X - ИЗЈАВИ - Part 02
„Партиите на Албанците не можат да се обединат, иако дипломатите им сугерирале да застанат зад заедничка платформа”. Во текстот се прецизира и дека Имер Селмани, лидерот на тогашната Нова демократија, писмено ќе ги поканел лидерите на ДУИ и ДПА да се обединат за да ги решат отворените прашања на Албанците!
Против кого Албанците треба да се обединат, се знае.
24. 3. Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата
„Институт отворено општество”, на Сорос, според „Дневник”, од 30 август 2010, рекол дека странски дипломати го тестирале за опција референдум без поддршка од власта!
Наше е да претпоставуваме чии тоа дипломати во државава сугерирале заедничка албанска платформа или поширок фронт против оваа влада, или подметнат референдум... Мора да се тие од Малта, Сенегал,... Што мислите вие? Кој друг би имал интерес и би се осмелил на такво, бескрупулозно мешање во нашите работи?
* * * * * За крај, и еден мал „шлагер”:
„Дневник”, од 25 октомври 2012, пишува за случајот со Американката Кенди Данлап, која била уапсена на аеродромот во Петровец, на 28 септември 2012. Кај неа биле пронајдени 256 (!?!) монети и други археолошки предмети (два приврзоци од олово и бронза, бардак, сад за течности...)
со непроценлива вредност. Во земјава престојувала шест дена во „хуманитарна” (поточно – разбојничка)
„медицинска” мисија. На суд тврдела дека од селаните во Криволак, Селце и Лозово, Штипско, во знак на благодарност за медицински „услуги”, добивала ќупчиња за кои таа мислела дека се сувенири!? За монетите мислела дека биле копчиња!?! Судот утврдил дека таа немала дозвола за давање „медицински услуги”, ниту писмена документација за хуманитарна мисија...
Значи, неспорно е во прашање опасен измамник и, сигурно, организиран шверц со нашето културно наследство.
И, драги читатели, што мислите – на колку годишна робија е осудена драгата гостинка, Кенди?
На – ич! Добила условна казна на две години и била протерана! Значи – ослободена од одговорност. Според судот, олеснителни околности биле – што била странец;
семеен човек; мајка на шест деца, за кои имала обврска да се грижи...!?
Неа ја фатиле, а којзнае колку американски (и други!)
„хуманитарци” ни направиле ’ршум во земјава досега? Колку такви пробисвети си отишле со полни бисаѓи...
И, да бидеме објективни – дали целата оваа лакрдија, невидена судска мизерија и македонска срамота, се случувала без мешање на американската Амбасада? Може ли да се замисли нивните конзули (и амбасадор!) да мируваат, а граѓанка на САД да се суди во некаква Македонија, без име?
За што било? Од убиство... Такво нешто е незамисливо!
Сепак, вината е целосно наша. Нашле овци – и треба да ги стрижат. До под кожа.
Ех, за сличен тежок криминал, во САД, Македонец би бил на електричен стол.
Со право.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ulogata-na-sad-2/25 le 29 octobre 2026