Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

ЗАКЛЕТВА - Part 01

Од Стојан Кочов · Дел 8 од 26 · Околу 19 минути

Читај на English

ЗАКЛЕТВА:

“Се клнам шчо до последната капка крв ќе се борам за слободна Македонија и шчо ќе бидам верен на Македонскиот Костурски Комитет и нема да станам предавник. Ако станам измамник, нека ми се ш нди со револверот и камата шчо за верност ги бацвам!

Слобода или смрт!” Што рекоа за нашето братојадство:

1.“...Некои луѓе што се бореа против бугарските комитаџии и загинаа за да сочуваат голем дел од Македонија во Грција, воопшто не зборуваа грчки, тие го зборуваа нивниот идиом. Тие сметаа дека се Грци и се бореа и гинеа за да ги сочуваат своите села и таа област, во Грција, со грчко знаме во своите раце. Ако тие толку многу мислеа дека се Грци, тогаш беа Грци. Теодорос Пангалос (Интервју ”Дневник”/98)

2. “...Со појавата на т.н. “Комитаџии” (М.З. Комитите беа синови и внуци на Илинденците, кои во Илинденското востание ги имаа ослободено градовите: Невеска и Клисура и сега беа организирани во борба против црните банди - Пауџиите. На 5 март 1943 година само во Костурсско беа наоружани од италијанскиот гарнизон повеќе од 54 села и нивниот број беше околу 9.850 обружени Комити, но да видиме како сето тоа го објаснува Маркос), кои во почетокот ги организираше бугарската влада од Софија со помош на нејзините шпиони. Но, Славомакедонците, заедно со грчките вооружени единици, активно се бореа против “комитаџиите” - кои се бореа против интересите на македонскиот народ, и во тие борби Македонците имаа дадено многу жртви. Всушност “комитаџиите” со својата борба не само што не успеаја да ги збришат правата на македонскиот народ во Егејска Македонија, туку со таа своја борба се уништија самите. Кога ЕЛАС**, заедно со славомакедонските одреди, ги зазеде областите во кои беа комитаџиите, уапси многу припадници на нивните формации и со тоа ги уништи остатоците на реакцијата...” Генерал Маркос, Фељтон (Интервју со Ј.П) “Пулс”/98 1.4 ЗОШТО И КАКО ОД КПГ, МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРЕКРСТЕНИ ВО “СЛАВО - МАКЕДОНЦИ”?

Кој не прекрсти нас Македонците под Грција во Славомакедонци и зошто? Зошто “Славо - Македонци” само во Македонија под Грција, а не и во другите делови, што се најдоа под окупација по 1913 година и под Бугарија, Србија и Албанија? Дали тоа име ни го дадоа Комунистите, или грчката држава? Зошто во годините на Граѓанската војна, раководството на НОФ (сега, по 23 април 1945 година, не СНОФ) дозволи да ги регрутираат и да се борат Македонците како “Славо-Македонци.” А историографијата вели дека НОФ претставуваше воено-политички фактор; или важеше, како и за сите витални национални прашања семоќното оправдување, “другарите одозгора, рекоа така...” Но, колку внимание на овој проблем му посвети историографијата (што најмногу има пишувано за овие состојби); колку науката, политиката, писателите? Очигледно дека овој проблем долго време се толкуваше како “Егејски”. За да не се сфати, дека за се се виновни само “Егејците” во овој полувековен молк по Балканскиот пакт од 1953 година, имаше и уште посериозни проблеми и со еден од нашите писатели, кога за нивните преведени книги, во критичките осврти, Грците зборуваа за “писатели од јужнословенскиот дел на Југославија”, а на тоа никој не се побуни, и така си течеа и течат работите по многу прашања; само грчкото лоби не дозволи да погреши во долготрајниот стремеж за нашето национално разнебитување.

По развластената Грција од окупаторите, КПГ организирано успеа целата територија на Македонија под Грција да ја држи под нејзина контрола, бидејќи интегралниот македонски фактор го немаше. Тоа се должеше на познатиот факт, дека КПГ уште пред Втората светска војна имаше свои луѓе, кои се согласуваа и работеа по нејзината програма, а меѓу нив, се разбира, и голем број Македонци комунисти, односно членови на КПГ.

Бидејќи комунистите сега по националното прашање имаа став против обединета Македонија, врз основа на прокламираната политика од Коминтерната, буржуазијата на грчката држава во Комунистите повеќе не гледа опасност по тоа прашање, туку опасноста ја гледа во класичната промена. Не постои став од некакво заживување на македонштината (посебно по измената на етничкиот состав) туку државата беше посигурна во комунистите Грци и, како што се покажаа, тие се претставија и како поголеми мајстори во обезличување на Македонците.

Бидејќи тие беа и на чело на КПГ, а во Македонија, со нивното доаѓање, тие добија и парче земја, и жестоко се бореа да пуштат што подлабоки корени. На сите нив им била целта да го разбијат македонското јадро. И на Македонецот под Грција дури и во свеста да му всадат дека постојат во Грција само Славомакедонци. Тоа им беше стратешка намера, но за вољата на вистината, тоа најдобро може да се види и согледа во ставот на КПГ од двата наслова кога во 1951 година под редакција на КПГ излазе книгата.

Во книгата има два наслова што ја покажуваат намерата дека во Грција има само “Славомакедонци”:

Тука навистина се зборува за нациолно ослободителните борби на Македонците, па се до поделбата на Македонија (1913) и што е најважно со многу детали.

Значи очевидна е сега грижата на КПГ за Славомакедонци а не за Македонци и тука почнува да се руши јадрото во свеста кај Македонецот дека постои и само дека има едно македонско јадро.

По измената на населението од 1920-1936 година, се појави проблемот на меѓусебното разликување на самото население на ЕНТОПИИ (Тукашни - староседелци) и на новодојденци (Просфигес - Маџири) и дојдениот персонал од стара Грција по окупацијата на Македонија, односно со поделбата во 1913 година. Познато е веќе нашироко дека по присвојувањето од Грција во 1913 година, грчките власти, за да го изменат етничкиот состав на населението делуваа со различни средства.

Така, според веродостојната евиденција во периодот од 1913-1940 година околу 400.000 Македонци беа принудени да ја напуштат Грција (Види Хаџиев В.1996/) и да се преселат во соседните земји, најголемиот дел во Бугарија. На нивно место грчките власти доселуваа бегалци од Мала Азија. Во угледниот атински весник “Катемерини” од 29.12.1922 година пишува:

1922 година беше решавачка за натамошната племенска (национална, верска и културна) физиономија на Македонија.

Според официјалните извори од општеството на народите (“Настанувањето на бегалците во Грција”, Женева, 1926 година, издадено на француски јазик) Малоазијатската катастрофа и достави на Македонската земја 1923-1924 година околу 900.000 бегалци од Мала Азија. (Види: Хаџиев 1996) Сигурно е дека единствениот позитивен резултат на договорот од Лозана е придонесот (со овие бегалци) за децидното создавање во Македонија на еденствен грчки фронт. Значи, пред тоа таков силен грчки фронт не постоел и оној што постоел им припаѓал на некои други,т.е на насилно иселените Македонци беа на тие што уште останати на своите стари огништа, но покасно во Граѓанската војна доживееа геноцид.

Така за “Ентопиите” (Тукашните), стана синоним во услови на непризнавањето на македонците како нација. Тоа беше прифатено како најблага форма од грчката држава (сега Македонците, не се Славофони Грци, не се западни Грци, не се јужни Срби, туку “Ентопии”). Така, овој поим, може да се сретне се до ден - денес, но оттогаш, за Македонците велат дека тие зборуваат на јазикот “Ентопи” (Тукашни), песните и музиката им се “Ентопика”, но обичниот народец, своето име си го употребувал само со Македонец, и како најсериозен свидетел остана народното национално наследство - народните песни кои ги создал и тие зборуваат за Македонците и за Македонија.

Никаде не се зборува и пее за Бугари, Грци, Срби и Славо -Македонци; ниту за Грција, Бугарија и Србија, а тоа беше и еден од сериозните пречки кога во Грција биле најстрого забранувани.

Грчката држава го прифати сето тоа, бидејќи таквата конфронтација и одговараше, па дури и годеше пред светската јавност дека сега таа прогонва Комунисти, а не луѓе што се борат за своите човечки права, што им беа гарантирани според меѓународните норми. Грчката официјална држава во врска со тоа имаше обврска и според Букурешкиот договор од 1913 година, и според договорот од 1920 година на Атлантата.

Севрскиот договор (10.07.1920). За Грција претставува Договор за заштита на негрчките народности во Грција. Тогагш грчата држава беше обврзана со меѓународни акти, меѓу кои: На Македонците (не на Славомакедонците) да им овозможи да основаат и да имаат свои културно - просветни, религиозни и општествени институции и училишта со слободна употреба на својот мајчин јазик. Но, еве што изјави г. Елефтерос Венизелос

- преседател на владата, на 11 ноември 1930 година, на една конференција за печат во Атина: “Прашањето на македонското (а не на славомакедонското) малцинство во Грција ќе биде рашено, и јас ќе бидам првиот во Грција, што ќе се ангажира за отворање на македонски (а не на славомакедонски) училишта, ако народот тоа го сака”. Според тоа нема никакви разлики во ветувањето од Комунистите (само во името). И повеќе од јасно е дека со програмата на КПГ, и сите договори, што ги имаше владата како обврска според Севрскиот договор, сето тоа КПГ го суспендира. Таа впрочем агитираше за космополитизам за замисленото комунистичко општество; што за целиот тој период всушност претставува едно од најподмолните средства за обезличување на Македонецот.

Таквата сурова реалност и не покажува друго, освен дека на нас, Македонците под Грција, 'рбетот ни беше скршен според становиштето на Коминтерната, откако “светото” раководство на Коминтерната исчека да се завршат етничките чистења (а дотогаш за нашата трагедија ни збор ни став) помеѓу Грција и Бугарија, и помеѓу Турција и Грција, усвојувајќи нова глобална стратегија и тактика, што им ја наметна на сите членки, а што на Грците им беше добредојдена.

Сега буржоазијата (државата на Грција) се повеќе беше убедена, дека КПГ македонското прашање не само што вешто го држи под контрола, туку има и одредени резултати. Еве зошто:

1. Комунистите не го поставија прашањето: Зошто државата врши измена на етничкиот состав на населението во Македонија под Грција? (Види: Како го поставуваат прашањето комунистите од Вардарска Македонија - Емануел Чучков, имал решителен став против колонистите на седницата на Законодавниот одбор на Претседателството на АВНОЈ, одржана на 31 јули 1945 година, сметајќи дека тие се наоѓаат во Македонија за остварување на големосрпските цели; и дека со тоа ја загрозуваат македонската нација). Кај нас не беше прашањето само во носењето на население (населението, што го населуваа, беше исклучиво од Кавказ, а подоцна сите тие беа на чело на КПГ); туку не беше поставено прашањето: Зошто ги прогонуваат староседелците од прадедовите огништа и ги тера за Бугарија? Треба секако да се објасни: Кои беа тие луѓе, што ги прогонува грчката држава? Тие беа наши браќа и учесници во Илинденското востание. Тие беа оние што водеа борба против Цариградската патријаршија и против употреба на грчкиот јазик во црквите и училиштатата, односно спрема познатите бугарско - грчки асимилации, што се вршеа преку црквата. Но, кога се поставува ова прашање пред комунистите:

зошто? Можеби би било добро, како пример, да се знае што во тие години се правеше од Советите во центарот на комунистичкото јадро, од кој ние Македонците очекувавме многу. А тоа, како што пишува во својот фељтон “Непознати страници за животот на Јуриј Андропов”, публицистот Борис Поп Ѓорчев во “Н.М.” од 15.08.1994 година, изгледаше вака:

“...Станува збор за балтичката територија и народ, како “Карелска работна комуна” се приклучи кон СССР во 1920 година, непосредно по октомвриската револуција (откинувајќи дел од Финска) за три години подоцна да биде трансформирана во Карело - финска Автономна Република, со главен град Петрозаводска. Во оваа северна Автономна република живееле над 150.000 Карелци, посебен поблизок до Финците, со нагласена етничка монолитност и околу 50.000 финци. Во процесот на нивната русификација (која се уште трае) во годините пред и за време за во Втората светска војна Андропов имал истакната улога. За седумипол децении колонизацијата го сторила своето: денес Карелија има околу 800 иљади жители, од кои над 500.000 се Руси, има и Украинци, Белоруси, а Карелците и Финците се малцинство.” Значи верувам дека се е јасно! Исто како и со нас Македонците под Грција. Па дури може да се наведе совпаѓањето дека и процесот на нашата грцизација се уште трае. Но, не помалку важно е следното прашање.

2. Комунистите не се спротивставија на менувањето на топонимите и на личните имиња, што го обезличуваше македонскиот човек. А наводно Комунистите биле и се фалени, дека тие најмногу се грижеле за човекот. Можеби. Се покажа дека, само тој да не се вика Македонец. Зошто?

3. Тие не покажаа никаков однос спрема културата и традицијата на македонскиот бит, туку се манифестираше спротивното. Се спроведуваше космополитизам, (што беше нормално за нив, бидејќи тие тука никогаш немале ни прадедовски корен, и дека штом сега во Македонија сите сме Македонци, вие сте Славомакедонци). И, што е вистина, тоа го имаа прифатено македонските комунисти, но не и народот македонски. Ете оттогаш е скршена оската, и тоа само од КПГ

(по променетиот став од Коминтерната), сите станаа според комунистичката логика македонци, а ние домородците (ендопии - староседелците) Славомакедонци. Со таквата племенска одредница Комунистите почнаа да не заведуваат, да не бараат, да не регрутираат, да не фалат или кудат, да не воздигнуваат или понижуваат, познато во политиката “топло -ладно”, оти тоа македонското ПРОСТУМ, секако, лесно не се кршеше.

Така Комунистите, работејќи на тој проблем, како што им требаше, го направија СНОФ, а кога СНОФ чесно си ја изврши задачата, ги “разоружаа” Комитите и тие масовно со радост стапуваа во македонските единици на СНОВ (славјаномакедонска ослободителна војска). Но, во истовреме, кога, инспирирани од своите браќа во Вардарска Македонија, тие ги поставија и прашањата, што можеа да бидат од една оптимална национална опција по македонското прашање, (дури и со предлог на конфедерација), тогаш КПГ, ЕАМ и ЕЛАС постапуваат најсурово и им објавуваат војна, дури и прогонувајќи ги во Вардарска Македонија, односно во Југославија. И сега тие истите ја формираат на 18 ноември 1944 година “Егејската Бригада”, и таа дејствува во Југославија се до нејзиното расформирање, со специјална наредба под бр.236 (строго поверлива), испратена од маршал Тито на 2 април 1945 година, што беше сторено под притисок на Британската мисија.

Но, да видиме што вели Генералот Маркос за сето тоа што се случи со македонските единици: “...Во строго поверливо писмо, испратено до комесарот на 28 бригада на ЕЛАС, се бараше:

“Гоцевиот (се мисли на командантот Иљо Димовски) батаљон да се премести на југ и во краен случај да се нападне и разоружа, бидејќи претставува опасност...” Захариадис го бараше таквиот став, бидејќи тој беше под влијание на Папандреусовата програма на “национално единство” и Папандреусовата концепција “дека за Грција не постои македонско прашање”. Поради таквото политичко застранување македонскиот батаљон беше принуден да преземе мерки, на безбедност. Се направи непријатна ситуација! Додека македонскиот батаљон на планината Бигла се бореше против Германците, го нападна батаљонот и една единица на 28 бригада на ЕЛАС, на која беше командант Јанулис. Борците на македонскиот батаљон мораа да се борат против своите другари (се мисли на ЕЛАСИТИТЕ). На крај, со загуби од двете страни беше разбиена 28 бригада.” (Види: книгата “Генерал Маркос” од Д. Кљакиќ.

Ете такви беа нашите “борбени сојузници” и колку цврсто и почитувано беше тоа сојузништво, што и никогаш го немаше, затоа што тие тоа не го сакаат, туку сакаа да не држат без македонски политички субјективитет. Но, се поставува едно релевантно прашање:

Но, се поставува едно релевантно прашање:

Зошто ние Македонците под Грција, се до крајот на Втората светска војна, не создадовме единствена македонска организација, со чија програма ќе се дефинираше политиката на националната стратегија и политичките ставови; спрема тие многу нарекувани во нашата историографија сојузници (ЕАМ, ЕЛАС и KIII')? Зошто, за цело време бевме во немоќ да превземеме иницијатива за нашето национално консолидирање? Значи, ли тоа, дека со нашето идеолошко робување, не покажавме доволно почитување, ни кон сопствените вредности и просто се потценувавме, интелектуално, недоволно освестени, со јасен интегритет и од друга страна, тоа се респектираше и веднаш на нашиот лабав и понизен однос кон интервенциите на EAM, ЕЛАС и КИТ ?!!

Зарем, не знаевме одпорано, дека ние Македонците под Грција со менувањето на етничкиот состав на населението, сме етничко - геноцидно загрозени? Зар, не можевме да сватиме, дека тезата и на овие “Сојузници" (EAM, ЕЛАС и КИТ) им остана иста, како што ја имаше со години грчката држава:

Македонскиот народ, да се ретчи и просторот да им се тесни.

што значи, и овие “Сојузници" не тераа да правиме се што можевме да го дестабилизираме нашето вековно постоење на прадедовите огништа (со напуштање) и целат им беше да не добиеме ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ. Да правиме се што не водеше во трагичното, смешно и дезориентационо во нашата национална стратегија. Но, кога сме кај националното сознание, да го кажеме и тоа, дека нашето сознание, баш преку тој идеолошки активизам замислувајќи се како интернационалисти и космополити, беше силно нагризувано и постојано изложено на смртоносна ерозија, од замаглената претстава за таквиот непостоен интернационализам и наднационален имагинарен патриотизам, и сето тоа, се покажа катастрофално за македонскиот идентитет, бидејќи во голема мера го ослабна и го обезличи македонското сознание кај Македонците.

Во колку, пак некому, му избледиле сеќавањата, може сето ова да се поткрепи со фактите што имаат историска важност, при обидот за создавање на единствена организација на Македонците под Грција, во јануари 1944 год: “...Со цел да се обединат двете окружни организации Леринската и Костурската, во една и да се определат најзините цели, на 28 јануари во с. Црновиште, Костурско, се одржа состанок на двата окружни Комитети (се мисли на членовите на КПГ ) на состанокот се расправаше, покрај другото, и по следните прашања:

1. Македонското национално прашање, односно судбината на Македонија по војната;

2. Создавање на единствена националноослободителна организација во цела Егејска Македонија;

3. Што е народна демократија? ...и состанокот заврши со неуспех, поради што не беше постигната целта. “(Види: Ристо Кирјазовски, “НОФ и другите организации на Македонија од Егејска Македонија-1945 по 1949 година”, стр.49.).

Значи, не создадовме македонски политички национален субјект, кој би можел да претставува рамноправен фактор во договарањето при сите спогодби во Либан на 20 мај 1944 година или на 12 февруари 1945 година со Договорот во Варкиза, кога согласно со одредбите од овој Договор, дејноста на ЕЛАС беше окончана и тоа беше крај на оружената борба на ЕЛАС, односно пораз на тоа движење.

Всушност, толку на овие околности не упатува и историјата како “Учителка на животот”, поради ненаучената лекција, таа не врати брзо на поправен испит, но и сега не самоорганизирани со некаква македонска опција, туку пак од туѓинците и за корист на туѓинците. Да зборуваме за некаква македонска стратегија, дека сме имале ние Македонците под Грција и затоа влеговме во Граѓанската војна е надвор од контролата, бидејќи веќе се знаеше: Какви сојузници сме имале;

каква поделба на сфери на влијанија настанале по втората светска војна и како најважно; дека сме знаеле во тоа време имало масовни убиства за “Одење во Солун, на Срем”. Што значи, барем денес треба, да ни е јасно, дека злото не го создадоа апстрактните луѓе, туку останува историјата да каже кои се вистинските виновници. Историјата на Македонците под Грција, требаше да биде напишана и да претставува една од најкрвавите балкански и европски книги, кој ќе ги покажеше вистинските виновници и творци на идеологијата на таа војна и етничко чистење, за да како народ имаме спокој за минатото и свест за иднината.

Но, сега се поставува прашањето: Зарем доволно не ги познававме па повторно тргнавме во нов поход со нив во Граѓанската војна? И ЗОШТО?

2.0 КАКО И ЗОШТО ТРГНАВМЕ ВО НОВ СМРТОНОСЕН ПОХОД ?

Секое време си има своја бесмисленост, но по Втората светска војна, да се активира македонскиот синдром преку идеолошкиот активизам над Македонците под Грција е ништо друго, туку само туѓи политички цели - наша историска бесмисленост. Тоа го потврди и историчарот Владо Ивановски во “Нова Македонија” од 11-12 октомври 1997 година (Пренесено од Македонија Тајмс), особено во број 3: “Зошто не на Солун” и дава пресек на настаните, посебно во поднасловите: “Желбите посилни од околностите” и “Ставовите на големите сили”, што заслужува посебен респект. Овоа прашање и други автори во своите трудови го споменуваа:

“Одиме на Солун, а не на Сремскиот фронт...” и сите преминуваа со голема леснотија, а е едно од клучните прашања.

Но тоа прашање, со неверојатна длабинска мисла го отвара и го анализира историчарот Владо Ивановски, а тоа ни ги открива сите други преземени акции од страна на КПМ/КПЈ, (Види:

Кирјазовски Ристо 1966/181) за создавањето на НОФ, АФЖ и нивното раководење од периодот во времето (1945-1946) и секој што чита историја и тој што посакува да знае, лесно ќе открие колку сме грешиле ние Македонците во нашето (само)

жртвување, односно колку и зошто сме ја потхранувале и не сме можеле да ја согледаме трагедијата на Македонците под Грција?

Проблемот изгледа компликуван, но така е навидум, зошто вистината е едноставна, ако гледаме чесно и непристрасно врз суштината на историската објективност. Значи се поставува прашањето: Дали ние Македонците преку таквата стратешка опција бевме интелектуално и воено - политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет и компактноста на македонското население по Втората светска војна, кога меѓународните граници на Грција и Југославија, истовремено станаа и воени граници на двата табора?

Ако во историјата треба да ја гледаме иднината, ме интересира и должност ми е како учесник во Граѓанската војна да ги иследувам корените на злото: како и зошто беше активиран македонскиот синдром по Втората светска војна во Граѓанската војна 1945-1949 година и дали ние Македонците не носиме вина за обезмакедончувањето на Македонија под Грција? Имавме ли стратегија за да ги сочуваме вековните огништа или со тоа му одеше на рака на Грција за израмнување на нејзините интереси, бидејќи добро знаеме со спуштањето на железната завеса, за нас Македонците под Грција, одвај се чекаше некаков повод...

Никако не сакам да зборувам за тоа како само другите се виновни за тоа што се случило со нас Македонците, за сето тоа во нашата историографија се има доста напишано. Но досега не е речено за заедничката одговорност на Македонците. Многу компетентно со непобитни факти проговори Ивановски за:

1. Односот на трите големи сили на антифашистичката коалиција: СССР, САД и Велика Британија;

2. Дека е непобитен и фактот за време на НОВ и ПК на комунистичката партија на Југославија за Македонија и ЦК на КПМ - е присутен проблемот за обединување на Македонија;

3. Го наведе и документот од 16-08-1944 година “Македонија - Меморандум”, на Државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, во кој се вели: “Ние сме готови да дадеме согласност за формирање на македонска држава во рамките на федерална Југословенска држава. Притоа мора да инсистираме оваа држава да не смее да анектира, ниту да бара други територии, независно од тоа дали тие територии им припаѓаат на Бугарија или Грција”;

4. Потоа ја наведе Спогодбата за поделбата на интересни сфери, и дека Грција беше 100% под британско влијание, со право, по потреба, во секое време да може да интервенира со сите можни средства;

5. Дека, Тито, летото на 1944 година, барал од единиците на НОВ на Македонија да се обезбеди јужната граница со Грција.

Тоа значи да се чуваат суверените граници на овие држави;

6. Дека, во тоа време САД ја истакнува неопходноста од зачувување на територијалниот итегритет СТАТУС - КВО на предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција и дека САД беа категорично против каква и да е ревизија, иако притоа признаваа македонска територија во Грција.

И на крај дава заклучок: