Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Овој запис сѐ уште не е преведен на македонски, затоа е прикажан на англиски.

Означено со „Ageing“

Прелистајте Означено со „Ageing“ од архивата, библиотеката и збирките на Канадското македонско наследствено друштво.

Кога снема струја

Беше месец јули, внуците беа дојдени, шаторчињата им беа наместени, прстињата им гореа. Секој седеше во свој агол, разговараа електронски, и одвреме-навреме се смееја. Едниот пушташе твитови, другиот правеше бип-бип, пораки оттука, твитови оттаму. Главчињата наведнати, прстињата во оган, ни збор не се слушаше. Се обидов да ги прашам што сакаат да јадат, за да одам да пазарам пред да огладнат. Без ...

МОЈАТА ИГРАЧКА ОД ЛИМЕНКА

Кога бев мало момче, празна лименка ми беше омилената играчка. Ќе ја врзев за домашно направено јаже и ќе ја влечев по калдрмата. Едно утро, кога се разбудив, видов дека лименката ми е украдена. Му реков на татко ми да побрза, зашто ја слушав како се тркала. Сега, кога имам седумдесет години и го пишувам ова на мојот iPad, се прашувам: кое беше тоа мало момче? Ова не може да биде истиот свет.

МЛАДИТЕ ВОЛШЕБНИЦИ

Еден жежок летен ден, беше месец јули, внуците дојдоа да си играат, носејќи си ја сета опрема. Секој седна во својот агол, со паметниот телефон в рака. Се чувствував како туѓинец, се обидував да сфатам и разберам. Едниот правеше бип-бип оттука, другиот пушташе твитови оттаму. Сите пријатни звуци што ги слушав беа нова музика за моите уши. Разговараа меѓу себе без да кажат ни збор. Одвреме-навреме ...

НА ТАТКОТО

Столбот на домот— тоа треба да биде таткото, оној што го држи сводот како никој друг. Како што столбот старее и насекаде се појавуваат пукнатини, тој веќе ја нема старата сила, па бара помош од мајката. За да ја носат тежината на покривот, потребни се двајцата заедно. Навистина си требаат еден на друг, сега повеќе од кога и да е.