Кога бев мало момче,
празна лименка ми беше омилената играчка.
Ќе ја врзев за домашно направено јаже
и ќе ја влечев по калдрмата.

Едно утро, кога се разбудив,
видов дека лименката ми е украдена.
Му реков на татко ми да побрза,
зашто ја слушав како се тркала.

Сега, кога имам седумдесет години
и го пишувам ова на мојот iPad,
се прашувам:
кое беше тоа мало момче?
Ова не може да биде истиот свет.