Ideological Activism: Macedonians Under Greece
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАСИЗАМ - Part 02
Од погоре изнесената фактографија и од анализата на злото во мојата книга за нашето (само) жртвување, верувам дека моите гледишта за историските години на Граѓанската војна се јасни.
И тие се дијаметрално спротивни на гледиштата, изнесувани во досегашната наша историографија.
Таа војна беше идеолошка, а не националноослободителна на Македонскиот народ. Јас истражувањата ги вршам во името на историската вистина, бидејќи за жал, на нас Македонците, Граѓанската војна половина век спомените се јавуваат како историски товар. И моите аргументи зборуваат дека ние Македонците не треба да носиме историска вина. Но, не смееме да се кочопериме дека ја водевме, бидејќи во неа претставувавме всушност објект, измани - пулиран и (Само)
жртвуван, низ сето време од 1945-1949 година.
Еве сосема накусо зошто:
1. Граѓанската војна не е дело на Македонскиот народ под Грција; туку тој беше во неа насилно турнат од туѓинците (од туѓите пропаганди). Така потхранет; наводно дека сето тоа е само продолжување на традициите од претходните национално
- револуционерни борби, но верувајќи, а и носејќи ја во крвта таквата исконска национална насоченост, Македонците се покажаа извонредни борци на ДАГ, со неопислив хероизам. Тоа го потврдуваат и самите Грци.
2. Да се тврди, меѓутоа, дека имавме национална стратегија, па влеговме свесно во таа војна, во зоната со најголем ризик по Втората светска војна, претворена во воен полигон помеѓу двата табора, и дека нашите организации на НОФ и АФЖ беа некаков воено - политички фактор, тоа во историјата, наспроти објективните факти, претставува самоизмама на еден народ, насочена единствено во полза на дневнополитичките интереси.
Но, најстрашно е, сепак, тоа, што во принудниот половина столетен молк, политичката оценка на нештата заради
“Историското оправдување” гласи, дека “Не сме имале друг избор...” А тоа значи дека и со последиците од таа војна се експериментира политички, кому како што му одговара. Но, кој знае уште што би било, ако беше опфатено целото македонско население со таквата еуфорична политика од воените барабанџии, кои преку целиот тој период единственото, на што настојуваа да му се докаже на Македонскиот народ дека: “КПГ не води по патот, што математички е точно најдобар..”, ако докрај успееше во тоа денес ќе немавме ниту еден Македонец во стариот крај под Грција.
3. Македонскиот народ ги имаше прифатено НОФ, АФЖ и НОМС, што е и природно. Но, грубата и фатална историска манипулација е што тие ни беа создадени нам за нечии туѓи интереси , во тоа проклето време, во кое само преку нив можеа да не натераат сами во јазол да си ја заврземе животната нишка.
Бидејќи Македонскиот народ никогаш немаше да прифати туѓи организации. На Македонскиот народ во тоа време му требаше консолидација; му требаше успореност во отстојувањето на своите огништа. Но, целта на туѓинците беше токму во спротивното. Кога им успеа на овие македонски организации да го кренат народот, со повик, на национална револуција, а познато е дека македонскиот народ беше со векови под една исконска историска фрустрација, кога реката на оваа сила се прелева во туѓи корита. Тогаш оние, што народот ги послуша и појде со оружје во рака, повеќе ниту раководеа, ниту креираа некаква иднина, ишод на таа т.н Револуција. Тоа си беше всушност само класна борба за социјализам во Грција; а не да им се пропагира за некаква национална револуција на Македонците под Грција. А особено кога се препушти со сето тоа да раководат други, во полно отсуство на нас, Македонците.
Ако го анализираме развојот, и падот на ликвидацијата на македонските организации ќе видиме дека секогаш бевме под наглед и режија на црногледи антимакедонски концепции...
Доволно е да се присетиме на првиот пад, кога, на 21 ноември 1946 година, со тн. “Единство” се и беше отстапено на КПГ. От тогаш практично македонските организации беа развластени, и тоа со благослов на КПЈ и КПГ. А тоа значи дека сите национални стратешки вредности беа исто газени, а се се одвиваше преку КПГ и КПЈ. И така, со загубена секаква самостојност, го прифативме ритамот на глобалната индоктринација и за нас повеќето немаше назад. Тогаш и ја загубивме историската шанса за опстанок на прадедовите огништа, бидејќи веќе ја имавме облечено униформата на ДАГ.
И сега им беше полесно да пукаат во нас тие, што одамна имаа наумено примамливо да не искорнат.
Ете зошто е бецселно инсистирањето, ако некој бил комунист и член на КПГ, дека тој е лидер, или национален водач на Македонците под Грција. Тоа доведува до понижување на човековото достоинство, страв од осамостојување. Ја прифаќаме како идеолошка филозофијата за некаква комунистичка гордост. И се поставува прашањето: Дали некој Грк комунист, па и обичен човек, членувал во некоја наша македонска организација? И зошто не членувал. Кога ние сме биле во сите ресурси на ДАГ повеќе од 50%? И, конечно дали Грците толку масовно би отстапиле од своите национални интереси во полза на Македонците? Односно тоа, тоа што го правевме со години ние, и на тој начин стануваме ЕПОНИТИ, ЕЛАСИТИ, ЕАМИТИ, КОМУНИСТИ во КПГ, а не во наша.
Зошто всушност за тие години ние не оформивме комунистичка партија?
Но, време е еднаш да се сфати. Со премногу голем пропаганден триумфализам го турнавме (ле) Македонецот во прегратките на смртта. Тоа го бараа политичките и воените стратези на тогашната зона со висок ризик меѓу двата големи табора.
Меѓутоа со нас некој притоа посакал да си поигра, за да не уништи. Веројатно дека таквата верификација еден ден историјата ќе ја даде. Бидејќи нема таков народ, што прифатил друг да му ја одреди мерата на правдата и на слободата. А особено не на - вистината. И уште помалку, кога за вистината може слободно да се зборува како за - геноцид.
Историјата (сепак) ќе треба да каже: Кој го активира “македонскиот синдром” за нашето (само) уништување?
Бидејќи се е досега историското место на Македонецот во историјата на Егејска Македонија му е одредено спрема идеолошките критериуми и спрема интересите на туѓинците.
2.2 КАКВА ЗАДАЧА СМЕ ИЗВРШИЛЕ?
(СО ГОДИНИ ОСТАНАВМЕ ЗАПУЛЕНИ СО УЖАС ВО МАКЕДОНСКАТА ПОДАНИЧКА СЕКИРА, КАКО Е ЗАРИЕНА ВО МАКЕДОНСКАТА ДУША... И СЕ ПРАШУВАВМЕ ЗОШТО?
Националниот пораз го опевавме како победа.
Збогум Роден крај, Збогум илузијо дека македонската држава е гарант за Македонците под Грција.
Колку свеќи треба да горат за жртвите во Граѓанската војна!!!???
Каква задача сме извршиле? Кога единствена цел беше уништување на македонскиот народ!
По ликвидацијата на ДАГ, сите воени единци на 29-30-08-1949 година се повлекоа од Грција во Албанија. Едно попладне згрмија звучниците и ја прочитаа пораката на Политбирото на ЦК на КПГ и ни соопштија дека: “Единиците на ДАГ, се повлекоа од боиштата во Грција, бидејќи си ја извршија предвидената задача!” 31 август, Бурели, Н.Р. Албанија.
Секој од нас се праша : КАКВА ЗАДАЧА СМЕ ИЗВРШИЛЕ?!
По два дена беа осудени (се разбира учествувајќи и ние Македонците) раководителите на НОФ и беа интернирани во сибирските логори.
Останатите (заедно со Грците кои покасно си ги прибра државата, бидејќи беа Грци по род), се најдовме низ логорите на светот фрлени во идеолошкиот одпад.
Туѓинците точно постапија спрема моделот - жртвата мора да соработува во интерес на туѓите цели, за тоталното доразбивање на македонското јадро. Односно како што мислеа тугинците (нашите очуви од комунистичките партии) за нас Македонците дека сме биле “Послушни идиоти”.
На иљадници политемигранти се нудеше “услуга за услуга” ти ќе бидеш Бугарин, Грк или Југословен, ние ќе ти ги обезбедиме сите права на голем борец (се разбира, тоа не важеше за сите, туку важеше за оние од (НОФ и АФЖ). И резултатот од сето тоа беше да си го искодошиме својот народ, до степен на анатемисување (Павле Раковски еден од видните борци за Македонците под Грција, по смртта, не доби ни сопствен гроб во татковината Македонија, туку беше закопан во туѓ гроб.), врз основа на идеолошко - политичко гледиште во мигот каде припаѓавме. Значи доживеавме време, кое во политичкиот жаргон се нарекува - време на стаорци.
Од тоагаш, па се до денес се прашувам: каква задача сме извршиле ние Македонците?
Некој ќе праша: А потоа што стана со сите вас?
Повеќето, останавме цели 50 години неми набљудувачи, раскажувајќи (пишувајќи) си ја сами историјата за Егејците, бранејќи се сами, оплакувајќи си ги 20.000 жртви сами и во последно време, сами протестираме против навредите од Пангалос на минус 25 степени, без ни еден Вардарец. Тоа покажува дека како македонски народ не сме солидарни во интерес на нацијата, како што тоа го прават Албанците. Повеќе од јасно е дека дефинитивно го добивме конечниот удар и сме доведени да си го коригираме чувството на Македонци во својот паспорт, едноставно и со неверојатна леснотија да напишеме; толку само, дека сме родени во Грција. Ете, зошто, остануваме запулени со ужас во: македонската поданичка секира, како е зариена во македонската душа...
ЗОШТО САМО НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ИМАМЕ МОДЕЛ НА СЕКТОРСКА ИСТОРИЈА?
Тајна чувана пет децении - истосторија без детаљи, бранета со синдромот на моќта, со умислено исторско маскирање. Зошто?!
Постои, можеби, само една надеж за иднината. Таа надеж е луѓето да ги дознаат фактите.
Историјата, време е да ги отвори незараснатите рани.
Оној што барем малку ја знае историјата може да заклучи дека сегашната историографија ги имаше изместено фактите во корист на дневната политика.
За жал, имаме една многу нереална желба - сакаме да ја прикажеме историјата без никаква наша вина.
Историчарот Лазар Лазаров, обработувајќи го периодот за време од 1944-1957 година во својата книга: “Македонија во француската политика на Балканот 1944-1957”, 1998 година, оценил дека треба да направи ретроспектива на нашите реалности, на објективната состојба во која нас Македонците не третираа било под која комунистичка партија да сме биле.
Најверојатно, авторот на овој труд како историчар, појде од тоа дека историската наука има задача на секое општество да му го покаже огледалото на нејзиното минато, за да му даде можност да се соочи со вистината. Но, истовремено и да потврди дека:
полувековното минато не сме можеле така лесно да го менуваме, бидејќи во нашите македонски услови на овие историски прашања уште сме се однесувале како “слободни заробеници”.
Можеби и затоа импресионира по многу нешта, но она најбитното, е дека авторот со овој труд е меѓу првите историчари кој разгради, односно наговестува “ремонт” на еден поголем дел од идеолошката историографија и небаре со тоа го разби моделот на секторската (наша) напишана историја (за Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, која претставува само наш феномен на неинтегрално толкување на историјата на македонскиот народ), која беше градена од “пределкани” факти и аргументи, изнесувани оценки со умислена дисквалификација и дискриминација на многу личности, отстапувајќи од научната етика, и да стане историја за славење на луѓето од политичкиот рејтинг.
Книгата на историчарот Лазар Лазаров, може слободно да се нарече “најжива книга”, во која го елаборира минатото и се говори токму за тие настани; низ една сеопфатна анализа на изобиље од веродостојни факти и можеби со тоа ќе не ослободи од досегашниот колективен страв. Тој како историчар, едноставно направи една ретроспектива од континуиран процес (1944-1957) кои факти му припаѓале на минатото и ги располагал од француската архива. Не осведочи со еден непроценлив дијалог помеѓу сегашноста и минатото. Но, што е најбитно без дотерување на фактите за да одговараат на толкувањето, т.е без да има двоен однос кон фактите и затоа оваа книга предизвикува голем интерес и отвори видик за досегашните табу - теми. Но, со оваа книга ни откри дека во полувеков сме имале еден редок феномен и дека сме имале:
Многу ноеви, а малку песок.
Како што самиот вели: “...Заслужува внимание да се нагласи дека низ официјалната документација на Франција се опфатени и застапени сите три дела од Македонија, третирајќи ги нив како една интегрална целина, не само во географска, туку и во етничка и општествено - економски поглед. Ваквите согледувања се изразени кај Француските дипломати, воено -полтички и економски експерти...” (23).
Оттука се поставува и прашањето: Кој е тој наш автор, кој во интегрален дел не претстави пред светот?!
Можеби книгата: “Македонија и односите со Грција”, Скопје 1993 година од врвот на науката или можеби, пак некој не нашинец како што е авторот на книгата: “Македонскиот конфликт”, Скопје 1996, од Лоринг М. Денфорд, книга која без засенчување не доведе пред вратата на минатото и претставува еклантантен доказ за цената на неинтегралното гледиште во македонската национална историја.
Но, да одиме по ред на нештата, и за да можеме полесно да ѕирниме во корените на злото и мрачните тајни, нека ни послужи како поткрепа во проследувањето на оваа книга и трудот на Тодор Чепреганов 1997 (52): “Велика Британија и македонскот национално прашање 1944-1948”. Тој во својот труд ќе забележи:
“...ЦК на КПЈ во југословенските рамки, македонското прашање го поставува формално, без да навлезе во неговата суштина и покрај фактот што македонските комунисти уште на Конференцијата од 8 септември 1940 година сосема јасно го поставија прашањето за решавање на македонското прашање.
На конференцијата во промовираноста “македонска платформа”, зад која стоел Методија Шаторов -Шарло, се предвидувало борба на македонскиот народ за докажување на својот национален идентитет, за рамноправност со другите народи на Балканот, слобода во својата суверена државна заедница како крајна цел, самостојност или во сојуз со другите југословенски, односно балкански народи.
На 5-та Земска конференција во Загреб Методија Шатаров – Шарло (кој покасно стана жртва на политичките игри) остро реагирал во врска со начинот на поставувањето и ставовите на КПЈ во врска со ставот за решавање на македонското прашање, посебно во однос на ставовите на Ѓилас по националното прашање, забележувајќи му за апстракноста на рефератот, нарекувајќи го дури “Шовинист”. Шаторов истапи со став во кој ја обвини КПЈ за секташко застранување. Според него, погрешен бил ставот на КПЈ по македонското национално прашање, да се чека и да се разреши во текот на револуцијата...” Но, да се вратиме на авторовото иследување и да видиме како тој го анализира синдромот на моќта во еден тоталитарен систем, од нашата блиска историја. И, конечно, ќе се запознаеме како се решавало македонаското прашање и каков беше стремежот и стратегијата за обединување на Македонија под грижата на туѓинците.
Лазаров, педантно ги анализирал ветувањата на политичките лидери што ги добивавме од она наше време, но и не потсетува на нашата ропска послушност, за тоа, како и зошто го држевме чекорот во негодувањето на демагогијата се до денденес, за овие витални национални прашања.
Да проследиме неколку извадоци од книгата и да видиме што кажуваат француските документи за тој периот на времето
(1944-1957):
“...Македонија од сите региони на Југославија е оној каде комунизамот има најсилна позиција. Нивното население е угнетувано со векови од турците, потоа од неговите “Ослободители” и за нив е најприфатлива комунистичката идеологија. Тито најде во овој регион (во Македонија - б.м.)
поткрепа. За Македонците, нивната земја ги опфаќа деловите од бугарските и грчките територии и за вистински главен град го сметаат Солун...” (185).
“До нападот на Информбирото не беа одржани пленарни седници на ЦК на КПЈ, така што целата власт му припаѓаше на Политбирото на ЦК на КПЈ, кое го свикуваше Јосип Броз -Тито, генерален секретар на Партијата.
Македонија за жал, од непознати и неоправдани причини, немаше ниту еден свој претставник во Политбирото на ЦК на КПЈ, освен што Колишевски беше повикуван само на оние седници на кои беа разгледувани прашања сврзани за Македонија. Њаголемата власт беше концентрирана во ова тело, кое де - факто беше нервниот центар, мозокот и наредбодавниот пункт за сите органи и организации во земјата.
Својата воља и политика ја спроведуваа преку: Организационо -инструкционото одделение, Кадровското одделение, Агитпропагандното одделение, како и преку советодавните интерни партиски комисии за одделни гранки на работа - за Народната власт, Синдикатот, ресорот за надворешни работи, за просвета и школство и.т.н.” (102).
Лазаров, во анализата, не случајно си го поставува едно од најсериозните прашања: зошто Македонија немала низ целиот период по Втората светска војна свои претставници во Политбирото на ЦК на КПЈ!?
“...Политбирото на ЦК на КПЈ, а кое го свикуваше Јосип Броз -Тито како генерален секретар на партијата. Политбирото, како извршно тело и наредбодавен пункт за целокупниот живот на земјата, во август 1948 година доби нов состав во кој се забележува дека пак нема претставници од Македонија, а се избрани следните 9 члена: Јосип Броз - Тито, Милован Ѓилас, Иван Бошњак, Едвард Кардељ, Борис Кидриќ, Франц Лесковшек, Благоја Нешковиќ, Моша Пијаде и Александар Ранковиќ..” (186).
Колку за потсетување: според грчката историографија, исто така немаше Македонци ни во Политбирото на ЦК на КПГ, но ни во Централниот Комитет на КПГ, од формирањето, па дури ниту за време на Граѓанската војна, кога ресурсите на ДАГ беа околу 50% Македонци кои на КПГ и служеа многу оддано, а историографијата наша не убедуваше (во колку се појавуваше критика за тоа, одговорот беше : “...подобро да не ја сечеме гранката”, а повеќе од јасно е дека тие што не водеа за време на сите војни, дури ни го посекоа стеблото и не искорнаа, и тие се вратија на своите огништа) толку уверено дека КПГ не треба да носи вина, дури ни за нашиот национален пораз, туку таа не водеше победоносно.
ОД ДЕНЕШЕН ПОГЛЕД Со оваа моја интервенција, сакам да изнесам уште една карактеристична белешка од денешен временски поглед од Никола Кљусев 1998/190:
“...Чентовата влада, од кои повеќето потоа беа жестоко мачени и погубувани по занданите и логорите на титоистичкиот систем. Таа тешка судбина ја доживеаја, покрај Ченто како потпретседател на Президиумот, и двајца потпретседатели, стариот илинденец Панко Брашнаров и професор д-р Мануил Чучков. Потоа истата судбина ги најде секретарот на Президиумот на АСНОМ доктор на Сорбона Владимир Полежина, министерот за стопанство Д-р Лазар Соколов, министерот за правосудство Петре Пирузе и легендарниот гемиџија илинденецот Павел Шатев, министерот за внатрешни работи Кирил Петрушевски, членот на Президиумот Венко Марковски, партискиот секретар и политички комесар на Главниот штаб Бане Андреев и други...” Што всушност оваа книга на Лазаров, за нас Македонците во интегрална смисла значи и на што ни укажува:
Прво: Ние Македонците требаше одамна да си ги избришиме илузиите дека некој друг ќе биде повеќе заинтересиран за Македонците и Македонија, отколку ние самите.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/12 на 29 октомври 2026