Слатко
Васина торта
Ореви, портокал и темно чоколадо под снег од белки. Класична торта за слава, со упатство како да им се сече на гостите.
Рецепт од Марија Банишка · Toronto, ON
- Подготовка
- 1 ч
- Готвење
- 30 мин
- Вкупно
- 1 ч 30 мин
- Пост
- Мрсно
Потребни продукти 10 состојки
Начин на приготвување
- Матете 5 белки и додајте им 5 полни лажици шеќер. Потоа додавајте едно по едно 5 жолчки, продолжувајќи со матењето.
- На крај вмешајте 1 лажица брашно и 6 полни лажици мелени бадеми или ореви. Печете го тестото на намастена хартија во тавче број 28, на 180 °C околу 25–30 минути. Оставете го да се излади целосно.
- За филот: 125 мл млеко со 4 лажици шеќер ставете на оган да зоврие. Додајте 200 г мелени ореви, мешајте добро, тргнете од оган и оставете да се излади.
- Посебно изматете 4 жолчки со 4 лажици шеќер. На оладените ореви додајте ги матените жолчки, ренданата кора и сокот од еден портокал, и 100 г растопена темна чоколада.
- Посебно изматете 250 г путер додека не побледи, па вмешајте го во смесата со оревите. Путерот и оревите мора да бидат на иста температура, инаку кремот се сече.
- Премачкајте ја оладената кора со овој крем од сите страни.
- Од преостанатите белки направете густ снег. Сварете густ шербет од 250 г шеќер и 2 чаши вода и, врел, влијте го во снегот во тенок млаз додека матите — така снегот се пастеризира и станува сјаен.
- Премачкајте ја тортата со снегот од сите страни за да стане комплетно бела и украсете со шприц одозгора.
- Оставете ја во фрижидер неколку саати. И внимавајте на гостите да им се сече по малку, за да остане повеќе за домаќините.
Ако не можете да го најдете
Замени што работат надвор од Македонија.
- Темна чоколада
- Чоколадо со 60–70 % какао; помлечно чоколадо го прави кремот премногу сладок.
- Мелени бадеми
- Мелени ореви — рецептот и самиот ги дозволува како замена.
- Сиров снег од белки
- Италијански меренг како што е опишано во чекорот, или пастеризирани белки од кутија.