Ideological Activism: Macedonians Under Greece
ΟΙ ΑΘΑΝΑΤΟΙ ΤΗΣ ΚΑΣΤΟΡΙΑΣ (1940−1949) - Part 01
ΟΙ ΑΘΑΝΑΤΟΙ ΤΗΣ ΚΑΣΤΟΡΙΑΣ (1940−1949)
АПОСКЕП 8, 5 БАБЧОР 64, - БОБИШТА -, 17 БРЕШТИНА 23, - БОМБОКИ 39, 7 ВИШЕНИ 43, 7 ГАБРЕШ 31, - ВМБЕЛ -, 24 ГАЛИШТА -, - ГОРЕНЦИ 21, - ДОБРОЛИШТА 28, - ДРЕНОВЕНИ 29, 15 ДМБЕНИ 52, 46 ЖЕРВЕНИ 2, - ЖУПАНИШТА 60, 8 ЗДРЕЛЦИ 14, - ЗАГОРИЧЕНИ 53, 22 ИЗГЛИБЕ 20, - ЈАНОВЕНИ 26, - КЛИСУРА 234, - КОНОМЛАДИ 52, 10 КОСИНЕЦ 27, 45 КОСТУР 8, - КУМАНИЧЕВО 25, 6 КРЧИШТА 17, - КОСТУРАЖЕ 23, - ЛОБАНИЦА -, 15 МАЊАК 6, 2 МОКРЕНИ 65, 71 НЕСТРАМ 91, 71 НОВОСЕЛЕН 9, - ОЛИШТА 15, - ОМОТСКО 9, - ПЕСЈАК 15, - ПИЉКАТИ 19, - ПОЗДИВИШТА 46, - РЕВАНИ 3, - РУЉА -, - СЕТОМА 17, - СМРДЕШ 36, 96 СЛИМНИЦА 24, - СТАТИЦА 43, - СТАРИЧАНИ 35, 5 СТЕНСКО 26, - ТИОЛИШТЕ 36, 4 ХРУПИШТЕ 35, - ЧЕРЕШНИЦА 15, 11 ЧЕРНОВУШТА 11, 2 ЧЕТИРОК -, - ЧУКА 17, - ЦАКОНИ 6, - ШЕСТЕОВО 29, 8 СНИЧАНИ -, - СВ. НЕДЕЛА -, - ЗЕРЕЦ -, - Првото и чесно признание на оваа човекова катастрофа не само на костурчани, туку за сите македонски села ја потврдува и списанието “Схоластис” од 18 јануари 1989 година пишува:
“Славомакедонските села поднесоа несразмерно голем товар на борбата на демократската армија на Грција (ДАГ). Тоа е за почит, бидејќи досега грчките историографи (комунисти), официјално тоа по Граѓанската војна не го сторија.
Но, тука треба да се каже дека и самите факти, потврдуваат дека баш во овие села беше лоцирана војната, а тоа го потврдуваат и следните извори дека всушност споменуваната т.н “Слободната територија “ на силите на ДАГ, односно села што биле под контрола на овие сили, се и следните села од Леринската околија, покрај наведените костурски села во погорните табели и овие села имаат претрпено не толку по број на жртви, но и повеќето останаа опустошени и доживеа најголема миграција. Тоа се селата: Сите села на мала Преспа, Желево: Ошчима; Трњаа; Бесвина: Руља; Брезница; Псодери:
Трсје; Турје; Лаген; Нерет; Г. Котори; Д. Котори; Негован; и други.
Под заштита на владините сили во региони на Костурската околија се наоѓаа: Рупишта; Костур: Нестрам и други помали места.
Како го има прикажано нашата матична историографија целиот тој вековен тек на историјата (за костурчани) е познато, но со посебна почит, тоа го направија самите Костурчани, скоро сите села со сите етно - историски настани, процеси и етнички феномени што се случувале и се уште се случуваат,сите тие луѓе се враќаат во матицата и можеби тие заеднички со издавањето на монографиите за своите села ја пишуваат (напишаа) и ХИМНАТА НА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО.
Во сите тие монографии има и по едно поглавије “Загинатите наши селани во Граѓанската војна”, кој го стаписува нашиот поглед, бидејќи тие беа наши соборци, браќа и родители во суровата и геноцидна Граѓанска војна (1945-1949) за нас македонците под Грција, но во тие написи нешто е речено за човекот во војната и за човекот излезен од војната, а тие места се во видлива степен на одредени, присенчени, нејасни или отежнати, од гледна точка на знаењето во однос на: Херојската борба на македонскиот воин низ историјата на ДАГ и национално политичките манипулации за нас Македонците од робувањето на НОФ кон КПЈ и на КПГ. Но, сето тоа е повеќе од јасно, дека авторите на монографиите го пренесуваат од историографијата која денес ја негираат тие историчари кои сами ја пишуваа под конвенционално - дневнополитичките гледишта. Затоа, за нас Македонците под Грција напишаната историја е толку јасна колку и мрачна. Тоа ќе го забележи секој од овие автори кои и самите бараат одговор и се запрашуваат:
“…Сепак најтежок и најболен е податокот дека бројот на погинатите борци во редовите на ДАГ од своето село, за време на четригодишната Граѓанска војна, која за Македонците под Грација, посебно за секое од овие села која заврши трагично и без право на враќање на своите огништа. Но, прашањето кое им остана длабоко во свеста на секои од нас е: Зарем било можно, само од едно село (како што е прикажано во монографиите, па сега и во прегледот што ни го дава Гкасис да има загинати толку луѓе?! Од исти род и од исто село? Што досега во историјата на Македонците не се памети ни од времето на Илинденското востание, т.е во соопствената револуција исклучиво за интересите на Македонија и Македонците?!
Некои заради спокој си даваат и одговор: “…Но, ете тоа се случи поради никогаш неразбирливите и недофатливите за човековиот разум, разорувања што ги носи секоја војна…?” Но, ако навлеземе во суштината на проблемот и малку ѕирниме во некои политички процеси кои за нас Македонците беа: Туѓите политички цели -наша историска бесмисленост, можби ќе дојдеме до некаков одговор.
ПРВО: Зошто КПГ повикува на вооружен отпор, точно една година по договорот во Варкиза (12.02.1945).
Досегашните оценки на грчките истиографи, од политичко становиште и оценките на генерал Штабовите на грчката владина армија и на ДАГ, Граѓанската војна (1945-1949) во Грција е оцената како најголема историска грешка, бидејќи сето тоа се случи по Втората војна кога се беше договорено помеѓу големите сили; за подела на свери на влијанија и за државните граници на Балканот меѓу државите да останат:статус КВО, а границите на Грција и на Југославија во тој период на време станаа и воени граници помеѓу двата табора.
Од таквата глобална оценка се набројуваат некои основни проблеми за историјата на ДАГ, но нас Македонците не не споменуваат воопшто како народ што учествуваше со повеќе од 50% од воените ресурси на ДАГ. Но, време е барем и ние низ тие проблеми на историјата на ДАГ, да ги согледаме и нашите македонски проблеми и грешки од нашата политика национална историска бесмисленост и низ сето тоа да најдеме одговор на поставеното прашање: Зарем било можно само од едно македонско село (Костурско) да загината толку луѓе…?!
Секој паталец ќе рече: Повеќе да не се повтори!!
1. Проблемот за аналитичарите - историографичарите на историјата на ДАГ е заземеното така нареченото историско решение на вториот пленум на ЦК на КПГ за вооруженото востание кое почна на 31 март 1946 година, точно една година по договорот во Варкиза на 12.02.1945 година кога левите сили ЕАМ И КПГ му ја предадоа власта на десницата и е оценето како историска грешка.
Дали ние Македонците во овие договори бевме некаков фактор.
Одговорот е НЕ. За вољата на вистината, треба да се каже дека за целиот тој период на време ние Македонците се боревме како антифашисти во редовите на ЕАМ и ЕЛАС, но за нив не бевме никаков борбени сујузници. Според тоа СНОФ не преставуваше релевантен фактор и политички субјект за сите преговори што се водеа помеѓу ЕАМ, ЕЛАС со сојузниците (грчката влада во бегство и англиската воена мисија).
2. Проблем за грчките аналитичари е и решението на 3-от Пленум на ЦК на КПГ што се одржа во Белград во септември 1947 година и како што пишува Гусиас (стр. 251), на пленумот присуствуваа само шест членови на ЦК на КПГ и неколку воени лица, но ниту еден Македонец.
Пленумот реши и го задолжи Г. Штаб на ДАГ да почне со мобилизацијата во целата земја и до март 1948 година наоружените сили на ДАГ да нарасна на 60.000 борци. На истиот Пленум се донесе решение, да го пренесе централното тежиште од самоодбрана да се премине во напад, во борба за власт. За постигнување на таа цел, “беше изработен воено - оперативен план” односно познат како “Езеро”. На овој Пленум се истакна и паролата: “Сите на оружје, се за слободата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, окружена со планинските масиви на Пинд, планината Пиерија, Каракамен, Кајмакчалан и Вичо, и со тој план требаше да се ослободат градовите Лерин, Воден, Негуш, Соботско, Коница и други. Тоа би било како прва етапа за ослободување на Грција.
Ете, сето ова ни потврдува и е уште еден непобитен факт, дека Граѓанската војна да биде лоцирана во Егејскиот дел на Македонија, било решено во Белгра на ови пленум, без никаков обзир спрема македонскиот народ и неговата судбина, туку се во интерес на туѓите политички цели.
ВТОРО: Македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв.
1. За нас Македонците како полувековен проблем е што не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година е создадена во Скопје организацијата: НОФ Народно ослободителен фронт за егејскиот дел на Македонија надвор и независно од КПГ и од било каков политички субјект во Грција и повеќе од година делува и се раководи од КПМ/КПЈ и програмската цел на НОФ, беше: да се бори за извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. За остварување на таа стратешка цел, беше применета и оружена форма на борба, за што раководството на НОФ по неколку дена, односно на 28 април 1945 година реши да формира македонски партизански единици.( Види: Кирјазовски 1995/202)
Се поставува прашањето: Како сето тоа ќе го оствареше НОФ?
Кога повеќе од јасно е дека еден дел од македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонското национално - ослободително движење. Тоа се потврди дека не успеа да се соочи со многу сложни проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Ниту беше во можност да ги процени нивните сили, стратешките интереси и планови и зошто до сега никои од овие стратези како НОФ, КПМ и КПЈ не дадоа одговор? Само секој од учесниците на таа војна останаа да си ги поставува прашањата:
а) Ќе беше ли во состојаба НОФ да го оствари самоопределувањето во еднаново создадена положба во Македонија под Грција со извршената етничка промена на населението преку 600 иљади доселеници - колонисти и со тоа грчката држава од Македонците направи малцинство?
б) НОФ не знаеше ли дека скоро тие колонисти се на чело на левите сили во Грција како ЕАМ И КПГ како Захаријадис, Парцалидис, Иоанидис, Маркос и други и како можеше да очекува поддршка за таквата оптимална програма за самоопределување на Македонците?
в) Зошто тоа го прави сега кога тие истите членови на НОФ, како учесници во редовите на ЕАМ и ЕЛАС не им даваа да добијат никаков политички субјект во годините на антифашистичката борба и зарем имаа заборавено дека беа прогонети кога побараа национални права и беа наклеветени и анатемисани како: автономисти, сеционисти, комитаџии и славофони?
Но да се вратиме на најголемата манипулација од раководствата на КПЈ и КПГ кога на 2 април 1946 година на средбата Тито- Захаријадис се договорија во Белград без присуство на Македонците решија:
1.1 Македонското народноослободително движење од егејскиот дел на Македонија предводено од НОФ, а раководено од КПЈ-КПМ, да се стави под раководство на КПГ и да се измени програмската цел на НОФ во која сега ќе гласи: НОФ ќе се бори во сојуз со грчкиот народ за спасување на Македонскиот народ од физичкото истребување.
Тоа е вистина, и можеби е дел од стратегијата на туѓинците кои посакаа преку манипулацијата на НОФ, да си ја остварат целта, бидејќи од таквото делување на НОФ, грчката држава имаше преземено законски мерки со невиден терор и прогон и таквите воени зафати наликуваа на физичко истребување, а народот беше принуден да го напушта родното огниште и да бега во Југославија или владините сили за безбедност ги испраќаше по островите.
1.2 Договорено е: слободна регрутација на сите пребегнати луѓе за испраќање како борци на ДАГ од целокупната политичка емиграција во Југославија. Од лугие кои што еднаш успеале да сеспасат од теророт,но тоа сега се мобилизираат од разни Ворјасовци да ги враќаат во пеколот. Значи; со Македонците се случуваше нешто необично и од грчката држава и од самите нас, па човек ќе запраша: Што е со нас Македонците?
2. За нас Македонците, коренито беа изменети условите по договорите меѓу Тито и Захаријадис, односно КПЈ и КПГ и импликациите од робувањето кон еден или кон друг беа катастрофални. Но сега по сето ова НОФ за чудо станува по гласен во паролите за тоталните мобилзации над Македонците.
Ги повикува и ја прогласува КПГ како единствен спасител и добронамерник за разрешување на македонското прашање на Македонците под Грција, а такви беа и прапораките од КПМ/КПЈ (Види: Директивите и препораките на Лазар Колишевски во книгата на Кирјазовски 1995/29)
На 27 септември 1947 година, Г. Штаб на партизанските единици на Маркос (бидејки уште не беше прогласена Демократска влада, а тоа е незаконито и недозволено) издава наредба од 17 до 35 години да се изврши моболизација. Но и по оваа мобилизација бидејќи таа се спроведе само во македонските села одвај ја достигна бројката на учесниците во ДАГ од 15 до 17.000 борци. Само за споредба:пролетта во 1946 година кога почна Граѓанската војна, владата на Грција располагаше со следните оружени сили:
27.000 милиционери од кои 14.000 имаше во Ворија Елада (Е.
Македонија);
Парадржавни организации околу 5.000;
Национални воени единци 17.000 (оклу 40 батаљони); Редовна војска од 75.000 војници (7 армии и 2 слободни бригади), (Види: “ДАГ- стратешките прашања и тактиката на раководењето”, од Г. Малтезос - Џумеркиотис) стр. 60. Тој понатаму пишува: “…Познато е дека во 1947 година ДАГ, не само што го немаше решено прашањето за воените резерви, туку го немаше решено и прашањето на вооружувањето со обичните бојни пушкомитралези и други бојни средства, но и муниција и тоа останува необјаснето, зошто од една страна Захаријадис му даваше на Маркос наредба да го зголеми бројот на силите во единиците на ДАГ до 60.000, а Иоанидис на Маркос му даваше (обезбедуваше) вооружување само за 4.500 иљади борци, а пак тој Маркос се до крајот на 1947 година враќаше иљадници симпатизери војници кои сакаа доброволно да стапат во редовите на ДАГ” стр. 354. Се поставува прашањето: Зошто тој генерал Маркос само во Македонија вршеше незаконски мобилизации, од старо до младо и направи пустош од Македонците?
Треба да се напомене дека, само во Македонија во т.н слободна територија се правеа масовни мобилизации кога уште не беше формирана демократската влада (23 декември 1947 година се формирана ДВ.)
На 23 ноеври 1948 година Г. Штаб во реонот на Вичо издаде наредба да се изврши “мобилизација на сите мажи и жени кои не беа мобилизирани поради болест”. Со таа наредба практично беа мобилизирани сите Македонци од Костурско и Леринско.
Со оваа мобилизација беше опфатен и целокупниот професионален кадар на НОФ и со тоа родните огништа на Македонците останаа пусти. По оваа ТОТАЛНА мобилизација во ДАГ населението македонско, учествуваше во ефективите на ДАГ со повеќе од 50%, а грчкото население во Грција, Грците учествуваа само со 4%, тоа се основните вкупните ефективи на ДАГ, според грчките официјални податоци биле од 25-30.000 војници. По еден таков зафат на ДАГ со мобилизациите, сите македонски семејства беа растурени и се најдоа во разните единици на ДАГ, па дури и во длабината на Грција. Сите тие ново мобилизирани луѓе беа неспособни за војување, бидејки не само што немаа знање за воено сложни операции а се бореа против една добро опремена и обучена војска, пред нивното современо оружје, сите подоцна во битките беа испокасапени, бидејќи сите тие беа подложени на неподносливи услови, но најмногу е тоа дека тие немаа минимални знаења и во ракувањето со оружјето. Како што се гледа и во книгата на Гкасис за местото на погинувањето, најголемиот дел од овие херојски борци погинаа во следните најстрашни битки, во кои непријателот беше со своите сили за 10 пати повеќе и понаоружан Ете например да наброеме неколку битки од тие во кои сенаведуваат погинатите:
1. Битката на Северен Пинд, (26 јуни-22 јули 1947);
2. Битката за освојување на градот Коница, (24.12.1947-
4.01.1948);
3. Битката во Кајлари, (18 октомври 1948);
4. Битката на Буковиќ, (10-14 ноември 1948);
5. Битката за пречекот на Херојската фаланга на невооружени од Румели, на планината Пиерија, (16 март 1948);
6. Битките на аграфа С.хи планината Нијала, (8-22 април 1947);
7. Битката на проф. Илија, Фурка, Табури - Греко, (31.7.1948);
8. Битката на Гољо - Каменик, (21 јуни 1948);
9. Битката на Клевти, (28 јуни-1 август 1948);
10. Битката на Таљаро - Ликокремасма и источниот дел на Смолика, (31 јули 1948);
11. Битката на Алевица, (14 јуни 1948);
12. Битките за освојување на градовите: Воден, Соботско и Негуш, (22 декември 1948 - 14 јануари 1949);
13. Битката за освојување на Лерин, (12 февруари 1949);
14. Битките на Кајмакчалан, (4 јуни 1949);
15. Големите битки за повторно освојување на Грамос, (1-2 април 1949);
16. Битките на височините, Вулгара, Котелско - Грамос, (4 април 1949)
17. Битките на Патомата - Грамос, (2 јуни 1949);
18. Битките за задржување на Вичо. Тие битки беа најжестоки на Лисец и Јамата, (10-14 август 1949);
19. Најдраматичната битка на Кулата - Преспа, меѓу двете езера, (14 август 1949);
20. Битките на Црно - Грамос, (24 август 1949);
21. Последните битки на Грамос, 24-29 август 1949);
22. Битките на Ќафа (кота 23220), Грамос, (30 август 1949 година, пред само неполни 10 часа пред ликвидацијата на ДАГ).
На овој ден историјата ќе забележи уште една кобна вест:
Херојски загина командантот на батаљонот 426 во составот на 118 бригада Пецо Ромев, роден во1919 година во селото Горничево, Леринско.
Но таа катастрофална војна се поставуваше едно сериозно прашање од стотици борби, членови на КПГ и многу демократски сили што ја имаа осудено КПГ за одлуката: дека не требаше да се дадат последните битки во август 1949 година, што редизвикаа пораз на двете фронтовски линии на Вичо и Грамос, за префрлувањето на силите по игубената битка на Вичо во Грамос со специјална наредба на КПГ и ДАГ кои се најдоа по поразот во Албанија, беше оценето тоа прашање дека не треба да се бара; ни во стратешката ни тактктичната мудрост на овие раководстава, тоа нешто не објаснето: Зошто се туркаа борците на ДАГ во пеколот? Што се сакаше со тоа? Можеби се имаше сознање од високиот врв на ДАГ и КПГ, дека ќе се задржи фронтовската линија на Грамос по командата на генерал Гусиас? Или се имаше убедување во издигнатите пароли на вториот човек на ДАГ Василис Барѕиотас: Грамос не е што и Вичо, Грамос ќе стане гробница на манархофашизмот! Да живее КПГ и ДАГ!” По катастофалните загуби на Вичо и на Грамос со години висеше паролата: “Ние сме војници на Грција и во секој момент не чека да ја ослободиме од монархофашистите!” и најпосле си останавме ние Македонците со најпознатата парола: “То опло парапода!” Таа парола траеше се додека Грците по род не се вратат во Грција, ние преку нашата историја бевме советувани:
“да не ја сечиме гранката…” Значи, Македончето да си молчи и навистина половина век си молчи за тоа што од секое село имало толку жртви!?
Значи за нас Македонците е најтрагичниот настан на македонскиот народ и таа е во корелација со моделот на Владиката Каравангелис, бидејќи сите нас од Македонија под Грција (посебно Костурчани) не направи луѓе без корен и кај сите е всадено чувството на оттуѓеност. Таа војна беше нов тест за нас Македонците и таа имаше две димензии (барем сега тоа го потврдија ишодот и фактите). Таа се водеше и за размена (преуредување на населението и затоа беше лоцирана баш тука воКостурско), а целта на власта воГрција беше сосема јасна:
Што повеќе Македонци да се протераат.
Грчката држава добро ги искористи:
1. Формирањето на НОФ, на 23 април 1945 година и
2. Решението на вториот Пленум на ЦК на КПГ на 31 март 1946 година и стратешки умешно го стегне обрачот, пеколот да се одвива во Костурскиот дел и да се истоштат сите национални резерви на македонскиот народ. Прашање е дали со нас Македонците ќе можеше ова да се случи, ако овие два настана не беа потикнати од корист на туѓите цели. Но ако ова не се случеше денес ќе имавме едно компактно македонско население, составено од неколку стотици иљади и ќе имавме компактна македонска територија.
Ете низ овие горе изнесени факти е целата вистина и може да се одговори на прашањето: Зарем било можно само од едно село да загинат толку луѓе…?!
Тоа ни го направија сите тие на кои неизмерно им верувавме…
И жртвите што ги набројува г. Гкасис се токму тие наши браќа, татковци, мајки, сестри, селани, роднини, соборци и земјаци и се поставува прашањето:
Какво зло сме направиле ние прогонетите, да не можеме и да немаме право цели педесет години да им запалиме СВЕЌА!?
Но, за Костурчани не се само овие жртви што ги признаваат комунистите, кој ќе ги признае жртвите што ги направија ЕЛАСИТИТЕ и други разни вооружени воени групи кои беа крвно против Македонците што во одреден период се најдоа во позиција да си го одбранат човековото достојнство а такви исто така ги има многу, а тие беа исто Костурчани и синови на македонскиот народ.
8. Книга: БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ВО ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА (1941-1944), од Ташко Мамуровски.
Но, сакам да подвлечам дека е едиција на Институтот за национална историја, Скопје, 1989 година и какви импликации имаше и ќе има во македонската свест, кога тоа сега сами ние Македонците го правиме и тоа баш по моделот на Владиката Каравангелис и други автори кој тоа ни го посакуваат да не направат Бугари или идеолошки војници, но не и Македонци.
По исчитувањето на овој материјал кој е набројан од сеќавања и голем дел од книгата која е исклучиво напишана за судењето на Костурчани.
Се поставува прашањето: Зарем за вистината има потреба некој да не уверува, да ни објаснува, дека тие делби и меѓупресметки биле желби на Македонците? Дека тоа го вршеле од некакви интереси? Не, тоа се приказни кои и денес се наогаат по некои заведени и несовесни наши современици, со цел да си ја сочуваат синекурата. Но, веќе таквите приказни и сфаќања денес не поминуваат пред современата македонска интелигенција.
Во третата глава на оваа книга се вели: “Дејноста на бугарската агентура во костурско, односно активноста на бугарските емисари за формирање на вооружени чети во костурско. На 5 март 1943 година во Костур се оформила првата чета и броела оклу 80 контрачетници и на чело бил Живко Шеќеров”. стр.43.
Овој “научник” ингерира, се сплеткува во нешто што нема основно познавање и посакува да симулира идеолошка надградба и ги опфаќа облиците на општествената свест. Од таквата догма и апсурд не е само грев спрема овие луѓе, туку и национално зло. Од стотици што ги има, ќе го наведам примерот со Д-р Христо Ивановски, човек со висока доблест, научник, професор и награден со високо републичко признание, а неговиот татко Васил Јанакиевски - Мусолини, е набројан како бугарски агент, односно спрема југословенскиот модел на пишување “Исторја за Егејците”, како: четник, контрачетник (општа терминолшка збрка) и оцрнет за доживотно. Човек ќе се запраша: така ли треба и со таква плиткост да ја градиме македонската историја и до кога така ќе се постапува со македонскиот човек?
Комити (борци за ослободување од турското ропство) ги нарекува Четници (За време на народноослободителната борба -припадници дразицевог или недицевог пократа)
И ете каква врска има со нас Македонците, таквото стигматизирање од овој “научник”, кој фрла клевети, оцрнува еден народ, за кои дури и чесните Грци имаа поинакво мисление за Македонците (види списоците за погинатите во ДАГ што ги нуди г. ГКАСИС, тоа е чин од големата почит кон своите соборци), но ги нема никаде списоците од масовните гробници на Комитите, кои на многу од оние што ги наведува Гкасис им се татковци или браќа на Комитите) на луѓето што се имаа наоружано за тој период на време, бидејќи не гледаа на друг начин да се одбранат од разни тн црни банди. Но најтешко е за живите изгонети семејства Македонци - Костурчани кои имаа дадено жртви и на двете страни и за нив во полавеков баше најстрашно ако се спомнат жртвите Комити, од тука се поставува прашањето: што народ сме ние Македонците и кога нашата Историја ќе се ослободи од такви скрибомани кои внесуваат лош дух во нацијата? Во тој период на време се имаа наоружано повеќе од 4.700 комити за одбрана на македонската чест. Таквото наоружување не беше случајно и инцидентно, тоа се случи по извршените незапаметени насилства и затоа не случајно се најдоа скоро сите костурски села во одбрана на македонското достоинство како синови и внуци на Илинденците а не на дражевичевците и недевичевците.
Еве на пример кои села беа наоружани и ставени во заштита на населението. Тоа беа селата: Тиквени, Изглибе, Мањак, Косинец, Лобаница, В'мбел, Брезница, Горенци, Старичани, Добролишта, Четирок, Горно и Долно Дреновени, Поздивишта, Черновишта, Кономлади, Горно и долно Статица, Апоскеп, Сетома, Тиолишта, Блаце, Черешница, Прекопана, Олишта, Загоричани, Мокрени, Бобишта, Куманичево, Горенци, Бомбоки, Личишта, Кондораби, Галишта, Здрелца, Жеегоже, Старичани, Рупишта и др. а централните Штабови беа лоцирани во Костур, Рупишта и Корештата и сите тие тогаш преставуваа како политички македонски субјект на тие сите костурски села и неслучајно беа ликвидирани уште пред преговорите со владата во бегство и со предавање на власта на десницата, оти тие несакаа да имаат работа со таков македонски политички субјект.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/21 на 29 октомври 2026