Ideological Activism: Macedonians Under Greece
6.0 ПРИЛОЗИ
6.0 ПРИЛОЗИ
6.1 ДЕЛА НА АВТОРИ КОИ БЕА ПОВОД ЗА ЛИТЕРАТУРНА КРИТИЧКА АНАЛИЗА НИЗ ФЕНОМЕНОТ НА ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ (ВИДИ КНИГА: “ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА” ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ “НЕБЕСКА ТИМЈАНОВА”.
ИЗДАВАЧ НАША КНИГА”, СКОПЈЕ, 1989 ГОДИНА.
ДИМИТАР ДИМИТРОВ “УМЕТНОСТ И ЧОВЕКУВАЊЕ”, ИЗДАВАЧ “МАКЕДОНСКА КНИГА”, СКОПЈЕ, 1992 ГОДИНА.
СТОЈАН КИСЕЛИНОВСКИ “СТАТУТОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК” (1913-1987), ИЗДАВАЧ МИСЛА”, СКОПЈЕ, 1987 ГОДИНА.
ИВАН ЧАПОВСКИ “ВРАЌАЊЕ НА ПОЕТОТ ВО МЕГЛЕН”, ИЗДАВАЧ “МАКЕДОНСКА КНИГА” СКОПЈЕ, 1994 ГОДИНА.
НИКОЛА КЉУСЕВ “КАМЕН ОСТРОВ”, ИЗДАВАЧ “МАТИЦА МАКЕДОНСКА”, СКОПЈЕ, 1994 ГОДИНА.
ПАСКАЛ ГИЛЕВСКИ “АНГЕЛИ НА ПРОГОНСТВОТО”, ИЗДАВАЧ “ДЕТСКА РАДОСТ”, СКОПЈЕ, 1993 ГОДИНА.
ПЕТАР НАКОВСКИ “И КАМЕНОТ Е ЗЕМЈА”, ИЗДАВАЧ “ОГЛЕДАЛО”, СКОПЈЕ, 1988 ГОДИНА.
ЈАГНУЛА П. КУНОВСКА “ПЕСНИ”, ИЗДАВАЧ “МАТИЦА МАКЕДОНСКА”, СКОПЈЕ, 1995 ГОДИНА.
ДИМИТАР ЈОНОВСКИ “ОДРАСТОК”, ИЗДАВАЧ “КУЛТУРА”, СКОПЈЕ, 1990 ГОДИНА.
КАТА МИСИРКОВА - РУМЕНОВА “КАТАРНИ ГОДИНИ”, ИЗДАВАЧ “МИСЛА”, СКОПЈЕ, 1992 ГОДИНА.
КОЛЕ МАНГОВ “ВИК”, ИЗДАВАЧ “КУЛТУРА”, СКОПЈЕ,
1979 ГОДИНА.
ВАСКО КАРАЏА “СО Д'МБЕНИ ВО СРЦЕТО”, НА ДВА ЈАЗИКА: МАКЕДОНСКИ И АНГЛИСКИ, САМОИЗДАТ, “НОВА МАКЕДОНИЈА”, СКОПЈЕ, 1993 ГОДИНА.
ДИМИТАР ДИМИТРОВ “МЕЃУ ТОТАЛИТАРИЗАМ И ДЕМОКРАТИЈА”, ИЗДАВАЧ “МАКЕДОНСКА КНИГА”, СКОПЈЕ, 1994 ГОДИНА.
КОЛЕ МАНГОВ “ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЧОВЕЧКИ ПРАВА”, ИЗДАВАЧ МРТ-МАКЕДОНСКО РАДИО, СКОПЈЕ, 1995 ГОДИНА.
ФАНИ МАРТИНОВА-БУЦКОВА “МИТРЕ ПЕНЏАРОВ КОСТУРСКИ ВОЈВОДА”, САМОИЗДАТ, СКОПЈЕ, 1995.
ЛОРИНГ М.ДЕНФОРТ “МАКЕДОНСКИ КОНФЛИКТ”, ИЗДАВАЧ “МАКЕДОНСКА КНИГА”, СКОПЈЕ, 1996 ГОДИНА.
НИКОЛА КЉУСЕВ “ПРЕДИЗВИЦИ”, КНИГА “ВЕРБА И ИЗМАМА”, ИЗД. “МАТИЦА МАКЕДОНСКА”, СКОПЈЕ, 1997 ГОДИНА.
БУНТЕСКИ РИСТЕ-БУНТЕ”МЕТОДИЈА ШАТОРОВ-ШАРЛО (ПОЛИТИЧКИ СТАВОВИ), издавач” Друштвото за уметност Прилеп, Скопје, 1996.
ДОНЕВСКИ ЃОРЃИ, “БАПЧОР”, МОНОГРАФИЈА, ИЗДАВАЧ “ЗДРУЖЕЊЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА”, СКОПЈЕ, 1996 НИКОЛА КИЧЕВСКИ, “ТРСЈЕ И ТРСЈАНИ”, СКОПЈЕ, 1998 КОЛЕ РОШЕВ, “ВОЈВОДИТЕ НИЗ СОБИТИЈАТА И НАРОДНИТЕ ПЕСНИ”, СКОПЈЕ 1998.
6.2. Костурчани низ вековните опстојувања, 20-от век како почеток на погрчување, со цел за тотална асимилација по поделбата на Македонија (1913) и воената катастрофа со геноцидни размери во годините (1940-1949), како феномен на Балканот.
“...О, Боже!!! Перото е бесилно да ги опише ужасите, злоделата на тие ѕверолики луѓе вооружени од глава до пети. Тие извршија ужаси нечуени досега во светската историја на човештвото…” (Од руски преставник на посолството - во Битола, за андарскиот колеж во с. Загоричани).
Повод: Книгите од неколку автори кои се предмет на овој краток преглед се со цел да се разјаснат некои од причините за нашиот геноцид во отсуство на македонскиот фактор.
Истовремено да се презентираат толкувањата и на овие автори кои зборуваат токму за Костурската околија во Македонија под Грција.
По девет жилави децении, само крвта наша остана сведок за геноцидот над Костурчани. Костурската околија го зафаќа нај-јужниот дел на етничка Македонија. Во исто време Костур бил седиште и на костурската Епархија. Ете сега на крајот од веков, многу луѓе си го поставуваат прашањето: Зарем било возможно само од едно костурско село да загинат толку многу луѓе во Граѓанската војна (1945-1949)?
Но ете тоа се случи и ние треба да ги побараме корените на злото барем од основните причини што некои стратешки ги планираное уште од почетокот на веков со појавувањето на грцизмот во Кастуррско, бидејќи од тогаш се до ден - денес Македонците добиваат билет во еден правец и за навек се збогуваат со прадедовите исконски жилишта на тој македонски простор. Нели таквиот вековен чин спаѓа во етничкото чистење на еден народ со вековна култура, кој опстојувал во компактни заедници (села) се до извршениот геноцид во Граѓанската војна
(1945-1949)?
Читајќи ги овие книги се препознаваме. Крвта ни замрзнува зашто знаеме дека се откриваме самисебе, без разлика на која идеолошка страна се наоѓавме и без разлика на тоа во каква политичка облека сме биле облечени, но сите како да трчавме да стигнеме до геноцидот и ниту еден македонски лидер не се најде, да го поучи народот Македонски, дека: Напуштањето на огништето е национален пораз!!!
1. КНИГА: “ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЈА” (РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ) ТОМ ПРВИ. ОД АНГЕЛ ДИНЕВ.
Авторот зборува со пиетет за Илинденското востание, за величината на македонскиот дух, за развојот намакедонскоослободдителното движење од 1893-1903 година и борбата на Македонците за ослободување од отоманското феудално ропство.
Во поглавјето за Костурско, зборува за чисто револуционерниот дух носен во длабочината на душата од костурските војводи:Васил Чакаларов, Лазар Поптрајков, Манол Розов, Пандо Кљашев, Мишо Николев, Митре Влаот и редица други и дека само во костурската околија, активни востаници имало повеќе од 4.170 луѓе. Се покажува, дека навистина кај нас Македонците постоело во тоа време оптимална стратешка програма со крајна цел за создавање на македонска држава на целиот етнички простор на Македонија. Ги опишува стратешките пунктови: Клисура, Невеска и други кои беа заземени од илинденските востаници. Ја опишува масовноста на цалокупното население и дека првата бомболеарница била создадена во с. Смрдеш.
Таквото сведоштво за Илинден го потврдува во својата подолга статија во весникот “Зора” од иули 1995 година ГРЧКИОТ ИСТОРИЧАР.
2. КНИГА: “МИТРЕ ПАНЏАРОВ - КОСТУРСКИТЕ ВОЈВОДИ”, 1994 година, самоиздат, од Д-р Фани Мартинова – Буцкова.
Оваа книга не враќа во храмот на македонската историја. Врши раслојување на историските настани и ни покажува дека македонскиот народ има платено крвав данок за создавање на македонската држава.
Ни ги опишува херојствата на нашите војводи и нивната преданост. Немилосрдната борба против туѓите пропаганди.
Сите тие наши претци - илинденски војводи биле против покорноста и за нив тоа било најниска форма на човековото однесување.
Во духот на објективноста д-р Буцкова издвојува најкарактеристични периоди за с. Кономлади:
1. Македонците во Илинденското востание биле масовни со душа и со срце;
2. Во текот на ЕЛАС (1941-1944), слаб бил озивот, поради недовербата кон грчкото раководство; (Види стр. 228 Меморандум. Тука се опишани сите дејствија на Еласитите спрема Македонците, што значи и одговорот е даден на ова прашање.)
3. Како најкарактеристичен е периодот на идеолошкиот активизам (Граѓанската војна 1945-1949) како резултат од Кономлади имало вкупно погинати 68 борци на ДАГ и имало повеќе од 367 мобилизирзни во редовите на ДАГ и на крај го соопштува и најтрагичното, дека денес по збегот од војната никој не може да се врати на своите огништа спрема законите на грчката држава.
3. КНИГА: “Ο µακεδονικος αγων (Αποµνιµονευµατα) Αρχειον
Μακεδονικον αγωνος Πινελοπι ∆ελτα, Θεσσαλονικη, 1959, ΓΕΡΜΑΝΟΣ ΚΑΡΑΒΑΝΓΓΕΛΗΣ” Во книгата ги опишува своите дејствија што ги имал како основна задача за погрчувањето на Македонците во Костурско.
Познат како костурски Владика - Каравангелис.
Тој со својот обмислен концепт, преку црквата и државната политика, се идентификува со еден загрижувачки модел и во историјата важи како архитип во разбивањето на македонското единство; со крајна цел да изврши ерозија во македонското јадро и да ги доведе Македонците до македонско - македонски судир за да после направи политички пресврт во револуционерните традиции. Каравангелис заедно со андарските чети беше првата комплетна структура во Македонија која се појави во 1900 година со својата софистичка програма преку која посакуваше да ја реализира стратешката концепција за освојување на македонскиот исконски простор и да воспостави власт, за да ја одржува со решителните акции на андрските чети, како што тој самиот ги опишува восвојата книга.Тој модел на Каравангелис,не само што вирееше во почетокот на ХХ-век се до поделбата на Македонија во 1913 година, туку таквиот модел доживува и кулминација на еден долг временски период од 1900-1950 година. Не давајќи да станеме политички субјект во грчката држава, се со цел да го скршат тој оптимум за обединето македонско јадро Таквата полжба се до Втората светска војна, многу јасно ни го покажуваше нашето политичко опстоување во грчката држава, но сепак бевме компактни во прадедовите жилишта и тоа влеваше надеж дека не сме биле национално победени.
Со појавата на идеолошкиот активизам (на тугинците и во годините на Граѓанската војна-1945-1949) ние го доживеавме геноцидот. Но најкарактеристично за нас Македонците е кога се појавивме разделени на идеолошка припадност на Комити -Комунисти, (скоро по исти модел на Македономахи и Илинденци) бидејќи ни беше наложено пак од тугинците сами да се испоколиме, а тие за нас го имаа истиот став:да не нема од Костурските прадедови огништа.
Ете зошто за Костурчани овој период е најкарактеристичен во нашата истарија и покажува како е изгубена и сотрена мислата на македонското единство. Тоа им се случи на Костурчани на еден народ кој имаше блескави победи во Илинденското време, кој ги имаше најсветли ликови во македонската историја (за жал сега заборавени од нашата матична историја).
* Германос Каравангелис роден е во 1866 година во с. Стипси на островот Лезбос. Го завршува минхенскиот Универзитет со голем успех и желба му била да се оддаде во просветата како професор по теологија, но по барање на грчката влада во 1900 година е назначен за Митрополит на Костурската Епархија.
Познато е и тоа дека за владици во епархијата костурска, Цариградската грчка патријархија редовно назначувала грчки архиијереи, кои биле најдобри спроведувачи на елинизацијата на Христијанското население во Кастурско.
Каравангелис за кратко време по сите костурски села создава цела мрежа од свештеници, учители и други, кои ги поткупуваше со златни лири. Тој во овие свои спомени детално ги опишува акциите и најсуровите методи што ги вршел при погрчувањето заедно со Павлос Мелас, началник и организатор на грчките андарски чети, кои се појавија во Македонија во
1901 година.
Павлос Мелас (Микис Зезас) се родил во Массалиа на 29 март 1870 година во угледно семејство кое било дојдено од Епир. По завршувањето на Гимназијата во Атина се определува за воени студии. Во 1891 ја завршува високата воена школа и е произведен во чин на водник од родот на артилеријата. На почетокот во 1904 година владата на Грција донесе решение да испрати четири офицери за да ја проучат на лице место полижбата во Западна Македонија (Костурско) за начинот на борбата за погрчување на Македонците. За началник на групата бил одреден капетанот Александрос Кондули (Алекос Скурис).
Другите тројца се Павлос Мелас (Микис Зезас), Гергиос Колокотронис (Георгиос Панос) и Анастасиос Папулас (Тасос)
убиен е од турската војска во селото Статица на 13 октомври 1904 година на возраст од 24 години. Процесот за убитството бил монтиран од војводата Митре Влаот.
Павлос Мелас бил зет на Драгумис. По неговата смрт го заменува Г. Цонтос (капетан Вардас). Каравангелис, тесно соработувал и со грчкиот конзул во Битола Д. Калерис, со конзулот во Солун Ламброс Коромилас, со капетан Дукас, капетан Рувас, Каудис, банкарот Саропулос, Јон Драгумис и Калапотакис (уредник) на весникот “Емброс”.
4. КНИГА: “АНДАРСКИОТ КОЛЕЖ ВО ЗАГОРИЧЕНИ-1905 ГОДИНА” ОД Д-Р АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ.
Кај овој автор, е карактеристично, тоа што, како историчар строго се придружувал на фактографијата за да ја открие големата трагедија не само на андарскиот грчки колеж 1905 во село Загоричени, туку и над целокупното македонско население во Костурско.
Со овие непобитни факти пред светската јавност го презентирана силничкото погрчување, но и непокорот на македонскиот човек во Костурско.
5. КНИГА: “ГРЧКАТА КОЛОНИЗАЦИЈА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (1913-1940)”, ОД Д-Р СТОЈАН КИСЕЛИНОВСКИ.
Годините на тотална асимилација по поделбата на Македонија (1913), д-р Киселиновски за асимилаторската политика на Грција ја објаснува со исклучителна аргументираност, го објаснува проблемот што настана и продолжува за десловенизација и демакедонизација на македонскиот простор.
Тој вели:тоа е геноцид без преседан во историјата. Теророт врз македонското население во периодот по Балканските војни зеде такви размери штодури и мајчинското чувство се колебаше пред ѕверското однесување на грчката војска. Луѓе, села, градови беа уништувани само за да се реализира идеата;една држава, една нација, еден јазик и една политичка воља.
Тоа се акти на непризнавање,дискриминација и асимилација на Македонците. Киселиновски, зборува за опасностите од современите поместувања, што се случија по Граѓанската војна и доведоа до менувањето на историскиот статус на Македонците и како аргументи наведува дека 30.000 Македонци (меѓу кои 8.000 деца) грчките власти принудија да емигрираат во источно европските земји, а со тоа се појави и нова колонизација со цел да се уништи етничката компактност на последните оази во Костурско, Леринско и Воденско.
6. КНИГА: “НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ И ДРУГИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (1945-1949)”, ОД Д-Р РИСТО КИРЈАЗОВСКИ Авторот вели: Главната поента ја насочив кон организацијата НОФ како главен раководител на македонското национално ослободително движење…, настојував, во трудов, документирано и автентично да ги изнесам многу сложените настани и да дадам аргументирани оценки.
Во истата книга (стр. 338) се цитира од “Нова Македонка”, од 1 април 1948 година: “НОФ и АФЖ имаат историска важност на денешниот ден и наложува на македонскиот народ, да стапи масовно во редовите на ДАГ, зашто само оружената борба и гарантира слобода и живот!” Но, тука се поставува и прашањето: Кога се знае дека НОФ и АФЖ во тој период немаа ниту политичка, ниту воена власт и не пратставуваа никаков Фактор за кого го повикуваа македонскиот народ!?
Уште еден историски податок што го подврдува П. Раковски:
Во 1945 - Во близината на Воден, Егејска Македонија, е одржана Окружна конференција на НОФ за Воденско. На конференцијата, на која зедоа учество 125 делегати од градот и од селата реферат за идеолошката содржина на борбата и формите на борбата поднесе членот на Главното раководство на НОФ Павле раковски, а за финансиската положба на окружното поверенство на НОФ вангел Ајановски - Оче. Делегатите, покрај другото побараа ликвидирање на терористичките селски пољаци. (20 јуни 1994 . Н. М. )
7. КНИГА: “ΟΙ ΑΘΑΝΑΤΟΙ ΤΗΣ ΚΑΣΤΟΡΙ ΑΣ (1940−1949)” од Г. Гкасис Овој автор ја посветува книгата на “Бесмртните Костурчани” кои се бореа со пушка во рака за слободата, демократијата и за промена на општествениот систем за социјализам во Грција. Тој пишува дека тие луѓе умираа со зборовите: Да живее Слободата да живее Социјализамот, да живее КПГ! Да живее Грција! И со тоа ја посветува исклучиво што се бореа на линијата и во редовите на ЕЛАС и на ДАГ на планините Грамос и Вичо.
Авторот со особена грижа ги наведува сите погинати (со доста неточности) од секое костурско село и како документ е од голема важност, бидејќи може да се види вистинската катастрофа што ја доживееа Костурчани (види: прилог табеларниот преглед од погинатите за секое костурско село).
Низ целиот опис во книгата им оддава висока почит на херојската борба на КПГ која го дигна народот (а не НОФ и АФЖ, како што погоре видовме од Д-р Кирјазовски) на оружје за многуиљадната ценета слобода, (Но тука авторот “заборава” да каже дека тие паднати борци се Македонци и нивните семејства и соборци КПГ ги остави по светот и се до ден денес не можат да се вратат на своите огништа). Не само комунист, соборец и граѓанин на Грција, туку и секој добронамерен човек од светот ќе се запраша: ЗОШТО ОВИЕ ЛУЃЕ СЕ ОСУДЕНИ НА ВЕЧНА НЕПРАВДА!?
Зборува за основоположниците на КПГ и за високото партиско членство во Костурската околија и ги наведува како главни:
1. Џимас Андреас - Самариотис, адвокат, функционер на КПГ, член на ЦК на КПГ, член на ГШ на ЕЛАС. Бил член на делегацијата на ЕАМ, ЕЛАС и КПГ за преговорите во Каиро, во август 1943 година. Костурчанец, организатор на ЕАМ и ЕЛАС.
2. Андонопулос Антонис - Периклис, работник, активист на комунистичкото движење од пред војната. Од почетокот на 1943 година до крајот на војната е секретар на окружниот комитет на КПГ за Костурско. Во Граѓанската војна бил комесар на дивизијата на ДАГ.
Така не осведочи комунистот синдрофос ГКАСИС, нас Македонците, историчарите и балканолозите кои посакуваат да ја дознаат вистината за нас Македонците. - КОСТУРЧАНИ.
Тој, со особена почит го направи прегледот (со доста голема приближност на спрема досегашните монографии што се издадени во Р. Македонија иницијаторите на истете села) на паднатите борци и го прикажа во следниот табеларен преглед за сите костурски села и неправи разлика на Македонци и Грци, сите ги именува со грчко име и презиме.
Во последната колона поради компарација се прикажани паднатите борци Илинденци, спрема книгата: “Илинденска епопеја” (Развојот на македонското ослободително движење), Том И, од Ангел Динев.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/20 на 29 октомври 2026