Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

ΟΙ ΑΘΑΝΑΤΟΙ ΤΗΣ ΚΑΣΤΟΡΙΑΣ (1940−1949) - Part 02

Од Стојан Кочов · Дел 22 од 26 · Околу 12 минути

Читај на English

Мамуровски, авторот по нарачка на оваа книга денунцира, ги обвинува тие луѓе и ги клевети пред македонската јавност преку инфорамциите на трачот (спрема сеќавањата) што му беа давани да ја напише оваа кобна клевета за еден цел народ и да всади туѓа свест. Впрочем, за овој автор и за неговото ератантно (конфузно) разбирање и пишување на историографијата за Македонците под Грција, види критичкиот осврт од историчарот Д-р Кирјазовски во Гласник: год. 39, бр.1 -2/ стр. 157, од 1997. Тоа не можат да го сватат само оние на кои им недостига научно и логичко разбирање на причините и последиците. Тоа наше минато, науката треба темелно да го проучи и со тие нови сознанија да ги отстраниме штетните последици од минатото и делбите на Комунисти и Комитаџии.

Во кратки црти, ова што го изнесов, целта мие да им посочам да повелат и ИНИ и овој пишувач, ако стојат на здрави македонски позиции, нека повелат да му одговорат на аторот од следната книга под број 10, од бугарскиот автор Ѓорѓи Даскалов дали навистина во Костурско имаше Бугари и во Граѓанската војна дека Македонците се бореа со бугарска свест?

Но пред тоа сакам да ги изложам моите критички погледи за:

Книгата 9 од Коле Рошев: “Македонските војводи низ собитијата на народните песни во Воденско, Мегленско, Леринско и Косурско, издадавач: Аз БУКИ ВЕДИ, Скопје,

1997.

Оваа книга самоиздат, но ќе видиме дека не му припаѓа на ничија туѓа пропаганда, туку зборува за културното откритие на националниот идентитет на Македонците под Грција и можеби со тоа ќе се осознаеме, дека не треба да не му годиме на туѓите пропаганди, бидејќи и ние Македонците имаме зад нас едно големо културно наследство од нашите славни претци:

Духовно и животно распнатво своето време, авторот на овој труд со голема љубов и умеење го обликува и му даде исконска поврзаност со вековната борба на македонскиот народ и за таа цел; против ропството и жилавоста за неодродување од прадедовите огништа, тој со неизмерна љубов собрал огромен број песни кои во себе ја содржат магичноста, правните -животни услови, ритуално - игровните обреди и свечености, песни кои од уста на уста се усовршуваа, за денес преку овој труд да ги видиме тие високи естетски вредности.

Трудот на Коле Рошев, несомнено претставува едно новооткриено национално богатсво. Тој со својот аналитички и мобилен дух, ставен во одбрана и докажување на слободарската мисла, на правата за опстанок на нашиот човек, со својата човечка филозофија како хроничар на своето време, сиотво акција и како сведок кој учествуваше со несреќите на сопствениот народ на еден најсублимиран начин, како извонреден истражувач и собирач, ни приоопшти изворни и непобитни докази за нашата култура и за нашето вековно опстојување во солунско, воденско, леринско, костурско и низ целиот простор на Македонија под Грција.

Овие величални (импозантни) песни низ кои блика лирика и револуционерност, добро се објаснува и взаемната врска со вековната борба и поетската содржина што е во функција на херојската борба за јунаците на македонскиот народ.

Текстовите се групирани по реони, што несомнено се потврдува и вистинитоста за изворноста на песната и битот и дава можност за подлабока анализа во сите сфери на животот за долгогодишно жилаво опстојување. Низ овие песни предано е целеото богатство на човековите чувства: жалоста и радоста, мечтаењето за среќа и слобода, силната воља и протестот против угнетувачите. Песните од Македонија под Грција се одликуваат не само со својата богата содржина,но и со високата уметничка и естетска вредност. Во нив се чувствува македонската праведна, топла душа, ѕунеше и уште ѕуни и диши а таа магичност, таа љубов го фаќа човека за срце, право за неговите македонски струни…

Посебно на историските песни, овој автор му посветил навистина едно фундаментално иследување. Таквото, комплексно изучување на историската песна, во која е сврзан текстот и напевот, произлегува од мудроста на народот и така постана дел од фолклорот на тоа наше поднебје. Исто така, тоа не ја исклучува можноста за изучување на песната како појава на уметничкиот збор, особено нејзината композиција и богатството на поетскиот лик. Кога се читаат овие песни, небаре на човека му навираат спомените на ехото што ечеше низ нашите роднокрајски планини и полиња, оти со песна се жнееше,се косеше, се кастреше шума, се сечеа големи дрва, се палеа огништа, се пасеа стада овци, се грлеше, се ораше, се свиреше, плевеше, се стишеа живеалишта, се пеленеше, се китеа комити и се испраќаа во борба и со песна се закопуваќе македонскиот човек и затоа овој труд на Коле Рошев претставува едно општествено културно откритие за нашиот национален идентитет на Македонците под Грција и носи национална стојност. Авторот, работејќи со љубов кон овој грандиозен зафат,кој претсставува дел од културното богатство, ни подари дело со висока автентичност и ќе претставува доказ за нашата историја, за нашето постоење на тие простори и ги елиминира сите шпекулуации на туѓите пропаганди за нашиот национален идентитет и македонската свест, што упорно ја негираат нашите поробувачи. Тој, грижливо и одбирливо направил селекција на основните карактеристични показатели од многуобемната светска пупбликација и разна друга литература, посочувајќи ни ги авторите (Слависти, Етнографи, Историчари, Фолклористи, патеписци,видни личности од политиката и религијата и разни други трудови) за да ни ја соопшти автентичноста и зародишот на македонските села и градови со најрелевантните и проверени (компарирани)

податоци: од географијата, топологијата, етнографијата, историјата, религијата, легендите, фолклорот, јазичните дијалекти и со сето тоа од аспект на нашето вековно национално битие на просторите: Магленска околија: Воден и воденско: Лерин и леринско: Костур и костурско, тоа го стори по области поради обемноста на презентирениот материјал, но прикажувајќи ги конкретно интерпретираните песни и интрепретаторите, нивниот повод и локацијата на запишаната песна, со најизворниот јазик и фолклорни белези.

Овие збирки: “Војводите во народните песни” за: Мегленска околија: Боден и воденско: Лерин и леринско: Костур и костурско, се исклучителни и по тоа што авторот, преку своите истражувања, изврши анализа на најситните детали од битот, традицијата на усменото пренесување на културните текови и морални навики, на животот, кои се токму таков белег што ја потврдуваат нашата самобитност на овие простори како староседелци со автентична култура и традиција и како доказ дека и под силните туѓи окупатори не сме прифатиле нивни елементи.

Моделот на постапката и целта на синтезата (соединувања на повеќе разни елементи во една целина) речиси е иста за сите села и градови што се предмет на овој труд и како најкарактеристично, тоа го направил за своето село Саракиново, и тоа:

- Опишана е географската околина, со дел од биолошката географија: со опис и значај на растителниот свет, природните извори и климатските услови. Но, дури има и елементи од политичката географија во која ни ги прикажува општествените и државните односи во вековниот развој на Мегленската околија.

- Историските елементи доминираат во описите, со сите духовни и културни творења (моралност, религија) и животот што памти како сведок на времето, т е, како светлост на вистината.

- Етничката култура е опишана со неверојатна проникливост кон легитимирање на поединецот и групата, до степен на таков реализам, што го наложуваше животот: првичност, вистинитос, чесност и взаемно почитување (како завет спрема потомството, почитување и за чувување на сите стари обичаи).

Авторот ни презентира такви детаљи од општествените навики, норми, закони, системи на комуникација и симболи, знаења,верувања и сфаќања: како тоа на човека да му било одредено со доаѓањето на свет, а тоа имало и одредено суштинско занчење и како крајна цел - опстанок пред суровите поробувачи.

- Раѓањето на песната, се појавувала од гневот спрема, бруталноста, самоодбраната, одважноста, херојството, со еден збор, така се раѓал крикот на нашиот човек во долините на Мегленско и на секаде.

Од овие песни, може да се види, колку немоќни се покажаа туѓите пропаганди пред овој жилав народ и дека не можеа да проникнат во свеста на Македонецот, па дури и ден - денес кога историјата си го продолжи својот тек, па затоа овој труд ќе не врати во размислувањето: дали треба да го премолчиме едно такво културно наследство што ни го оставија нашите предци?

Значи, да се одмакедончиме, да се отутѓиме и да молчиме како во овој полавек под туѓите идеолошки пропаганди и со тоа постепено да си го изгубиме својот идентитет?! Секако, не!

Со овој многузначен труд од Коле Рошев кај секој откорнатик и родољубец ќе го почувствува гласот на нашите војводи кои гинеа пеејќи за Македонија.

Ете, преку оваа компарација за овие две книги (8 и 9) можеме да се увериме, како еден идеологизиран пишувач вррши оутѓување на Македонците нарекувајќи ги Контрачетници и, во овој труд “Војводите во народните песни” како авторот достоинствено го брани своето македонско национално и културно наследство.

10. Книга: “БЕЛГАРИТЕ В ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (Мит или реалност)”, издавач “Македонски научен институт”- Софи.

1996. од ГЕОРГИ ДАСКАЛОВ.

Авторот, со каква цел ја напишал оваа книга е повеќе од јасно, бидејќи се гледа на што тој не упатува кога вели за нас Македонците: Тие од Атина се нарекувани “грко словени”, од Белград, Скопје и Москва “Македонци”, од Вашингтон “Славо-Македонци”, и денес се реален факт во демографската структура на Грција, но тој посакува да каже дека тие се нешто друго…? А тоа го највува во целиот тек на книгата, но посебен впечаток остава поглавјето: 7. Белгарското самосознание во бурѓ та на гражданската војна и во капана на мира. Тој зборува за бугарското самосознание во бурата на Граѓанската војна и зачудува со таквата научна смелост, бидејќи во аналите на историските настани низ таа војна такво бугарско сознание не е било регистрано, тој сето тоа го поткрепува со тоа дека Славјанскиот комитет во Софија, по ликвидацијата на ДАГ (Граѓанската војна) ги згрижи сите тие луѓе и бугарското самосознание го елаборира преку приложената целокупна кореспонденција од тие наши луѓе што имале со бугарските конзуларни служби за нивното доселување во Н.Р. Бугарија, бидејќи од КПГ и од ДАГ, беа оставени по светот. Што значи, тоа што требаше да го направиме ние:да си го прибериме народот во македонската држава, грижата на КПМ/КПЈ кои го натераа НОФ да ги мобилизира Македонците и му ги стави на располагање на КПГ за да ги распореди во единиците на ДАГ.

Тие луѓе беа искористени и на крај ги оставија по светот, а сега борците на ДАГ, во С.Р.М, можеа да се вратат само по одобрение од органите за безбедност, само оние Македонци кои не биле огрешени за време на идеоллошките разидувања по ИБ.

Зарем, во сето тоа не е ли применет истиот модел на Каравангелис: да се доведе до уште еден (можеби и последен македонско - македонски судир за конечно разбивање на македонското јадро, од таа маса на луѓе да искористи кој колку може да направи: “Грци по род”, “Луѓе со бугарско самосознание” и идеолошки војници кои не се погрешиле спрема Југославија за време на ИБ. Значи се случи тоа што туѓинците одамна го посакуваа.

1. Еве што пишува Лоринг Денфорд,во својата книга:

“Македонскиот Конфликт” 1996/90:

“…Троиниот натпревар меѓу Србија, Бугарија и Грција за таа, која земја ќе воспостави контрола врз Македонија почнува уште во 1890 година и сите три нови национални држави испраќаат нерегуларни групи герилски борци (Сега идеолошкиактивисти м.з.).

…Овие три земји водеа жестока пропаганда чија цел им беше да влее “право” чувство на национален идентитет кај христијанските селани во Македонија со цел да ги оправдаат своите права на територијата во која што живеат овие луѓе, само со една цел, сите тие луѓе покасно да го реинтегрираат националното да значи “Грк”, “Бугарин”или “Србин” во национална смисла.” Но сега по граѓанската војна од нас Македонците под Грција посакуваа многу работи, но најбитно им беше прво да не направат идеологизирани војници и како крајна цел да си ги доразрешат малцинските прашања по меѓу овие држави, со крајна цел Македонија и македонската нација да ја снема.

2. Во книгата на бугарски јазик: Фондациѓ “КАРНЕГИ”, Другите балкански војни - Софиа 1995 година, во Вовед:

Кризите на балканите (1913-1993), од Џорџ Ф. КЕНАН, на страницата бр.8.

“Поражението на Турците завршва при положњние, при което веоржените сили на Серби, Белгари и Грци завземат територии на беспомошната Македонци и трите держави има свои аспирации спрѓмо тези територии, които тогаш да се задоволи само со сметка на другите. Ете зашто не е никак изненадваќо, че през лани 1913 г. се стигна до војна между дотогашните сеџзници. Това е т.нар. Втора Балканска војна.” Се поставува прашањето: како можела Бугарија да се бори со сојузници за поделба на своја земја ако Македонија била бугарска земја?

3. Ако од секогаш била Македонија грчка или бугарска, Грција во анектираниот дел од Македонија изврши уште едно етничко чистење. Со таквото етничко чистење во 1927 година, помеѓу Грција и Бугарија со договорот (Молов - Кафандарис) и со договорот Грција Турција во 1923 година во Лозана, во тој дел на Македонија се населија повеќе од 600.000 лица од инородно население и со тоа овие земји меѓу себе си ги разрешија малцинските проблеми. Но да се вратиме на прашањето: Зарем е можно да се врши етничко чистење од сопствениот народ?

Како можела да дозволи Бугарија (Владата на таа држава) да си го зема народот, а земјата да и ја остава на Грција?

Човечанството до денес нема забележано таков феномен. Но секој добронамерен читател, ќе се запраша: Зошто по полавек пак се шпекулира со овоа прашање, и зарем можела бугарската држава така долго да си го заборави својот народ и својата земја и ниту еднаш да не проговори официјално пред меѓународните институции?

Но, едно од најсериозните прашања е следното: Зошто Словените така лесно дозволија (скоро еден век) да се врши изгонување на Македонците од својот исконски простор кои имаа многу заеднички одлики како блиски народи?