Ideological Activism: Macedonians Under Greece
САКАМ ДА НАВЕДАМ ЕДЕН ПРИМЕР, КОЛКУ МАНИПУЛИРАА СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ, А НИЕ ГИ С - Part 01
САКАМ ДА НАВЕДАМ ЕДЕН ПРИМЕР, КОЛКУ МАНИПУЛИРАА СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ, А НИЕ ГИ СПРОВЕДУВАВМЕ НИВНИТЕ ЗАМИСЛИ:
1942 година со исти цели, бидејќи тоа е решено на заедничкиот состанок со ЦК на КПГ и ЕАМ. Прогласот е упатен до граѓаните на Грција и до бившите офицери на грчката армија, познати по својот буржуааски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само “Славофони”.
Неколку дена пред Новата 1945 година, во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, означено и како вонредно, на кое 'великанот' Јосип Броз не доаѓа. Го праша Словенецот Едвард Кардељ - Бевец. Магепсан од величината на гостинот, Колишевски понизно го слуша, а тој пак, без стеснување, на заминување му соопштува непријатни работи. Ближи крајот на војната, му рекол Кардељ на Колишевски, а со тоа ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на македонија има Пет големи минуса: најдоцна почна со востанието, најудобно ја мина окупацијата, имаше најмали разурнуваwа, имаше најмалку жртви и, конечно, не учествуваше во ослободувањето на Југославија.
Лазо обезумен го прашува Кардељ, што да се прави. Овој ладнокрвно му вели: 'Првите три работи не можете да ги исправат. Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и да стрела, а вие да пратите голема единица на Сремскиот фронт'.
ПОЛИТИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА Револуција или измама за (Само) жртвувањето на Македонците под Грција во Граѓанската војна 1945-1949 и талкањето низ полувековниот молк по Балканскиот Пакт од 1953 година.
ПРИКРИЕНА ИСТОРИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ИСТОРИЈАТА СЕПАК ТРЕБА ДА КАЖЕ, КОЈ ГО АКТИВИРА “МАКЕДОНСКИОТ СИНДРОМ“ ЗА НАШЕТО
(САМО) ЖРТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ГОДИНИТЕ (1945-1949) ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА?* Во ова куса анализа ќе се обидам да не елаборирам и да разглобувам сложени историски прашања, туку едноставно да покажам дали само уште за нас Македонците под Грција со полна сила ќе важи максимата: “Историјата не учи дека ние не учиме од неа” и само ќе набројам еден мал број елементи (факти), што треба да се познаваат, за да оформиме еден логичен историски тек и национално полезно становиште спрема нашата национална историја.
Дали ние, Македонците под Грција, по Втората светска војна, настан кој што човештвото ќе го памети по големиот број човечки жртви, по тешките разурнувања на добрата создадени со човечки труд, по патилата на несреќниците по концентрационите логори на Третиот Рајх изградени низ цела Европа и уште по многу други пакости и нечовештини го активиравме “Македонскиот синдром”, или го сторија тоа некои други (туѓи пропаганди), кои што добро го познаваа нашето возвишено патриотско чувство? Дали не ни сугерираа другите да играме на воената опција, при што, преку разни “стратешки” потези, од нас се бараше што повеќе да ја вжештуваме положбата наша, која што потоа ќе ни донесе: нови (20.000 лица), човечки жртви и страдања, губење на прадедовите огништа (околу 80 села ги снема), нови етнички чистења и преселби на повеќе од 170.000 Македонци.
Зошто забораваме, дека за времето од 1940 - 1949 година Македонија под Грција беше претворена во арена на диви националистички пропаганди (во отсуство на македонскиот фактор) за да се придобие душата на понижениот и деградираниот македонски човек и за големодржавни интереси.
Зошто им ја оспоруваме вината дури и на оние, кои што комплетно и авторитативно тврдат, дека носат вина за Граѓанската војна во Грција; како што е случајот со Тито: “Кога преседателот Тито ме прими пред моето заминување во Грција за Амбасадор, давајќи ми упатства за работа, ми зборуваше и за “македонското прашање”. Суштината на неговото кажување главно се сведуваше на тоа дека со Грција не треба да се води дискусија за тоа прашање, односно за Македонското национално малцинство во Грција, зошто гледиштата за овој проблем ни се сосема различни. Со големи напори, успеавме со Грција да изградиме пријателски односи, тоа не беше лесно по Граѓанската војна во таа земја, војна во која учествувавме и ние.” (Види: Фељтон во “Н.М.” од 8.02.1994 година, од амбасадорот во Грција М. Миљковиќ).
Мислам дека е неопходно што поотворено да се изнесат сите прашања, а тоа ќе биде доказ, пред се на зрелост, искреност и добронамерност за ред суштински прашања од нашата историја со продлабочување на историските анализи и објективизирање на соодветните историски настани и да се престане со бесмисленото уништување на македонското ткиво.
Впрочем, суштината за анализата на бедата е изнесена во мојата книга “(Само) жртвување на Македонците под Грција”, преку голем спектар на прашања, со што се бара од нашата историографија и од надлежните институции да одговорат.
Меѓутоа “чуварите” на напишаната “Историја за Егејска Македонија”, со исторска маскираност и која ги толкува исклучиво само историските факти, што беа во функција на релацијата СФРЈ и Грција, тие жестоко се бранат, игнорирајќи многу историски факти, а нивната логика е, ако човек нема прикачена титула, не може да покренува прашања, што се од витален интерес за нацијата. Но, се потврдува дека повеќето од овие “критичари” се од типот на гоголевите “мртви души”, и тие, (некој преку нив), упорно се измачуваат во пренагласувањето на маргиналните прашања и, со својата вродена аблепсија, секогаш спремни да адјудицираат и да бламираат со својствената вулгарна лексика без елементарна пристојност.
Несфатливо е, зошто овие луѓе, и кога не мораат, или немаат доволно конзистентни аргументи, прибегнуваат всушност кон отворено притиснување во заборав и премолчување на најбитните факти: како и зошто се дојде до геноцидот на Македонците под Грција. И така, осоколени од Сталинистичкиот Коминтернизам, тие одново се засукуваат во нечиј стратешки интерес, во стилот “ние и никој друг”, инсистирајќи сето тоа да ја поприми смешната револуционерна гордост (како што досега е прикажана “Историјата на Македонците од Егејска Македонија”), изманипулираните и жртвуваните Македонците во таа трагедија, во која македонската судбина им беше препуштена да и ја решаваат други, тоа добро го знаат, и сега овие “чувари” на историјата, тоа се покажа дека се луѓе со идеолшка контаминација и поданичка свест, претставувајќи се како “Интегрални личности”, посакуваат да не тераат се уште да играме во сопствената драма и, за да биде прашањето поиронично, да се гордееме дури и со нашето (само) уништување, односно со нашиот национален пораз.
Со таквите импровизирани умозаклученија тие посакуваат да ги бранат досегашните вредности на историографијата (за Македонците под Грција); но, дали е тоа, сепак, достапна причина ние да молчиме, само затоа што нивните вредности не личат на нашите. Зошто и натаму посакуваат да владее само нивното пропагандно мерило? И зошто секој искрен интелектуален ангажман, секој критички осврт кон нивните слабости (дури промашени работи, во интерес на политиката)
го толкуваат како политички атак врз историјата и, за да се одбранат, манипулираат со емоционалната тензија кај обичниот страдалник, а со тоа се завршуваат амбициите на овие без дарни
“теоретичари”.
Но да се вратиме по редот на нештата. Бидејќи споменатите “критичари” во истовреме станаа многу појасни во нивната нејаснотија во врска со нашите (нивните) “борбени сојузници”:
ЕАМ, ЕЛАС И КПГ - како што ни ги нарекуваат а всушност сите ние бевме само обични војници, како што беа и нашите татковци во малоазиската и во итаљанската војна, што ги водеше Грција. Бидејќи, за да бидеме сојузници, потребно беше од нас нешто друго. Најпрвин од се друго да се изборевме да станеме политички субјект со едно македонско - ПРОСТУМ. А не со коленичење. Но, на тоа најмногу се противеа токму овие:
Еамити, Еласити и Комунисти. Но, да видиме какви им беа нивните цели во програмите, што ги пролкамираа.
1.1 КОИ БЕА ТИЕ НАШИ СОЈУЗНИЦИ?
Програмата на ЕАМ (Национален ослободителен фронт), формирана на 27 септември 1941 година која ја сочинуваа:
Комунистичката партија на Грција, Земјоделската, Социјалистичката и народно - демократската партија, Општа работничка федерација, Општа федерација на државните чиновници, Организација на националната солидарност и претставниците на политичкиот, научниот и културниот живот на Грција. Покасно на ЕАМ и се приклучува напредниот дел на либералната партија. Од овој преглед, уште еднаш се гледа дека ние Македонците не сме им биле сојузници, бидејќи до тогаш не сме се имале изборено за некаков политички субјект во државата Грција, туку едноставно, доброволно сме биле само членови како граѓани на Грција, без белег македонски. Главно нивната програма се состоеше во следното:
А) 1. Прогонување од земјата на Германско - Италијанскиот и на Бугарскиот окупатор;
2. Воспоставување на интегритетот на Грција;
3. Самоопределување на Кипар, Додеканезите и еверен Епир. А каде сме ние почитувани Еамити?; и
4. Стратешко регулирање на северните граници на Грција
(значи им требаше уште малку македонска земја на овие сојузници). Види: весникот “Махитис”, орган на комитетот на ЕЛАС од 10 февруари 1944 година, во коментарот: ЕАМ е националното прашање. Зарем и досега уште да не знаеме, дека во програмата на ЕАМ апсолутно ништо ништо не се предвидуваше за нас?
Б) Програмата на ЕЛАС* (Грчката народноослободителната војска), формирана во румели - како партизански одреди на 15 мај 1942 година со исти цели, бидејќи тоа е решено на заедничкиот состанок со Цк на КПГ и ЕАМ.
Прогласот е упатен до граѓаните на Грција и до бившите офицери на грчката армија, познати по својот буржаски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само “Славофони„ никакви борбрни сојузници, туку пак само живи војници, како и нашите татковци во предходните војни. Ние, за тој период можеби погромко ја пеевме “Емброс ЕЛАС гиа тин Елада„... и ништо повеќе. Но, има уште еден непобитен факт за секој што бил ЕЛАСИТИН, и не терба да заборава дека дал свечена заклетва.
Види Ο ΟΡΚΟΣ του ΕΛΑΣΙΤΗ. Ке се бори за ослободување на татковината - Грција и заштита на интересите на грчкиот народ...
*ЕЛАС - ЕЛАСИТИ се потпиша спогодба со која ја потчинува својата команда под англиска за Блискиот и ка се викаа “припадниците на оваа војсандартес” и што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период на грчките андарти организирани и вооружени во Грција и испраќани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание.
На 6 април 1941 година во истовреме Германија изврши напад против Југославија и Грција и сега во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи, а на 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ (Народноослободителен фронт) и го повикува целокупното население на Грција на отпор против фашизамот и за таа цел на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараат да се организира ЕЛАС (Грчка народноослосбодителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуваа воените единици на ЕЛАС, Елаити. Во костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на
7.12.1942 година и го сочинуваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца Власи.
ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70.000 еласити, но на 16 јули 1943 година, раководството на Елас и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс, а на 12 февруари 1945 година.
(ЗАКЛЕТВАТА НА ЕЛАСИТИНОТ: “Се колнам дека ќе се борам до последната капка на мојата крв за потполното ослободување, стабилноста и независноста на Грција. За зачувување на интегритетот на грчкиот народ и воспоставување поредок и ред на основните човечки права. За оваа цел ќе се починам на дејствијата и решенијата од наредбите на ПЕЕА и ќе ги извршувамсовесно и дисциплинирано, сите наредби и упатства од претпоставените и ќе ја одбегнувам секоја постапка што ќе ме прави недоверлив како личност и како борец спрема грчкиот народ.”)
На 16 јули 1943 година Командантот на ЕЛАС Сарафис и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс, потпишаа заедничка декларација со која ЕЛАС се признава како сојузничка армија и се потчинува на командата за Блискиот Исток. Се поставува прашањето:дали 40.000 -те иљади Македонци еласити (како што ги наведува еден од “критичарите и чуварите на историјата” г. Лазо Радигожлиев, беа консултирани за сето ова? Таквата 40.000 - иљадна македонска армија требаше да има свој генерал - штаб. Дали може нашата историографија да посочи неколкумина високи македонски офицери? Но, да видиме како се одвиваа работите.
На 31 октомври 1944 година поголема група англиски војници со оклопни возила влегоа во Солун пред ЕЛАСИТИТЕ.
ЗОШТО? Три дена подоцна лондонската радио - станица на ББС објави вест дека британските трупи го ослободија Солун.
На 12 февруари 1945 година во Варкиза одморалиште близу до Атина, беше потпишан договор меѓу раководителите на КПГ и ЕАМ од една страна, а од друга - владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби. Со тој договор ЕАМ и ЕЛАС, практично, и ја предаде власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ. Но, да видиме каква е оценката, дадена во резолуцијата на ПЕ на ЦК на КПГ од 15.11.1948 година и зошто таму баш така се вели: “Дека Маркос Вафијадис, како комесар на групата дивизии на ЕЛАС во Македонија, следел шовинистичка политика спрема Славомакедонските борци.” (Види: Сп. “неос космос” август 1950, “Десет години борба” стр. 470). Но, зошто толку доцна тоа го вели овој орган, кога Маркос беше веќе отстранет, а Македонците им требаа за војници во Граѓанската војна.
Програмата на КПГ* (Комунистичка партија на Грција). Во грчката држава првиот социјалистички конгрес е во ноември 1918 година, на кои се реши да се создаде Работничка Социјалистчка Партија на Грција и истата во 1920 година стана член на Третата Интернационала (значи на обединетите комунистички партии, на познатата како КОМИНТЕРНА, која се образува во март 1919 година) и дури 1923 година се нарече со името “Комунистичка партија на Грција„ (ККЕ)* Во политиката на КПГ по однос на македонското прашање се карактеристични пет периоди:
1 - период од формирањето на КПГ (1918-1924);
2 - период од обединета и независна Македонија (1924-1935);
3 - период на полна рамноправност на Македонците во рамките на грчката држава (1935-1949); тоа е периодот кога не подготвуваа да играме во сопствената драма за нашето (Само)
жртвување.
Како што е познато, официјалниот став за “Обединета и не зависна Македонија”, КПГ, го измени ставот на 6-от Конгрес на партијата во декември 1935 година и го и зазеде ставот на полна рамноправност на сите малцинства, и од тој период на време за нас Македонците, распуштањето на организацијата ВМРО (об.)
настапува уште еден тежок удар по поделбата на Македонија од 1913 година. Тоа значи со укинувањето на дејноста на ВМРО
(об.)
Во 1935 година, се укинуваат и акциите за утврдување и развивање на сите атрибути на македонската национална самобитност, која до тогаш, не беше спорна. Сега наеднаш сето тоа се руши и доваѓа до целосен прекин на меѓусебните врски од секаков вид заеднички македонски политички акции, од една и од друга страна до дезинтегрирање на македонските политички сили и преостануваше само да се приклучат кон демократските сили и партии во секоја конкретна држава и до прифаќање на нивните политички програми, односно за нас Македонците, сега ништо повеќе од тоа што се предвидуваше за сите малцинства и нивните права. Со тоа е отворен процес на создавање на нова ментална структура во начинот на мислењето, со виден притисок и влијание од БРП (к), КПЈ и на КПГ.
Ова може да се потврди и со следното: ЦК на КПГ на својот 6-ти Пленум (1 јули 1941 година) како носител на идејата за “национално единство и на концепцијата и за Грција не постои македонското прашање”. Таквиот став се барал и бил прифатен од КПГ, бидејќи тоа го барала Папандрејсовата програма за “национално единство”. Види: Драган Кљакиќ, Генерал Маркос. Издание, Глобус, Загреб, 1979, стр. 75.
Во официјалните документи КПГ за време на Граѓанската војна исклучиво не водеше и не нарекуваше како ,,Славомакедонци,,.
Зошто и како ние Македонците тоа го прифативме, види во поглавјето “Славо-Македонци.”
4. Период на полна рамноправност на “Славомакедонците” (20 јуни 1949 година) пред самата ликвидација на ДАГ (овој е период на досотрување).
5. Период на полна рамноправност на “Славомакедонците” (Од октомври 1949 г.).
Овој е период кога тие се враќаат на своите огништа и скоро сите офицери, што се вратија од емиграција по Граѓанската војна, беа унапредени од грчката влада уште за три степени со повисок чин, од оној што го имале за време пред Втората светска војна, а за нас велат: “Вие не сте Грци по род... “Во Грција нема место за вас...” Ете таква беше програмата на КПГ.
Но интересно е да видиме како е таа оценета и од нашите историографи. Поточно, да се потсетиме на оценката за целокупната активност на КПГ во периодот од 1940-1944 г. од уважениот г. Христо Андоновски во неговата книга:
“Македонците под Грција во борба против фашизмот”. На стр.
218 таму пишува:
“...Најпрвин, во самото раководство на КПГ, да не говориме и за масовното членство, се уште вегетираа националистичките и шовинистичките побуди и сфаќања. Второ, никогаш во минатото КПГ сериозно не го проучила македонското национално прашање, туку само за да ги мобилизира македонските народни маси на своја страна.” Понатаму уште пишува: “...Раководството на КПГ на семожен начин пактира со граѓанските буржоаски партии во Грција и по секоја цена бара “национално единство” со нив и најпосле целото Движење на опторот го потчинува на интересите на Велика Британија во Медитеранот.” Но, исто така за почитување е дадената оценка на Д-р Ванче Стојчев.
Во, “Нова Македонија” од 16.08.1994 година, тој пишува: “Во КПГ била извршена специфична ретроградна еволуција. Од првобитното признавање на македонската нација, КПГ еволуирала наназад. Имено, КПГ категорички одбивала не само да ја признае македонската нација, туку го натерала и самото словенско потекло на Македонците, па ги нарекувала
“Славофонски Грци”.
Посебно тешките последици за семакедонското движење на отпорот настапиле по истекувањето на познатата теза на Коминтерната “Една држава-една партија”. Со времето, а посебно по Версајскиот договор, во 1919 година, таа теза, преминува во практиката, се повеќе придобива карактер на злосторство над ослободителната борба на македонскиот народ.
Со нејзината примена се признавала распарченоста на македонската територија; се легализирала поделеноста и неповрзаноста на македонската борба и револуционерното движење; се создавала легална можност за анексија на македонската територија и за присвојување на револуционерната борба; трајно се оневозможувало постоењето и развојот на општомакедонската ослободителна организација, односно конструирање на единствено раководство на македонската националноослоботителна борба; се создавале претпоставки според кои секаков повик за конструирање на општ македонски фронт за заедничка борба, однапред бил третиран и осуден како сецесионистички, предавнички, разурнувачки или фракционерски. На истакнувањето на општо македонскиот национален стремеж, се спротивставувале државно - правни реалности на државните - окупатори кои ја заземале и воспоставиле власт на македонската територија. Во таквата ситуација македонското национално движење добивало карактер на сепаратистичко. Во сите три комунистички партии (југословенската, бугарската и грчката) македонските комунистички кадри биле прифаќани внимателно и со резерва, оставајќи ги да делуваат во втор и трет план, секогаш обврзани на докажување на својата лојалност.” Ете, такви беа нашите (вашите) “сојузници” ЕМАМИТИ, ЕЛАСИТИ и КОМУНИСТИ. Суштината на проблемот може да се сублимира во неколку прашања, но за тие да бидат појасни и да се избегнат недоразбирањата, неопходно е овие проблеми да бидат соодветно објаснети.
1.2 КОМУНИСТИ - МАКЕДОНЦИ ВО КПГ (Членови на партијата).
Повеќе од јасно е дека Македонците беа растргнати меѓу нациналната совест и свест и обвразувачките политички насоки на КПГ * под силната контрола на ЕАМ, ЕЛАС и КПГ, додека нашето членување на ЕАМ, КПГ и учеството во ЕЛАС, значи дека ние сме ги прифатиле нивните цели и програми, односно прокламираната програма на Коминтерната, што беше наполно прифатена од КПГ (декларативно) и која гласеше: “Полна рамноправност на малцинствата со другите граѓани во рамките на грчката држава”, која важеше од 1935-1949 год. Тоа може да се потврди и од нашите инструктори ( на КПГ; КПЈ и КПБ), кои што ја завршија високата (партиска) школа во Москва во годините пред Втората светска војна. Тие истите тоа го агитираа; а такви ги имаше од трите дела на Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска). Тие повеќе од строго се придржуваа кон овие коминтернистички решенија, што беа донесени на 7-от конгрес во 1935 година; додека тезата “Една држава - една партија”, иако потекнува од комунистичкото движење, во почетокот на војната претставува основна пречка за реализација на секаква македонска обединувачка програма.
Но, тоа е сторено по етничките промени во македонија; а комунистите не убедуваа дека тоа е “цивилизирана размена на населението”. Додека крајната цел беше сето тоа да го платиме ние Македонците.
На чело со сите овие луѓе, сеќавањето наше остана трајно, клинкајќи по нив со чиста намера да се верува во некакво јасно и вистинско партнерство, а не за “мачка во вреќа”. Но, не смее се разбира да се тврди, дека немало Македонци кои не мислеле поинаку. Меѓутоа е исто така е факт дека се до октомври 1943 година ние Македонците исклучиво се изборивме за реализација на програмите и целите на ЕАМ, ЕЛАС и КПГ.
Меѓутоа се манипулира со прашањето: Дали комунистите Македонци во КПГ се бореа за самостојна независна и обединета Македонија? Но, исто така се поставува прашањето, дали тие можеа?
Ако основните принципи врз кои се засновуваат нациите -државите се: територијалниот, државниот, историското и културното минато, етничкиот, јазичниот и на крај економскиот принцип, тогаш Македонските Комунисти како членови на КПГ практично спрема нивните прифатени програми, се откажаа од принципите: територијалниот и државниот. Тоа им беше наложено од КПГ, бидејќи таа се бореше исклучиво за територијалниот и државниот суверенитет на грчката држава и затоа остануваа (прифатени и неприфатени) само принципите:
етничкиот и јазичниот, а исто така и историското и културното минато на Македонците. Што значи, сето наше (само)
жртвување беше за една минимална програма што ја нудеше КПГ, посебно по 15 мај 1943 година кога во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија. Види: Историја на македонскиот народ, Скопје 1988 година, страница 345.
“Посебен политички успех на народноослободителната борба во Егејска Македонија претставува создавањето на Славјано -македонскиот народноослободителен фронт СНОФ, во Костурско беше формиран на 20 октомври 1943 година, а расформиран во април 1944 година со одлука на КПГ со образложение дека има “штетно” влијание врз омасовувањето на грчките маси во редовите на ЕАМ, но причината беше претстојниот договор за потпис во Либан на 20.05.1944 година помеѓу владата во бегство и претставниците на КПГ и ЕАМ за формирање на т.н. “влада на национално единство на грчкиот народ”. Понатаму во нашата историја се вели дека:
“Создавањето на СНОФ е првиот чекор во истакнувањето на македонското прашање на територијата на Грција во периодот на војната - односно во екот на востанието”. исто стр.345.
Но, каква била фактичката положба и уште кога велиме дека имало Македонци, што навистина мислеле поинаку и не им верувале на грчките комунисти - најверодостојно ситуацијата во Македонија под Грција ќе ни ја прикажат следните две сериозни обраќања, кои што со својата експлицитност укажуваат всушност на потиснатиот македонски политички фактор од страна на грчките комунисти.
Тоа се и остварени барања за овој проблем да бидат информирани повисоките органи на КПГ, бидејќи одамна имаа почуствувано, дека реонското ниво за решавање на македонското прашање нема никакво значење, туку тоа претставува само манипулирање од страна на обичните реонски секретари. Со тоа само уште еднаш се потврдува, дека сe од
1943 годинамакедонските комунистички кадри биле прифаќани внимателно и со резерва, оставајќи ги да делуваат во втор и трет план, секогаш обврзани да ја докажуваат својата лојалност кон КПГ.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/5 на 29 октомври 2026