Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

4.0 ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) - Part 01

Од Стојан Кочов · Дел 18 од 26 · Околу 21 минути

Читај на English

4.0 ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949)

4.1 Личниот дневникот од Гл. Штаб на диверзанската бригада (Саботаристи) во која служев.

4.2 Извори: КПГ и македонското национално прашање (19 - 8 -

1974),

4.3 Архив на Македонија и приложената библиографија.

Ете, како и зошто нашата крв се пролеваше преку лажните идеолошки активисти на КПГ, КПЈ, КПМ и НОФ и АФЖ...

Датум - Опис на настаните или документ

12.02.1945 Во Варкиза, одморалиште што се наоѓа близу до Атина, потпишана е спогодба меѓу раководството на движењето на отпорот на КПГ и ЕАМ од едната и владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби од другата страна. Со таа спогодба ЕАМ и ЕЛАС практично и ја предадоа власта на десницата.

Белешка: Единствен човек од тогашното раководството на КПГ е АРИС Велухиотис кој не го прифакал овој договор како капитулација на движењето на отпорот. Во Грција, покасно се потврди дека бил ликвидиран по наредба на некој од високото раководство на КПГ Арис Велухиотис на 25 јуни 1945 година е пронајден мртов на планината Пинд.

23.04.1945 Во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н

“Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а потоа помина под команда на КПГ се до нејзиното расформирање.

26.04.1945 Во Москва Маршал Тито даде изјава за “Њујорк тајмс” во која вели: “Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби.” А на 20 јуни 1945 година во близината на Воден, Егејска Македонија, е одржана Окружна конференција на НОФ за Воденско. На конференцијата, на која зедоа учество 125 делагати од градот и од селата, реферат за идеолошките содржина на борбата и формите на борбата поднесе членот на Главното раководство на НОФ Павле Раковски, а за финасиската положба - секретарот на Окружното поверенство на НОФ Вангел Ајновски - ОЧЕ. Делегатите,покрај другото, побараа ликвидирање на терористичките селски пољаци.

(Н.М/94)

28.06.1945 Се одржа Х-от Пленум на ЦК на КПГ, и во одлуката се вели:

“НОФ, со брзото омасовување и со неговите воени формации, опасно го загрозува грчкиот карактер на Македонија; грчките позиции и интереси во неа, територијалниот интегритет на грчката држава”.

29.06.1945 ПРОГЛАС од Окружниот комитет на КПГ за Воденско од членовите на КПГ и народот во Воденско, со кој се осудува организацијата НОФ.

1945 Грчката законодавна власт донесува закони против организацијата НОФ, АФЖ и НОМС. ЗАКОН 543/45: “Против организзацијата НОФ и лицата што дејствуваат за отцепување на грчки територии”.

07.07.1945 ЗАКОН број 453 и ЗАКОН ТОД: /45 “За ред, мир и правда” За обезбедување на јавната безбедност.

18.07.1945 ЗАКОН КЗ 43: “Против автономистичката дејност” и со кој закон македонските организации НОФ, АФЖ и НОМС се прогласени за автономистички, се ставаат надвор од Законот и нивните членови се прогласуваат за бандити и им се суди за Велепредавство.

20.07.1945 ПРИНУДНИОТ ЗАКОН (КЗ) 4124: “За кривично гонење на сомнителни лица”.

20.07.1945 ДЕКРЕТ “Г” И други закони: ПЗ 433/45” Околу илегалното поседување на оружје”, ПЗ 753/45 “Околу илегалното поседување и употреба на оружје”. “За вонредни мерки и за јавна безбедност”.

16.12.1945 Во Костур, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, Костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни.

12.02.1946 Во Атина е одржан -от Пленум на ЦК и КПГ на кој се донесе решение да се апстинира на парламентарните избори и се донесе т.н. историското решение за оружено востание.

31.03.1946 Една од најкарактеристичните акции беше нападот на партизанските единици на Литохоро, каде владините сили имаа 23 мртви војници. Оваа како една од поголемите акции во грчката историја на ДАГ се цени како почеток на Граѓанската војна во Грција.

02.04.1946 Захаријадис, генерален секретар на КПГ, враќајки се од Москва во Белград се сретна со Маршалот Тито и разговараше околу одлуката за поведување на оружена борба против десницата во Грција. Захаријадис од Тито добил целосна поддршка, односно, ветување за морална и материј ална помош. На оваа средба било договорено и за следното: 1. Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, предводено од НОФ, кое од април 1945 година се наоѓаше под раководство на КПЈ-КПМ, да помине под раководство на КПГ.

2. Дел од составот на Политбирото на ЦК на КПГ на чело со Јанис Јоанидис, да се префрли во Белград со задача да раководи со оружената борба, да ја претставува во странство, да се грижи за снабдувањето на партизаните со оружје, облека , храна и други материјали. 3. Слободна регрутација на борци од редовите на македонската И грчката политичка емиграција во Југославија; организирање болници за ранети и болни борците на ДАГ; Југославија да ја преземи улогата на организатор и координатор на помошта од други земји за ДАГ.

13.01.1946 РИЗОСПАТИС (Весник) истакнува во одбрана на македонците против страшното и неверојатно малтретирање на Славомакедонците. За гонењето на Македонците се вели дека е

“Најголемо и најужасно гонење закакво што не знае и какво што не познава новогрчката историја...”

17.04.1946 Солунскиот десничарски весник “Неа Алитија” (Нова вистина)

објави напис со наслов “Нашите Судети, во кој се зборува за Македонците и се квалификуваат како Судети и како такви, пишува весникот” во интерес на мирот и безбедноста во Грција, треба да бидат ликвидирани.

04.05.1946 Во Трсјанско - Турјанската планина, Леринско, беше формиран првиот партизански одред на чело со Петре Марков од селото Нерет, Леринско.

21.05.1946 Весникот “Етникос Кирикас” пишува: Од Грција треба што поскоро да се протераат 80.000 Славомакедонци. Истото се вели и во неделникот - републички весник “Елефтерос типос” од 28.01.1946 година во статијата: “Нека си одат Славомакедонците од нашата Македонија - нека си одат каде што сакаат”.

27.07.1946 Воениот суд ја осуди на смрт Ирина Гинова Мирка, учителка од с. Росилово, Воденско, секретарка на АФЖ за Воденскиот округ.

24.08.1946 Врз основа на договорот Тито - Захаријадис, еден дел од составот на ПБ на ЦК на КПГ на чело со Јоанидис Јоанис и потребниот апарат, илегално се префрли од Атина во Белград.

Генерал Маркос Вафијадис кој во јуни 1946година од Захаријадис беше назначен за организатор и раководител на партизанските групи илегално ја напушти Грција и се префрли во Белград каде што доби конкретни директиви и ветувања од делот на ПБ на ЦК на КПГ. Во септември се префрли во Егејска Македонија каде што на 28 октомври го формира Главниот Штаб на партизанските единици, односно ДАГ. Но, на 10 ноември Захариадис од Сталин доби директива вооруженото движење зимата 1946-1947 гдина дане се омасови, бидејќи тоа наводно го налага меѓународната ситуација, КПГ на политичката борба да и даде примат и слично.

21.11.1946 Заедничко решение на КПЈ и КПГ - врз основа на одлуката меѓу Тито - Захаријадис од 14 октомври 1946 година на КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: “Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос.

По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски на кои им го рече следното: “Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Боретесе со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции...”

27.12.1946 Со наредба Бр. ЕП 13 од генералот Маркос гласи: “Сите партизански единици од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

02.1947 Главни настани во 1947 година Велика Британија ја извести владата на САД, дека од економски причини на 31 март 1947 година ќе прекине да ја помага Грција. Владата САД, оцени дека долколку не ја наследи улогата на Велика Британиа Грција неминовно ќе падне под влијање на Русија.

20.02.1947 Во Атина меѓу владата на САД и грчката влада, е потпишана спогодба за помош на Грција и САД и почнаа да ја остваруваат доминацијата во Грција, истиснувајќи ја Велика Британија.

До 01.01.1948 Воена опрема и помош дадена од Југолсавија на ДАГ. (Види: список на комплетна опрема во книгата

“Македонците и односите на КПЈ и КПГ, 1945-1949”, стр. 263 од Д-р Ристо Кирјазовски), “Преглед на воената опрема и друга материјална помош за ДАГ”.

24.02.1947 Кралот на грчката држава и грчката влада јавно ги повикува борците на ДАГ да се предадат до 15 март 1947 година. Во повикот се вели, дека сите сторени дела против државата и народот ќе им се амнестираат, ако до одредениот рок се придржуваат на повикот и се вратат во своите домови.

01.03.1947 Во текот на февруари, Велика Британија ја известува владата на САД дека од економски причини од 31 март 1947 прекинува да ја помага Грција.

На 20 феввруари во Атина мегу владите на САД и Грција е потпишана спогодба за помош на Грција и оттогаш САД почнуваат да остваруваат доминиција,заменуваки ја Велика Британија во Грција.

Претседателот на САД Хари Труман објави решение со кое се прокламира “Труманската доктрина” за ангажирањето на САД во Грција. На Грција и беше доделен кредит и современа воена опрема за опремување на владината војска. Истовремено на грчката влада и беше ставен на располагање американскиот генерал, специјалист за борба против герила господинот Ван ФЛИТ.

Со неговата стратегија и применетата тактика во последните битки на фронтовите на Вичо и Грамос, беше ликвидирана ДАГ и исфрлена надвор од границите на Грција.

На 23 мај 1947 година излегува првиот број на весникот, „Непокорен,, орган на НОФ. Негов уредник е Павле Раковски.

Тираж околу 500 примероци.

15.09.1947 Од 15 до 17 септември е одржан -от Пленум ИИИ на КПГ, на кој се расправаше за воените прашања. На пленумот е истакната паролата: “Сите на оружје, се за победата!” Решено е да се создаде слободна територија на Кожанската висорамнина, која е опкружена со планинските масиви на Пинд, Пиерија, Каракемен, Кајмакчилан и Вичо.

27.09.1947 Главниот штаб на ДАГ издаде наредба за мобилизација на сите мажи од 17 до 35 години. Со не помал интензитет, за веќе неколку месеци (од 4-9 месеци) се вршеше мобилизација на бегалците Македонци (политичка емиграција во Југославија)

низ Скопје, Велес, Штип и Битола, од разни Ворјасовци и се испраќаа во единиците на ДАГ (Види: Ф.М во ИНИ, СК.4-

271/60, стр.73-76).

23.12.1947 Привремената демократска влада на Грција е формирана во Преспа, во Асамати (Н.Р.Македонија - Југославија), во зградата на предвоената пристанишна капетанија. Седиштето на Владата требаше да биде во грчкиот град Коница. Единиците на ДАГ водеа тешки борби, со големи загуби, за да го освојат овој град, но безуспешно. Поради тоа изостана формирањето на владата во овој град. Доаѓањето на членовите на Владата во Преспа го обезбедуваше потполковникот на УДБ Слободан Крстиќ – Учо (Југословен, офицер на ЈНА). Владата првобитно беше составена од осум членови и тоа: за претседател е поставен Маркос Вафијадис, а за членови: Јанис Јоанидис, Петрос Русос;

Милтијадис Порфирогенис; Петрос Кокалис; Василис Барџиотас; Димитриос Вландас и Леонидас Стрингос. Исто така со декрет се унапредени 25 лица во чин на полковници на ДАГ, но ни во владата, ни во овие офицери кои пратставуваа военополитички фактор на ДАГ, нема ниту еден Македонец, а ги стретнуваме само во историјата за “Егејска Македонија” дека НОФ бил военополитички фактор. Зошто?

Забелешка - Привремената влада начело со Маркос, не беше признаена од никоја држава се до крај на војната, а таа вршеше незаконски мобилизаа, посебно во Македонија, но не и во Грција.

НОФ и АФЖ, за таквиот незаконски чин молчеше. На почетокот на 1948 година.

13.01.1948 На почетокот од 1948 година во Грција пристигнува командантот на Американската военосаведавна и програмска група, генерал Ван ФЛИТ Американскиот план за ликвидација на ДАГ во 1948 година предвивува а) Да се продолжи со иселувањето на населението од селата блиски до планините, со што ДАГ би били - золиран од него. в) големување на теророт, спроведување почесто воени операции и други вонредни воени акции.

Главни настани во 1948 година На 13 јануари 1948 година,во црквата на селото В'мбел, Костурско, одржан е првиот конгрес на НОФ и е констатирано дека во единиците на ДАГ се мобилизирани повеќе од 20.000 Македонци. Во тоа време според податоците на ГШ на ДАГ, низ цела Грција немало повеќе од 25-28.000 борци на ДАГ.

24.02.1948 Во Грција пристигна командантот на Американско – воено -Саветодавна и програмска група предводена од генерал Ван ФЛИТ.

15.03.1948 Весникот “Ексормиси”, кој го издаваше ДАГ во реонот на Грамос, објави сопштение на министерството за надворешни работи на Привремената Демократска Влада на Грција со датум од 7 март 1948 со наслов “Родителите и децата ја молат владата” и понатака се вели дека “Од средината на февруари до 5 март, од 59 села на слободнататериторија родителите дадоа 4.784 деца”, а исто така на 20 март привремената влада донесе решение за евакуација на сите деца што се до возраст до 14 години да се испратат во Југославија, Унгарија, Романија, Чехословачка и Полска и, според податоците биле испратени околу 28.000 деца.

29.04.1948 На слободната територија на Вичо е одржан и конгрес на АФЖ на жените од Егејскиот дел на Македонија.

01.06.1948 Политбирото на ЦК на КПГ донесе решение со кое се суспендираат Михаило Керамитчиев од претседател на НОФ и Паскал Митревски од секретар на Главниот одбор на НОФ, “Поради непринципиелна фракционашка борба”

27.08.1948 Заседаваше ПБ на ЦК на КПГ со дневен ред:

а/ Борбата на Грамос која се нарече: “Епопеа на Северен Пинд, политички и воени прашања и укази” б/ Отстранувањето на Маркос Вафијадис од генерал и водач на ДАГ, поради болест и неговото заминување за Москва в/ Новиот воен Совет ќе го сочинуваат:

1. Никос Захаријадис - Претседател и врховен командант на ДАГ.

2. Георгиос Вондициос - Раководител на воените битки.

3. ВасилисБарџиотас - политички Комесар на Главниот Штаб.

4. Мичос Вландас - Одговорен за воените ресурси.

5. Леонидас Стрингос - Државната управа.

Г/ Реорганизација на Главните Штабови по околии и создавање на воени дивизии. Унапредување на офицери во воени високи чинови на ДАГ.

Прилог Наредба (27 август 1948 година)

Имајќи во предвид на ново создадената ситуација на 23 декември 1947 година и предлогот на Главниот Штаб на Демократската Армија на Грција.

Решаваме:

1. Разрешување и реорганизација на Главните околиски штабови и создавање на дивизии.

2. Дивизиите се наименуваат како што следи;

И Дивизија: Тесалија ИИ Дивизија: Румели ИИИ Дивизија: Пелопонес ВИИИ Дивизија: Епир ИЏ Дивизија: Македонија Џ Дивизија: Македонија ЏИ Дивизија :Македонија Во седиштето на Привремената Демократска Влада 27 август

1948 година.

Претседател и Министер на воените сили на ДАГ Генерал Маркаос

15.11.1948 Политбирото на ЦК на КПГ донесе одлука да ги исклучи и да го суспендира генерал Маркос од функциите главен командант на ДАГ и член на ЦК на КПГ.

Маркос во март 1949 година со специјален авион од Тирана е префрлен во Москва.

23.11.1948 Главниот штаб на ДАГ нареди само за реонот на Вичо (Е.

Македонија) да се мобилизираат сите мажи и жени од 17 до 35 години; повеќе се однесуваше на мажите кои беа оставени за изградба на фортификациите или поради болест. Со оваа мобилизација, практично беа мобилизирани сите Македонци од костурскиот и леринскиот реон.

30-31.01.1949 Одржан е петиот Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Независна и обединета македонска држава во рамките на Балканската федерација”. Поради тоа на 3.02.1949 година свикан е - ИИот Пленум на централниот совет на НОФ и се прокламирани нови принципи на НОФ, за иднината на Македонците под Грција.

09.02.1949 На барање на Порфирогенис (член на Политбирото на КПГ), во Скопје беше примен во својство на делегација на КПГ и се одржа состанок со преставниците на НОФ и се бараше регрутирање на околу 300 нови борци за ДАГ од бегалците што беа избегани во Југославија, но не се реализира.

На 12 февруари 1949 година, единиците на ДАГ го напаѓаат и влегуваат во градот Лерин. Акцијата е неуспешна. Единиците на ДАГ, поради лошата координација и стратегија на битката, претрпувааат атастрофален пораз. - ДАГ имаше околку иљада загинати и ранети борци.

07.03.1949 ЦК на КПГ објави соопштение во кое се демантира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на 5-от Пленум и ставовите на -ИИот Пленум на НОФ од 3.2.1949 година. Во март 1949 година, извршена е реконструкција во привремената партизанска влада на Грција.

27.03.1949 Свикан е основачки состанок од 163 комунисти, делегати на -ИИот конгрес на НОФ, на кој едногласно е решено да се формира комунистичка партија на Македонија од Егејскиот дел на Македонија, која би била засебна организација и дел од КПГ и би се викала КОЕМ (За овој настан, се велеше дека е најсветлата точка од грижата што ја водеше КПГ спрема нас Македонците, но да ја оставиме историјата да каже колку навистина беше и остана “светла”...)

29 04 1948 На 29 април 1948 година, во атарот на с. Трново леринско, одан е Првиот конгрес на АФЖ на Егејска Македонија.

16.06.1949 Извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е.

Македонија усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтовската линија Вичо.

10-14.08.1949 Владината војска под команда на генерал Ван Флит со, 60.000 војници, организарана во 6 дивизии од сите родови, 200 тенкови и блиндирани коли, околу 100 авиони од сите типови, почнаа офанзива против ДАГ на планината Вичо со која командуваше Мичос Вландас и располагаше со 9.863 борци и 40 топови. На 13-14 август во четири часот, рано, на пешачкиот пат меѓу Голема и Мала Преспа од селото Раби до мостот кај Кула, е преполн со борци на ДАГ кои пристигнуваат и се концентрираат меѓу мостот и селото Винени. Очите на сите се вперени кон небото да не се појават авионите пред да го преминат борците мостот за да не бидат измасакрирани. (Во тие мигови бев присутен и јас со група диверзанти (Самботаристи)

на чело со командантот Врацано и го имавме минирано мостот, со цел да се спречо преминот на владината војска.)

Во 4,30 часот, една група авиони долетаа од аеродромот во Лерин и за миг пристигнуваат во Преспа и веднаш почнуваат да стрелаат каде што ќе видат движење. Отвараат жесток митралески оган и вр партизаните што се движат по тесниот пат меѓу Голема и Мала Преспа. Тука, се случи и една невидена случкач еден од пилотите од ниското и недозвливо летање удри во карпите и се запали.

Целата околина тука се претвори во кланица, невидено масовно гинење на цивили и воени лица, а луѓе исцпени борци, ранети, облеани со крв, едвој прави чекор да спаси живот...

Авионите создадоа страв со ТРИКОТ - фрлање т.н кукли. Кога таквите кукли паѓаа наземи активираа автомат и испукуваа рафали, се додека саржерот им е полн. Тоа беа американски новитет во партизанското војување.

ДАГ беше поразена со загуби од 1.859 (мртви, ранети, исчезнати и заробени). Владината војска имаше само 256 мртви и 1.336 ранети. На 15-15 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, но во наредните денови беа префрлени околу 6.000 борци на ДАГ да ја продолжат борбата на Грамос. Во тие мигови беше исфрлена паролата дека: “Грамос ќе стане гробница на монархофашисти те-Владината војска”.

24-29.08.1949 Владината војска во ноќта на 29 спрема 30 август почна нов поход за конечно освојување на Грамос и за конечната ликвидација на ДАГ. Владината војска пак под команда на генерал Ван Флит и сега вкупните сили беа поголеми уште за три батаљони од оние што ги имаше во нападот за освојување на Вичо. На Грамос со главниот Штаб на ДАГ сега командуваше генерал Георгиос Вонтисиос - Гусиас, со околу 12.500 борци (6.000 кои беа префрлени од боиштата на Вичо, бидејќи досега Грамос го бранеа само околу 6.500 борци).

Последните битки беа на 29 август и на 30 август се повлекоа во Албанија. Загубите на ДАГ: 922 мртви, 944 заробени и 650 потешко и полесно ранети и околу 400-450 доброволно се предале. Загубите на владината војска: 243 мртви и 1.452 ранети.

30.08.1949 Со последните битки на Грамос Главниот штаб на ДАГ објави дека единиците на ДАГ се повлекуваат, бидејќи ја извршија предвидената задача. Се поставува прашањето:каква задача сме извршиле? И тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ и сите единици влегоа во Албанија.

07.10.1949 На 2 октомври 1949 година во логорот Бурели од страна на КПГ, беше организирана јавна осуда и ги прогласи за шпиони и предавници на револуцијата, 11 членови на раководството на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ Сибирските логори, обвинети без вина, а сите ние борците на ДАГ, останавме во емиграција уште неколку години (еден дел останаа за вечно таму) придржувајќи се на паролата од КПГ: “МЕ ТО ОПЛО ПАРАПОДА!”

16.09.1950 Лидерот на левите либерали во Грција, Јоанис Софијанопулос и бивши министер за надворешни работи на Грција во една дебата во грчкиот парламент од септември 1950 (Види:

“Димократикос типос” од 16.09.1950) признава дека “во Грција постои македонско малцинство, но дека според меѓународното право тоа малцинство не постои и не може да претендира на никаква заштита, бидејќи не се покажало лојално спрема државата во која живее”, имајќи го предвид (на мисла) неговото масовно учество во Граѓанската војна во годините 1945-1949 година.

05.11.1988 Во Солун, генералниот секретар на КПГ, Харилаос Флоракис на новинарот на весникот “Месимврини” му изјави: “Во оваа пригода, сакам да кажам, дека за нас, за нашата Партија, “Македонско” малцинство во Грција нема и ниту има “Македонско прашање” не постои!” (Види: Герги и. Минтси 1991/141 и “Вечер”, од 5 ноември 1988 година, с.9). Овие беа последните зборови од некогашниот наш (се разбира и на оние наши соборци кои се вратија заедно со него како “Грци по род”)

командант на ДАГ, сега ген. Секретар на КПГ, за нас Македонците од испишаната црна страница од ЦРВЕНАТА КНИШКА.

Повлекувањето на единиците на ДАГ во Албанија На 30 август 1949 година, владините трупи со целата своја расположва воена сила, го напаѓаат западен Граммос.

Алтилеријата и Авијацијата наизменично непрекинато ги бомбардираат позициите на ДАГ. Настапува пеколна ситуација.

Единиците на ДАГ, не можејќи да го издржат огромниот притисок на многу посилниот противник, на 30 август 1949 година, вечерта, го напуштаат Грамос и се повлекуваат на просторот на Република Албанија. Со тоа престанува и воената активност на ДАГ.

Во септември и во октомври 1949 година, ко Република Бугарија се повлекуваат и 6-тата и 7-мата дивизија на ДАГ, додека некои отцепени групи и помали единици од подалечните краишта на Грција се повлекуваат дури до почетокот на 1950 година.

Според овој хронолошки преглед ќе треба да се каже и за т.н и многу најавуваната воена сила на ДАГ низ целиот тек на Граѓанската војна. Ете што ни потврдуваат следните извори:

1. Тасос Вурнас, стр. 159-160; есента во 1948 година воените сили на ДАГ имаа околу 18.000 борци;

2. Василис Барџиотас, како втор човек на ДАГ, пишува дека до крајот на 1949 година, силите на ДАГ имаа достигнато до

30.000 борци;

3. “Неос козмос”, од 1950 година, стр. 624, 637; пишува дека вкупната бројка на силите на ДАГ во 1948-1949 година достигна до 25.000 борци;

До 1947 година од 90% борците на ДАГ биле НАСИЛНО МОБИЛИЗИРАНИ, а после овој датум нема потврдувања дека се јавувале како доброволци во редовите на ДАГ, низ текот на Г. војна.

Се поставува прашањето: Зарем можеме ние Македонците, таквата состојба и иреалност да ја нарекуваме Граѓанската војна, револуција и продолжување на славниот Илинден?

На крај, на место ЕПИЛОГ, составениот ХОДОГРАМ од аргументи и факти, јасно се гледа конечниот ишод на настаните, низ кои минал македонскиот воин низ историјата на ДАГ и како го дожиеа геноцидот.

Во таа долгогодишна борба, нека ми биде дозволено (од сите храбри македонски јунаци како Коста Солев – Суљо (Роден во село черешница) и Тина Андреевна -Цвета, родена во селото Мокрени) да спомнам една девојка од многуте херој и да им дадам висока почит на моите соборци,посебно на младата и неустрашлива Македонка како храбар борец во нашите редови во ДАГ, загина на Турјаската планина Колкутурија над селото Турје.

Таа беше внука на војводата Никола Андреев од Илинденското востание.

* * * Можеби сето ова за нас Македонците, го објаснува чинот за кој старите Латини рекле (дефинирале) дека “Во одредени времиња, постојат состојби на трошење на националната енергија, од кои национот има најмала корист!”