Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Слатко

Васина торта

Ореви, портокал и темно чоколадо под снег од белки. Класична торта за слава, со упатство како да им се сече на гостите.

Рецепт од Марија Банишка · Toronto, ON

Васина торта
Подготовка
1 ч
Готвење
30 мин
Вкупно
1 ч 30 мин
Пост
Мрсно

Потребни продукти 10 состојки

Начин на приготвување

  1. Матете 5 белки и додајте им 5 полни лажици шеќер. Потоа додавајте едно по едно 5 жолчки, продолжувајќи со матењето.
  2. На крај вмешајте 1 лажица брашно и 6 полни лажици мелени бадеми или ореви. Печете го тестото на намастена хартија во тавче број 28, на 180 °C околу 25–30 минути. Оставете го да се излади целосно.
  3. За филот: 125 мл млеко со 4 лажици шеќер ставете на оган да зоврие. Додајте 200 г мелени ореви, мешајте добро, тргнете од оган и оставете да се излади.
  4. Посебно изматете 4 жолчки со 4 лажици шеќер. На оладените ореви додајте ги матените жолчки, ренданата кора и сокот од еден портокал, и 100 г растопена темна чоколада.
  5. Посебно изматете 250 г путер додека не побледи, па вмешајте го во смесата со оревите. Путерот и оревите мора да бидат на иста температура, инаку кремот се сече.
  6. Премачкајте ја оладената кора со овој крем од сите страни.
  7. Од преостанатите белки направете густ снег. Сварете густ шербет од 250 г шеќер и 2 чаши вода и, врел, влијте го во снегот во тенок млаз додека матите — така снегот се пастеризира и станува сјаен.
  8. Премачкајте ја тортата со снегот од сите страни за да стане комплетно бела и украсете со шприц одозгора.
  9. Оставете ја во фрижидер неколку саати. И внимавајте на гостите да им се сече по малку, за да остане повеќе за домаќините.

Ако не можете да го најдете

Замени што работат надвор од Македонија.

Темна чоколада
Чоколадо со 60–70 % какао; помлечно чоколадо го прави кремот премногу сладок.
Мелени бадеми
Мелени ореви — рецептот и самиот ги дозволува како замена.
Сиров снег од белки
Италијански меренг како што е опишано во чекорот, или пастеризирани белки од кутија.

Уште од овој вид

Готвите нешто што го нема овде?

Испратете ни го рецептот онака како што го правите дома. Го читаме секој.

Испратете ни рецепт

Испратете ни рецепт

Напишете го како што би му го кажале на пријател. Некој ќе го прочита и ќе ви одговори пред нешто да се објави.

Се користи само за да ве прашаме за рецептот. Никогаш не се објавува ниту се споделува.

Секој рецепт на оваа страница се објавува на сите три јазика. Напишете го вашиот на оној на кој готвите — за другите два ќе се погрижиме ние.

Дали е посно?

Посно значи без месо, без млечни производи и без јајца. Рибата се смета за дозволена.

Еден по ред, со количината.

Оставете празен ред меѓу чекорите.

Не е задолжително. Еден по ред, како „Ајвар — печена црвена пиперка“.

JPG, PNG или WebP, до 5 MB.