Vistinata za Egejska Makedonija
Front Matter - Part 01
Вистината за Егејска Македонија Христо Андоновски Вистината за Егејска Македонија Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
1. Македонски текстови со грчко писмо........................................7
2. Просветители и преродбеници од Јужна Македонија............10
3. Кукуш - знаменосец на просветната борба..............................16
4. Движењето во Меглен ...............................................................23
5. Културно просветното движење во Западна Македонија......28
6. Судрување на македонските и бугарските интереси..............31 ГЛАВА ВТОРА - Оружен национален отпор .........................37
1. Негушко востание ......................................................................37
2. Привремена македонска влада..................................................39
3. Илинденско востание.................................................................42
4. Македонците под Грција по Балканските и Првата светска војна.................................................................................................45 ГЛАВА ТРЕТА - ВМРО (Обединета) во Егејска Македонија ......................................................................................................49 I ................................................................................................69 МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА (1941-1944)..................69 I ................................................................................................69 ГЛАВА ЧЕТВРТА - Борбата на Македонците во Егејска Македонија против тројнаtа окупација и за национална слобода ........................................................................................70
1. Отпор против реставрацијата на стариот административен апарат ..............................................................................................71
2. Организирањето на НОБ во Егејска Македонија....................74
3. Први репресивни мерки на непријателот ................................79
4. Првите вооружени групи на НОБ.............................................81
5. Во Леринско формиран одредот “Вич” ...................................84
6. Одредот “Лазо Трповски” од Костурско .................................85 ГЛАВА ПЕТТА - СНОФ во Леринско и Костурско и Македонскиот Реонски Комитет во Воденско ........................88
1. Формирање на СНОФ во Леринско..........................................89
2. Одделен македонски реон на КПГ во Воден...........................91
3. СНОФ во Костурско ..................................................................92
4. Околиската конференција на СНОФ........................................97
5. Расформирање на СНОФ...........................................................99 ГЛАВА ШЕСТА - Формирање на Македонски баталјони ..103 Одвојување на македонските баталјони ....................................110 I ..............................................................................................123 ВО ВИОРОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) .123 I ..............................................................................................123 ГЛАВА СЕДМА - Терор .........................................................124
1. Терор, убиства и масовни погроми во Егејска Македонија.129
2. Теророт во Водепско................................................................131
3. Теророт во Мегленско .............................................................132
4. Теророт во Леринско ...............................................................133
5. Теророт во Костурско..............................................................134
6. Теророт во Гуменџиско ...........................................................136
7. Теророт во Преспанско............................................................138
8. Одјекот од теророт во странство ............................................139
9. Националистичкиот печат инспиратор и поттикнувач за терористичките акции..................................................................141
10. Паѓање на владите..................................................................145
11. Изборна фарса ........................................................................148 ГЛАВА ОСМА - НОФ, АФЖ, НОМС ...................................153 ГЛАВА ДЕВЕТА - Пролетна офанзива .................................179
1. Пролетната офанзива...............................................................181
2. Почеток на офанзивата ............................................................184
3. Третиот пленум на ЦК КПГ....................................................192 ГЛАВА ДЕСЕТА - Прв Конгрес на НОФ – Епопејата на Грамос .......................................................................................197
1. Епопејата на Грамос и Малимади. - IV пленум на ЦК КПГ201
2. Петти пленум на ЦК КПГ - Втор конгрес на НОФ...............206 ЗАКЛУЧОЦИ ...........................................................................211 КРАТЕНКИ...............................................................................215 Предговор Слична ако не и идентична беше судбината на Македониjа и Македонците со таа на Ирска и Ирчаните, или на Курдистан и Курдите. И овие земjи jа имаа трагичната судбина на Македониjа - да бидат безмилосно искасапени на два или повеќе дела, онака, какошто диктирал апетитот на алчните империjалистички соседи. Меѓутоа, ни оддалеку народите од споменатите земjи - Ирците и Курдите, не го доживееjа незамисливото понижување на Македонците, со употреба на груба сила да бидат лишени од својот маjчин jазик, да им се наметне тyѓа националност.
Ирците и под Велика Британиjа си останаа тоа што отсекогаш биле, а Курдите и во Турциjа и Иран, во Ирак и Сириjа, иако го изгубиjа територијалното единство, тие го задржаа својот етнички белег, својот јазик и традиција.
По 1912 година Македонците ќе ја изгубат и својата национална компактност и територијалното единство, а пропагандата на владеачкиот режим во Грција, Србија или Бугарија од Македонците ќе настојува да прави “Срби”, “Грци” и “Бугари”. Македонците во Грција, на пример, спротивно на својата волја учествуваа во Првата светска војна на првата борбена линија или вршејќи тешка ангарија за сојузниците пак на првата борбена линија на Солунскиот фронт. Подоцна тие се мобилизирани во Малоазискиот поход на грчката армија. На крајот наградата за Македонците беше да бидат исправувани пред воените судови и екзекутивните одреди, кога се обидуваа да ги бараат своите национални права макар и во рамките на гчката држава. А пак во времето на Метаксасовата диктатура (1936-41) им беше забрането дури и по куќите да говорат на својот мајчин јазик, или да ги пеат своите народни песни.
Но, Македонецот во Грција никогаш и не се помири со судбината што му ја кроеја грчките режими. Секогаш кај него беше присутна и тлееше желбата за национална слобода и секогаш кога му се даваше можност се бореше и жртвуваше за своите идеали. Да ги споменеме ли имињата на осудените на смрт Македонци од воените судови во Лерин, или Кожани и тоа веднаш по Првата светска војна? Тоа би не одвело многу далеку. Но, сепак не ќе можеме да премолчиме некои примери на достоинствено држење дури и пред самата смрт. Атанас Попов од село Борешница, Леринско, пред неговата егзекуција во градот Кожани на 12 декември 1925 година, не само што одбил да му ги врзат очите, туку кога го прашале дали има нешто да каже, рекол: “Mојата најголема радост е што со мојата крв ја нацртувам јужната граница на Македонија, која е до самата река Бистрица...”. Да го споменеме и малиот Атанас Марков од Цакони, кој на воените судии во градот Бер 1948 година (заробен како ранет партизан на Каракамен Планина)
храбро им рекол: “Не барам милост од вас џелатите на мојот народ!” Ете, во нашиот труд ќе се обидеме да изнесеме неколку од тие страници облеани со крв од маченичкото минато на македонскиот народ во Грција, едно јаросно сведоштво дека тамошните Македонци не ја чекаа слободата во своите домови, туку своите коски ги оставаа по сувите егејски острови, по злогласните затвори “Еди-Куле”, или “Акронавплион”, по логорите “Хајдари” и “Павлос Мелас”, додека дрвото на слободата со обилна крв го росеа и на Кајмакчалан и Вич, на Грамос и Каракамен.
Нека, впрочем овие страници послужат и како мало и скромно оддолжување кон познатите и анонимните илјадници борци, кои поединечно или заедно со грчки соборци паднаа на окопот на честа, слободата и правдата.
Скопје, април 1970 Авторот ГЛАВА ПРВА - Борба за сопствено училиште и црква Крајот од осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век како и за другите народи на Балканот, така и за македонскиот, ја означува зорага на неговото национално будење, обусловено од специфичните економско-политички и социјални услови во самата Отоманска империја. Првата фаза на националната преродба на македонскиот народ се изразува како борба за сопствено писмо и црква. Грчкиот јазик, на кој самоуките попови и учители ги учеа македонските деца и на кои се изведуваше литургијата во македонските цркви, беше неразбирлив за македонскиот народ и привилегија само на неколку трговци и црковци првенци протежирани од месните владици.
1. Македонски текстови со грчко писмо Желбата за учење на мајчин јазик во прво време е изразена преку преводите на црковни текстови од Евангелијата, апостолите и другите текстови од грчки на македонски јазик.
Бидејќи во тоа време таквата преведувачка работа ја вршат лица кои го владеат грчкиот јазик покрај својот мајчин, тие првенствено произлегуваат од групата на свештеници од македонско потекло, монаси, или лица чии материјални услови им дозволуваа да се школуваат во грчки училишта.
Повеќето документи на преведувачката работа од грчки на македонски јазик со грчка азбука и транскрипција, ако се исклучи Данаиловиот Четиријазичник, кој датира од малку порано, се од XIX век.
Од драгоценото преродбенско наследство што го остави македонскиот родољуб, родоначалникот и основач на многу македонски училишта во Воден, Ениџе Вардар, Гуменџе, Хаџипавел Божигропски, се и неговите преводи на изборно евангелие и апостол од грчки на македонски јазик. Првиот ваков труд на Хаџипавел датира од 1852 година, печатен во печатницата на македонскиот родољуб од Солун, Кирјак, Држиловец. Евангелието било печатено на македонски јазик од јужно-вардарското подрачје, но со грчки букви. Причината што грчката азбука се употребувала е во тоа што во тоа време словенската азбука и писмо повеќе се отраничени по манастирите и непозната од широкиот слој Македонци, но најмногу заради фактот што на овој, така да се каже компромисен начин, делото не би наишло на многу голема реакција од грчкото, духовенство.
Евангелието како и другите преводувачки работи на Хаџипавел претставуваат и обид за развивање и афирмирање на македонскиот јазик од Воденско - Ениџе Вардарско во еден период кога над македонскиот народ е вршена систематска асимилација од грчката црква, а нешто подоцна и од бугарската Егзархија. Тоа дело ги претставува зачетоците од оформувањето на македонскиот литературен јазик.
Во областа на Вардар, дури до Солунскиот Залив, до каде што имало македонски села, се ширеле и други македонски преводи на евангелија, некои од кои останале само во ракопис, но биле употребувани во црковната служба. Еден таков ракопис бил напишан од Евстатија Кипријади во 1863 година во село Кулакија, Солунско, каде селаните говореле и на грчки и на македонски.
Друг ваков ракопис, напишан од истиот автор, бил пронајден од француски војници кои во времето на Првата светска војна престојувале во Солунско, а тоа многу им помогнало на француските слависти Мазон и Вајан за проучувањето на македонскиот говор од Јужна Македонија.
Друг еден документ, со кој се потврдува влијанието на грчката писменост и култура над нашиот духовен живот, но кој од друга страна претставува ценет придонес за изучување на македонските говори, е еден речник од 1876 година. Овој речник напишан е од Ѓошо Колев, свештеник од с. Лесково, човек, речиси неук, кој немал никаква претстава за грчкиот литературен јазик и правопис, а го владеел јазикот само практично, па дури и несовршено. Но, тој сепак претставува богата збирка од лексикални особености од една македонска говорна област. Неговата вредност е и во тоа, што не е поврзан со никаков книжевен источник и особеностите на неговиот дијалект се излезени во сосем непринудена форма.
Говорниот документ, осем речникот, содржи и црковно поучителни слова и други белешки, напишани со грчка азбука.
Македонското јазикознание и историјата на македонскиот литературен јазик е збогатена и со уште еден друг ценет документ, имено писмото на населението од селата Бобошчица и Дреново, две македонски села што се наоѓаат на крајниот југозопад од Македонија, во границите на денешна Албанија.
Жителите на селата Бобошчица и Дреново се остатоци од македонското население на Јужна Албанија, оддалечени еден до два часа од градот Корча. Овие две села иако се наоѓале како островчиња во море од албански села, до неодамна си го запазиле словенскиот национален карактер и обичаите. Тие дури не биле туѓи од минатиот век на движењето на македонскиот народ за духовни права. Ова го сведочи и едно нивно писмо - молба од 26 октомври 1873 година, кое било испратено до егзархот Атим I, во Цариград преку нивен соселанин.
Молбата на бобошчани и дреновчани била напишана од 17 мирјани - првенци во селото Бобошчица, меѓу кои и двајца монаси од истото село. Писмото било напишано со грчки букви, но на македонски јазик, на наречјето што се говори во околината на селото Нестрам, Костурско. Автор на писмото бил учителот Димитар Цанко, кој изгледа го владеел грчкиот јазик освен својот мајчин македонски и тоа солидно и бил и одличен калиграф. Истиот Цанко заедно со поп-Теодор Иконом учествувал и во преводот од грчки на македонски јазик на едно изборно евангелие од село Бобошчица со 17 листа.
Освен евангелијата, апостоли и други материјали за кои погоре стана збор, што биле напишани на македонски јазик со грчка азбука, на ист начин бил печатен и турскиот закон од 25 јули 1851 година за битолските чифлигарски села, во печатницата на македонскиот преродбеник и родољуб во Солун Кирјак Држиловец.
Фамилијата Држиловци го посветила сиот свој имот на македонското национално дело, а во тоа возвишено дело изгорел и животот на два члена од истата фамилија - Ѓорѓи Динката и Славка Динкова Држилова.
2. Просветители и преродбеници од Јужна Македонија Кон триесеттите години од минатиот век, Солун постепено се претворил во духовен центар не само за Македонците од Солун, туку и на цела Македонија. Во овој период како во Солун така и во другите македонски градови македонската граѓанска класа -трговската група и занаетчиите - печалат се повеќе економски позиции во Македонија за да се спротивстават на конкуренцијата од грчките и турските трговци, за да се ослободат од духовната и просветната доминација на Грците.
Сега, повеќе од секогаш, ја чувствуваат потребата од школување на своите деца.
Благодарејќи на бројната македонска интелигенција и преку врските со словенските манастири во Света Гора - Зографскиот и Хилендарскиот, Солун станал центар на засилена црковно-училишна дејност. Тоа било забележано особено по доаѓањето во градот на македонскиот просветител и прв печатар во Солун, архимандритот Теодосија Синаитски, од Дојран.
Каква е жедноста на солунските Македонци за учење на мајчин јазик ни сведочат и сочуваните записи на македонскиот еснаф во Солун од 1833 година. Во хрониката на споменатиот еснаф напишана на македонски јазик од Негрија Блажев, читаме:
“Дебренци и Крушовци и Кичевци, желеејќи на срцето си за словото си ут ден почнае да се мислат како да се потрудат и да си направат некакво средство: за словото си да не се изгубат, та да си направат или црква или некое училиште. И почнаа малу по малу од 1833 година од некој си ученика учена ут тоа град от некој си монах јабанџија сиреч чужденец по славјански...” (* Симеон Радев, “Македонија и б’лгарското в’зраждане”, стр.
300.)
Од цитираната погоре хроника на шивачкиот еснаф дознаваме дека нивните деца две години ги учел на словенски ракописи еден руски калуѓер во Солун, зашто се уште немало печатени книги на македонски јазик. Дури во 1839 година била отворена македонската печатница на Теодосија Синаитски, во која се печателе книгите на пионерите од македонскиот литературен јазик Кирил Пејчинович, на Хаџи Павел Божигропски, на Јордан Хаџиконстантинов - Џинот и на други македонски преродбеници.
Во националната преродба на Солун видно место зазема фамилијата на браќата Константин и Кирјак Држиловец, родум од воденското село Дурзилово. Константин бил учесник во грчкото возтание од 1821 година, подоцна во Солун, потпаѓајќи во чиста македонска средина, станува пламенен патриот и до крајот од својот живот се бори за националните права на својот народ. Кирјак Држиловец, по Теодосија, бил втор македонски печатар и во неговата печатница биле печатени многу книги на македонски јазик на воденски говор.
За печатницата на Кирјак Држиловец во една дописка од Солун и печатена во “Цариградски весник” бр. 479 од 16.IV.1860 година, дописникот пишува: “Пред повеќе од десет години некој си господин Кирјак Држиловец достави овдека типографија и им причинуваше големо задоволство на жителите, зашто тие сите првоначални книги на грчките училишта во таа типографија се печатеа и со цени умерени се продаваа. Сега, меѓутоа, кога г. Кирјак Држиловиќ мислеше да донесе и бугарски слова, за да печати книги на македонски јазик за овдешните жители и со кое добро ќе беше, ете излегуваат ненависници Грци, наоѓаат причини, го наклеветуваат г. Кирјака и успеваат да му ја затворат типографијата. Со тоа кедер голем стана, но со божја волја тој пак ќе чспее да ја отвори својата типографија и дај Боже”.
Од фамилијата Држиловци било отворено и првото македонско училиште во Солун во 1865 година, кое во прво време работело во самата куќа на Држиловци. Во хрониката на Негрија Блажев, член на шивачкиот еснаф во Солун, се говори за отворањето на училиштето во кое најпрвин оделе девојчиња, а подоцна и машки деца. Со училиштето раководел ќерката на Константин Држиловец, Славка, која во тоа време имала одвај 18 години.
Славка Динкова, штотуку ја завршила грчката гимназија.
Нејзиниот мајчин јазик бил македонскиот, но не знаела да чита и пишува на својот јазик. Првите знаења од македонскиот јазик ги добила од својот постар брат Ѓорѓи.
Славка национално-просветното дело го започнала скромно и тајно. Во нејзиното училиште доаѓале деца од сите македонски маали од градот. Од 17, во првата учебна година, учениците во втората година се качиле на 27. Повеќето од нив биле деца на шивачкиот еснаф. Училиштето во прво врме се издржувало од личните средства на фамилијата Држиловци, но подоцна во трошоците учествувале и членовите на шивачкиот еснаф, меѓу кои и устабашијата Деспот Крушовали, Јосиф Франго, Гешко од Галичник, Петко Деспотов од Радовиш, Стојан Бого од Врбица како и од други видни Македонци од Велес, прилепчани, битолчани и други. Од еснафот биле избрани тројца надгледувачи на училиштето Ѓорѓи Динката, Веле Негрев и Кирјак Држиловиќ.
Освен својата дејност како учителка Славка Динкова со ист ентусијазам преведувала и самата пишувала статии за воспитувањето на децата. Текстовите ги преведувала од француски на македонски јазик, на солунски дијалект. Голем број од тие статии биле објавени во цариградскиот весник “Македонија” од 1868 година.
Задолженијата како на учител и управител во тие први години на македонското просветно дело, полно со мачнотии поради немање на помагала и литература, а осем тоа и поради пречките и интригите на патријаршиското духовенство, ја истоштиле Славка до крајност. Неа ја крепела само патриотската амбиција.
Но, таа не можеше долго да издржи и во 1879 година умре од истоштување, оставајќи зад себеси еден прекрасен спомен и светол лик на скромност и бескраен патриотизам.
Уште помаркантна фигура, која се истакна во борбата на македонскиот народ за родно училиште и црква во периодот на нашата национална преродба беше Ѓорѓи Динката, син на Константин Држиловиќ и брат на Славка Динкова.
Роден и одгледан во една фамилија каде секој член беше надахнат и опиен од идеалот на националната преродба, Ѓорѓи Динката го продолжил со уште поголема жештина будителското дело на својата фамилија. Tој во прво време учел во грчката духовна семинарија во Халки (Цариград), а потоа во 1860 година заминал за Москва за да се посвети на теолошките науки. Во московските библиотеки на Динката му се дало можност да се запознае со руската култура и македонската историја, за која црпел податоци од богатите архиви. Од Москва Динката се враќал во Македонија не како теолог туку како пламенен револуционер, напоен од слободољубивите чувства и социјалистички убедувања - крајни идеи како што се нарекуваа во тоа време, бидејќи во Москва Динката се движел во кругот на напредните луѓе, меѓу кои го проповедале социјалистичкото учење познатите пионери на социјализмот во Русија - Чернишевски, Доброљубов, Белински и други.
Динката пред себе си поставил тешка задача: неговиот народ да се ослободи од мракот на неписменоста во кој го држи апсолутистичката отоманска држава и патријаршијата. Да се дигне глас против семоќните владици во тоа време, кои ја уживале полната доверба и поддршка на турските власти, а тоа значеше човек однапред да се осуди сам себе. Кога Динката се вратил во Солун и отворено започнал борба против чорбаџиите и духовенството, што на семожни начини го експлоатирале македонскиот народ, тој бил обвинет пред турските власти како опасен човек за државата на Падишахот, руски апостол и револуционер. Динката бил фрлен во Видинската тврдина 1862 година, а оттаму во цариградските затвори, откаде е ослободен со руска интервенција дури по две години.
По излегувањето од затворот Динката го продолжил големото дело и со својата сестра и на нејзино име го отвора како што видовме погоре првото словенско училиште во 1865 година.
Како резултат на агитацијата на Динката во Солун и околината помеѓу Македонците кои доаѓале во градот за трговија, почесто се сретнувале со своите духовни водачи во местата “Јаси Ол”,
“Чауш манастир” и по други места. Во 1866 година била предадена петиција до централната турска власт од име на сите Македонци од Солун. Со оваа петиција се барале права за Македонците од Солунскиот вилает. Во 1868 година, на 8 февруари, како резултат пак на дејноста на Ѓорѓи Динков, било свикано “народно” собрание во Солун. На ова собрание бил избран и општински совет од Иван Лазаров, касиер, Блаже Х.
Лазов, Димитар Паунчев, (Кирјак) ,Држиловиќ, Јосиф Петков и Tрајко Петровиќ како советници, а помошници Панајот Лазов и Стефан Х. Василковиќ. Дејноста на македонската општина во Солун главно се состоела во отворање на училишта и извојување на своја независна црква со македонско свештенство. Солунските општински првенци во таа своја дејност имале голема помош од македонските преродбеници и од другите краеви на Македонија – Кузман Шапкаров, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов, Нако Станишев и други.
По првото, во 1870 година во Солун, било отворено второ училиште при “Вардарската порта”. Во 1880/81 учебна година по настојување на Кузман Шапкаров биле отворени и две гимназии, што работеле се до 1913 година.
Ѓорѓи Динката патувал низ Македонија, собирал географски, историски и фолклорни материјали, а истовремено се занимавал и со пишување на статии, преку кои се стремел да ја пробуди словенската свест на македонскиот народ. (И кај Динката често била присутна заблудата како и кај другите наши преродбеници, да зборува за Бугари во Македонија, што доаѓало од една страна од недостатна информираност, за која било сеедно дали Македонците ќе се наречуваат Бугари, или македонски Словени).
Динката преведувал и некои книги од руски на македонски јазик. По наредба од солунскиот валија во 1868 година го правел турскиот закон за тефишите (инспекторите) и брошурата за обработување на репката. Пишувал и стихови со патриотска содржина, од кои позната му е песната “Самовила”. За јазикот на Ѓорѓи Динката бугарскиот учител во Солун во тоа време Салгантџиев во статијата: “Учителјо Динката”, бележи:
“Динката говореше бугарски по таканареченото пуливашко
(Воденско) наречје, кое тој многу жарко љубеше и бранеше, наречувајќи го најблиско до црковнословенскиот јазик” (Подвлекол Х. А.) (“Македонски глас” бр. 27 година I, од јуни 1885 година.) Овој пасос од статијата на Салганџиев убедливо говори дека и кај Динката како и кај мнозина други македонски просветители се појавувал стремежот за култивирање на македонскиот литературен јазик и да ја истакнува индивидуалноста на македонскиот народ, иако уште не многу одредено.
По неколку години учителствување во Прилеп и Витола, Ѓорѓи Динката дошол во костурското село Загоричани.
Во Загоричани Динката се покажал смел реформатор и во училишна система. Дотогаш во воспитувањето на учениците биле употребувани најсурови религиозни педагошки воспитни мерки. Тогашните грчки полуучени учители што учителствувале во Македонија казнуваните учениници ги мачкале на лицето со катран, им товареле на грбот по 10 оки камења и ги терале да шетаат по клупите. Други ги ставале да клечат на подот, откако под колената им ставале чакал или сув грав. Место тоi суров деспотизам во училиштето, тепањето и насилието врз децата, Динката вовел слободно воспитување и човечки однос кон децата.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/the-truth-about-greek-occupied-macedonian-vistinata-za-egejska-makedonija-e-book-macedonian/1 на 29 октомври 2026