Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

ТУЃИТЕ ПРОПАГАНДИ ОСТАВИЈА ПРЕМНОГУ ПУКНАТИНИ И ДЛАБОКИ ДУШЕВНИ ТРАГИ ВО СВЕСТ

Од Стојан Кочов · Дел 13 од 26 · Околу 4 минути

Читај на English

ТУЃИТЕ ПРОПАГАНДИ ОСТАВИЈА ПРЕМНОГУ ПУКНАТИНИ И ДЛАБОКИ ДУШЕВНИ ТРАГИ ВО СВЕСТА НА МАКЕДОНЕЦОТ

- Илузија дека комунистичката идеологија е таа која треба да се грижи за нашата среќна обединета Македонија.

- Живот во служба на КПГ и на идеологиите.

Обземени од таквата еуфорија од полувина век, поверувавме и верувавме во се. Еве еден таков еклактантен пример кој е лансиран од поодамна во нашата историографија, но тоа сега го прави и овој автор и вели:

Така, официјалните француски извори од Париз од 19 февруари 1949 година, заведен со ознака “Тајно Грција”, укажуваат на тајно потпишан договор помеѓу Тито и генерал Маркос * од 1 јуни 1948 година

“Се знае дека Маркос никогаш не сакаше да отстапи еден дел од грчката територија, но на 25 јули 1948 година информацијата беше потврдена од Асошиетед - прес, според која Маркос веќе потпишал таен договор со Тито (на 1 јуни 1948 година - б.м ).

Наводно со овој договор, Маркос се согласи со обединување кон Југославија на трите грчки области – Флорина (Лерин, б.м ), Касторија (Костур, б.м ) и Едеса (Воден, б.м )”. (64).

Што, сето ова, треба да значи?!

Лазаров и според тоа што строго се придржува на француските извори, тој, низ текстот прави и доста смели прошетки низ “историјата” од каде може да се види дека и тој недоволно интегрално ги познава проблемите и само ги потхранува илузиите, кое може да донесе огромно разочарување, посебно за историската вистина за Македонците под Грција, а тоа најверојатно се должи, на тоа, дека и тој учел токму од извори кои сега посакува да изврши тивка демонтажа.

Зарем не знае дека за тој период на време се случи Информбирото?! А на 30 јуни 1948 година, членот на Политбирото на ЦК на КПГ Мичос Вландас испрати циркуларно писмо до полит - комесарите на ДАГ, во кое сакаше да ги запознае со содржината на Резолуцијата на Инфорбирото против КПЈ и Тито и за ставот на КПГ, која се согласува со ставот на Информбирото (КПГ со овој проблем се занимаваше повеќе месеци се додека не се одлучи на овој став. м.з). Осем тоа, би требало да знае, дека на 27 август 1948 година, генерал Маркос Вафијадис е суспендиран од Врховен командант на ДАГ, а на 5-от Пленум на ЦК на КПГ, кој се одржа на 30-31 јануар 1949 година е суспендиран и од положајот како председател на ПДВ (Привремена Демократска Влада) во Грција , но од никоја држава не призната.

Зарем не знаел и така невнимателно гази на трула штица дека тој генерал Маркос Вафијадис е роден во село Тосиј близу до Анкара, во Мала Азија, колонист во Македонија под Грција од 1922 година, кој го сретнуваме низ нашата историографија, но незнам од кои причини е величен како легенда, а познато е што им изјавил на списанието “Епикера” кога се вратил во Атина, за Македонците, кое нему доликува ниту, како на обичен човек, а камо ли на Генерал кој раководел војска со повеќе од 50% војниците да му бидат Македони.

Ете, зошто, ние Македонците одамна требаше да сфатиме, дека од такви псевдогрижници нашата историја е полна со национални катастрофи, посебно во Граѓанската војна, во која доживеавме смислено етничко чистење, рамно на геноцид, токму од сите тие личности што ги опишува авторот во книгата.

Обичниот човек кој си го изгуби огништето и ден денес си го поставува прашањето: Треба ли уште да веруваме во демагогијата на едно пред полувековно време и ЗОШТО?

Второ. Тугите пропаганди оставија премногу пукнатини и длабоки душевни траги во свеста на Македонецот и можеби затоа во таквата тоталитарност беше општо прифатено:

Молчењето е - злато!

Трето. Илузијата дека комунистичката идеологија е таа која треба да се грижи за нашата среќна обединета Македонија, а на тоа сме верувале дека можело и без македонскиот фактор, Лазар Лазаров успешно успева да го излачи низ овие факти и да ја долови таа примамлива нитка што сме ја прифатиле и ние Македонците, по поделбата на Македонија, но посебно ние Македонците во Граѓнската војна во Грција.

По исчитувањето на овие книги, сепак треба да се сложиме дека: благородните цели бараа реалистичност.

Фундаменталниот проблем е во тоа што нашиот народ под Грција немаше искуство за такви големи промени, но ниту реална можност за воена опција, односно не му требаше воинствена политика, туку му требаше филозофија за опстојување на прадедовата земја. Тоа беше време на невреме за Македонците под Грција, но исто така е и фактот дека имаше и такви луѓе кои донесоа одлуки со огромни катастрофални последици, во интегрална смисла; за Македонците и за македонската национална историја. А тоа покажува на неопходноста од единствени критериуми за историското минато на македонскиот народ Тоа не е ништо друго освен:

ИСТОРИСКА ИРОНИЈА ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА И ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ШТО ДОЗВОЛИВМЕ ВО НАШЕ ИМЕ ДРУГИ ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА НАШИОТ ЖИВОТ И ИДНИНА!