Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

САКАМ ДА НАВЕДАМ ЕДЕН ПРИМЕР, КОЛКУ МАНИПУЛИРАА СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ, А НИЕ ГИ С - Part 02

Од Стојан Кочов · Дел 6 од 26 · Околу 8 минути

Читај на English

Во овие две потпишани писма од Лазо Димовски - Ошенски и од Наум Пејов се изнесени важните детаљи, што ја покажуваат суштината на непринципиелната политика, водена од страна на комунистите во Костурскиот реон.

Низ историските документи тоа се забележува како прва реакција од Македонци - комунисти; а кореспонденцијата е на грчки јазик.

ТЕЗАТА - МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТОЕЛА ИЛИ НЕ!?

Што ни потврдуваат следните писма од Лазо Ошенски, Наум Пејов и А. ЛИТОВСКИ…

Во своето писмо од 24 јануари 1944 година (пред расформирањето на СНОФ), партискиот апарат (Бирото на КПГ), егејскиот дел на Македонија под Грција го имаше регионализирано и под Западна Македонија се мисли на:

Костурско - преспанскиот дел под Грција. Лазо Димовски -Ошенски се обраќа до Бирото на КПГ за Западна Македонија.

Тој вели: “Меѓу Славјаномакедонскиот елемент се јавуваат определени прашања, на кои ние не можеме да одговориме, а не може да одговори ни Околискиот комитет”.

Одговорот е: слепа послушност на партијата... Ако партијата не најде правилно решение, постои опасност славјаномакедонскиот народ да тргне пак по погрешен пат. (Се мисли на формирањето на комитети во сите села - вооружени селани за самоодбрана - м.з.). Првата фаза од учеството на дел од славјаномакедонскиот елемент во комитетот треба да се проучи длабоко, затоа што тоа беше еден динамичен израз на славјаномакедонскиот елемент, кој под влијанието на грчката пропаганда потврдува дека е Бугарин. Оваа оценка, спротивна на досегашните, од одредени историографи, е навистина за почит таа заслужува да се расветли и да се докажи; при што (постои голема веројатност, дека таквата одамнешна грчка пропаганда всушност и го туркала нашиот човек со сила во критички моменти да се декларира како Бугарин. Се разбира, тоа го правеа затоа, што сето тоа беше во отсуство на македонскиот фактор, а напорите на Ошенски се во таа насока.

м.з.). Понатаму тој продолжувајќи вели: “Било кој Славјаномакедонец, што ќе пројави и најмал интерес за историјата, за борбите и за барањата на славјаномакедонскиот народ, тој веднаш, од страна на раководството, се крсти како Бугарин, како бугарофил, или како автономист, и се изолира.

Ако некој имаше смелост да праша зошто? Одговорот беше: да седи мирно оти ќе го скршат раководството никогаш не ја проучи историјата на славјаномакедонскиот народ, ниту неговите барања, а таквата можност не им даде ниту на пониските раководства. Без разлика што таму го туркаа нашиот човек, тој навреме увиде дека местото не му е таму да биде Бугарин и затоа се сплоти во СНОФ. Но, ако и оваа организација не му ги задоволи желбите, повторно ќе тргне во правец каде ќе најде задоволување на тие желби. И треба да знаеме дека најреволуционерните јадра од востанието во 1903 година беа Корештата на Д'мбени, каде што и денес се уште има чиста славјаномакедонска свест. (Доказ дека е така, што кај многумина постои мислење дека е Трповски ликвидиран од страна на комунистичката партија поради што бил Славјаномакедонец и се спротивставувал на линијата на партијата). Види: “Егејска Македонија во НОБ 1944-1945 г. том I стр.17.

Писмото на Наум Пејов, упатено до Ѓоргис Ѓанулис, командант на единиците на ЕЛАС во реонот Вич, на 31 мај 1944 година (по расформирањето на СНОФ, кога една група македонски борци, во знак на протест, заедно со група македонски организатори и активисти на СНОФ, во првата половина на мај 1944 година, ја напуштија Македонија под Грција и преминаа на планината Караорман на денешна Р. Македонија.) Ова писмо има построга форма, со децидно дефинирање на основните барања, и на поорганизирано рамниште ги изнесува непринципиелните постапки од страна на Комунистите, Еласитите и Еамитите, од што може да се заклучи, дека е во прашање една комплетна македонска национална неостварена платформа. Тој вели: “...Народот од нашата околија не стапи на страната на револуцијата, туку повеќе се потчини пред оружената сила на ЕЛАС и личното влијание на неговите политички раководители.” понатаму се изложува и неговото становиште:

Еден народ да се дигне во револуција треба да гледа исполнување на своите цели идеали и интереси, да му се задоволат желбите во националноослободителното движење, пред сe, неговите национални желби. Согласно со принципите на народно - ослободителните движења и согласно со Атланската повелба, секој народ ќе се бори во рамките на старите граници и по истребувањето на окупаторот, секој народ има право на самоопределување. Значи, положбата дека нашиот народ ќе живее во рамките на Грција, ќе беше можеби привремена, затоа што самиот славјаномакедонски народ ќе решаваше за својата судбина.

Нашиот народ, за да се бори како одделна нација, или малцинство во рамките на Грција, треба да биде претставуван од свој орган за борба, од своја организација. Таква, како сенка на хоризонтот се појави СНОФ, велам како сенка, зашто таа така се поставуваше пред нашиот народ, што изгледаше како стапица. Се поставуваше само во селата, каде што немаше организации на ЕАМ, но и да ги опфаќаше сите села од нашата околија, пак организацијата ќе беше недостапна. Јас предлагав, сиот славјаномакедонски народ, кој живее во грчката поробена држава, да се организира во СНОФ. И конкретно, во цела Западна Македонија да се постави централно раководство, кое би раководело директно од Македонското биро на ЕАМ.

Војската, како природен плод на политичката организација, да се организира во посебни единици, со свој штаб, кој ќе се раководи директно од ЕЛАС.

На сето ова, секретарот на Окружната партиска организација не сакаше да обрне внимание, можеби затоа што тоа не можеше да го сфати како една политичка потреба.

Линијата на ЕАМ, која беше и линија на КПГ,не го задоволуваше славјаномакедонскиот народ. Нашиот народ е народ со историја, не е малцинство, туку нација, затоа што претставува етнолошка, историска и економска целина со другите делови, што се наоѓаат под чизмите на империјализмот, и природно е овој народ да се бори за создавање на една слободна Македонија...” Види: Егејска Македонија во НОБ 1944-1945 год. том I стр. 131.

Ова писмо е историско (м.з) и претставува релевантен аргумент кој експлицитно го покажува односот на КПГ спрема македонското прашање. Тогаш се поставува прашањето: како можеле стратезите на НОФ и на КПМ/КПЈ, да ги пренебрегнат овие аргументи и повторно да го потчинат македонскиот народ (со т.н “братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ), а фактички под КПГ. Зарем треба да бегаме од вистината дека НОФ со овој чин уште еднаш како и претходниот СНОФ е избришан од политички субјект во Грција?

,,Македонската националноослободителана платформа во Егејскиот дел на Македонија, јануари - 1944 година” од Д-р Литовски Александар, Скопје 2008. Тој Пишува: стр.(233)... во третманот на македонското национално прашање во Егејскиот дел на веќе институционизиранизираното македонскоослободително движење од Егејскиот дел на Македонија преку СНОФ.”. На стран 236 пишува:” Всушност, при разгледувањето на политичко - пропагандното дејствување на СНОФ може сосема јасно да се забележат две доминантни насоки на дејствување. Првото, дејствување во насока на привлекување на македонското население во ЕАМ и КПГ, и второ, дејствување во насока на зацврстување на одделниот македонски национален идентитет во Егејскиот дел на Македонија.” Старите велеа: “Секоја замисла е лесна кога не се зема предвид суштината - стварноста.” Овој наш автор д-р Литовски: зарем не знае дека СНОФ -,,Славомакедонци” преставвува племенски атрибут и не прави пред светот “послушни идиоти”!?

Ете такви беа оценките на овие наши луѓе и со тоа беше завршено се. Тие сите што го напуштија ЕЛАС беа прогласени за предавници и за носители на расцепот меѓу Македонците и Грците, а нивните семејства беа малтретирани и гонети од самите тие борци - ЕЛАСИТИ? ЕАМИТИ И КОМУНИСТИ.* Ете што сe бараше во тоа време од ликот на комунистот.

ЗА ЛИКОТ НА КОМУНИСТОТ: Нема ништо по возвишено од титулата на Комунист, кој е основач и водач му бил Ленин.

Не може секој да одговори на тешкотиите и на бурите кои го пратат членот на една таква партија. Деца на работничката класа, деца на иднината, на борбата, деца на непоколебливоста и издржливоста и на херојските потези, само такви можат да бидат членови на партија. Види на грбот од партиската книшка.

Но, уште еден од посериозните историографи што вели. (Види:

“Н.М.” 20.08.1994 година). “Кон половината на 1944 година состојбата во Егејска Македонија за македонските комунисти станала неподнослива. Грчките комунисти, насочувани од англиската разузнавачка служба, преземале бројни мерки за да го задушат македонското народноослободително движење:

Забраниле примање на нови борци во македонските бригади под изговор дека таа војска била несигурна;

Го растуриле македонскиот национален - ослободителен фронт на Грција;

Забраниле секаква пропаганда на македонски јазик во Грција;

Го забраниле истакнувањето на правото на самоопределување на Македонците;

Наредиле македонските бригади, кои веќе биле формирани, да се повлечат кон јужна Грција. Сите наведени мерки имале цел да се задуши македонското национално - ослободително движење.

Меѓутоа, таквите насоки на грчките комунисти биле насетени, па македонските бригади успеале да се повлечат на територијата на Вардарска Македонија, барајќи заштита.

Истовремено, во Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија допатувала и делегација Македонци од костурската, леринската и воденската област, која донела бројни документи за теророт и злосторствата кои ги вршеле грчките партизани ЕЛАСИТИ над македонскиот народ во текот на минатите три години...” Текстот носи наслов: “Комунистот против комунистот.” Но, ние брзо заборавивме и влеговме повторно со истите луѓе во Граѓанската војна. Заборавивме, пред се дека Грците се итри и прагматични луѓе и тие правеа и прават се за да го задржат пленот, што лесно го зграбија со Букурешкиот договор 1913 година, односно со Версај 1919 година.