кои ги положиле животите за слободата на Македонија. А за некои од нив за жал и до денес не знаеме каде се нивните гробови, но знаеме дека се длабоко вградени во македонската земја и желбата за слобода на истата. Ете толку господа од СКМ за Вашите ангажмани за развој на македонскиот дух на овие простори. Што беше нашата вина. Ние учевме растевме во оваа држава, отидовме во тогашната ЈНА, ќе треба да ја напишеме и таа заклетва како што ја напиша Г-динот Стојан Кочов за ЕЛАС и ДАГ, и во оваа пак го браниме територјалниот интегритет, суверенитет до последната капка крв, но сега државата е Југославија. Се вработивме ги плаќавме сите давачки кон државата имавме исти пасоши како и останатите државјани, не како сега кога некој ги бара на друг јазик и да се поразлични од другите, имавме исти лични карти но ние за жал не можевме да ја поминеме грчката граница. Заради кој, сигурно не заради Грција, таа и со устав и со закони не избриша како луѓе што не се Грци по род. Но Југославија не не запиша како редовни нормални граѓани на Југославија, и воопшто тоа прашање никогаш не го постави на дневен ред. Досега за жал во Грција Македонец не влегол, барем официјално, влегуваа и покасно и ние како Југословени, па граѓани на БЈРМ, а сега како граѓани на Северна Македонија. Ете таа е вистината.
Додека другите републики се развиваа се градеше се и сешто, ние бевме задоволни со тоа што нашето замјоделие со по некој трактор доживува експанзија. Дојде моментот кога Вашата или Нивната определба доведе до тоа да најголемите индустриски капацитети бидат изградени во самите градови пред се во Скопје ( Железарница, Цементарница, ОХИС, Алкалоид, Алумина, ОКТА - Рафинерија) да бидат во централните градски подрачја, зошто тука?! Кога сите знаеја дека ресурсите беа далеку од Скопје. Се направи „Југохром” во Тетово, па
„Топилница” во Велес, „ФЕНИ” во Кавадарци, за да денес Вашите деца и внуци жестоко протестираат за загаденоста на воздухот, неможноста да се живее, но еве ова е вистината, убаво е да се знае што кога и како е правено, но за жал по создавањето на независна Република Македонија, поголем дел од нив се затворени и повторно од ВАС.
Дојде време кога останатите републики на големо се оддалечуваа и излегуваа од бившата Југославија. Кога сите други ги поттикнуваа и повикуваа своите граѓани да подигаат девизни средства од тогашните банки, ние до последен момент на осамостујувањето ги пренесувавме средствата во филијалите на тогашните југо банки кои беа на овие простори Љубљанска банка, ЈИК банка, Комерцијална банка и многу други. Војната во Југославија разгорена, нашите војници Македонци повторно испратени на вториот „Сремски фронт”, за да учествуваат во ослободувањето и на оваа Југославија. Кога сите бегаат колку што се може побргу и подалеку, ние т.е. Вие ја правите платформата, (повторно платформа), Глигоров - Изетбеговиќ, од која до ден денешен не можеме да се ослободиме, од некои стеги кои тогаш се направени. Се прави референдум во кој повторно Другари од СКМ ПДП прво се плашите да ја пеете македонската химна, без претходно да ја запеете „Вашата” „Хеј Словени”. За Вас е тоа нормална процедура, во салата траорно како никаде, поставена слика од Големиот водач Тито, и две мали сличиња околу него од нашите корифеи, нашите херои и легенди Гоце Делчев и Никола Карев. Толку за амбиентот чувствата и желбата за новата татковина. Да не заборавиме дека почитуваните соседи Албанци, не ни станаа за време на инторирањето на химната, а не ни гласаа за ниеден државотворен документ вклучувајќи го Уставот, по кого сега толку силно повикуваат и го менуваат. Една недела расправавте дека не треба да има референдум, нема потреба, за да на крајот во тоа референдумско прашање поставите една додавка која Ве разобличи кај обичниот народ до крај, „да стапи во сојуз со останатите југословенски држави”. Куку леле, а зошто не во сојуз со сегашните сојузници како што се Америка, Германија, Англија и останатите по кого сега плачите, но извинете ќе изумев Вие сте „секогаш” за Македонија. Откако на првите избори победи ВМРО ДПМНЕ, и покрај тоа што Вашите независни медиуми со кои се гордеевте и се гордеете предвидуваа дека оваа партија ќе освои некаде 2,17% од гласачкото тело, но таа победи. Тоа покажа дека овој народ сеуште знае за своето потекло, сеуште го чувствува долгот кон своите претци, и сеуште има Македонци повеќе од колку Југословени, но за жал тоа траеше кратко. Вие потмогнати од старите, но сега веќе странски служби (УДБА), успеавте да ја преземете власта од оној кој победил, зошто тој не сакал да направи коалиција со „албанските” партии во Македонија, а Вие како големи „уставотворци”, „државотворци” и растуритворци сето тоа ќе го направите и ќе не воведете во НАТО, Европска Унија и каде уште ли не. И тука е Вашето најголемо предавство. Вие тргнавте по белосветските метрополи да барате признание, но чукавте на погрешни врати, затоа што тие држави вековно се поврзани со кралските семејства од Грција. Што постигнавте од сето тоа не внесовте во Обединетите Нации, како што кажа претседателот на Македонија Г-динот Киро Глигоров, (без лична карта и македонско државјанство, но со Вас Другари се е можно па дури и да биде и Претседател на Република Македонија), со времено име кое ќе биде променето во наредните два месеци.
Не уверуваше дека ги има гаранциите на големите сили дека тоа ќе биде само чиста формалност, но сите знаеме што се случи и што денеска ние имаме од сето тоа. Имаше можност Киро Глигоров да излезе и да каже дека големите сили едноставно го изневериле, или пак никогаш не му го гарантираа тоа што тој ни го пренесе. Вие во контекст на претходното т.е.
промената на името го дополнувате со уште две големи промени и тоа промена на знамето, нешто што ни значело премногу, како прво знаме поставено во првата независна држава Македонија, поставивте знаме од поранешната царска јапонска војска (морнарицата), кое се веело за време на Втората светска војна, но ете за тоа се изборивте и сега заборавивте што знаме имавме.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/guilty-without-guilt-mac/25 на 29 октомври 2026