Слатко Посно
Сусамчиња
Три состојки, без печење: сусам, локум и желе бонбони, замотани во ролат и исечени. Најкраткиот рецепт во архивата.
Рецепт од Горица Јовчевска · Markham, ON
- Подготовка
- 25 мин
- Готвење
- 10 мин
- Вкупно
- 35 мин
- Пост
- Посно
Потребни продукти 3 состојки
Начин на приготвување
- Испржете го сусамот на суво, во широка тава без масло, на средна температура. Мешајте постојано — сусамот поминува од златен во изгорен за помалку од минута.
- Тргнете ја тавата од огнот, додајте го локумот исечен на парчиња и мешајте додека тој не омекне и не ги врзе сусамените зрна.
- Продолжете со мешање додека смесата не се излади дотолку што ќе можете да ја фатите со раце.
- Расплескајте ја смесата во кора на лист пергамент, дебела околу еден сантиметар.
- На едниот крај од корита наредете ситно исецкани желе бонбони и завиткајте го сето тоа во ролат, помагајќи си со пергаментот.
- Оставете го ролатот на ладно да се стегне најмалку два саата, па сечете го на парчиња.
Ако не можете да го најдете
Замени што работат надвор од Македонија.
- Локум
- Обичен ратлук исечен на коцки, или маршмелоу растопен на тивок оган.
- Желе бонбони
- Сушени кајсии или цреши исецкани ситно. Ако рецептот го правите за посен ден, изберете желе бонбони без желатин — многу содржат.
- Сусам
- Мелени лешници или лупени сончогледови семки, исто испржени на суво.