Г. ДОГОВОР СО ГРЦИЈА НЕ САМО ШТО НЕ Е МОЖЕН ТУКУ Е И АПСОЛУТНО – НЕПОТРЕБЕН - Part 03
Впрочем, обвинителот би требало, макар, да објасни зошто била свирена албанската химна кога донациите биле од ИПА-фондовите на ЕУ, и од бугарска општина? Логични би биле или химната на ЕУ или бугарската. Та дури и двете.
Каква врска има албанската?
Од оглас за запишување на нови студенти, објавен во печатот, се гледа дека името на Државниот универзитет во Тетово е – на албански јазик. Следи на англиски и, на крај – на македонски. Така е најверојатно и на дипломите, меморандумите... на сите документи на Универзитетот.
15. 7. Екстазата, низ која врвеа Албанците по повод 100- годишнината од албанската држава го зафати дури и Сулејман Реџепи, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ). Тој изјави: „Обединувањето на албанските земји е Божја волја и затоа ние имаме обврска да ги вратиме така како што било порано..., а Албанија ќе има единствена граница, таа што ја создал Бог. ИВЗ со сите свои капацитети е подготвена да придонесе за националната кауза и да одговори на секој повик во насока на обединување на сите Албанци”!?! („Реџепи: Незамисливо е Албанците да живеат во пет држави”, „Нова Македонија”, 28 ноември 2012).
15. 8. На крајот од април 2013, од ДУИ најавија дека лидерот Ахмети, со делегација во која ќе бидат и Меџити и Дехари, а на покана на нашиот докажан „пријател” Филип Рикер, во мај ќе одат во официјална посета на САД. Како најавија, целта, меѓу другото, била да им се заблагодарат на тамошните Албанци за масовното гласање на локалните избори, со што ја постигнаа целта. Нивното гласање, да потсетиме, беше нелегално.
Коментар не е потребен, освен да се додаде дека Меџити е потпретседател на – ДУИ, најголема албанска партија во Македонија, која е дел од владејачката коалиција. Картите се дефинитивно отворени. Кој ова не го разбира, не треба да му се објаснува. Безнадежно е.
15. 9. Да не останеме „покуси” за албанската опозиција.
Според „Република”, од 7 декември 2012, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во повеќе пригоди, изјавувал: „Во Чаир ќе забраниме да се пее ‘Македонско девојче’, а албанското знаме никогаш нема да биде помало од македонското”; „...
Република Македонија нема друга иднина, освен да биде двонационална држава, на два конститутивни народа – македонскиот и албанскиот”; „Ќе нема Македонија, ќе нема Македонци, Македонија ако сака да опстане треба да биде држава на македонскиот и на албанскиот народ”; „Ќе ги прифатите барањата од Новиот договор (со Албанците, место Охридскиот) и ќе прашувате дали има уште”! (Во ТВ-емисија на Роберт Поповски)...
16. Единствено може да се нагласи дека ова е, сепак, нова политика на албанските политичари во земјава. До сега, ако така и мислеа кадрите на ДУИ, што не е спорно, тоа јавно не го артикулираа. Значи, започнува нова етапа. Всушност, тие веќе не кријат ништо. Тоа е резултат на промените кои настанаа по назависноста на Косово и војната од 2001-та. Без нив, ќе останеше актуелна демографската (р)еволуција.
Порано, албанските лидери заговараа политика на пет и повеќе деца, за да ја постигнат големоалбанската цел. Им помагаа и оџите, кои младите верници не ги пуштаа во џамиите сè додека немаат најмалку пет рожби. Така беше разработено „освојувањето на Македонија” и во погоре спомнатата „Платформа...”. Денес имаат нова стратегија наречена – албанизација на делови на Македонија.
Не треба да има никакви дилеми дека сето тоа е претходно договорено со главниот менаџер, Вашингтон. Дури, многу поверојатно е дека сигналите за таква промена доаѓаат од таму. Далечинските пемпелиња функционираат...
16. 1. Со Косово, во 1999-та, и со Македонија, во 2001-та, геополитиката на Балканот доби нови димензии, претходно незамисливи. Возможни, благодарејќи на американското бомбардирање на Србија и Белград и агресијата врз Македонија, која остана незавршена приказна бидејќи нејзиното распарчување, во 2001-та – не успеа. Сега, тоа го прават од внатре. Со постепена албанизација.
17. За да не останат недоречености, треба да се објасни и
„судирот” меѓу Тирана и Вашингтон, кој настана на почетокот на 2013 година. Изјавите на Бериша, меѓу кои е и таа за „албанските територии од Превеза до Прешево...”, предизвикаа незадоволство во Вашингтон, кој излезе со изјава дека – нема (нови!) промени на границите во регионот. Има информации дека Вашингтон врачил и Меморандум во Тирана (ако и имало такво нешто, сигурно се работело за – вербална нота), со кој го критикувал екстремниот албански национализам. Некои се израдуваа дека е тоа крај на големоалбанскиот концепт, но се излажаа – Тирана доби по нос бидејќи се истрча пред време, се залета и ги откри намерите. Така, ги загрози преговорите меѓу Белград и Приштина, меѓу Дачиќ и Тачи, кои беа апсолутен американски приоритет во моментот. САД сакаа да ги отворат перспективите за Косово со договор меѓу Белград и Приштина, во што и успеаја. Им пречеше нагласената албанска националистичка реторика, која можеше негативно да се рефлектира на преговорите. Значи, не се работеше за некакво ‘оспорување’ на големоалбанскиот проект кој, впрочем, во најголем дел, е веќе – остварен.
Тирана доби по нос бидејќи се преамбицира, излезе од сценариото и изјавите на Бериша, кои главно беа наменети за дома (пред изборите), им наштетија на моменталните американски интереси.
Изјавите на Меџити и Дехари, дека албанизираат делови од земјата, не им пречат на нашите „партнери” во Вашингтон.
Впрочем, тие само ги реализираат американските планови за неменување на границите со сила, со паралелно постигнување на целта: рушење на Македонија – однатре.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/ulogata-na-sad-2/10 le 29 octobre 2026