Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Mincho Fotev and the National Liberation Movement of the Macedonian People from Greek Occupied Macedonia (1941-1949)

Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) - Part 02

Од Д-р Михајло Миноски · Дел 4 од 21 · Околу 18 минути

Читај на English

“Осовинскиот македоно-буагрски комитет” говорел за “големо историско значење” на дејствувањето на месни вооружени чити што тие ќе ги формирале. При тоа рекол: “Вам Ви припаѓа големата чест да бидете авангарда на великото бугарско патриотско дело за остварување на великите идеали на нашата мила мајка Бугарија. Затоа вашата мисија е света. Бугарското население од овој крај на Македонија со својата готовност и решеност да се бори заедно со славните и непобедливи сојузнички армии на Германија и Италија против грчкиот бандитизам и комунистичкиот анархизам претставува продолжение на борбените ослободителни традиции на бугарското население од овој крај на Македонија. Бидете сигурни дека по разбивањето на грчкиот бандитизам ќе го отвориме патот кон нашата победа за ослободување и присоединување на овој бугарски крај кон бугарската држава.

На сите нас ни е познато дека грчките андарти се нашите стари и потенцијално опасни непријатели. Нивната цел беше и остана иста да го истребат бугарското население од овој крај на Македонија, но ние тоа нема да го дозволиме”. (М. Фотев, За контрачетниците, 27.)) Сите тие биле задолжени да пристапат кон формирање на вооружени комитаџиски чети и им биле дадени инструкции за дејствување во борбата против НОД. (За одржувањето на состанокот веднаш бил известен партизанскиот штаб за Костурско од информаторите: Јани Калапупов од с.

Нестрам, Васил Влахов од с. Манјак и Ѓорѓи Тодоровски од гр.

Хрупишта (М. Фотев, За контрачетниците, 27.)) Андон Калчев повикал на создавање масовно оружено движење за одбрана од “новите грчки андарти” (борци на антифашистичко движење) и за присоединување на целиот егејски дел на Македонија кон бугрската држава. (Калчев: “Ние нема да се ограничиме само на формирање на неколку вооружени чети, треба сето бугарско население од овој крај на Македонија масовно да се огранизира, да се наоружа и активно да се вклучи во светата борба против грчкиот бандитизам на ЕЛАС. Само така ќе успее да се заштити бугарското население од опасните злосторнички андарти на ЕЛАС.. .. Нема друга алтернатива за спасување на бугарското население од истребувачките напади на грчките андарти, за ослободување на овој крај на Македонија и за создавање целокупна Македонија обединета кон мајка Бугарија.” Завршил со кренати раце со повик: “Се приближува историскиот час кога камбаните и топовските салви ќе го поздрават денот на великата победа и на конечното ослободување на сите поробени краишта на нашата мила Македонија”. (На истото место, 27-28.)) Шефот на бугарската воена делегација го искористил состанокот за да побара одобрување за влегување на бугарската војска “да воспостави ред и мир и да го заштити населението од крвопролевањето и хаосот создаден од грчките андарти на ЕПАС” (На истото место, 28.)), на што остро реагирал италијанскиот командант генералот Луиџи. (Луиџи: “Кој сте Вие, господине полковниче кој можете да воспоставите ред и мир, а ние не можеме тоа да го сториме?” (На истото место,

28.))

За одлуката за формирање вооружени чети на “Осовинскиот македоно-бугарски комитет”, италијанската воена команда ги известила грчките квислингшки власти, (Началникот на грчката полиција Констадинос Андрониу, јавниот обвинител Јоанис Костопулос, началникот на грчката квислингшка власт за Костурската околија Ставрос Петровас. (На истото место, 28.))

костурскиот владика Никифорос и раководството на грчката организација ПАО, (Претседателот на Организацијата за Костурска околија споменатиот Ставрос Петровас и Филолаос Пихеон - генерал во пензија и Саранти Цемани – лекар. (На истото место, 28.)) со образложение дека ќе се борат исклучително против комунистичкото партизанско движење под строга контрола на шефот на италијанската контра-известителна служба Џовани Равали. По предупредување на опасноста, во спротивен случај “сите Словени да им се придружат на партизаните на ЕЛАС”, (М. Фотев. За контрачетниците, 28-29.) грчките претставници прифатиле нивно формирање. Италијанскиот штабен офицер Мариети бил одреден за офицер за врска со ПАО, за да се спречат судирите на нејзините оружени чети со оружените чети на “Осовинскиот македоно-бугарски комитет” и да ги координира нивните акции против НОД и ЕЛАС. (На истото место, 29.)

Командантот на италијанската команда во гр. Костур, по организационото зацврстување на колаборационистичките движења, во септември 1941 година формирал специјален баталјон за спроведување акции за прогон и ликвидирање на комунистите, за откривање и разбивање на антифашистички групи и организации. Баталјонот имал броен состав од 800 припадници; италијански офицери-иследници, воени и полициски оперативци, група Македонци колаборационисти;

преведувачи и информатори (шпиони). (Во групата колаборационисти-преведувачи според известувањето на Фотев биле: Борис Стојанов, Лука Дамјанов, Христо Лапас, Михаил Личкос, Христо Насковски, Кузе Кирјазовски и др.

Информатори односно шпиони биле: Ставро Темо, Зиси Караташо, Тоди Митрули-Каракапна, Кузе Ивановски, Ѓорѓи Тампура, Ставро Гургушев и др. (На истото место, 18.))

Баталјонот акциите за апсење на комунисти и припадници на НОД, во потрага по скриено оружје, ги преземал во содејство со полицијата и жандармеријата на грчката колаборационистичка власт. Заеднички преземале ноќни упади, систематски претреси по домовите во градовите и селата, апсења и жестоко тероризирање на населението. (М. Фотев, За контрачетниците, 18.) Во акциите на баталјонот содејствувале и контрачетниците од “Осовинскиот македонобугарски комитет” раководени од Калчев, Младенов, Димчев и др. (На истото место. 18.)

Блокадите на сомнителните населени места траеле и до два месеца. Режимот на вонредни мерки во западниот Егејски дел на Македонија бил одржуван цели девет месеци, од септември 1941 до мај 1942 година. Најмногу загуби имале партиските организации и организациите на комунистичката младина (ОКНЕ) во гр. Хрупишта и во селата: Нестрам, Д’мбени, Добролишта и Сливени. Во тој период, според податоците на Минчо Фотев, само во Костурско биле уапсени и осудени 395 комунисти и други припадници на НОД (На истото место, 19.)

од кои деветмина биле осудени на смрт и стрелани, (Од с.

Д’мбени биле стрелани: Наум Журков, Живко Кенков, Наум Москов, Никола Шекров, Анастас Скивинов и Ристо А.

Андриовски. Од с. Дреновени, Костурско биле стрелани: Доне Битовски, Леонида Динев и Насо Љуманкин.) а околу 3.000 притворени мажи и жени, жестоко измачувани. (М. Фотев, За контрачетниците, 20.)

По постигнатата согласност за формирањето и за дејствувањето на оружените чети, на 18 февруари 1943 година, “Осовинскиот македоно-бугарски комитет” се активирал за организирање на проектираното масовно пробугарско комитаџиско движење.

Првата чета била формирана во Костур од околу 150 вооружени припадници (Според Фотев: “криминалци” и шпекуланти, соработници на окупаторот кои по исфрлувањето на првите партизански одреди на ЕЛАС во Костурско ги напуштиле своите села и се собрале во Костур”. (На истото место, 29.))

предводени од Лука Дамјанов (Л. Дамјанов од с. Дреновени, Костурско.) и Христо Насковски, (Хр. Насковски од с. Езерец, Костурско.) негов заменик. (За контрачетниците, 29.) По формирањето на четата биле преземени акции за формирање на нови вооружени чети за борба против партизанските единици на НОД и ЕЛАС. Активисти на “Осовинскиот македонобугарски комитет” (Лазар Киселинчев, Спиро Василев, Васил Стумбов, Кирјази Шкуртов и др. (на истото место, 29.)) придружувани од италијанските карабинери ги обиколувале македонските села и ги присилувале да примаат италијанско оружје со закани за нивно апсење како гркомани и припадници на ЕЛАС. Со жестоки притисоци и злакани до крајот на март формирале месни вооружени чети во 38 села.

(Фотев ги наведува имињата на 36 села: Четирок, Добролишта, Старичани, Манјак, Изглеби, Тиквени, Желегоже, Косинец, Лобаница, В’мбеl, Брезница, Габреш, Дреновени, Череновишта, Кономлати, Статишта, Блаца, Нерешница, Олишта, Бомбоки, Загоричени, Бобишта, Мокрени, Комуничево, Горенци, Линишта, Кондороп, Тиолишта, Шиштево, Сетомо, Апоскеп, Прекопана, Ошчима, Желево и Герман (На истото место, 29-30.)) Пробугарското комитаџиско движење во градовите Костур и Хрупишта имало по една доброволечка чета и вооружени чети од селата: Четирок, Старичени, Горенци, Желево и Добролишта, засилени со доброволци од други села. Во двата града по потреба биле стационирани централни чети командувани од Лука Дамјанов, Христо Насков, Кољо Шештеварот и Васил Јанакиев. (На истото место, 30.)

Со непосредно ангажирање на италијанските воено-окупаторски власти пробугарското оружено движење во западниот дел на Егејска Македонија регрутирало околу 3.000 припадници од кои околу 350 доброволци. (Hа истото место,

30.)

Во март 1943 година, вооружената чета од с. Старичани ги нападнала селата: Жужелци, Лудово, Госно и Брештани.

Тамошните селани ги тероризирала, ги присилувала да примаат оружје за да се борат против партизаните. При одбивањето селаните биле жестоко тепани, многумина и на смрт претепувани. Селскиот поп во с. Госново - попот Христо бил упасен сроведен во Костур и таму без судење бил стрелан. (М.

Фотев. За комитаџиите, 31.) Вооружени чети од с. Четирирок и с. Добрилиште, предводени од Пандо Макриев и Кузе Кирјазовски, ги нападнале селата: Драничево, Цакони, Граче и Долно Папреско, а четата предводена од Лука Дамјанов го нападнала селото Д’мбени. Селаните ги присилувале да се вооружуваат и да пристапат во нивното движење против партизаните на НОД. (М. Фотев, За комитаџиите, 31.)

Сите вооружени формации на колаборационистичките движења биле задолжени да вршат обезбедување на базите и движењето на окупаторските сили по комуникациите од нападите на партизанските единици. Биле распоредени по целата патна мрежа до предвоената грчко-југословенската и грчко-албанската граница со цел да ги обезбедуваат мостовите и телефонско-телеграфските линии, како и да учествуваат во потерници и во операциите за чистење на теренот од партизаните. (М. Фотев, За комитаџиите, 31.) Заедно со окупаторските сили учествувале во борбите против партизанските единици во ослободените населени места. Во офанзивата на италијанските сили (баталјон од 600 војници со 12 топови и воздушна поддршка од авиони (На истото место, 32.) за реокупирање на ослободениот гр. Хрупишта на 13 март 1943 година, учествувале 200 припадници на пробугарското комитаџиско движење. Од бомбардирањето во градот биле оштетени околу 73 куќи и други објекти, (Hа истото место, 32)

а по заземањето биле запалени 26 македонски куќи и дуќани.

(Биле опожарени домовите и дуќаните на: Лазо Фотев, Томо Чангов, Коста Филјо, Киро Ивановски, Васил Коцанов, Стерјо Коцанов, Ѓорѓи Котопуловски, Глигор Митревски, Козма Количевски и др. (На истото место, 32.) Истиот ден биле ограбени околу 300 куќи (Алати, крупен (300 грла) и ситен добиток (1.200), покуќнина, покривки; околу 20.000 парчиња јамболии, килими и ќебиња, облека, вклучувајќи го и чеизот на девојките и невестите. (На истото место, 33.)) и околу 50 трговски дуќани и занаетчиски работилници. (На истото место, 33.) По преземањето и повторното окупирање на градот, покрај италијанската карабинерија, грчката полиција, жандармеријата, и пробугарското комитаџиско движење поставило своја команда, на чело со командантот Васил Јанакиев. Во градот бил стациониран “елитниот” одред од околу 300 вооружени припадници под команда на Лука Дамјанов. (Фотев: “Сите тие заедно мирно и братски си живееја”. (М. Фотев, За контрачетниците, 32.)) Сите тие меѓусебно одржувале пријателски односи следејќи ја истата цел: уништување на партизанското движење. Во заедничката акција спроведена кон крајот на истиот месец уапсиле околу 350 лица од партизански семејства и симпатизери на НОД, (Биле уапсени: Томе и Цана Белоцрквенови, Евтимија и Софија Чангови, Лазо и Александра Фотеви, Василики Мавранза, Костандин и Фота Полихрони, Глигор Митревски, Петро Мирчев и др. (На истото место, 32-33)). а стрелале 68 македонски патриоти, без да им се суди.

Само во споменатото гратче Хрупишта биле стрелани десетмина Македонци. (Михаил Мангилјатов, Вангел Јанковски-Анги, Димитар Зигури, Стати Евстатијади, Лазо Атанасијади-Зангочи, Ѓорѓи Бакали, Илија Апостолу и други.

(На истото место, 32.))

Припадниците на колаборациските движења упаѓале ноќе во домовите, грабале и силувале девојки и млади жени. Само во гр. Хрупишта било утврдено дека се силувани 32 девојки и млади жени, но вистинскиот број на силувани бил многу поголем. (Грабнувањата и силувањата биле вршени со знаење на командантот Лука Дамјанов. За него лично, по негов избор, биле одвлекувани девојки од нивните домови кои тој ги силувал. (На истото место, 33.)) Организирано со сета жестокост учествувале во блокадите и тероризирањето на македонските населени места кои силно го поддржувале НОД, и ги прифаќале и помагале партизанските одреди. Селаните кои под влијание на партизаните го оставале оружјето и се враќале во своите домови, повторно ги присилувале да се вооружуваат.

Припадниците на “Осовинскиот македоно-бугарски комитет”:

Васил Маноилов, Петро Паџов и Кирјазо Шкуртов (Дојден од Бугарија, од Пловдив, родум од тоа село.) со придружба од чета италијански војници ги тероризирале и ги присилувале селаните на с. Старичени повторно да се вооружат. Од нив била формирана чета на која биле придодадени комитаџии-доброволци од соседните села. Четата била зголемена на околу шеесетина припадници вооружени со пушки, 5 автоматски пушки (шмајзери), 3 пушкомитралези и рачни бомби. (М.

Фотев, За контрачетниците, 51.)

По капитулацијата на Италија (на 9 септември 1943)

пробугарското комитаџиско движење се нашло во тешка положба. Партизанските единици од XXVIII полк на ЕЛАС презеле нападни дејства за негово разбивање. Положбата станала критична. (М. Фотев, За контрачетниците, 48.)

Неговите припадници поединечно и во групи ги напуштале комитаџиските чети и преминувале на страната на партизаните.

(На истото место, 48.)

За негово натамошно одржување раководството на “Осовинскиот македонобугарски комитет” се обратило за помош до владата во Софија. Во втората половина на септември четиричлена делегација во состав: Паскал Калимановски, Ристо Руков и Динко поп-Андонов, предводена од Андон Калчев отпатувала од Костур преку Лерин и Битола во Софија.

Делегацијата, според потврдените доверливи информации кои Минчо Фотев ги добил лично, (Доверливите информации му ги доставил известувачот Ѓорги Тодоровски.) во Софија била примена од Министерот за внатрешни работи кој бил информиран за критичната положба на комитетот и на пробугарското движење, за потребната поддршка и помош од Бугарија по капитулацијата на Италија. (На истото место, 49.)

Бугарската влада одлучила раководењето со комитаџиското движење од егејскиот дел на Македонија да го преземе активен офицер на бугарската армија. За тоа бил одреден мајорот Маткаров, кој заедно со делегацијата отпатувал во Костур.

За тоа време, септември и октомври 1943 година, придобиени од партизаните, се разоружале селските комитаџиски чети од селата: Косинец, Лобаница, Апоскеп и др. (М. Фотев, За комитаџиите, 51.) Таа појава станувала се помасовна. За спречувањето и откажувањето од учеството во вооружените акции; оставањето на оружјето и нивното враќање во домовите, биле преземани ригорозни мерки на заплашување и закани со ликвидации, по што дел од селаните повторно земале оружје.

Бугарскиот офицер Маткаров ја презел командата и за свои помошници ги назначил Пандо Макриев и Јани Мино, а од Германската команда бил испратен офицерот на Гестапо, поручникот Рајш, во својство на офицер за врска. (На истото место, 49.) За да го поврати моралот и да ги консолидира редовите на комитаџиските чети Маткаров заедно со германскиот офицер за врска организирале изведување на брза заедничка борбена акција против партизанските единици во Костурско и Леринско. На 3 октомври комитаџиските чети, во броен состав од 250 припадници, и германска единица од 300 војници извршиле напад на позициите на партизаните во реонот на селата: Нестрам, Радигожа и Чука, населени со македонско население. За време на тридневните борби опожариле повеќе куќи и вршеле нови злосторства. Во селото Нестрам ги запалиле и живи изгореле во сопствената куќа Коста и неговата сопруга Констандина Кировски. (На истото место, 49.)

За одбрана од нападите на партизанските единици во почетокот на 1944 година ги засилиле позициите во селата: Добролишта, Четирок, Тиквени, Изглеби и Горенци со вооружените селаните. (На истото место, 53.) Во април и почетокот на мај учествувале во воените операции на германските сили против партизанските единици во реонот на планината Вичо, а во средината на мај, во борбите против партизаните кај с.

Прекопана, Леринско. (На истото место, 53.) На 24 мај кога германските единици се повлекле од Костур и Хрупишта, а комитаџиите на пробугарското движење под команда на Лука Дамјанов ја презеле одбраната на двата града и позициите на повеќе околни села. Истиот ден при нападот на XXVIII полк на ЕЛАС комитаџиите се разбегале, а многу од нив биле заробени од партизаните. (На истото место, 53-54.)

Во јуни 1944 година, на помош на пробугарското комитаџиско движење во Костурско им пристигнал комитаџиски одред на организацијата “Охрана” од Воден. Одредот по неколку дневно престојување на теренот во Костурско се повлекол назад во Воденско. Во тоа време тамошните партизански единици во Воденско ги засилиле нападите на нивните бази во селата:

Ошмени, Гутово, Јаворени, Месимери и др. (М. Фотев. За контрачетниците, 54)

Во централниот дел на Егејска Македонија под германска окупација дејствувале вооружени чети на пробугарското движење формирани и раководени од организација “Охрана”.

Пролетта 1944 година, организацијата “Охрана” преку своите селски комитети во селата каде што немало организации на КП, а со поддршка од германските воени власти, формирала вооружени чети. Такви чети имало во селата: Ексису, Аитос, Зеленич и Сребрено, како и во другите воденски села: Нисија, Гугово, Јаворени и Ошлени. Во градот Воден имало вооружен одред од 700 припадници, сите доброволци, под команда на бугарскиот офицер Георги Димчев. (На истото место, 30.) Сите тие биле вооружени со современо оружје од германско и италијанско производство (пушки, пиштоли, пушкомитралези, митралези, рачни бомби и др.). (На истото место, 30.) За масовизирање на комитаџиското движење во борба против партизаните на НОД (Организирани предавства и индивидуални и групни акции за ликвидирање на раководните личности на СНОФ. Во март 1944 година по предавство од заседа биле ликвидирани Васил Алексовски член на ОК на СНОФ, од с. Дреновени, Костурско и Киро Поп Василев, од с.

Добролишта, член на секретаријатот на ОК на СНОФ. Првиот бил убиен на 4 март кај с. Черешница од припадникот на пробугарското комитаџиско движење Ставро Темо, од с.

Сетомо, Костурско. Комитаџиите неговото тело го пренеле во гр. Костур и го фрлиле на улица пред неговиот дуќан како доказ за суровоста и средство за заплашување на македонското население, особено на семејствата на припадниците иа НОД. На Поп Василев, исто така по предавството, припадниците на пробугарското комитаџиско движење му поставиле заседа во близината на неговото родно село. Тешко ранет за да не биде фатен се самоубил. (На истото место, 44-45.)) двете квислиншки организации предводени од пробугарското движење “Осовинскиот македонобугарски комитет” и “Охрана”, го интензивирале дејствувањето и ги засилиле акциите за присилно организирање и вооружување на што повеќе селани од македонските села.

На 12 јуни 1944 година, одредот на пробугарското комитаџиско движење од околу 100 припадници, предводен од бугарскиот офицер и домашниот предавник комитаџијата Мино Јани, со чета од германски војници го нападнале с. Д’мбени каде што се наоѓал партизанскиот вод со група позадинци. Во жестоката борба германската единица имала двајца загинати (Загинале:

Апостол Чаповски од с. Манјак, борец на возраст од 19 години и Мими Тунгариди од гр. Хрупишта. (На истото место, 45.)) и двајца ранети војници, а партизаните двајца загинати и девет тешко ранети борци. Ранетите биле заробени, двајца од заробените партизани јавно биле обесени, а останатите седум свирепо биле убиени. (Комитаџиите на живите партизани со патолошка омраза со камења им ги кршеле главите. (На истото место, 45.)) Од жителите во селото биле ранети двајца селани (Ламбро Москов и Ристо Калков.) и една селанка, (Василка Каракашова.) а биле одведени како заложници 41 селанец. (За заложници биле земени: Трпо Ангелков, Андон и Димитар Терзиовски, Атанас и Коста Мусманови, Васил и Трајко Ралевски, Давид и Ѓорѓи Балови, Тодор Влахов, Ламбро Станишев, Живко Журков и др. (На истото место, 45.))

Комитаџиите активно учествувале заедно со жандармите на грчката квислиншка власт, балистите и вооружените банди на ПАО, во големата јулска офанзива (од 3 до 22 јули) на германските сили против партизанското движење, и во ограбувањето и опожарувањето на селата (поголемиот дел македонски), во тероризирањето на населението и во извршувањето на масовни убиства. (На истото место, 55.)

Неуспехот на офанзивата го означил почетокот на крајот на комитаџиското и политичкото пробугарско движење. Во почетокот на август првиот македонски баталјон презел офанзивни дејства за разбивање на нивните позиции во Костурско. Во селата: Мокрени, Бобишта, Загоричани, Комуничево биле разоружани тамошните комитаџии, а потоа биле уништени и нивните последни упоришта во селата:

Прекопана, Черешница, Олишта, Тиолишта, Сетомо, Шестрево и др. Во почетокот на септември комитаџиското пробугарско движење од егејскиот дел на Македонија било ликвидирано;

неговите припадници биле разоружани, а помал број од нив успеале да избегаат во Бугарија пред нејзината капитулација.

За сето време на опстојувањето на пробугарското движење агентите на “Осовинскиот македоно-бугарски комитет”: Борис Стојанов, Лука Дамјанов, Мино Јани, Пандо Макриев, Ристо Hасковски, Кузе Кирјазовски, Ставро Ѓурбушев, Васил Маноилов и други, според податоците со кои располагал Фотев, над 3.000 Македонци и Македонки биле шпионирани кај италијанските и германските воено-окупаторски власти од кои околу 1.000 биле осудени и спроведени во концентрационите логори, а другите биле привремено затворени и “ужасно измачувани”. (На истото место, 74.) Над 150 Македонки, девојки биле силувани од комитаџиите. (На истото место.)

Вооружените припадници на пробугарското движење ограбиле околу 3.000 македонски домови; насилно одзеле и однеле околу 25.000 овци и кози, околу 10.000 грла крупен добиток (волови, крави, коњи и др.), опожариле и целосно уништиле околу 2.000 македонски куќи, над 5.000 селски штали, плевни, колиби, и над 100 селски воденици и повеќе селски училишта. Заедно со окупаторските сили целосно ги опустошиле и ги разурнале македонските села: Нестрам, Чука, Радигоже, Нестиме, Лудово и други; комитаџиите “така ги чувале селата, имотите и честа на Македонците.” (На истото место, 75.)

НОД од егејскиот дел на Македонија (1941-1944)

Во егејскиот дел на Македонија по распуштањето на ВМРО (Обединета) македонските комунисти се наметнале како водечки фактор на македонското национално-ослободително движење. Се сообразиле со директивата на Коминтерната за единство на антифашистичкото и ослободителното движење во Грција под водство на КП на Грција. (Како што постапија и македонските комунисти во другите два дела; во вардарскиот дел на Македонија под водство на КПЈ и во пиринскиот дел на Македонија под водство на БКП.) Започнале организирани акции за обновување на разбиените партиски организации на КПГ. Од мај до септември 1941 година, биле обновени партиските организации и организациите на комунистичката младина во градовите и во поголемиот дел на селата, биле создадени првите антифашистички борбени групи, пред формирањето на ослободителниот фронт на Грција - ЕАМ.