Ideological Activism: Macedonians Under Greece
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАСИЗАМ - Part 01
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАСИЗАМ
1. Манипулација - непростива, бидејќи спаѓа во најбезочните:
На 5-от Пленум, ЦК- КПГ од 30- 31 јануари 1949 година, само за неколку месеци пред ликвидацијата на ДАГ, ЦК на КПГ одлучува, (а тоа го прави за да ги задржи Македонците докрај тие да не се побунат), дека: “На Македонскиот народ му се признава правото на самоопределување”. Но, тоа траеше, а можеше да трае, само до ликвидацијата на ДАГ.
2. На 3 февруари Пленум ИИ 1949 година е свикан на ценетралниот совет на НОФ, кој прокламираше “нови програмски принципи на НОФ, односно обединување на Македонија, односно на Македонците во единствена, независна македонска држава”, што се покажа всушност само како последен маневар за да ги придобие Македонците по резолуцијата на ИБ-Информбирото. Но, да видиме каков беше ставот на СССР* по овоа прашање и оашто беше негативен за создавање на Македонска држава:
(Ставот на СССР за прашањето за создавање на Македонска држава, март 1949 Види: книга ).**
3. На 7 март 1949 година ЦК на КПГ објави соопштение, во кое се демантира од Атина и од иностранство дека е постигната погодба за создавање Балканаска комунистичка федерација и Македонска држава, која ќе ги обедини сите делови на Македонија. Поради тоа КПГ го отфрла ова свое гледиште по македонското прашање земено на 5-от Пленум во јануари на Пленум на од 3 февруари 1949 година.
4. На 25 март 1949 г., раководството на НОФ растури ле тоци, во кои се осудува паролата за “Слободна и независна Македонија во составот на Конгрес една Балканска федерација", која требаше да ја прифати на НОФ, како штетна за грчкото, а особено за македонското движење. Истиот ден Конгрес е одржан на НОФ, за егејскиот дел на Македонија.
(Види книгата: “Генерал Маркос" од Д.К)
5. На 27 март 1949 година беше свикано основачко собрание на
136 комунисти на КИТ, делегати на 2 - от конгрес, кои едногласно одлучија да формираат комунистичка организација на Македонците од егејскиот дел на Македонија, која би била посебна организација, и дел од КИТ (KOEM).
На што прилега ова? Комунистите велат, не сме изманипулирани. Но, нели сето ова од страна на КИТ претставува собирање на политички поени пред ликвидацијата на ДАТ? Кога претходно со годините сите сме ја прифаќале тезата: “Една држава - една партија". А сите знаеме, дека секогаш, кога не и требавме, КИТ не оставаше заборавени на слеп колосек. И кога ситуацијата ги имаше сите знаци на трагедија, политичарите Ha КШГ и натаму мислеа дека нив не ги обврзуваат никакви морални норми спрема македонскиот народ. Нивна грижа било само тоа нас да не “убедат дека КПГ ја содржи магичната сила на обединување и да велиме и веруваме дека КИГ кај нас ја врши историската улога на назаменлив фактор на политичка кохеренција на Македонците.
Создавањето на КОЕМ беше своевидна тактика со крајна цел македонското национално прашање да дојде до македонско -македонско предавство. Зошто предавство? Зошто пак сме во игра ние Македонците помеѓу КИТ и КИ? Ако тоа го сторија Грците со јасна цел да дојде до македонско - македонско предавство, тогаш останува да видиме како нашата историографија тоа го оценува. И зошто ние Македонците, што учествувавме во Граѓанската војна, сме оквалификувани како:
инструментализирани предавници и злосторници против Југославија и нејзиното раководство.
За да се објасни ова наше злојадство (во отсуство на македонскиот фактор) кое што е сторено дури и во сопствената историја, - поради поданичката свест да се биде што поголем Југословен - ќе ги проследиме историските оценки од Д-р Кирјазовски во неговата книга: НОФ и другите македонски организации. Тој пишува: “…Нема потреба да вршиме целосна анализа на целата содржина на Резолуцијата (ИБ), бидејќи сметаме дека ова што го изнесовме е доволно да се сфати каков злосторнички документ преставува тоа… Не беа клеветени само македонските раководители, туку КПЈ, раководството на КПЈ. Усвоената Резолуција од паководството на КОЕМ беше анализирање од сите организации на НОФ, АФЖ и ДАГ. Таа послужи како средство за спроведување на една хистерична концепција против Југославија и нејзиното Раководство.” (стр.304-305). Што значи сега КОМИТИТЕ, НОФИТИТЕ, АФЕЖИТИТЕ, НОМСИТИТЕ и сите борци Македонци во ДАГ сме биле опфатени (а ние борците на Грамос, или било каде, абер си немавме м.з) со една таква хистерична кампања против Југославија и нејзиното Раководство. Сега сите НОФИТИ, што ги нарекуваме: инструментализирани предавници и злосторници, заборавивме дека тука, од Југославија, им беше речено: “Вие сега ќе одите долу (Во Егејска Македонија), раководител на вашата борба ќе ви биде КПГ, линијата на КПГ е исправна… Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции (колку луѓе настрадаа по ова и не беа заштитени од никого, тоа е друга тема…). И навистина ние,така се изборивме, според овие братски совети. Иљадници Македонци загинаа, борејќи се со неописива храброст. Па сепак, во аналите на историјата не постои таков случај, каков што е нашиот, никаде. Бидејќи само нашата историографија еден цел народ го оквалификува како инструменталзиран, предавници и злосторници и тоа според идеолошките критериуми и интереси на туѓинците. О, боже, боже македонски, што сме направиле со тој наш човек, наречен ЕГЕЕЦ!?
Еве каков суд има дадено нашата историографија (Се мисли на дел од историографијата пишувана за егејскиот дел на Македонија под Грција). Зарем тоа не е навреда на сите борци?
А судбината на сите тие луѓе беше таква, што по поразот на ДАГ, повеќето беа обвинети од КПГ за “Титови агенти” и раководниот кадар од 11 луѓе на НОФ беа затурени во сибирските логори.
Еве колку е болно кога ќе осознаеме дека страдаме всушност поради идеолошката концепција на светот, и поради туѓите пропаганди, а во полно отсуство на македонскиот фактор, значи само слугите секогаш се готови да сторат повеќе отколку што се бара од нив. Но крајно несериозно е денес да се манипулира со сите нас, дека друго видување надвор од напишаната историја за настаните во Егејска Македонија би било навреда за борците и да се повикува Д-р Стојан Киселинов (Рецензент на мојата книга м.з): “…Да се огради од книгата на Кочов, верувајќи дека со тоа донекаде ќе им се ублажат болките на борците од навредите што му ги нанесе г. Кочов”. Јас незнам дали треба да се коментира ваквото барање на чуварите на Историјата напишана за Егејците?! Во нивните писанија, ме прашуваат: Како сум можел да ги невредувам моите соборци со поставување на спектар од прашања пред историографија? Со барање за објективно расветлување на минатото, каде што сме дозволиле самите да биде погазено нашето македонско ПРОСТУМ; а историјата да го прикажува тоа во корист на дневната политика.
Сето ова ме потсети на еден познавач на нашите прилики, кој искрено ми рече: Дека никаде не е толку почитуван Буда како во Бурма. Дека со иста таква мера беше почитувана КПГ кај вас Егејците. Но, дека сега истото го правите кон КПЈ… Па навистина човек ќе рече: Нека оди по ѓаволите “Историската наука”, ако на Македонецот историското место му се одредува според идеолошките критериуми и интереси на туѓинците.
Да претпоставиме дека Резолуцијата на ИБ сме ја прифатиле. И дека, според судот на Д-р Кирјазовски за НОФИТИТЕ, АФЕЖИТИТЕ и за сите нас, борци на ДАГ “историската вина” ни е одредена. И тогаш е сосема јасно кој ред граѓани треба да бидеме по враќањето наше во Југославија. Ете од кои идеолошки критериуми сме биле такви граѓани; и затоа не треба по тоа прашање зачудувачки да се бараат други виновници.
Тој историски, став, меѓутоа доаѓа во длабока колизија со сето она, што е предмет на неговиот труд, кога вели: “Главната поента ја насочив кон светлите традиции на организацијата НОФ, како главен раководител на македонското националноослободително движење…” На 16 јули 1949 година Извршниот Одбор на АФЖ на жените од егејскиот дел на Македонија освои резолција за активирање на македонските жени за одбрана на фронтот на Вичо - планина. (Види: стратешкиот план “Пирсос В изработен и реализиран од генералштабот на американскиот генерал Ван Флит, кој командуваше со борбите за ликвидација на герилата во Грција). И понатака е познато што стана со македонската жена турната во окопите за одбрана на фронтофската линија.
Спектар од желби и визија за исполнување на наредбите на тугинците. Само исконскиот патриотизам, празна реторика, лелек и неподготвеност за соочување со реалната стварност за изгубеното семејство. А сега прифаќање на најстрашното:
хуманитарната идеологија - идеологија за опстанок пред социјалните врати, трагајќи по ново врталиште прибирање на распарченото семејство…
КАКО И ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ГОЛЕМИТЕ НАДЕЖИ?
7. На 30 август 1949 година, Главниот Штаб на ДАГ објави, дека единиците на ДАГ се повлекуваат и ја напуштаат Грција, бидејќи си ја извршиле предвидената задача. Така заврши Граѓанската војна. Хегел вели: “Она што пропаѓа - пропаѓа со причина”. Нашата историографија вели: Види, книгата “НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945-1949 од д-р Кирјазовски: “И покрај поразот и тешките последици, борбата што ја водеа грчкиот и македонскиот народ 1946-1949 година беше правична и националноослободителна, таа беше продолжение на борбата од периодот од окупацијата против тројниот окупатор и англиската интервенција во 1944 година” страница 384.
Кога стигнавме во емиграцијата, КПГ на 6 Пленум ЦК на КПГ, одржан на 9 октомври 1949 година, донесе решение за расформирање на сите македонски организации: НОФ, АФЖ, НОМС и КОЕМ и предложи да се формира нова организација “Илинден” на 19 февруари 1951 година. Како причина за расформирањето на НОФ, АФЖ и НОМС беше наведено дека тие се агентурни и предавнички, додека сега, со новата организација “Илинден”, се бараше борба против “Агентите на Тито”.
Во својот говор Никос Захаријадис на 6 Пленум рече и следното: “...И треба тука да кажеме отворено, дека, ако од 1946 година беше позната улогата на провокаторот Тито, тогаш КПГ не ќе донесеше решение да го земе оружјето и да влезе во војна.
Ќе се определеше за друг пат и начин на борба....” Види: и трихрони епопеа ту ДАГ (Димократику страту еладас 1946-
1949) стр. 422.
Меѓутоа на 4 јуни 1956 година беше донесено решение за расформирање на “Илинден”, бидејќи таа беше оценета како секташка, авантуристичка и штетна. Секако дека тоа се должеше на нормализацијата на односите меѓу СКЈ И КПГ, кога во мај 1956 година ЦК на КПГ усвои посебна резолуција.
Зарем навистина не ли е време еднаш засекогаш да сватиме, кој се играше со нашата судбина?! Ете како беа испогазени нашите организации, а раководителите беа испратени во логорите на Сибир. И сето тоа само поради идеолошката концепција на светот, без никаков респект спрема македонскиот народ и спрема иљадници жртви. Ниту пак спрема револуционерните тредиции на тој народ, кој беше повикуван да учествува во таа војна; како ни спрема сите нас, довчерашни соборци на ДАГ.
Ние бевме прокудени и изоставени по светот (такво нешто уште не е забележано во аналите на војната:да не остават генералите, КПГ, соборците грци …), а тие сите до еден се вратија на своите огништа. Може ли човек да си замисли едно такво комунистичко безобразие? Таква безочност спрема еден цел народ? А што е најважно, КПГ за целиот период на Граѓанската војна најголема подршка доби токму од тој изманипулиран, изоставен и сотрен народ. Но, зошто? и како? За да нема недоразбирање и простор за политчки манипулации уште еднаш ќе кажам: Според изнесените факти во книгата, и според овој материјал тоа се должеше исклучително на ОТСУСТВОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ФАКТОР.
На многумина ќе им биде тешко да сфатат дека ништо не сториле. И дека ги неамло тогаш, кога требало да ги има, за да помогнат во спречувањето на таа наша трагедија, на тој испланиран геноцид. Но, тоа е историја…
Прашањето е сега само дали оние, кон кои се упатени пораките и прашањата во мојата книга – во интерес на објективното прикажување на историјата - ќе ги сфатат нив. Бидејќи има и такви, што сакаат се да се премолчи. Меѓутоа, дали прикривањето на историската вистина пред сопствениот народ не би можело, односно да значи - пак да се во функција на некаква репрограмирана политика? И сето тоа пак да се сведе на македонски работи?
Историографијата е најподложна на политизации и мајоризација од политичка позиција. Кога се манипулира со неа настанува искривоколчување на историјата.
Ние Македонците под Грција, го имаме долгиот период на Граѓанската војна (ДАГ) од 1945-1949 година. Останува една објективна историска наука со развиен научен критериум и вредносен систем, да покаже храброст да се зафати со овие нерасветлени витални национални проблеми. Но, се покажува дека токму таквите едноставни констатации и потреби стануваат, во еден критички миг, кога проценката е неопходна, и најопасна со нивното покренување. Па дури кога се работи само за обелоденување на прашањата, кои секој ден се понеодминливо бараа одговор. Што се случи по објавувањето на мојата книга “(Само) жртвувањето на Македонците под Грција”? Како постапи историската наука? Дали навистина и самиот Д-р Ристо Кирјазовски, се придржува кон она, што го изјавува јавно? Види: “Вечер” (од 1 јули 1989 година) што вели:
“Историската вистина не е дневна политика… Недозволено е поради некои личности со стари заслуги да се крие целата историја. Еден ден, сакал некој или не, овој народ ќе мора да ја дознае целата вистина за својата трагедија. А наша должност е да работиме, ослободени од влијанието на дневнополитичките интереси, и да ги обработиме солидно богатите архивски материјали, со кои се повеќе располагаме...” Навистина ќе беше за почит, ако Д-р Кирјазовски останеше на таквото гледиште. И, да си ја кажам вистината, како паталец и учесник во Граѓанската војна - ДАГ, и тоа од оние меѓу првите групи, со повеќе од 300 Македонци, што беа испратени во длабината на Грција - Епир и јужно од Олимп. Кога комунициравме на јазикот наш, луѓето (Грците) навистина не знаеа за нас ништо. Бидејќи, како што велеа тие, КПГ немала кажано ништо за нас Македонците. Но, интересно е следното, што го одбележува и Д-р Кијазовски во својата книга: “НОФ и другите организации”, на стр. 212, тој пишува: “Раководството на НОФ, и покрај лошото искуство од минатото и разните појави на неискреност и опортунизам на раководството на КПГ, стоејќи на интернационални позиции и со искрена намера да помогне во развитокот на грчкото движење, се согласи три четвртини од Македонците партизани да се борат во редовите на ДАГ јужно од ОЛИМП, односно во сите краишта на Грција.
Понатаму, за да се зајакне грчкото младинско движење, да се расформира македонската младинска организација НОМС а нејзините членови да се зачленат во грчката младинска организација ЕПОН…” Коментарот ќе го оставам да тлее во душата, се додека не дознам да ли има некоја уште во светот таква револуционерна организација, што си ги оттуѓува борците… Но, еве, можеби тоа судбинското ме натера да се престорам во пасиониран истражувач и толкувач на македонската историографија, особено за Македонците под Грција. Бидејќи низ нашата историја за т.н. Егејска Македонија забележувам многу политички злоупотреби, глорификации; а наидувам и на се уште не разјаснети места и настани, се уште на манипулации и користење на историјата во дневно - политички цели.
Но, што се случи?! Се случи една ужасна морничавост. Во книгата “ Генерал Маркос”, Загреб, 1979, од Драган Кљакиќ на стра.128-129 (поместени се фотографии и една судбиска фотографија од раководството на НОФ) Од лево на десно горе:
по Ташко хаџијанев има еден труп без глава (тоа е трупот на Павле Раковски), па Христо Коленцев, Лазар поплазаров. Од лево на десно (доле): Чолаков Ламбро, Паскал Митревски и Уранија Јурукова. Сликани во Алмата (СССР), 1955. Историјата сепак треба да каже кој му ја “исече” главата на Раковски”.
Верувам, дека секој читател од таквиот чин е исполнет со ужас.
Ова ме потсети на големиот илинденски поет и раволуционер Лазар Поп - Трајков. Човек ќе се запраша: што е со нас Македонците? Значи, се потврдува, дека на туѓинците им било полесно да не научат како сами да си ги сечеме главите. Но, тоа ме потсети исто на една интелектуална полемика во СФРЈ за снимениот филм “Игманскиот марш”. Водачот на тој историски марш, Коча Поповиќ, во тоа време замерен со партискиот врв, го немаше во филмот. Но колку што е и потврдено досега, спрема нас “Егејците” од самите нас се отишло подалеку во такото екстремно однесување - отсуство на доверба меѓу луѓето и своите соборци во целиот тој процес на идеолошки активизам исклучиво да се добие власт преку поданичката свест. Во целата таа повеќе деценска бруталност, а тоа ме зачуди зошто и од историчар пак со пофалување преку власта. Значи, тоа беше време кога секој идеолошки активист на секого можеше да му рече: “Затни ја муцката и јади го лебот што ти го даваме!” Во далечната 1976 имав прочитано една рецензија, се разбира пак во приватна режија на Д-р Кирјазовски, со исти стил, со иста намера и храброст, и со својствениот политички активизам.
Тогаш тој за предметот Ск. 4-686 инв. бр. 1419/76, архив на ИНИ, напиша: “Трудот на Павле Раковски е промашена работа и не може да биде од полза. Поради тоа што текстот содржи и провокативни тврдења против југословенското раководство, предлагам трудот да не се дава на користење на пошироката читачка публика” (15.11.1976 година).
Овој автор (Павле Раковски), од таквите пресуди, по враќањето од сибирските логори во Н.Р. Македонија, како да немаше право на парче македонска земја, можеби и затоа не доби ни сопствен гроб. А целиот живот го посвети на македонското дело. Тој беше еден од членовите на потесното раководство на НОФ. Ја напиша првата македонска азбука од 24 букви, а со таа азбука се напишани: Прогласот од македонскиот народ во Воденско, повеќе песни, маршот на Воденскиот батаљон и др.
Тој беше анатемисан; а беше рехабилитиран по 30 години, пред неговата смрт. Еве, како тоа го правевме покрај туѓинците и самите ние.
Сега за мојата книга “(Само) жртвувањето на Македонците под Грција”, обидот да се размислува поинаку Д-р Кирјазовски не го сфати дека тоа е придонес за афирмација на слободата на интелектуалната мисла, туку се послужи со методот на тоталитарната идеологија, која од секогаш се поставуваше како господар на вистината, напиша материјал (Со умисла - обид за сатанизација) од 41 страница и не го објави, туку го подели на
“Чуварите” на историјата за Егејска Македонија. Инструирани, ппрепишуваа цели пасуси и се јавуваа на страницата писма во “Нова Македонија”. Материјалот е депониран на 8.04.1994 година во фонд “Мемоари” бр. Ск.1118 во одделението за документација на ИНИ. Секој интелигентен човек, може да претпостави, од кои мотиви тоа го стори: Дека тој како титуларен режимски историчар, посака книгата “(Само)
жртвувањето” да ја одмине со академско потценување, зашто ќе му биде под достоинството да се занимава со писанијата на еден лаик, туку, подобро е да организира група “учени” мажи, кои полавек по нашиот национален пораз изигруваат марксисти и “револуционери” за одбрана на неговите досегашни напишани “Историски вредности: за историјата на Македонците под Грција.” Во таа група беа и еден поголем број од гогољовиот список на “мртви души” и тоа ме потсети на она што напишал Бјелински, по читањето на “Мртви души” од Гогољ: “Господе, зар толку е јадна, бедна и жална нашата - вистина”?! Се разбира, сите тие написи беа пласирани преку идејата на познатиот модел на нашето минато, со одредена предумисла, со стеснет интелектуален хоризонт и сведено на: “Убаво ни е пишана историјата”... Но, историјата, како општествена наука, ќе мора да биде во функција на општеството и да ја ослободи мислата.
Отсекогаш постоел стравот од историјата... Но, кога говорат веродостојните факти, тогаш, само тоа може да биде историска вистина и само така ќе се ослободиме од превезот на мракот.
Но, значи ли тоа, на овој степен од цивилизацијата, дека не треба да се дознае што е тоа, што е запишано во историјата на Егејска Македонија? Особено спроти поимите и синтагмите, како што се: “Првиот конгрес на НОФ претставува најсветла етапа во македонската по илинденска историја”, “Историска вистина”, “Историска победа”, “Задоволена историска правда” и други такви “Историски судови”. Зарем е толку страшно, ако некој ги провери тие своите судбиниски записи од таквите “светли мигови”? Но, нехумано е и некултурно, нашата судбинска трагедија некој да ја злоупотребува за свои политички цели. Зарем, не знаеме дека по т.н. “Братско обединување 1946” НОФ ја доби улогата на збунето дете, на кое другите ќе требаше да му кажат што и како треба да прави, а за нас Македонците тоа значеше: “Се урива едно, да се ‘сошиe’ друго...” Меѓутоа, токму овде се прекршува историјата: На место она што прилега да го браниме македонското ПРОСТУМ, се јавуваат интригите и разновидните политички, архетипски, имагинарни сили, коишто настојуваа(ат) да се соединат и да се манифестираат во историјата.
Како?! За да сето ова биде појасно со нас Македонците, ќе наведам еден коментар (размислување) од Слободан Чашуле кој вели : “...Колкупати ни е фрлен в очи гревот за распнувањето Исусово. Ако се дрзневме нешто да кажеме или да посочиме:
Зошто, пезевенци низаедни, ја вознемирувате јавноста во нејзиниот блажен сон на овчички!? Зошто им одите од рака на внатрешниот и на надворешниот непријател и на најумната од сите власти и го отргнувате вниманието од крупните проблеми од национален и државен интерес!? Секогаш поважни од народецот, оти да не се тие ќе го нема ниту него!
До таа мера безгрешноста и умноста на авангардата, елитата, најдоброто на нашите народи и народности ни се инфицира во душата, што единката во таквото (не) свето тројство од поредок беше само, маса за пополнување на општествената структура, колективитет во чие име и за чија сметка се чинеа најгнасните злоупотреби на човечкото битие и мисла. Без оглед на тоа дали се во прашање сибирските логори, или Голи Оток;
безгрешноста на Хазјаинот. Или на Стариот и југо -револуционерната гарда што ја спречи либерализацијата и демократизацијата во раните 70-ти години; строгата контрола со цензура на умот, или со замешелувањето на мислата со громогласна фалба и изобилство на непотребливите податоци за се, освен за најбитното! Накратко, од Сибир до Балканот, контролата над луѓето беше иста, со минимални разлики што произлегуваа од специфичноста и итроманштината на надворешниот и внатрешниот пријател, цврсто вграден ништо да не го помести во власта. Болештината беше тешка, но иста, последиците страшни, ама различни од државата на реалниот социјализам, до држава...” Види: “Дневник” бр. 386.
Но, станува збор за судот што е даден како заклучок за мојата книга од Д-р Кирјазовски; тој вели: “Не се чувствувам компетентен и повикан да ги ценам нападите на Кочов врз македонската политика и политичка мисла за “политичкиот молк за Егејска Македонија”, за недоследна и конфортабилна политика”, “дехомогенизација на македонската национална свест” итн. Исто така се смета за некомпетентен и доволно не упатен да ги цени тврдењата на Кочов дека Македонците од Егејска Македонија во Н.Р. Македонија беа третирани како граѓани од втор ред, беа намерно сместувани во гета итн. И на крајот од погорното призлегува заклучокот дека текстот на г.
Кочов не информира, туку дезинформира, поради што неможеме да им го препорачаме на читателите кои сакаат објективно да се запознаат со историското минато на Македонскиот народ”. Така неповикан како и досега што правел ми го оформи досието, но мислам, дека не сериозно би било од историската наука, ако не се објави овој “критички” текст од Д-р Кирјазовски, оти сепак се работи за “согледување” на еден работник на Институтот за национална историја на Македонија. Преку тоа “согледување” ќе се види дека се е надвор од контекстот на мојата книга и е сведено на “шчо је попово, да је готово”, па затоа не наоѓам ни смисла за некаква полемика.
Во тој текст има една искра на искреност на стр. 3 и вели: “Тоа не значи дека се е како што треба расветлено. Можеби некои заклучоци и оценки ќе треба да се проценат. Земји со повеќе вековна научна традиција продолжуваат да ја изучуваат својата национална историја, да вршат корекција и сл.”, што значи, со ова и самиот Кирјазовски потврдува: “…дека тоа нее така свето, за да не може да се преиспита и да се променат ставовите заземени еднаш за тоа прашње”.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/11 на 29 октомври 2026