Vistinata za Egejska Makedonija
БЕЛЕШКИ
БЕЛЕШКИ
1 Солунски весник “Проодос” од 2 октомври 1926 година со задоволство констатира дека “Анадолската катастрофа го имаше барем тој благопријатен резултат за Грција, што ги премавна конечно споровите врз еден дел од Полуостровот, со тоа што на Грција конвенциите за размена на населенијата и обезбедија хомогеност на населението во Македонија”. А францускиот полковник Ламуш, член на Комисијата за заштита на малцинствата при Друштвото на народите, во еден извештај вели дека Грција конвенцијата за “доброволна размена на населенијата ја претвори во принудно протерување на македонското население од неговото родно огниште”.
2 Зборник “Саранда хронија агонес ту ККЕ” (Четириесет години борба на КПГ) стр. 144 и 261.
3 Пак таму.
4 Од село Попожани, Леринско, во 1925 година во затворот “Еди-куле”, во Солун беа затворени Атанас Попгеоргиев, Тодор Кировски и Димитар Скендеров за велепредавство и автономизам и долги години држани в затвор без јавно судење, иако владата на Венизелос во 1928 година имаше дадено амнестија за политичките осуденици.
5 Во прилогот на белешките приложуваме осум досега необјавени официјални доверливи писма на грчките органи за безбедност, од кои се гледа специјалниот режим спрема Македонците за да им се влее страв и да се откажат од својата борба за национално ослободување, или да бидат принудени на иселување. (Писмата се со датуми: 27 јануари 1930, 15 мај 1930,
22 април 1931, 3 мај 1931, 13 јули 1935 година и 24 април 1939 година.)
А) ПОВЕРЛИВО IX Дивизија Биро на штабот Протоколен број Е. П. 1172/104 27.I.1930 год. IХ-ти пограничен сектор IX Дивизија Лерин Ви го јавуваме следното:
1. Деветтиот пограничен сектор и полициското началство да пристапат кон постојано следење на секого кој е во некаква врска со сомнителните луѓе, заради нивните бугарско-македонски чувства, да се следи нивното движење од село во село итн.
2. Подробно да се испитува целта на нивното доаѓање во горенаведената област и воопшто нивниот живот.
3. Да се извршат ненадејни претреси во нивните станови, како би се пронашле сомнителни акти и сомнителни работи.
Сите горенаведени настојувања ќе треба да се извршат внимателно под разни мотивации, така што да не предизвикаат сомневање кај сомнителните типови, тие да бидат следени, бидејќи на тој начин ќе се открие нивната мрежа.
Б. Министерство за надворешни работи Број на протоколот 5551 Објава Втори корпус Атина, 15 мај 1930 година, Апсолутно поверливо.
До Министерството за внатрешни работи.
Во врска со вашиот акт од 25 април оваа година под бр. 7/21, имаше чест да ве известиме дека и јавивме на нашата амбасада во Софија за нашата цел за откривање на мрежата врз основа на добиените податоци. Горенаведената амбасада со свој одговор ни го става до знаење следното:
Не е точно дека постои каков и да е договор меѓу грчките комунисти и македонските комити. Таков договор има само меѓу федералистите на Влахов, кој живее во Виена и грчките комунисти.
Христо Цветков доаѓа од Албанија во Грчка Македонија како претставник на федералистите, за да ги определат подробностите од договорот.
2-и Корпус на војската К. Д.
Ц) Деветта дивизија Началник на штабот Штаб II биро Е. Мандакас - потполковник.
бр. на протокол 740 До Деветтиот пограничен сектор Лерин.
На 15 февруари во Лерин беше свикан состанок на органот на Комитетот ВМРО (Обединета). На овој состанок зедоа учество Стојчев, Миланов, Панчев и Динков.
Наредуваме:
На секој начин да ги утврдите податоците за јавеното и навреме да не известите.
Кожаник, 22 април 1931 год.
Командант на дивизијата Д) број Е. протокол 2445 Гр. Фалкреас Генерал-мајор.
До Вториот и Третиот корпус на Армијата.
Имаме чест да ве запознаеме дека, според известувањата на нашата амбасада во Софија, во првата декада од месец јули дошле во Софија 18 младинци од Ениџе-Вардар и Воденско, кои се ставиле на располагање на ВМРО (Обединета).
Молиме на секој начин да ги утврдите имињата на овие луѓе, а исто така и за секоја друга вест да не известите.
Атина, 26 јули 1930 Наредба на министерот заменик-командант г. Брондамитис Во горе наведените случаи можевме да видиме дека грчката реакција го имаше мобилизирано целиот државен апарат, безбедноста, известителната служба на војската, разни агенти итн. Да видиме од друга страна, каква помош и дале на грчката безбедност Бугарите и Србите.
Е) број 12/2/362 Поверливо - лично Биро на пецијалната безбедност Извонредно итно Лерин, 3 мај 1931 година ПОЛИЦИСКОТО НАЧАЛСТВО, ЛЕРИН До високата команда на полицијата за Македонија (Биро на специјалната безбедност).
Солун.
Чест ми е да ве известам дека, според податоците добиени од југословенските власти во Битола, ВМРО (Об.) ја поделиле цела Македонија на 11 сектори и тоа на три сектори грчка и на 8 српска Македонија.
Командант Петракис Ф) IX-от Пограничен сектор До полициската команда во Лерин.
Според известувањата добиени од српскиот капетан Драшкуља Георгиќ од спротивната страна на селото Раби, во пограничниот албански сектор Бернин, се собрале околу 60 наоружани бандити.
Како што е познато тие се готват да нападнат на нашата територија, а најглавно на југословенската.
19 декември 1930 година Командир на водот
(потпис нечитлив)
* Овие два документа се доволни за да докажат за тесната соработка меѓу Глигзбуршка Грција и Југославија на Караѓорѓевци против прогресивното движење на македонскиот народ за неговата национална, политичка и економска слобода.
Тука ќе наведеме уште еден документ што ги побива тврдењата на грчката реакција, дека неводно македонското движење се раководи и одржува од бугарските конзули и дека наводно Македонците се Бугари. До колкава мера постоеле Бугари или бугарофили во Егејска Македонија, еве за тоа што говори следниот официјален документ:
* Број 13/176/8 Поверливо лично - со признаница Биро на специјалната Лерин, 13 јули 1936 година безбедност Полициското началство во Лерин До Вишата команда на полицијата за Македонија
(Биро на специјалната служба)
Солун.
Во врска со изборите од 9 јуни оваа година во Костурскиот округ.
Чест ми е во врска со извршувањето на вашата наредба под број 15/158/1 од оваа година да Ве известам, дека за време на изборите во село Горенци од 9 јуни 1935 година, пронајден е еден глас каде што беше напишана реченицата: “Да живее Бугарија - долу Грција” а тоа не се осум такви случаи како што извести од страна на Третиот корпус на војската разузнавачот Андреас Папанајотопулос, кој веројатно ги предимензионира работите.
Горенаведениот глас, како што извести полициското началство во Костур, тамошниот јавен обвинител како претставник на судот при изборната единица во Горенци под број 195 од оваа година, испратен е заедно со другите акти на овдешниот обвинител. Не преминувам преку тоа да не ве информирам дека ниеден друг случај од ваква природа не се појави во делокругот на мојот округ, според досегашните известувања од мојата служба.
Наредба УТРЕ Командант IX пограничен сектор (м. п.)
И. Франгу - мајор
* Број 6 - Покана КРАЛСТВО НА ГРЦИЈА Јавниот обвинител на селото Долно Котори, врз основа на членот 143-145 го повикува Георгиос. Ј. Митруси жител на селото Неред, лично да се јави пред овој суд на 15 мај 1939 година, ден понеделник во 9 часот претпладне, за да му се суди, бидејќи на 19 февруари истата година беше фатен од органот на полицијата да говори со други лица на словенски јазик.
За прекршок на членот 697 н. н. во врска со Указот на полицијата број 15/36.
Доколку истиот не се јави ќе му биде судено во отсуство.
Село Неред 24.IV.1939 година.
Печат Јавен обвинител на Долно Котори Јавен обвинител
(потпис нечитлив)
6 Весник “Македонско дело” од 10.VII.1931 година.
7 “Ризоспастис” (Радикал) орган на Комунистичката партија на Грција.
8 Приложено писмо на Министерството за надворешни работи под бр. 5551. од 15 мај 1930 година.
9 Димитар Митрев “Пиринска Македонија” во борбата за национално ослободување, стр. 244.
10 Посебна брошура со текстови од дискусиите во грчкиот Парламент од 25 април 1936 година, четири месеци пред да биде прогласена диктатурата на Метаксас (4 август 1936).
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/the-truth-about-greek-occupied-macedonian-vistinata-za-egejska-makedonija-e-book-macedonian/6 на 29 октомври 2026