Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

On the Road of No Return

ВТ0Р ДЕЛ - Part 20

Од Петре Наковски · Дел 26 од 26 · Околу 2 минути

Читај на English

Од полски на македонски јазик има преведено и објавено 48 литературни дела и поголем број песни и раскази од македонски автори на полски јазик, како и драмата Црнила од Коле Чашуле (поставена на сцена во полскиот град Катовице (1971), Антологија на македонската современа поезија под наслов Песни од Охрид објавена во Краков 1974, избор поезија од Раде Силјан Траги на времето (2010) и Прагот на минатото од Трајан Петровски (2014) објавени во Торуњ од издавачот Адам Маршалек.

Добитник е наградите Златно перо и Кирил Пејчиновиќ ( за преведувачки опус), а во Полска со Златен медал за заслуги за полската култура (1976), со Наградата на Z АiKS ( Асоцијација на сите полски автори (1982), Златен орден на командоријата (1999, со овој орден претседателот на Полска ги одликува успешните амбасадори) и медалот BENE MERITO, одликуван од Министерството за надворешни работи на Република Полска за јакнење на соработката меѓу двете држави (2010).

Оженет е со Дитта (Афродита) и е татко на две ќерки, Миленка и Татјана.

Романите на Петре Наковски беа предмет на магистерски труд на Татјана Пеливанова под наслов Литературата на фактот во романите на Петре Наковски одбранет на 14 февруари 2014 година пред комкисијата во состав: проф.д-р Венко Андоновски, проф.д-р Кристина Николовска и проф.д-р Весна Мојсовска - Чепишевска, при Универзитетот Кирил и Методиј, а под менторство на проф.д-р Кристина Николовска.