Ideological Activism: Macedonians Under Greece
3.0 ВРЕМЕ Е ДА СЕ РАСВЕТЛИ ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА (1945-1949) ВО - Part 03
Трето: ПО ВОЗВИШУВАЊАТА И ПАДОВИТЕ, СЕГА НОФ ГИ ПРИФАТИ СИТЕ БАРАЊА НА КШ И ОДЕШЕ ПО ЛОКАЛНИОТ ВОЗЕН РЕД И СО ТОА МАКСИМАЛНО СЕ ИСЦРПУВАШЕ МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ Денес, многу истражувачи си го поставуваат прашањето: Зарем било можно, само од едно село да загинат во единиците на ДАГ толку луѓе од исто село? А, пак како доказ дека е нема македонско село (каде беше стратешки лоцирана војната и само и оттука се црпеа сите резерви) да нема од 60-100 жртви. Но, ете и тоа се случи и што е најважно за Македонците под Грција сето тоа останува неизбришливо од свеста и несфатливо, зашто сето тоа до ден денес е необјаснето: ни херојскиот македонски воин во ДАГ кој не е во ранг со тие што се во историјата на Македонија; ни национално политичките импликации; ни за сите нас Македоци под Грција, што значеше робувањето на НОФ кон КПЈ и КИТ и тоа во едно време на демагогија кое продуцираше: сила врз сила над обичниот човек, над селанецот преку двојниот идеолошки активизам (за КИЈ? или за КТ ?) кој не беше ништо помал од ““ калашников" најубиствениот руски производ, само, и само да се создаде сива зона, опасно место за живеење и поле за воено - стратешки надпревар меѓу идеологиите за туѓи цели. Целта на таквите идеологии им беше, едноставно, да влезат во колективната свест и да станат незаобиколена слика на општа еуфорија и страв за поинаку да мисли македонскиот селанец недај Боже да останеше аполитичен и идеолошки неопределен пред паролата: “Ако не си со нас, ти си против нас!" Штом ќе се осознаат овие работи ќе се види, дека нашите заблуди претставуваат една голема трагична иронија. Сe беше во една потресна големомаченичка легенда, која набргу по Информбирото и траеше дури и по ликвидацијата на ДАГ и која се претвори во уште една незапаметена наша трагедија, на која сме и свидители, кога за првпат во историјата е ставен Македонецот да е против Македонецот, а при што, сите се однесувавме како идеологизирани примитивци во интерес на нацијата. Еве еден таков пример од тогашните туѓи пропаганди кои настојуваа сe да се претвори во сурово сознание, дури и во разделените семејства (побегнатите родители и деца во Југославија - Скопје да бидат во служба на пропагандата на КПЈ, односно нивните синови и татковци кои се мобилизирани во ДАГ, да бидат во служба на пропагандата на КПГ). Види:
“Хронологија на Народноослободителната борба во Егејскиот дел на Македонија - (1945-1949), 1973г.) Пишува: На 1 август 1949 година, Органот на Главниот штаб на ДАГ “Прос ти ники” (Кон победата) бр.168 од 3.08.1949 г. го донесе одговорот од раководствата на КОЕМ, НОФ, АФЖ и НОМС, дека на 29 јули 1949г во Скопје е одржана Конференција на преставниците на околу 30.000 бегалци од Егејска Македонија на кои повеќето синови, браќа и сестри им се мобилизирани во редовите на ДАГ и гинат на боиштата на Грамос, Вичо и низ цела Грција и сега ја бранат политиката на КПЈ. На Конференцијата, покрај другото, е донесена резолуција во која се вели дека македонскиот народ од Егејска Македонија, никогаш нема да ја заборави укажаната помош и секогаш ќе ја зачуваат вечната љубов и благодарност кон југословенските народи на чело со марашал Тито.
Конференцијата најостро ја осуди клеветничката кампанија и со најголемо гнасење ги отфрли најновите клевети од раководството на КПГ. Како одговор на оваа Конференција, Раководствата на КОЕМ, НОФ, АФЖ и НОМС (Борците на ДАГ, на кои повеќето од семејствата му се во Југославија, а сега ја бранат политиката на КПГ) издава соопштение во кое се вели: Ние Македонците ќе ги браниме позициите и ставовите на другарот Захаријадис и раководство на КПГ за земените ставови спрема Југославија и нејзиното раководство кои водат предавничка политика и ќе се бориме заедно со грчките комунисти, за справедливата борба што ја води КПГ и ДАГ за ослободување на Грција од монархофашизамот.
Значи, по Втората светска војна, се одеше се со цел да се создаде нова балканска заблуда, а за сето тоа , нели е премолчена вистината од интегралната историја на КПМ?
Значи, повеќе од јасно е дека некој не натера да бидеме први што ќе одекнеме со воените барабани и труби за дигање на Македонците под Грција во сенароден ослободителен фронт.
Кој е тој? Што не натера да прибегнеме кон воена опција? Ќе го посочи ли еднаш нашата историја? Ќе ни ја објасни, ли таа кобна, злокобна, несреќна, погубна, разорана и смртоносна национална стратегија или уште ќе си ги потхрануваме илузиите?
Само објективниот пристап кон нашето (само) жртвување, може реално да ја согледаме величината на манипулациите за нашиот конечен геноцид над Македонците под Грција.
Книгата на историчарот Лазар Лазаров е исклучтелна фактографска граѓа и значајна поука за иднината. Авторот се разликува од тие историографи, по тоа што, кога својата вистина ја соопштуваа само тогаш кога се совпаѓаше со таа на власта. Тој уште еднаш ни потврди дека во нашата историја не се памети дека секоја преземена акција од туѓинците, да не биде реализирана преку македонците -манипулирајќи или потплатувајќи ги таквите идеолошки поданици. Со исклучителна умешност ја разоткрива:
ПСЕВДОЗАГРИЖЕНОСТА НА КПЈ - ЈУГОСЛАВИЈА КОЈА ГИ КРИЕШЕ ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ.
Што се вели во Тајните документи на ЦИА?
Тајните документи на ЦИА откриваат дека судирот меѓу Сталин и Тито беше поради тоа што Тито не се придржал на тоа дека советскиот водач не сакал проблеми со сојузниците од Америка и Англија спрема договорот во Јалта. Туку Тито вршеше снабдување на комунистичките бунтовници во Грција со оружје и опрема, и офицерски кадар, односно се бореа на стрната на грчките партизани. Сталин му испратил писмо на Тито во кое го критикувал отварањето на “грчката линија” и помошта на грчките комунисти дека таа борба нема никаква шанса за успех, затоа што Атина ја има подршката од Америка, “најсилната држава на светот”.
Овие настани, во кои на драматичен нажин и со измама беа вклучени Македонците во Егејска Македонија, кои, се бореа во заедничките единици со грчките партизани, а потоа со крајот на Граѓанската војна се претворија во драматичен збег (геноцид), според разузнавачите оа ЦИА, ја прелиле чашата на трпението на Сталин, кој побарал од Тито да престане со “револуционерниот занес” и да се дисциплинира и да се придржува на одлуките на големите сили од конференциите во Јалта и во Потсдам. Работите понатаму се познати:во јуни 1948 година беше објавена резолуцијата на Инфорбирото, со која Југославија беше ставена во целосна изолација од социјалистичкиот блок.
Во документите на ЦИА пишува дека веднаш по исфрлањето на Југославија од Инфорбирото, Тито ја суспендира помошта на комунистичкиот отпор во Грција, дури ги затвори и границите.
Со тоа беше и предодреден крајот на Граѓанската војна во Грција.
Ете, како и од кого НОФ и АФЖ беше идеолошки инструирано и не тераше да гинеме, а тие што остана живи и осакатени, никогаш не си ги видоа своите живеалишта, и не сиги посетија гробовите на саканите…
За нас Македонците, нашите живеалишта и планини, за навек останаа како историски печат натопен со КРВ и заборавен…
За на крај, еден висок функционер ни покажува, каква беше сета псевдогрижа и вели:
“...При посетата на југословенската парламентарна делегација на Атина, во септември, кога еден грчки новинар го прашал Моша Пијаде што мисли “за македонското прашање?”, одговорот според францускиот амбасадор во Атина Жан Белан бил следниот: “Грчката влада е сама надлежна да просуди дека тоа (македонското прашање, б.м.) воопшто е едно чисто внатрешно прашање и секоја влада треба да го регулира според своите проценки...” Денес, многу луѓе се прашуваат, дали Мошевиот став не е идентичен со сегашниот наш?
Ете така завршија манипулациите со нас Македонците и ужасните заблуди.
Трагајќи по таа нишка на судбината наша ни покажа колку била препуштена во туѓи раце на одредени личности, кои навистина низ целиот тој период за нас Македонците ни ја пишуваа црната страна на црвената книшка, во отсуство на македонскиот ПРОСТУМ.
Секој што ќе ги прочита таквите книги се препознава, се тревожи од тие дамнешни оглушувачки чекори. А можеби и на сите крвта ни замрзнува, зашто знаеме, дека се откриваме себе, без разлика на која идеолошка (поданичка) страна се наоѓавме и без разлика на тоа во каква политичка облека сме биле облечени, но сите не тераа да трчаме да стигнеме кон геноцидот и ниту еден не се најде да го поучи народот македонски под Грција, дека напуштањето на огништето е документ за НАЦИОНАЛЕН ПОРАЗ!
Верувам, дека “упатените” противници на мојата книга “(само)
жртвувањето на Македонците под Грција” на моето поставено прашање пред македонската историографија и институции:
“Како и зошто беше изманипулиран и жртвуван македонскиот народ под Грција во Граѓанската војна 1945-1949 година”, а сега им е јасно, бидејќи тоа сега го потврди најкомпетентната личност, историчарот Д-р Ристо Кирјазовски. Секако, ќе треба да имаат респект спрема него, бидејќи нивните пишувања во “Нова Македонија”, во рубриката “Писма” беа полни со пасуси од неговиот материјал (41 стр.) што им послужил како адјуктивација во корист на неговата досегашна напишана историја за “Егејците”, а потоа од 8.04.1994 депониран во фондот “Мемоари”, бр. Ск.4.11118 во Одделението за документација во ИНИ - Скопје. Со поминувањето на НОФ под непосредно раководство на КПГ, цената на заблудите и на погрешните патишта мораа да се платат сега пред КПГ. Тоа беше цената на сјајот и бедата на нашите “возвишени” цели што ги пропагираше НОФ, а секој обичен човек може да си претстави во каква положба беше по Резолуцијата на ИБ секој Македонец, кој беше член на НОФ, НОМС и АФЖ. Сега НОФ, од револуционерна сила, која се опираше на традициите од претходните националноослободителни борби, не натера (Тито и Захаријадис) да им ги предадеме сите македонски војници и пред нашите очи од формираниот Гш со ниеден Македонец, а сите ново мобилизирани Македонци да заминуваат длабоко во пределите на Грција, требаше да им ги остваруваме задачите на ГШ на чело со Маркос и со тоталните насилни и незаконски мобилизации да извршиме пустош по македонските села, па дури во тогашната НР Македонија (особено во Скопје) од луѓето кои бегаа од злото - беа испраќани во прегратките на смртта со паролата “Сега или никогаш” - кое претставуваше чисто осакатување на македонскиот ум, да ги праќа луѓето во револуција, покриени во камиони со церади: “виа Скопје”- Грамос. Сето тоа траеше до март 1948 година кога им беа земени и малите деца од прегратките на мајките, за и нив да ги направат војници на ДАГ, да ја опустошат македонската куќа.
Таквата сурова пропаганда што го имаше доведено македонското население, небаре го имаа доведено во одмазнички транс и со тоа ние, Македонците, не можевме да ги видиме (осетиме) наменетите сигнали во зоната на ужасот, кое се беше испланирано против нас.
Од друга страна на грчката држава и годеше да ги донесе и законите за да не можеме никогаш да се вратиме.
Декрет “З” од 7 декември 1947 “За лишување од Грчко државјанство на сите лица кои дејствуваа антинационално во странство”.
Декрет “Н” од 20 јануари 1948 “Околу конфискување на имотот на учесниците во бандитската војна”.
Законот 2536/53 “За раселување и населување на пограничните подрачја”.
Законот 3958/1959 “Околу имотите на бегалците”.
Законот 660/1977 “Околу репарацијата и сопственоста на бегалците”.
И на крај, Грчката влада во 1985 година го донесе последниот Закон бр. 1540, со кој се решава прашањето за враќање на имотите на политичките бегалци. Но, овој закон се поврзува со Уредбата на Министерството за јавен ред и Министерството за внатрешни работи, бр. 106841, од декември 1982 година на Грција може да и се вратат само “Грци по род”. Со овој акт Грција правно ги нормира фактичките дискриминации спрема нас. Македонците, а зачудува фактот дека пред светот како да немаме факти и аргументи дека сме постоеле и - дека постоиме.
Што значи, како резултат на сево ова, ќе мораме дури по половина век да тргнеме од многу пониско скалило отколку што некогаш сме биле. Сите откорнатици од Македонија под Грција, долго живееле под пропагандите на стерилните и непродуктивни советувања и трибини. Сега многу нешта се изменија, познати се многу елементи на трагедијата, но не треба да зборуваме, дека уште има живи учесници на ДАГ, кои од самите Грци беа пофалувани за херојската борба. Никогаш не се слушна од воените и политичките стратези дека ги анализирале сите петна на погубената политичко - воена тактика, туку нашата судбина се виде кога не однесоа во Ташкент и не оставија и уште толку мајки со црни шамии и иљадници деца, откорнати од своите огништа, ги оставија низ Европа, без чувство на морал за да не вратат и да не престават пред грчката држава онакви какви што не признаа во времето на Граѓанската војна. Такво нешто во светот да си ги остават своите соборци и сограѓани на иста држава, не е сторено; ни од никоја армија - ни Комунистичката партија, тоа го стори само КПГ и генералот Маркос (Колонист од Средна Азија, грк по род). Тој, кога се врати во Грција, на Атинскиот аеродром го дочека началникот на Генералштабот на воените сили на Грција за време на Ѓраѓанската војна и од се срце прегрнаа. И пак ќе повторам: на прашањето од една новинарка од неделникот “Епикера”. Во што беше смислата на неговата борба, Маркос одговорил: “Смислата беше во тоа што ги протеравме Славомакедонците од северните краеви на Грција, Македонија, да остане Грчка”. Види “Нова Македонија”, 25.02.1992. Ете зошто се бореше генералот Маркос, доселеник како колонист -маџир, во 1927 година, а ние од него се надевавме дека Синдрофос (другарот) Маркос ќе ни го реши македонското прашање.
Но, интересно е мислењето и ставот на Тито изнесено на средбата со Маклен.
Студиските анализи за Граѓанската војна (1945-1949) стр.
336/337, статија од Јоже (Авт. Превод - СО РАСКИНОТ НА ТИТО - СТАЛИН и ПО ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ЃРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА.
(“...Ова беше како предуслов во мисијата на Маклен, што се оствари на 5 мај 1949 година, кога вечераше со Тито и беседеја за многу наталожени прашања, но и за ставот на Југославија т.е за односите со Запад. Тоа што се однесува за Грција, Тито не се откажува од тоа дека има дадено голема помош на андартите (ДАГ) во изминатите години. Но, се сложи дека сега положбата е сменета и рече дека, сама Југославија не можеше да им го откаже правото на азил на политичките бегалци, но тие сега се држат во внатрешноста на земјата и тоа подалеку од границите.
Навистина, така го сватив, дека Тито можеше да даде ветување, дека во иднина не ќе им дозволи на тие луѓе да се вратат во Грција за да продолжат со војувањето. И дека повеќе не ќе им даде никаква помош на андартите (ДАГ). Ми зборуваше, дека ова изнесеното не ќе се обелодени пред јавноста, односно да се дознае, бидејќи ќе го доведе во многу сложена положба.” ФО371/78716/Р4691.
КПГ НЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНИ, ТУКУ ГО ОРГАНИЗИРА ГЕНОЦИДОТ Чесно е, иако по 50 години, да му се каже на македонскиот народ дека сами сме си виновни за своите постапки и мина времето кога, по потреба, секогаш некој друг можеше да биде виновен за она што самите сме си виновни.
Време е историчарите да проговорат и да не им ги кријат злонамерите низ историјата на македонскиот народ на сите самонаречени стратези, политичари и на разни идеологизирани наивници од типот на Ворјасовци со својот инфантилизам, без чувство на почит кон иљадниците жртви на боиштата во неразумната Граѓанската војна и дури уште и ден - денес да имаат смелост да не советуваат да живееме во еден конфузен оптимизам и дека сме требале да го почитуваме Захаријадисовиот завет (комунистичко ветување: За обединета Македонија, што ни го дал токму во грчот на ликвидацијата на ДАГ. А зошто го сторил тоа Захаријадис, го разбира секој разумен човек).
Тоа се само најеклатантните примери од кои може да се поткрепи тезата за развојот и падот на НОФ. Преку целиот период на Граѓанската војна сосема добро беше позната политиката на сите грчки раководители спрема НОФ: “Зборувај благо, ветувај, а носи долг стап” и, како крајна цел на стратезите и наредбодавците, овие луѓе (НОФИТИТЕ и АФЕЖИТКИ) да го претворат пред сопствениот народ како воен барабанџија, само да им ги обезбедуваат воените резерви.
Така, раководството на НОФ, вклештено меѓу двете моќни комунистички партии (КПЈ и КПГ), диригирајќи спектар од желби без визија за исполнување на татковиот долг спрема сопствениот народ. Тие му препорачуваа на сопствениот народ “Смрт или слобода” во оваа т.н. “Света војна”, односно Револуција за социјализам, а такви признаци таа војна немаше и не можеше да ги има, бидејќи 90 отсто од учесниците на ДАГ беа насилно мобилизирани и учеството на грчкото население не беше поголемо од 4 отсто од вкупното население на Грција. Тоа го потврдуваат сите аналитичари на Граѓанската војна во Грција.
И, како доказ, по се изгледа, успешно е оценет потегот за умислено вовлекување на македонскиот народ под Грција во оваа злокобна прегратка на смртта и прогонот се до ден - денес.
Кога раководството на НОФ, ќе свати дека проблемите се далеку повеќеслојни и посложени и од сопствениот народ направија жртви на туѓите идеолошки системи, се најдоа пред “комунистичката правда” во Сибир.
Тајна, чувана пед децении, и да не знае човекот кои се виновниците, тоа е сурово за секого, кога живтниот век ќе му биде покорен пред стравот на сопствената историја и, да не може да си го докаже своето историско наследство.
За оваа немилосрдна вистина, иако по 50 години, во својот фељтон историчарот Кирјазовски со право на КПГ ќе и забележи: “И, на крајот, со огорчување и револт можеме да констатираме дека двете комунистички партии на Грција не само што не ги зедоа под заштита своите соборци Македонци кои, заедно со Грците, се бореа и крвавеа кои поради заедничките идеали го проследија, не само што не се спротивставија на погорното решение (се мисли на Законот 400/76) на Владата на Папандреу, туку го оценија позитивно.
И овој пат Македонците од Егејскиот дел на Македонија беа изневерени од грчките комунисти”.
Се поставува прашањето: Зошто отсекогаш КПГ бараше суров закон против сите членови на НОФ, АФЖ и НОМС? Или, дали ова беше последна изневера од грчките комунисти, што ја наведува историчарот Кирјазовски, или тие тоа го правеа со еден обмислен и до ден - денес план?
Ако на презентираните факти во весникот “ЗОРА” - Соботско, објавени во “Нова Македонија” од 8 април 1995 година им се пријде без сомневање, тогаш пред нашите очи излегува уште една ноторна вистина - а тоа се факти од нашите луѓе, кои останаа на прадедовите огништа и достоинствено се борат за опстанок како Македонци - тогаш ќе се увериме дека тоа се несоборливи факти за тоа каков однос имала и има сега КПГ спрема нас Македонците. Во оваа статија ќе видеме како на грчки начин се би требало да биде во “Одбрана на националните грчки интереси”. Во статијата се вели: “Според КПГ за Леринско: САД ЈА ДЕСТАБИЛИЗИРААТ ГРЦИЈА. По повод средбата на вицеконзулот на САД во Солун Дејвид Сулер со раководителите на Виножито во Лерин, Окружниот комитет на КПГ за Леринско издаде соопштение, во кое ги осудуваат САД за дестабилизација на Балканот со нивната империјалистичка политика “подели па владеј”. Делови: “Како класичен случај на различно искажување, лицемерие и непринципиелност, ќе го споменеме неодамнешното соопштение на Окружниот комитет на КПГ на Леринско (чии делови беа објавени и во весникот Ризоспатис), по повод средбата на вицеконзулот на САД во Солун г. Дејвид Сулер со раководителите на нашето движење во Лерин. Тоа е случај, кој ги боде очите затоа што КПГ е партија, која им ветуваше на Македонците од рамноправност па се до самоопределување.
Факт дека КПГ ги истакна овие ветувања со цел да обезбеди сојузници за време на Граѓанската војна, со познатите последици, а потоа не ги одржа нив и стаса до таму да го негира нивното постоење, ни дава право оваа партија да ја определиме како партија со злосторничка нечовечност”. Понатаму се вели:
...На крајот еве еден карактеристичен дел од документите на КПГ за да се потсетат господата од раководството во Лерин, за составот на КПГ, тогаш, кога таа беше максимално и вистински револуционерна: За малцинствата: Организирање масовни организации кај секое национално малцинство (Македонци, Турци, Албанци, Евреи и др.) и сполтување на антифашистичките сили во нив..., а во поглавјето за македонското прашање се вели: ...ја довршуваат (владеачките класи) нивната тиранска политика со најнечовечно терористичко задушување на правата на националните малцинства, што живеат во Грција, а во прв ред на Македонците. Неограничената одбрана од страна на КПГ на правата на Македонците ја претставуваат како “национално предавство”. (Одлука на 6 Конгрес, 1935; “Комунистички Преглед” бр 2,3/1936).
Ако денешните господа од раководството на КПГ намаат храброст да се судрат заради “правата на Македонците”, барем нека не зборуваат за борба за човекови права, и нека не се заплеткуваат во “...најнечовечкото терористичко задушување на правата на националните малцинства, што живеат во Грција, во прв ред на Македонците”.
Но, добро е, денешните комунисти, да се присетат и на следното: На 8 јули 1945 година - Органот на ЦК на КПГ “Ризоспастис" објави статија под наслов “Вистината за Славомакедонците". Во статијата, меѓу другото, се вели дека македонската нација има свои обичаи и нарав, своја историја и дека националната свест на Македонците е доста развиена." Ете, со оваа последна верификација, излегува на јавен очиглед континуитетот на КИТ по овие прашања. Меѓутоа пак преку фактите, се гледа и идеолошкиот активизам во македонската историографија, како се изразува тој во историски македонски позитивизам.
Нашата историографија (од поданички тип) беше таа, што успеа да го натера (преку едукативниот систем) целиот македонски народ да ја прифати одговорноста, затоа што правеше и за тоа што се случи во Граѓанската војна (дека НОФ раководел со военополитичката ситуација). А со тоа ги ослободи вистинските стратези и проектанти за нашиот македонски геноцид не само од историска одговорност, туку и од сомневање. На крај, би било редно да се постави и прашањето: Како гледаа (ат)
историчарите на становиштата и дејствијата, што ги имаше КПМ, кога пред очи и беше жртвуван сопствениот народ; или беше само мост меѓу КИШЈ и KIT?
Еве, зошто, историчарите не треба да молчат и нешто барем по овој повод, да кажат:
Во недеелното списање “Сторт" година 2. бр. 62, страница 21, писателот Јован Џавловски во своето интервју насловено “Co чисто срце и со мирна совест!" со Колишевски се вели:
Старт: Кога сме веќе кај Ранковиќ: Неговото име тесно е поврзано со помошта што Југославија им ja пружеше на грчките партизани по завршувањето на Војната во 1945 година. А познато е дека меѓу партизаните имаше голем број Македонци од Егејска македонија.
КОЛИШЕВСКИ: За тоа малку е зборувано од автентични извори. Можеби за првпат, еве, сакам да кажам: Се работеше за опстанок на егејските Македонци, на кои им се закануваше иселување, па се залагавме таму, во егејска македонија, да се формираат партиски организации и партизански одреди заедно со Ранковиќ и со неколку генерали, во крајна дискреција, ја водевме таа акција. Да, формираме Покраински комитет и вооружени формации за одбрана на селата во Егејска македонија. Ги снабдувавме со оружје партизаните и ги примавме нивните ранети. Ги храневме, ги облекувавме, ги вооружувавме, ги префрлувавме со камиони од оваа страна на границата, кога беа потиснувани. Објективно, тие во 1946 година водеа војна под мошне поволни услови им го дадовме се она што нам, како партизани, во војната, ни недостигаша. Ќе раскажам една мала сторија, за која не сум зборувал досега:
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/16 на 29 октомври 2026